Aдминистративни објекти (општо) |
Post Reply | Page 123 6> |
Author | |
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply
#1 Topic: Aдминистративни објекти (општо) Posted: 08-Aug-2024 at 09:56 |
Виница
https://www.facebook.com/MilePetkov2 |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #2 Posted: 30-Jul-2024 at 19:05 |
ФОТОГАЛЕРИЈА | Дрво израсна во просториите на „Пошта“ на Железничка
Слободен печат“ ги посети просториите на „Македонска пошта“, поконкретно филијалата кај Железничката станица – Скопје. Состојбата што ја затекнавме беше очајна. Покрај смет, паднат плафон, одлепени плочки, шок е дрвото пораснато пред шалтерите внатре во просториите на објектот. https://www.slobodenpecat.mk/fotogalerija-drvo-izrasna-vo-prostoriite-na-poshta-na-zheleznichka/ |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #3 Posted: 05-Mar-2024 at 12:32 |
Административна зграда (и веројатно и погон) на Industry Service, служба за производство и достава на храна на индустриски капацитети, некаде во Скопје.
https://www.behance.net/gallery/179733583/Proxy-Industry-Service-HQ Edited by Џоле - 05-Mar-2024 at 12:33 |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #4 Posted: 23-Nov-2023 at 18:15 |
СЕ РАСПАЃА МАТИЧНАТА СЛУЖБА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ПРОЗОРИТЕ И ВРАТИТЕ СЕ ИСКРШЕНИ, ЅИДОВИТЕ СЕ РОНАТ, А ТАВАНОТ Е СО ДУПКИ
Матичната служба во скопската општина Ѓорче Петров се распаѓа. Со години Матичното личи како да е запуштен објект, а не место каде се одржуваат венчавки и се вадат изводи од матична книга на родени, умреници и венчаници. Кога ќе дојдете до објектот не верувате дека една државна инстутиција може да биде сместена во ваков објект и во неа да работат луѓе, а граѓаните тука да доаѓаат да вадат изводи. Вратите се стари над 60 години, односно не се сменети откако е изграден објектот. Прозорците се искшени, решетките со кои се затворени се рѓосани и завиени во прашина. Речиси сите простории се надвор од употреба и во нив ѕидовите се ронат, има ѓубре и бетон што паѓал од таванот, како и расфрлени стари документи. Функционираат само две простории, едната каде се одржуваат венчавките и втората каде се издаваат изводите. Ходникот по кој се стигнува до нив е без светло, а таванот се распаѓа, има дупки и може секој момент цел да падне. И двете простории кои се во функција се во ужасна состојба, ништо не е реновирано откако е изграден објектот пред 60 години. Салата за венчавки ни малку не доликува на место каде се одржува свечениот момент на младенците, прозорите се стари, теписонот полн со прашина, ѕидовите се ронат. Иста е состојбата и во канцеларијата каде се издаваат документите. Иако овој објект со години е во ваква очајна состојба, Управата за водење на матични книги не го реновира. Директорот на Упрвата Емир Сулејмани вели дека имаат проблем со имотно-правните односи на тој објект и затоа не можат да ги реновираат. „Знам дека објектот е во многу лоша состојба и јас навистина сакам да го реновираме како што направивме со неколку објекти низ државата. Но, за жал, тој објект е сопственост на Министерството за култура и ние не можеме да правиме инвестиции во туѓи објекти. Се обидуваме да ги решиме овие проблеми, но ако не успееме до крајот на годинава тогаш ќе бараме други простории. Подобра ќе плаќаме кирија отколку во вакви услови да работат луѓето, а граѓаните да одат по документи“, вели Сулејмани. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-raspaga-matichnata-sluzhba-vo-gorche-petrov-prozorite-i-vratite-se-iskrsheni-zidovite-se-ronat-a-tavanot-e-so-dupki/ |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #5 Posted: 20-Nov-2023 at 13:12 |
Не паметам дали објектов имаше своја нишка:
Премиерот Ковачевски во посета на ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци во Прилеп [20.11.2023"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Премиерот Ковачевски во посета на ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци во Прилеп [20.11.2023"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Премиерот Ковачевски во посета на ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци во Прилеп [20.11.2023"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #6 Posted: 12-Nov-2023 at 12:50 |
Административна зграда “Макпетрол”, Скопје /фотогалерија/
https://marh.mk/administrativna-zgrada-makpetrol-skopje-fotogalerija |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #7 Posted: 13-Sep-2023 at 08:33 |
Фасадно обликување на АДМИНИСТРАТИВЕН ОБЈЕКТ СИНПЕКС во склоп на Индустриски комплекс Синпекс / 3SArchitects
Година на проектирање: 2023 Автори: Наташа Стојаноска, Лазар Стојаноски Соработници: Филип Јосифовски Проектантско биро: 3SArchitects, Скопје Инвеститор: СИНПЕКС доо Битола Локација: ул. “Индустриска” бр. бб, КО Битола 5, Битола Површина: 1350 m2 Објектот е дел од индустриски комплекс составен од неколку објекти. На барање на Инвеститорот изготвен е Проект за фасадно обликување на објектот кој претходно бил седиште на Битолската текстилна фабрика Битолатекс. Самиот објект датира од 60те години на 20 век и низ годините имал неколку реконструкции и адаптации на просторот според тогашните потреби. Новиот сопственик на објектот планира да го претвори во ново административно седиште на компанијата. Архитектонскиот израз на новото решение го отсликува развојот на компанијата во 21 век, при што се употребени современи материјали. Програмски објектот ја зарджува функцијата која ја има уште од неговата изградба, но денес трпи промени во склад со современите потреби и барања на новиот Сопственик. На кровот е предвидено да бидат вградени фотоволтаици кои дополнително ќе обезбедат енергетска самостојност на објектот. Изборот на материјали е направен со цел лесно одржување и трајност за ова поднебје чија годишна температурна разлика изнесува повеќе од 70о С. Објектот како дел од индустриски комплекс е изграден со приземје и кат со ориентација на канцелариите исток запад на чии фасади се поставени најголем дел од фасадните отвори како максимално би се осветлил работниот простор. Приземјето има полу-јавен карактер и е составено од приемен дел, простории за вработените, мали сали за состаноци, архива и изложбен дел за презентации и случувања од различен карактер. Катот е предвиден за директорските канцеларии и главната сала за состаноци и е од затворен – приватен карактер. Aдминистративниот објект има два влеза, едниот од југ наменет како приватен влез, и другиот на северната страна како главен влез во овој објект кој воедно гo поврзува овој објект со останатите објекти од Индустрискиот комплекс. Кровот над северниот влез е претворен во кровна градина до која се пристапува од катот при што е обезбеден пристап до надворешен простор и за корисниците на катот. Фасадата е оформена како обвивка од вертикални и хоризонтални алуминиумски елементи со растер кој ги прати постојните фасадни отвори, поставени на метална потконструкција преку термоизолацијата од камена волна. Фасадната столарија е од алуминиум врамена со алуминиумските профили. Фасадните отвори кај двете нивоа се поставени на разминување како би се создало динамично обликување на еден строго дефиниран растер од постоечките фасадни отвори со дополнително врамено надвишување од металната конструкција, со кои треба да биде разбиена правилната хоризонталната силуета на постојниот објект со должина од 60 м, а висина од 8 м. Начинот на кој се оформени фасадните отвори нуди програмска дистинкција на содржините за посматрачот при што, малите и тесни фасадни отвори се оформени кај утилитарните простории, правилните врамени прозори кај просториите канцелариските простории за вработени, додека деловите на западната и источната страна со најголеми застаклувања се наменети за директорските канцеларии и изложбениот простор како најрепрезентативни делови на објектот. Објектот не претставува конечно оформен организам туку е подложен на постојан процес на прилагодување на потребите од современиот живот во периодот во кој се случуваат. Изборот на проектантска стратегија во насока на ревитализација на објектот е базирана на: – детална анализа на објектот и тоа: историска, архитектонска, програмска, економска и конструктивна (во контекст на периодот во кој е изграден) – изборот за современата содржина на објектот е разработена во склад со изворната содржина, а во релација со новата програма која ќе ја содржи објектот и нивната компатибилност. На база на извршеното истражување идентификувани се квалитетите на постојниот објект и елементите кои се основа за проектантска, обликовна и содржинска надградба, при што главната цел на проектантот е да обезбеди континуирана употребата на објектот при што и оваа интервенција во иднина треба да биде евалуирана како претставник на еден од историските периоди низ кој минува објектот при некоја идна промена и трансформација. https://marh.mk/fasada-sinpeks-3sarchitects/?fbclid=IwAR2bnZjwZQ7ZQZAYM4Wpp1rMHAo0WZUjveCr0zuJamnUXbEXQg4d-D2xL4o |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #8 Posted: 06-Nov-2022 at 21:27 |
Официјално пуштена во употреба новата зграда на Општина Струга
Денека во Струга официјално беше пуштена во употреба новата општинска зграда. На свеченоста присуствуваа голем број министри, владини претставници и пратеници. Администрацијата на Општина Струга се пресели во реновираниот објект на поранешното основно училиште „Браќа Миладиновци“. Со преселувањето во новата зграда, локалната администрација, нагласи градоначалникот Рамис Мерко ќе добие подобри услови за работа, а тоа ќе се овозможат и подобри услуги за граѓаните на Општина Струга. Овој град, кој секојдневно е развива, има уште потреба за овозможување подобри услови за работа и на други институции, кои се сместени во бараки. Имаме решенија, има многу државни објекти кои се оставени на милост и немилост бараме да се отстапат на општината, а ние да ги реновираме и уредиме во полза на институциите, посочи Мерко. https://www.ohridnews.com/ofici-alno-pushtena-vo-upotreba-novata-zgrada-na-opshtina-struga/ |
|
За сè има вторпат
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 562 |
Quote Reply #9 Posted: 19-Aug-2022 at 12:03 |
Па седумкатница, што друго би можело: |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #10 Posted: 19-Aug-2022 at 06:37 |
Што е планирано тука по ДУП?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #11 Posted: 09-Aug-2022 at 16:40 |
Почна обновувањето на изгорените бараки на дирекцијата на ЈП „Улици и патишта“
Јавното претпријатие „Улици и патишта“ почна со обновувањето на своите опожарени бараки позади ТЦ „Буњаковец“. Деновиве нивни екипи го расчистиле шутот кој остана по пожарот, а веќе е поставена и табла со изгледот на бараката и со назив на фирмата изведувач. – Просторот е исчистен. Веќе се подготвуваат елементите кои што треба да се монтираат. За околу 15 дена се очекува да биде готова карабината – изјави директорот на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов. Тој додаде дека потоа ќе се постават и кровните елементи. Станува збор за монтажен објект кој ќе биде со истиот габарит како и претходниот, но од поиздржлив материјал, односно од лесен бетон, а не од дрвен материјал, како и со подобра термичка изолација. Како што истакна Настов, тој очекува за три месеци, а најдоцна до Нова година бараката да биде комплетно подготвена за вселување на вработените кои сега привремено се наоѓаат во простории во зградата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ . Пожарот во кој на 22 декември, минатата година беа зафатени бараките на ЈП „Улици и патишта“, со површина од 380 квадратни метри, според МВР, прво избил во патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Л. (38-годишник од Скопје). Од пожарот делумно беше зафатено и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на обвинителот Гаврил Бубевски, кое било паркирано на тротоарот, до бараките на ЈП „Улици и патишта“. https://www.vecer.press/почна-обновувањето-на-изгорените-бар/ |
|
Carpe diem
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #12 Posted: 11-Mar-2022 at 17:53 |
Реконструиран објект на МВР ЕВР Карпош, Скопје
https://twitter.com/o_spasovski/status/1502272042535694346 |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #13 Posted: 30-Jun-2021 at 15:40 |
ПО 60 ГОДИНИ РЕКОНСТРУИРАН ЦЕНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО КУМАНОВО, СО ПАРИ ОД ЕУ
Комплетно е реконструирана зградата во која што се сместни службите на Центарот за вработување во Куманово. Проектот за модернизација, санација и адаптација на објектот насловен „ЕУ за млади“ чини 10.3 милиони денари (над 165.000 евра), средства обезбедени од Европската унија. Со оваа реконструкција се добиваат подобри услови за вработените и граѓаните кои ги користат услугите на оваа институција. „Овој проект претставуваше голем предизвик за реконструкција затоа што не беше обновен од 1960-те години и беа потребни поголеми зафати за да се подобри неговата функционалност. Сега центарот доби нова фасада на зградата, променета е кровната конструкција и прозорците, со што се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Греењето ќе биде на палети со што значително ќе ги намалат трошоците за струја“, кажа директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири. Раководителката на Центарот за вработување во Куманово Марија Димитриевска, вели дека во освен просторното уредување направена е и функционална организација на работењето на центарот, со тоа што невработените лица и работодавачите ќе ги добијат потребните услови на едно место. „Тоа значи дека тие ќе дојдат до информации на побрз и поедноставен начин. Сите вработени во Центарот кои работат на одредена проблематика се сместени во исти простории, така да многу е полесен пристапот и многу поедноставно граѓаните да ги добијат потребните информации и доколку е потрено колегите ќе знаат каде да ги упатат“, кажа Димитревска. Во Центарот за вработување во Куманово до 31 мај годинава евидентирани се 15.214 лица како активни баратели на работа, или 10 отсто од вкупно евидентираните лица на ниво на државата, и 5.602 лица пасивни баратели на работа. Директорката кажа дека за време на пандемијата имало тенденција на отпуштање на вработените во одредени сектори кои биле најмногу погодени од коронакризата, а пред сè во чевларската индустрија, но сите оствариле паричен надоместок од Агенцијата. Сега најголем дел од нив се вратени на работа. Центарот вработување во Куманово е првиот од неколкуте во државата кои во наредниот ќе бидат реконструирани од проектот „ЕУ за млади“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-60-godini-rekonstruiran-tsentarot-za-vrabotuvane-vo-kumanovo-so-pari-od-eu/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #14 Posted: 12-Feb-2021 at 13:01 |
Започнавме со обнова на поранешниот „Хотел Солун“, еден од најрепрезентативните објекти по кои е познато наше Куманово, изграден уште во првата деценија на 20 век.
Проектот е во реализација на Општина Куманово, финансиран од страна на ЕУ со Interreg-IPA CBC програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, кој се имплементира во соработка со Општина Дупница. Согласно проектот ќе го задржиме автентичниот изглед, а покрај конзервација, реставрација, санација и адаптација на објектот, предвидено е и обнова на ентериерот, опремување на просториите со мебел, организација на музички настан, обуки и други активности. Во приземјето се предвидува повеќенаменски простор за презентации, трибини и инфоцентар, а во просториите на првиот кат е планирано да има административни простории. https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/ |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #15 Posted: 20-Jan-2021 at 17:53 |
https://www.facebook.com/Komuna-Saraj-Municipality-of-Saraj-%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%A1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98-822691744495521/ |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #16 Posted: 20-Jan-2021 at 17:36 |
Преку МСИП-проектот проширена и реконструирана општинската зграда во Сарај
Извршено е проширување и реконструкција на зградата на Општина Сарај преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), што го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка. На Општината и се доделени 13 милиони денари или 217.000 евра со цел општинската зграда да стане модерен и енергетски ефикасен објект, кој ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и подобри општински услуги за граѓаните во општината. Со проектот, капацитетот на зградата е зголемен за 325 квадратни метри, поставена се нова фасада, нова покривна конструкција и нови енергетски ефикасни прозорци, извршена е реконструкција на подната површина и е посатвена нова заштитна ограда по скалите во целиот објект. На настанот по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за финансии Фатмир Бесими и градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Бесими посочи дека Министерството за финансии преку Проектот за подобрување на општинските услуги го додели заемот на општина Сарај по исклучително поволни услови од 13 години отплата со три години грејс-период и каматна стапка од шестмесечен Еурибор. – Проектот за подобрување на општинските услуги, преку кои е реализиран проектот за општинската зграда на Сарај, е проект кој има за цел преку вложување во капитални проекти во општините да се подобрат општинските услуги, како и условите за живот во општината. Конкретно со овој проект во Сарај, ќе се подобрат општинските капацитети за опслужување на граѓаните во општината, второ ќе се обезбедат подобри услови за работа на вработените во општината и трето со подобрување на ефикасноста на градбата ќе се намалат трошоците за одржување, рече министерот Бесими. Според него, Проектот за подобрување на општинските услуги е исклучително успешен, кој поддржал над 250 капитални проекти во сите општини во земјава. Станува збор за локална инфраструктура, како патишта и улици, водоводи, енергетска инфраструктура водоснабдување, канализација и одведување на отпадни води, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриска зона, набавка на општинска механизација и опрема и други проекти значајни за подобрување на општинските услуги. https://opserver.mk/makedonija/opstini/preku-msip-proektot-proshirena-i-rekonstruirana-opshtinskata-zgrada-vo-saraj/ https://www.facebook.com/Npk-Saraj-514761765589906 |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #17 Posted: 19-Jan-2021 at 17:51 |
ДРЖАВАТА ЈА ОТКУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕСМ, ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЌЕ СЕ СЕЛИ ВО СОСЕМА НОВИ ПРОСТОРИИ
https://24.mk/details/drzhavata-ja-otkupuva-zgradata-na-esm-javnoto-pretprijatie-kje-se-seli-vo-sosema-novi-prostorii |
|
David
Senior Member Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
Quote Reply #18 Posted: 05-Jan-2021 at 14:12 |
Види ги бе нео-футуристички-комунистички ЅИД извадиле ко изборно решение ај ај ај...па ко ќе ми текне дека на грујо му мрсеа муда за барокот
Не дека булшитов ќе се изгради некогаш....уствари може да се изгради ако на градежна компанија од косове им требаат пари. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #19 Posted: 05-Jan-2021 at 13:12 |
Административна зграда , Скопје
https://www.facebook.com/ArhiGroupPlanA/ |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #20 Posted: 16-Nov-2020 at 09:34 |
КИЧЕВО: Објектот на „Комуналец“ како во среден век! „Приоритет ми се граѓаните“, вели Дехари
https://mk.tv21.tv/kichevo-objektot-na-komunalets-kako-vo-sreden-vek-prioritet-mi-se-graganite-veli-gradonachalnikot-dehari/ |
|
Post Reply | Page 123 6> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |