build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Diamond of Skopje (Limak)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 45>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Diamond of Skopje (Limak)
    Posted: 03-Sep-2024 at 16:59
Има фонтана во еден од влезовите на катните гаражи:



За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Aug-2024 at 17:18
Денешни од 3-та и 4-та кула













Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Aug-2024 at 14:54


За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 31-Jul-2024 at 09:03
Еден од становите во комплексов:

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Jul-2024 at 17:45


Горната, четврта кула, од друг агол:

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 13-May-2024 at 18:49
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 31-Mar-2024 at 19:00
Постои, но многу мал дел е останат, и прашање е дали ќе го обноват кога ќе заврши проектов.
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Mar-2024 at 22:41
Ова е прилично навлезено во Урбан Парк?
Ако гледам добро 70% од паркот веќе не постои?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Mar-2024 at 14:35
Денешни од кула 3 и 4













Carpe diem
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 383
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Dec-2023 at 20:36
Стилски изгледат многу добро,што е Е,немат збор,ова им е тотално погодено.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 17-Dec-2023 at 20:22
Го отвориле делот Dreamzone или како и да се викаше, за деца. Доста живописни бои и шарено, ако имате деца ќе уживаат во содржините











Инаку, сѐ уште пола дуќани не се отворени, иако е пораздвижено од пред неколку недели кога бев последен пат.
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 13-Dec-2023 at 17:55
Originally posted by doncho

Редно време е да се донесе закон со кој ќе се забрани продажба на станови без имотен лист. Биди мангуп заврши ја зградата па после продавај откако купецот ќе го види готов станот.
Апсолутно поддршка за идејата! Има начини како, ако си сериозна фирма, кредити, банкарски гаранции.
Back to Top
doncho View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 16-Jan-2021
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote doncho Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 13-Dec-2023 at 11:31
Редно време е да се донесе закон со кој ќе се забрани продажба на станови без имотен лист. Биди мангуп заврши ја зградата па после продавај откако купецот ќе го види готов станот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Dec-2023 at 10:37
Originally posted by stef4o

Голем интерес за домување во кулите во комплексот „Diamond of Skopje” – се очекува во 2024 година сите станови да се продадат


А сега, другата страна на монетата (повеќе фотографии и видеа на линкот најдолу):

СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „МАЧКА ВО ВРЕЌА“ – СОПСТВЕНИЦИТЕ НА СТАНОВИ ТВРДАТ „ИЗМАМЕНИ СМЕ“, „ЛИМАК“ ВЕЛИ „ЗАДОВОЛНИ СЕ“



Вложуваш стотици илјади евра, а не знаеш што ќе добиеш за тие пари. Кога ќе дознаеш, веќе е доцна и згора на се, принуден си да плаќаш кирија за сопствениот стан. Ова е искуството на дел од купувачите на станови во зградата А во комплексот Diamond of Skopje, со кои раговараше „Пари“. Тие во нашата Редакција доставија и бројни фотографии и видео материјал за тоа што ги пречекало во становите за кои издвоиле и по 3.000 евра за квадратен метар. Зад овој комплекс, кој се рекламира како ексклузивен и нуди современ начин на живеење, стои групацијата „Лимак“ до која се обративме за сите обвинувања на купувачите. Оттаму стојат цврсто на ставот дека нивните купувачи се задоволни и дека евентуалните проблеми се решаваат во од.

Купувачите, кои велат дека стојат зад секој збор, но не сакаат нивните имиња да бидат објавени, тврдат дека се измамени. Еден од нив, објаснува како и покрај платен стан, немаат имотен лист.

https://pari.com.mk/stotici-iljadi-evra-za-macka-vo-vreka/
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 13-Dec-2023 at 10:25
Кој купува станови ако има 70,000 празни станови во Скопје со над 10,000 такви само во Центар?
Тоа е прашање на прашањата.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Dec-2023 at 08:28
Голем интерес за домување во кулите во комплексот „Diamond of Skopje” – се очекува во 2024 година сите станови да се продадат



Живеењето по теркот на светските метрополи што го нуди „Diamond of Skopje” предизвика голем интерес на пазарот на недвижности, поставувајќи нови повисоки стандарди. Причина за тоа е новиот концепт на домување, со висока додадена вредност, што го нуди мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje”, кој го гради „Лимак Скопје“ на атрактивна локација во центарот на градот.
Становите во две од четирите висококатници, односно блок А и Б, се целосно продадени и делумно вселени. Продадени се и над 50 % од становите во блок Ц, а продажбата на апартманите во последната кула или блок Д, за која веќе има голем интерес, се очекува да биде целосно завршена до крајот на идната година. Најголемиот дел од купувачите на становите се од земјата или македонци кои живеат и работат во странство, но има и странски државјани од Словенија, Швајцарија, Холандија, Турција и САД. Странците повеќе преферираат станови на повисоките катови, додека домашните купувачи повеќе се одлучуваат за становите лоцирани на пониските катови.

Покрај одличниот квалитет на градбата на становите во „Diamond of Skopje”, големиот интерес се должи и на атрактивните содржини што се уникатни во градот, па и пошироко. Сопствениците на станови имаат можност за користење повеќе содржини кои се достапни во рамки на Д-плус концептот. Тоа се наменски добро опремени простории за видео игри, караоке, приватно кино, локации за забави, за вежбање пилатес и слично. За одржување на заедничките простории формирана е посебна компанија, која е непрофитна, а нејзина задача е да се грижи за сите колективни сегменти на домувањето во комплексот, како техничко одржување, 24-часовно обезбедување, одржување хигиена и зеленило, отстранување отпад и слично, за што сопствениците на становите издвојуваат месечен надомест.



Д – плус концептот не е единствен адут на станбениот дел во „Diamond of Skopje”. Имено, при изградбата на станбените кули се применети највисоките стандарди во градежништвото. Тие имаат висока топлинска и УВ изолација поради употребата на алуминиумски рамки и двослојно калено стакло за вратите и прозорците, со што се постигнува и заштеда на енергија.
Покрај тоа, со користење на лесни бетонски блокови обезбедена е висока звучна изолација, а надворешната изолација од природни материјали обезбедува висок степен на заштеда на енергија. Сите станови се опремени со кујнски мебел и ентериер во бањата, при што се користени елементи кои заштедуваат вода и електрична енергија. Комплексот има втора по големина зелена површина во градот од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација во урбана средина, задоволувајќи ги потребите за современ начин на живеење.

Интересот за купување на станови го зајакна и отворањето на „Diamond Мall“, бидејќи новиот трговски центар со својот уникатен концепт на „лајф-центар“ нуди дополнителни содржини кои му даваат нова димензија на урбаното живеење во комплексот. Покрај делот за шопинг со 150 продавници и еден од најголемите супермаркети, во „Diamond Mall“ се сместени и „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), каде што се лоцирани различни ресторани и кафулиња и „Зоната на соништата“ (Dream Zone), најголемиот едукативно-забавен центар за деца и млади.

„Diamond of Skopje“ е сочинет од повеќе целини кои меѓусебно се надополнуваат. Четирите станбени блока располагаат со вкупно 772 стана, а покрај трговскиот центар „Diamond Mall“, дел од комплексот е и хотел со пет ѕвездички – „Limak Skopje Luxury Hotel“.

„Лимак Скопје“ е дел од Групацијата „Лимак“, која со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности.

https://fokus.mk/golem-interes-za-domuvane-vo-kulite-vo-kompleksot-diamond-of-skopje-se-ochekuva-vo-2024-godina-site-stanovi-da-se-prodadat/?fbclid=IwAR086jZJ-7qYyQVODH85yOpgmCdjfYwogroc4f_Zo472GyM6DDhihY-3jh8
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Dec-2023 at 18:35
09.12.2023

Кула 3-се вадат скелиња од северната страна









кула 4-се оформува карабината





Carpe diem
Back to Top
Decibel View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Aug-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Decibel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Nov-2023 at 19:04
Originally posted by Decibel

можам да образложувам до утре, ама ако се најде некој што има купено стан тамо ќе ви објасни.
пропусти во редење на таркетот, пропусти во монтирањето на климите на балконите, пропусти во туш кабините и контра пад на водата,неисполнување претходни ветувања како е и како треба да е.
мој личен пријател што живее во германија купи неколку станови за издавање.
становите не им даваа да ги видат во тек на изградба, итд итд...




Twitter Mk Robot

Edited by Decibel - 28-Nov-2023 at 19:10
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 19-Nov-2023 at 10:16
ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР НЕМА ДА СЕ КОРИСТИ ОТИ ГРАД СКОПЈЕ НЕ ГИ ГРАДИ ПРИКЛУЧОЦИТЕ



Подземната улицата која ја гради турски „Лимак“ како дел од договорот со Град Скопје ќе биде готова догодина, но нема да се користи оти не е почната никаква постапка за изградба на влезовите и излезите од сообраќајницата. За да може таа да се користи потребно е Град Скопје да изгради три приклучоци, односно кружен тек кај поранешна „Нова Македонија“, како и кружни текови на крстосницата на Железничка со Бихаќка и кај подвозникот кај крстосницаата на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин.

После две години мандат на градоначалничката Данела Арсовска, нема никакви активности за овој проект кој е многу значаен за растоварување на сообраќајот во овој дел од градот. Со изградбата на трговскиот центар „Дајмонд мол“ и четирите 20-катници кои имаат 772 станови, во овој дел ќе се населат нови 3.000 жители и ќе има најмалку плус 1.000 возила секој ден.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, како и цел двегодишен мандат, САКАМДАКАЖАМ.МК не доби одговор на прашањата испратени за овој важен проект за Скопје.

Од турската компанија „Лимак“ ни одговорија дека тунелот за подземната улица е целосно пробиен и дека догодина ќе биде готова.

„Во моментов, бетонските работи на подземниот тунел се комплетно завршени, односно вкупната должина од 746 метри е целосно ископана, со поставени потпорни ѕидови и фундамент. За нејзината изградба се врши 14 метри длабок ископ, по што се градат потпорни ѕидови, кои се веројатно меѓу највисоките во земјава и се поставува фундамент. Се работи за важен инфраструктурен проект чие ставање во функција ќе овозможи брзо движење низ центарот на градот, што е клучен предизвик во централните градски подрачја. Изградбата на подземната сообраќајница, како и изградбата на останатите две станбени згради, e планирано да се заврши во текот на следната година“, велат од „Лимак“.

Во комплексот „Дајмонд“ се предвидени четири кули со 20 ката. Две од нив, кои се наоѓаат кај зградата на „Тутунска банка“, се веќе готови и становите се продадени, а другите две кои се градат кај Урбан паркот ќе бидат готови догодина. Пред еден месец беше отворен трговскиот центар кој е дел од комплексот.

Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан во 12 март 2012 од тогашниот градоначалникот Коце Трајановски, и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година и прво инвеститорот треба да ја изгради улицата, а потоа објектите над неа. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира.

Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов во 2017, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи. Во кампањата за локалните избори 2021 Шилегов ги промовираше проектите за кружните текови и тогаш рече дека по завршување на изборите ќе почнат постапките за нивна изградба.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/podzemnata-ulitsa-na-juzhen-bulevar-nema-da-se-koristi-oti-grad-skopje-ne-gi-gradi-prikluchotsite/
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-Nov-2023 at 23:41
Originally posted by MKDSTRUGA

Паркот долж гологанов уште пред 40 години е предвидено да биде урбан автопат или јужниот дел од обиколницата околу скопје. Тогашните трендови и демографија налагале дека Скопје ќе биде милионски град. Со сегашниот раст (стагнација која ќе преиде во доста стрмен пад), на Скопје доволно му е БРТ. Така шо се размислува скрос од ДУП да се избрише Јужен булевар.
Од тогаш милион дупови се сменија, уште повеќе криминалнои решенија се наметнаа.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 45>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.242 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.