build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов објект на Народна банка

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Нов објект на Народна банка
    Posted: 28-Sep-2023 at 11:41
ПО ПОТРОШЕНИ 15 МИЛИОНИ ЕВРА, ЌЕ СЕ РАСПИШУВА НОВ ТЕНДЕР ЗА ДОВРШУВАЊЕ НА БАРОКНАТА ЗГРАДА НА НАРОДНА БАНКА



Народна банка ќе распише нов тендер за довршување на барокната зграда која се наоѓа во центарот на Скопје, за која досега се потрошени 15 милиони евра. Повеќе од две години не се гради и зјае во фаза на карабина објектот кој е до зградата на Министерството за надворешни работи, а е дел од проектот „Скопје 2014“ на тогашната влада предводена од Никола Груевски.

Градежните работи кои се одвиваа со бавно темпо целосно прекинаа лани во јули, кога беше раскинат договорот со градежната фирма „Бетон“ поради непочитување на обврските. Сега, од Народна банка велат дека ќе распишат нов тендер за довршување на објектот.

„По раскинувањето на договорот за градба минатата година, Народната банка ги презеде сите неопходни чекори за заштита на имотот на банката, како и за утврдување на можностите за завршување на градбата во блиска иднина. Во моментот се врши неопходно прилагодување на проектната документација, коешто е дел од спроведена постапка за јавна набавка на проектантски услуги. По што ќе следи постапка за јавна набавка на нов изведувач на градежни работи, којшто треба да ја доврши градбата на објектот. Очекуваме во скоро време изградбата на новиот објект на Народната банка непречено да продолжи“, велат од Народна банка.

Новата зграда на Народна банка почна да се гради во 2016, како дел од проектот „Скопје 2014“. Според договорот склучен тогаш со „Бетон“, изградбата треба да чини 23 милиони евра. Досега, како што објаснуваат од Народна банка, изведени се над 60 отсто од градежните работи предвидени со основниот договор, односно на „Бетон“ му се исплатени 15 милиони евра.

Зградата треба да има осум ката, на врвот ќе има купола, барокна фасада, а на влезот антички столбови, какви што имаат сите згради од проектот „Скопје 2014“. Aвтори на идејното решение за изгледот на зградата се Никола Стакинов и Лазар Димов. Тие се автори и на идејните решенија за барокни фасади на Министерството за правда, „Пелагонија“ и зграда на АД ЕСМ.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/po-potrosheni-15-milioni-evra-ke-se-raspishuva-nov-tender-za-dovrshuvane-na-baroknata-zgrada-na-narodna-banka/?fbclid=IwAR1cZ6STIXUICyxDzMgQYPdGsDkhzkSx7jlVmLs3ZulwJpCRYG7IIF_zO-A
Carpe diem
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1145
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Jun-2023 at 17:24
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Oct-2022 at 13:51
ЗА НОВАТА ЗГРАДА НА НАРОДНА БАНКА СЕ ПОТРОШЕНИ 15 МИЛИОНИ ЕВРА, НЕ СЕ ЗНАЕ ДО КОГА ЌЕ СТОИ НЕДОВРШЕНА ОТИ Е РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ СО „БЕТОН“

На новата зграда на Народната банка со месеци нема градежни работи, ниту се знае дали и кога ќе продолжат откако е раскинат договорот со ГП „Бетон“. Објектот кој се наоѓа во центарот на градот до зградата на Министерството за надворешни работи стои недовршен, во фаза на карабина, а за него досега се потрошени 15 милиони евра. Од Народната банка уште не знаат како ќе се постапи во иднина односно дали ќе се склучи нов договор за довршување на објектот.

„Договорот потпишан со ГП ‘Бетон‘ е раскинат на 13 јули годинава поради неисполнување на договорните обврски од страна на изведувачот. По раскинувањето на договорот, Народната банка ги презема сите неопходни чекори за заштита на имотот на банката, како и за утврдување на идните можности за завршување на градбата во блиска иднина“, велат од Народна банка.

Новата зграда на Народна банка почна да се гради во 2016 година, како дел од проектот „Скопје 2014“. Според договорот склучен тогаш со „Бетон“ изградбата треба да чини 23 милиони евра. Досега како што објаснуваат од Народна банка изведени се над 60 отсто од градежните работи предвидени со основниот договор односно на „Бетон“ му се исплатени 15 милиони евра.

„Вредноста на договорот во моментот на склучување изнесува 1.477.332.301 денари, реализацијата по истиот изнесува 910.628.093 денари со ДДВ, односно 61,64%. Дополнително во текот на 2017 година, поврзано со основниот договор е склучен и реализиран и договор за непредвидена работа поврзана со новиот објект односно заштита на градежна јама во износ од 12.322.911 денари, при што во рамки на неговата реализација се потрошени 64,71% од планираните средства“, објаснуваат од Народна банка.

Зградата треба да има осум ката, на врвот ќе има купола, барокна фасада, а на влезот антички столбови, какви што имаат сите згради од проектот „Скопје 2014. Aвтори на идејното решение за изгледот на зградата се Никола Стакинов и Лазар Димов. Тие се автори и на идејните решенија за барокни фасади на Министерството за правда, „Пелагонија“ и зграда на АД ЕСМ.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/za-novata-zgrada-na-narodna-banka-se-potrosheni-15-milioni-evra-ne-se-znae-do-koga-ke-stoi-nedovrshena-oti-e-raskinat-dogovorot-so-beton/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Sep-2022 at 14:26
Неколку денешни,нема никаква акитвност.Веројатно ќе се бара нов изведувач но којзнае кога ќе биде сето тоа завршено.
Дотогаш ќе имаме уште една недовршеа зграда/градилиште во централното подрачје.









Carpe diem
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Jul-2022 at 03:03
Значи уште еден објект станува историски...дури бараат нов изведувач и дури се заврши уште неколку години отидоа...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Jul-2022 at 11:32
Народна банка го раскина договорот со ‚Бетон‘ за новата зграда

Народната банка одлучи да го раскине договорот со градежната компанија „Бетон“ за изградба на новиот објект на централната банка. Договорот е склучен уште во 2016 година, а објектот се уште не е готов. Од Народната банка потврдија за Bloomberg Adria дека дошло до раскинување на договорот, но не откриваат многу детали зошто.

„Советот на Народната банка, по детална анализа подготвена од стручните служби, донесе одлука да го раскине Договорот за јавна набавка за изведување на градежни работи, односно изградба на новиот објект на Народната банка, склучен во 2016 година. Причините за раскинување на Договорот се неисполнување на договорните обврски од страна на изведувачот, стои во одговорот кој го добивме.
Од Народната банка, не прецизираат дали ќе има нов оглас и кои се следните чекори.

„По раскинувањето на Договорот, Народната банка ги презема сите неопходни чекори за заштита на имотот на банката, како и за утврдување на можностите за завршување на градбата во блиска иднина, велат оттаму.

https://libertas.mk/narodna-banka-go-raskina-dogovorot-so-beton-za-novata-zgrada/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Jul-2022 at 11:31
Без поголеми промени

Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-May-2022 at 18:07
Нема голема промена, освен што куполата е речиси завршена...

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 05-Apr-2022 at 07:00
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Apr-2022 at 17:33
Каков бе тунел? 2м? Спојување соседни градежни парцели ли се окфалификувани како "тунел".
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Apr-2022 at 06:52
ПОДЗЕМЕН ТУНЕЛ ЌЕ СЕ ГРАДИ ДО НОВАТА ЗГРАДА НА НАРОДНА БАНКА: Огласот наскоро, преселбата на крајот на годината

Народната банка ќе гради подземен тунел на новиот објект кој е во завршна фаза од изградбата. Фактор дознава дека согласно планот за јавни набавки огласот на кој треба да се најде фирма изведувач за градењето на тунелот требало да биде објавен во месецот што помина, односно во март годинава. Сепак поради потребата да се докомплетира потребната документација, како што потврдуваат и од Народната банка, процесот малку се пролонгирал. За што ќе биде потребен тој подземен тунел и која конкретно ќе биде намената прашавме во Народната банка. Оттаму одговорија без да соопштат многу детали за тунелот.

„Планираната постапка за подземниот тунел на новиот објект, Народната банка ќе ја започне кога ќе се создадат услови за нејзино спроведување т.е. по комплетирање на потребната документација. Подземниот тунел, во согласност со потребните стандарди, е наменет за сообраќајно поврзување на новиот објект на Народната банка со подземната гаража во близина на објектот, стои во одговорот од Народната банка.

Инаку Народната банка треба да се пресели во новиот објект кога ќе биде целосно готов, а според проценките тоа е до крајот на годинава.

„Согласно со договорот градбата се очекува целосно да заврши до крајот на 2022 година, по што би следел технички прием на објектот и опремување со соодветна опрема, по што ќе започне процесот на вселување, велат од Народната банка за Фактор.

Поодамна односно уште во 2013 година, градот Скопје расправаше за задолжување од близу пет милиони евра, кои требаше да бидат наменети за изградба на подземна улица од Владата до Народната банка, но до објектот каде сега се наоѓа централната банка односно до Комплекс банки. Сепак таква улица никогаш не се изгради.

Зошто е толку потребно да има ваков тунел сега, сепак останува нецелосно јасно.

https://faktor.mk/podzemen-tunel-kje-se-gradi-do-novata-zgrada-na-narodna-banka-oglasot-naskoro-preselbata-na-krajot-na-godinata
Carpe diem
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 390
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 11-Mar-2022 at 13:07






Edited by stef4o - 11-Mar-2022 at 18:18
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Jan-2022 at 11:59
Без некоја позначајна промена барем однадвор,можеби само нешто околу куполата имаат работено

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Sep-2021 at 14:37


https://propertyone.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 30-Aug-2021 at 10:43
Денешни



Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Aug-2021 at 01:46
И оваа зграда заглави со години...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 11-Aug-2021 at 18:52
Нема некој поголем напредок, освен што се работи на куполата...







За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 19-Jul-2021 at 17:22
Само НБРМ.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Jul-2021 at 10:46
Дали во новава зграда е предвидено само народна банка да се всели или и други институции бидејќи во старата зграда има повеќе институции?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 09-Jul-2021 at 17:24
од 07.07.2021

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.316 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.