![]() |
![]() |
![]() |
Комплекс факултети на УКИМ |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 789 |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
После протестите на белградските сдуденти пред повеќе од 30 години кога излегоа 30 000 станари на `студенски град града београда` и се предизвика политички земјотрес,политичарите се освестија и почна да ги разделуваат студентите на повеќе локации.Така се разединуваа и стварајќи им нееднакви услови за живот им вметнуваа љубомора и завист.
Поради овие причини изградени се новите згради во студенскиот дом во Автокоманда(Стив наумов) како и тој во тавталиџе(Гоце Делчев) Студентите сега никогаш нема да бидат единствени и лесно ќе ги манипулираат со децении |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Мојата идеа е пак да се подели УКИМ на три универзитети. Знам дека звучи чудно но во доста главни градови тоа се има случено каде од главниот универзитет произлегле нови.
Едниот да се вика УКИМ (да се задржи традицијата), тоа што денес е "КГФ" заедно со студентскиот дом Стив кој и така е блиску и ќе бидат еден вид на кампус се разбира тука би влегле и делови од ПМФ, Шумарски, Земјоделски, и нови згради за ДИФ и ако испуштив некој во кругот на КГФ. Во овој склоп би влегле и уметничките факултети кои се наоѓаат во центар и се логично распоредени таму со оглед на близината на музеи, театарот операта. Другиот да биде некој тип на медицински универзитет (може име Мајка Тереза :P) во кој би влегле Медицински, Соматолошки и Фармација кои и така се на едно место во рамките на клинички центар со студентски дом Кузман кој е блиску. И трет, би бил технички (пр Политехника, бидјќи немаме некој наш познат научник), тука би влегле факултетите во Каерпош кои се еден до друг а има место и да се доизгради ФИНКИ и нова зграда на градежен на место на старите бараки на драмски и електро. Во старата зграда на градежен може да се смести некоја институција, на пример општина центар (место да градат нова зграда) дури и дел да се изнајмува бидејќи има атрактивна локација. Студентски дом на овој универзитет би бил Гоце кој и е најблиску. Ваков тип на реорганизација на УКИМ мислам дека е најповолна и најевтина варијанта. Често низ електро, градежн и машински (факултети кои најчесто работат проекти и печалат пари) се слушаше дека парите од разни проекти се закочени директно од ректоратот за сметка на "КГФ". Со ваква поделба тоа ќе се избегни и сигурен сум дека ним ќе им се овозможи подобра работа. Во таков реконструиран универзитет со по некоја студиска програма на англиски има шанси да привлечиме и по некој еразмус студент, ако ништо заради добар и ефтин провод. И најглавно од се. СЕ што е во рамките на денешен УКИМ плаче за темелна реконструкција. Опременоста на лабораториите и не е најтрагичниот дел во моментот, туку прокиснатите и руинираните објекти со услови како по втора светска војна. Edited by stratus - 19-Sep-2014 at 17:20 |
|
![]() |
|
martind ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 332 |
![]() ![]() |
Мислам дека ова е многу лоша идеја, пред се поради метежот што ќе настане во тој дел од градот кој и така е присутен постојано. Со ова само ќе се зголеми истиот.
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Па да, информатичар(к)и со бизнисмен(к)и ќе си бидат добри парови. А и правниците/правничките да не ги заборавиме. ![]() |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
+100 Ова е моја дамнешна желба од студентските денови, не дека треба да правиме копија на некој амерички универзитет, но таков проект би помогнал за тенкиот студентски буџет, а и би го намалил своевидниот анимозитет меѓу факултетите во Скопје. Да не говориме колку би се зголемила компетитивноста и квалитетот на студирање. Него као беше муабетон со КГФ, глеам сеа и "учени" луѓе ќе искачаат од тој комплекс? ![]() |
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Според мене, еден универзитет = еден кампус. И тоа сосе студентски домови. Да се размислувало претходно, можеби сега Крњево ќе беше урбанизиран студентски град, и целиот потег од комплексот факултети до ПМФ и Земјоделски факултет ќе беше една убава целина.
Тоа што мене ми е сомнително во конкретниов случај е дека најверојатно сакаат да лупнат класицистички објект на ќошот од двата булевари за да се гледа убаво, и да се затскрие бруталистичкиот комплекс во позадина (МОБ, anyone?). |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Никој не вели дека тие парцели да не се урбанизираат, иако и паркот таму не е лош, а бруталистичкиот опшествен кампус на УКИМ таму веќе и си е добро завршена целина која само треба да се обнови. Но едноставно не ја сваќам поентата ФИНКИ (технички факултет) да не се прави во кругот на техничкиот кампус туку во кругот на опшествениот.
Или цел технички кампус да се преизгради во близина на опшествениот во автокоманда со што скоро сите факултети би биле на куп. Ова е очигледно играње мајтап. За вакви работи не е само битно да се изгради објект, туку многу е побитно тој кај се наоѓа и како е изведен. Според ЕКТС, Болоњскиот систем според кој веќе повеќе години функционира УКИМ, дозволено е еден студент да избира предмети и од други факултети на истиот универзитет. Ова иако добра идеја баш и нефункционира. Зборот ми е дека студент на ФИНКИ природно би одбрал предмети од техничка природа, т.е. предмети од Електро, Машински, Технолошки кои се наоѓаат на факултетиво техничкиот кампус во Карпош. Впрочем ФИНКИ како факултет и во главно е прозилезен од Електротехничкит како и ПМФ кој исто така не се наоѓа на опшествениот кампус. За вакви работи во посериозни држави се посветувамногу внимание. Студентите се често и најбитниот слој воопшеството. Не е случајно што нормалните универзитети низ светот на едно место ги стационираат факултетите од слична природа пропратени со студентски домови во нивната околина, а вие овде зборувате дека студентите требале да си го мрднат газот. За новоизградениот драмски факултет во центар иако чудна локација за факултет колку толку имаше логика. Театарот и операта се блиску, како и други слични уметнички факултети како ликовна и музичка академија. Не случајно Медицински факултет е во непосредна близина на клинички центар. Таков е овде случајот со ФИНКИ, тоа ти е исто како медицински факултет да е на пример во Драчево и студентите секој ден да треба да го мрдаат газод до водно за да одат на вежби на клиника. |
|
![]() |
|
vel ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Кои други информации се знаат за овој конкурс ?
Министерство за образование нема објавено ништо на нивниот вебсајт . |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Јас го делам сосема спротивното мислење. Мислам дека локаците околу Бит Пазар и Мавровка плачат за урбана обнова, а не мислам конкретно на изградба на неокласицистички објекти или на менување на фасадите. А и нема ништо лошо во тоа студентите да ги мрднат малку задниците и кон другата страна на Вардарот, чисто за да се уверат дека и таму има живот. |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Стварно не ми е јасно зошто ФИНКИ се гради тука а не во техничкиот кампус на УКИМ во Карпош 2. Одлична локација за оваа зграда би било местото на бараките на драмски факултет во Карпош, кој сега веќе има нова зграда.
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Два нови факултети ќе се градат во комплексот факултети на УКИМ
Два нови образовни објекти во кои ќе бидат сместени Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) ќе се градат во рамки на комплексот факултети на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Министерството за образование и наука денеска распиша Конкурс за избор на архитектонски трудови за двете идни зданија, планирани на просторот спроти ТЦ „Мавровка“. Изборот на идејно решение е првата фаза од постапката за изработка на техничката документација за изградба на објектите. ![]() * Просторот на кој ќе се градат новите факултети Од архитектите се бара со своите творечки трудови да применат креативност, инвентивност и оригиналност, да обезбедат современ третман на објектот во согласност на неговата функција, да применат ефикасно природно осветлување и да предложат конструкција која ќе обезбеди сеизмичка стабилност и економичност на функцијата. Идејните решенија треба да се достават најдоцна до 17 ноември до Архивата на Министерството за образование и наука. Жири – комисијата ја сочинуваат Кристинка Радевски, Димитар Трајанов, Милош Стокуќа, Наташа Хаџи – Лега, Александар Јанакиески и Вујица Живковиќ. Конкурсот е делив на два дела, и тоа објект на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и објект на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство. Министерството за образование и наука ќе додели три награди и три откупи за пристигнатите дела на архитектите. Првата награда е во износ од 350.000 денари, втората 300.000 денари, а третата 250.000 денари. Надлежното министерство ќе додели и три откупи на издржани идејни решенија во вредност од по 50.000 денари. http://www.build.mk/?p=38747 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 789 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |