![]() |
![]() |
![]() |
Ветерници |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 11> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 09-Feb-2025 at 18:31 |
Нов ветерен парк „ПЕРУН“ се гради кај Паљурци
![]() ![]() ![]() Ветерниот парк Перун ќе се протега на 51,5 хектари на ридестиот терен меѓу селата Селемли и Стојаково, општина Богданци и ќе има пет турбини на ветер, секоја со капацитет од 6 MW Од 1 јули 2024 година на територијата на општина Богданци започна со изградба на нов парк на ветерни електрани „Перун“. Ветерниот парк Перун ќе се протега на 51,5 хектари на ридестиот терен меѓу селата Селемли и Стојаково, општина Богданци и ќе има пет турбини на ветер, секоја со капацитет од 6 MW, (повеќе од двојно од ВП „Богданци“). Засега се изградени (подигнати) 4 турбини, следува поставувањето на основата за последната 5-та ветерна турбина. Висината на еден столб за ветерна турбина изнесува 115 метри, а дијаметарот на елисата со три лопатки која ротира е 170 метри. Површината која ја зафаќаат лопатките изнесува 22,698 метри квадратни. Паркот„Перун“ има за 25 метри повисока ветерно-турбинска единица од ветерниот парк „Богданци“ инсталиран на Погана и за 50 метри поголем дијаметар на елисата. Овие џиновски триподи (како во филмот „Војна на световите“ со Том Круз) ќе имаат инсталирана моќност да произведат 72,5 GWh (гига ват часови) годишно производство на електрична енергија. Проценетиот животен век на производната единица е 25 години, а истите се од марката SG 6.0-170 „Simens Gamesa“. Инвеститор на овој нов електроенергетски зафат во Богданци е словенечката фирма „ПЕРУН“ преку своја новооснована фирма со седиште во Скопје. Обемот на работа на „Елнос Груп“ овојпат е поголем во споредба со претходните проекти во областа на енергијата на ветерот во Северна Македонија, бидејќи ни’ е доверена сеопфатната задача за изградба на новата 110 kV трафостаница Перун. Во рамките на работењето , „Елнос Груп“ се вклучени и во изградба на електроенергетски капацитети кои ќе овозможат поврзување на турбините на ветер со електричната мрежа, вклучително и изградба на приклучен далновод 2×110 kV на четири километри, изградба на среднонапонска мрежа и на крајот, заземјување на турбината на ветер. Инаку самиот старт на проектот беше успешен, а огромен предизвик беше транспортот на големите по габарит и димензии елиси и конструкциите на столбот, истите да се транспортираат во местото на инвестиционата градба. За Богданци беше најголемиот товар кој поминал на нивната територија, за возачите на транспортните возила беше тест за вештина и умешност. Ветровитиот југ повторно привлекува инвеститори за изградба на ветерни електрани. Подготвителните работи со регистрација на производно-енергетската инвестиција кај Регулаторната комисија започнаа во 2020 година, а се очекува ветерниот парк во близина на езерото Паљурци кај Богданци да почне со произвоство на електрична енергија во текот на оваа година. https://gevgelijanet.com/2025/02/08/%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA-%D0%BF%D0%B5%D1%80%D1%83%D0%BD-%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D1%98/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕКА ВО ЈУНИ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ ВЕТЕРНИОТ ПАРК МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во јуни ќе се постави камен-темелник на ветерниот парк, што ќе се гради меѓу општините Радовиш, Карбинци и Штип, проект вреден пола милијарда долари. „Дотогаш, инвеститорот ќе ги заврши сите неопходни проекти за комплетна инсталација на ветерниот парк, па во текот на летото ќе се реализира овој најнов ветерен парк во Македонија“, рече Мицкоски. Во овој контекст, според премиерот, е и соларниот парк што треба да се гради на местото на нереализираниот карго аеродром кај Штип. Овој соларен парк беше најавен уште во 2021 во времето кога премиер беше Зоран Заев, а во една прилика тогашната министерка за животна средина Каја Шукова рече дека земјиштето под панелите може да се искористи за садење земјоделски култури, како тикви, краставици и бостан. Денес, соларниот парк кај Штип е во фаза на надминување на три важни прашања, почнувајќи од категоризацијата на земјиштето, кое е земјоделско и се користи за производство на храна. Второто прашање е откупот на електричната енергија и нејзината цена и третото е инсталирањето на батериите за складирање на произведената струја за да може да се користи во периоди кога немаме сончева радијација“, вели Мицкоски, кој, сепак, е оптимист дека и оваа инвестиција ќе стане реалност. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/mitskoski-najavi-deka-vo-juni-ke-pochne-da-se-gradi-veterniot-park-megu-shtip-radovish-i-karbintsi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски
Ветерен парк на инвестицискиот фонд од Дубаи - Алказар Капитал е првата енергетска инвестиција што ја најавуваше премиерот Христијан Мицкоски во првите денови од новата влада. Инвестицијата на Алказар Енерџи ќе биде објавена утре од страна на Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, како и од самиот Мицкоски и министерката за енергетика Сања Божиновска. „Инвестицијата на Алказар Енерџи во овој проект е вредна над 500 милиони долари и развојот на овој проект ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните“, пишува во најавата. Проектот кој ќе се изведува на потегот Штип - Радивиш - Карбинци е започнат пред повеќе од десет години од страна на бизнисменот Стефан Пулејковски. Во меѓувреме проектот е предаден на шпанскиот „Инвал“ кој во меѓувреме прејде во сопственост на „Алказар Капитал“. Според проектот,70 столба на ветерници треба да имаат вкупна моќност од 335 мегавати, но ќе треба добро да се испланира и балансирањето на производството, бидејќи ветерните паркови не испорачуваат постојано струја. https://www.faktor.mk/veterniot-park-na-alkazar-kapital-e-prvata-investicija-shto-kje-ja-objavi-mickoski |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?
Првиот приватен ветерен парк во Македонија, чиј инвеститор е „Тхор Импекс“ и кој беше пуштен во погон на 24 јануари, ќе заработи 7 милиони евра во првата година од своето работење. „Богословец“ започна со работа со осум ветерни турбини помеѓу Штип и Свети Николе, а вкупната моќност на паркот изнесува 35 мегавати. Според пријавеното во Агенцијата за Енергетика и Регулаторната комисија за енергетика, проектирано е производство на „Богословец“ од 78.600.000 киловатчасови годишно. Повластената тарифа, која како производител од обновливи извори на енергија ќе ја добива од националниот оператор на пазарот МЕМО, е одредена да биде 8,9 евроценти по киловатчас. Тоа значи дека „Тхор Импекс“ годишно ќе заработува проектирани 6.995.400 евра. Ова е запишано во прегледот на повластени производители на електрична енергија кај Регулаторната комисија за енергетика и во Одлуката за користење на повластената тарифа, откако „Богословец“ ја доби лиценцата за работа во текот на февруари. Првата приватна ветерна централа ќе заработува исто колку што добива и АД ЕСМ за ветерната централа „Богданци“ која ја добива истата повластена тарифа и има речиси еднаков капацитет на работа, Струјата со повластени тарифи во Македонија се купува и од малите хидроелектрани и од биогасните централи. Иако приватната инвестиција за прв пат од ваков тип беше промотивно најавувана, изостанаа подеталните информации за компанијата што ќе го гради ветерниот парк. Инвестицијата беше кажано дека ќе чини 61 милион евра и ќе се реализира во општините Свети Николе и Штип. Како управител на Тхор Импекс, според претходни медиумски информации, се јавува Благоја Лазаровски. Компанијата е во сопственост на Б Н Б – КОМПАНИ ДОО експорт-импорт Скопје и Грин фор Гроутх Фонд, Југоисточна Европа СА, СИЦАВ-СИФ, Луксембург. Власта најави дека ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капацитет во земјата и ќе придонесе кон намалување на ЦО2 емисиите од над 87 илјади тони годишно. Инвестицијата во наредните 25 години треба да придонесе во обезбедување стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 20 илјади домаќинства. https://faktor.mk/pushten-vo-upotreba-kolku-kje-zaraboti-prviot-privaten-veteren-park-vo-makedonija?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR2Cw0DKie4v5x_1FTNo-D_KPqI7aHiIMueUtFY0jK5d61N76X6k2WuRmew_aem_AYavoaWLLcAzUk-FY57lUGrAcDAOMWU6vj_sCK0DgEW2QKu8dKIgvUN06LF6oMb2zoKtjTpzHq7nQZqj25fRQZ-y |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Богословец, Свети Николе
![]() ![]() https://www.facebook.com/nikolovskidario |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Проектот за изградба на ветерен парк во Кичево повторно се актуелизира
https://24.mk/details/proektot-za-izgradba-na-veteren-park-vo-kichevo-povtorno-se-aktuelizira |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Ветерниците кај Кадрифаково. Во живо изгледаат уште помоќно, се надевам дека во скора прилика ќе ги начекам во акција.
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
. ![]() Ангела Меркел лично дојде да нѐ лаже сред Скопје, вие се чудите за еден третокласен амбасадор...
![]() |
|
![]() |
|
Aowek ![]() Groupie ![]() Joined: 22-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 53 |
![]() ![]() |
Ваљда не лажеше германската амбасадорка јавно на тв дека ќе инвестира германска фирма. Нашиве се екипа мутнија од Дунава тоа го знаеме
![]() |
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
So google zaedno vo Atina ke zavrsi. Tamu otidoa i google I Facebook. Po ne seriozno prasanje od toa do kade e pronkt veten od Zaev nema ![]() |
|
![]() |
|
Aowek ![]() Groupie ![]() Joined: 22-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 53 |
![]() ![]() |
Дали некој знае до каде е проектот од 500 милиони евра кој го најави Заев?
ОД германска WDP ? Edited by Aowek - 25-Oct-2022 at 11:49 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВЕТРО ПАРК БОГОСЛОВЕЦ-ИЗВЕСТУВАЊЕ БР.5 ЗА ИЗГРАДБА
Тхор Импекс започна со изградба на ветропаркот Богословец на почетокот на Јули 2021. До Август 2022 се завршени следните фази од проектот Градежни работи на трафостаницата, Пристапни патишта Далеководот и поврзување со трафостаницата, Бетонирање на темелите. Во периодот од 12.9 до 30.11.2022 се очекува да пристигне и опремата за турбините од ветропаркот. Секоја турбина има 8 делови и тоа... • 4 сегменти од столбот • Куќиште • 3 перки Нормално тука е и пропратна опрема која се користи при склопувањето на турбините. Транспортот на турбините ќе биде вон-габаритен и се очекува да бидат направени цца 100 тури од Солун до село Богословец. Ќе се користи главниот автопат до Велес, а потоа и магистралниот пат од Велес до Кадрифаково. Од Велес до раскрсницата до Богословец камионите ќе патуваат скоро 25 км каде што ќе свртат десно на локалниот пат према селото. Очекуваме дека на локалнкот пат према Богословец да има отежнување на сообраќајот и мали застои. Во секој случај, овие вон-габаритни транспорти ќе бидат пратени од полицијата како и од специијални пропратни возила како што е наведено во дозволите за транспорт од овој вид. Турбините ќе бидат донесени од страна на Hermes Greece, а монтирани од страна на Siemens-Gamesa. ![]() ![]() https://www.facebook.com/windparkbogoslovec |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Според официјалната страница на Министерството за животна средина, проектов е далеку од реализација од една проста причина, а тоа е дека нема никаква студија за оценка на влијанието на животната средина, што е неопходно за еден ваков зафат. Чисто за информација, на министерството се наоѓаат вакви детални студии за ветропаркови „Петрово“, „Копришница“ и „Дрен“, сите во јужниот дел на Македонија, Гевгелиско и Демиркаписко.
Воедно, 69 турбини се споменуваат, а не се споменува конкретна локација, туку на ридовите од Куманово до Паланка, поопшто од ова не ни може. Овој регион е најмалку развиениот во Македонија (статистички земен како регион), и одвај да има земјена инфраструктура до раштрканите маала на селата расфрлани по тоа ридовите, па така многу ме чуди областа. Следна точка, мислам дека многу е битна да го видиме тоа долгогодишно партнерство, во кое ете наводно нема повластени тарифи, но мене ме чуди кој е мотивот на компанијата да вложи пола милијарда евра туку така. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
За таа цел, конкретно за батериска намена во светот денес се повеќе се користи водород. Водород се произведува со обична електролиза на вода, продуктите се кислород и водород кои се налепуваат на анодата и катодата при процесот. И после за да се врати повторно од водород во енергија само се соговорува водородот. Прилично едноставен процес, со голема ефикасност ~90%, можеби колку најефикасните хидроцентрали што постојат денес во светот. Сакам да кажам, не ти треба огромно езеро да градиш за да имаш "батерија" во националната електро-мрежа. Доволно е ваква постројка за електрозила и електрана на водород.
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Германската компанија „Впд“ ќе гради ветерен парк кај Куманово за 500 милиони евра
Паркот на ветерни електрани што ќе го гради германската компанија „Впд“ ќе има моќност од дури 415 мегавати. Ова најголемата директна инвестиција во Македонија по независноста. За споредба, трите блока на РЕК „Битола“, кои користат јаглен, имаат моќност од близу 700 мегавати Во Македонија наскоро ќе почне изградбата на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, Ова е најголемата поединечна директна гринфилд инвестиција во македонија од независноста до денес. Изградбата ја најавија денес премиерот Зоран Заев и германската компанија „Впд“. Ветерниот парк наречен „Вирови“ е најголем капацитет од обновливи извори на енергија во земјава, колку што имаат двата болка на РЕК „Битола“. Поставени ќе бидат 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја. Оваа инвестиција „Независен“ ја најави уште во јуни оваа година по пишувањето на месечникот кој се занимава со прашања за енергија од ветерот „Виндпауер“. Германскиот инвеститор тогаш веќе имаше поднесено барање за статус на стратешки проект што ќе му даде повластен третман, според законот усвоен минатата година. „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази. „Ова не е само најголемата германска инвестиција во земјата, ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес. Таа е доказ дека зеленото сценарио и тоа како е возможно. Овој проект е повеќе од половина од предвидените 700 мегавати со стратегијата“, истакна Заев. Според плановите проектот „Вирови“ треба да оди во три фази – во 2025, 2026 и 2027 година. „Впд“ има за цел да го развие проектот преку две деловни единици во целосна сопственост: „Вирови“ формирана за специјална намена во Македонија и „Впд Адриа“, нејзина подружница за управување со развој на проекти во Западен Балкан. Портпаролот за „Виндпауер“ во јуни изјави дека овој проект може да биде само почеток и дека компанијата гледа потенцијал за понатамошни ветерни електрани во Македонија. Единствениот парк на ветерници што е подигнат и функционира во Македонија е оној кај Богданци со моќност од 36,8 мегавати, а уште 43,2 мегавати се во фаза на развој. За да се има предвид колку голем би бил овој проект на „Впд“ од 400 мегавати треба да се знае дека трите блока на РЕК „Битола“, кои користат јаглен, имаат моќност од близу 700 мегавати (3х225). Или, пак, двете турбини на ХЕЦ „Козјак“ имаат моќност од 82 мегавати, по 41 секоја. Премиерот Заев изјави дека големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата, а доаѓаат зашто добро се сработени реформите. „Ја донесовме потребната легислатива, создадовме услови за инвестирање во безбедна и сигурна земја, фер услови за сите. Работиме согласно европските правила, со сериозни и докажани инвеститори“, нагласи премиерот. Инвестицијата ја поздрави и германската амбасадорка Анке Холштајн, посочувајќи дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид. „Драго ми е што гледам се поголема соработка меѓу двете земји во полето на енергетиката. Проектот ги поддржува амбициозните цели на македонската Влада во енергетската транзиција, истакна амбасадорката и напомена дека договорот ќе трае 45 години. Компанијата „Впд“, чие седиште е во Бремен, Германија, е една од водечките во светот која произведува енергија од обновливи извори. Таа има поставено ветерни електрани во 28 земји во светот, но повеќето во Европа. Има подигнато 2.400 ветерни турбини, кои произведуваат 5.150 мегавати. Таа поставува ветерни турбини во море и на копно. Проектите што сега ги развива „Впд“ предвидуваат подигнување ветерни турбини од 12.300 мегавати на копно и 13.800 мегавати во море. https://nezavisen.mk/pochnuva-realizacijata-na-virovi-najgolemata-direktna-grinfild-investicija-vo-makedonskata-ekonomija/ |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Мислам дека ни е потребна една голема акумулација со реверзибилна хидроелектрана. Ваљда на Чебрен и Галиште конечно им е созреано времето, и кога би се направиле како реверзибилен систем, тоа фантастично би функционирало во комбинација со окрупнувањето на вкупната моќност на ветропарковите. Ветрот не дува цело време, а и кога дува, често тоа не е во моменти кога енергетскиот систем има потреба од таа електрична енергија. Но реверзибилна хидроелектрана може да служи како огромна батерија. Кога има ветар, а нема побарувачка на ел. енергија, целиот тој вишок на производство ќе биде искористен за пумпање на вода од пониската кон повисоката акумулација. Кога нема ветар, а пазарот има потреба од ел. енергија, хидроелектраната ќе произведува токму тогаш и токму толку колку што треба ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Оваа вест е објавена и погоре пред неколку месеци, но деновиве доста зачестено ја има по медиумите, не знам дали е само предизборно или навистина ќе се оствари...
--------------------------- Германска компанија ќе гради ветерници од Куманово до Крива Паланка за 500 милиони евра На полињата од Куманово до Крива Паланка ќе има 69 ветерни турбини, и ќе снабдува со електрична енергија 290.000 домаќинства. Проектот ќе овозможи годишно намалување на загадувањето за 310.000 тони јаглерод диоксид. Германската компанија ВПД ќе гради 415-мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Станува збор за проектот „Вирови“, кој треба да биде готов за шест години. „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, а 290.000 домаќинства ќе снабдува со електрична енергија. Работи во 28 земји со над 5.000 мегавати на час. Договорот за стратешко партнерство меѓу македонската Влада и ВПД е на 45 години. https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-500-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0/a-59480605?maca=maz-rss-maz-eco_timemk-4723-xml-mrss -------------------- Ха-ха, само што го пишав горниот коментар и одам на фликр профилот на владата, кога: ![]() Се чини дека сепак ќе се оствари проектов. Но – Veteren Park Virovi ![]() ![]() Edited by Џоле - 12-Oct-2021 at 15:38 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во полн ек се градежните работи на првиот ветерпарк на потегот на село Богословец во Свети Николе.
За година и половина се очекува 8-те ветерници да започнат со производство на 36 мегавати електрична енергија. Вкупната вредност на сите фази од оваа инвестиција ќе изнесува 61.000.000 евра. Воедно на потегот на село Азамбегово наскоро ќе започнат со градба уште 8 инвеститори, кои ќе изградат 25 мегавати фотонапонски централи. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasovelkovskizasvnikole |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во близина на селото Богословец ќе се гради првиот приватен ветерен парк во државва
Во близина на селото Богословец ќе се гради првиот приватен ветерен парк во државва, инвестиција во вредност од 61 милион евра. Во пролетта 2025 година се очекува да почне со работа и во наредните 25 години да овозможи зелена енергија за околу 20 илјади домаќинства во државата. Првиот приватен парк на ветерници во земјава Богословец во домашна сопственост денеска станува реалност. Овој проект е исклучителен придонес кон пренасочување и на нашето национално производство на електрична енергија кон обновливи извори и надополнување на електричното производство приклучено на државниот оператор. Ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капаците во земјата и ќе придонесе кон намалување на ЦО2 емисите од над 87.000 тони годишно“, рече премиерот Зоран Заев на свеченоста по повод стартот на инвестицијата. Според него, од голема важност за целиот инвестициски циклус е дека при изградбата се запазуваат еколошките стандарди и истовремено се поддржуваат општите цели на земјата за климатска транзиција и обновлива енергија. „Го имплементираме зеленото сценарио за развој на земјата која треба да обезбеди економски и економски бенефити. Имаме потенцијали енергијата од ветерот за производство да струја треба да ја искористиме. Во земјата постојат одлични географски потенцијали, а тоа го потврдуваат и сите досегашни студии според кои има најмалку 15 поволни локации за изградба на ветерници. Во најголем дел по долината на реката Вардар, односно Повардарието, во Овче Поле, околу Свети Николе, Штип, Крива Паланка, Куманово и на повисоките планински делови“, рече Заев. Премиерот потенцира дека според последната Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година во земјата е предвидено изградба на ветерни електрани со вкупна инсталирана моќност од 750 мегавати и вкупно проценето годишно производство на струја од околу 1 800 гигават часови. „Од планираните вкупни капитални инвестиции во енергетскиот сектор кои до 2040 година се во размер од 9,4 до 17,5 милијарди евра главниот фокус е на инвестициите во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Развивме сериозни енергетски стратешки планови и една од точките на Акција 21 како и во Интервентниот план на Владата за инвестиции 2021-2027 година е току енергетиката. Тоа го потврдуваат и резултатите. Нашата земја е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обовливи извори на енергија, само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати што претставува раст од 10,1 процент и е во рамките на светскиот просек за зголемување од 10,3 проценти“, рече Заев. Како дел од процесот на енергетска транзиција и спроведување на праведната транзиција во енергетскиот сектор, Заев истакна дека се воведува еколошка такса за загадувачите, вклучувајќи ги и нафтените деривати , а во наредните години и еколошка такса на јагленот и производството на електрична енергија од јаглен во согласност со политиките на ЕУ и обврските од Парискиот договор. „Владата силно и посветено го поддржува инвестирањето во обновливите извори на енергија. Станува збор за сериозен процес на промена на јагленовите термоелектрани во фотонапонски, гасни електрани и ветерници“, посочи премиерот. Министерот за економија Крешник Бектеши потенцираше дека изградбата на ветерната електрана „Богословец" е инвестиција на домашна компанија со која ќе се зголеми учеството на енергетиката произведена од ветерни електроцентрали во државата за дополнителни 36 мегавати. „Ова нека биде пример за сите наши стопанственици – домашни, но секако и странските кои се повеќе од добредојдени да инвестираат во нашата држава за да ја користат можноста да инвестираат во обновливите извори на енергија во нашата држава бидејќи нашите закони тоа веќе го овозможуваат, нашата определба како Влада, како Министерство, како други институции кои се вклучени тоа го овозможуваат на транспарентен, конкурентен и отворен начин каде сите ќе бидат еднакви“, рече Бектеши. Финансиски партнери на проектот се Ерсте банк, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, Австиската банка за развој, Фонд за зелен раст. Владата ја одобри изградба на ветерниот парк на барање на „Тор Импекс", проектна компанија што го развива проектот за „Богословец". „Siemens Gamesa" ќе произведува и ќе инсталира осум ветерни турбини на локацијата. Напојувани од ротори со дијаметар од 145 метри со висина на јарбол од 102,5 метри, овие турбини ќе имаат вкупен капацитет од 36 MW откако ќе се активираат. Проектот „Богословец" треба да придонесе за поставените цели на државата да го пренасочи национално производство на електрична енергија, во кое сè уште доминира кафен јаглен (лигнит), кон зелени извори. Државата сака да го зголеми за повеќе од 50 проценти својот национален обновлив капацитет до 2024 година, што доведува до дополнителни 400 MW и 160 MW соларна и ветерна енергија. https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/vo-blizina-na-seloto-bogoslovec-kje-se-gradi-prviot-privaten-veteren-park-vo |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Заев не издржа и откри: Германска WPD ќе гради ветерници во кумановско-кривопаланечкиот регион
Германската компанија ВПД (WPD) ќе го гради ветерниот парк на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка од 400 мегавати, што го најави премиерот Зоран Заев при презентацијата на Интервентниот план за инвестиции за следните 6 гопдини. Ова го откри премиерот во емисија на ТВ Клан во која рече дека компанијата ќе вложи 500.000.000 евра за да го реализира проектот. Инвеститорот, како што информира Заев, го доставил целиот пакет на документација во Владата и веќе завршуваат финалните преговори. – Се работи за инвеститор кој има веќе 5 000 мегавати изградено од кои што овде на Балканот се 500 мега-вати ветеренци. Ќе направиме се да постигнеме договор и да влеземе во Парламентот со Законот за стратешки инвестиции – најави премиерот. Германската компанија има инсталирано ветерници и фотонапонски централи во 28 земји во Европа, Азија и на американскиот континент. https://plusinfo.mk/zaev-ne-izdrzha-i-otkri-germanska-wpd-e-gradi-veternici-vo-kumanovsko-krivopalanechkiot-region/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 11> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |