![]() |
![]() |
![]() |
Универзална сала |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 29> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 14-Oct-2024 at 18:32 |
ЉУТКОВ ВЕЛИ ДЕКА УНИВЕРЗАЛНА САЛА Е НЕЗАКОНСКИ ПРЕЗЕМЕНА ОД ГРАД СКОПЈЕ, ПОБАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ
Министерот за култура Зоран Љутков тврди дека преземањето на Универзална сала од Град Скопје е незаконски спроведено. Тој рече дека целата документација за случајот во кој Министерството за култура со претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска ја презеде Универзална сала заради изградба, е предадена во Обвинителството за да се истражи. „По темелно и стручно прегледување на целокупната документација, процес кој траеше два месеца, извештајот е готов и фактите потврдени од професионалци и искусни правници, вработени во Министерството за култура и туризам, говорат дека Универзална сала е преземена од Град Скопје во Министерството за култура и туризам на незаконски начин, во постапка која е проблематична, со прекршувања на повеќе закони. Постапката е започната со Одлуката на Град Скопје како постапка за промена на инвеститор согласно член 70 од Законот за градењето. Склучениот договор од страна на Министерство за култура и Град Скопје, содржи контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи таксативно кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава. Исто така договорот помеѓу Градот Скопје и Министерството за култура, како и Решението за реконструкција од 22.03.2024 година издадено од Општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности, односно во јавната книга во која се врши запишување на правото на сопственост и на други стварни права на недвижностите“, рече министерот Љутков на прес-конференцијата за 100 дена Влада и работењето на Министерството. Љутков кажа дека ниту во договорот ниту во записникот од примопредавањето на документација помеѓу Град Скопје и Министерството за култура, не е опфатена ниту примопредадена целокупната документација која била потребна за да се продолжи со реконструкцијата на Универзална сала. „Согласно ова, на Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон. Целокупната документација е предадена во Јавното обвинителство затоа сега нема многу да навлегуваме во детали до произнесувањето на надлежните државни органи“, рече Љутков. Во моментов се преиспитува дали постојната состојба има потреба од изработка на нова техничка документација по пожарот кој го зафати објектот во април. Одлуката за преземање на Универзална сала беше изгласана во Советот на Град Скопје во септември 2023. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/lutkov-veli-deka-univerzalna-sala-e-nezakonski-prezemena-od-grad-skopje-pobara-obvinitelstvoto-da-istrazhi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НЕМА ОШТЕТУВАЊА ОД ПОЖАРОТ НА МЕТАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, НО СЕПАК ЌЕ СЕ СМЕНАТ 6 ЕЛЕМЕНТИ КОИ СЕ НАБАБРЕНИ, ВЕЛИ ГАРЕВСКИ
Нема оштетувања на металната конструкција на скопската Универзална сала, покажа експертизата која ја правеше приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени на Михаил Гаревски. Приватниот институт на Гаревски е избран од фирмата изведувач „Универзал-Балкан“ за да ги изврши испитувањата дали челичната конструкција е оштетена од пожарот кој се случи на 9 април. Иако конструкцијата не е оштетена, сепак, како што вели Гаревски, заедно со изведувачот на градежните работи договорено е да се заменат елементите кои се набабрени и да се направи зајакнување на прстенот. „Земени се примероци од елементи кои гореле и се набабрени и од делови од металната конструкција кои не се. Испитувањата покажаа дека карактеристиките на опожарените делови се исти како и на неопожарените. Но сепак, договоривме да се заменат тие 6 набабрени елементи и да ја зајакне прстенот“, вели Гаревски. Како што вели Гаревски, испитувањата се правени детално односно со 30-метарски кран направена е детална визуелна инспекција до највисоката точка на куполата. Кога ќе се продолжат градежните работи на Универзална сала не се знае. Министерот за култура Зоран Љутков минатата недела кажа дека нарачал да се направи комплетна ревизија на постапката за реконструкција на салата. Додека заврши ревизијата, Министерството нема да одобри никакви активности на салата, што значи дека и понатаму ќе стои соголена и изгорена од пожарот. Универзална сала се запали на 9 април, само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма „Универзал-Балкан“ рекоа дека најверојатно се запалил стар кабел или некоја стара инсталација. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/nema-oshtetuvana-na-metalnata-konstruktsija-na-univerzalna-sala-od-pozharot-no-sepak-ke-se-smenat-6-elementi-koi-se-nababreni-veli-garevski/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Куполата на Универзална сала не е оштетена во пожарот, ама пожелно е да се смени!
Не е намалена носивоста на шесте челични елементи што се непосредно до прстенот на највисокиот дел од конструкцијата на Универзална сала. Ова го покажале првичните лабораториски тестирања на опожарениот материјал во акредитирана лабораторија, кај кој имаше видливи оштетувања (набабрување), поради што беше демонтиран и однесен на испитување. – Првичните испитувања покажаа дека, без разлика што имаа набабрување, не е намалена носивоста на ниту еден од елементите. Променета е формата, но нема деформации по должината на попречниот елемент. А, променетата форма е резултат на температурата во текот на пожарот, која достигнала и до 500 Целзиусови степени и воздухот што бил заробен внатре во елементот, кој бил со три пати поголем притисок од нормалниот, иако јас очекував да има намалување на носивоста и на еластичноста на челикот – истакна Михаил Гаревски, директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, кој ги спроведува испитувањата. Тој објасни дека овие челични профили се топло валани и се поотпорни од ладноваланите во однос на температурата. Сепак, Гаревски рече дека ќе му препорача на изведувачот да ги смени и да постави нови. Тој најави дека денеска ќе се направат уште две-три испитувања во лабораторијата и дека до крајот на наредната недела извештајот ќе биде конечен. Претходно, со дигалка на висина до 30 метри, беше направена макровизуализација на сите елементи од главната нова конструкција и беа утврдени и обележани елементите што ќе треба да се извадат за да се однесат на тестирање во акредитирана лабораторија за утврдување на носивите карактеристики на челичните елементи од конструкцијата. И првичната визуелна контрола без дигалка на ИСОГКП покажа дека нема деформации на елементите и профилите на Универзална сала што биле опфатени со пожарот, а Гаревски тврдеше дека градежните активности околу реконструкцијата можат да продолжат. По барање на изведувачот на градежните активности за реконструкција на Универзална сала – „Универзал балкан“, Институтот направи и експертиза, бидејќи Министерството за култура побарало од изведувачот да се процени дали тој може да продолжи со расчистувањето на шутот од пожарот, а потоа и со градбата. Како што наведе Гаревски тогаш, било констатирано дека има опожарување на делови од лаковите од куполата што одат кон прстенот, а има опожарување и околу самиот прстен. Воедно, било констатирано и опожарување на врската меѓу лакот, столбот и попречните греди околу обемот на куполата. Универзалната сала во Скопје се запали на 9 април годинава, само по еден месец откако почнаа градежните работи за нејзина реконструкција и по 10 дена откако беше поставена новата купола. Како што кажаа на последниот брифинг, поранешната министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, изведувачот и надзорот на објектот, предвидениот рок за градба до 2026 година ќе се запази, односно концертната сала нема да остане недоправена. Тие рекоа дека во пожарот изгорело само она што требало да се отстрани кога ќе почнела втората фаза за изведување на внатрешноста и дека нема да се продолжи со реконструкцијата додека не се испита целиот објект. https://www.vecer.press/kupolata-na-unibverzalna-sala-ne-e-ostetena/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Marcello ![]() Groupie ![]() Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 67 |
![]() ![]() |
И тие испитувања веројатно ќе траат долг период како се друго што се одовлекуца во нашава Македонија. Уште долг период ќе седи нефункционална универзална.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОД ПОЖАРОТ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА НА КУПОЛАТА ИМА НЕКОЛКУ НАБАБРЕНИ ЕЛЕМЕНТИ И ТИЕ СЕ НАЈКРИТИЧНИ, ВЕЛИ ГАРЕВСКИ КОЈ ГИ ПРАВИ ИСПИТУВАЊАТА
![]() Најголеми оштетувања од пожарот на Универзална сала има на куполата, каде има 6-7 набарени елементи, вели Михаил Гаревски од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Приватниот институт на Гаревски е избран од фирмата изведувач „Универзал-Балкан“ за да ги изврши испитувањата дали челичната конструкција е оштетена од пожарот. „Со 30-метарски кран направивме детална визуелна инспекција до највисоката точка на куполата. Заклучивме дека пожарот бил најголем кај прстенот односно кај куполата, најмногу горело таму. Има 6-7 набабрени елементи на прстенот, тие се најкритични и ќе треба да се види дали треба да се отстранат и да се сменат. На горниот прстен обележавме за да ги испитаме и еден попречен елемент кој не е деформиран, но е опожарен и ќе се носи во лабораторија за да се види колкава е носивоста на затегнување и да се процени дали челичната конструкција ја изгубила или задржала носивоста. Во рок од 10 дена ќе се знаат точните резултатите од испитувањето“, вели Гаревски. Универзална сала се запали на 9 април, само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма „Универзал-Балкан“ рекоа дека најверојатно се запалил стар кабел или некоја стара инсталација. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска неколку дена по пожарот рече дека експерти од ИЗИИС и Градежен факултет ќе вршат испитувања на челичната конструкција за да се види дали е оштетена. Но, ИЗИИС и Градежен факултет не е се вклучени во испитувањата. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-pozharot-na-univerzalna-sala-na-kupolata-ima-nekolku-nababreni-elementi-i-tie-se-najkritichni-veli-garevski-koj-gi-pravi-ispituvanata/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Marcello ![]() Groupie ![]() Joined: 22-May-2024 Online Status: Offline Posts: 67 |
![]() ![]() |
За Универзална имаше сабајлево на утринската на Сител архитект (не знам точно кој е) за реконструкцијата.Кажа дека дел од седиштата на шини по потреба ќе можело да се спуштаат во подрум ако требало нешто да се доближи сцената и во тој случај ќе имало полукружно потковица наредено седишта. Имаше фотографии како ќе изгледа надворешно и внатре. Кажа дека после расчистувањето по пожарот ќе можело да се почне со реконструкција.
Не можам да најдам видео или уште не е ставено видеото од гостувањето. Edited by Marcello - 22-May-2024 at 18:21 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(ФОТО+ВИДЕО) Три дена по пожарот – сè уште трае увидот во Универзалната сала
Високите лимени огради околу Универзалната сала се сè уште таму, а зад нив не може многу да се види. Она што се забележува е челичната конструкција на куполата која беше поставена неодамна, само две недели пред избивањето на пожарот. Таа на Универзалната сала ѝ го дава специфичниот изглед по кој е препознатлива и без која, по пожарот, најверојатно не би го имала истиот лик. Но, освен металната конструкција на врвот на објектот, под неа, барем во делот на куполата, не е останато многу Трет ден по големиот пожар што ја зафати Универзалната сала во Скопје и минималниот број на новости околу околностите за инцидентот познати оттогаш, беа причина за екипата на „360 степени“ од прва рака да провери во каква состојба е и што се случува со објектот, кој меѓу скопјани е неретко познат како симбол на солидарноста. ![]() https://360stepeni.mk/foto-video-tri-dena-po-pozharot-se-ushte-trae-uvidot-vo-univerzalnata-sala/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Добро што изгоре, иначе ваква плукни залепи реконструкција можеше лесно да заврши како Крокус во Москва. Наредна власт треба подитно да распише тендер по проектот на Коце, се останато е импровизација.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Одлично што изгоре!
![]() Сега веќе нема да треба да се замараме со реновирање ѓубриња. И доста веќе со свенешто прогласување за идентитет, како тука во случајов со прогласување на безвредна барака за идентитет на градот и плачење по архитектонски неафтентична копија на бугарски циркус. Нова сала на друго место! End of story! |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Доста поетски е да ја снајде истата судбина како оригиналот - државниот циркус во Софија кој изгорел во 1983. ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Што мислите, ја спремаат ли за зграда?
![]() Универзална сала во пламен! ![]() Гори Универзалнатата сала во Скопје, која во моментов е во процес на реконструкција. Пожарникарните единици се веќе на терен а надлежните служби ја расчистуваат околината. Булеварот Партизански Одреди е делумно затворен во правец кон Центар. Причините за пожарот се сѐ уште непознати. ![]() ![]() https://marh.mk/univerzalna-sala-e-vo-plamen/?fbclid=IwAR1uK5a1z7Pq8Tgmi_jOceakztEfgjKXQ_O45kF16eumh6EiaNmJiZ4VLyA_aem_AcehOoOXufnmaX46Q4dKNKE0az2LKc7gQRFKGphhE05mSSVQmhcdpPwQIqxl52UCJ91QnmQPMUo8PQHycLSa8Icy |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
УНИВЕРЗАЛНА САЛА ДОБИ НОВА КУПОЛА КОЈА НАВЕЧЕР ЌЕ СВЕТИ
![]() Поставена е нова купола на Универзална сала. Во рамките на градежните работи за реконструкција на концертната сала отстранета е старата купола и поставена е нова. Според проектот, куполата ќе биде зголемена и навечер ќе свети. Ќе се задржат постојните форма и габарит, односно се зачувува духот на Универзална сала. Ќе се прави внатрешна реорганизација на просторот и ќе се употребат нови материјали на фасадата за да биде енергетски ефикасна, а истовремено се зголемува и противпожарната заштита. Со решението ќе се реши најгорливиот проблем на Универзална сала – немањето фоаје. Ќе има и нов распоред на седиштата, кои сега се тесно поставени, па ќе се намали нивниот број од 1.500 на 1.100-1.200. По пауза од две години Универзална сала продолжи да се реконструира во февруари. Градоначалничката Данела Арсовска по доаѓањето на функцијата ги стопираше градежните работи, кои почнаа во времето на нејзиниот претходник Петре Шилегов. По една година натегање, објектот го презеде Министерството за култура и сега тие ќе го водат проектот, по што салата повторно ќе биде вратена на Град Скопје. Градежните работи ги изведува фирмата „Универзал-Балкан“, а проектант е Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/univerzalna-sala-dobi-novi-kupola-koja-navecher-ke-sveti/?fbclid=IwAR2Q-E3zHEYW_qhHKfPz1t6Ua4SLH3nwEiLn25YtB0nIJCzTGwB1glnlbnU |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Јас мислам дека универзална ќе се заврши, премногу важен објект е за Скопје. А за тоа како ќе се заврши не сакам ни да мислам. Уште од сеа можам да го замислам алуминобондот или како и да е. Во внатрешноста можеле да ги задржат лустерите во некоја форма ама тоа би било научна фантастика за нашиве... |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Избори се ближат, фантазии се нижат
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Од некој идеен проект за парк со отворена сцена на просторот на Универзалната сала. По мене, идеално решение, би потпишал со две раце за рушење на салата и отворање на овој простор. ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Помал број на седишта, покомотни редови: Како ќе изгледа Универзална сала?
![]() Универзалната сала ќе се реконструира на постојното место, со зачувување на истиот габарит и автентичниот изглед. Kонечниот изглед беше промовиран за време на мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов. Изведбениот проект за реконструкција е изработен од проектантското биро „Мегарон инженеринг“. ![]() По една недела откако багери влегоа и почнаа да го расчистуваат просторот кај Универзална сала од целото ѓубре и од градежниот отпад оставен две години откако запре реконструкцијата, денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска најави дека реконструкцијата конечно продолжува. Според очекувањата, градежните зафати ќе траат околу три години, па некаде кон крајот на 2026 година култната сала би требало повторно да биде отворена за посетителите. ![]() Архитектот Бујар Муча денес објасни дека проектот е готов во сите свои фази уште од 2021 година, а сега е на располагање на изведувачите за да се заврши првата фаза, а потоа преку тендерирање да се продолжи и со она што е техничка фаза и ентериер. Едната фаза е изработка на фасадата и на куполата, а во втората фаза е решение за функционалноста на објектот, односно реконструкцијата и реорганизацијата на внатрешниот простор. ![]() Се задржува постоечката форма, се прави внатрешна реорганизација на просторот. Се поставуваат нови материјали во фасадата, поради енергетската ефикасност. Со мали корекции во постоечката конструкција ќе се зголеми и противпожарната заштита. Целата конструкција надолу е челик, тој е дотраен, ќе направиме некои корекции и во конструкцијата, не нарушувајќи го обликот на објектот, но мора да се внимава и на противпожарна заштита. Ќе се прави реорганизација на просторот во делот на фоајето, тоалетите, просториите за вработените, терасите… „Го отвораме најранливото прашање, а тоа немањето фоаје, ги префрламе санитариите, ги правиме редовите покомотни, ги зачувуваме гремиорните и правиме реорганизација на просториите за вработените. Духот на Универзална сала е сочуван, промените се од аспект на промена на материјали, промена на некои проблематични делови, како на пример, зголемување на стреата напред кога се чека за влез и слично“, објасни Муча. Во рамки на реконструкцијата на Универзалната сала ќе се намали капацитетот на седиштата, кои како што рече Муча, отсекогаш биле проблем. „Знаеме сите коишто сме биле таму дека тоа е проблем со седиштата. Го намалуваме бројот на седишта за 300, ги правиме редовите покомотни. Ќе направиме сала која ќе блесне во истиот сјај , ќе потсетува на Универзална на која сме навикнале. ![]() Нешто повеќе од една милијарда денари или околу 16 милиони евра е проценета вредноста за изведба на градежните зафати и за надзор за реконструкција на Универзална сала. Инвеститор е Министерството за култура, а изведувач фирмата „Универзал Балкан“, која што пред повеќе од две години беше ангажирана од Град Скопје за да го обнови објектот. Од државниот буџет за зафатите на салата за годинава се обезбедени 120 милиони денари, а за 2025 и 2026 година по 443.818.000 денари. https://nezavisen.mk/pomal-broj-na-sedishta-pokomotni-redovi-kako-kje-izgleda-univerzalna-sala/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Започнаа подготовките за реконструкција на Универзалната сала
![]() ![]() По неколкумесечните натегања околу предавањето на проектната документација од Град Скопја на Министерството за култура, денес започнаа работите околу расчистување на шутот во и околу Универзална сала. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во неколку наврати и јавно апелираше до Град Скопје да го изврши предавањето на целосната документација поврзана со реконструкцијата на Универзална сала, за конечно денес да се започне со чистењето на шутот и отпадот по што ќе започнат градежните работи. Реконструкцијата која ја започна поранешниот градоначалник Петре Шилегов во 2021 година и беше во застој од доаѓањето на Данела Арсовска на градоначалничката функција. Три месеци откога дојде на местото градоначалничка на град Скопје, Арсовска излезе на прес конференција пред Универзална сала и тоа крајот на февруари 2022 за да го изнесе ставот дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден и дека треба да биде стопиран, додека Асоцијацијата на архитекти на Македонија на чело со Мишко Ралев, остана на ставот дека тоа е политичка одлука на градоначалничката донесена без факти и аргументи. На изјавата на Арсовска реагираше фирмата проектант „Мегарон инженеринг“, која кажа дека проектот е безбеден и сите измени се одобрени од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Нова разврска случајот Универзална сала добива во ноември, 2022 година министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, изјави дека има целосна согласност од градоначалничката Данела Арсовска за реконструкцијата на Универзална сала целосно да ја преземе Министерството за култура. Во јануари оваа година, после долги обиди да се преземе документацијата за реконструкцијата на салата, Владата (Министерството за култура) ја презема Универзална сала од град Скопје. https://gradska.mk/zapochnaa-podgotovkite-za-rekonstrukczi%d1%98a-na-univerzalna-sala/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
За 3 години Универзалната сала ќе биде целосно реконструирана и фукционална?
За 3 години Универзалната сала ќе биде целосно реконструирана и фукционална– изјави за Канал 5 министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојевска. Министерството за Култура ги доби ингеренциите за реконструкција на објектот. Договорот за предавање на право на реконструкција ВЕЌЕ е потпишан од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а веќе од УТРЕ ќе се започне НЕГОВОТО примопредавње. „Имавме неколку состаноци со експерти и луѓе инволвирани во ваква проблематика така да работите ќе одат навистина многу побрзо да можеме во тој рок што го предвидовме, максимум до три години да биде целосно реконструирана со сите фази и да ја отстапиме назад на град Скопје.“ Костадиновска- Стојчевска вели дека реконструкцијата би започнала веднаш по завршувањето на административните постапки и целосната документација, за кои очекува дека ќе завршат брзо. „Не би сакала да карикирам со рокови меѓутоа кога ќе ги дозавршиме административните процеси кои што знам дека сега ќе одат побрзо, бидејќи најголемиот чекор е направен ќе бидете известени.“ Универзалната сала со години е симбол на солидарност и на културата во Скопје, но таа повеќе од години е претворена во градилиште. Иако почна да се реновира во септември 2021 година додека градоначалник се уште беше Петре Шилегов, градежните работи беа прекинати веднаш по доаѓањето на Арсовска, поради нејзината оценка дека проектот се гради неправилно и дека е небезбеден. Потоа беше одлучено ингеренциите за нејзино реконстуирање да се предадат на Министерството за култура, процес кој официјално започнува по подолг временски период. https://kanal5.com.mk/za-3-godini-univerzalnata-sala-kje-bide-celosno-rekonstruirana-i-fukcionalna/a616767 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
АРСОВСКА КОНЕЧНО ПОТПИША ПРЕДАВАЊЕ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, ВЛАДАТА ЌЕ ЈА ГРАДИ ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ
Градоначалничката Данела Арсовска конечно ја предаде скопска Универзална сала на Министерството за култура. Арсовска минатата недела ја потпишала одлука за предавање на салата на Владата, речиси три месеци откако Советот на Град Скопје ја донесе одлуката. Сега Владата преку Министерството за култура ќе ја продолжи реконструкцијата на концертната сала која со доаѓањето на Арсовска на функција беше стопирана. Владата планира Универзална да се реконструира во наредните три години и на вчерашната владина седница е донесена одлука парите да се обезбедат од буџетите за наредни три години 2024, 2025 и 2026. „После серија иницијативи преземени од наша страна, успеавме да постигнеме договор со Град Скопје согласно Одлука на Советот на Град Скопје, кој претставува вистинскиот правилен пат да се продолжи со реконструкцијата на Универзална сала. Министерството за култура станува инвеститор на Универзална сала и очекувам веднаш да ја добиеме целокупната документација од Градот Скопје, за започнување со подготовка на проектно-техничката и финансиската документација за реконструкцијата на салата“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Универзална сала почна да се реконструира во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Градежните работи за првата фаза, надворешноста, почнаа во септември 2021 непосредно пред локалните избори. Се работеше нецел месец, по што со доаѓањето на фунцкија на Арсовска работите беа стопирани и салата две години стои разурната и отворена. Арсовска тогаш велеше дека нема да ја гради Универзална сала оти проектот на нејзиниот претходник не бил безбеден, за што се искара и со проектантот, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и министерката Костадиновска-Стојчевска. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/arsovska-konechno-potpisha-predavane-na-univerzalna-sala-vladata-ke-ja-gradi-vo-narednite-tri-godini/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзалната сала
Во јули годинава Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата за времено предавање на ингеренциите за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура. Но до неодамна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во повеќе наврати посочи дека сè уште чека на потпис од градоначалничката Данела Арсовска за да може и формално да ја преземе надлежноста за реконструкција Правото за реконструкција на Универзалната сала официјално е пренесено од Град Скопје на Министерството за култура, информираа од Владата соопштувајќи дека на денешната седница била усвоена информацијата од Министерството за пренесување на правото за реконструкција. Согласно одлуката, по приемот на сите документи од Градот Скопје, Култура ќе треба да ја согледа проектно-техничката и финансиската документација за реконструкција на објектот и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години. Во јули годинава Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата за времено предавање на ингеренциите за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура. Но до неодамна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во повеќе наврати посочи дека сè уште чека на потпис од градоначалничката Данела Арсовска за да може и формално да ја преземе надлежноста за реконструкција. https://360stepeni.mk/ministerstvoto-za-kultura-ja-prezema-rekonstruktsijata-na-univerzalnata-sala/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |