build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Kлучка Бит-Пазар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 11-Mar-2008 at 16:00
ГРАДОТ ГО ПРЕТСТАВИ АКЦИОНИОТ ПЛАН ЗА КАПИТАЛНИ ОБЈЕКТИ 2008/2009


Во Скопје стартува градежна офанзива


Проширување на клучката кај Тутунски комбинат, изградба на клучка Детелина на Бит Пазар, како и проширување на булеварот Гоце Делчев и Илинденска се четирите проекти, кои според градските власти се подготвени за изведба


Проширување на клучката кај Тутунски комбинат, изградба на клучка Детелина на Бит Пазар, како и проширување на булеварите Гоце Делчев и Илинденска, се четирите проекти, кои според градските власти, се подготвени за изведба. Според Аљоша Шопар, раководител на Секторот за планирање и уредување при Град Скопје, за овие објекти е веќе подготвена техничка документација, а во тек е и избор на изведувач.

- Вредноста на клучката Бит Пазар е 40 милиони денари и ова е проект кој е планирано да заврши до 1 септември годинава. Се работи за сообраќајно прекројување на клучката во вид на детелина без семафорско решение. Ново сообраќајно решение ќе има и кај Тутунски комбинат, а овој зафат кој треба да заврши до 1 август, ќе го чини Градот 11 милиони денари. Потоа, проширување на булеварот Гоце Делчев во делот од влезот во Универзитетот до Скопски саем, инвестиција која ќе чини 22 милиони денари и треба да заврши до септември. Најобемен проект е сепак, изградба на втората фаза од булеварот Илинденска, на потегот од фонтаната до крстосницата со улицата "8 септември", во должина од 2,2 километри, за која ќе потрошиме 160 милиони денари, а изградбата треба да заврши до декември годинава, објаснува Шопар.

Според надлежните, проширувањето на крстосницата кај Тутунски комбинат е од огромно значење за градот. Поентата е во тоа што со завршувањето на клучката кај Континентал, целиот сообраќај ќе се пренасочи на новиот мост кај Транспортен центар и од тука кон крстосницата кај Тутунски, каде е всушност тромеѓето меѓу општините Центар, К.Вода и Аеродром. Сообраќајното решение предвидува и проширување на улицата Трета македонска бригада на потегот од амбулантата, до сообраќајна полиција и оформување на 4 сообраќајни ленти од крстосницата пред сообраќајната полиција до крстосницата со Тутунски комбинат и тоа на делот кај училиштето и кај делот на Министерството за образование.

Втората фаза од булеварот Србија, трета фаза од булеварот Илинденска, со мост преку Вардар, како и проширување на Гологанов и Првомајска се проекти кои треба да се реализираат во наредната година.

http://vecer.com.mk/?ItemID=611F2BC4799FAE4DB2DD110A40EC21B6


Edited by pbanks - 08-Oct-2008 at 13:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 07-Dec-2007 at 18:20


Да додадам дека дијамант клучка зафаќа и помалку простор, што воопшто не е е за занемарување поготово ако се земе во предвид дека станува збор градско подрачје недалеку од центарот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 07-Dec-2007 at 18:09
Не знам колку сте приметиле, ама веќе долги години се најавува дека ќе се преправа клучката Бит-пазар. Едно време ми беше тешко да сватам на каков начин планираат да ја преправаат зашто на релација надлежни-новинари секогаш нешто се губи во „преводот“ Roll%20eyes. Па долго време читав како ќе ги направеле краците двосмерни и така како со магично стапче ќе ги решеле проблемите... Веројатно со двосмерни краци сакаат да кажат дека треба да биде комплетна детелинка (моментално е дијамат, ама ради една зграда е тотално унаказен и место 2 вкрстувања има 3, така да се прави непотребна гужва).

Овие најави датираат уште од Пенов, ама и Трифун до сега 100 пати ни го има ветено истото... Еве како изгледа една типична најава - ова е од 24.05.2006 Nuts

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=748&ArticleID=48525
ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ
Ќе се проширува клучката кај Бит-пазар

Клучката кај Бит-пазар ќе почне да се проширува за две недели, најави градоначалникот Трифун Костовски. Со овој проект, краците на оваа клучка треба да се прошират и да се приспособат за сообраќај во двете насоки. На тој начин ќе нема потреба за семафори, а од градот очекуваат да се забрза сообраќајот во овој дел од градот. Оваа клучка ги поврзува булеварите Александар Македонски и Никола Карев на долното ниво, а на надвозникот се спојуваат булеварот Крсте Мисирков и улицата Цветан Димов. Клучката кај Бит-пазар е една од најфреквентните во градот. Таму секојдневно се создаваат големи редици возила. Градските власти очекуваат овој метеж значително да се намали со изградбата на булеварот Словенечка, која ќе ги поврзе населбите Радишани, Бутел и Чаир со крстосницата кај Момин поток.


Лично мене ми е мило што најавите се неозбилни, затоа што сум убеден дека нашите надлежни ќе ја зезнат работата. За конкретниов случај ги имаат и сите предиспозиции да направат лоша импровизација.

Прво не знам како дојдоа на идеја да ја прават детелинка. Дијамантската клучка навистина лошо функционира, ама како што објаснив, тоа е поради фактот што таму има зграда која смета и дијамантот е неправилно изведен. Не знам дали воопшто може да ја квалификуваме како дијамантска клучка. Од друга страна тоа што го најавуваат исто така не би било некаква добро изведена детелинка, туку детелинка со многу лоши карактеристики. Не сум сигурен дека таква детелинка таму би била поефикасна од еден добро изведен дијамант.

Еве една скица што ја направив јас, за тоа како би изгледало нивното решение. Со црвено ја вцртав зградата која во меѓувреме никна таму. Таа зграда (заедно со полициската станица и џамијата) дозволува само минимален простор за подобрување кај кракот #4. Тој е најкритичниот крак и таму дефинитивно би имале лош радиус на кривината а можеби и лош градиент. Краците #1 и #2 евентуално би можеле да се изведат подобро, но само ако имотно-правните односи го дозволуваат тоа. Ако надлежните треба да се впуштат во пообемна експропријација и рушење (макар што таму ионака преовладува тотален крш), подобро да не се надеваме на ништо подобро. Единствено #3 може да се изведе технички добро без никакви прашалници, ама таа зградата останува внатре во клучката и тоа е катастрофално конечно решение ако зградата не се руши.
Дополнителен проблем со една ваква детелинка е и малото растојание меѓу точките А и Б. Тоа денеска изнесува шеесетина метри и не е доволно за добро функционирање на детелинка.
И на крај, треба да се земе во предвид дека надвозникот има 5 ленти, што е логично кога станува збор за дијамант, ама не и за детелинка.





Edited by Cloverstack - 12-Mar-2008 at 02:13
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.568 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.