build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Велосипедски патеки и пунктови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 49>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19899
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Велосипедски патеки и пунктови
    Posted: Today at 18:27
Недостаток на патеки – велосипедистите кои се движат низ Чаир си го ризикуваат животот, Општината не ги одржа ветувањата







Во отсуство на паркинзи и со присуство на препреки на пешачките и велосипедските патеки, автомобилите ги „узурпираат“ тротоарите на Чаир – од „привремено“ паркирање до трајно оставање на автомобилите на нив. Еден чаирчанец неретко се соочува со различни предизвици предизвикани од автомобилите – почнувајќи од доцнење, физички или вербални пресметки, па сè до загрозување на животот, но и смрт, како што се случувало години наназад, пишува Порталб.мк.

Најекономично и најеколошко превозно средство се велосипедите и тротинетите. Меѓутоа, недостатокот на велосипедски патеки, што го попречува слободното минување, го оневозможува нивното користење низ улиците на скопски Чаир. Оние кои ќе се „охрабрат“ да ги возат истите, особено младите, велат дека, меѓу другото, тоа го прават и за своето физичко здравје.

„Секогаш сум за физички активности, без разлика дали тоа е пешачење или возење велосипед, наместо користење на јавен превоз, создавање метеж и загадување на животната средина. Како што знаеме, имаме голем проблем со аерозагадувањето. Некои места имаат велосипедски патеки, а многу други места немаат. Мислам дека се потребни, бидејќи сè повеќе студенти сакаат да возат велосипед и да бидат физички активни, па да, тие се неопходни“, изјави студент за Порталб.мк.

На паркинзите ветени во предизборната кампања, не им се гледаат ни темелите, а камоли објектите, додека при проширувањето на коловозите во кои се опфатени и велосипедските патеки, како на улиците „Цветан Димов“, „Џон Кенеди“ и „Македонско-Косовска бригада“, се додаваат дополнителни препреки, а до проширување не дојде.

На улицата „Цветан Димов“, освен тоа што не е завршено проширувањето на коловозот, се забележуваат и нови градби, узурпација на јавен простор и недозволено паркирање на пешачките патеки. Поставувањето на бетонските блокови, кои не го дадоа вистинскиот ефект, предизвикува доцнење при поминувањето низ овој пат, особено кога станува збор за јавниот превоз.

Студентите и жителите кои живеат во Чаир, исто така, избегнуваат да користат други превозни средства, бидејќи се чувствуваат загрозени. Во отсуство на велосипедски патеки, тие мора да поминуваат по тротоари или главни сообраќајници, со што ги попречуваат пешаците и слободното одвивање на сообраќајот, па така ја загрозуваат и сопствената сигурност.

„Во градот има многу малку велосипедски патеки. Би било опасно за пешаците и возилата, па дури и за нас самите да возиме велосипед на тротоар или улица. Ни требаат повеќе велосипедски патеки, дефинитивно“, изјави студентка која живее таму.

Кога продолжуваме по улицата „Џон Кенеди“, поврзувачка улица меѓу неколку населби, забележуваме дека тротоарите се непроодни, често се гледаат мајки со деца кои излегуваат на улица, како и млади луѓе на велосипеди или ученици кои следат настава во средното училиште „Цветан Димов“. Уште е свежо е сеќавањето кога, во пресрет на ифтар, едно дете го загуби животот на истата улица.

Овде ја сретнавме Нафие Селмани, многу активна велосипедистка во Чаир, која го користи овој алтернативен превоз за сите нејзини потреби. Таа вели дека честопати се соочува со опасност по животот, но дека е принудена да го користи велосипедот. Узурпацијата на тротоарите и сообраќајната култура се нејзините два предизвика, но изгледа решена да продолжи да го вози својот велосипед.

„За среќа не ми се случило да ми е загрозен животот, но, ги знам условите, поточно немањето услови за користење на велосипеди, немањето тротоари или, каде што има тротоари, тие се узурпирани со автомобили, како на пример овој тротоар овде. Јас всушност сум принудена да возам велосипед, за да стигнам до моето работно место кое е некаде од 4-5 километри оддалечено, пешачењето до таму и назад е некаде околу 10 км, што реално најголемиот дел од патот го возам велосипедот по главната улица, а ако ја додадеме овде и ниската сообраќајна култура на некои возачи, секако не на сите, ризикот станува уште поголем, но јас и секој велосипедист сме поставени пред два избора, да престанеме да возиме велосипед и да ги користиме автомобилите што ги имаме или некој друг начин на транспорт, или помалку или повеќе да си ги ризикуваме животите и да ги прекршиме сообраќајните правила бидејќи сум свесна дека не смее да се вози велосипед на главниот пат, но морам и ќе продолжам да го правам тоа. Жал ми е што ситуацијата е таква каква што е, за среќа Господ ме чувал до овој момент и после 3 години активно возење велосипед сум здрава и жива“, изјави Нафие Селмани за Порталб.мк.

Во близина се наоѓа улицата „Македонско-Косовска Бригада“, омиленото место за неодамнешни инвестиции, вклучувајќи го Меѓународниот балкански универзитет и трговски центри. Жителите на оваа област кои претпочитаат да го поминуваат времето на велосипеди или во трговските центри, вработените кои ја посетуваат оваа улица за да стигнат до неодамна отворените компании, вклучително и редовните студенти кои студираат на Балканскиот универзитет, на оваа улица речиси е невозможно да поминат со велосипеди.

Препреките на патот, како автомобилите и отпадот од градбите во овие населби, го спречуваат слободното движење, а велосипедистите се принудени да минуваат низ улиците каде што се движат автомобилите. Јавниот превоз до овие населби остана заложник на споровите на Град Скопје. Патиштата со дупки го попречуваат сообраќајот, додека алтернативниот превоз, како што се велосипедите, е предизвик во отсуство на патеките.

„Земи го велосипедот и оди во Чаир каде што живеам јас, ќе паднеш во 10 дупки. Не сум човек што го загадува воздухот, извинете. Не ми треба дозвола за велосипед. Државата треба да ми плати за користење велосипед, а тие не ми обезбедиле ни пат. Само да знаете. Одете и видете, од двете страни нема велосипедски патеки. Нема тука“, изјави жител на Чаир.

Иста е состојбата и во населбата Скопје-Север. Поставени се пластични бариери и, можеби, се направи една од двете велосипедски патеки што постојат во општина Чаир. Може да се видат дел од препреките или пластичните остатоци што таму се оставени во заборав од вработените кои треба да ги одржуваат, но не се исклучени и паркираните автомобили кои го спречуваат слободното движење на велосипедите. Чаирчани се скептични и мислат дека проблемот нема да се реши.

„Недостасуваат велосипедски патеки. Проблемот никогаш нема да се реши!“, вели еден граѓанин.

Дете во Чаир не може да научи да вози велосипед, млад човек кој има за цел подобро физичко здравје или управување со ресурсите не може да размислува за алтернативен транспорт како што се велосипеди или тротинети, граѓанинот не може да се движи слободно поради сегашната инфраструктура. Не може ниту да предупреди со ѕвонче на постоечките велосипедски патеки, бидејќи наидува на глуви уши, или предизвикува вербален и физички конфликт. Доколку одлучи да го пријави како случај, дури и полициската интервенција ќе доцни поради гореспоменатите пречки, па истото ќе остане без решение.

За споредба, нашите соседи од населбата „Дебар Маало“ каде улиците се сметаат за споредни, се движат слободно, со посебни места, според правилата – платени привремени паркинзи, пешачки патеки и велосипедски патеки. И покрај тоа што на истото место има две владини институции, три училишта и десетици ноќни клубови, кои се омилени меѓу скопјани, таму сè функционира според правилата. Тука е и булеварот „Партизански одреди“, каде граѓаните можат да возат велосипед и за нивните потреби да стигнат во релативно кратко време на подолго растојание.

Во секоја изборна кампања наидуваме на инфраструктурни ветувања, како паркинзи, широки патишта, пешачки или велосипедски патеки. Градоначалниците доаѓаат и си одат, но ситуацијата останува иста. Така, и овој мандат, ако се спореди локалната изборна програма „Избери живот, гласај зелено“ на тогашниот кандидат и актуелен градоначалник на општина Чаир, Висар Ганиу, забележливо е дека не се работело во оваа насока.

Општината не одговори на барањето на Порталб за коментар на следните прашања:

Во која фаза на реализација се подготовките за велосипедски патеки во Општина Чаир (прашањето се заснова на ветувањето од страна 24 од програмата за локални избори 2021 година, „Избери живот, гласај зелено“, на кандидатот и актуелен градоначалник на општина Чаир, Висар Ганиу, во поглавјето „Инфраструктура и патишта во општината“) и кој е рокот за конечна реализација?
Граѓаните се соочуваат со недостаток на паркинг места, а неуредно паркираните автомобили го попречуваат слободното движење на граѓаните на сегашните велосипедски патеки и јавниот превоз. Во која фаза на реализација се проектите на паркинзите (прашањето се заснова на ветувањето од страница 21, од локалната изборна програма за 2021 година, „Избери во живо, гласај зелено“, на кандидатот и актуелен градоначалник на општина Чаир, Висар Ганиу, во поглавјето „Инфраструктура и патишта во општината“) и кој е рокот за конечна реализација?
Дали истите ветувања ќе бидат презентирани и во други изборни програми?
Чаир помеѓу културно-историската ретроспектива и модерната урбанизација

Архитектот Тесним Етеми, воедно и чаирчанец и професор во СГГУС „Здравко Цветковски“, давајќи ретроспектива за градот Скопје и Општина Чаир, посебен акцент става на културно-историските остатоци, како и нивното значење, усогласувајќи ги со конструктивни идеи што ќе ги зачуваат истите и ќе понудат потенцијални можности за слободно движење. Идејата за урбанизација ја поврзува и со освестувањето и едукацијата на младите, создавајќи свест на одговорни граѓанин.

„Чаир, со своите тесни улички и урбаниот хаос, се соочува со предизвикот за интеграција на велосипедската инфраструктура. Паркирањето на возилата во тротоарите и ограничените јавни површини се главните пречки. Но, со внимателно планирање и спроведување на ефективни мерки, можно е да се создадат безбедни и соодветни патеки за велосипеди, усогласувајќи ги потребите на пешаците и јавниот превоз“, вели тој.

Интегрирањето на велосипедските патеки во Чаир е важен чекор кон побезбедна и поодржлива животна средина. Со добро осмислен план и внимателна имплементација, можно е да се создадат простории кои ги почитуваат и исполнуваат потребите на пешаците, велосипедистите и јавниот превоз, претворувајќи го Чаир во модел на успешна и одржлива урбанизација.

Можни решенија за хаосот во Чаир, според Етеми:

Преуредување на паркинзите за автомобили: Посебни зони за паркирање – создавањето наменски паркинзи надвор од главните улици би помогнало да се ослободи простор за велосипедски патеки и тротоари. Овој паркинг може да се организира на неискористени простори или на катни паркиралишта.
Политики за паркирање: Воспоставувањето строги политики за паркирање на улица, вклучувајќи казни и строгото спроведување на правилата за паркирање, ќе го обесхрабри нелегалното паркирање и ќе создаде побезбедна средина за сите.

Создавање велосипедска инфраструктура: Велосипедски патеки – создавање на одвоени и сигнализирани велосипедски патеки на главните улици на Чаир. Овие патеки мора да бидат безбедни и достапни, вклучувајќи јасни знаци за одвојување на сообраќајот.
Јавни велосипеди: Воведување на јавен велосипедски систем со станици на клучните точки во населбата, што ќе ја поттикне употребата на велосипеди и ќе ја намали зависноста од приватни автомобили.

Подобрување на пешачката инфраструктура:
Пошироки тротоари: Проширување на тротоарите за да се обезбеди доволно простор за пешаците и да се спречи паркирање на автомобили на нив.

Пешачки премини: Поставување безбедни пешачки премини на секоја раскрсница и соодветна сигнализација за велосипедски премини.

Подобрување на јавниот превоз:
Густа автобуска мрежа – подобрување на фреквенцијата и покриеноста на автобуските линии за да се направи јавниот превоз поатрактивна и посигурна алтернатива.

Нови станици – поставување на нови и модерни автобуски станици во стратешките области на Чаир за да се олесни пристапот и користењето на јавниот превоз.

Свесност и едукација: Кампањи за подигање на свеста – организација на кампањи за подигање на свеста кај граѓаните за важноста од користење велосипеди и почитување на сообраќајните правила за побезбедна и поздрава животна средина. Едукација на децата и младите – едукација на децата и младите во училиштата за придобивките од користењето велосипеди и правилата за безбедност на патиштата.
Имплементација и мониторинг: Координирано планирање и спроведување – Градот Скопје треба да соработува со експерти за урбанистичко планирање, сообраќајни планери и локалната заедница за да изработи и спроведе интегриран план.

Мониторинг на спроведувањето: Посебна група експерти за следење на спроведувањето на планот ќе се погрижи секоја мерка да биде успешно имплементирана и да се прават континуирани подобрувања врз основа на повратните информации и потребите на луѓето.

https://meta.mk/nedostatok-na-pateki-velosipedistite-koi-se-dvizhat-niz-chair-si-go-rizikuvaat-zhivotot-opshtinata-ne-gi-odrzha-vetuvanjata/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15099
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Apr-2024 at 22:29
Струга

20240410_055718-01 by Struga City, on Flickr

20240410_055837-01 by Struga City, on Flickr

Struga by Struga City, on Flickr

20240410_063658-01 by Struga City, on Flickr

20240410_060121-01 by Struga City, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19899
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Mar-2024 at 19:08
ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ВО СКОПЈЕ БЛОКИРАНА И СО КОНТЕЈНЕРИ И СО КУПИШТА ЃУБРЕ ОКОЛУ НИВ



Велосипедската патека на улицата Орце Николов во скопската општина Центар е блокирана со купишта ѓубре. Покрај паркираните возила во близина на Боемска улица и контејнерите кои се среде улица, на патеката стојат растурени ќеси, бидејќи садовите се преполни, а возила на ЈП „Комунална хигиена“ викендов не поминале да го соберат ѓубрето.

За поставените контејнери до велосипедски патеки во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов остро реагираа од граѓанската иницијатива „На точак“. Во нивните реакции до Град Скопје стоеше дека новите контејнери со ножно отварање на капаците се поставени среде патеките и велосипедистите морале да ги заобиколуваат. Патеките беа нацртани со мало накривување на правецот на движење.

И градоначалничката Данела Арсовска, како кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во изборната кампања „За модерно Скопје“ држеше прес-конференции пред контејнерите.

После две години мандат на Арсовска, контејнерите не се тргнати како што бараа тогаш „На точак“ туку дополнително патеките се затрупани и со ѓубре.

Од „Комунална хигиена“ нема одговор зошто ѓубрето не е собрано, затоа што раководителите на јавните претријатија и службите за односи со јавност имаат забрана да контактираат со медиуми.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/velosipedskata-pateka-na-ortse-nikolov-vo-skopje-blokirana-i-so-kontejneri-i-so-kupishta-gubre-okolu-niv/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19899
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Jan-2024 at 19:07
Се остварува уште еден проект од програмата За Модерно Скопје, за развој на велосипедска мрежа со што граѓаните на градот Скопје добиваат целосно нова велосипедска патека, која ги поврзува општина Гази Баба со општините Центар и Аеродром.
Новите вело патеки се простираат на должина од два километри, односно по еден километар во двата правци на улицата „808“ во населбата Автокоманда. На истиот потег се работи на целосно нов зелен појас, како и на нова пешачка патека, со што се овозможува поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообрaќајот.
Со активностите на терен се реализира проектот „Скопје-град на велосипеди“ кој е еден од стратешките проекти од програмата „За модерно Скопје“. Во изминатите две години, градот Скопје инвестира во повеќе од 30 километри нови велосипедски патеки во сите скопски општини, а проектот го изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје.





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Carpe diem
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Dec-2023 at 21:48
Се согласувам за паркингот пред Олимписки, дека би било логично да е под земја, а над него да има парк, но кај нас со подземни паркинзи и одржување катни гаражи се скарани надлежните...
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1116
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Dec-2023 at 20:24
Затоа што огромен процент од парцелава која е наменета за зеленило е всушност асфалт. Ист таков асфалт ради кој се крена галама што се става во Градски парк. Наместо покрај булевар и во ДУП како Ново маало (каде буквално секој простор е и ќе биде заземен од 5-7 катници) да се формира парк максимално покриен со дрва, мораше памп трек да прават.

Во нормален град (доволно е во регионов да се видат примери) цел овој потег, заедно со паркингот пред Олимписки, се денивелира под земја и се добиваат дупло повеќе паркинг места, а на 0 точка се прави парк како што треба.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Dec-2023 at 17:36
Originally posted by <Fresno>

Најголема глупост. Треба да се ослободи што побрзо просторов од непотребниот асфалт и да се претвори во нормален парк со многу дрва.

Зошто глупост? Баш добар проект, само треба да се одржува ама одржување како поим изгледа е заборавен во нашава држава.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 491
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Dec-2023 at 09:20
Има ли некој мапа / карта од сите велосипедски патеки во Охрид?
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1116
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Oct-2023 at 21:06
Најголема глупост. Треба да се ослободи што побрзо просторов од непотребниот асфалт и да се претвори во нормален парк со многу дрва.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19899
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Oct-2023 at 15:10
Издржа одвај четири години: Памп трак полигон остана без трева и ограда, ќе остане ли и без асфалт?



Се прават, во нив се трошат пари собрани од граѓаните, а потоа се оставаат да се распаѓаат. Ваква е судбината на многу од објектите правени во Скопје од градските управи кои ја воделе метрополата во различни мандатни периоди. Новите градоначалници тргнуваат да ги реализираат своите изборни програми, ќе успеат нешто да направат, но потоа се случува сосема спротивното. Наместо долгу години да им служат на граѓаните, таквите објекти се оставаат сами на себе си, на негрижата и на вандализмот на несовесните граѓани и за кусо време пропаѓаат. Примери има многу – тревници, детски игралишта, паркчиња, видиковци, клупи, улици…

А таков е случајот и со адреналинската патека за велосипедистите и скејтерите во централното градско подрачје кај Олимпискиот базен „Центар“. По четири години откако е направен овој Памп трак полигон наменет првенствено за младите во градот тој веќе пропаѓа. Оградата во најголем дел е искршена, теренот е полн со несобрани отпадоци, тревата е речиси целосно исушена, а веќе се гледа дека оштетувањата го зафаќаат и асфалтот… Прашање на блиско време е кога полигонот направен во времето кога на чело на градот беше Петре Шилегов ќе стане сосема неупотреблив со оглед на негрижата кон него.

Зошто е вака, треба да одговоран надлежните. За жал, не е само овој објект на кој му се случува пропаѓање. Таков е случај и со спомениците во централното градско подрачје, со корпите и контејнерите за отпадоците… Тоа само го поставува прашањето: вреди ли воопшто нешто да се прави по градот ако подоцна не се заштитува и одржува?

https://skopskoeho.mk/izdrzha-odvaj-chetiri-godini-pamp-trak-poligon-ostana-bez-treva-i-ograda-kje-ostane-li-i-bez-asflat
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19899
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Aug-2023 at 17:29
Битола на чекор до велопатеки од над 5 километри



На неполн месец пред почетокот на Европската недела на мобилност, општина Битола е горда што може да најави голем и значаен проект за граѓаните.

На 30-тата седница на Советот на општина Битола, која ќе се одржи во среда на 23 август, на дневен ред ќе се најде Одлуката за измена на одлуката за согласност и кофинансирање на проектот Смарт4ѕоу2, средства предвидени за Реконструкција на постоечки тротоари со изградба на велосипедски патеки во должина од 5280 метри.

Со потпишувањето на анексот од страна на Делегацијата на Европската Унија, во кој се дозволува пренамена на средствата од проектот Смарт4ѕоу2, за реконструкција на тротоарите на улиците Васко Карангелевски и Партизанска, по што соодветно ќе се изведат и велосипедски патеки, Битола ќе добие велосипедски дел во должина од над 5 километри, со една заокружена велосипедска целина. Реконструкцијата ќе се изведе на веќе постоечките тротоари, во ширина од 3 метри, без да се нарушува зелениот појас на улиците.

За овој проект веќе е изработена техничка докумантација, како и основен сообраќаен проект за воведување на велосипедски патеки во централно градско подрачје во Битола, со сите потребни одобренија.

Реконструкција на постоечките тротоари на дел од ул.„Васко Карангелевски“ и ул. „Партизанска”, ќе се одвива на следните делови:

На ул. ”Васко Карангелевски” од десна страна, од кружниот тек кај „Педагошка” до кружен тек кај „Веро”, на дел од ул.„Партизанска“ од десна страна, од крстосницата со ул.„Тодор Паница“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“ и од лева страна од кружен тек кај „Веро“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“.

https://www.vecer.press/битола-на-чекор-до-велопатеки-од-над-5-к/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19899
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-May-2023 at 16:41
СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА НЕ ОДОБРИ ДА СЕ ГРАДАТ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ

Советот на Општина Битола не го одобри проектот на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за изградба на велосипедски патеки на две од најголемите сообраќајници во Битола. Сите други советници, и оние со кои го имаа претходното мнозинство како Поинаку и Левица, па и опозицијата, гласаа воздржано сметајќи дека проектот не е комплетно изработен. Не беше изгласана измена на програмата за економски развој и од буџетот не се обезбедија над половина милион евра за реконструкција на тротоарите на улиците Васко Каранглевски и Партизнска, каде се предвидуваа патеките.

На презентација на проектот, Борче Галевски, градежен инженер-проектант од Јавното претпријатие за урбанистичко планирање рече дека ова е проект за реконструкција на тротоарот од едната страна на улицата Васко Карангелевски до спојот со кружниот тек кај „Веро“, но не и конкретно за изградба на велосипедски патеки кои би се правеле подоцна. На тротоарот од три метри, два ќе останат за пешаци, 80 сантиметри за велосипеди кои ќе бидат одделени со линии од по 10 сантиметри. Но, во предвидените 500 илјади евра нема трошоци за велосипедски патеки.

Од Поинаку гласаа воздржано зашто проектот е само делумно сработен и нема јасни податоци колку дрвја и зеленило ќе бидат исечени. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска рече дека на прашањето кога ќе бидат готови велосипедските патеки, ѝ било речено писмено да се обрати до градоначалникот.

„Кога јас како претседателка не можам да добијам одговор, тогаш како граѓаните би знаеле за каков проект се работи“, рече таа.

Жаклина Наумовска, советничка од СДСМ, реле дека ова наликува на проектите од времето „Миле ми текна“ или на фамозната велосипедска патека што ексградоначалникот Владимир Талески ја исцрта со бели линии низ пешачката зона на Шеталиштето.

Заменик-градоначалникот и координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Бојкоски, кажа дека од страна на советничките групи се случи класичен пуч кон љубителите на велосипедизмот и дека битолчани ќе видат вистинското лице на оние кои се лицемерни.

„Зеленилото нема да биде оштетено. Ќе има само реконструкција на постоечката состојба на пешачката патека, некаде минимално проширување и врз основа на одобрениот сообраќаен проект од 2014 , се изработува градежно конструктивен прокет. Кога ќе бидат реконструирани патеките истите ќе бидат обележани за велосипеди. Некој сака тука тезите да ги извртува“, рече Бојкоски.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/sovetot-na-opshtina-bitola-ne-odobri-da-se-gradat-velosipedski-pateki/
Carpe diem
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-May-2023 at 22:43
Иначе дај боже да дојде до физички одвоени вело-патишта на регионално меѓу-градско ниво. Тоа е нешто што со две раце и нозе би потпишал.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-May-2023 at 22:41
Па ја убаво си пишав „на локални улици“.
За Парапунов конкретно мислам дека сите кои ја користат се свесни за поставените препреки (перничињата, а и редовно по некој паркиран „на кратко“ пред Специјал) и дека немаат фајде од многу брзање и претекнување точаци.
Општо чинам дека има малку подобрување во однос на почитувањето на некои сообр. правила. Пример денес повеќе од порано коли кои вртат десно застануваат и ја почитауваат предноста на пешаците и велосипедистите на тие велопремини (од „копно“ кон „остров“ и обратно)

На Питу патеката не е одвоена од пешачката, иста површина е само дел е обележан за велосипеди (слично е и на Илинденска од матично до крај). И постојано има пешаци на вело делот.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 491
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-May-2023 at 02:07
Originally posted by zabegan

Originally posted by fichot

Немало патеки конектори. Измеѓу булеварите 8.IX и СвКО може комотно на точак да пресечеш од Партизанска кон Илинденска преку Ленинова, 29.XI/Боемска2, и Тесла.

Сепарирање на вело-сообраќајот од моторниот по локални улици е контра продуктивно пошто само им даваш услови на моторџиите побрзо да возат.
На Парапунов направија вело-патека, а тротоар нема (т.е. се користи за паркинг) и најмногу има пешаци на вело-патеката, а побезбедно е возење точак по коловозот.   
многу ми е смотан тој аргумент дека е побезбедно така затоа што би наведувало луѓе да возат побезбедно... оние што не ги почитуваат сообраќајните правила и онака нема да ги почитуваат
ја сум за тотално делење на типовите на превоз во своја лента, со сопствен простор, со можност на мешање онаму каде што просторот не го дозволува тоа, поентата е што е можно побрзо и поудобно да стигнеш од точка А до Б низ градов, без разлика како го правиш тоа


Исто, се сложувам.

Најдобар пример според мене е бул. Кузман Јосифовски Питу после Железничка па се до Порта Аеродром. И од двете страни има двонасочна велосипедска патека, физички раздвоена и си има и посебна патека / простор за пешаци. Делот после Порта Аеродром па се до Капитол / Реонски Центар (бул. Јане Сандански) исто така не е лошо решение, само што овде за жал има еднонасочни велосипедски патеки, а не двонасочни на секоја страна.

На многу места кога некој треба да оди од левата страна на булеварот мора или да вози во спротивна насока, или да вози во соодветната насока, па после да помине од една на друга страна, и да заврти па да стигне на посакуваната цел. Друго башка што во овој случај на Јане Сандански возиш блиску до самиот коловоз, иако физички одвоено, не е баш најдобро да си веднаш до возила.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 07-May-2023 at 03:35
Originally posted by fichot

Немало патеки конектори. Измеѓу булеварите 8.IX и СвКО може комотно на точак да пресечеш од Партизанска кон Илинденска преку Ленинова, 29.XI/Боемска2, и Тесла.

Сепарирање на вело-сообраќајот од моторниот по локални улици е контра продуктивно пошто само им даваш услови на моторџиите побрзо да возат.
На Парапунов направија вело-патека, а тротоар нема (т.е. се користи за паркинг) и најмногу има пешаци на вело-патеката, а побезбедно е возење точак по коловозот.   
многу ми е смотан тој аргумент дека е побезбедно така затоа што би наведувало луѓе да возат побезбедно... оние што не ги почитуваат сообраќајните правила и онака нема да ги почитуваат
ја сум за тотално делење на типовите на превоз во своја лента, со сопствен простор, со можност на мешање онаму каде што просторот не го дозволува тоа, поентата е што е можно побрзо и поудобно да стигнеш од точка А до Б низ градов, без разлика како го правиш тоа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 06-May-2023 at 07:31
Немало патеки конектори. Измеѓу булеварите 8.IX и СвКО може комотно на точак да пресечеш од Партизанска кон Илинденска преку Ленинова, 29.XI/Боемска2, и Тесла.

Сепарирање на вело-сообраќајот од моторниот по локални улици е контра продуктивно пошто само им даваш услови на моторџиите побрзо да возат.
На Парапунов направија вело-патека, а тротоар нема (т.е. се користи за паркинг) и најмногу има пешаци на вело-патеката, а побезбедно е возење точак по коловозот.   
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-May-2023 at 22:54
стварно не го сфаќам фетишот на велосипедски патеки на ниво на коловозни ленти, онаму каде што нема потреба од тоа
тоа е скроз импровизирано решение и обично одговара на мали улици без простор на тротоар и без повеќе од една коловозна лента во правец, во најчест случај патеките не се почитуваат и ужасно се прљаат со ѓубре избуткано од коловозот
уште па коментарот дека тоа спречувало паркирање на коловоз е пресмешен, затоа што сите знеме дека проблемот не леќи во тоа, и единствено нешто што им носи тоа на велосипедистите е да се бунат по социјални мрежи „глеј како се паркирал овој“, нешто за кое што и без патека би се бунеле возачите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19899
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 04-May-2023 at 16:53
Улицата Рузвелтова ги разочара велосипедистите



ИНФРАСТРУКТУРНИ РЕШЕНИЈА И ИЗВЕДБИ БЕЗ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ?!
Заврши реконструкцијата на улицата Рузвелтова, на потегот од булеварот Илинден до булеварот Партизански одреди. Обновена е површина од 7.350 м2 и во должина од 600 метри. Сепак, реконструкцијата не наиде на позитивни критики, особено од страна на велосипедистите. Како што велат, со реконструкцијата само се обнови асфалтот, но не се направи ништо ново.

Вело(не)пријателски град


Градските власти велат дека со реконструкцијата се овозможува зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот.
Меѓутоа, со оваа констатација не се согласуваат сите. Велосипедистите од „На точак“ реагираа дека оваа реконструкција е залудно направена, бидејќи не е направено ништо ново.
– Уште една пропуштена шанса за Скопје со реконструкција на улица да добие поквалитетно решение. Да повториме: улицата Рузвелтова е на 1.000 метри од Климент Охридски и на 700 метри од 8 Септември, најблиските булевари каде што има велосипедски патеки/ленти. Односно, најблиската велосипедска инфраструктура во правецот север-југ во овој „развиен“ дел од Скопје изнесува дури 1.700 метри, односно 1,7 километар. Страшно! По правилата за велосипедски мрежи во ваков тип на густа градска средина велосипедски патеки треба да има на секои 250, максимум 500 метри, а не на 1.000 + 700 = 1.700 метри! Поразително! Вака не се прави велопријателски град – реагираат велосипедистите.
Според нив, улицата Рузвелтова можеше и требаше да стане важен градски велоконектор меѓу булеварите Илинден, Партизански одреди и Гологанов, дел од градската веломрежа, врска на Капиштец и Водно со Буњаковец, Дебар Маало, Карпош 1, Градскиот парк, Вардар…
За велосипедистите но и за оние што користат велосипед како превозно средство, решение морало да се најде, тие велат дека на тој начин ќе се спречело паркирањето по должината на улицата и пред кафулињата.
– Ако се воведеа велопатеки на оваа улица, автоматски ќе им се оневозможеше паркирањето пред кафуле, аптека, казино, продавница на сите автомобили, комбиња, џипови и слични превозни средства – вели велосипедист од Скопје.
Сите велат дека на овој начин се направил само поубав паркинг за кафулињата, затоа што сепак се вози по една лента, бидејќи другата се користи како паркинг.

БРЗАТА ИЗВЕДБА НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА – ЗА ПОФАЛБА

Градежните активности за реконструкција на улицата Рузвелтова завршија пред предвидениот рок, а овој начин на реализација на новите градски инфраструктурни проекти, системски, со претходно елиминирање на детектираните недостатоци, ќе резултира со брзо, навремено и квалитетно изведување. Од граѓаните, сепак, беше пофалена брзината со која заврши реконструкцијата.
Тие велат дека одамна не била завршена толку брзо реконструкција на улица во Скопје.
– Потребно ни е брзо решавање на проблемите, за да можеме нормално да функционираме, особено на оние локации каде што се случува сообраќаен метеж. Тоа што е добро, секако дека е за поздрав. Меѓутоа, сметам дека треба да се слуша гласот на народот, поточно на оние што всушност ги користат улиците. Не дека властите не ги користат, меѓутоа ние секојдневно сме заглавени во некој метеж. Еве, јас со велосипедот на пример можам да возам по Рузвелтова, но ќе бев многу побезбеден доколку имав патека наменета за моето превозно средство. Сега е поинаку, треба да возам по коловозната лента, каде што возат и автомобили и камиони – вели Маријан Трајановски.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/ulicata-ruzveltova-gi-razochara-velosipedistite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19899
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Apr-2023 at 17:11
Со поддршка на ЕУ, Струмица ќе стане „вело смарт град“

Струмица станува паметен вело град. Со поддршка на Европската Унија општината интензивно гради велосипедски патеки кои опфаќаат три булевари, дел од градскиот парк и десетина улици.

Пет километри од планираните 11 веќе се изградени и ставени во функција. Градоначалникот Костадин Костадинов вели дека со овој проект освен што се овозможува ефективно решение за проблемите на урбаната мобилност, се поттикнува и употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичен начин на превоз.

Целиот проект чини 750.000 евра, средства кои Струмица ги доби како грант од Европската Унија преку програмата „ЕУ за општините“. На повикот кој беше објавен од страна на канцеларијата на ЕУ можност за аплицирање имале сите општини во државата, но биле избрани само осум меѓу кои и Струмица.

За добивање на грантот требало да бидат исполнети неколку услови и индикатори меѓу кои и одржливоста на самиот проект.

Велосипедистите кои веќе ги користат патеките ја поздравија реализацијата на проектот. Велат сега имаат многу поголема безбедност и поедноставен начин за возење. Но, сметаат дека она што ќе биде неопходно во иднина се кампањи за подигање на свеста кај сите учесници во сообраќајот.

Проектот „Strumica – Smart velo city” е предвидено да трае до 2025 година, а опфаќа неколку фази. Освен изградбата на велосипедски патеки планирана е набавка и на 150 смарт велосипеди наменети за користење од страна на граѓаните.

https://nezavisen.mk/so-poddrshka-na-eu-strumica-kje-stane-velo-smart-grad/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 49>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.