![]() |
![]() |
![]() |
Сообраќајни правила, етика и казни |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Author | ||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() Posted: 04-Aug-2020 at 15:53 |
|||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
![]() https://infomax.mk/wp/вештак-за-дурмо-турс-на-три-автобус/ се прашувам дали сторија Итно вештачење и на другите превозници логично ако еден терал вака сигурно и други имало!? прашање е дали и во еу се случуваат вакви појави, и те како! EU Tens of thousands of frauds registered annually https://ec.europa.eu/transparency/regexpert/index.cfm?do=groupDetail.groupDetailDoc&id=27718&no=7 но дека со вондредни технички ќе се реши целосно ваква шема тешко евентаулно Автопатска Полиција да разместува постојано вифи-Радари но и Камери кои преку постојано ќе вршат брзински надзор ~ ДИГИТАЛЕН ХАК
АНАЛОГЕН МАГНЕТЕН ХАК
Edited by Zelenikovo - 04-Aug-2020 at 01:53 |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
конечно на Македонско Радио 1 кажаа дека автобусот е стар 18 години односно произведен 2001-ва, и тоа отсечно како нафрлена информација како џингл во музичка програма, значи до сега невиден келеперлук во однос информирањето, но не на новинарите туку на властите кои бар експертски можеше да ја информираат јавноста во кој се правец треба и оди истрагата, дали анализите од вештачењето ќе се споделат одма со неа или ќе се лака да заврши истрагата на обвинителството, речиси како намерно да го држат Народ во вакум за да се дефокусира од трагедијата, наместо оваа тема да биде актуелна на прав начин низ континуирани јавни дебати и анализи, веројатно побитни им се други работи а кога ќе имаат време ќе се посветат на темата, синкир има нешто поактуелно од ова, и ајде Сочувството вака се релативизира туку и шансата да се отвори поширока дебата за безбедноста во сообраќајот воопшто! а сетра автобусите како што може да се најде на нет, поновите модели од 2006-та имаат и ESP и ABS и ASR систем [1] но постарите модели немаат, а и шасијата не изгледа дека би издржала превртување на кров стр.13 [2] чудно ако се има предвид дека станува збор за бренд на Даимлер [3] бидејќи сакаме во еу, стандардизација како онаа од првава фуснота посекако ќе биде обврзувачка, прашање е само дали кога и во каква европа ќе влезе Македонија!? |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
Мерцедесите се ~200k евра, тие посекако имаат ABS стандардизирано во сите автобуси, но дали Сетра имаат ABS нема инфо, веројатно зависно која година на производство се, a изненадува што има багателни половни сетри, инаку разбравме кога е автобусот регистриан [1] но не и година на производство, или дали се истите рег.табли со тој кој лани се излизгал во Косово односно дали е истиот автобус, но со скорешниот дефект постнесреќата со друг автобус на истата компанија можно е да станува збор за дефекти кај повеќе автобуси, сепак ова никој од надлежните ниту го потврди ниту го демантира а останува за сега вака да се нагаѓа додека не излезат од МФС со вештачењето во јавност за потоа и МВР или Патниот Инспекторат при МТВ да даде целосен извештај, што аигурно и ќе се случи, но она што изненадува е колку сите врз возачот почнаа да вперуваат со прст иако не возел над дозволеното плус има сведоштво од патник дека му се блокирал воланот, значи Ги Почитувал Правилата од кој аспект нема да биде законски казнет иако совеста не се пере ако сите му набиваат нему комплекс дека тој е виновен, иако главна вина (слично како при поплавата и обиколницата) излегува дека отпаѓа на проектот изведбата или надзорот при изведбата на автопатската инфраструктура, во случајов банките како што денес зачудено се констатира во напис на Фактор дали и не е така, во кој случај одговорноста е на државата прво што пуштила во оптек така обезбеден автопат, а второ зошто не се правеле ревизии од следнта гарнитура, ко што сега оваа правеше за проектите на своите претходници, казната во овој случај веројатно ќе нема за никого како што не чувме за одговорност заради недоносениот проект на обиколницата при последната скопска поплава, но кај банкините на автопатот има нелогичност ако се правени и поставени по стандард, но да не преудицирам да почекаме на официјален институционален извештај! https://faktor.mk/gi-ubi-li-zashtitnata-ograda-15-patnici-vo-avtobusot-na-durmo |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
ако еден нов автобус е ~200k евра, та бил и половен, па и олдтајмер, зошто ваква опрема да не е стандард, но и да биде мониторирана така во секое време од државниот инспекторат за транспорт, цените се смешни во однос предострожноста која вака ќе ја имаат возачите на автобуси! ~130 eвра дуалсим гпс тахограф за да во секое време е покриена мрежа Edited by Zelenikovo - 17-Feb-2019 at 19:36 |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
овие постови може сега не се најсоодветни како размисли, но бидејќи оваа тема не е воопшто атрактивна колку што треба да биде, па си земам за право (и во ваков момент кога незапамтената автобуска трагедија е сеуште примарна тема) да нафрлам разни идеи кои би ја подобриле безбедноста во сообраќајот, некои само иновативни некои инветивни, но пред се' потребно е да се укаже дека само стихојно или парцијално се работи на оваа тема без сеопфатна стратегија како постојано да бидат актуелизирани ризиците и решенијата во однос патната безбедност, за што постојат правила кои се тераат пенолошки на нозе, но со казни не се создаваат здрави навики туку моментална стравопочит, а заради што треба да се работи на етиката поактивно, иако за тоа треба време и едукативен напор што нема брзо да ги надмине постојните околности сред каубојски менталитет како што велам единствено чаре е бар привремено rfid учипување на регистараски таблички , но за жал онаму каде е логично и неопходно да се користат rfid тагови то не се најавува туку трендовите одат строго конзумерситички! дека ова е ризик како мас контрола точно, но има начин како да биде сето ова безболно и помалку ризично па ваква норма да важи за сите оние кои имаат над три сообраќајни прекршоци кои во меѓувреме ќе се уловат преку камери и сообраќајна полиција откако ваква норма стане реалност! во овој контекст како иновација која како задолжителна норма би ја зголемила безбедноста кај јавниот патен превоз на патници би посочил дека денес веќе постои начин како дигиталните тахографи да се врзани во андоид апликација односно преку GPS би можело надминувањето на параметрите да ги следи т.е. биде алармиран државниот инспекторат кој веднаш би излегол на увид по дашкам снимка и добие објаснување од возачот на автобусот зошто брзината е надмината на некој правец, нешто што пак особено е важно за кривините во кои неретко автобуси не намалуваат брзина нели спретни биле возачите или имале голема километража па можат да си дозволат како поискусни и по некоја импровизација, но од која во најмала рака коса им се крева на патниците, идеално пак би било кога ваква норма би била задолжителна за сите товарни и автобуски превозници а со тоа ризиците во сообраќајот заради немарност ќе бидат резервирани само кај несовесните возачи на автомобили, но комотно можат оние со пополнето конто со казни освен rfid и вака е-тахографски да се учипуваат на следна регистрација бар во рок од една година, за така конечно каубојските навики да се сведат на минимум (а само дечурлана и туристи да се главен ризик со кои катгории најлесно се излегува на крај преку екстра казни, туристите парично дечурланата општествено пр. губење право на некоја системска бенефиција) еТахографи врзани за мобилна апликација за да можат да се следат преку гсм од страна Edited by Zelenikovo - 17-Feb-2019 at 19:00 |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
сигурно толку разработена апликација како хаковава е резултат бидејќи имаат и 7 милилни туристи годишно хрватите, па гледаат што помалку да има залутани по улици заради разни проблеми или потреби ете бар во и околу сообраќајот, но дека се од нас на ова поле попедантни тоа е сигурно, иако и кај нив се возат асли стари автобуси!
инаку имале и АМСМ андроид ап но секнал некаде попат, веројатно сфатиле дека не е само да склепаш нешто туку дека тоа треба и да е функционално [1][2] значи немало простор за апгрејт туку морале да одат со нова апликација [3] што покажува колку озбилно си ја разбрале работата во овој век, одговорност која ја надминува компјутерската програма како рамка а што би значело и оператори кои веруваат и даваат се' од себе за да апликацијата функционира преку постојано одржување и надградување, но прашање е дали истата и воопшто сеопфатно покрива се' околу сообраќајот што би им било потребно како информација на возачите, но да речеме ова ќе им биде опомена како да извадат/понудат максимум од една ваква алатка ... ако вакво нешто е проблем или не е норма, што пак имплементација на V2X системи [1][2] но АМСМ ако се приватни та и не треба да се очекува многу од нив, но тогаш РСБПС требаат да извадат државна мобилна апликација во која ќе бидат покриени сите сообраќајни информации АКО законски се обврзани сите засегнати учесници во сообраќајот да алармираат дека направиле застој некако, а корисно доколку возачите се обврзани телефон да им е на шалттабла, бонус и заради помал ризик него да се брцаат по џебови ако им ѕвони телефон, иако не ми се верува дека вака целосно би се решил тој ризик, него попрво треба некоја законска регулатива да е задолжително да се има телефон со гео-навигатор пред себе штом седнете да возите, а тоа наједноставно би било доколку е бесплатна смартфон апликација која освен геопозиционирање и алармантни сообраќајни информации би имала исто алармирање за природни или антропогени проблеми [1] идеално таквата апликација треба да е блокирана за користење рачно доколку е во движење, а се користи така само гласовно ... |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
теоретски стандардите треба да го подигнат Квалитетот на Живот, но кај нас е обратно чекаме да се опариме и кренеме да Живееме а дури потоа за стандардизација ќе мислиме, за изуми ден потоа ако и тогаш обучно ќе бидат заборавени како патенти и толку, но бар иновации може да се тераат па она што веќе негде постои иновативно да го надградиме освен преведеме, пример АМСМ може да има квалитетна интерактивна апликација налик хаковата ... но би билл паметно и државата преку советот да извади нешто слично но со еФорум каде за секоја недоумица ќе може Народ ако не стручни лица да одговорат на дилемите ... |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
хак имале и тјуб канал но само со по некој издвоен прилог од емисиите [1] та и тие не се за пофалба како најагилни, но ние дефинитивно сме без конкуренција затворени или заспани, заборави имаме бар едно списание каде безбедноста во сообраќајот е третирана, но не ми е јасно зошто и како немаат електронко издание, онлајн архива, ги болат ли прсти за два три екстра клика и бар безбедносните содржини да се објават, може се плашат дека така ќе имаат помалку работа!? https://www.amsm.com.mk/selectedarticle.aspx?cid=5394&scID=5826&l=94 од друга страна АМСМ сега е приватна компанија претпоставувам, иако нема ништо на сајтот во менито Историја за нивната трансформација, но РСБПС денес како едуктивен државен орган треба и може да има е-билтен ако не озбилен сообраќаен еду-портал, сега се сведени само на повремени кампањи, а и од нив нема комплетна архива, ќе да им имаат рок на траење кампањите, но може некој ќе ги потсети дека треба да им се топтан архивирани, имаше едно време интересен анимиран спот баш го барва за нишкава но без успех, АМСМ пак и по меил пробав да ги контактирам ако мажат пак да го закачат видеото за Помош на Пат, но ниту ми одговорија на пораката а не пак да го закачат пакмвидеото на јутјуб, веројатно се сомневале дека некој може да го прегледа повеќе пати ... |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
ако се погледне нишкава има натписи за безбедност во сообраќај од балкански автосписанија но не и од македонски, и ајде немале таков безбедносен табиет, но бар една црна лента да ставеле на порталот на првото македонско авто списание [1] се прашувам дали се работи за непрофесионалност, но не е, ако огледало ни се институционалните авторитети и нивната просечност ако не подпросечност во однос грижата за општествотомете од едукативен или солидарен аспект, кон што се фокусирани вооппто ако не кон тоа, веројатно ситнопаланечко медихмско бркање поени, мислам незнам зошто толку време глумат сообраќајно душегрижништво а всушност на таа тема имаат само републички совет и никаква сеопфатна агенда туку од време на време по некоја кампања онака медиумски бомбастично како што се правеше до сега колку да не е без ич, НО КАДЕ СЕ СООБРАЌАЈНИ ТВ ЕМИСИИ кои не само што ќе бидат резервирани за безбедност во сообраќајот туку ќе бидат продукциски бар на балканско ниво, идеално доколку законски тв и радио медиумите имаат законска обврска ~ или да имаат своја соодветна емисија или да ја превземаат државата на МТВ, но како да стигнат до или попрпво зошто и до сега не наметнале норма за да таква рубрика имаат и е-медиумите и специјализирани авто изданија, та авто+ е уште од титоизмот и ненни треба на ова да курљжат, но очигленонкај нас мора државна стратегија и мандатни механизми за да се натераат СИТЕ одговорни да си ја работат својата работа, сообраќајот кај нассамо стихијно се третира инисклучиво после некоја несреќа, еве сега имаат повод за инерција кон поголема општествена будност за потребата од постојано Учење Потсетување и Реформирање на Собраќајните Норми и Безбедноста во Сообраќајот, нешто што е постојано неопходно бидејќи не само што е зголемен број на учесници во сообраќајот туку со спуштени државни рампи истиот и дополнително ќе се зголемува на страна што живееме во век кога брзината опуштеноста и рефлексите се далеку поголеми него во минатиот, сега не се ни осеќа патот под нозе, си вози Народ тоа новите возила ко да е по вода, но и во вода кога има карпа или при паркирање бродот отворил труп и малку треба за да истиот потоне, пота бадијала барање кривец бидејќи инерцијата кон поголема безбедност не е само кај инспекциските служби туку кај самите капетани а тие постојано треба нешто ново да учат илимпак се потсетуваат на она што го знаат бидејќи во секоја ситуација ист научен аршин не поминува иако теоретски е нормиран, просто има толку варијабили или непознати во сообраќајната теорија да никогаш Човек не е на сигурно дека е безбеден штом влезе зад воланот, заради што постои Осигурување, но дали сонистот се избегнуваат ризици, напротив истото треба да е потсетник дека нив ги има многу во Сообраќајот, но имам чувство дека Народ го доживува како безбедносна полиса а всушност станува збор за утешна полиса, што пак може да се смени лесно само и ако се задолжени осигурителните компании да делат буклети за безбедност во Сообраќајот, но не онакви извадени од принтер туку глоси книгички за и на децата да им е мерак да си ги листаат, а за возачите да ги имаат на ум законски да мора да им стојат во автомобил на шалттабла со печат со рег.број да се распознава леснонкое возило е регистрирано, но и возачите секогаш кога ќе влезат во автомобил би се потсетиле дека ризиците се реални во сообраќајот ... но и балкан да не ги фалиме за репер, иако ете според мапата на последниот линк од горниот пост јасно е дека хрватите се трудат црвената маркација да ја тргнат од таму, бидејќи имале тв стрим при Хрватски Ауто Клуб -Промет Инфо емисијата на хтв но истиот е сега 404 рут, иако би требало да имаат и YouTube архива или пак воја каде не само што секоја емисија ќе биде закачена туку и категоризирана или тагирана, о не заради друг заради идни нивни соработници, иако од корист е за мнозина кои би сакале да искористат поука или анализираат постојна или поранешна состојба ако не во сообраќајот во однос афирмирање на безбедноста во сообраќајот, иако и нив им фалат односно немаат инерција за еОпштество и академски или институционални еФоруми каде информација се лесно пребирливи и дофатни а анализите постојано надополнети дури и кога вака лаички би ги коментирале само студенти од дадениот сектор а не пак експертите да си пеглаат пристапот и атмосферата во фелата ... жалосно е што порано при минимум сообраќај во земјава споредено со денес имаше детски тв-емисии како ЦрвеноЖотоЗелено мислам се викаше, па и стрипови за безбедност во сообраќајот, а сега принтолку поедноставен процес за креирање графички и аудио-визуелни уметности ајт што никој не наоѓа време некако од спунт да освежува општество на оваа тема туку ниту државата некако ги стимулира Граѓаните да бидат вака креативни а како постојано би се потсетувало дека секој што е зад волан не само што е одговорен за себе и тие со него туку има одговорност и за оние наоколу, ова е логичен позитивен пристап, иако лично колку се заминати времињава во однос неодговорност не би имал против да се размислува и дрско-креативно та секој видно пијан возач кој би седнал зад волан да не е казниво сомклуч да му се изгребе каросерија, клуч не механичарски туку браварски, ова последново го потенцирам бидејќи законски буквално мора да се акцентираат сите можни ситуации кога што е дозволиво, имаше нели еден пожарник на фејсбук пратил статус Луѓето од страна помагале ваделе настрадани но дали тоа правилно го сториле дали на јуриш не направиле некаква штета, логично, но ова мора да е педантно законски покриено а не е ... Edited by Zelenikovo - 17-Feb-2019 at 06:48 |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
колку сме центрифугално сомлени не само од стрес туку и од брзоплет живот тоа е навистина чудо, ова второво е особено воочливо во однос ваква трагедија, кога ајде комшиите не одложиле ратификација во парламент бидејќи е туѓа држава, (иако нелогично ако се земе во предвид нагласениот патриотизам кој логично ако Народ има љубов кон одреден земен идеал како нација та и политичарите треба да сочувствуваат со него), но тука нашите политичари бар оваа недела да ги беа одложиле своите конференции и конвенции, sdSSm земјоделска во Струмица а дпмн претседателска во Струга, премиеро пак во Минхен по аплаузи на маршалова отан конференција, поентата ми е дека ако се нема осет и при ваква трагедија сочувството се заобуколува час поскоро како и да не се случило ништо, што пак за преданост на реформи и подигнување на одржливо ниво на стандардизација и не само во сообраќајот, воопшто, сме станале налик топтан-центрифуга како општество а не само градот како урбана џунгла! после се чудат експерти зошто толку статистиките рушат рекорди, просто сите се брзаат некаде, итаат ко да се во видео игра, којзнае можеби се, во кои околности еденствен лек не само заради сообраќајот туку и безбедноста е rfid мониторинг, чинам веќе нарачаа дпмн за регистрациските таблички ваков новитет а само треба rfid локатори на секој семафор кривина или секоја десетта бандера и конечно по пошта да им стигаат казни на возачи дали заради надмината дозволена брзина или заради претeкнување на полна лента, илити во за возење во прва жолта лента која ако ја вратат булеварски во градот вака најлесно би се контролирала, но под услов автобусите да не прават гужви во сите три туку држат само прва лента во текот на цел сообраќај а само на одредени места со предност на престројување да се вклучуваат во лево заради менување правец, што конечно со клучки кај СОК Мавровка и тунел бар накај Илинденска ќе овозможи беспрекорна автобуска артерија Исток-Запад, но на оваа тема има други нишки на форумов па не би во оваа ... тука би потсетил дека треба да тежнееме тркачкиот и адреналинскиот табиет да се префрлат од од уличен асфалт на специјалирани тркачки стази, комотно можат еколку и тоа поголеми да истераат во Скопје за оние кои милуваат трки да имаат каде и да се празнат наместо тоа да го прават по улици, а дека ги има многу ги има, но без да се инвестира во озбилен јавен транспорт кој ќе биде бесплатен напливот на коли се повеќе и повеќе ќе допринесува за гужви ако не потешки ризици, дури во такви услови стандардизација може да се крене до плафон а колата да е луксуз, додека на автобуските превозници да им се исплати да купуваат скапи автобусибидејќи Народ и би свикнал помасовно да ги користи т.е. ако навиките за градскиот јавен транспорт се зголемат ќе се зголемуваат и за меѓуградскиот, но нели кај нас предност имаат автопатските патарини и државниот буџет, или градежниот сектор за чиј бум скап или ограничен автомобилски транспорт е зицер, нели бркаме норма ако може Скопје сите села и градчиња да ги прибере на едно место, нели убавоме да се штима бдп и макроекономија низ таа призма во биланси, иако сето тоаме за сметка на позагадена и понебезбедна метропола, зар не ... инаку логиката е дека што постара превозна компанија толку поозбилна, но кај нас е обратно и не важи ова правило еве пример ко што е случај во сАд, но ако се има волја ќе се најде начин како ризиците да се релативизираат, а за што ни фали мобилизација на експертската фела која ќе биде иницирана ако не натерана да дебатира по институционални ефоруми со време а не постфестум несреќи или хаварии, која е фората да имаш алатки кои би ги сплотиле учените а тие дремат на фејкбук пуштајќи ко дечурлана некакви графити статуси по ѕидои, небаре учеле и се надградувале за сето тоа знаење да им дреме во џеб а само по некогаш од ракав да тресат твитои ако не статуси во најдобар случај тв сеир или чалам, после нормал вакумот го пополнуваат полуписмени ко мене, наместо таквите да се само мотивација што повеќе Луѓе да се описменат откако нели некој ваквите абери пример ќе ги оспори надополни или девалвира како би отворил простор за поелаборирана ука ... 4. Advanced driver assistance system - https://www.dw.com/en/how-safe-is-bus-travel-in-europe/a-39522004 Edited by Zelenikovo - 16-Feb-2019 at 20:30 |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
ако се видат статистиките навиатина трагедии со
голем број настрадани повлекуваат големо внимание, но кумулативно секоја
година страдаат во сообраќајни несреќи многу Сограѓани, што упатува на
тоа дека колку треба предострожност и ресетирање на ризици во јавниот
транспорт на Патници исто толку треба во приватниот, тука веројатно би
требало исто да се подигне нивото на стандардизација, 1.
при што алкохолот треба да е на нула промили при возење, но чинам
далеку поголем проблем е возењето под дејство на фармациски лекови со
тријаголничиња меѓу нив најексплоатиран фамозниот дијазепам при што
моториката кај возачите озбилно е намалена, а не пак што на далеку
потешки пациенти им е дозволено управување на возило, антидепресанти од
тип на ансилан само колку може да омлитави човек а не пак хелекс, 2.
веројатно голем дел категории на лекарства мора да се стават на црна
возачка листа а штом доктор ги препише да мора да му земе возачка
дозвола на пациентот директно или да го упати индиректно во мвр сам да
ја однесе а со белешка од таму да се врати по терапија, но што е ризик
од друга природа при што Народ ќе ескивира лекарска помош а така исто
толку голема ако не и поголема ризична категорија за во сообраќај,
можеби решение би било лекарите да не препишуваат од ракав
антидепресанти, бендозијазепини или опијати, туку попрво упатуваат на
нутриционист и спортска терапија бидејќи добар дел од стресот и
нарушеното здравје воопшто се резултат на неквалитетен начин на живот,
но сиромаштија рулз па полесна закрпа е апче како што си е сега, 2.1.
чии пак статистики може да се пеглаат со редовни јавни кампањи при што
ќе се потсетуваат сите возачи дека меѓу нив секогаш има или некој болен
или стар илити аздисан сограѓанин та влегувањето во кола секогаш да биде
будна а не опуштена навика, само колку Животи би се спасиле ако сме
сите свесни дека и на ново возило заради препумпани пневматици може да
пукне гума а така да се случи карамбол и во Град а не пак на автопат, за
што добра поука се дашкам видеата, а камо такви 3.
камери да станат норма за секое возило кај нас па така и возачите ќе
внимаваат почесто на своето однесување, црна кутија која како државно
баждарена и пломбирана ќе се инсталира при секоја регистрација на возило
... ![]() ~ инаку
ова е прва поголема сообраќајна трагедија кај нас, а она што ја прави
посебна во однос штетата е колкав број патници преживеале, за што не се
сомневам дека виша сила е во прашање, ете Слава Богу трудната жена
преживеа што неретко е случај да страдаат пример родителите а детето да
преживее и во невозможни услови ... ова ме потсетува бар од Православен аспект дека може да се осветуваат и превозни средства слично како и земјоделски насади или домови, зошто Народ не го чини тоа и со возила незнам ...
|
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
примарна работа е инсфраструктурата, дефекти на возила се случуваат од разни причини пр. ефтини репарирани или фалц резервни делови кои технички ќе бидат таман но при возење ќе пукнат или попуштат, додека недостатоци во инфраструктурата како бетонски банкини на онаква денивелација под автопатот или пак на брда тоа треба да е норма онаму каде има голем проток на возила или се дозволени големи брзини, но како што вели гостинот од РСБПС во линкуваната емисија пост погоре а во однос Станиците за Технички Преглед треба да се стегне стандардизацијата та ако порано можело зошто сега да нема ригорозен преглед на автобуските оператори, просто и нови автобуси да има секогаш постои ризик, тука е и табиетот на шоферите кој мора да се премерува не само од психолог туку и тајно да ги проверуваат инспекциите како се однесуваат во самиот транспорт, што значи инспекторатот треба да биде на далеку повисоко ниво, правдање на државниот инспектор при мин.тр.вр. дека главен проблем е староста на авотобусите е благо речено експертска кратковидост, на страна дали инспекторот ет експерт, иако со децении е во министерството на високи позиции, речиси како да сака да се амнестира од одговорност, зар чекаа да се случи нештомвакво за да направат подобен есап за промени ... кај техничкиот преглед точно е дека може да се штима или премижува состојбата на некое возило, номдека за автобуси со лиценца тоа некој би си о дозволил се коси со здрав разум, иако нема што може да ме изненади во Македонија, особено ако ко во случајов си има превозникот свој Тех.Центар та купува на време додека направи ден недела месец подоцна репарација, иако така би ризикувал доколку го однесат на вондреден технички преглед да изгуби се', та нема и ова логика дури сме имале сеуште транзициона корупција, просто заради поголема безбедност треба само стандардите да се подигнат ете бар ABS да е задолжителен во јавниот транспорт, иако ко штомвелам погоре нема да куца магарето ако одиме и потака со ролбарови, хидраулични дигалки или макари напред и назад, ете од предострожност не дека вакви несреќи се секојдневие ... што е до понови возни паркови тоа може да се стимулира на повеќе нивоа, но ако автобусите се на дофат на обичен минувач ризици секогаш ќе има на претек, само колку паргингот на САС секојдневно го претрчуваат луѓе, оградата околу него решеткаста, та една пиперка да влета во ауспух па какви се не глупости може да стори, по што снимки од камери би биле бадијала иако сега нема ниту една камера која го покрива паркингот од сите агли, во секој случај јавниот возен парк во државава е скоро олдтајмерски, но нови автобуси ќе ги кренат и цените на билетите, што пак би можело да се амортизира со државни субвенции, во кој случај можеби попаметно е државата да го рестартира ФАС а така и за 4-тина до 3-тина да се добијат поефтини нови автобуси при ригорозна стандардизација, иако можат да им скинат царина и данок за нови автобуси на превозниците па така да ги стимулираат но секогаш ќе биде поефтино ако деловите и поправките ти се на ертифицирана локална фабричка линија која биндржела нечија странска франшиза ... |
||||||
![]() |
||||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|||||
Ова е добра причина да се стегнат ЈАКО сите станици за технички преглед зошто сите и така знаеме дека регистрираат 100% од возилата кои ќе дојдат на регистрација. Подобро да не постојат доколку не прават селекција!
|
||||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
додека се чека на резултати од официјална анализа, морам да дополнам дека после три дена ниту една Институција (освен по некоја општина) не извади и еден банер ако не видео со Сочувство ... требаше бар да се организираат далеку поагилно информативно него штуро, пр. како што беше при поплавата [1] наместо така, сд бафтаа ситнопаланечки со проблемот, просто живееме во време кога е битно политички поени да се обработуваат од сите страни наместо да се сочувствува со Преживеаните и Семејствата на Настраданите, но имаше и бетер при што се надмина и логичното на тоа агитпроп поле но за тоа ќе коментирам другде, тука ќе потсетам дека ниту РСБСП не извадија бар црна лента на футер ако не хидер на сајтот [2] иако бар еве денес имаше нивно гостување во СК77 каде се кажаа и поучни но и конформистички работи налик да не прејудицираме како стојат работите затоа слушателите тоа го чинат [3] вака цела трагедија бидна уште поголема при што има вакум и во експертски анализи освен инстутиционална збунетост како заедништво и сочуството, но ко што коментира еден Брат на фејсбук нека биде опомена на повеќе нивоа за да не се повтори ...
![]() |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
вкупно Патници биле 50+1, официјално настрадани се 14 Сограѓани, а 5 се сеуште во критична состојба [1] трагедија која не е воопшто помала од последната поплава кога имаше исто многу настрадани и повредени, но и тогаш и сега можело правовремено да се реагира доколку на ачик биле информациите во однос проектите (тука мислам за бетонска банкина до раб на автопат со толкава денивелација) или пак ризиците за кои еве закаснето инфо колку всушност дефектите се секојдневие [2] од друга страна среќа амбулантните возила брзо дошле но и Ласкаичани брзо интервенирале [3][4][5] може редно време е да се воведе задолжително ABS систем за кочење, бар за школски превоз [1][2] иако средношколците одат и со секојдневни регионални линии, на една таква сред тура карданот почна да му тропа на комбе а шофер не се исклучи од сообраќај, рече ќе издржело комбе до сервис, заради што веројатно мора некој поозбилен надзор да постои, можеби рутински месечн ако не неделен технички преглед за секој постар автобус од десет години, бар какви гуми за какви услови имаат и визуелно во каква состојба е подвозејето, ова може делува дека тресам од раква, но алудирам дека не мора да значи ако е постар автобус дека не е на арно работата, само треба агилна контрола и предострожност да не се брка патот пред себе [1] за што треба категориска ригорозност! ![]() единствено што ме зачуди како немарност на институциите e како Град Скопје не најде за сходно на порталот да објави Жална Вест за сите настрадани [1] бар со црна лента да го одбележеа тоа! иако ни МВР ниту ЦУК се поарни [2][3] |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
да демантирам не е пукната гума туку блокиран бил воланот нема само информации од новинарите колкави и какви биле трагите на кочење по што би можело да се нагања дали е блокажата заради отидена спона на тркало или полжав на волан!? според местото таму требало да има бетонска бариера чим толкава денивелација има под патот, иако не знам колку законски е тоа покриено така, но логично е чим мовчиња по рекички од селски патчиња се оградуваат екстра што пак автопат толку пари исфрлени за автопати а само на некои места етонски бариери, ова како и за обиколницата дури откако ќе се случи некоја несреќа се воочува дека проектот бил недоносен! |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
трета автобуска Трагедија во последните години, после излетаниот туристички автобус 2017-та кај Велес, скоро излизганиот на снег кај Лесковац, а сега и овој, иако низ годините имаше многу други, од нет има инфо за несреќи вон Македонија, еден судар во 2016-та во Турција и еден излетан автобус во 2013-та кај Будимпешта, сигурно и многу други како еден изгорен во Србија итн. Господ Да Ги Прости Настраданите а на Преживеаните Да Им Даде Здравје ...
после ваква низа на несреќи си поставувам едно прашање кое секогаш ме мачи кога се возам со приградски или меѓународен автобус, а при што Молитвата ми е приоритет, дали е нормална брзината на возење со која денес тераат автобусите а не се во засебна лента за товарни и автобуски возила, им влетуваат во макази, им рлаат по коловоз сешто, им застануваат во лента итн. друга работа е што ретко во кој автобус има појаси на патничките седишта, а не пак врзувањето да е задолжително, сосем небитно но дали шоферите денес екој им мери притисок или зема редовно крв, конечно колку се законски обврзани да проверуваат при секое поаѓање притисок на гуми, не сум експерт но претпоставувам при големи брзини во автос во кој патниците неретко си шетаат за да си фатат поубаво столче и маланерамнотежа на пневматиците може да предизвика проблем, но на крај колку и да сакаме нешто на побезбедно од јавниот автобуски превоз да сториме дури и во Германија се случуваат и автобѕски [1] и железнички [2] и авионски [3] несреќи, што укажува дека ние не сме некаков посебен исклучок но во однос статистика според бројност на население и те како сме во врвот, заради што мора стандардите да се исправат озбилно инспекциски а Народ да научи да не се расправа со шофери или пак си носи покуќнина по автобуси ... _______________________________________________________________________ од оние светски медиуми кои ги проследив најконцизно известување е на https://www.fireengineering.com/ap-news/2019/02/13/bus-plunges-into-ravine-in-north-macedonia-killing-13.html неофицијално на Сител чув дека пукната гума го исфрлила автобусот од колосек, за што не мора да значи дека е одговорен возачот, но затоа е истрага па да видиме, но имајќи ги во предвид нашите околности за супер стандардизација на хартија но не и во пракса можеби паметно би било да има секоја градкса автобуска станица технички надзор кој како кај возовите пред тргнување ќе ја проверува состојбата на секој автобус бидејќи не секој шофер е и механичар, а доколку би сакале блиску до 100% безбедност може комотно да се нормира задолжителен ролбар за секој автобус кај нас, можеби дополнителен испусти на ролбарот од страна кај кровот кои би оставиле бар малку простор за да се извлекуваат брзо патници во вакви ситуации, колку и бош ова да звучи реално нема лоша идеја која би го ја подобри безбедноста во сообраќајот на патници, конечно како се стигнува до некој изум или иновација, бар бочни хидраулични дигалки да има во таков ролбар ако не може да има испусти бидејќи при вакви несреќи милиметри и секунди се во прашање за нечиј Живот да се спаси, зошто се вели при сообраќајни несреќи прва работа е имобилизација на повредениот, а кого како да имобилизираат при ваква хаварија, само погрешно извлекување и отиде уште пршлен плус, може грешам не сум најпаметен кој би требало да говорам за ова, но ете ниту мене некој ме потсетил како во вакви ситуации е најдобро да реагирам како минувач, веројатно ако има ризик од експлозија нормално нема да се двохмам, но да се чека на брза помош долго исто не е опција, можеби добар потсетник зошто селските амбуланти и амбулатни возилатреба да се исто норма ...
Edited by Zelenikovo - 14-Feb-2019 at 13:29 |
||||||
![]() |
||||||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|||||
попосле, ние сме биле ригорозни ...
|
||||||
![]() |
||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||
мозоци, после ние сме биле корумпирани полнејки буџет со секакви казни, сепак корисна идеја, не бидејки возачите ќе имаат поголема предострожност, туку работниците на пат да имаат поопуштен работен ден, чинам постресна и поризична работа од реконструкција на отворен пат здравје можеби добро е ваква одредба да важи и за градежни зони а не само при работа на пат, ххxooo дупла казна за секој сообраќаен прекршок во рурална средина, арно ама тука амерички DMV Rules of Road хм тнко, немаме доволно хартија! Edited by beTon - 06-May-2020 at 20:27 |
||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |