Ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со олку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство, вели Паско Кузман
Деновиве ќе почнат големи археолошки ископувања на скопското Кале
Околу 20 милиони евра од буџетот годинава ќе бидат потрошени за
ископувања на четири археолошки локалитети во земјава, информираат од
Управата за заштита на културното наследство. Како дел од капиталните
проекти на Владата деновиве треба да почнат големи археолошки
ископувања на скопското Кале, на античките градови Стоби кај Градско,
Хераклеја Линкестис кај Битола и големата некропола Исар кај
валандовското село Марвинци. Според Паско Кузман, директор на Управата,
ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со толку пари да го
финансира истражувањето на своето културно наследство.
- Тешко
е да се процени колку пари ќе чинат ископувањата на четирите археолошки
локалитети. Но, ветено ми е дека со ребалансот на буџетот ќе ги добиеме
сите пари што се предвидени. Според акционите планови, потребни се 300
милиони денари за да се истражи целосно скопската тврдина. Ќе
ангажираме илјади луѓе, не само археолози. Годинава ќе има работа за
многу невработени што на ископувањата ќе може да работат како физички
работници. За секој од четирите локалитети се предвидени меѓу 250 и 300
милиони денари - вели Кузман.
Тој додава дека ова е единствениот
начин целосно да ги истражиме локалитетите кои со децении не биле
сериозно истражувани. Во меѓувреме ќе продолжат помалите проекти што
исто така се дел од капиталните проекти на Владата. Со по 2-3 милиони
денари ќе продолжат ископувањата на 15 локалитети меѓу кои Скупи,
Тетовски кале, Енгелана кај Охрид, кастелот кај Кожле, Цареви кули кај
Струмица, Исар и Баргала кај Штип, Виничко кале, Таор кај Скопје,
Стибера кај Прилеп.
ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ
Парите
нема да бидат искористени само за да се обезбедат метлички, лопати,
копачи и колички. Ќе мора да се решаваат и имотно-правни проблеми. Веќе
пред една година е поведена постапка за експропријација на земјиштето
на скопското Кале, на местото на кое се наоѓа ресторанот.
- Не
можеме да се справиме со нашите институции. За оваа работа е надлежно
Јавното правобранителство, а кај нив се чека со векови. Важно е дека
сме договорени со сопственикот. Тој нема да прави проблеми. Државата ќе
го решава случајот и се' ќе биде чесно бидејќи кога ќе дојде време,
нему ќе му биде исплатена отштета - објаснува Кузман.
Под
раководство на професорот Драги Митревски, археолозите ќе истражуваат
внатре, во бедемите на Калето. Целиот простор ќе биде поделен на
истражувачки полиња, сектори, сонди и квадрати. На прашањето дали ќе се
конзервира т.н. киклопскиот ѕид (внатрешната тврдина) на Калето, Кузман
вели:
- Не можеме да правиме проект за заштита без да видиме
дали е болна киклопската тврдина долу во коренот. Тоа е опасно. Може да
ја копаме, да ја потпираме, но мора да видиме дали е болна во темелот.
Мора да имаме дијагноза. Годинава ќе истражуваме археолошки и ќе се
обидеме да направиме проект за да може идната година повеќе да се
посветиме на конзервацијата - вели тој. Вториот истражувачки пункт
ќе биде Стоби. Истражувањата ќе траат три години и ќе се одвиваат во
рамките на бедемите на античкиот град. Археолозите ќе копаат до
здравица, до последниот слој земја.
ИНФРАСТРУКТУ
РА ВО СТОБИ
И на Стоби паралелно ќе работи екипа која ќе подготвува проекти за конзервација на објектите што ќе ги истражуваат археолозите.
-
Се надевам дека ќе успееме да завршиме се', зашто ова е огромна работа.
Многу сум возбуден, но сметам дека ова е голем предизвик што ќе го
решиме заедно - вели Кузман.
Ископувањата се во надлежност на
новоформираната институција „Стоби“, а раководител на тимот е
директорката на институцијата, археологот Силвана Блажевска. Според
Кузман, се планира да се направи музеј на Стоби, сувенирски центар,
инфраструктура која ќе биде привлечна за посетителите. И на Хераклеја
објектите ќе бидат истражувани до последниот културен слој. Археолозите
ќе работат на пунктовите што досега не биле чепкани. Веќе истражените
објекти, како двете базилики, ќе бидат целосно конзервирани.
- И
таму треба да се средат имотно-правните работи, но ќе гледаме да ги
решаваме во од - вели Кузман.Со ископувањата ќе раководат археолозите
од битолскиот Завод и музеј, Аница Ѓорѓиевска и Енгин Насух. Нивниот
колега Златко Видески од Музејот на Македонија ќе раководи со
истражувачкиот тим на Исар-Марвинци. Годинава треба да биде истражена
целата некропола која со години беше цел на диви ископувања. Таму
имотно-правните работи ќе бидат решени со временска експропријација.
-
Сопственикот ќе каже колку чини да не ја копа нивата годинава. Ќе му
платиме, ќе ги ископаме гробовите, ќе ги документираме, ќе ги земеме
гробните прилози, а потоа ќе ја вратиме нивата во првобитната состојба
- објаснува Кузман.
Грчки научници на македонските локалитети
Грчки научници ќе го ископуваат македонското културно наследство,
заедно со колегите од соседството, ако ја прифатат поканата од Управата
за заштита на културното наследство да ни помогнат во обемните
ископувања.
- Ќе треба целокупната археолошка сила во Македонија
да ја поделиме на четирите големи пунктови. За се' ќе има пари, но
мислам дека тешко ќе излеземе на крај со стручни екипи. Веќе
размислуваме како да побараме помош од нашите соседи, од Србија,
Бугарија, Албанија, Грција за да ги составиме екипите. Од Управата ќе
поведам иницијатива да се обратиме до сите соседи. Свесен сум дека
нашиот стручен потенцијал нема да биде доволен за да се реализираат
сите овие проекти - вели Кузман.
ИНФО-Милионска инвестиција
Околу 20 милиони евра од буџетот ќе бидат потрошени за ископувања на
скопското Кале, Стоби, Хераклеја Линкестис и Исар-Марвинци.За секој
локалитет ќе бидат одвоени од 250 до 300 милиони денари. Нема само да
се ископува, ќе мора да се решаваат и имотно-правни
проблеми.Археолозите ќе копаат до здравица, до последниот слој земја.
Управата за заштита на културното наследство ќе побара стручна помош од
археолозите од Србија, Бугарија, Албанија и од Грција зашто ќе
недостига кадар.
Проектот
за ревитализација на древниот пат Виа Игнација беше денеска промовиран
во Битола. Зад него стојат фондацијата „Виа Игнација“ и Холандската
амбасада во Македонија.
Виа
Игнација треба да се поправи. Тоа како во древните времиња ќе значи
трговско, културно, човечко поврзување. Проектот го промовира
холандската амбасадорка во Македонија Симоне Филипини.
„Како
амбасада го подржуваме овој проект. Денеска е првата конференција која
го означуива почеокотна проектот. Овде се претствници на земјите кои се
долж Виа Игнација. Ние сметаме дека ќе успееме денес , утре и задутре
да овозможиме една прекрасна соработка, дека патот ќе значи поврзување
на овие земји , привлекување на западните туристи кои ќе сакаат да
имаат туристички тури долж овој пат, да се возат со своите велосипеди,
да јаваат со своите коњи на патот, да пијат кафе на Виа Игнација„
Битола,
преку проектот културно наследство на Македонија, исто така го подржува
проектот. Најмногу поради тоа што патот што ги поврзува Албанија,
Македонија, Грција и Турција е културно наследство како цивилизациско
достигнување, а не еднонационален имот.
„Мислам
дека идејата е прекрасна затоа што има за цел да ги собере луѓето, да
укаже а вредностите, да ги поттикне луѓето да размислуваат за големитекултурни вредности. “= изјави битолскиот градоначалник Владими Талески.
Оваа
инцијатива потекна од психологот и антрополог Мариета ван Атекум, по
нејзините прошетки по Балканските земји, нејзината воодушевеност од
богатството на археолошки сведоци за минатото и негативните впечатоци
за економскиот амбиент што ги опкружува овие артефакти. Надежите се
дека економското и културното поврзување, туризмотќе го надмине политизирањето на овој проект во зачеток, но подготвена е да на сите можни притисоци.
„Јас
сум свесна дека, да употребам еден холандски израз, патот Виа Игнација
не минува низ градини од ружи, но идејата ни е да го почнеме проектот
како еднаопштествена размена меѓу научници, меѓу луѓе
коипрофесионално се заинтересриани за патот, да избегнеме да се сфатина
политички начин. Но подготвени сме и со политичките аспекти, но
несакаме така да го започнеме проектот. “ – изјави ван Атекум .
Ревитализацијата на Виа Игнација сеуште финансиски не е комплетно позната, но се претпоставува бенефитот.
„Секако
ова ќе чини поприлично, а по оваа првична конференција ќе има повеќе
трошоци. Организациите кои се вклучени во протектот веќе аплицираа за
средства оред Еропскта културна фондација и се надеваме дека ќе ги
добијат тие средства, барем во првата фаза на проектот. Се разбира,
како што понатаму ќе расте проектот на сите тие што се вклучени во
Него
се надеваме дека ќе има и многу други кои ќе сакаат и финансиски да
влеза во проеткто, па на крај и владите на државите кои се засегнати,
бидејќи се надевам дека ќе го видат и тоа што е придонес од поектот.
Денешната
прва конференција на која не пристигна само албанската делегација,
значеше размена на иформации од научни истражувања за балкланскиот
културен идентитет.
Сите
пак кои сакаат да се приклучат на оваа инцијатива, може најпрвин да се
приклучат кон караванот од Албанија, преку Македонија, до Грција кој ќе
се одржи во мај годинава.
Повеќе од 500 луѓе ќе копаат во Хераклеа Линкестис
Петок, 20 Февруари 2009 18:22
За
една недела треба да започнат големите ископувања во археолошкиот
локалитет Хераклеа Линкестис. Во овој локалитет со владина поддршка ќе
се истражува подолго:
Со археолошки ископувања ќе се започне веднаш штом временските услови
тоа ќе го дозволат, инаку ориентационо и начелно е предвидено да се
започне на 25 ти овој месец. Сепак, динамиката на ископување ќе зависи
најповеќе од временските прилики, вели Зоран Николовски, директор на ЗМГ
Планираните ископувања бараат и повеќе работна сила. Покрај стручни ќе се ангажираат и други лица:
Оваа година заради големината на настанот, сиот тој проект во
археолошките истражувања во Хераклеа Линкестис се предвидуваат голем
број на ангажирани луѓе кои што ќе го изведуваат овој проект. Значи,
зборуваме за стручен кадар, археолози и физички работници кои што ќе го
вршат самото ископување на локалитетот. Сигурно ќе биде голема
бројката, претпоставувам дека ќе биде преку 500 ангажирани луѓе кои што
тоа ќе го прават таму на локалитетот, а мал дел од обврските од
минатата година кои не се дозавршени заради временските услови, сега на
почеток ќе се дозавршат и ќе се почне ориентационо на крајот на овој
месец или почетокот на наредниот со активното истражување на
локалитетот, вели Зоран Николовски, директор на ЗМГ
Ќе бидат опфатени повеќе делови од локалитетот каде се претпоставува дека антиката оставила печат:
Најповеќе ќе бидат концентрирани истражувањата во оној физички дел што
е заграден со оградата, сектор запад. Во тој дел и во оној дел кога
доаѓате до локалитетот со автомобил од левата страна каде што сега се
лозја и со нив е завршена постапката со експропријација со поранешните
сопственици, тука во тој дел ќе се истражуваат два сектори за кои се
претпоставува, односно со сигурност се тврди дека се дел од античкиот
локалитет, вели Зоран Николовски, директор на ЗМГ
Проектот
за големите ископувања во Хераклеа Линкестис е предвиден врз основа на
стручни размислувања и стратешки анализи. Крајна цел е да се доистражи
античкиот град, од кој се претпоставува дека до сега се откриени 80%, а
се верува дека постои уште многу движен и недвижен имот.
Кон крајот
на месецот ќе започне тригодишниот проект за целосно истражување,
конзервација и презентација на локалитетот пред домашната и странската
јавност. Неодамна заврши и неговата регистрација во национална установа
-Градот
Стоби, кој својот најголем подем го доживеа во римско време, има
огромен потенцијал, одлично сочувани градби, многу движен материјал и
богата приказна за неговата историја, што овозможува реализација на
крајната цел-негово самофинансирање. За потребите на овој археолошки
локалитет се очекува да бидат вработени 28 археолози, конзерватори,
чувари и водичи, од кои дел ќе бидат преземени од Националниот
конзерваторски центар, вели Силвана Блажевска, архелог под чија
надлежност годинава ќе се работи во Стоби.
Таа потенцира дека годинешниве истражувања ќе го опфатат просторот
покрај портата Хераклеа, главниот влез во градот, кој исто така ќе се
реконструира. Ќе се работи и спроти епископската базилика каде е
откриен полукружен плоштад, па се до бедемот, каде се очекува откривање
на доцна античка архитектура од 4 до 6 век. Ќе се доистражува и
просторот покрај западниот бедем кон театарот чија реконструкција е
исто така во план. Ископувања ќе има и наспроти театарот каде минатата
година е откриена градба со засводени подземни простории, кои
најверојатно имале култна намена, а која има многу сличности со храмот
во Марвинци... На локалитетот се откриени и многу предмети, поради што
според Блажевска на Стоби му е неопходен музеј. - Сите артефакти во
моментот лежат во депото во старата зграда на железничката станица, во
несоодветни услови. Сметав дека од другата страна на реката Црна би
можело да се изгради објект, реконструкција на Теодосијанската палата,
чии темели се гледаат на локалитетот. Ова е една од најубавите
доцноримски куќи во Стоби, во која се смета дека престојувал и Теодосиј
Први во 388 година. Тоа е куќа со внатрешен двор и повеќе простории во
кои би можеле да се изложат пронајдените предмети.
Во Стоби ќе се живее Успехот
на истражувањата на локалитетот би требало да го гарантира и самата
намера на вработените таму да живеат. Идејата за формирање населба во
непосредна близина на локалитетот, според Блажевска е всушност работа
која била поврзана и со другите археолошки локалитети, како што е
пример со Вергина во Грција, град кој бил формиран 70-те години и кој и
денеска функционира.
За локалитетот Во 7
и 6 век пр.н.е. Стоби бил мала пајонска населба. Градот почнал да се
формира на највисокото ритче во време на Филип 5, но вистинскиот подем
се случил во римско време. Според општествениот статус тоа бил
единствениот муниципиум во Македонија, а во ранохристијанскиот период
епископско седиште, што го потврдуваат пишаните извори и голем број
откриени цркви од тоа време.
На
само неколку метри пред влезот на Долна порта во Охрид, при
поставувањето на подземна инсталација на улицата Самуилова, работниците
што работеле на тој дел наишле на четири големи камени плочи.
Стручњаците од Завод и Музеј во Охрид, при увидот констатирале дека се
работи за камени плочи од четврти век од римскиот период. Првите нивни
процени се дека се работи за археолошки наод со голема културна и
историска вредност. Случајното откривање на овие плочи за стручњаците
во Заводот и Музеј во Охрид претставуваат голем предизвик,
...бидејќи
даваат одредени податоци за основата на Долна порта, еден од влезовите
во Лихнидос, античкото име на Охрид, за материјалот од кој е граден
постаментот.
Веднаш по откривањето се констатира дека се работи
за масивни камени плочи кои потекнуваат од четвртиот век, односно од
римскиот период. Во овој момент може да се претпостави дека тие се дел
од основата на која е поставена Долна порта, а понатамошните
истражувања очекуваат да дадат поголеми сознанија за овој дел на
градот. На камените плочи нема текст, меѓутоа самиот факт што тие се
откриени на длабочина од 1,20 см. нам овозможува да се добиат повеќе
информации за периодот кога се градени, кој материјал е користен,
нивната основна намена и функција. Камените плочи и просторот околу нив
се документирани. Во иделани услови постои можност овој дел пред Долна
порта да биде заштитен, а од горната страна да се постави посебно
стакло, со што камените плочи би им биле достапни на многубројните
посетители на Охрид. Меѓутоа, бидејќи за тоа сега нема услови, плочите
ќе бидат покриени со песок, а врз нив е поставена подземната
инсталација на улицата Самуилова. На тој начин, овој мини-археолошки
локалитет ќе биде конзервиран и заштитен за некои идни истражувања.
Битола - Комплетното истражувања на античкиот град Хераклеја
Линкестис, што Владата го најави, ќе започне кон крајот на овој месец ,
потврдуваат од битолскиот Завод и музеј. Новите истражувања ќе ги
финансира Министерството за култура, но засега не се открива колкава ќе
биде сумата, која ќе биде потреба за реализација на овој проект.
Според
директорот на Завод и Музеј Битола, Зоран Николовски проектот е ,,се
уште во фаза на средување во областа на административните обврски кон
Управата за културно наследство , потоа изработката на проекти за
стратегијата на ископувањата на локалитетот итн. Иако почнувањето на
работите зависи од временските услови сепак планираме со истражувањето
да започнеме на 25 овој месец, вели Николовски.
Според него,
„ископувањата ќе се вршат во четири до пет сектори, на одредени делови
ќе се доистражува во заградениот дел на локалитетот, но планирани се и
сондажни ископувања како и истражувања во околните ниви кои своевремено
биле откупени од сопствениците.“ Во иднина се планира и ископување на
плацеви, кои се во фаза на експропријација, но тоа е во надлежност на
министерството за култура и кога сето тоа ќе се заврши ќе знаеме до
каде би се вршеле новите истражувања надвор од физичката ограда.“-вели
Николовски .
Досега од античкиот локалитет Хераклеја Линкестис
откриени и истражени се околу 3 хектари од земјиштето што според
претпоставките претставува само 8 до 10 проценти од целиот антички
град. (А. Б.)
Значењето на овој артефакт е објаснет во овој пост.
Откриени праисториски артефакти
Капак од глинен сад со траги од старомакедонско писмо, стар 4000
години и дел од карпа со испишани знаци, стара 32.000 години, беа
презентирани на вчерашната прес-конференција во Штип што ја одржаа
претставници на Светската академија за карпеста уметност (САКУ).
-
Глинениот капак е откриен неодамна во централна Македонија. Тоа е
исклучително вреден артефакт изработен кон крајот на бронзеното време,
на кој е испишано првобитното, најстарото име на божицата на огништето
Веста, односно Бсефа, како што било нејзиното првобитно име. Артефактот
е прв од ваков вид во светски рамки, која ја содржи најстарата писмена
трага на старомакедонското писмо - рече Душко Алексовски, основач на
САКУ. Вториот артефакт бил откриен пред една година на Беласица, но,
како што беше речено, вчера првпат бил презентиран. Алексовски и
Кукубајска најавија дека ќе се поведе иницијатива во Штип да се изгради
музеј на карпеста уметност, со која Македонија била водечка во светски
рамки.
Во
текот на 2009 година целосно ќе бидат истражени локалитетите Марвинци,
Хераклеја и Скопското кале, а во период од три години и Стоби. Оваа археолошка офанзива ја најави вчера Паско Кузман, на отворањето на "Археолошка изложба", во Музеј на Македонија.
Сега, на едно место, може да се видат капиталните дела како Дедал
или "Човекот со крила" од Плаошник, статуата на божицата Венера
ископана кај Скупи, и многу други пронајдоци од сите активни археолошки
локалитети во Македонија.
Изложбата за отворена ја прогласи премиерот Никола Груевски. -
Сведоци сме на огромното богатство кое говори за илјадници години
старата цивилизација на овие простори. Нашата археологија потврди дека
Македонија има што да покаже пред очите на светот, рече Груевски,
додавајќи дека со резултатите од овие истражувања се отсликуваат
составните делови на идентитетот на македонскиот народ, и другите
етнички заедници во Македонија.
- За нас овие артефакти имаат непроценлива вредност бидејќи даваат
белег на македонската култура и идентитет. Секој изложен експонат го
открива духот на нашето минато, но најмногу говори за историјата,
длабоката традиција и спецификите на овие простори, рече Груевски,
нагласувајќи дека преку збогатените витрини на македонските музеи,
Македонија ќе има и поголеми можности да се презентира пред светот и да
се промовира како нова и атрактивна туристичка дестинација.
На изложбата се презентирани откриените материјали на локалитетите
Скупи, Таор, Стоби, Стибера, Хераклеја, Плаошник, Енгелена, некрополите
на Марвинци, Вардарски Рид, Цареви Кули, Виничко Кале, Исарот - Штип,
Баргала, кастелот кај Кожле и Тетовското Кале.
ЗА ПРВПАТ ИЗРАБОТЕН ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МАКЕДОНСКИ АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ
Кокино конечно згрижен по УНЕСКО стандарди
Древната
опсерваторија Кокино, која датира од 2000 години пред наша ера, конечно
е згрижена по УНЕСКО стандарди. Музејот на Куманово и Управата за
заштита на културното наследство, вчера го промовираа Планот за
управување со културниот предел Кокино, прв и единствен документ од
ваков вид во земјава, чија изработка воедно беше и еден од условите за
пријавување на Кокино за листата на УНЕСКО за светско богатство.
-Целта на овој план е заштита на културниот предел Кокино, но
истовремено и да се дадат информации за негови вредности не само на
домашната туку и странската јавност. Воедно и да се изнајдат начини,
економскиот и културниот придонес од ова добро да се искористи за
општествен и економски развој на локалната заедница. Изработката на
Планот за управување со Кокино, кој се однесува на наредните 10 години,
е само чекор напред во негово придвижување кон барањата на УНЕСКО за
номинирање на листата на светско наследство во 2009 г., потенцира Зоран
Павлов, претседател на МНК ИКОМОС. Тој додададе дека изработката на
овој документ чија реализација ќе биде под мониторинг на државата, е
всушност обврската која ја имаат сите држави членки на комитетот за
Светско наследство.
За универзалната вредност на Кокино зборува и податокот што
Американската вселенска агенција НАСА во 2005 година ја рангираше
мегалитската опсерваторија Кокино на четврто место на листата на стари
опсерватории во светот.
Според Јовица Станковски, директор на Народниот музеј Куманово,
приказната за Кокино започна 2001 година кога е откриен при
археолошките истражувања од страна на оваа институција. Истражувањата
на овој карпест предел открија дека Кокино не бил само древна
опсерваторија каде заедницата која живеела во рано бронзено и во
железното време го набљудувале движењето на Сонцето и Месечината и го
пресметувала времето, туку и света планина, светилиште.
поводот за овој пост е “award for the best scientific study of a young researcher in Europe“ која ја доби младиот археолог Гоце Наумов. наградава е од минатата година но дефинитивно заслужува внимание, ова кажува дека археологијата во МКД е на добри нозе, посебно истражувањето на праисториските периоди кои се повеќе се специјализираат, што е за поздрав бидејќи досега освен археологот Милош Билбија на ова поле ретко кој бил меѓународно гласно и позитивно извикан.
- Младиот археолог Гоце Наумов чија што преокупација е неолитската орнаментика, на последната конференција на Европската асоцијација на археолози ја доби наградата за најдобар научен труд на млад истражувач во Европа за годинава. Важи за еден од малобројните млади истражувачи кои на меѓународно ниво ги презентираат сознанијата од неолитот во Македонија, а во оваа прилика презентира низа интересни аспекти од својата работа.
Кои се вашите досегашни чекори во истражувањето на неолитот и каде досега ги презентиравте сознанијата?
- Уште за време на редовните студии учествував на ископувањата вршени на неолитските населби и во следните пет години, работев со македонски, француски и словенечки тимови од кои научив навистина многу. Забележав дека артефактите кои ги пронаоѓаме, но и оние кои веќе беа публикувани, нудат многу повеќе податоци од она што на некое елементарно ниво се детектира и полемизира во текот на ископувањата, така што уште за време на подготовката на дипломскиот труд решив да се посветам на одредени научни проблеми кои нудеа мноштво информации за карактерот на некои специфични неолитски концепти.
Во последнава година и пол, започнав да ги презентирам резултатите од моите истражувања на конференции во Љубљана, Манчестер, Задар, Кембриџ, Карловац, Виена, Ниш, Архус итн. со цел да го прикажам она што е специфично за неолитот во Македонија и Балканот, но и да го проверам својот научен пристап и методологијата пред истакнати археолози и професори од разни делови од светот.Учејќи од сопственото искуство, од моите професори, но и од истражувачите со кои се среќавав и соработував на, и по конференциите, произлегоа неколку мои научни трудови кои се публикуваа во списанија и книги во Скопје, Љубљана, Лондон и Оксфорд.
На тој начин постепено влегов во она што денес се нарекува постпроцесуална археологија и етноархеологија, така што како резултат на издржаната научна методологија успеав да добијам мал грант од The Preistoric Societs од Лондон кој ми овозможи, изминативе пролет и лето да поминам низ скоро сите музеи во Македонија, да го документирам детално материјалот кој ми беше неопходен за анализа и да го вклучам во моите истражувања.Истражувањата резултираа со научен труд кој го презентирав на последната конференција на Европската асоцијација на археолози и имав чест да добијам награда за најдобар научен труд на млад истражувач во Европа за оваа година.Истражувањето и соработката со музеите покажа дека ова е еден од начините најдоследно да се презентира македонскиот неолит, но и нашата археологија, а притоа да биде еднакво вреднувана како и археологијата од останатите делови на Европа и школите кои нејзе ја проучуваат.
Колку неолитската орнаментика во Македонија е возбудлива за истражување, од кои се аспекти ја набљудувате и до какви податоци досега дојдовте?
- Неолитската орнаментика навистина претставува ментална карта за популациите кои живееле на Балканскиот Полуостров од средината на седмиот до петтиот милениум пред новата ера. Таа ни дава извонредни податоци за начинот на визуелната перцепција и когнитивните капацитети на тогашните жители. Преку неа се забележува во кој домен е концентрирана организацијата на еден микро простор (сад, фигурина, печат, жртвеник итн.) и како преку неа се манифестираат суштествените аспекти на одредена култура.Во тој контекст најпогодни за анализа се неолитските сликани садови, и тоа особено оние кои ни се најдостапни т.е оние кои имаме можност да ги пронајдеме во неолитските населби од Македонија. На нив се присутни сликани мотиви кои во различни комбинации, пермутации и ротации создаваат комплексни композиции кои функционираат како визуелна целина. Најмногу возбудува фактот што оваа декорација т.е. орнаментика на сликаните садови имала своја функција во повеќе релации.Значи не бил застапен само декоративно-естетскиот аспект, туку со него паралелно биле вклучени и симболичкиот карактер на орнаментите и садот, но и елементите на истакнувањето на идентитетот на одредена популација.Имено, во раниот неолит во некои микро региони во Македонија се користат специфични орнаменти со бела боја кои се разликуваат во зависност од регионот. Но во средниот неолит, настануваат промени во регионите од северо-источна Македонија и нејзиниот централен дел, со што настапува унифицирање на орнаментиката која се разликува од онаа „традиционалната“ воПелагонија.Но иако овие региони развиваат автентични орнаментални идентитети, сепак тие комуницираат во домен на религискиот концепт и изработката на фигуративната скулптура.Тогаш, во средниот неолит, во скоро сите региони на Македонија се изработуваат слични керамички претстави на жени – куќи (т.н. Големи Мајки). Ова секако не води кон некои универзални предлошки кои ни покажуваат и објаснуваат на кој начин се формирала неолитската мисла и во кои релации таа се манифестира врз неолитската материјална култура.
Низ кои се сегменти го разгледувате развојот на неолитската мисла?
- Неолитска мисла е термин кој објаснува повеќе комплексни аспекти од неолитската религија и обреди, но и елементите на когнитивната перцепција на светот и околината во која живееле неолитските луѓе.Сите овие аспекти се базирале на едно расчленето концептуално јадро кое потоа се манифестирало и во домен на керамичката продукција и тоа на ниво на садови, фигурини, печати, обредни конструкции, но и погребувањата.
Овие предмети биле вклучени во обредни, но и секојдневни активности кои имале за цел да ја обезбедат егзистенцијата на населението, но и да ја стимулираат и дефинираат потребата за логично-последичкото објаснување на светот.Имам ретка и прекрасна прилика да бидам дел од една извонредна и креативна семиотичка лабораторија водена од професорот Никос Чаусидис, која има за цел да ги дефинира овие архаични, антропоцентрични претстави за светот и сето она што влегува во доменот на човековото обредно однесување. Токму со професорот и Орхидеја Зорова, успеавме да востановиме дека овие елементи на неолитска мисла или подобро речено архаична мисла, со одредени варијации функционираат и егзистираат во различни периоди од предисторијата, историјата и современите обреди во Македонија. Нашите истражувања покажаа дека во одреден домен постои архетип на когнитивно перципирање и визуелно-семантичко изразување кое независно може да се појави меѓу разни популации, во различни региони, но и во различни периоди.Тоа објаснува зошто во разни делови од светот, во сличен социо-еколошки контекст, но во различно доба, луѓето имаат сличен пристап во симболичкото манифестирање на идеите.
Колку е познат неолитот откриван на територијата на земјава надвор од нејзините граници и што е она што странските археолози но и другите заинтересирани профили на истражувачи, го бараат во контекст на откривање на тајните на светот?
- Во изминативе месеци со археологот Милош Билбија и тим од млади истражувачи го досредуваме, документираме и дефинираме она што се ископуваше на неолитската населба во Говрлево.Овој локалитет ни отвори многу од неговите „тајни“ и ни посочи во кои правци се развивала и реализирала неолитската мисла, со што пополека успеваме подлабоко да навлеземе во практичниот и симболичкиот свет на неолитските луѓе од оваа населба. Скоро сите членови од овој истражувачки тим на специфичен начин го проучуваа и презентираа овој локалитет и неолитот во Македонија, што секако предизвика интерес за соработка кај некои научници од земјата и надвор од неа, но и покажа дека доколку македонскиот неолит, методолошки и научно цврсто се постави, тогаш она што е на неговата површина и секако внатре во неговата суштина, може да биде достапно и сознатливо за секој кој умее дисциплинирано да истражува.Археолошките траги т.е. артефактите се само неколку сантиметри во земјата под нашите нозе, меѓутоа „тајните“ се многу подлабоко вкопани во идеите за артефактите кои ги ископуваме.Само оние што сакаат да видат ќе можат да го разберат скриеното и да забележат колку од нив има во скриеното и колку од скриеното има во нив.Македонскиот неолит е отворен за сите, но само од нас зависи дали во неолитот ќе гледаме низ нашите и очите на другите, или пак низ она што ни го покажуваат неолитските артефакти.
Заврши првата фаза од реконструкцијата на Цареви Кули
Со 440 илјади евра целосно е реконструирано западното бедемско крило
СТРУМИЦА - Со европски пари од програмата за прекугранична соработка
наменета за Македонија и за Бугарија, локалната самоуправа ги спои
минатото и иднината на Струмица. Со 440 илјади евра целосно е
реконструирано западното бедемско крило, а се завршени и археолошките
истражувања за оваа година на Цареви Кули, локалитет што датира од
бронзеното време. Со пробивањето и асфалтирањето на патот до овој
локалитет се создадени сите услови за слободен пристап на туристите до
некогаш неосвоивите тврдини.Истовремено со првата фаза на Цареви Кули
заврши и реконструкцијата на Самуиловата тврдина кај Петрич, Бугарија.
(Е.П.)
Се повеќе се потврдуваат тезите дека кај локалитетот Бонче можно
е да се наоѓа четвртата изгубена македонска престолнина, градот
Пелагонија. Со најновите годинешни открија, под раководство на
професорот Виктор Лилчиќ, целосно е откриена гробницата која е
единствена од ваков тип на Балканот.
Слична има само во Пела во Грција.
„Според
начинот на градење и според монументалноста на самата гробница може да
претпоставиме дека во оваа гробница е погребан некој пелагониски крал,
за жал за кого не знаеме се уште кој е“, изјави д-р Антонио Јакимоски,
раководител на Археолошките ископувања.
Оваа гробница потекнува
од четвртиот век п.н.е. кога и постоело Кралството на Пелагонците. Се
претпоставува дека е ограбена уште во антиката.
„Ова е единствената гробница во Македонија и пошироко и меѓу ретките објекти од четвртиот век п.н.е.“, вели Јакимоски.
Гробницата
се наоѓа веднаш под врвот Висока каде се претпоставува дека се наоѓал
градот. Откривањето на градот Пелагонија на овие простори би било од
огромно значење за Македонија затоа што другите три старо антички
престолнини Пела, Амфиполис и Тесалоника се наоѓаат на територија на
денешна Грција.
За жал, оваа година државата не оддели средства
за да се истражува и на врвот Висока. По овој град археолозите трагаат
повеќе од 150 години.
Тука пред две години беа откриени и три
штитови со Сонцето од Вергина на кралот Деметриј. Кога ќе се
реставрираат, за прв во светот ќе се добие како изгледал штитот на
Македонската фаланга.
Го отворам топико, зашто не гледам каде на друго места да ја сметам веста, а и онака во иднина се надевам ќе следат уште вести за овој локалитет. Може би не одговара на фото/видео, ама одговара на културно наследство.
ЕПОХАЛНО ОТКРИТИЕ ВО СВЕТИНИКОЛСКО
Откриена Билазора - најзначајниот пајонски град
Во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја обновил фортификациската мрежа
на Билазора,а во168 година пр.н.е. македонскиот крал Персеј, во фаза на
подготовки за последната борба со Рим, успеал да договори воена помош
од страна на Галите кои биле стационирани во нејзина близина
На локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на Свети Николе стручњаци откриле капитален објект - влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора
Група музејски и научни работници од земјава и од
странство деновиве на локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина
на Свети Николе откриле капитален археолошки објект - влезната порта и
дел од бедемот на акрополата на античка Билазора. Стручниот тим, Бобан
Хусеновски - раководител на археолошките истражувања, Вилијам Хајдингер
и Јула Метју од Фондацијата за археолошки и историски истражувања од
Хјустон (Тексас, САД), консултантите д-р Ѕвонимир Николовски и
археологот Стефан Данев, во организација на Народниот музеј од Свети
Николе и директорот Александар Данев, на почетокот на јуни годинава
почнаа со систематски истражувања на античка Билазора.
- Во
последните денови од истражувањето од квадратите од кои најмалку
очекувавме според видливите површински показатели, останавме изненадени
од откритието. Обичниот квадрат М13, на кој неколкупати атакувавме и го
напуштавме до длабочина од околу два метра ни го откри првиот камен
блок од прагот на внатрешната порта на акрополата. Веднаш го
препознавме класичниот опус и мајсторската обработка на камениот блок,
кој го заземаше централното место на прагот на портата во кој бил
издлабен за пропуст на атмосферски води, ни изјави раководителот на
истражувањата Бобан Хусеновски. Навистина имавме среќа уште во текот на
првата година од систематското истражување да ја откриеме внатрешната
порта на акрополата. Регистрираниот бедем од делкани масивни варовнички
блокови, дел од северната хортификациска линија на акрополата, беше
повеќе од доволно да го потврдиме, а сега и да го објавиме откривањето
на најзначајниот пајонски град - античка Билазора, изјави Хусеновски.
Веднаш
потоа бил откриен главниот влез поврзан со внатрешната порта преку
конкавна камена рампа долга 14 метри. Истражувањата оваа година почнаа
од портите на Билазора и продолжија во нејзината непосредна околина,
односно во правец на главната улица, која навлегува во внатрешниот
простор на акрополата. Потоа претстои откривање на организацијата и
урбанизацијата на нејзиниот простор. Во градежните остатоци, нивната
масивност и во мајсторската обработка се препознава моќта и статусот на
градот, односно богатството и авторитетот на нивните нарачатели -
повлекува раководителот на истражувањето. Пронајден е значаен фонд
движни наоди, во најголем дел керамички садови, кои може прелиминарно
да се датираат во распон од 6 до 3 век п.н.е., додека градежните
остатоци бедемот и градежните делови на портите кон крајот на 5 до 4
век п.н.е. Според археолозите, во детаљната анализа на движниот
материјал можни се минимални осцилации во хронолошката рамка на наодите
од акрополата. Тие велат дека откриениот дел од комуникациската мрежа
на акрополата, која поврзувала значајни јавни објекти, ќе овозможи
расветлување на историската улога и карактерот на Билазора. Откриените
археолошки наоди треба да се поврзат со плодниот период на пајонската
историја, најверојатно во контекст на некој од најзначајните кралеви
Ликеј, Патрај или Авдолеон.
Локалитетот Градиште кај селото Кнежје е лоциран во
самото средиште на Овчеполието на површина поголема од 20 хектари.
Географската доминација во однос на околното опкружување му наметнува
улога на комуникациски репер и раскрсница на патните правци од север
кон југ и од исток кон запад, односно на еквидистанца помеѓу границите
на тогашна Дарданија, Тракија и Македонија. Античка Билазора
најголемиот и најзначаен град на Пајонија првпат ја споменуваат Полибиј
и Тит Ливиј. Тие укажуваат на нејзината стратешка географска позиција и
улога на чувар на северната граница на античка Македонија во одбраната
од Дарданците. Според стручњаците, два значајни датума во историјата на
античка Македонија се поврзуваат со градот Билазора, 217 година п.н.е.
кога македонскиот крај Филип Петти ја обновил нејзината фортификациска
мрежа и 168 година п.н.е. кога македонскиот крал Персеј во фаза на
подготовки за последната борба со Рим успеал да договори воена помош од
страна на Галите кои биле стационирани во близина на Билазора. Пред 32
години професор д-р Иван Микулчиќ има објавено предлог-теза за
местоположбата на античка Билазора на локалитетот Градиште во околината
на Свети Николе. Дотогаш според некои истражувачи Кацаров и Папазогулу
таа требало да се идентификува со локалитетот на Велешкото кале. Со
оглед на значењето на овој капителен објект археолозите апелираат за
поголемо внимание и конкретен ангажман на Министерството за култура и
на општината Свети Николе заради квалитетно зголемување на ресурсите на
културниот туризам во земјава. Од археолошкиот тим тврдат дека
најпознатиот пајонски град е целосно зачуван под дебелиот слој земја и
нуди ретка можност за запознавање и проучување на неговите вредности,
како дел од недоволно истражената култура и историја на Пајонија, која
на моменти претставувала дел од историската реалност на античка
Македонија.
Не знам за вас, ама добри вести од археологијата особено ме радуваат. Ова е многу интересно, и би сакал да знам колкавое и кое му е значењето.
Во Зрзе откриен монашки комплекс од 9 век
За откриениот комплекс постојат индиции дека кореспондира со Климентовото монаштво на Плаошник
Моника Талеска
Во прилепскиот манастир
„Свето Преображение“ во Зрзе, е откриен богат монашки комплекс кој
датира од 12 век или два века порано од досегашните научни наоди. Во
пештерата од бигорната карпа под сегашната манастирска црква, откриена
е пештерска црква која најрано е датирана во 12 век. До црквата имало
трпезарија, работилница за монасите, а констатирани се и 11 целини со
30 испоснички ќелии на четири ката. Секоја ќелија ја користел еден
монах. Екипата археолози и конзерватори невестува дека при натамошните
истражувања ќе се откријат уште десеттина други испоснички ќелии.
Ова
неверојатно откриетие, велат стручњаците, го ситуира манастирот „Свето
Преображение“ во Зрзе во нов научен, културен и религиски контекст,
зашто постојат индиции дека има културни слоеви од 9 век. „Иако ова е
прва фаза од истражувањата, не е прехрабро ако се каже дека овој
монашки комплекс по својот обем и материјални појави кореспондира во
религиска смисла со климентовиот комплекс во Охрид. Значи, една врска
во религиозната историја, визави културната, визави политичката
историја“, вели Бранислав Ристески, координатор на проектот.
Според
Владиката Климент, резултатите од овие истражувања се потврда на
верувањата на монашкото братство кое една декада живее во манастирот во
Зрзе. „Има цврсти претпоставки дека со натамошните истражувања
временската хронологија и датирање ќе стигне до 9 век и овој монашки
комплекс ќе го изедначи со обновувањето на климентовото монаштво на
Плаошник, кое е еден век постаро од Светогорското монаштво. Првата фаза
од археолошките истражувања е повеќе од успешна, бидејќи монашката
населба која досега беше бледо и патем споменувана во 14 век, веќе
сигурно е поместена во 12 век“, изјави Владиката Климент.
На
горното плато од денешниот манастир е откриена доцна античка населба од
4 век. Особено значаен сегмент од оваа акропола е ранохристијанската
базилика која почетно датира од 5 и 6 век, а е лоцирана на издвоено
плато на север од денешниот манастир. „На платото над бигорната карпа
на простор од 4 до 6 хектари откриени се контурите на акрополата. Оваа
населба не била дефанзивна. Имала повеќе управно-политички карактер.
Оградена е со бедем со широчина до 1,40 метри, но до крај не е
дефинирана. Дел од фазите треба да се истражат. Во секој случај,
остатоците од бедемот се видливи на влезот на манастирот, па со
досегашните сондажни истражувања јасно е издвоена доцната античка
фаза“, вели координаторот Ристески.
Откриени се и многу површински објекти, низа материјали, движни наоди, садова керамика, стаклени садови, метални орудија...
Инаку, овој проект ќе биде финансиран од Министерството за култура со 560 илјади денари.
ДОНАЦИЈА ОД ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА Со 130. 000 евра Скупи се чисти и се заградува
Со
130.000 евра Скупи до април треба да се исчисти, да се огради и
осветли, да се направат патеки, со што посетителите ќе можат да го
посетат локалитетот на кој имало континуиран живот 3000 години, од
бронзеното време до 10 век
Деновиве на локалитетот Скупи започна проектот за обележување на овој
значаен археолошки простор до Скопје, со донација од италијанската
Влада. Италија за оваа фаза на работа на Скупи оддели 130.000 евра. Со
проектот ќе бидат зафатени 5 хектари од локалитетот, што е околу 50.000
квадратни метра.
"Парите се наменети за физичко расчистување на локалитетот од отпадот и
сметот што е се останати од поранешната фирма за отпад МИГ. Потоа
локалитетот ќе се огради со современа, безбедна ограда, во должина од
1.300 метри. Ќе биде поставено и осветление по периметарот, по
обиколницата на локалитетот, а на крај ќе се направат и пешачки патеки
и хортикултурно ќе се уреди просторот", ни рече раководителката на
проектот археологот Ленче Јовановска од Музејот на Скопје.
Во оваа фаза, со која само се обележува просторот, се заштитува и се
уредува за да може да се стави на мапата на културно-туристичките
локалитети, ќе се постават и информативни табли за објектите кои
делумно се истражени, како театарот или базиликата. Оваа фаза треба да
заврши во април.
Скупи е еден од позначајните археолошки локалитети на Балканот, но во
изминативе 50 години во него се инвестирале минимални средства, и тоа
со големи временски паузи.
Како што е најавено од Управата за заштита на културното наследство,
оваа година Скупи е влезено во капиталните инвестиции на Владата, со
што се очекуваат сериозни археолошко-истражувачки работи на локалитетот
каде што, според досегашните скромни наоди, имало континуиран живот од
бронзеното време, преку железното, потоа ренесансата во римскиот
период, па се до 10 век, што значи 3000 години. (М. За.)
Со сета почит кон ПАско Кузман и премиерот, и мене проектов воопшто не ми се допаѓа. Не дека самиот парлемент е некоја незнам си колку архитектонски или историски важна зграда, колку од фактот дека на мала врата се протуркуваат некои крајно кич решенија, само затоа што можеби се популистички кај членовите на владејачката партија. ПА заерм треба сега сите одеднаш како овци да климаме со глава дека ни се допаѓа идејата само затоа што е подржана од премиерот или Паско??? Мене ми е во најмала рака одвратна идејата со куполите.
mislam deka preteruvate so vasite konstatacii vo vrska so idniot izgled na parlamentot.. samite znaete deka na render izgleda totatlno razlicno od ona sto moze da izgleda nestoto koga ke se izgradi.
во случајов рендерот е комплетно ирелевантен независно што сам по себе е одвратен. Далеку поодвартна е политичката одлука да се градат куполи како и самата позадина на целиот проект.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum