![]() |
![]() |
![]() |
Општинска зграда Карпош |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() Posted: 27-Dec-2024 at 21:13 |
Општина Карпош во 2025-та ќе се всели во нова зграда
https://www.slobodenpecat.mk/opshtina-karposh-vo-2025-ta-kje-se-vseli-vo-nova-zgrada-centar-kje-zapochne-da-ja-gradi/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Осумте месеци за изградба на општинската зграда на Карпош станаа 12 години и уште не е готова
Завршувањето на изградбата досега повеќепати беше најавувано, но сега од Општината се повнимателни и не даваат никакви прогнози, туку велат дека тоа зависи од парите што можат да се издвојат во буџетот за наредната година за оваа намена. Новата општинска зграда на Карпош е веројатно најдолго градениот административен објект во Скопје. Се гради веќе 12 години и сѐ уште не се знае кога ќе биде завршена, иако кога започнаа градежните работи, есента 2012 година, беше кажано дека за осум месеци Општината ќе добие нова зграда. Целиот проект требаше да чини помалку од три милиони евра, но низ годините, особено последниве кога сериозно се зголемија цените на градежните материјали, инвестицијата значително порасна. На патот на изградбата се испречија многу пречки, а општинската администрација остана сместена во бараките во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“. Од Општина Карпош велат дека сѐ уште не можат да кажат кога зградата ќе биде готова, дека тоа зависи од парите што можат да се издвојат за оваа намена, но дека се работи и дека само во изминатите три години во неа се вложени повеќе од половина милион евра. Во новата општинска зграда сѐ уште се изведуваат градежни активности и не е подготвена за вселување. Динамиката на работењето е во согласност со средствата што се одвојуваат за нејзино завршување. Од 2021 година до сега за општинската зграда се искористени 33.727.000 денари. Само оваа година се потрошени 5,7 милиони денари општински пари за внатрешно уредување, а до крајот на годината ќе бидат искористени и 10 милиони од ребалансот на Буџетот. Колку средства ќе бидат одвоени за довршување на општинската зграда за следната година ќе знаеме по донесувањето на Буџетот на општината за 2025 година, кој во моментот е во изработка – објаснуваат од Карпош. Оптимистичките најави за нејзиното довршување досега не се остварија. Во 2016 година се очекуваше изградбата да финишира во мај и веднаш потоа во неа да се всели администрацијата. Тогаш беше речено дека веќе е поставена електричната изолација и дека останува да се постават подовите, керамичките плочки и санитарен јазол. Но, од 2017 до 2021 година работите на објектот сосема запреа, а тогашниот градоначалник Стефан Богоев четири години се обидуваше да најде решение како да се доизгради новата зграда, затоа што она што веќе било изградено, како што тврдеше, отстапува од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба. Со цел да се надминат пречките и да се дојде до решение со кое би се откочил процесот на изградба, во Општината беше формирана работна група што требаше да ја провери целата документација во врска со новата општинската зграда, а потоа започна изработка на нов проект. Градоначалникот Стевчо Јакимовски, набрзо по преземањето на мандатот најави дека ќе побара од Советот на општината во буџетот за следната година, да се обезбедат средства за довршување на изградбата за да може во текот на 2022 година да биде пуштена во функција.На прашањето од „Слободен печат“ како Јакимовски планира да ја доврши зградата кога изградбата е запрена затоа што објектот отстапува од проектот, од Карпош кусо одговорија дека во тек е постапка за измени во тек на градба, што е во согласност со законите. Увид во градежните работи градоначалникот направи и на почетокот на минатата година при што беше констатирано дека издвоените 23 милиони денари од буџетот на Општина Карпош за 2023 година нема да бидат доволни за довршување на целата зграда. Од тие причини, како што објасни тогаш, во функција требаше да бидат ставени приземјето, првиот и вториот кат, за до септември да можат во неа да се преселат најголем дел од општинските служби. Останатите катови требаше да бидат завршени годинава. Тоа не се случи, а од Општината сега се повнимателни и не даваат никакви прогнози кога би завршиле градежните работи. Колку за потсетување, новата административна зграда е сместена на местото на поранешните општински бараки, кои беа стари речиси 40 години. Објектот се гради според идејното решение на архитектонските студија „Скарс“ и „Архитекти“. Зградата има пет надземни нивоа, при што секторите треба да бидат сместени по катови, а на приземјето да се врши прием на странки и да биде сместена архивата. Кога тоа ќе се случи, засега не се знае. https://www.slobodenpecat.mk/osumte-meseci-za-izgradba-na-opshtinskata-zgrada-na-karposh-stanaa-12-godini-i-ushte-ne-e-gotova/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
I.1) Предмет на договорот за јавна набавка:
Изведување на завршни занаетчиски работи на административен објект на локалната самоуправа на Општина Карпош II.9) Времетраење на договорот: Период во месеци: 12 Име на носителот на набавката: Друштво за градежништво,производство трговија и услуги увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје IV.3.4) Вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ: 27.883.372,86 (453,388 €) https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/ddbd9724-c63c-454b-b41c-238589662f86 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Се довршува и новата општинска зграда на локалната самоуправа во Карпош. Оттаму велат дека е во тек оглас за јавна набавка за избор на изведувач за изведба на завршните занаетчиски работи на административниот објект на локалната самоуправа. – До крајот на месецот треба да се избере најповолниот понудувач, кој ќе треба да изврши поставување на електрика, осветлување, санитарии, одвод, санитарен и противпожарен водовод, хидро, термичка и звучна изолација, молерофарбарски работи, керамичарски работи и друго – потенцираат од Општина Карпош без да прецизираат кога би можело да се очекува објектот да биде готов. Градоначалникот Стевчо Јакимовски беше на увид во новиот објект на почетокот од јануари годинава, при што беше констатирано дека издвоените 23 милиони денари од буџетот на Општина Карпош за 2023 година нема да бидат доволни за довршување на целата зграда. Од тие причини, беше одлучено годинава да се стават во функција приземјето, првиот и вториот кат за да може најголем дел од општинските служби да се преселат во новата зграда некаде до крајот на септември. – Се планира објектот да биде довршен и целосно да биде ставен во функција во текот на следната година – соопштија тогаш од Општина Карпош. Инаку, новиот објект на Општина Карпош „влезе“ во дванаесеттата година од почетокот на изградбата. Кога почна да се гради во 2012 година, тогашниот и сегашен градоначалник Стевчо Јакимовски најави дека ќе биде готова за осум месеци. Во текот на градбата, Општината промени неколку фирми изведувачи, а за зградата беше земен кредит во висина од 1,4 милиони евра. Последниве неколку години, Општината бараше решение за да се надмине проблемот, бидејќи она што беше изградено отстапуваше од проектот врз основа на кој беше добиено одобрението за градба. https://www.vecer.press/општина-ѓорче-петров-официјално-ќе-го/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЈАКИМОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДВА КАТА ОД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ГОДИНАВА, БОГОЕВ 4 ГОДИНИ НЕ ЈА ПИПНА И ТВРДЕШЕ ДЕКА Е УТНАТ ПРОЕКТОТ
Приземјето и првите два ката од административната зграда на Општина Карпош ќе бидат готови до септември, вели градоначалникот Стевчо Јакимовски. Градежните работи на зградата 4 години беа во застој односно, ексградоначалникот Стефан Богоев не ја пипна зградата оти тврдеше дека бил утнат проектот и објектот нема да може да добие употребна дозвола. Јакимовски вели дека проектот никогаш ни бил утнат туку се прават измени во тек на градба. „Објектот ќе се заврши со измени во тек на градба. Во моментов имаме имотно-правни проблеми односно во 2012 кога почнавме со градбата целото земјиште беше во сопственост на Република Македонија. Во меѓувреме околу 80 квадрати во процес на денационализација за вратени на физички лица. Во моментов работиме на нивно обештетување“, вели Јакимовски. Во буџетот за оваа година за општинската зграда се предвидени 23 милиони денари (400.000 евра). Јакимовски вели дека овие пари нема да бидат доволни за завршување на целиот објект, па годинава ќе се работи на приземјето, првиот и вторниот кат каде 70 отсто од работите се завршени. Од буџетот за наредната година ќе се предвидат пари за довршување на зградата и во 2024 таа ќе биде комплетно готова. „Нема поголеми оштетувања на објектот, со оглед дека 4 години стоел и не се работело ништо. Има протекување на 4-5 места што е многу мала штета. Планираме во септември дал од општинските служби да ги префлиме во зградата, бидејќи приземјето и првите два ката ќе бидат целосно функционални. Во зградата ќе бидат префлени сите подрачни единици на институциите и така граѓаните на едно место ќе можат да си ги завршуваат работите“, вели Јакимовски. Јакимовски додава дека финансиската состојба на Општина Карпош е стабилизирана и дека долгот кој го наследил од 5,5 милиони евра сега е само 160.000 евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jakimovski-veli-deka-dva-kata-od-opshtinskata-zgrada-ke-bidat-gotovi-godinava-bogoev-4-godini-ne-ja-pipna-i-tvrdeshe-deka-e-utnat-proektot/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЈАКИМОВСКИ НА УВИД ВО НОВАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА: ДО КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА ДЕЛ ОД ОБЈЕКТОТ
Градоначалникот Стевчо Јакимовски беше на увид во новиот објект при што беше констатирано дека издвоените 23 милиони денари од буџетот на Општина Карпош за 2023 година нема да бидат доволни за довршување на целата зграда. Од тие причини беше одлучено годинава да се стават во функција приземјето, првиот и вториот кат, за да можат најголем дел од општинските служби да се преселат во новата зграда некаде до крајот на септември. Објектот се планира да биде довршен и целосно да биде ставен во функција во текот на следната година. ![]() ![]() https://twitter.com/OpstinaKarpos/status/1610997423098167296/photo/3 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Јакимовски на мускули бутка да се доврши општинската зграда
![]() Не се знае дали недоизградената општинска зграда на Карпош ќе се пушти во употреба годинава, иако градоначалникот Стевчо Јакимовски во ноември минатата година, кога го започна мандатот, најави дека ќе побара од советниците во буџетот за следната година да се обезбедат средства за нејзино довршување. Во изјава за весникот ВЕЧЕР, Јакимовски истакна дека за годинава, со буџетот на Општина Карпош не се предвидени средства за доизградба на општинската зграда. Со ребалансот на буџетот, ќе се обидам да издејствувам средства за доизградба на општинската зграда. И тоа на тој начин што ќе ги конвертираме долговите во обврзници. Располагаме со 470 милиони денари, кога ќе се издвојат за плати, за други давачки, нема да остане ништо. Освен тоа, предвидени се 20 милиони денари за замена на покриви и на лифтови. И да имаме приходи поголеми од 470 милиони денари, не можам да ги трошам, бидејќи морам да оставам за наредната година – вели Јакимовски. Општинската зграда почна да се гради во претходниот мандат на Јакимовски, но Стефан Богоев кој го наследи, ја стопираше натамошната изградба. Јакимовски вели дека неговиот претходник, Богоев, не можел да ја доврши оти го утнал проектот. Објаснува дека она што било изградено, во голема мера отстапувало од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба, па зградата нема да може да добие употребна дозвола. Зградата на Општина Карпош почна да се гради во октомври 2012 година и Јакимовски, како тогашен градоначалник, најави дека ќе биде готова за осум месеци. Во текот на градбата, Општината промени неколку фирми изведувачи, а за зградата беше земен кредит во висина од 1,4 милиони евра. И Општина Ѓорче Петров нема средства за продолжување на изградбата на општинската зграда. Оттаму велат дека работите ќе продолжат штом ќе се овозможат услови. – Во моментов, не е во фокусот довршување на општинската зграда, поради ограничените буџетски средства. Инаку, градежните работи околу овој објект се речиси 90 проценти готови – истакнаа од локалната самоуправа. https://www.vecer.press/јакимовски-на-мускули-бутка-да-се-довр/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Како Јакимовски ќе ја доврши новата општинска зграда кога изграденото досега отстапува од проектот?
Новиот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави дека ќе побара од општинскиот Совет во буџетот за следната година да се обезбедат пари за довршување на изградбата на новата општинска зграда за да може во текот на 2022 година објектот да биде пуштен во употреба. -Утрово дојдов да ја видам општинската зграда. За жал забележав дека некаде прокиснува. Така е кога нема луѓе во некој објект, тој пропаѓа. Ќе се потрудам на седница на Совет со новиот буџет да обезбедиме средства за оваа зграда и наредната година да ја пуштиме во функција – рече Јакимовски. Но, како што е познато, проблемот со доизградба на овој објект не беа парите, туку фактот дека она што досега е изградено отстапува од проектот. -Сакаме да ве информираме дека во тек е постапка за измени во тек на градба, што е согласно законите – одговараат кусо од Општина Карпош на прашањето од „Слободен печат“ како планира градоначалникот Јакимовски да ја доврши новата општинска зграда кога изградбата е запрена затоа што објектот отстапува од проектот. Претходното раководство, на чело со градоначалникот Стефан Богоев четири години се обидуваше да најде решение како да се доизгради новата зграда каде требаше да биде сместена општинската администрација, затоа што она што е веќе изградено отстапува од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба. Со цел да се надминат пречките и да се дојде до решение со кое би се откочил процесот на изградба, во Општината беше формирана работна група која требаше да ја провери целата документација во врска со новата општинската зграда. Во септември годинава од Карпош информираа дека работната група, составена од стручните служби на општинскиот Секторот за урбанизам направиле увид и ја провериле целокупната документација. -Со оглед на тоа што веќе постоечкиот објект (новата општинска зграда) отстапува од основниот проект, во тек е постапка за изработка на нов проект. Откако стручните лица ќе го изработат проектот, за него ќе биде поднесено барање до Министерството за транспорт и врски, со цел завршување на општинската зграда – тврдеа тогаш во Карпош. Дали во меѓувреме е изработен нов проект и доставен до надлежното Министерство, нема конкретен одговор од Општина Карпош. https://www.slobodenpecat.mk/kako-jakimovski-kje-ja-dovrshi-novata-opshtinska-zgrada-koga-izgradenoto-dosega-otstapuva-od-proektot/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово направи увид во новата општинска зграда чија изградба беше стопирана во изминатите четири години.
Јакимовски најави дека ќе побара од советот на општината во буџетот за следната година, да се обезбедат средства за довршување на изградбата за да може во текот на 2022 година да биде пуштена во функција. - Утрово дојдов да ја видам општинската зграда. За жал забележав дека некаде прокиснува. Така е кога нема луѓе во некој објект, тој пропаѓа. Ќе се потрудам на седница на совет со новиот буџет да обезбедиме средства за оваа зграда и наредната година да ја пуштиме во функција, рече градоначалникот Јакимовски. https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ова остана вака недовршено,веќе се забележува и одредено оштетување на фасадата од атмосферски влијанија(од твитер)
![]() |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Со дополнителни трошоци, овој проблем, барем во делот на каква-таква функционалност на оваа зграда можеби донекаде и ќе се реши... Но има тука многу поголем проблем, системски. Додека нема последици за ваков однос кон јавни функции и кон јавни пари, постојано ќе имаме репризи на вакви ситуации! Спомнати се вакви работи: - Она што досега е изградено во голема мера отстапува од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба. - Наменскиот кредит кој бил подигнат се користел за други цели наместо да се исплаќаат фирмите изведувачи. Епа колку криминал треба да се направи, за луѓе да завршат во затвор, а надоместок на материјалната штета да се направи преку конфискација на имоти? Со непокренување на кривични пријави Стефан Богоев станува СОУЧЕСНИК, а не маченик кој замислете три години правел „проверка на целата документација во врска со општинската зграда, со цел можно откочување на процесот“. Edited by Cloverstack - 14-Jan-2021 at 18:30 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Какви рендери излегуваа кога се планираше ова, а излезе торта никаква, најбезвезна у свет. Ако општината не остава пример, што понатаму за другите субјекти.
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Мислам дека со надворешна стаклена лесно се решава. Да се енкапсулира ова со уште еден слој, во стилот на double skin facade.
Е сега за подобноста на внатрешните простории не би можел да коментирам. Мислам дека не ни стануваше збор за фасадата искрено, мислам дека ентериерот е тотално несоодветен за општинска зграда, туку сигурно е граден како канцелариски простор. ![]() ![]() ![]() Edited by гитардемон - 14-Jan-2021 at 17:34 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Нека ја продаде, па нека направат нова на друга локација, ако воопшто остана некоја парцела за градење.
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Багер, што друго? И за 1955 ова е ѓубре.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БОГОЕВ ТРИ ГОДИНИ НЕ ЗНАЕ ШТО ДА ПРАВИ СО НЕДОВРШЕНАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА НА КАРПОШ ЗА КОЈА ЈАКИМОВСКИ ГО УТНА ПРОЕКТОТ
![]() Три години нема никакви градежни работи на административната зграда на Општина Карпош, ниту е најдено решение како да се продолжи реализацијата на овој проект. Откако во 2017 на градоначалничката функција на местото на Стевчо Јакимовски дојде Стефан Богоев, беше кажано дека зградата не може да се доврши оти е утнат проектот. Она што досега е изградено во голема мера отстапува од проектот врз основа на кој е добиено одобрението за градба, па зградата нема да може да добие употребна дозвола. Ниту изминативе три години за ова не е најдено решение, па зградата и понатаму зјае недовршена иако во голема мера е изградена, поставена е фасада и прозорци. „Државниот завод за ревизија во својот редовен извештај за материјално-финансиското работење на Општина Карпош констатираше дека новата општинска зграда е изградена спротивно на избраниот проект и одобрението за градење. Како Опшина формиравме работна група од стручните служби од Секторот за урбанизам, кои во моментов прават проверка на целата документација во врска со општинската зграда, со цел можно откочување на процесот“, велат од кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев. Зградата на Општина Карпош почна да се гради во октомври 2012 година и тогашниот градоначалник Стевчо Јакимовски најави дека ќе биде готова за осум месеци. Во текот на градбата Општината промени неколку фирми изведувачи, а за зградата беше земен кредит во висина од 1,4 милиони евра. Градоначалникот Богоев по стапување на функцијата кажа дека досега ништо за зградата не е платено. Наменскиот кредит кој бил подигнат се користел за други цели наместо да се исплаќаат фирмите изведувачи. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bogoev-tri-godini-ne-znae-shto-da-pravi-so-nedovrshenata-opshtinska-zgrada-na-karposh-za-koja-jakimovski-go-utna-proektot/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Едно од понудените конкурсни решенија за објектов
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.filipmarjanovic.com |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Исто како за несудената зграда на Општина Ѓорче Петров
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Niskava bi mozela da se oznaci za stopirana bidejki tuka veke so godini nema aktivnost a ocigledno deka nema ni da ima vo dogledno vreme,za ovoj objekt nikoj nisto ne spomnuva,prasanje e uste kolku vreme ke stoi vaka...
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Да се потсетиме...
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |