Author |
Topic Search Topic Options
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#161 Posted: 10-Jun-2008 at 23:46 |
Деспина пак нешто измешала
Изградбата на новиот хотел затвори половина од паркингот зад „Рамстор“

Инвеститорот се' уште нема градежна дозвола, оградува врз основа на дозволата за локациски услови
Деспина Трајковска
Половина од паркингот „Македонија“, зад ТЦ „Рамстор“, во наредните
две години ќе биде затворен поради активностите околу изградба на
ексклузивен хотел од синџирот „Резидор“. Корисниците на паркиралиштето
со кое стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе имаат
можност да се паркираат на стотината преостанати места. Од
претпријатието велат дека прашање на ден е кога паркингот ќе биде
затворен и додаваат дека за тоа веќе се информирани корисниците кои
имаат месечни и годишни билети. Тие, според одговорните од „Градски
паркинг“, ќе можат со истите билети да се паркираат спроти „Нова
Македонија“ или, пак, на јавниот паркинг кај „Макпетрол“.
„Во
случај на граѓаните да не им одговара оваа опција, парите ќе им бидат
рефундирани“, вели Љупчо Јованов, директор на ЈП „Градски паркинг“, кој
нема сознанија до кога паркиралиштето „Македонија“ ќе биде со
преполовен капацитет. Но, со оглед на тоа дека инвеститорот има рок од
две години да го изгради објектот, голема е веројатноста и паркингот да
не работи подолго време.
Инаку, деновиве интензивно се
оградува просторот на кој треба да се изгради ексклузивниот хотел, врз
основа на добиената дозвола за локациски услови. Иако неодамна од
Министерството за транспорт и врски информираа дека инвеститорот ги
добил сите потребни документи за градба, вчера од Општина Центар рекоа
дека е при крај постапката за издавање на градежната дозвола.
Инвеститорот се' уште не ги уплатил потребните комуналии на сметка на
Градот, кои според пресметките изнесуваат околу 100 милиони денари.
Сопственик
на земјиштето со површина од 4.930 квадратни метри стана фирмата ХЛХ
МАЦ ЛЛП, која на јавно наддавање понуди 8.500 денари за квадрат. Според
најавите, хотелот ќе има пет ѕвезди, 130 соби, 15 претседателски
апартмани, десет луксузни апартмани, конференциски и банкет-сали. Во
ексклузивниот објект ќе има и ресторан, бар, фитнес, спа-центар и базен.
|
Извор: Утрински
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#162 Posted: 09-Jun-2008 at 22:16 |
Вечер веќе си го избраа брендот  Во ниеден момент не се спомна дека хотелот ќе биде баш Радисон. Како и да е веројатно ќе почекаме на некое помпезно удирање на камен темелник пред да видиме како ќе изгледа хотелот.
Наскоро ќе се удрат темелите на Радисон
Градежната
парцела од 5000 метри квадратни на улицата Железничка, којашто до
неодамна беше запоседната од диви пазарџии и од собирачи на стара
хартија, е расчистена и оградена
Почнува
изградбата на првиот луксузен хотел од синџирот "Резидор". Градежната
парцела од 5000 метри квадратни зад Рамстор, на улицата Железничка,
којашто до неодамна беше запоседната од диви пазарџии и од собирачи на
стара хартија, се оградува и се подготвува за почеток на градежните
работи. Теренот треба да се исчисти и да се изврши геомеханичко
испитување на земјиштето, по што ќе следува ископот на темелите.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека инвеститорот
ги добил сите потребни документи заедно со дозволата за градба од
општина Центар и Град Скопје, но не посочуваат кога ќе почнат
конкретните градежни активности бидејќи за тие термини одлучува самиот
инвеститор".
Хотелот ќе го гради британската компанија "Резидор Хотел Груп", која
минатата година победи на јавното наддавање за оттуѓување на државно
градежно земјиште и за 41.905.000 денари стана сопственик на
земјиштето. Целата инвестиција чини 45 милиони евра.
Иако официјалниот проект не е јавно презентиран, се најавува дека
објектот за хотелот со пет ѕвезди од брендот Радисон ќе има интересно
архитектонско решение со 130 соби, 15 претседателски апартмани, десет
луксузни апартмани, конференциски и банкет сали, ресторан, бар, фитнес,
спа-центар, базен ...
Компанијата "Резидор хотел груп" поседува повеќе од 300 хотели од
брендовите "Радисон САС", "Парк ин", "Реген кантри" со 60 илјади
оперативни соби во околу 50 држави во светот. Има над 25 илјади
вработени, а во хотелите годишно престојуваат над 13 милиони гости. Влезот
на Резидор во Македонија, Владата го најавен како значајна странска
инвестиција која директно ќе влијае на економскиот раст на РМ, ќе
отвори нови работни места, а ќе ги зголеми и туристичките капацитети во
главниот град на земјава. |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D4333F0E2C1F794C928E6A69E3C334DB
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#163 Posted: 09-Jun-2008 at 15:23 |
 Другата граница (од страната на Музеј на Скопје) е Рамстор. Значи заградената парцела има од прилика должина колку Рамстор. Еве и фотки 1  2  3 Еве ја џунглата во внатрешноста.... За спомен
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#164 Posted: 07-Jun-2008 at 12:19 |
Пред малку поминав позади Рамстор и веќе се поставува ограда на градилиштето и тоа баш на оној просотор од Железничка кога се врти за Јужен Б. каде што седеа оние продавачи на лубеници и зеленчук од камиони и имаше тони ѓубре. Значи маркицата почнува од ќошот со Железничка и продолжува се до рампата на паркингот позади рамстор (бар до тука некаде беа стигнати со монтирање ограда).  Мислам дека е време за нова нишка а јас ќе гледам бар со мобилен да ја сликнам локацијата дур не ја затвориле целосно.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#165 Posted: 06-Jun-2008 at 16:20 |
Ај нека сликне некој, па да отвориме нова нишка
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#166 Posted: 06-Jun-2008 at 15:56 |
 Ова е стварно одлична вест
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#167 Posted: 06-Jun-2008 at 15:21 |
Добра вест,
Почна изградбата на Резидор хотелот во Скопје
|
|
Министерството
за транспорт и врски соопшти дека врз основа на добиената документација
од страна на општина Центар и градот Скопје денеска на улицата
„Железничка“ во центарот на Скопје се почнати активностите за изградба
на луксузен хотел со пет ѕвездички од групацијата „Резидор“.
Хотелот ќе биде изграден согласно меѓународните стандарди во
хотелиерството и туризмот, а согласно договорот за отуѓување на државно
земјиште компанијата „ХЛХ МАЦ ЛЛП“ која беше избрана за најповолен
понудувач треба да го изгради хотелот во рок од две години.
Земјиштето за изградба на хотелот беше оттуѓено по пат на јавно
наддавање одржано во Министерството за транспорт и врски, на кое оваа
компанија беше избрана за најповолен понудувач. За земјиштето со
површина од 4.930 метри квадратни компанијата уплати 8.500 денари по
метар квадратен или вкупно 41.905.000 денари.
“Со реализацијата на овој проект се овозможува влез на нова
инвестиција, која директно го поттикнува економскиот раст, создава нови
работни места и ја збогатува туристичката понуда во главниот град на
Република Македонија”, се вели во соопштението од Министерството за
транспорт и врски.
(Toтал) |
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#168 Posted: 18-May-2008 at 16:28 |
 Дај боже. Ми мириса како дел од кампањата но дај боже...
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#169 Posted: 18-May-2008 at 01:21 |
Резидор хотелот ќе почне да се гради во јуни
Најдоцна во јуни ќе почне изградбата на хотелот Резидор во
Скопје. На тендерот за земјиштето на кое ќе се гради хотелот, зад
трговскиот центар Рамстор, победи компанијата HLH Macedonia LLP која е
формирана од Heritage London & Hanover Limited во партнерство со
друга британска компанија Jayroma Limited. Опозицијата обвини за
корупција и дека зад купувањето на земјиштето стои македонскиот
бизнисмен Орце Камчев, што беше демантирано од Владата.
Јанакиески на вчерашната конференција организирана од Државниот
завод за геодетски работи, посочи дека во изминатиот период реформите
во Катастарот придонеле државата да продаде поголем број на градежно
неизградено земјиште. Како примери ја наведе парцелата на која беше
изградена Шведската млекарница, потоа земјиштето во скопско Соње каде
ќе се гради нов град, трговскиот ценар Еквист, болница Свети Лазар во
Ѓорче Петров, трговски центар во Капиштец што треба да го гради
компанијата Сектрон, како и индустрискиот капацитет на Фонетти во
Илинден.
Честитајќи му на Државниот завод за геодетски работи (ДЗГР) за
досегашниот успех во реформите на Катастарот, советникот за развој и
соработка во Шведската амбасада, Даниел Асплунд, рече дека мора да се
продолжи со позасилено темпо. - Секогаш е подобро да се учи од други, отколку од сопствените грешки - потенцира Асплунд.
Директорот на Катастарот, Љупчо Георгиевски истакна дека Македонија
до крајот на април годинава има воспоставено катастар на недвижности на
71,5 проценти од територијата и очекува до крајот на годинава процентот
да достигне до 82. - Вкупниот број на нерешени предмети на крајот
на 2005 година изнесуваше околу 22.000. На крајот на април годинава тој
број е само 8.238. Не може да дојдеме до нула нерешени предмети бидејќи
од почетокот на годинава има прилив на нови 5.500 предмети - нагласи
тој.
На конференцијата учествуваа и претставници од Шведската Агенција за
развој - СИДА која ги поддржува реформите во Катастарот, како и од
геодетските управи на Словенија, Хрватска, Црна Гора и Албанија. http://vecer.com.mk/?ItemID=4B731A18143A264D92665E1614EFDAE5
Edited by blejdsk - 18-May-2008 at 01:21
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#170 Posted: 06-Nov-2007 at 00:35 |
Аферите го закочија стартот на изградбата на хотелот кај „Рамстор“
Двата големи владини проекта ќе доцнат минимум половина година
 Според Детаљниот урбанистички план, трговскиот центар и хотелот треба да се градат непосредно кај „Рамстор“
ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА
Почетокот на изградбата
на ексклузивниот хотел и трговскиот центар зад „Рамстор“ и натаму е
неизвесен. Купувачите на двете локации „Елан пропертис“, дел од
англиската групација „Еквест Балкан пропертис ПЛЦ“, која треба да го
гради трговскиот центар и ХЛХ МАК ЛЛП, избраниот инвеститор на хотелот,
се' уште го немаат потпишано договорот за отуѓување на градежното
земјиште. Од Министерството за транспорт и врски тврдат дека и двете
фирми навреме ја уплатиле целата сума за земјиштето, но сепак,
договорите не ги потпишале поради наводната незаконска продажба на
локацијата за хотелот.
„По пласирањето на сомневањата од
страна на СДСМ, Министерството ја достави целокупната документација до
релевантните институции тие да дадат свое мислење за постапката.
Позитивни мислења добивме од Јавното правобранителство и од
Антикорупциската комисија, а се' уште го очекуваме одговорот од Јавното
обвинителство. Потоа ќе пристапиме кон склучување на договорите“, велат
од Министерството.
Токму непотпишаните договори се пречка
купувачите на земјиштата да ја почнат постапката за добивање градежна
дозвола што треба да им ја издаде Општина Центар. Од таму потврдуваат
дека инвеститорите воопшто не дошле кај нив. Со оглед на ситуацијата,
факт е дека конечната реализација на двата проекта ќе доцни минимум
половина година. И двете компании досега требаше да ја привршуваат
постапката за добивање на одобренијата за градење, согласно со
објавата. Имено, по уплаќањето на парите, компаниите требаше да ги
потпишат договорите за отуѓување на градежното земјиште и од тогаш, во
рок од шест месеци да ја обезбедат градежната дозвола. Две години
подоцна им истекува рокот за целосна изградба на планираните објекти.
И
двете локации беа понудени на продажба преку лицитации што се одржаа
летово. Локацијата за трговскиот центар се продаде уште по првата
објава на која имаше шест заинтересирани купувачи. Победи „Елан
пропертис“ дел од англиската групација „Еквест Балкан пропертис ПЛЦ“,
која понуди 24.800 денари за квадрат, односно за земјиштето од 5.388
квадратни метри на државата и' плати 2,2 милиона евра. Фирмата ХЛХ МАК
ЛЛП, пак, стана сопственик на земјиштето за хотелот дури по третиот
јавен повик на Министерството. Земјиштето се продаде за вкупно 690.000
евра. Според ДУП, трговски центар и хотелот треба да се градат
непосредно до „Рамстор“.
|
Извор: Утрински весник
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#171 Posted: 19-Sep-2007 at 01:55 |
 Ако е ова вистина, тогаш дефинитивно станува збор за многу безобразна дубара. Останува да видиме. Ваљда нема баш лесно нешто вакво да помине.
Edited by pbanks - 09-Jun-2008 at 14:40
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#172 Posted: 19-Sep-2007 at 01:46 |
Што е па сега ова ?????????
Ќе се зголеми ли маркичката за хотелот зад „Рамстор“?!
Надлежните негираат дека стасало такво барање до нив
 Kупецот ги има уплатено средствата за отуѓување на земјиштето и треба во рок од шест месеци да поднесе барање за да добие одобрение за градење
Деновиве се' погласни се шпекулациите дека купувачот на плацот за изградба на хотелот зад „Рамстор“ неодамна побарал да му се зголеми маркичката за објектот, оти се работело за ексклузивно здание, па било оправдано тој да има и впечатлив габарит. Но, од пред десетина дена кога опозициската СДСМ го отвори случајот „хотелска ОКТА“, процедурата што требало да мине низ институционални рамки наеднаш била стопирана. Од Општина Центар негираат дека до нив било доставено вакво барање од купецот на плацот, а наедно тврдат и дека тој се' уште не ја почнал процедурата за добивање одобрение за градба. Од Министерството за транспорт и врски, пак, кое е во ситуација да лобира за такво нешто, велат дека до нив не стасало никакво барање од инвеститорот. Посочуваат дека барањата за измена и дополнување на ДУП се упатуваат до локалната самоуправа. Од МТВ тврдат дека купецот на земјиштето ги има уплатено средствата за отуѓување на земјиштето и посочуваат дека согласно критериумите во јавната објава, тој треба во рок од шест месеци да поднесе барање до Општината и да добие одобрение за градење. Оттогаш, пак, па во наредните две години тој е обврзан да го изгради објектот. Инаку, досега еднаш е регистриран случај за наменска измена на ДУП и тоа неодамна кога токму Општина Центар ја зголеми маркичката за изградба на Стариот театар, што е дел од проектите на Владата, исто како и изградбата на ексклузивниот хотел. (Дс.Т.)
|
 |