Дубаи
е еден од урбаните центри кои најбрзо се развиваат во историјата на
човештвото. На својата територија постојат градби кои го носат епитетот
“најголеми”, “највисоки”, “најскапи” на светот. Од мал пристанишен град
се трансформираше со неизмерно богата метропола, а во продолжение Ви ги
претставуваме десетте архитектонски чуда на Дубаи.
10. Emirates Towers
Ова
е една од “најстарите” градби и првиот симбол на Дубаи како град кој
сака да биде препознатлив. Се состои од две индивидуални структури. Во
едната се наоѓаат канцелариски простирии, а во другата – хотел. Првата
кула е повисока и според височината се наоѓа на дванаесеттото место во
светот. Во хотелскиот дел собите чинат по 420 долари од ноќевање.
9. Пристаништето во Дубаи
По
завршувањето на градбата, ова ќе биде најголемото пристаниште изградено
на светот. Иако е завршена само првата фаза од изградбата, според
големината веќе го надминува пристаништето Del Ray во Калифорнија. Ќе
се состои од преку 200 високи згради и комплекси, вклучувајќи ги и
Dubai Internet City, Media City, како и американскиот универзитет.
8. Business Bay
Во
срцето на градот се создава простор, за кој се очекува дека ќе биде
финансискиот епицентар на Блискиот Исток, а подоцна и на светот. Се
наоѓа во средишниот дел на комерцијалниот кварт, а во иднина ќе се
состои од 230 згради и ќе претставува адекватен одговор на Manhattan,
Tokyo и останатите деловни и финансиски центри.
7. Mall of Arabia
Ќе
претставува најголемиот трговски центар на светот, поголем дури и од
оној во Dongguan во Кина. На две нивоа ќе се изградат објекти за забава
и шопинг, потоа хотели на врвот, како и локации за спорт, но и
најголемата Starbucks кафетерија.
6. Burj Al Arab
Препознатлив
ширум светот по својот оригинален облик на едро, Burj Al Arab е
највисокиот хотел на светот, изграден на вештачки остров во близина на
крајбрежјето на Дубаи. Цените за користење на една соба во хотелот со
седум ѕвезди чини од 1.000 долари па сè до 28.000 долари за кралскиот
апартман. Дизајниран во форма на едро, тој претставува симбол на
градот.
5. Hydropolis
Првото
луксузно одморалиште под вода наречено Hydropolis ќе се изгради
недалеку од хотелот Burj Al Arab. Ќе се наоѓа на 20 метри под нивото на
морето во Персискиот залив, а конструкцијата ќе се состои од челик,
бетон и плексиглас. Ќе може да прими 2.200 гости, а неговата изградба
ќе чини преку милијарда долари. Почетокот на изградбата на ова чудо
многупати беше одложувано, така да постои можност да не се случи во ова
столети, ако тоа и воопшто се случи. 4. The World Islands
Најголемиот
светски архипелаг изграден од раката на човекот се наоѓа, а каде на
друго место, освен во близина на крајбрежјето на Дубаи. Дизајниран на
таков начин, да ја претставува мапата на светот со преку 300 посебни
острови. Еден од најскапите проекти е предвиден за престој на жители
кои се спремни да платат од 1 до 15 милиони долари за куќа на ова
необично место. Се шпекулираше дека Brad Pitt и Angelina Jolie купиле
остров на местото од Етиопија, но подоцна тоа беше дематирано.
3. Dubailand
Моментално
Walt Disney World на Флорида е најголемиот тематски парк на светот.
Сепак, како стојат работите, Dubailand со два пати поголема површина од
2015 година ќе го превземе приматот од ова престижно место. Ќе има 45
“мега проекти” и 200 помали кое ќе чини неверојатни 6 милијарди долари.
2. Острови во форма на палма
Најпрепознатливите
острови се изградени исто така во Дубаи. Конструирањето на првата од
трите предвидени палми започна во јули 2001 година, а првите жители
почнаа да се вселуваат во јануари 2006 година. Останатите две пални,
сеуште се во изградба. Магнатот за недвижности, Donald Trump во
момнетов лично е ангажиран во изградбата на Palm Trump International
Hotel и кулата на ова место.
1. Burj Dubai
Врвот
на достигнувањата на светските архитекти кои во Дубаи “си играат
Господ” дефинитивно е најголемата кула на светот Burj Arab. Нејзиното
завршување се очекува во средината на следната година, а со
моменталната висина ја престигна и славната Taipei 101 во Тајван.
Направена е од 330.000 кубни метри бетон, 39.000 кубни метри челик, а
ќе ја покријат 142.000 квадратни метри стакло. Во неа ќе се наоѓаат 56
лифтови кои ќе се движат со брзина од 1,75 до 10 метри во секунда. За
посетителите ќе биде отворен во септември 2009 година. Цената на
квадратен метар канцелариски и станбен простор ќе направи да помислите
дека Manhattan е џабе локација.
Дали
знаевте дека зградата Taipei 101 е највисока зграда во Светот, дека во
Кина се наогаат највисоките згради!? Кои се тие? Во продолжение ви ја
даваме листата од 10те Највисоки згради на Светот и некои значајни
работи за истите.
Зградата Taipei 101 изградена во 2004
година е сеуште Највисоката зграда на Светот со висина од 509метри и
101 спрат. Овде е инсталиран и најбрзиот патнички лифт во светот кој
нагоре се движи со брзина од 1 010метри/минута, а надолу со
600метри/минута, преведено со 60,6 км/ч .
Petronas Towers висока 452метри, 88
спрата. Конструкцијата на двете кули беше завршена во 1998година. Во
моментот Petronas Towers се највисоките кули близначки во Светот.
До 1998година, највисоките кули
близначки беа во САД. Но ова се смени кога Petronas Towers во Malaysia
се изградија. Тие беа и највосоки воопшто додека во 2004година не се
изгради Taipei 101 која ги надмина Petronas Towers.
Sears Tower, Chicago е висока
442метри со 108 спрата. Изградена е во 1974година, и стана највисока
кула во САД изненадувајќи го World Trade Center во New York.
Jin Mao, Shanghai, China, завршена
во 1998година, висока 421метар, 88 спрата, и изградена врз улица ја
прави највисоката и најдолга обсервациона кула во China.
Two International Finance Centre,
Hong Kong, China; се издига високо над Hong Kong со нејзините 415метри
и 88 спрата. Во моментов е на шестото место а беше финиширана во
2003година.
CITIC Plaza, Guangzhou, China е
завршена во 1997година и беше највисока кула во China се до 1998год.
кога беше изградена Jin Mao. Оваа зграда е висока 391метар и има 80
спрата.
Shun Hing Square, Shenzhen, China,
трета по висина во China а осма во Светот. Висока е 384метри и има 69
спрата. Изградена е во 1996година и е највисока зграда направена од
челик.
Empire State Building, New York, со
познатотто Big Apple, е една од најголемите туристички атракции. Висока
381метар со 102 спрата беше финиширана во 1931година и беше најголемата
структура на Земјата. Заедно со World Trade Center(417метри) во New
York и Twin Towers(415метри) се до терористичкиот напад во 2001год беа
највисоки кули во New York. Од тогаш највисока во New York е Empire
State Building.
Central Plaza, Hong Kong,
China(1992год), ја заокружува листата на Највисоки 10 Згради во Светот.
Оваа висока структура се издига на височина од 374метри со 78 спрата.
Па и билбордот е од поубавите машала, не им треба сателитска чинија, билбордот прима сигнал. Офтопик, ама мислам само во Македонија има вакви билборди-ламарини. На ништо не личат. Барем кога го зафаќаат цел простор во градовите низ Македонија, нека личат на нешто.
Edited by гитардемон - 03-Dec-2008 at 00:03
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
toa ama nikad ne sum go zabelezal ke da sum slep,reklamata sum ja videl ama toa do nea ne,neznam samo kako mozelo da se dozvoli toa da se naprai ama kaj nas se e dozvoleno ako platish,bravo za toj sto si se prosiril ama ubavo mesti si nasaol
sto ne ja trgnal i reklamata da ne mu smeta i da si se prosirel i nataka ili toa mesto ko dvorce si go koristi???
незнам што е полошо рекламата или подкровјето, фали уште една сателитска антена и да биде нај топ на плоштад кој фаќа сеир од горе знае некој, мислам дека се канцеларии нечии или?!
Европската унија мораше да го затвори сајтот на новата дигитална библиотека веднаш по отворањето поради огромен интерес на
јавноста.
„Европеана“ вклучува слики, фотографии, филмови, книги, мапи и ракописи од илјада музеи, државни библиотеки и архиви, а се
очекува одново да се отвори во декември, по технолошките подобрувања.
Ако сакате одблиску да ја видите Мона Лиза или некоја партитура од Моцарт, подгответе се за изненадување бидејќи ќе се појави
порака дека страничката привремено не е достапна поради огромен интерес.
Така,
дигиталната библиотека стана жртва на сопствениот успех и мораше да се
затвори само по еден час откако на неа се обидоа да влезат преку 10
милиони посетители, двојно повеќе од очекуваното и дваесет пати повеќе
од она на серверот на Европската унија.
Портпарол на
Европската комисија рече дека „ова вредеше да се направи и дека
културата е многу популарна, повеќе одошто сонувавме“.
Непосредно пред отворањето, системот ги удвои серверите од три на шест и таа почна накусо да работи.
Сега ќе се направат тестови за да се обезбеди дека библиотеката ќе остане отворена пред заинтересираните да го загубат својот
интерес.
Во четвртокот, најмногу посетители имало од Германија, Франција и Шпанија, но 4% од барањата дошле од САД.
Страничката наречена „Европеана" вклучува филмови, фотографии, мапи и записи од илјадници музеи, национални библиотеки и архиви.
Од Хомеровата „Одисеја“ па до падот на Берлинскиот ѕид, две илјади години европска култура и историја стануваат дигитално
достапни.
Проектот го водеше Франција, загрижена дека напорите на „Гугл“ да објави милиони книги „он-лајн“, би довеле до американска
доминација во светската култура.
„Европеана“ стартува со околу 2 милиони дигитални наслови, од кои речиси половина доаѓаат од Франција.
Но постојат надежи дека до 2010 години, библиотеката ќе брои 10 милиони наслови.
„Гугл“ ја поздрави „Европеана“, велејќи дека се радува на соработката што би резултирала со најголемиот технолошки скок во
ширење на знаењето по времето кога Гутенберг ја измисли печатарската преса.
Мислам малку премногу се занесуваат во Дубаи со овие градби и се какви ‘чуда‘. Од почеток беа интересни, ама веќе не се и се ова што се гради еден ден ке остаре и веќе нема да биде интересно и што тогаш?
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum