Урбанистички планови и парцели (општо) |
Post Reply | Page 123 65> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply
#1 Topic: Урбанистички планови и парцели (општо) Posted: 17-Aug-2024 at 14:17 |
АКО СЕ ЗАБРАНУВА ГРАДЕЊЕ, ТРЕБА ТОА ДА ВАЖИ ЗА ЦЕЛО СКОПЈЕ, ВЕЛИ ГЕРАСИМОВСКИ ОТКАКО МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ ПРЕДЛОЖИ ВО ЦЕНТАР И КАРПОШ ДА НЕ СЕ ГРАДИ 20 ГОДИНИ
Ако се забранува градење, тоа треба да се направи во цело Скопје, а не само во Центар и Карпош, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од кабинетот на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Откако министерот за транспорт и врски Александар Николоски предложи да се донесат специјални закони за овие две општини со забрана за градење во следните 20 години, Герасимовски смета дека оваа идеја е лоша и неиздржана. Како што велат од Општина Центар, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, Општина Центар не е прва, туку четврта општина по број на издадени дозволи за изминатите три години, што значи дека посочување на само две општини каде треба да се решава проблемот е погрешно и неиздржано. „Какво било решение само за Центар или пак за две општини, како што сугерира министерот Николоски, не е добро решение. Ако се преземаат какви било мерки и нови решенија, треба да важат за сите општини на ниво на Град Скопје. Сметаме дека е потребно да се отвори дебата за тоа како да се унапреди урбанистичкото планирање и да се решат проблемите со кои се соочуваме. Како општина ќе дадеме поддршка само на издржано и сеопфатно решение кое вистински ќе ги реши проблемите. Но, тоа мора да оди преку јавна дебата, во која ќе ги вклучиме здруженијата кои се инволвирани во процесите и кои можат да бидат од помош, Архитектонскиот факултет и други“, велат од кабинетот на Герасимовски. Оттаму додаваат дека мораториумот кој беше на сила во Општина Центар во мандатот на ексградоначалникот Саша Богдановиќ не даде решение, туку дополнително ги отежна работите. По неговото укинување од Уставниот суд, Општината се соочи со огромен наплив на барања за градење, што ги парализираше службите. И градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, не се согласува со идејата на Николоски. Тој ни изјави дека побарал средба со Николоски за да се разговара за ова прашање и дека во однос на урбанизмот во Скопје, потребна е јавна дебата, во која ќе се вклучат сите страни за да се најдат решенија. На комисиската расправа за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, Николоски кажа дека во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. „Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини на ист начин како што направивме за Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме забрана за градење, да речеме, во следните 20 години. Но, тоа да не биде лабилен мораториум, како што направи Општина Центар, па имаше мораториум секаде освен за улицата Козара и за ‘Дајмонд’. Не гледам дека некој во јавноста реагираше што се кренаа четири кули од по 25 ката од страна на ‘Лимак‘, но се реагира за многу други работи. Со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може поради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја казнуваме целата држава. Остатокот од државата мора да се развива, народот ни се исели и не смееме да продолжиме да функционираме на тој начин“, рече Николоски на 13 август. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ako-se-zabranuva-gradene-treba-toa-da-vazhi-za-tselo-skopje-veli-gerasimovski-otkako-ministerot-nikoloski-predlozhi-vo-tsentar-i-karposh-da-ne-se-gradi-20-godini/ |
|
Carpe diem
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #2 Posted: 13-Aug-2024 at 18:04 |
Екологистиве у суштина ништо добро не и донеле на Македонија. Само едни обични гомца кои чекаат да се испазарат што ќе преќутат, а што не. Никогаш и ништо не кажале добро, ништо не поздравиле кога се нашло компромисно решение за некое прашање. Само дремат во своите радикални максималиситчки ставови. Да потсетиме само на Бошков Мост и рисот Марко. Би ги прегазил во процедури, дури и тоа што овде онде нивна изјава ќе допре до медиум, им е многу.
Така да секоја либерализација на легислативата може само добро да донесе. Што повеќе фактори во ланецот на носење еден ДУП, толку повеќе лапачи на мито. Доста со бескрајни процедури кои само се злоупотребуваат за политичка борба. Само напред, нека чепнат малку и накај експропријацијата, и тамо има многу што за правење и подобрување. Edited by user8642 - 13-Aug-2024 at 18:06 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #3 Posted: 10-Aug-2024 at 16:19 |
Дали урбанистичките планови со новиот закон ќе се откочат или ќе дојде до градежно дивеење?
Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба. Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните и општините – за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина. Ќе ја олеснат изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи преку поедноставување на постапките за донесување урбанистички планови. „Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план. Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта, болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој“, истакнува Министерството. „Исто така би сакале да потенцирме дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт. Вистината е обратна. Се укинува правото ‘молчењето е одобрување’, а секое дивеење подлежи на најголеми казни за злоупотреба на службена должност“, нагласува Министерството. Со измените ќе биде невозможно да се донесе план без согласност на Министерството за транспорт, исто така Министерството може да го враќа на доработка секој план се додека е потребно во секоја фаза од постапката. „Така се спречува дивеење“, потенцира Министерството. Претходно, од O2 Иницијативата обвинија дека повторно со исто сценарио се прави обид да се изгласаат штетни измени во Законот за урбанистичко планирање. „Закон со толкав импакт се менува фреквентно поради актуелната потреба, а не се става на здрава основа, осмислен и усогласен со сите други актуелни, па и планирани закони со кои се преклопува. Еве ги издвоените измени во Предлог-законот, па проценете самите: ▪️ Се предлага БРИШЕЊЕ на одредбата со која јасно е утврдено дека урбанистичките планови кои започнале по старите закони и не успеале да се завршат во рок од 4 години од стапување на сила на законот (18.02.2020), истите да продолжат по новиот закон. Со бришење на овој дел, ќе се овозможи стариот закон неограничено да се користи, наместо ДУПовите конечно да тераат по сегашниот закон. ▪️ Се планира да се ИЗБРИШЕ делот кој уредува ако нема согласнот од Министерство за транспорт, одлуката за носење на урбанистичкиот план да е ништовна и министерот за транспорт да донесе решение за забрана на применувањето на планот. Со бришење на овој дел ќе се овозможи носење на ДУП без согласност и потоа оди докажувај се пред Уставен суд со годинии, а во меѓувреме ќе си се гради и ќе си се гради по тој ДУП. ▪️ Се предлага БРИШЕЊЕ на одредбите поврзани со обврската за обезбедување на потврда за урбанистичка усогласеност, со објаснување дека во пракса оваа одредба не се применува поради неусогласност со актуелниот Закон за градење. Зошто тогаш Законот за градење не се измени, за да може да се спроведе оваа одредба?! ▪️ Се планира САМО со урбанистички проект да се реализираат катни гаражи за кои не е донесен детален урбанистички план“, наведувата од O2 Иницијатива. Измените се ставени по скратена постапка на собраниска седница в понеделник, 12 август. https://nezavisen.mk/ministerstvo-za-transport-i-o2-inicijativata-vo-klinch-za-urbanistichkite-planovi-kje-se-otkochat-ili-kje-nashtetat/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #4 Posted: 30-May-2024 at 18:23 |
Ќе се гради само една зграда, а предвидени се и два парка
Оттука, целосно неточни се тврдењата за наводна бетонизација на општината и тие единствено одат во прилог на дневно-политичките интереси на одредени политички структури, чија деструктивност, неодговорност и несериозност веќе е потврдена во неколку наврати – велат од општина Аеродром Изградба на само една зграда и два парка предвидува деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче што Советот на Општина Аеродром го усвои на вчерашната седница. Од Општина Аеродром соопштија дека овој ДУП решава важни урбанистички и комунални прашања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината. – Финалната верзија на урбанистички план е изработена да го унапреди урбаното живеење и да го подобри квалитетот на живот во Аеродром и во истата се инкорпорирани забелешките и мислењата на сите засегнати страни – потенцираат од локалната самоуправа. Притоа додаваат дека со донесувањето на урбанистичкиот план, Општина Аеродром уште еднаш покажала отвореност, транспарентност и грижа за проблемите на граѓаните и истиот отвора можност за понатамошен економски развој на општината. Според општината, изработката на деталниот урбанистички план се реализирала транспарентно и во неколку фази, со вклученост на граѓаните и експертската јавност. – Дополнително, ДУП-от за дел од населбата Лисиче доби позитивно мислење од сите надлежни институции, вклучително и од Министерството за транспорт и врски, Министерство за животна средина, Градот Скопје и сите надлежни институции – наведуваат од Општина Аеродром и потенцираат дека станува збор за Детален урбанистички план кој решава важни, децениски прашања на граѓаните и отвора простор за развој и ново зеленило во општината. – Оттука, целосно неточни се тврдењата за наводна бетонизација на општината и тие единствено одат во прилог на дневно-политичките интереси на одредени политички структури, чија деструктивност, неодговорност и несериозност веќе е потврдена во неколку наврати – велат од општина Аеродром. https://www.vecer.press/ke-se-gradi-samo-edna-zgrada/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #5 Posted: 07-Apr-2024 at 14:29 |
УСТАВНИОТ СУД УКИНА ДУП ЗА ВЕЛЕС КОЈ ПРЕДВИДУВА 9-КАТНИЦА НА МЕСТОТО НА СТАРИОТ ТЕАТАР, ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ТАМУ ДА СЕ ИЗГРАДИ ПАРК
Уставниот суд ја укина Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел Општина Велес на левата страна од Велес. Со ова е прифатена иницијативата поднесена од страна на граѓани, кои живеат во тој дел на градот. Со промената на ДУП-от, помеѓу другото се предвидуваше изградба на покриен градски пазар, но и изградба на зграда за домување на просторот од некогашниот стар театар, која би била деветокатница. Во образоложението за одлуката, Уставниот суд објасни дека не е почитувана постапката. „Во конкретниот случај од увидот во доставената документација неспорно произлегува дека заинтересиран граѓанин учествувал на јавната анкета во постапката за донесување на оспорената одлука на начин што поднел анкетен лист во кој истакнува забелешки по однос на предлог ДУП за дел од УБ 32 во УЕ IV и дел од УБ 47 во УЕ IX, Општина Велес. Од доставениот Извештај УП бр.1310-01 од 02.03.2020 година произлегува дека забелешката по анкетниот лист не е прифатена, но доказ за писмено известување на лицето чии забелешки биле прифатени или пак одбиени по анкетниот лист во смисла на член 35 став 12 од Законот од страна на доносителот не е доставен. Оттаму, цениме дека е направена повреда на наведената одредба, како и на член 8 став 1 алинеи 3, 9 и 10 и член 51 од Уставот“, пишува во одлуката на Уставен суд. Граѓаните кои живеат во околината на стариот театар, по најавите за започнувањето на уривањето на објектот од стариот театар, реагираа дека тука нема не треба да се гради зграда на 9 ката, туку е потребен парк и зеленило. Токму тоа го пишале и при постапката на донесувањето на ДУП која е започната зимата 2020 година а донесен е на 12 јуни 2020 година. Доставената забелешка од граѓани, по анкетниот лист до локалната власт Општина Велес не ја прифатила, но за истата нема документација дека е вратена до засегнатата странка, граѓанинот кој реагирал. Постапката за промена на ДУП започнала со јавна анкета по Предлог ДУП за дел од УБ 32 ВО УЕ 4 и ДЕЛ ОД УБ 47 ВО УЕ 9 како и јавна презентација одржана на ден 05.02.2020 година, во просториите на Општина Велес. Во овој период доставен бил еден анкетен лист со забелешки, кои не биле прифатени од страна на Комисијата за изготвување на извештај. Забелешките по организираните две јавни презентации и јавни анкети, локалната власт објаснува дека не биле прифатени бидејќи не биле поткрепени со доволно аргументи. Претходно била организирана првата јавна презентација одржана на 16.05.2016 година во просториите на Општина Велес и јавна анкета по Предлог ДУП организирана во периодот од 06.05 до 20.05 2016 година. По истекот на рокот за неа, до Комисијата не бил доставен ниту еден анкетен лист со писмена забелешка. Отфрлањето на ДУП-от поради непочитување на законската регулатива, отвори жестока расправа на седницата на Советот на Општина Велес. Советничката од СДСМ Пандорка Прличкова побара одговорност, со име и презиме, за трошоците од 550 илјади денари за рушењето на зградата на стариот театар, за архитектите и градежните инженери вклучени во донесувањето на ДУП. На ова реплицираше Драган Димевски од ПОДЕМ, од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кој констатираше дека ДУП-от е донесен 2020 година, кога токму советничката Прличкова, заедно со нејзините колеги од тогашната власт на локaлно ниво СДСМ го донеле планот. Во дискусијата се јави и градоначалникот Марко Колев, кој изнесе податок кој беше малку познат. „Фактите за овој предмет се дека овој ДУП е донесен врз основа на ГУП донесен во периодот 2007-2009, кога градоначалник бил Аце Коцевски, избришана е зградата на театарот и впишана е висококатница“, кажа Колев. Одлуката на Уставен суд е конечна. Доколку сака да се промени ДУП, потребно е да се смени ГУП. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ustavniot-sud-ukina-dup-za-veles-koj-predviduva-9-katnitsa-na-mestoto-na-stariot-teatar-graganite-baraat-tamu-da-se-izgradi-park/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #6 Posted: 11-Mar-2024 at 08:16 |
Добија ли понуда што не се одбива? Кој дава 7 милиони евра за 7.600 квадрати двор во скопски Аеродром!
Понудата на градежната компанија „Голден арт“ кон акционерите на „Раде Кончар – апаратна техника“ порасна од 5,8 на 7 милиони евра за два месеци! Станува збор за купување на вкупно 8.500 квадратни метри дворно земјиште и деловна зграда на Раде Кончар – заеднички дејности ДОО за што одлучувачки збор имаат акционерите на „Раде Кончар апаратна техника“ Реномираната градежна компанија „Голден арт“, специјализирана за изградба на објекти за колективно домување, ја зголеми за 20% понудата за откуп на земјиште кое припаѓа на „Раде Кончар – Заеднички дејности“ (РК ЗД). За 7.620 квадратни метри дворно земјиште и 878 квадратни метри деловен објект сопствениците на РК ЗД добија понуда вредна 7 милиони евра! Понудата порасна за 20 отсто за помалку од три месеци. Кон крајот на декември лани понудата на „Голден арт“ изнесуваше 5,8 милиони евра. Информацијата е официјално потврдена и достапна на СЕИ НЕТ информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност и целосно е достапна на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=66910 Во официјалното соопштение пишува дека собирот на содружници на РК ЗД ДОО донел одлука ја да прифати изменетата понуда и условите за продажба на недвижниот имот. За да се реализира таа трансакција неопходно е акционерите на „Раде Кончар – Апаратна техника“ на вонредно акционерско собрание да гласаат за тој предлог и да го одобрат. „Раде Кончар – Апаратна техника“ поседува 40% од сите удели во РК ЗР ДОО и е неопходно да ја прифати понудата за да може да се реализира таа трансакција. Доколку биде одобрено „Раде Кончар Апаратна техника“ ќе добие 2,8 милиони евра од продажбата на земјиштето кое е сопственост на РК ЗД ДОО – друштво кое е регистрирано за издавање деловен простор. Голема е веројатноста дека одлуката ќе помине односно ќе биде прифатена затоа што четири физички лица кои се содружници во РК ЗД ДОО истовремено поседуваат и 28 отсто од акциите во „Раде Кончар Апаратна техника“. Според најнови официјални податоци од Централниот депозитар „Раде Кончар Апаратна техника“ има над 600 домашни физички лица – акционери. Најголем поединечен акционер во „Раде Кончар – Апаратна техника“ е Горан Антевски со 8,8 отсто од сите акции со право на глас. Јана Каневче поседува 7,55 отсто, Дарио Стојков поседува 7,35 отсто од акциите, а „Раде Кончар Сервис“ ДОО поседува 7,3 отсто од акциите во таа компанија. Други поголеми поединечни акционери се Велибор Киријас со 6,16 отсто и Владанка Трајкоска со 6,1 отсто од сите акции со право на глас. https://www.faktor.mk/dobija-li-ponuda-shto-ne-se-odbiva-koj-dava-7-milioni-evra-za-7600-kvadrati-dvor-vo-skopski-aerodrom |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #7 Posted: 19-Feb-2024 at 14:52 |
ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ НА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА ДОНЕСЕ ПЛАН ЗА ГРАДЕЊЕ 31 ЗГРАДА ЗА 7.000 ЖИТЕЛИ И ИНДУСТРИСКИ КАПАЦИТЕТИ СПРОТИ ПАЗАРОТ
Спроти пазарот во населбата Ѓорче Петров ќе се гради 31 зграда, а највисоката ќе биде на 21 кат. Овие нови згради за над 7.000 нови жители се предвидени со Деталниот урбанистички план (ДУП) за градска четврт C3 16, кој Општина Ѓорче Петров го донесе на 15 февруари на вонредна седница. Со планот се предвидува една 21-катница, една 18-катница, четири 16-катници, две 14-катници, шест 11-катници, седум 9-катници, една 6-катница и девет згради на пет ката. Зградите ќе се градат на просторот од кружниот тек кај Порта Влае кон гаражите на ЈСП „Скопје“, на границата на Општина Ѓорче Петров со Општина Карпош. Како што велат од граѓанската иницијатива О2, за згради предвидена е вкупно изградена површина од 214 илјади метри квадратни, за големи трговски единици планирани се скоро 93 илјади метри квадратни, а скоро 64 илјади метри квадратни се предвидени за намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија. ДУП-от како што велат од О2, е во спротивност на Генералниот урбанистички план (ГУП). „ГУП-от предвидува 3.750 максимален број на жители, а ДУП-от 7.244. Со ГУП-от максимално дозволена нето густина на населеност од 335 жители на хектар, додека со овој ДУП е 648 жители на хектар. Целиот опфат на ДУП-от е во втора заштитна зона на бунарското подрачје Нерези-Лепенец, каде меѓу другото е забранета изградба на нови индустриски комплекси кои во технолошките процеси користат опасни и штетни материи. Забранета е изградба на лесна индустрија, на згради и сè што може да ги загади подземните води, освен ако стручна експертиза докаже дека нема да има штетно влијание врз подземните води, со посебни услови, строги мерки на заштита. Наместо да се дислоцира постоечката индустрија во овој дел, да нема градби, да се заштити просторот, се планира и нова индустрија и еден тон згради“, велат од граѓанската иницијатива О2. За ДУП-от одобрение дало и Министерство за животна средина и просторно планирање. Како што велат од О2, заменичката-министерка од ДОМ Христина Оџаклиеска го потпишува одобрението. Првата јавна анкета за овој ДУП е во ноември 2020, кога градоначалник е Александар Наумоски од СДСМ. Потоа повторна има во ек на годишните одмори во август 2021, па веднаш потоа уште една во септември 2021, пред локалните избори, но ДУП-от не успева да го донесе пред да си замине. Последната, четврта јавна анкета е крај на ноември и почеток на декември 2022, кога градоначалник е сегашниот Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ. „За ДУП-от и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се залагаа да се донесе. Додека беа во опозиција ВМРО-ДПМНЕ беа против носење на ДУП-от, против бетонизација, а сега си го изгласаа без око да им трепне на вонредна седница. СДСМ тогаш беа за носење на ДУП-от, а сега не знаеме како гласале“, додаваат од О2. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-gorche-petrov-na-vonredna-sednitsa-donese-plan-za-gradene-na-31-zgrada-za-7-000-zhiteli-i-industriski-kapatsiteti-sproti-pazarot/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #8 Posted: 18-Feb-2024 at 12:07 |
Урбанизација или бетонизација: Во ДУП-от на Ѓорче Петров зацртана дури 21 зграда, највисоката на 20 ката
радоначалникот Александар Стојкоски на Фејсбук, веднаш по седницата се пофали дека со изгласувањето на овој план овој дел од општината ќе стане модерно и урбано место за живеење, дека ќе се изгради и ново училиште и градинка и парк, но заборави да спомене колку нови згради се планираат со планот и дали со него ќе се изврши бетонизација на населбата, како што пред неколку години предупредуваа граѓаните. На вонредна седница, која се одржа вчера, во сабота, советниците во Советот на Општина Ѓорче Петров гласаа Детален урбанистички план и го донесоа со ниту еден глас против, иако во него се вцртани дури 21 зграда со висина од 7 до 20 ката. Станува збор за ДУП за Градска четврт С3 16 кој го опфаќа и делот кај кружниот тек на булевар Партизански одреди пред пазарчето во Ѓорче Петров. Но, градоначалникот информирајќи за донесениот ДУП заборави да спомене колку нови згради се планираат со планот и дали со него ќе се изврши бетонизација на населбата, како што пред неколку години предупредуваа граѓаните. Со новиот ДУП веднаш до кружниот тек на влез во општината ќе никне бетонски блок од 42.000 метри квадратни станбен и деловен простор со висина од 65 метри, предупредуваат граѓаните од фејсбук групата „Наше Ѓорче“. Според нив, тоа се 4000 нови станови, односно 12 илјади нови жители. Според она што може да се види на планот од кружниот тек ќе се пробива нов булевар од десната страна на Партизанска. Покрај вкрстувањето на двата булевари се предвидени два станбени блока, едниот покрај Партизанска со височина од 65 метри каде треба да се гради зграда со приземје и 20 ката, а другиот висок 56 метри на почетокот на новиот булевар, каде се дозволени 18 ката, поточно приземје и 17 ката. По должина на булеварот што ќе се пробива, по целата негова лева страна тргнувајќи од кружниот тек се наредени висококатници. Најпрво е споменатата п+17 ката, потоа две 14-катници, па две на 12 ката односно п+12+Пк, па една десеткатница, по неа следуваат уште две 14-катници и на крајот уште една зграда на 10 ката или како што стои во планот П+9+Пк. Во внатрешниот дел има и седум згради на седум ката, уште пет на 9 ката. Пред три години граѓаните здружени во Иницијативата против урбано дивеење во Ѓорче Петров, во времето кога градоначалник беше Александар Наумовски, реагираа и протестираа против ДУП-овите со кои се предвидуваа изградба на згради во населбите Дексион, Хром, кај пазарот. Тогаш предупредија дека во ДУП СЗ 16 се предвидени 10-катници и 20-катници спроти пазарот во Ѓорче, на паркингот и покрај кружниот тек, дијагонално од Порта Влае. https://www.slobodenpecat.mk/urbanizacija-ili-betonizacija-vo-dup-ot-na-gjorche-petrov-zacrtana-duri-21-zgrada-najvisokata-na-20-kata/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #9 Posted: 17-Feb-2024 at 16:19 |
ВМРО ДПМНЕ во Карпош не дозволува изгласување на ДУП, а во Ѓорче итно донесен ДУП за 26-катница
Ретко кога Совет на било која општина закажува седница во сабота, освен ако не се работи за итна, вонредна седница. Советот на Општина Ѓорче Петров очигледно го смета за итно донесувањето на деталниот урбанистички план со кој се предвидува изградба на зграда со висина од 65 метри, односно согласно прописите за градба тоа би била 26-катница. Зградата треба да се наоѓа во близина на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Ацо Шопов“. https://gradska.mk/vmro-dpmne-vo-karposh-ne-dozvoluva-izglasuv%d1%9ae-na-dup-a-vo-%d1%93orche-itno-donesen-dup-za-26-katnicza/ |
|
Carpe diem
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 561 |
Quote Reply #10 Posted: 25-Jan-2024 at 12:17 |
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #11 Posted: 06-Jan-2024 at 14:48 |
(ВИДЕО) Ја доби на суд, но сега државата не брза и реално да си врати голема парцела од спорна денационализација
Пред околу дваесет години, на неколку семејства во Скопје им доаѓаат луѓе на врата кои им велат дека набрзо мора да се иселат од домовите во кои живеат со децении претходно. Иако имаат куќи на конкретна локација, земјата под нив некако е вратена со денационализација како нивните домови да не постојат. А наследниците од денационализацијата веднаш ја продаваат земјата на инвеститор По дваесет години поминати по судови, денационализацијата конечно е поништена. Земјиштето би требало да се врати на Република Северна Македонија, за да може да се уредат односите и со жителите, но и за да се направи евентуална нова денационализација на делот од парцелата кој реално може да се врати. Но, сега државата не брза да си го врати земјиштето во своја сопственост. Зошто? Погледнете го видеото https://360stepeni.mk/video-go-dobi-na-sud-no-sega-drzhavata-ne-brza-i-realno-da-si-vrati-golema-partsela-od-sporna-denatsionalizatsija/ |
|
Carpe diem
|
|
Lgoran
Newbiе Joined: 07-Dec-2023 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1 |
Quote Reply #12 Posted: 07-Dec-2023 at 13:39 |
me interesira DUP za lokalitet okolu ambulanta Kozle, opstina Karpos, nemozam da go najdam na nivniot sajt
|
|
lg
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #13 Posted: 30-Nov-2023 at 17:56 |
На просторот кај Мавровски куќи ќе никне цела населба со згради, а за зградите ќе се прошируваат и улици
За година и пол Општина Карпош по третпат организира јавна презентација и јавна анкета за предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт С3 26, блок 01, односно дел од Влае познат како Мавровски куќи. Анкетата почна вчера и ќе трае една недела, поточно до 6 декември. Заинтересираните граѓани можат да го видат планот секој работен ден во периодот од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Општината и во истиот период да поднесат повторно анкетни листови со свои забелешки за предложениот план. Што и дали воопшто нешто е променето во предложениот ДУП по двете јавни анкети и кои забелешки на граѓаните, запишани во анкетните листови се прифатени, ќе се види на јавната презентација што ќе се одржи в понеделник, на 4 декември во 13 часот. На оваа локација минатиот викенд се случи пожар, каде гореа стари работилници од поранешното АД „Маврово“, па за граѓаните здружени во групата „Борба за Влае“ сомнително е што тоа се случи непосредно пред да се одржи повторно јавната анкета за овој ДУП, за просторот каде што се планира изградба на повеќе згради од кои седум на 9 ката, поточно приземје – седум ката и поткровје, потоа по една деловна и една станбена на осум ката и четири згради на шест ката. Всушност, на овој простор треба да се изгради нова станбена населба, а за потребите на станарите на новите згради треба да се пробиваат и прошируваат улици. Тоа треба да се направи со одземање дворови на постојните куќи, за што жестоко се спротивставија сопствениците на двете претходни презентации. Жителите од овој дел на Карпош се противат не само на узурпација на нивните имоти туку сметаат и дека со изградба на зградите ќе се наруши животот на населбата. Планерите од планерската куќа „Го план“ од Гостивар на последната презентација на жителите им објаснуваа дека мора да се пробијат улиците за да се има пристап до новата населба, но дека на тој простор, ќе има и јавни содржини, односно градинка. Речено беше и дека постојните улици мора да се прошират, бидејќи според измени на законот минималната ширина на улиците мора да е 5 метри. Според „Борба за Влае“, слично како во населбата Александрија, што е преку улица од оваа населба, на просторите каде што има магацини и привремени објекти, се планираат згради од 5 до 9 ката. Најалармантниот дел е целиот ред маркички за згради од приземје плус 7 ката плус поткровје покрај улицата Марк Твен, северно од раскрсницата кај Лепенец, кои се градат како „линиски центар“ кој е дозволен само покрај булевари. Улицата Марк Твен е продолжение на булеварот Илинденска (кој така е нацртан во овој предлог ДУП, преземен од ГУП-от на Град Скопје иако техничките можности за директно поврзување со мост преку Вардар се речиси непостоечки поради бунарите во Долно Нерези (Лепенец), кои се резервни и многу важни за Скопје, а Градот нема најавено нејзино проширување и поврзување). Покрај оваа улица ќе може да се градат овие 7 згради од приземје плус 7 ката плус поткровје, иако продолжението на булеварот Илинденска ниту постои, ниту е предвидено да се гради во следната деценија, а којзнае и дали некогаш ќе се изгради, а сигурно населбата и улица Ацо Шопов немаат капацитет за да го издржат оптоварувањето што би го предизвикале сите овие нови згради – соопштија од „Борба за Влае“ по една од претходните презентации. Во внатрешноста на населбата се дозволени неколку згради од 4, 5 или 6 ката и поткровје на просторите каде што сега нема куќи, односно има стопански објекти на големо државно земјиште. Греота е да се редат наполитанки, да се планираат минимални тротоари, да не се планираат велосипедски патеки, да не се планираат дрвореди. Греота е на постојните куќи да им се одзема од дворот за улицата, а на некои со стопанските објекти да им се додава државно земјиште за да градат зградишта со кои ќе го спречат главниот ветер што доаѓа во Скопје од северозапад. Погледнете ја бетонизираната Александрија без слободни тротоари и без зеленило која беше промовирана како еко-населба! Грешките не смеат да се повторуваат – е ставот на „Борба за Влае“, кои тие го искажаа уште по првата презентација на предложениот ДУП. https://www.slobodenpecat.mk/na-prostorot-kaj-mavrovski-kukji-kje-nikne-cela-naselba-so-zgradi-a-za-zgradite-kje-se-proshiruvaat-i-ulici/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #14 Posted: 29-Nov-2023 at 11:39 |
ШВЕРЦЕРСКИ ОБИД ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА НОВ ДУП ВО КАРПОШ Левица обвинува дека ќе никнат 16 згради на местото на ГП Маврово
Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26!, информира Левица. https://plusinfo.mk/shvercerski-obid-za-vnesuva-e-na-nov-dup-vo-karposh-levica-obvinuva-deka-e-niknat-16-zgradi-na-mestoto-na-gp-mavrovo/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #15 Posted: 18-Nov-2023 at 18:03 |
Се продава атрактивно градежно земјиште во строг центар на Скопје на бул. Свети Климент Охридски (поранешен бул. ЈНА).
Плацот се наоѓа во Центар 1 на КП11808, како дел од Г.П. 2.1 (Дуп за Градска Четврт Ц04, Дом на градежници, Општина Центар), со намена за градба А2 - Домување во станбени згради и Б1 (деловни простории) до 20%. КАТНОСТ П+6 и П+5 и висина на градба H= 21 и 19 метри https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4804881 |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #16 Posted: 28-Oct-2023 at 17:32 |
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #17 Posted: 27-Oct-2023 at 08:17 |
ОПШТИНА КАРПОШ ЈА ПРОДОЛЖИ ПОСТАПКАТА ЗА ДЕТАЛНИОТ ПЛАН ЗА ВЛАЕ СО КОЈ НАСЕЛБАТА ЌЕ СЕ ЗАДУШИ СО ГОЛЕМА 12-КАТНИЦА
Општина Карпош ја продолжи постапката за носење на Детален урбанистички план (ДУП) за населбата Влае 2, со кој се предвидува изградба на 12-катница на површина од 20.800 метри квадратни. Регулацискиот план за овој дел од градот врз основа на кој се прави ДУП-от беше поништен со одлука на Советот на Град Скопје. Но, градоначалничката Данела Арсовска ја обжалила одлуката за поништување на планот пред Државниот градежен инспекторат, кој донел одлука дека не е важечка одлуката за поништување на планот и со тоа тој сè уште е важечки. „Ние се обративме до Град Скопје од каде добивме одговор дека Регулацискиот план е на сила. Затоа, пристапивме кон понатамошка изработка на ДУП-от врз основа на забелешките од анкетните листови кои ги пополнија граѓаните после првата јавна презентација. Направени се измени со кои намалена е површината за градба, а зголемено зеленилото“, рече планераката Меланија Калаџиска од планерската куќа „Билд урбан“. Со измените, избришана е маркичката за црква од плоштадот Делфина и нацртана на просторот кај „Кам маркет“ каде со првичната верзија имаше зграда. Улицата Есперанто и со овој план минува низ школото „Димо Хаџи Димов“, а во ист габарит и со висина од 12 ката останува зградата на местото на бараките на поранешно кино „Влае“. Граѓаните кои беа на јавната презентација влегоа во жестока меѓусебна караница. Дел од нив предводени до граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ беа против планот со кој се бетонизира насeлбата, а други, меѓу кои имаше и претставници на градежниците, велеа дека планот е добар и треба да се реализира. „Зградата на кино Влае не припаѓа во нашата населба, а посебно не во оваа џиновска форма. Уште поважно е што парцелата на која мнозински сопственик е Аполо Инжењеринг претходно имала 19.724 метри квадратни на сите катови, а сега има 20.801. Така што, не е баш дека е скратено од зградата. Кратењето е од другата парцела, која претходно била 1.377 а сега е 944. Таа парцела е катната гаража која бидејќи е одвоена не ни мора да ја изгради за да ја изгради 12-катницата“, рекоа од „Борба за Влае“. Граѓани прашуваа како е можно да им се нацрта градинка во приватен имот, а државно земјиште се распродава за да се градат згради? Дел од нив велеа дека не можат да направат никакви санации, реновирања и доградби на куќите 7 години, бидејќи нема детален план. „Мојата куќа од едната страна паѓа, а јас не можам да ја поправам оти нема план и не можам да добијам дозвола. Претходниот е поништен од Уставен суд, овој не може да се донесе и ние 7 години не можеме ништо да направиме на нашите имоти освен да градиме на диво. Има ли некој од Општината кој може да ни каже кога ќе имаме план?“, рекоа граѓаните на презентација. Планерката молчеше на овие прашања на граѓаните велејќи дека таа е од приватна фирма, а претставниците на Општината кои беа во салата молчеа, не одговараа на прашањата на граѓаните и не влегуваа во дискусија со нив. https://sdk.mk/index.php/naslovna/opshtina-karposh-ja-prodolzhi-postapkata-za-detalniot-plan-za-vlae-so-koj-naselbata-ke-se-zadushi-so-golema-12-katnitsa/ |
|
Carpe diem
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #18 Posted: 12-Aug-2023 at 23:05 |
Југоисточно од Ист Гејт, на просторот на Санос. Слика преземена од тука |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #19 Posted: 09-Aug-2023 at 15:37 |
ЛИСИЧЕ ЌЕ ДОБИЕ 2 ПАРКА И ПОМАЛКУ ЗГРАДИ Третата верзија на ДУП-от носи зеленило на 3.000 квадрати
Новиот Детален урбанистички план за дел од населбата Лисиче, скроен по барање на граѓаните, наместо бетонизација, како што тврдеа политичките партии, ќе донесе хумана урбанизација, најавуваат од Општина Аеродром. Два нови парка и за скоро за 90% намалување на станбените површини предвидува последната верзија на планот за кој Општина Аеродром веќе објави повик за спроведување јавна анкета. По втората верзија која предвидуваше изведба на еден парк, третата верзија предвидува уште една зелена површина на повеќе од 3.000 квадратни метри. Во третата верзија се прават и дополнителни интервенции со намалување на бројот на станбени објекти. Во втората верзија на Деталниот урбанистички план веќе првично беше намален бројот на проектирани улици, што беше едно од клучните барања на граѓаните. По завршување на третата анкета и по разгледување на забелешките доставени од граѓаните, Општина Аеродром ќе го достави урбанистичкиот план на мислење до сите засегнати државни институции. Неофицијално, според информациите од Општина Аеродром, досега ниту една државна институција не доставила каква било забелешка по конкретниот план. Од Аеродром велат дека работат транспарентно, а барањата на граѓаните се во прв план. Тие додаваат дека Лисиче ќе биде модерна населба, каде ќе се изведуваат паркови и зелени површини. https://plusinfo.mk/lisiche-e-dobie-2-parka-i-pomalku-zgradi-tretata-verzi-a-na-dup-ot-nosi-zelenilo-na-3-000-kvadrati/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20538 |
Quote Reply #20 Posted: 23-Jul-2023 at 17:09 |
Не знам каде точно ги планирале тие 16 згради над 10 ката но претпоставувам се однесува за овој дел северно од комплексот на Саник,колку што знам претходно планот предвидуваше само неколку 5 катници околу Аквалукс/Дојрана а другото беа А1 П+2+Пк
|
|
Carpe diem
|
|
Post Reply | Page 123 65> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |