build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 85>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Јавен автобуски превоз (општо)
    Posted: 29-Aug-2024 at 17:42
Советот на Град Скопје не ги донесе одлуките за воведување на БРТ и набавка на еко-автобуси

Нема решение за јавниот превоз во главниот град. Ниту предлогот за набавка на нови еко автобуси, ниту за воведување брз автобуски превоз не добија зелено светло од мнозинството на советот на град Скопје. На денешната седница советниците од ВМРО-ДПМНЕ беа против предлогот на скопската градоначалничка Данела Арсовска да почне постапка за набавка на нови возила за ЈСП. сите други советнички групи гласаа „за“.

Претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески кажа дека нема да ја гласа одлуката затоа што во буџетот за 2024 немало пари за оваа намена, а советниците од владејачката партија имаа замерки и за недостигот на информации од за тоа колку автобуси треба да се купат и колку тоа би чинело. Арсовска, пак, со критики до ВМРО-ДПМНЕ за намерни блокади на штета на граѓаните.

Не помина ниту точката за воведување на брз автобуски превоз, на што инсистираа советниците од СДСМ, како добро решение за градскиот сообраќаен хаос, проект за кој од ЕБОР е земен кредит од 70 милиони евра.

Иако според најавите на денешната седница требаше да се дискутира и за пренамена на средства од градската сметка кои ќе се употребат за поправка на 30 автобуси на ЈСП, ваква точка не се најде на дневен ред.

Советниците попладнево треба да одлучат и дали ќе ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена и вработување на околу 120 лица кои треба помогнат за поголема јавна чистота.

https://kanal5.com.mk/sovetot-na-grad-skopje-ne-gi-donese-odlukite-za-voveduvanje-na-brt-i-nabavka-na-eko-avtobusi/a656732
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15191
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 23-Aug-2024 at 12:25


Автобусите што ги купила Општина Струмица:


https://emagazin.mk/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82-%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%B0/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15191
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 23-Aug-2024 at 08:36
Струмица добива електричен јавен превоз

Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз. По тој повод во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси.

На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“.

Инаку, Општината набави десет електрични автобуси, кои чинат седум милиони евра и се купени по пат на лизинг.

Според информацијата од директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Поп Стојанов, од 1 до 6 септември е договорено електричните автобуси да стасат во Струмица, а на 11 септември, на Денот на ослободувањето на градот, ќе почне пробниот период на возење на автобусите.

https://nezavisen.mk/strumica-pred-skopje-so-elektrichen-javen-prevoz/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 17-Aug-2024 at 14:01
ЗА ЛЕТНИОТ ВОЗЕН РЕД НЕДОСТИГААТ 40 АВТОБУСИ, НАЗАД НИ Е ЗИМАТА Директорот на ЈСП со врзани раце се обидува да ги реши проблемите во градскиот превоз

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Драги Кушовски во интервју за МИА потврди дека во моментов сообраќаат недоволен број автобуси и не може да се пополни возниот ред. Тој ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП.

Возниот ред се менува во зависност од тоа со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа, вели Кушовски, посочувајќи дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред. Во моментов, вели, ЈСП располага со околу 190 автобуси, а за да биде пополнет летниот возен ред потребни се 235 автобуси.

– Се надевам дека институциите ќе најдат сили да му помогнат на ЈСП, бидејќи со овој возен парк со кој што располагаме не можеме да го покриеме постоечкиот зимски возен ред. Ние не сме ни од далеку близу да го покриеме тој зимски возен ред. Правиме некои оптимизации во рамките на претпријатието, не знам дали ќе имаме доволно време да се почне со оптимизации на возни редови и не знам дали ќе имаме доволно време да ги направиме до 1 септември, бидејќи секоја оптимизација на возен ред мора да помине преку Советот на Град Скопје – рече Кушовски.

Прашан зошто дисплеите на автобуските постојки не го покажуваат точниот возен ред, Кушовски вели согласно интерните акти, ЈСП не може да направи промена на возниот ред.

– Не можеме, согласно интерните акти, бидејќи возниот ред се утврдува преку Совет на Град Скопје и ЈСП не може сам да направи промена на возниот ред. Може да даде предлог до секторот сообраќај до Град Скопје и после до Советот за тој возен ред се прифати. Ние тоа го правиме во моментов, јас сум само еден месец тука, но сакам тоа квалитетно да биде направено, да не биде само направено дека нешто сме сработиле за да може да го дадеме предлогот понатаму – рече Кушовски.

Директорот тврди дека сите автобуси кои сообраќаат се технички исправни, поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат во базите на ЈСП, но како што рече, возниот парк е стар повеќе од 13 години и тековно може да се случи каков било дефект.

– Сите автобуси поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат основните работи во нашите бази. Но сите ние сме учесници во сообраќајот и знаеме дека со возен парк стар 13 години и повеќе, тековно може да ни се случи каков било дефект, на кои секојдневно се менуваат и возачи и сообраќаат по многу километри на дневна основа и затоа кажувам автобуси кои што во моментот имаат круцијални дефекти, како што се кочници, според моите информации кои што ги добивам од службите не се пуштаат во сообраќај. За светло или некоја гребнатинка која што настанала во текот на возењето може да се случат такви работи – рече Кушовски.

За изјавите на вработените возачи во ЈСП, дека во сообраќај се пуштаат автобуси со дефект и покрај тоа што го пријавуваат дефектот, Кушовски порача да не се даваат паушални изјави кои што се непотврдени и ги повика сите вработени кои што имаат проблем да се обратат кај него, бидејќи, како што рече, создавање на таква слика во јавноста никому не оди во прилог.

Во врска со настанот кај ТЦ „Мавровка“, кога автобус на ЈСП удри во жардињера, за што возачот тврдеше дека несреќата се случила поради дефект на кој било посочувано подолго време, Кушовски нагласи дека тоа треба да се остави на истрагата, во која се вклучени, како што посочи и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и со која треба да се утврди кои се причините кои што довеле до таа несреќа.

– Одговорно тврдам дека не е точно дека возилото од сообраќајката кај Мавровка недела дена претходно возело на линија Водно, тоа има возено на Водно два пати оваа година, и тоа, за периодот по Новата година кога е малку поголема фреквенцијата како помошно возило и на 2 мај. Значи дека недела дена претходно тоа возило возело на Водно не е точно. Да оставиме на истрагата, таму е вклучено и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и да видиме кои се причините кои што довеле до таа несреќа. Дали се тие кои што се изнесени во јавноста или можеби ќе излезат други причини – вели Кушовски.

Директорот тврди дека поголемиот дел од автобусите имаат клима. За незначителен број автобуси се чека поправка на климите и тие сообраќаат во раните утрински часови.

– Во поголемиот дел, над 90 отсто од автобусите имаат клима. Имаме неколку автобуси за кои што чекаме климите да се поправат, но тоа е незначителен број и тие обично ги пуштаме во раните утрински часови да сообраќаат, додека температурите уште не се високи, за да можеме да испочитуваме барем дел од возниот ред – рече директорот.

Во врска со најавите од страна на премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе ги разгледа можностите за одземање на ингеренциите на јавните претпријатија кои што се под надлежност на Град Скопје и решавање на проблемите за јавниот градски превоз, Кушовски рече дека се работи за наследени проблеми и дека „мора да се тргне од некоја точка“.

– Проблемите не потекнуваат од сега, тие се наследени проблеми и не се наследени од пред година, две, ниту три години, туку од многу поодамна. Не се вршела навремена обнова на возниот парк на самото претпријатие, се работело како што се работело и гледаме тоа каде довело. Наша цел е тие работи барем да ги стопираме и да не тонат надолу, туку да почнеме малку по малку да се движиме во нагорна линија – вели Кушовски.

Прашан како ЈСП да стигне до самоодржливост, директорот посочи дека мора институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење, ЈСП тековно да може да ги сервисира обврските.

Претпријатието има свои обврски, додаде, но и свои барања од институции и приватни компании кои треба да се плаќаат редовно за да може да претпријатието да функционира.

– ЈСП има обврски, но има и побарувања и од институции и од приватни компании, тука треба нашите побарувања да бидат наплатени, да почнат да се плаќаат редовно за да можеме ние самите да функционираме. Голем дел во сервисирањето на нашите обврски имаат приходите од самото претпријатие, кои што мора да ги зголемиме и работиме на тоа да бидат истите зголемени – подвлече Кушовски.

https://plusinfo.mk/za-letniot-vozen-red-nedostigaat-40-avtobusi-nazad-ni-e-zimata-direktorot-na-sp-so-vrzani-race-se-obiduva-da-gi-reshi-problemite-vo-gradskiot-prevoz/?
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Aug-2024 at 18:51
Расипани автобуси на секој чекор, скопјани револтирани, ЈСП бара соломонско решение



Директорот на ЈСП, Драги Кушовски информира дека и минатата недела се расипале четири автобуси и дека недоволниот број на возила е главната причина за непочитувањето на возниот ред, а оттука и за оправданиот бес кај скопјани. За жал, градските советници, иако повеќе пати набавката на нови еко-автобуси се најде како точка на дневен ред на седниците на Советот на Град Скопје, не ја изгласаа. Кушовски се надева дека ќе се најде друго, како што го нарече соломонско решение.

– Во моментов, работиме на решение за да се подобри состојбата со градскиот превоз и недостигот од автобуси. Вклучени се повеќе институции и фактори, но тоа да го оставиме на времето. Не сакам предвреме нешто да кажувам, а потоа да не се реализира, истакна Кушовски



Автобусите на јавното сообраќајно претпријатие се наоѓаат во катастрофална состојба. И оние што сообраќаат често пати се расипуваат сред возење. Само во еден ден можеа да се забележат расипани автобуси од кои еден во Автокоманда, еден двокатен кај ТЦ „Три бисери“ во Аеродром, и уште еден двокатен на булеварот „Борис Трајковски“ кај фабриката „Охис“ во општина Кисела Вода.

Граѓаните постојано се жалат дека автобус чекаат и по еден, па и до два часа и поради тоа доцнат на своите работни места и реагираат на тоа што возачите не го почитуваат возниот ред.

– Добро, некој да преземе одговорност што нема автобуси. Плаќаме карти. Автобусите со број 22 од најредовни ги направивте да сообраќаат на еден час. Не можеме да стигнеме на работа – коментираат скопјани на „Фејсбук“.

Некои од граѓаните, пак, прашуваат кога веќе јавно е објавен автобускиот возен ред, зошто не се почитува, бидејќи на + 43 степени луѓето се шлогираат на постојките?

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, информира дека и минатата недела се расипале четири автобуси и дека недоволниот број на возила е главната причина за непочитувањето на возниот ред, а оттука и за оправданиот бес кај скопјани.

– Во моментот, во функција се 190 возила. Нам ни се потребни уште 35 до 40 автобуси за да покриеме летниот возен ред – истакна Кушовски.

Тој додаде дека ЈСП како претпријатие не смее самостојно да го смени возниот ред, иако како што истакна тој е непроменет 9 години и не одговара на сегашнава ситуација, бидејќи се изградени нови булевари и има промени во населеноста.

– Тогаш имаше многу повеќе автобуси, сега нема и затоа не може да се покрие возниот ред – потврди Кушовски.

Тој додава дека е потребен нов возен ред, но тој треба да биде одобрен од сообраќајната полиција и да помине на седница на Советот на Град Скопје.

– Ние сами како претпријатие ништо не можеме – дециден е Кушовски.

Директорот на ЈСП најави дека во моментов подготвуваат оптимизација на возниот ред.

– Потребно е време, бидејќи треба да се направи квалитетно, со анализи, не само површински, а потоа да помине кај сообраќајната полиција и да биде изгласан од градските советници – смета Кушовски.

За жал, градските советници, иако повеќе пати набавката на нови еко-автобуси се најде како точка на дневен ред, на седниците на Советот на Град Скопје, не ја изгласаа. Кушовски се надева дека ќе се најде друго, како што го нарече соломонско решение.

– Во моментов, работиме на решение за да се подобри состојбата со градскиот превоз и недостигот од автобуси. Вклучени се повеќе институции и фактори, но тоа да го оставиме на времето. Не сакам предвреме нешто да кажувам, а потоа да не се реализира – истакна Кушовски.

Toj додаде дека за претпријатието да стигне до самоодржливост институциите мора да излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење тековно ќе можат да се сервисираат обврските.

Воедно, упати апел до граѓаните да плаќаат билет при употреба на јавниот превоз, додека оние кои веќе имаат да ги валидираат своите билети.

– Граѓаните мора да ги плаќаат своите билети во автобусите при возењето и да ги валидираат оние кои што имаат билети, дали се бесплатни или платени да прават валидации, а оние кои што немаат да си купуваат билет – рече Кушовски.



Мицкоски: Ќе направам сѐ што е потребно само проблемите да се решат!

Премиерот Христијан Мицкоски денескаизјави дека е подготвен за секое решение за проблемите во главниот град, но доколку нема прогрес како што рече, тогаш ќе мора да се оди радикално и инвазивно.

Прашан за коментар во врска со вчерашниот предлог од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на проблемите во Скопје, Мицкоски одговори дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани, затоа што, како што истакна градот мора да функционира нормално, бидејќи претстои и почеток на нова учебна година и граѓаните веќе се враќаат од годишните одмори.

-Сѐ што е потребно ќе направам, и ќе се сретнам, и ќе формираме тим, сѐ што е потребно во интерес на скопјани, само проблемот да се реши. Да се обидеме да го санираме тоа што може да се санира со разговор, со политика, со дипломатија. Доколку видиме дека тука нема прогрес, тогаш ќе мора инвазивно да влеземе во решавање на проблемот – изјави Мицкоски.

На прашањето колкав е тој „разумен рок“ за да почнат претпријатијата да ја извршуваат својата работа, Мицкоски одговори дека не е секундант што ќе одбројува затоа што, како што нагласи, на сите им е јасно дека состојбата во главниот град е лоша и алармантна.

https://www.vecer.press/rasipani-avtobusi-na-sekoj-cekor/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Aug-2024 at 15:59
Возење со ЈСП – искуство под секое достоинство



ЈСП треба да воведе нов слоган: „Секој ден нова авантура“. И нема да згрешат. Само што таа авантура не подразбира ништо возбудливо, туку е вознемирувачка и фрустрирачка. Урнисани планови за доаѓање на работа, за собирање дете или за завршување какви било обврски што вклучуваат јавен превоз неизбежно предвидува нервоза, чувства на бес и немоќ.

Сѐ почесто, користењето на јавниот превоз во Скопје е искуство под секое достоинство.

Автобуси има сè помалку, а оние што сè уште се тркалаат по скопските улици, се дотраени. За безбедноста доволно говорат честите објави за повреди на патници. Информациите за возниот ред, пак, слободно може да ги сместиме под рубриката дезинформации.

Резултатот е илјадници изневерени скопјани, дополнително измалтретирани од гужвите и од неподносливите услови во автобусите. Да биде полошо, решение нема на повидок. Политичарите со моќ за промени упорно калкулираат со проблемот и не го решаваат.

Секое возење ново „доживување“
Како некој што дневно поминува помеѓу два и три часа во скопскиот јавен превоз, слободно можам да кажам дека сè поретко се случува патувањето да помине без некаква драма.

Последното од многуте лични непријатни епизоди се случи минатата недела. Тоа утро на автобуската близу мојот дом имаше невообичаено многу луѓе, кои се пожалија дека веќе чекаат половина час. На моја голема среќа, или барем така ми се чинеше во тој момент, по пет минути се појави автобус.

И додека се сместував на вториот кат и ги местев слушалките, по извозени неколку станици, возачот сопре и сите нѐ избрка надвор со инструкција да го почекаме следниот автобус – веднаш ќе пристигнел. Следниот вистина бргу дојде, меѓутоа се создаде метеж и повеќе патници не успеавме да се качиме.

Среќата ми се насмевна, или барем така ми се чинеше во тој момент, кога за кратко време пристигна автобусот што сообраќа на другата линија.

Се качив, ги наместив слушалките, неколку минути внимателно одбирав музика и додека да сфатам дека сме поминале неколку станици, возачот повторно нѐ „истовари“.

Овојпат се расипа возилото.

Во рок од половина час, двапати ме симнаа од автобус и задоцнив на работа, јас и веројатно уште стотина други што ги користиме двете линии. Моево искуство не е ниту невообичаено, ниту единствено.

Очајот преовладува на постојките. Таму ќе чуете од клетви и пцовки до предлози дека подобро е ЈСП да се распадне. Така барем ќе знаеме на што сме. Истиот сентимент се прелева и на социјалните мрежи и особено во коментарите каде што корисниците го оценуваат работењето на ЈСП на нивната фејсбук-страница.

Распад-систем
Се чини дека автобусите и целиот систем околу Јавното сообраќајно претпријатие се во постојан распад.

Повеќето од автобусите се дотраени, впрочем неодамна неисправна „двојка“ излета од булеварот пред Мавровка и заврши врз жардиниера, повредувајќи неколку патници. Зачестија и инциденти со запалени возила, имаше дури два во последниов месец.

„Недостигаат меѓу 40 и 50 автобуси за ЈСП да го почитува летниот возен ред“, информираше минатиот месец директорот на јавниот превозник, Душко Кушовски.

Затоа и возниот ред практично веќе не постои. Од три автобуси, еден речиси сигурно не се појавува, и покрај тоа што се најавува на дотраените дигитални табли на постојките.

Сè почесто предолго се чека автобус, по 45 минути или по цел час сред ден и на високи температури, на кои освен водата од вашето тело, испарува и надежта дека некогаш ќе се вратите дома.

А, кога долго нема автобус, гужвите под жешкиот автобуски покрив се неизбежни.

Покрај гужвите во автобусите се бориме и со температурните амплитуди.

Наутро не се вклучува климата, иако уште во 8 часот, температурата наближува до 30-от степен. А, кога работи, климата е пуштена на најјако и студено е како во мртовечница. Некој одамна ги искршил пластичните регулатори за вентилација и никој не се потрудил да ги замени.

Да биде бељата поголема, автобусите со вклучена клима одвај лазат по скопските улици, бидејќи дотраените мотори не можат да влечат.

Во двокатниците вистински предизвик е разминувањето на патниците, дури и кога се полупразни. Со оглед дека е напорно, а честопати и опасно да се качувате по скалите на вториот кат додека автобусот вози или ненадејно тргнува од постојката, луѓето што патуваат неколку станици се збиваат во долниот дел од автобусот.

Затоа и кога возилото не е преполно, патниците ги пропуштаат автобусите – бидејќи не можат да влезат.

Посебна приказна се билетарниците. Одамна билет не може да се купи во автобус, а повеќе билетарници или воопшто не работат или ја укинале втората смена. Често се случува и тие што се колку-толку функционални, цел ден да не отворат без објаснување.

Алтернатива е плаќањето со телефон или преку мобилна апликација, меѓутоа и тој систем не е идеален. Плаќањето преку мобилен е поскапо и трае подолго, но се случува и наплатните сервери да паднат.

Кога дневниот хороскоп ќе ви искомбинира затворена билетарница со паднат сервер, принудени сте да се „шверцувате“.

Политикантство скарано со логиката
Градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ победија на локалните избори со понудата за нови 250 автобуси и бесплатен превоз, наспроти автобуското метро што го „туркаше“ ексградоначалникот Петре Шилегов.

Три години подоцна, и по кавгата меѓу Мицкоски и Арсовска нема ни нови автобуси, ни автобуското метро.

Единствената трошка надеж дека нешто ќе се промени беше убиена неодамна со соопштението од Град Скопје дека повеќе од две години советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои го имаат мнозинството, не ја гласаат одлуката за набавка на нови автобуси.

„По 21. пат е доставена предлог-одлука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Нема оправдување за блокадата на ВМРО-ДПМНЕ врз градот, тоа е само калкулација на партијата да си обезбеди што подобра позиција за следната градоначалничка трка во 2025 година и да ја засили перцепцијата во јавноста дека Арсовска не е кадарна да го води градот.

По парламентарните избори, нивната политика на кочење веќе нема никаква логика, особено откако жителите на Скопје јасно покажаа што мислат за партијата на Арсовска, која освои само 1.500 гласа во главниот град. Исто како што на сите паталци во градскиот превоз им е јасна играта во Советот на Град Скопје.

https://prizma.mk/vozene-so-jsp-iskustvo-pod-sekoe-dostoinstvo/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15191
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-Jul-2024 at 14:38
На ЈСП му фалат 40-50 автобуси за да може да го почитува летниот возен ред, призна директорот Кушовски

Две години граѓаните реагираат на лошиот јавен превоз во Скопје, се жалат на непочитувањето на возниот ред и на долгото чекање автобус, поради што зимоска измрзнаа по станиците, а летово на жештините колабираат по возилата и на постојките, за конечно на денешната седница на Советот на Град Скопје, јавноста да ја слушне реалната состојба со превозот во главниот град.

И додека досега од ЈСП постојано тврдеа дека превозот функционира нормално, новиот директор на ЈСП, Драги Кушовски денеска се одважи од говорницата да го каже она што сите скопјани што секојдневно се возат со автобус веќе добро го знаат – дека нема доволно автобуси за да се почитува возниот ред.

Реалната состојба е таква каква што е, нема што да криеме. Возниот парк, по набавката на кинеските автобуси „јутонг“ броел околу 350 автобуси и возните редови, и летен и зимски, биле прилагодени на таа бројка автобуси. Во моментов во сообраќај се од 190 до 200 возила и со нив не можеме да го опслужиме ни летниот возен ред којшто знаеме дека е скратен возен ред. Од септември кога треба да стартува зимскиот возен ред ситуацијата ќе биде уште потешка. Од денешен аспект и ниеден автобус да не ни се расипе ќе имаме недостаток од 100 автобуси. Во моментов имаме недостиг од 40-50 автобуси – рече Кушовски.

Тој објасни дека и сервисите на автобусите се одвиваат во отежнати услови поради недостиг на делови. За едниот тип автобуси деловите доаѓаат од Кина, но претпријатието има долгови спрема добавувачите кои носеле делови за сервисирање во изминатиот период, кои сега ја откажуваат соработката, затоа што ЈСП не е во можност да ги сервисира тие долгови. Притоа, според Кушовски, зголемени се и расходите на претпријатието затоа што поскапуваат деловите.

Во моментов просечната старост на возилата е 12,5 години, понови се само 33-те автобуси „ман“, додека “јутонг“ автобусите досега имаат поминато километража од над милион километри по возило.

Во однос на реакцијата на граѓаните дека автобусите се неклиматизирани, Кушовски објасни дека денеска не работеле климите во 27 автобуси, но дека бил информиран дека до утре уште во пет автобуси ќе биде сервисирана климата, додека во дел од нив проблемот не може да биде надминат затоа што недостигаат делови.

На прашањето зошто претпријатието е во ваква состојба кога добива големи субвенции, Кушовски одговори дека се зголемени трошоците за превоз, а цената и натаму е иста.

Знаеме кога е утврдена цената за превоз и колкави биле тогаш трошоците, а колкави се сега. Имаме бесплатен превоз на студенти, а последниве три години нема денар добиено пари од Министерството за образование и наука. Притоа, претпријатието само не успеало да ја зголеми наплатата кај билетите – нагласи директорот на ЈСП.


https://www.slobodenpecat.mk/na-jsp-mu-falat-40-50-avtobusi-za-da-mozhe-da-go-pochituva-letniot-vozen-red-prizna-direktorot-kushoski/
За сè има вторпат
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 13-Jul-2024 at 09:18
Originally posted by Џоле

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Од: Орце Костов

Граѓаните во Струмица ќе користат модерен градски превоз со автобуси кои користат електрична енергија како гориво откако јавното сообраќајно претпријатие „Струмица Транспорт“ кое го формираше општината склучи договор за јавна набавка со увозникот „Аутомакедонија“ АД Скопје за набавка на десет возила.

Според договорот „Струмица Транспорт“ ќе ги набави автобусите преку лизинг на Шпаркасе банка. Возилата чинат 429,9 милиони денари или седум милиони евра со вклучен ДДВ, а годинава ќе пристигнат пет од вкупно десет автобуси од марката „Isuzu Novociti Volt“, јапонски бренд чија фабрика се наоѓа во Турција. Останатите пет возила ќе пристигнат најдоцна до средината на 2025 година.

Автобусите имаат капацитет од 21 седиште плус четири склопливи седишта плус 22 позиции за стоење. Опсегот на движење на автобусите со едно полнење е околу 350 км. Имаат капацитет на батерија од 268 kWh. Тааќе биде поставена на дел од покривот на автобусот.

На брзи полначи со капацитет од 150 KW батеријата се полни за околу 2,5 часа, а на полнач од 22 KW, полнењето би траело 11 часа.

Вакви слични автобуси претходно набавија општинските власти во Тетово и во Куманово.

https://a1on.mk/macedonia/strumichani-kje-se-vozat-vo-japonski-avtobusi-od-700-000-evra/?fbclid=IwAR0GdqNnPTExs6oHxaKvFszU8WXe9igx8GG05f4-UeHi0n96SEoXxsqyKxs

Уште да беа јапонски автобуси со јапонски квалитет,ова ако воопшто стигнит ќе бидит турско срање од турски работници за турски плати. Класична лажна спинувана вест од шит1он.

За последнава вест,двокатниве автобуси се зрели за в канта,сосе нивните возачи и оние неандерталци шо проверувет карти,всушност цел автобуски јавен превоз во главнио град е за в канта. Внатре како изгледат автобусите да му се сповратит на чоек. Ако се најдит маж/жена да земи да гради,монорејл,метро што било пеки,ако се продолжи со купвање автобуси,менвање секои 10-15 години ништо,само ќе си продолжит контра ефекто сите в кола да се пикат и загадувањето да рушит рекорди.....до душа уште малку дур не се исселат сите,после ќе немат ни кој да загадвит.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Jul-2024 at 18:35
(ВИДЕО) Метрополата со градски превоз со прегорени светла



https://360stepeni.mk/video/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15191
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Mar-2024 at 18:31
Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Од: Орце Костов

Граѓаните во Струмица ќе користат модерен градски превоз со автобуси кои користат електрична енергија како гориво откако јавното сообраќајно претпријатие „Струмица Транспорт“ кое го формираше општината склучи договор за јавна набавка со увозникот „Аутомакедонија“ АД Скопје за набавка на десет возила.

Според договорот „Струмица Транспорт“ ќе ги набави автобусите преку лизинг на Шпаркасе банка. Возилата чинат 429,9 милиони денари или седум милиони евра со вклучен ДДВ, а годинава ќе пристигнат пет од вкупно десет автобуси од марката „Isuzu Novociti Volt“, јапонски бренд чија фабрика се наоѓа во Турција. Останатите пет возила ќе пристигнат најдоцна до средината на 2025 година.

Автобусите имаат капацитет од 21 седиште плус четири склопливи седишта плус 22 позиции за стоење. Опсегот на движење на автобусите со едно полнење е околу 350 км. Имаат капацитет на батерија од 268 kWh. Тааќе биде поставена на дел од покривот на автобусот.

На брзи полначи со капацитет од 150 KW батеријата се полни за околу 2,5 часа, а на полнач од 22 KW, полнењето би траело 11 часа.

Вакви слични автобуси претходно набавија општинските власти во Тетово и во Куманово.

https://a1on.mk/macedonia/strumichani-kje-se-vozat-vo-japonski-avtobusi-od-700-000-evra/?fbclid=IwAR0GdqNnPTExs6oHxaKvFszU8WXe9igx8GG05f4-UeHi0n96SEoXxsqyKxs
За сè има вторпат
Back to Top
podgoricki View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Feb-2024
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote podgoricki Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Feb-2024 at 09:07
Podgorica je u vrijeme tranzicije privatizovala javni prevoz što se pokazalo loše.
Prije dvije godine je grad počeo da preuzima linije od privatnika, za sada imamo 45 BMC neocity autobusa što je nedovoljno za Podgoricu ali je stanje svakako bolje nego što je bilo. Planirana je nabavka još 40 autobusa



Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2025
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Jan-2024 at 16:05
Концесии, Лиценци, Приватни превозници, Јавно-приватно партнерство. Има разни модели освен Јавни Претпријатија што се инкубатори за загуба на буџет, партиски вработувања и лош менаџмент.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Jan-2024 at 03:55
абе ало, значи не може кога како ќе им текне да малтретираат народ вака... пола од населението што користи автобуси ги плаќа и исто така земаат пари од реклами... сите инвестиции им се буквално од градот, аман
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Jan-2024 at 19:40
ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ НЕМА АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ, ВРАБОТЕНИТЕ НЕМААТ ЗЕМЕНО ПЛАТА ЗА ДЕКЕМВРИ

Во понеделнк нема да возат автобусите на ЈСП „Скопје“ затоа што вработените во градското претпријатие немаат земено плата за декември. Нема да работи ни администрацијата, ниту возачите.

ЈСП „Скопје“ не може да подели плата затоа што одлуката за доделување на субвенции во висина од 11 милиони евра од Град Скопје не помина затоа што за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Законски рок за исплата на плата е 15 јануари, денеска сме 18 јануари, а плата немаме добиено, ниту има пари да се подели бидејќи претпријатието нема пари. Бараме итно да се свика седница и да се подели плата“, вели Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП.

Од синдикаторот на ЈСП велат ако до недела не се закаже вонредна седница на која ќе се доделат субвенции, в понеделник престануваат да работат.

Градоначалничката Данела Арсовска вели дека таа свикала вонредна седница, но точката за субвенции за ЈСП претседателот на Советот Трајко Славески ja отстранил од дневниот ред.

„Како што можете да видите побаравме нова вонредна седница, истата сѐ уште не е свикана до овој ден. Доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна, ние од наша страна сѐ што сме можеле сме направиле. Од нивното однесување на луѓето им зависи егзистенцијата, но и целосното функционирање на Скопје“, рече Арсовска.

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески вели дека Арсовска не дошла на вонредната седница и затоа не била ставена на дневен ред оваа точка.

„Точката за субвенции ќе ја ставев после вонредната седница, но таа не се одржа затоа што Арсовска не дојде, очигледно имала партиски активности. Советнциите гласаат по сопствено убедување, но не може Градот постојано да дава пари на ЈСП, а никаква траспарентност да нема како се трошат парите“, вели Славески.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-ponedelnik-ke-nema-avtobusi-vo-skopje-vrabotenite-nemaat-zemeno-plata-za-dekemvri/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 24-Aug-2023 at 17:37
ШЕСТ НОВИ АВТОБУСИ ЗА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО ШТИП И ЕДЕН ЗАЕДНИЧКИ СО ОПШТИНА КАРБИНЦИ

Општина Штип набави шест нови автобуси за потребите на јавниот превоз кој ќе стартува од први септември. Приоритет во јавниот превоз ќе имаат учениците, а ќе го користат и останатите граѓани.

„Според веќе донесените одлуки и утврдениот возен ред од страна на Советот на Општината предвидени се седум линии кон сите правци во градот, неговата околина и до приградските населби. Станиците се веќе обележани, а почетна односно последна станица ќе биде Трговскиот центар во Штип. Превозот ќе почнува од шест часот до 19,30 часот. За поголемите населби јавен превоз ќе има и преку викендите“, рече градоначалникот на Штип Иван Јорданов кој ги пречека новите автобуси и веднаш ги пушти во сообраќај.

Општина Штип ќе има заеднички јавен превоз и со Општина Карбинци, па така од понеделник до петок неколку пати во денот ќе има автобус од центарот на Штип, населбите Баби, приградската населба Караормнан, селото Карбинци и крајната дестинација е селото Радење и обратно.

„За учениците превозот е бесплатен, а за останатите цената на поединечниот билет за градскиот превоз ќе изнесува 30 денари, а за населбите во Општината во зависност од одалаченоста ќе изнесува 35, 40 или 60 денари во градот, 70 денари до селото Карбинци и 90 денари за најодалечената дестинација, селото Радење. Повратните билети ќе чинат од 50 до 140 до Радење, а месечните билети ќе се движат од 700 денари за градските линии до 1.300 денари за најодалечените места“, вели Панче Стефановски, директорот на ЈП „Стипион“ кое ќе стопанисува со јавниот превоз.

Според него, во наредниот период јавниот превоз ќе се надополнува со нови автобуси и со нови линии кон населбите и селата во Општината кои не се опфатени во оваа фаза.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shest-novi-avtobusi-za-javniot-prevoz-vo-shtip-i-eden-zaednichki-so-opshtina-karbintsi/
Carpe diem
Back to Top
Magdalena View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Jul-2023
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Magdalena Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Aug-2023 at 12:01
this is perfect, yet until an answer is found to change that piece of waste from the roads, this sort of information is optional. I truly don't have the foggiest idea how they didn't treat this issue in a serious way, the city, the state, everybody... to see where the financing is spilling, to see as a model, it can't be difficult to track down. In any case, there is no serious discussion about this by any means, or possibly we don't know about it, and the result of such one-sided drives is clear ahead of time.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-May-2023 at 13:53
Превозниците неделава се вклучуваат во сообраќај

Приватните превозници од почетокот на неделава ќе се вклучат во сообраќај. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека ги потпишала решенијата по огласот за доделување пакет-линии за вклучување на приватните превозници во јавниот градскиот превоз. – Решенијата се веќе потпишани, правосилноста е веќе настаната и на почетокот на неделава, приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај, најави таа.

Со вклучувањето на приватните превозници со своите автобуси, ќе се зголеми бројот на возила во јавниот градски превоз. Со тоа ќе се намали и метежот во нив, а воедно граѓаните повеќе нема да чекаат со часови на автобуските постојки.

Инаку, со последниот оглас, кој беше објавен по четврти пат, се бараа превозници за три пакети линии. Во првиот пакет беа опфатени линиите со броевите „23“, „45“, „61“, „63“ и „73“, за чие опслужување се потребни најмалку 35 автобуси и 76-мина возачи. Вториот пакет се однесува на превоз на линиите „9“, „11“, „11а“, „12“, „47а“ и „55“. За автобусите да може редовно да сообраќаат на овие релации, потребни се 39 автобуси и 83 возачи. Третиот пакет ги опфаќаше линиите „19“, „20“, „22“, „52“ и „54“, за што се бараа вкупно 41 автобус и 87-мина возачи.

Третиот оглас пропадна, како што објаснија од Град Скопје поради нецелосна документација на приватните превозници.

https://www.vecer.press/превозниците-неделава-се-вклучуваат/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 16-May-2023 at 07:12
ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ СЕ ВРАЌААТ НА УЛИЦИТЕ? Арсовска најави новини во начинот на исплата на возачите

До крајот на месецов на скопските улици треба да ги видиме приватните автобуси, а дали тоа ќе се случи, зависи од тоа дали нивните сопственици ќе ги прифатат променетите услови во договорите кои ги најави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и дали ќе можат да ги запалат автобусите без да им биде платен заостанатиот долг и месечниот аванс.

Арсовска соопшти дека приватниците треба да се вратат на скопските улици, но дека сè уште не се потпишани договорите со нив, бидејќи траат проверките на автобусите и документацијата на сите фирми кои конкурирале за добивање на работата. Колку време ќе трае овој процес не се знае.

– Она што го имавме како постапка, беше прекинато на два пати. Имаа недостатоци во документацијата, сега им е целосна документацијата, и во рамки на законски, јавниот повик е исполнет, договорот се склопува неделава, и очекувам скоро дека ќе се реши. Од прилика осум дена од потпишувањето на договорот приватните автобуси ќе се вратат на улиците и очекувам тоа да биде кон крајот на овој месец. Ова што го направија во изминатите неколку дена, имаше проверка во ЈСП на ГПС системите, и тоа како постапка беше завшрено, и сега следува само официјализација на договорот – рече Арсовска синоќа во гостување на ТВ21.

Арсовска соопшти и дека системот на исплата на превозниците е подобрен. Сега парите директно ќе им се исплаќаат на сметките поединечно на секој превозник за да нема систем „тебе олку, тебе толку“ и жалби од превозниците.

– Ние сме платиле до последно. Ние им ги плаќавме парите авансно, еден месец однапред за да имаат средства да возат наредниот месец, тоа се големи пари, по 400.000, 500.000, 600.000 евра однапред – нагласи Арсовска.

Ваквиот систем на плаќање, според познавачите на состојбите во градскиот превоз, е спорен бидејќи на огласот приватните превозници се јавуваат како група превозници која ја претставува еден превозник. Тоа од причина што 99% од превозниците не можат да ги исполнат условите за реализирање на обврските од пакет линиите, бидејќи немаат доволен број автобуси, возачи и друг кадар.

– Досега фирмата која ги претставуваше превозниците контактира со ЈСП и градот Скопје и преку диспечерскиот систем го следи обемот на работа на превозниците според бројот на автобусите и ги подготвува фактурите до ЈСП по добиениот извештај од Градот. Сега тоа ќе треба да го прави ЈСП кој преку сопствениот систем ја следи километражата направена од автобусите односно гаражните броеви, а не како фирми. За ова ќе биде потребен цел тим во ЈСП кој ќе контактира со фирмите, а во прашање се вкупно 150 приватни превозници. Дополнително со ваквиот начин на исплата можни се малверзации со приватните превозници бидејќи тие нема да имаат контрола на она што го работи ЈСП – вели соговорникот на Плусинфо.

Тој додава дека не верува дека приватните превозници ќе прифатат ваков систем на исплата на парите за сработеното бидејќи тие знаат каков обем на работа имаат.

Според него, ако се применува поинаков начин на работа и плаќање, како што предлага градоначалничката, ќе треба да се менува одлуката за линиски превоз во Скопје или да се распише нов оглас на кој превозниците ќе се јавуваат како поединци за одржување на одделни линии.

– На еден таков оглас нема да може да се јави ниту една компанија превозник, бидејќи во земјава нема компанија која има над 50 автобуси и вработени потребен број возачи и персонал за одржување на автобусите. Тоа значи дека повторно Градот ќе има проблем да обезбеди дополнителен број автобуси за нормално одржување на линиите – додава тој.

Советот на Градот во последните неколку месеци не расправал за некакви измени на Одлуката за линиски превоз во градот, ниту пак донел нова одлука која ги содржи новините кои ги најавува скопската градоначалничка.

Превозниците кои ја добија работата, молчат и ништо не изјавуваат во јавноста, но очекуваат пари од Градот за да можат да почнат да работат по шестмесечниот прекин и натрупаните рати од кредитите земени за подновување на возниот парк. ЈСП ним, треба да им исплати и месечен аванс за купување гориво и други потреби.

Ним ЈСП и Градот, според последните податоци по договорот за цесија направен меѓу приватниците и ЈСП, треба да им исплатат уште најмалку 60 милиони денари.

Да потсетиме, тие досега беа здружени во компаниите „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“. Овие компании откако ЈСП не им го плати долгот лани го дадоа на суд.

Досега само кон „Слобода превоз“ се исплатени 35.629.561 денар, а остануваат уште 43.729.561 денар. Од вкупно 76 фирми кои беа здружени во оваа компанија ЈСП, според сопствени критериуми, го платил долгот само на 48 фирми. Исплатата кон приватните превозници која ја вршеја „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ досега се реализирала процентуално кон сите фирми зависно од нивниот обем на работа кој е дефиниран уште во 1992 година.

Скопјани кои секојдневно се соочуваат со долги чекања на автобуските постојки и турканици во автобусите на ЈСП го губат трпението.

– Каде се приватните превозници? Со месеци најавуваат и никаде ги нема. Секој ден турканици. Се вративме како пред 10 години. А ни беше ветено дека ќе се возиме бесплатно. Вака ли изгледа тоа? Преполни автобуси и чекање со часови – вели скопјанка.

Приватните превозници, според последниот јавен оглас, кој беше објавен минатиот месец, треба да опслужуваат 16 линии, поделени во 3 пакети.

Во првиот пакет се опфатени линиите со број 23, 45, 61, 63 и 73, вториот пакет се однесува на превоз на линиите 9, 11, 11А, 12, 47А и 55 и третиот пакет ги опфаќа линиите 19, 20, 22, 52 и 54. Тоа се истите линии на кои возеа пред половина година односно до протестот предизвикан од долгот кон нив од страна на ЈСП и Градот.

https://plusinfo.mk/privatnite-prevoznici-se-vra-aat-na-ulicite-arsovska-na-avi-novini-vo-nachinot-na-isplata-na-vozachite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 11-May-2023 at 17:14
За една недела приватните превозници се враќаат на скопските улици

За една недела скопјани може да ги очекуваат автобусите на приватните превозници да се вклучат во градскиот сообраќај во Скопје и по повеќе месеци, може конечно, навреме ќе стигнат на работа.

Возилата на приватните превозници, кои се пријавија на последниот конкурс на Градот, се на технички проверки во ЈСП, се проверува наплатниот систем и состојбата на возилата, кои потоа треба да се вклучат во сообраќај.
На четвртиот јавен повик се бараа превозници за три пакети линии. Во првиот пакет беа линиите со броевите „23“, „45“, „61“, „63“ и „73“, за чие опслужување се потребни најмалку 35 автобуси и 76 возачи. Вториот пакет се однесува на линиите „9“, „11“, „11а“, „12“, „47а“ и „55“, за чие опслужување се потребни се најмалку 39 автобуси и 83 возачи. Во третиот пакет беа опфатени линиите „19“, „20“, „22“, „52“ и „54“, за чие опслужување се потребни најмалку 41 автобус и 87 возачи.

Како што појасни градоначалничката Данела Арсовска на денешниот брифинг со новинарите, на улиците на Скопје дневно има по осумдесетина возила на приватни превозници, иако тие располагаат со повеќе од 200 автобуси, но тие се чуваат за резерва.

https://nezavisen.mk/za-edna-nedela-privatnite-prevoznici-se-vrakjaat-na-skopskite-ulici/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20503
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 11-May-2023 at 16:54
Граѓаните како „сардини“ во градскиот превоз - ситуацијата неизвесно до кога ќе трае



https://24.mk/details/gra-anite-kako-sardini-vo-gradskiot-prevoz-situacijata-neizvesno-do-koga-kje-trae
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 85>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.664 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.