Енергетика (општо) |
Post Reply | Page 123 27> |
Author | |
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply
#1 Topic: Енергетика (општо) Posted: 25-Dec-2022 at 18:26 |
ПРИСТИГНА „ЧУДОВИШТЕТО“ Во јануари ќе работат сите три блока во РЕК Битола (ФОТО)
Носечката единицa од трансформаторот за Блок 3 во РЕК Битола пристигна во кругот на комбинатот, информираат од АД ЕСМ. „Следува фаза на монтирање и процес на пуштање во производство на блокот во следните десетина дена. Со тоа се создава можност во јануари да работат сите три блока во РЕК Битола, како и сите други електрани со максимален капацитет“, соопшти ЕСМ. Производството на АД ЕСМ, се посочува во соопштението, во моментот достигнува речиси 19.000 мегават часови електрична енергија дневно и со него се покрива целосно регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од дополнителните снабдувања по одлуки од Владата. „Само мал дел електрична енергија се набавува. Со третиот блок планирано е производството уште повеќе да се зголеми“, посочуваат од АД ЕСМ. https://plusinfo.mk/pristigna-chudovishteto-vo-anuari-e-rabotat-site-tri-bloka-vo-rek-bitola-foto/ |
|
Carpe diem
|
|
Могли
Groupie Joined: 21-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 80 |
Quote Reply #2 Posted: 24-Dec-2022 at 12:25 |
Денес, новиот трансформатор за блок 3 ќе пристигне во РЕК Битола. Сообраќајот од ГП Меџитлија до РЕК Битола е отежнат за да помине трансформаторот заедно со многу придружни возила од Грција. Огромно нешто!
Edited by Могли - 24-Dec-2022 at 12:26 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #3 Posted: 18-Dec-2022 at 14:58 |
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #4 Posted: 17-Sep-2022 at 17:00 |
Еден голем дефект во РЕК Битола зимава и „ојдовме јабана“
Четири милијарди киловат часови струја оваа година треба да обезбеди ЕСМ за граѓаните да бидат сигурни дека ќе има непречена испорака на електрична енергија. Ако ова државава не успее да го направи тоа од сопствените капацитети, ќе биде драматично, велат надлежните. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за Алсат вели дека во спротивно ќе треба потребното количество да се купува по екстремно високи пазарни цени. Како што се најавува, ЕСМ треба да произведе, според нивните планови, до крајот на годинава да има четири милијарди киловат часови, бидејќи ако ЕСМ произведе три милијарди и 700 или 800 милиони киловат часови, тогаш имаме проблем“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ. За да се обезбеди потребното количество на струја потребно е да бидат во функција сите електрани во земјава и тоа да работат во „полна пареа“. Од ЕСМ, за Алсат велат дека прво следуваат ремонти во РЕК Битола и во термоелектраните Осломеј и Неготино. „Најнеопходни ремонтни активности на Блок 1 во Битола ќе имаме почнувајќи од 20.09, па во наредните 25 дена. После тоа истото ќе го направиме и со Блок 2. Во текот на ноември планиран е еден месец застој на ТЕ Осломеј за да се отстранат сите појавени дефекти и недостатоци во текот на работата со цел подоверлива работа во екот на грејната сезона. ТЕЦ Неготино е во планиран застој од 12.09. до 22.09, период кога ќе се направат најнеопходни санации“, велат од ЕСМ. ЕСМ – ПЛАНИРАНИ РЕМОНТИ Блок 1 и Блок 2 во РЕК Битола после 20 септември Ремонт во ТЕЦ Неготино од 12 септември Во ноември ремонт во ТЕЦ Осломеј Во последните години речиси секогаш кога во текот на зимските месеци беа вклучени повеќето енергетските производствени капацитети, се случуваа хаварии и со денови дел од нив не функционираа. За оваа година надлежните велат дека планираното зголемено производство од 25 отсто во однос на ланската година би било реалност само ако не дојде до хаварија, пред сè во некој од блоковите во Битола. https://alsat.mk/mk/eden-golem-defekt-vo-rek-bitola-zimava-i-ojdovme-jabana/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #5 Posted: 16-Aug-2022 at 17:32 |
ВЛАДАТА ГИ ЗАДОЛЖИ ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ТРОШАТ 15 ОТСТО ПОМАЛКУ СТРУЈА, ЌЕ ИМА КАЗНИ ЗА РАКОВОДИТЕЛИТЕ КОИ НЕМА ДА ШТЕДАТ
Владата ги задолжи државните институции од септември да трошат 15 отсто помалку струја споредено со истиот месец лани и најави санкции за раководителите на институциите ако не се спроведе ваквата мерка за штедење на електрична енергија. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција ги презентираше мерките на заштеда на струја, кои што вклучуваат намалување на грејните тела и клима уредите, исклучување на осветлувањето на фасадите и гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина. Бектеши кажа дека овие мерки стапуваат во сила на 1 септември, а ќе важат до 31 март следната година. „Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претпријатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите“ изјави Бектеши. Согласно мерките, предвидено е исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се печатат само потребните материјали и да се заменат прозорците со енергетски ефикасни. Понатаму, Бектеши најави дека рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат, освен во случај на хаварија. Покрај задолженијата за државните институции, Владата препорача и домаќинствата и приватните бизниси да штедат струја, за да се намали притисокот врз ЕСМ. „Треба да придонесеме сите за заштеда на електрична енергија. Првичниот пример треба да го даваат институциите, а потоа тие да бидат следени од стопанството и домаќинствата. Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И само, секако, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите“, додаде Бектеши. Директорот на ЕСМ Димитар Ковачевски кажа дека компанијата ќе произведе за 15 отсто повеќе енергија од лани. Сличните мерки за штедење на струја веќе се спроведуваат низ Европа. Градовите во Германија ги гасат светлата на спомениците, ги исклучуваат фонтаните и воведуваат студени тушеви во јавни базени и спортски сали додека земјата се обидува да ја намали потрошувачката на енергија. Хановер беше првиот поголем германски град кој почна со мерките на штедење, при што општинските згради ќе се загреваат до 20 Целзиусови степени во периодот од 1 октомври до 31 март. Над 200 историски споменици и општински згради во Берлин се во темница ноќе од крајот на минатиот месец. И Шпанија воведе нови правила во почетокот на овој месец, при што на фирмите им е дозволено да ги ладат просториите до 27 Целзиусови степени, односно да ги загреваат до 19 степени во зима. Новите мерки ќе бидат на сила до ноември 2023, при што ќе се гасат светлата на спомениците и во излозите на продавниците по 22 часот. https://sdk.mk/index.php/makedonija/vladata-gi-zadolzhi-drzhavnite-institutsii-da-troshat-15-otsto-pomalku-struja-ke-ima-kazni-za-rakovoditelite-koi-nema-da-shtedat/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #6 Posted: 22-Jul-2022 at 13:11 |
ВО АВГУСТ ПАК ЌЕ ИМА КРИЗНА СОСТОЈБА - Бектеши: Не очекува најтешката зима, вчера земен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за струја, јаглен и мазут
Не очекува многу тешка и непредвидлива зима на енергетски план, која не зависи само од Северна Македонија или од земјите од регионот, туку зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата со војната во Украина. Рестрикции на електрична енергија не се очекуваат, дури и доколку имаме забрана за увоз на електрична енергија и гас во земјава. Во август повторно ќе побараме прогласување на кризна состојба во електроенергетскиот сектор се со цел да имаме можност преку дополнителни мерки да интервенираме во зголемување на производството на електрична енергија од домашни капацитети“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите на кој информираше за следните чекори и мерки кои ќе бидат превземени се со цел ублажување на ценовните шокови за граѓаните. „Ќе ја имаме најтешката зима, ситуацијата е многу тешка и непредвидлива не зависи само од Северна Македонија и во земјите од регионот туку во зависност од тоа како ќе се одвива војната во Украина. Ние работиме на обезбедување на алтернативни начини за снабдување со енергенси, доколку имаме целосна забрана за увоз на гас за да може да работат и топланите и индустриските капацитети. Во делот на алтернативни извори согласно Законот е предвидено и да може да се префрлат на друг енерегенс односно на мазут“ кажа Бектеши. Во однос на снабдувањето со гас за престојната грејна сезона, министерот кажа дека се прават напори да имаме алтернативни извори за снабдување, со оглед на тоа што Северна Македонија е целосно зависна од руски гас. „Доколку успееме во соработка со Булгаргастранс да ослободиме дел од капацитетите од гасоводот кој што го имаме со Бугарија којшто е целосно закупен од Гаспром, тогаш ќе може во услови доколку Русија ни ги стопре испораките на гас, да се снабдуваме со гас од Азербејџан или Турција„ кажа Бектеши. Министерот информираше дека од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во текот на вчерашниот ден се обезбедени 100 милиони евра за ликвидноста на АД ЕСМ за да може во текот на годината да има средства да купува електрична енергија доколку има недостаток и да купува јаглен и мазут за домашните капацитети за производство на електрична енергија. „Ќе се купува електрична енергија, но и јаглен и мазут. Планирано е да работат сите три блока во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино, а во моментов треба да ги сочуваме хидроенергетските капацитети за да имаме електрична енергија за зимскиот период“, кажа министерот. Во однос на пакетот на антикризни мерки кој што беше најавен, министерот Бектеши информираше дека Министерството за финансии подготвува нов пакет на мерки, кои би започнале да се применуваат во септември и ќе важат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани. „Континуирано носиме мерки со цел да не се зголемуваат цените на соновните прехранбени производи како што беа мерките кои на предлог на Министерството за економија на последната седница ги донесе Владата, односно е забрана за извоз на одредени производи и укинување на царина. За директни мерки како директна поддршка, Министерство за финансии е при крај на дизајнирање на нов пакет мерки во соработка со Стопанските комори. Согласно можностите кои ги има државата, мерките ќе бидат таргетирани за ранливите групи на граѓани кои имаат најголема потреба за помош. Таква поддршка ќе има и најверојатно ќе почне да се реализира од септември“ кажа Бектеши. Министерот информираше дека следната недела во рамки на иницијативата Опен Балкан во Тирана ќе се одржат работни состаноци со министерите од Албанија и Србија каде се разговара и ќе се предложат мерки се со цел да се задоволат потребите за храна и струја за граѓаните на земјите во регионот. https://faktor.mk/vo-avgust-pak-kje-ima-krizna-sostojba---bekteshi-ne-ochekuva-najteshkata-zima-vchera-zemen-zaem-od-100-milioni-evra-od-ebor-za-struja-jaglen-i-mazut |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #7 Posted: 24-Jun-2022 at 14:12 |
ЕСМ нуди за 17 отсто поскапа струја кон ЕВН, финалната цена ќе ја утврди Регулаторна
ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули - декември 2022 доби понуда од АД ЕСМ за 17 отсто повисока од актуелната. „АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот, преку електронска аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегават час, за покривање на 100 отсто од вкупно планирнаите количини. Добиената купопродажна цена од 48 евра за мегават час за периодот јули - декември 2022 е за 17 отсто повисока од претходната која веќе беше добиена на последниот тенедер на универзланиот снабдувач (јануари - јуни 2020), кога АД ЕСМ понуди купородажна цена на електрична енергија од 41 евра за мегават час за вкупнопланираните потреби на ЕВН Хоме“, не информираат од ЕВН. За цената на електричќната енергија на ЕВН Хоме во наредниот перид ќе одлучува Регулаторна комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на преносниот систем оператор МЕПСО, цената на операторот на електрична енергија МЕМО како и цената на дистрибутивниот систем Електродистрибуција. Извесно е дека струјата ќе поскапи барем според параметарот на ЕСМ, а се другото ќе зависи од тарифите на останатите енергетски компании, а дополнително ќе се утврдува и за тарифниот систем на блокови кој го најавува Регулаторната комисија за енергетика. https://faktor.mk/esm-nudi-za-17-otsto-poskapa-struja-kon-evn-finalnata-cena-che-ja-utvrdi-regulatorna |
|
Carpe diem
|
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #8 Posted: 31-May-2022 at 09:58 |
Воведена е нова ценовна политика? Ајде можеби вака ќе научи народот да штеди малку струја.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #9 Posted: 31-May-2022 at 08:07 |
(СИМУЛАЦИЈА) Колку поскапо ќе плаќаат оние што трошат повеќе електрична енергија
https://360stepeni.mk/simulatsija-kolku-poskapo-ke-plakaat-onie-shto-troshat-poveke-elektrichna-energija/ |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #10 Posted: 24-May-2022 at 13:18 |
БЛУМБЕРГ-„ЌЕ ИМА ЧЕСТИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА, ЌЕ НЕМА НОРМАЛЕН ЖИВОТ“- Милијарда луѓе се во опасност
Резервите на енергија се толку мали што едноставно нема да бидат доволни за нормален живот. На светот му се заканува прекин на струја. Глобалните електроенергетски мрежи наскоро ќе се соочат со најголемиот тест во последните децении, бидејќи производството на електрична енергија моментално е пренатрупано во најголемите светски економии, пишува Bloomberg. Според нив, проблеми се војната во Украина, сушата, загубите во производството, историски ниските залихи и реакцијата на пандемијата. Пазарите на енергија ширум светот „се лизнаа“ во текот на изминатата година, а потрошувачите ги трпеа последиците од растот на цените, но работите се уште одат нагоре. -Проблемот е што снабдувањето со енергија е толку мало што едноставно нема да биде доволно за нормален живот, а прекинот на струјата ќе ги загрози животите во ситуации кога нема вентилатори или климатизери кои би им олесниле на луѓето да се справат со високите температури, наведува. Блумберг. Климатските промени значат дека денешните екстремни топлотни бранови ќе зачестат и ќе продолжат да го зголемуваат притисокот врз снабдувањето со електрична енергија. Летото во поголемиот дел од северната хемисфера е врв на искористување на електричната енергија, а за оваа година се најавени големи горештини. Научниците предвидуваат особено топли месеци во САД. Шест електрани во Тексас престанаа овој месец кога пристигнаа првите летни горештини, како навестување за тоа што следува. Најмалку десетина американски држави од Калифорнија до Големите езера се во опасност од прекин на електричната енергија ова лето. Азискиот топлотен бран предизвика секојдневни прекини на електричната енергија веќе неколку часа, загрозувајќи повеќе од милијарда луѓе низ Пакистан, Мјанмар, Шри Ланка и Индија. Снабдувањето со електрична енергија ќе биде спорно во Кина и Јапонија. Јужна Африка веќе се подготвува за една година рекордни „затемнувања“. Исто така, Европа би можела да се најде во несигурна ситуација ако Москва го прекине снабдувањето со природен гас, што може да предизвика прекини на системот, намалувања и прекини на електричната енергија во некои земји. Во САД снабдувањето со природен гас - главното гориво за електраните, е ограничено низ целата земја, а цените растат, пренесува „Блумберг“. https://faktor.mk/blumberg-kje-ima-chesti-prekini-na-strujata-kje-nema-normalen-zivot--milijarda-lugje-se-vo-opasnost |
|
Carpe diem
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #11 Posted: 16-May-2022 at 17:09 |
Ново поскапување на струјата од 1-ви јули? - Пристигнаа првите барања од енергетските компании до РКЕ
Досега барање до РКЕ имаат доставено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за вршење на дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија и ЕВН Хоум. „Овие барања пристигнаа во четвртокот. Ги анализираме и кога ќе имаме точни податоци од тоа која компанија што бара веднаш ќе ја информираме јавноста. Она што веќе е сигурно и се знае е дека Електродистрибуција ја има завршено годината со 40-ина милиони евра загуба. Исто така и ЕВН Хоум ја има завршено годината со помеѓу 25 и 30 милиони евра загуба. Кога ќе ги добиеме податоците за МЕПСО ќе информираме и за МЕПСО,“ рече Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција. Нагласи дека во процесот на формирање на цената најголемо влијание ќе има набавката пред се на загубите на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа. „Кога ја носевме последната одлука калкулиравме со цена од 143 евра за мегават час надевајќи се дека ќе имаме стабилизирање на пазарот на електрична енергија. За жал, тоа не се случи и оние податоци што ги имаме денес на Унгарската берза предвидувањата за цените за јуни се 236 евра за мегават час, за третиот квартал од годинава 257 евра и за цела 2023 година 240 евра за мегават час,“ рече Бислимоски и додаде дека загубите на електрична енергија на Електродистрибуција од март до јуни ги обезбедува ЕСМ по цена од 143 евра за мегават час. ЕСМ, додаде, ги обезбедува и загубите во преносната мрежа. „ЕСМ презема сериозен товар за да ги обезбеди овие загуби на електрична енергија по цена која што е далеку пониска од пазарната се со цел да се избегне зголемување на цената на електричната енергија. Дополнително, најголемо сериозно влијание врз цената ќе има тендерот за набавка на електрична енергија којшто треба да го организира ЕВН Хоум во јуни. Вообичаено на овој тендер се јавува ЕСМ и за првите шест месеци цената по која што ја обезбедува оваа електрична енергија е 41 евро за мегават час што е шест пати пониска од реалната пазарна цена,“ истакна Бислимоски. Рече дека не е оптимист дека ќе има намалување на цените на електричната енергија под 200 евра за мегават час не само на регионалната берза, туку и на останатите европски берзи и додаде дека тоа ќе прави сериозен притисок на македонските компании кои се на слободниот пазар на електрична енергија. Посочи дека ЕСМ во целост ги исполни своите обврски кон ЕВН Хоум во изминатите четири месеци по носењето на одлуката за цената на електричната енергија во декември со која што беше предвидено 100 проценти од потребите да бидат обезбедени од страна на ЕСМ. „За жал, се појави група на потрошувачи кои вклучуваат и општини во државата кои на еден многу спорен начин од отворениот се вратија на регулираниот пазар. Овој некоректен однос за првите четири месеци чини 30 милиони евра. Тие 30 милиони евра се 9 проценти од регулираниот максимален приход којшто го определи РКЕ, појасни Бислимоски. За сите овие појави, посочи, што РКЕ ги воочи уште кон крајот на јануари и почетокот на февруари, се известени сите релевантни институции во државата да преземат мерки и дополнително е даден налог на Електродистрибуција што е можно повеќе да ги анализира овие, како што рече, условно да ги кажам фиктивни договори што вообичаено се случуваат помеѓу еден потрошувач којшто бил на слободниот пазар и некоја новоформирана фирма или некое многу мало јавно комунално претпријатие кое што не ги исполнува условите да оди на слободен пазар и доаѓаат на регулиран пазар. Препорача да се зголеми домашното производство на електрична енергија и додаде дека сигналите покажуваат дека во овие четири месеци тоа е зголемено за околу 10 до 15 проценти во споредба со истиот период лани. „Дополнително, голем број на македонски компании коишто имаат можност поставуваат фотоволтаици на своите покриви и со тоа си заштедуваат трошоци за електрична енергија и според сознанијата што ги имаме сега имаат трошоци како што имале во едни мирни временски услови. Досега имаме издадено или почнати се постапки за издавање од околу 32-33 мегавати што е на ниво на „Св. Петка" последна хидроелектрана која што била направена со државни пари. Очекуваме во текот на јули и на август да се удвои бројот на такви компании и да имаме некаде за 7-8 месеци помеѓу 60 и 70 мегавати новоизградени фотоволтаични електрани коишто ќе ја релаксираат ситуацијата со цената на електричната енергија на слободниот пазар,“ потенцира Бислимоски. РКЕ до крајот на јуни треба да донесе одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи до крајот на годинава. Во неа се признаваат оправданите трошоци што ги имаат енергетските компании. https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/novo-poskapuvanje-na-strujata-od-1-vi-juli-pristignaa-prvite-baranja-od |
|
Carpe diem
|
|
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2025 |
Quote Reply #12 Posted: 07-May-2022 at 15:21 |
Edited by user8642 - 07-May-2022 at 15:24 |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15194 |
Quote Reply #13 Posted: 21-Feb-2022 at 18:09 |
Премиерот Ковачевски на почетокот на реализација на 400кV далекувод од ТС „Битола 2” [17.02.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr
Премиерот Ковачевски на почетокот на реализација на 400кV далекувод од ТС „Битола 2” [17.02.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Премиерот Ковачевски на почетокот на реализација на 400кV далекувод од ТС „Битола 2” [17.02.2022"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #14 Posted: 17-Feb-2022 at 18:11 |
Северна Македонија се позиционира како енергетска раскрсница во регионот.
Премиерот Ковачевски денеска присуствуваше на настанот по повод поставувањето камен темелник на 400 киловолтниот далекувод кој тргнува од трансформаторската станица „Битола2“ и ги поврзува електро преносните системи на Северна Македонија и на Албанија. Проектот, како проект од Kоридорот 8, е со исклучителна регионална стратешка и капитална вредност. На овој начин го заокружуваме процесот на поврзување со електропреносните системи на сите наши соседни земји. https://www.facebook.com/VladaMK |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #15 Posted: 16-Feb-2022 at 23:23 |
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #16 Posted: 14-Feb-2022 at 10:47 |
Испад на далекувод и пожар се причините зошто сношти Скопје немаше струја
Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, соопштија од АД МЕПСО „Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување“, наведено е во официјалното соопштение. Од АД ЕСМ велат дека производството на електрична енергија од АД ЕСМ тече според предвидениот план за производство и согласно номинациите на ЕВН и другите потреби. „Работат два блока во РЕК Битола, гасната електрана Енергетика во Скопје, еден котел во ТЕЦ Неготин, хидроелектраните според потребите и се презема и електричната енергија од ТЕ-ТО, согласно важечкиот договор. Нема никаков застој во производството и електраните се подготвени во секој момент да испорачаат потребни количини енергија во системот“, наведоа од таму. Што се однесува до сстемот за парно греење во Скопје, од АД ЕСМ велат дека прекинот настанал поради прекинот на електрична енергија која е неопходна за работа на пумпите во топланите и на пумпите во зградите. Пумпите автоматски се вклучуваат при обновен доток на електрична енергија и е потребно извесно време за нивно подигање. Од ЕСМ нагласија дека во зградите коишто се постари и со постар тип на топлотни пумпи, вклучувањето ќе се изврши рачно од страна на стручни лица. https://meta.mk/ispad-na-dalekuvod-i-pozhar-se-prichinite-zoshto-snoshti-skopje-nemashe-struja |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #17 Posted: 14-Feb-2022 at 10:37 |
Пожар кај трафостаницата во Пинтија причина што половина Скопје немаше струја
Пожар кај трафостаницата во Пинтија е причината поради која половина Скопје остана без електрична енергија, потврдуваат од МЕПСО. – Детали се уште не знам, неофицијално проблемот е кај нас, сите екипи се на терен, се прават секакви обиди да се стабилизира снабдувањето со електрична енергија – вели Виолета Зајкова од МЕПСО. Поголем дел од Скопје попладнево остана без електрична енергија, при што нема струја во Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров… https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/pozhar-kaj-trafostanicata-vo-pintija-prichina-shto-polovina-skopje-nemashe-struja/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #18 Posted: 09-Jan-2022 at 14:30 |
ОД ПРОЛЕТ НОВИ ПОСКАПУВАЊА НА ПЛИНОТ И НА СТРУЈАТА: Ќе следи ли енергетски шок и кај нас?
Откупната цена на природниот гас на европскиот пазар порасна за повеќе од 200 отсто од почетокот на оваа година, најмногу поради тоа што залихите на природен гас се за четвртина пониски од петгодишниот просек. Аналитичарите велат дека овој енергенс допрва ќе поскапува, а исти се прогнозите и за растот на цените на струјата. Додека има високи цени и за емисиите на CO2 на европскиот пазар, зголемена побарувачка за гас во Азија, особено ТНГ, како и руско-европските политички заплетки поврзани со пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 исто така ја билдаат цената. Деновиве цената на природниот гас е над 140 евра за мегаватчас.Игор Грозданиќ, хрватски експерт и енергетичар за Индек.хрвели дека тешко дека гасот ќе оди под 100 евра за мегават час, а дека многумина кои се надеваат дека ќе падне под 60 евра за мегаватчас се лажат. „Сега цената е околу 140 евра.Значи поскапувањето е големо, но зборуваме за цената на индустрискиот гас. До април цената ќе биде како што е сега, а потоа ... Да речеме цените ќе бидат повисоки, а колку што ќе видиме никој нема кристална топка. Европа нема гас, не се наполнија складишта, а најголемиот проблем е што резервите на природен гас во земјите од Европската унија не се надополнуваат“, вели тој. Во Македонија проблемот со набавката на гасот резултираше и со поскапување на парното, деновиве и намалуивање на топлината во радијаторите. Струјата исто така поскапе. https://faktor.mk/od-prolet-novi-poskapuvanja-na-plinot-i-na-strujata-kje-sledi-li-energetski-shok-i-kaj-nas |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #19 Posted: 30-Dec-2021 at 18:25 |
ОД 1 ЈАНУАРИ СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПИ ЗА 9,48 ОТСТО, СЕ УКИНУВА ДНЕВНАТА ЕВТИНА ТАРИФА, СООПШТИ РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА
Струјата од 1 јануари ќе поскапи за 9,48 отсто и ќе се укине днавната евтина тарифа. Директорот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски, на денешната прес-конференција за поскапувањето на струјата поради енергестската криза кажа дека успеале да ја намалат цената од она што го барале енергетските компании. „Ова е една од најтешките одлуки кои ги донела Регулаторната комисија од своето постоење. Барањата на компаниите до Регулаторна беа цената да се зголеми за околу 38 отсто. Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме трошоци и Владата презема обврска да им помогне на компаниите во наредниот период“, рече Бислимовски. Тој кажа дека се укинува само днавната евтина тарифа, а евтина струја и понатаму ќе има навечер и во надела. Ако не се укинела днавната евтина струја, тогаш поскапувањето ќе било 14,23 проценти. „Дневната тарифа поради зголемена потрошувачка и зголемен увоз чини 100 илјади евра дневно. Овој товар нашиот енергетски сектор не може веќе да го поднесе и затоа се укинува дневната евтина тарифа. За овој чекор консултиравме голем број експерти и од сите добивме мислење дека тоа е неминовност“, додаде Бислимовски. https://sdk.mk/index.php/naslovna/od-1-januari-strujata-ke-poskapi-za-9-48-otsto-se-ukinuva-dnevnata-evtina-tarifa-soopshti-regulatorna-komisija/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20526 |
Quote Reply #20 Posted: 29-Dec-2021 at 17:49 |
Се укинува ефтината тарифа и струјата поскапува до 10,3 отсто
Укинување на ефтината тарифа на струја и зголемување на цената меѓу 9,8 и 10,3 отсто. Неофицијално ова е предлогот на регулаторите кој тие го ставија на маса пред претставниците на трите енергетски компании на денешната подготвителна седница. На седницата имало жестока дебата во коај регулаторите ја бранеле својата пресметка а претставниците на МЕПСО и Електродистрибуција пак соопштиле дека со ова покачување компаниите нема да имаат за исплата на плати и брзо ќе ја загубат ликвидноста. Компаниите имаат можност да поднесат жалба на пресметката на Регулаторна во рок од 24 часа и според информациите на Телма тоа и ќе го сторат, па може да се очекува дека цената на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од први јануари ќе биде соопштена утре. При оформувањето на новата цена Бислимовски најави дека ќе ги искористи сите правни алатки кои му стојат на располагање за да ги скрати маржите и прифитите на енергетските компании во корист на граѓаните. Дали ќе има нова цена на парното за корисниците на БЕГ допрва ќе се одлучува. Компанијата достави барање до регулаторите за поскапување од дури 300 отсто поради неколкукратното зголемување на цената на природниот гас на светските безри. Од Регулаторна соопштија дека од БЕГ побарале да им се доставои договорот за набвака на природен гас и цената пред да почнат со анлиза на барањето и евентуалното носење на одлука за нова цена. https://telma.com.mk/2021/12/29/се-укинува-ефтината-тарифа-и-струјата/ Edited by stef4o - 29-Dec-2021 at 17:50 |
|
Post Reply | Page 123 27> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |