![]() |
![]() |
![]() |
Градинки |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 789 |
Author | |
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
fossil me interesira dali se e ushte vo ramkite na dvorot na gradinkat aili izlezeno e nadvor od ramkite na dvorot. Prashuvam ne radi drugo tuku kako mal jas odev vo ovaa gradinka
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Еве нешто од детската градинка во Карпош 3... отприлика тука е... 42° 0'16.45"N 21°23'51.26"E
![]() ![]() ![]() |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Денес во општина Карпош беше поставен камен темелник на новата Франкофонска градинка.![]() Оваа градинка ќе се изгради во дворот на веќе постоечката градикна „Орце Николов“, и во истата ќе се говори на француски јазик. Во оваа градинка покрај децата на вработените во Француската амбасада, ќе простојуваат и деца на граѓаните на Република Македонија, кои ќе имаат можност да го учат францускиот јазик. Градинката се очекува да биде отворена на есен. Градоначалникот Јакимовски истакна дека за оваа инвестиција општината одвоила околу 200.000 евра со што ќе се изгради градинката, а додека внатрешното опремување на градинката ќе биде донација од Француската амбасада. Градоначалникот Јакимовски најава изградба и на други вакви градинки во соработка со другите амбасади. http://www.time.mk/read/3fd59e8c84/440ad91c22/index.html |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во градинката „Орце Николов“ ќе се гради објект за француска група Општина Карпош ќе вложи 200.000 евра, а зградата ќе ја опреми француската амбасада Општина Карпош во кругот на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3 ќе гради нов објект наменет за француска градинка. Планирано е градежните работи да почнат до пролет, а веќе наесен да се отвори групата во која ќе учат децата на француски јазик. Општината веќе бара фирма што ќе го изгради објектот планиран да се простира на површина од 400 квадратни метри. Во неа, практично, ќе учат децата од постојната француска група од градинката „Пролет“ што се наоѓа во Козле, како и новозаинтерсираните чиј број расте од ден на ден.Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека одлучил да гради градинка на сметка на општината за да одговори на барањата на заинтересираните родители, и покрај тоа што ингеренциите од областа на социјалната дејност, во чиј домен спаѓа и изградба на нови градинки, е под капата на Министерството за труд и социјала. „Не можевме да ги оставиме граѓаните во заложништво на незаинтересираноста на централната власт да инвестира во објекти од вистински интерес на граѓаните. Сметаме дека потребните средства за новиот објект, практично, доградба на постојниот, нема да бидат голем товар за нас, па издвоивме пари во годинешниот буџет за реализација на овој проект“, вели Јакимовски. Според неговата процена, новиот објект нема да ја чини општината повеќе од 160.000 евра. За нејзино опремување, пак, градоначалникот веќе договорил соработка со француската амбасада, односно таа целосно ќе го донира потребниот мебел и другите неопходни работи. (Дс.Т.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3D09DD945B27C54790B40BDA9B91CEF2 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Почна изградбата на нова детска градинка во општина Росоман
Росоман 1 септември 2010 (МИА) - Во општина Росоман денеска на свечен начин беа поставени темелите за изградба на новата детска градинка во општина Росоман. Камен-темелникот го удрија заменик - министерот за труд и социјална политика Спиро Ристевски и градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов. Заменик - министерот истакна дека ваков објект е потребен повеќе години, а Владата и ресорното Министерство конечно пронашле решение оваа година да се почне со изградба. Тој потенцира дека за оваа намена се одвоени осум милиони денари, а се очекува изградбата на градинката да заврши за две буџетски години. Капацитетот на установата е за околу 50 деца, а како што рече Ристевски, иницијативата на градоначалникот ја поддржале врз основа на зголемувањето на наталитетот во општина Росоман и потребата за отварање на еден ваков објект. Градоначалникот Стојанче Лазов изјави дека конечно потребата на росоманци за градинка ќе биде задоволена, и дека родителите кои децата досега ги носеа на престој во кавадаречката градинка, не ќе имаат потреба да го прават тоа или пак да размислуват каде ќе ги остават децата на чување додека се на работа. Градинката ќе биде сместена во просториите на ОУ „Пере Тошев“. Заменик - министерот Ристевски потврди дека годинава околу стотина дечиња од Кавадарци се одбиени за престој во градинката Рада Поцева зашто капацитетите на истата се исполнети до максимум и плус 30 проценти од дозволеното,така да состојбата е во една група од 15 деца сега да престојуваат по 30 дечиња а со нив раководи само едно воспитно лице. Кавадаречката градинка работи со четири клона, а Ристевски ја истакна потребата од адаптирање на постоечкиот објект во склоп на детската градинка и обезбедување на дополнителен простор за престој. Ристевски рече дека радува фактот што општина Кавадарци е една од општините каде е зголемен наталитетот за разлика од некои други општини во државата каде таа бројка е сеушта мала. бн/ев/16:17 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76595403&lId=1&pmId= |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 789 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |