![]() |
![]() |
![]() |
Проширување на бул. Даме Груев |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Author | ||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() Posted: 11-Sep-2021 at 21:07 |
|
Во секој случај автоцентричноста поставена во 60-тите треба да биде надмината. При целосно реализирана примарна сообраќајна мрежа, а тука релевантни се тунелите под Лимак, тунелот под Плоштад, тунелите под Кале, АСНОМ и внатрешната обиколница, Даме Груев не треба да биде ништо повеќе од станбена улица, во никој случај булевар. Всушност неверојатно е колку е слабо реализиран сообраќајот во центарот. Има само 1 (!) булевар кој ги поврзува запад и исток јужно од Вардар, а нему му се надоврзуваат 3 од запад и 2 од исток, некои од нив скршнувајќи. Има и 2 комплементарни еднонасочни булевара кои ги поврзуваат двете страни, кои скршнуваат од главната сообраќајна мрежа. Тунелите под Лимак, АСНОМ и внатрешната обиколница во целост (како проекти во реализација или со реални можности за реализација) се нужни за подобро поврзување на градот, но сепак тунелот под Плоштад треба да биде сообраќаен столб на Скопје кој ќе ги поврзува главната западна и главната источна сообраќајница и приоритет за реализација.
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Не знам каков е распоредот на приземјето на Макотекс (веројатно неколку носечки столбови правилно распоредени), но решение за добивање широк пешачки и велосипедски коридор може да е отварање на дел од зградата.
На пример, обележаниов дел + уште еден до него. ![]() Edited by <Fresno> - 08-Sep-2021 at 08:00 |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Друго решение е копај-покриј тунел со две сообраќајни ленти од Градска до Палома Бјанка во должина од 550 метри, како еднонасочна сообраќајница комплементарна на Даме Груев. На Рекорд има околу 23 метри - доволно за пешачка зона од 5 метри, спор БРТ од 3.35 и сообраќајница од 3.25 од двете страни; 5 метри е малку за да се нарече пешачка зона па сепак потребен би бил тунел, наместо улица на земја или пак непокриена понирана сообраќајница. До реализација на БРТ ќе биде АСНОМ и има доволно време за пуштање во употреба на булеварот под Лимак со кружните, веројатно и за клучка кај Мавровка кои значително ќе го дисперзираат сообраќајот. Плус продолжувањето на Љубљанска и Словенечка до Бардовци, како проекти кои е возможно да се реализираат, со тоа што може да има сообраќаен застој 2-3 години додека се работат и улициве и БРТ. Со овие булевари прашање е дали воопшто има потреба од улица на Рекорд, згора на тоа целта на БРТ е токму да ја намали таа потреба. Тунел под Плоштад е единствено директно решение ама реални изгледи во скора иднина нема. Многу поголем, но краткорочен сообраќаен хаос може да направи рушењето на Обединети Нации. Рушење и нов мост во полн профил е најдобро решение, но тие 2-3 години додека се гради новиот, а сообраќајот се одвива на 1 или 2 сообраќајни ленти во правец на едниот сегмент од стариот, па на изградениот сегмент од новиот мост, ќе има гужви. Ќе мора прво да се пушти мостот на Љубљанска, а по можност и Словенечка од Бардовци до Ѓорче, но за тоа не знам колкави се шансите.
Edited by Staro Skopje - 07-Sep-2021 at 23:17 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Ботом лајн, треба да се направи еден тунел. Или ~200 метри на Даме Груев, или ~100 метри на Димитрија Чуповски. Може ваљда до толку да се смогне сили! |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Затоа што е катастрофално испланирано. Затоа што ако ставиш 4 ленти на проблематичниот сегмент од 170 метри, таму треба се друго да се сотре. И пак на најтесниот дел (кај Министерство за Финансии) ќе има тротоари само про форма, широки по 1 метар. И сето тоа, со оглед на неопходноста да се откупува и руши Макотекс, пак ќе биде финансиски многу скапо. А како капак, тоа решение со исклучок за автомобилскиот сообраќај е ужасно по сите други можни критериуми и прашање е колку би било одржлива ситуацијата подолгорочно. Па голема би била веројатноста дека во не така далечна иднина ќе мора да вложуваме во исправање на грешката и барање на пристојно и одржливо решение. Не ми е воопшто симпатично ни ова што го најавува Шилегов. Стојам на став дека толку голем дел од Мал Ринг да биде еднонасочен, а воедно да се затвори Димитрија Чуповски, е реален сообраќаен проблем. Зошто воопшто не се размислува за тунел кај тесното грло на Даме Груев? Со оглед дека Градот беше спремен да фрла пари за Макотекс, дали и колку поскапо би било две од четирите ленти да се сместат под земја? Скопје нема да банкротира поради тунелче од 200 метри. А со такво тунелче решението ќе биде одлично и долгорочно.
Систем кадешто Даме Груев ќе носи две ленти еднонасочен сообраќај кон исток, а Димитрија Чуповски ќе носи БРТ двосмерно и две ленти еднонасочен сообраќај кон запад ми изгледа дека нема некои сериозни фалинки од сообраќаен аспект. За жал вака ќе отпадне континуираната пешачка зона, ама кога ќе се стави на кантар тука има многу повеќе аргументи за да се размислува за ваков компромис. И секако во вакво сценарио има (најпожелна) опција коловозот на Димитрија Чуповски да понира под улица Македонија. Така нема сериозно да се искомпромитира централната пешачка зона. По квалитет вака нема да заостанува многу зад варијантата што е најавена (затворање на Димитрија Чуповски освен за БРТ), дури и ќе има придобивка што автобуси нема да ја пресекуваат улица Македонија! За такво понирање потребен е уште поскромен тунел отколку за Даме Груев. Тука 100 метри должина се сосема доволни за да се постигнат овие работи: - Улица Македонија да не испадне како обичен мост/надвозник - Бидејќи БРТ станицата (односно станичното проширување) би било точно под улица Македонија, ќе има доволно простор за коридорот повторно да се стесни до отворите на тунелот. Значи Димитрија Чуповски во надземниот дел да не мора да се шири на сметка на тротоарите или дрвјата. Со оглед на просторот потребен за сегментите за спуштање, ако се држиме до пристојни нагиби, подолг тунел од ~100 метри всушност не ни може да се изведе, ама ете и таков е сосема доволен. Edited by Cloverstack - 07-Sep-2021 at 23:05 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Пасажите од секогаш биле сива зона во катастар. Никогаш градот/општините немаат добиено имотни листови, никогаш пасажите не се запишани како државен имот. Тоа е некој лимбо јавен простор што спаѓа во колективните површини на самите згради. Исто како низ нечиј влез да се движиме сите граѓани од градот. Верувам дека на многу места се вака изиграни законите, зашто еден пасаж да го има во ДУП не значи ама апсолутно ништо законски, не произведува никакви правни последици по узурпаторот. Ама кога градот го има запишано како негов имот, е тогаш е друга приказна.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Не би ме изненадило дека ова играло улога во политичката пресметка. Но во секој случај за проширување на Даме Груев има тесно грло од околу 170 метри кадешто нема никакви паркинзи, а кадешто не може да се изведе прописно проширување дури и ако се жртвува се друго за сметка на коловозот. Така да без разлика на паркинзите, главниот проблем е друг и не може лесно да се реши. |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
На видеото од презентацијата на БРТ системот, улицата Даме Груев е прикажана како еднонасочна по целaта целата нејзина должина, обратно од часовникот. Значи почнувајќи од Партизанска па се до 11 Октомври. Потоа и Стив Наумов (така ли се вика сега?) продолжува понатака како еднонасочна, ама прашање е дали тоа е само одреден сегмент, или исто така е целосно еднонасочна се до Гоце Делчев.
Иако јас сум апсолутно против обично проширување на Даме Груев на проблематичниот сегмент од ПС Беко до Макотекс (ќе објаснам подолу), тоа што се гледа на видеото за БРТ е прилично голем опфат без двонасочен сообраќај, па дефинитивно ќе биде лошо ако остане само на тоа (само менување на режимот на сообраќај на постојната инфраструктура). Ако Градот не може да смогне сили Даме Груев да биде двонасочна ама со пробивање на краток тунел на проблематичниот сегмент (доволно е тунел со две ленти за едниот правец, а другиот правец може да остане површински... или па и горе и долу да има по една лента во правец, што носи други придобивки), тогаш навистина е подобро е Даме Груев да се трансформира во еднонасочна, отколку да се форсира проширување по секоја цена, затоа што има тесно грло кадешто простор за проширување реално нема. Но од друга страна, еднонасочни Даме Груев и Стив Наумов повлекуваат потреба за реализација на други проекти, како на пример тие што ги спомна Fresno (клучка кај Судска палата или функционален Јужен булевар во пакет со пристапите). Би имало корист дури и од проширување на Мирче Ацев во пакет со пробивање на врската према 3-та Македонска Бригада. Градот не смее да ги завлечкува овие проекти! Неодамна бев стварно пријатно изненаден со најавата дека паралелно со БРТ ќе се турка и решение за мостот Обединети нации. Се надевам дека и во контекст на Даме Груев градската власт ќе изненади со темелен и систематски пристап. -------------------------------------------- Еве зошто сум апсолутно против обично површинско проширување на Даме Груев на проблематичниот сегмент од ПС Беко до Макотекс. Факт е дека таму дури и по цена да се уништи убавиот пешачки коридор и дрворедот и жардињерите (како што е предвидено со ДУП-от), пак нема да има доволно место. Еве каква катастрофа е зацртана во ДУП-от: ![]() ![]() Всушност на некои точки на терен нема ни толку место. Од овие бљувотини на „ИНПУМА“ и мене ми доаѓа нагон на повраќање. Значи од влез на зграда или од продавница малтене улетуваш на коловоз. А на овој простор има значително пешачко движење, тие пешаци едвај ќе се разминуваат. Возење велосипед можеме одма да шкртнеме. И сето ова во централна пешачка зона. Плус тоа за проширување на Даме Груев треба да се откупува и потоа де се руши зградата на Макотекс. Да не испадне дека откуп + рушење + површинско проширување е поскапо отколку 200 метри тунел? Ако сме рационални, единствено што Градот треба да направи во врска со Макотекс е да преземе мерки и да го ослободи узурпираниот простор во пасажот. Едниот коридор (што остана слободен) се надоврзува на велосипедската патека и треба да си ја има таа намена, ама узурпираниот простор се надоврзува на пешачката патека и мора повторно да се ослободи за пешачко движење, а не за сметка на некоја криминална шема да создаваме бесмислени тесни грла. Овој пасаж мислам дека беше узурпиран во исто време кога беше узурпиран и пасажот кај Министерството за правда. Сето тоа веројатно е формално легално изведено, што е уште потажно во ситуацијава. Но редно е оваа глупост да се поправи! ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Cloverstack - 07-Sep-2021 at 22:48 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Браво! За да не им се упропасти зонското паркирање на снобовите од градски ѕид, сега треба да пати цел град.
![]() |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Студијата покажала дека многу гласови ќе изгуби од околните жители, па затоа ништо нема да се чепка. Да беше барем некој зафат реализиран, од типот на клучка кај Судска палата или Јужен булевар заедно со трите кружни, ќе имаше барем минимална основа да се тврди вакво нешто.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА ВО БУЛЕВАР
![]() Улицата Даме Груев во центарот на Скопје нема да се проширува во булевар со четири коловозни ленти. Пред две години градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека со воведувањето на трамвај, Рекорд ќе стане пешачка зона низ која ќе минуваат само возилата на јавниот превоз. Сообраќајот беше кажано дека ќе се пренасочи по улицата Даме Груев која ќе се прошири во булевар со 4 коловозни ленти како што е нацртано и во Генералниот урбанистички план. За оваа идеја на Шилегов имаше реакции од граѓаните бидејќи за да се реализира булеварот треба да се сече зеленило. Сега откако целиот проект за движењето на брзиот автобуски превоз е направен, анализите покажале дека не е потребно овој дел да се проширува. „Она што го имаме направено како студија и од добиените податоци кои ги имаме нема потреба од ширење на улицата ниту нарушување на тој дрворед и секојдневието на станарите. Улицата ќе биде само реконструираната како дел од проектот „бас рапид транзит“ бидејќи во еден дел е сериозно оштетена“, вели градоначалникот Петре Шилегов. Со воведување на брзиот автобуски превоз и затворање на Рекорд за возила, ќе се воведе и нов сообраќаен режим за движење, кој Шилегов вели ќе го презентира со стартот на проектот. За реализација на проектот брз автобуски превоз Владата зема кредит од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Тендерот за избор на фирма која ќе го воведе новиот систем ќе биде распишан месецов. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ulitsata-dame-gruev-vo-tsentarot-na-skopje-nema-da-se-proshiruva-vo-bulevar/ |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
1988 веќе е пробиен. Јасно се гледа и поновата половина на градски ѕид. ![]() |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() За утеха, во ДУП-от трасата е зачувана, ќе се тргне некогаш и чирот. Освен со експропријација може и ако има економска логика сопствениците да решат да инвестираат во нов објект според новата градежна маркичка која ми изгледа дека е спакувана заедно со соседниот објект што исто така е стар и неатрактивен. Сепак е строг центар и современ објект може да донесе голем скок на вредноста. Иначе во 1982 уште не бил пробиен Даме Груев на овој дел од трасата, ова ми се виде ептен интересно: https://youtu.be/BGIYaaa0jeQ?t=2438 ![]() |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Една интересна архивска снимка од 1978-ма, од видео на еден многу добар канал на youtube. Штета што не се нашло сили да се изрушат куќите од целиот коридор на булевар Даме Груев да се пробие, денес е останато како чир во трасата она што го знаеме како Кафе Горки.
![]() https://www.youtube.com/watch?v=QDV48-xJp-g ![]() Edited by user8642 - 23-Jan-2021 at 15:57 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Абер нема „Димитрија Чуповски“ да стане пешачка улица, а „Даме Груев“ булевар
Изработен е основниот проект за улицата „ВМРО“ и улицата „Даме Груев“ и од раскрсницата на улицата „Димитрија Чуповски“ и улицата „11 Октомври“ до „Филип II Македонски“ и истиот е на ревизија во Град Скопје. Нема ништо и околу идејата улицата „Даме Груев“ да се прошири, за што треба да се урне зградата на „Макоил“, но и тие преговори на сопственикот со градските власти се статус кво Сè уште нема абер од најавата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов улицата „Димитрија Чуповски“ да стане пешачка зона, освен за возилата на јавниот превоз. Точно пред една година Шилегов најави дека тоа ќе се случи годинава, но, засега, сè останува само на хартија, бидејќи како што информираа градските власти, согласно договорот од минатата година, избраната проектантска куќа го изработила основниот проект за улицата „ВМРО“ и улицата „Даме Груев“ и од раскрсницата на улицата „Димитрија Чуповски“ и улицата „11 Октомври“ со улицата „Филип II Македонски“. – Во согласност со договорот од минатата година, избраната проектантска куќа изработи основен проект за посочените сообраќајници. Проектот во моментов е на ревизија во Град Скопје, кусо одговорија градските власти без да прецизираат конкретно што содржи основниот проект. Оттаму додаваат дека идејата за пренамена на улицата „Димитрие Чуповски“ во пешачка зона со ограничен сообраќај (само за јавен превоз) е постара и истата зависи од претходно обезбедување на соодветна сообраќајна алтернатива. Тоа предвидува проширување на улицата „Даме Груев“ и целокупниот сообраќај да се пренасочи по оваа улица, на потегот од раскрсницата кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ до Собранието на Р.С.М. Според претходните најави, во проектната документација има и посебни услови каде се бара план за водоводна, атмосферска и фекална канализација и друг вид на инсталации. Исто така, треба да бидат предвидени велосипедски патеки, тактилни патеки за слепи лица, проект за улично осветлување со енергетско- ефикасно лед осветлување и слично. Шилегов дури лани и најави дека се изготвуваат соодветни проекти во рамките на кои се планира целосно откупување и уривање на зградата „Макоил“ (поранешна зграда на „Макотекс“), за да се овозможи простор за проширување на улицата „Даме Груев“. Газдата на „Макоил“, Мите Јовановски, за весникот ВЕЧЕР денеска изјави дека состојбата со неговата зграда „Макотекс“ поради која со години е закочен овој проект и пречи во проширувањето на улицата „Даме Груев“, бидејќи се наоѓа на нејзината траса, е сè уште статус кво. – Како сопственик на зградата сè уште никој не ме контактирал. Неколку пати разговаравме со претставници од Градот. Имав повеќе предлози и не сакам да пречам во проширувањето, само сакам чесно да бидам обесштетен и да не бидам во загуба, бидејќи зградата многу скапо ја купив. Еден предлог е Градот да ми даде негови објекти и ако треба и ќе доплатам или, пак, ако се урне зградата, на дел од локацијата да изградам нова зграда – објасни Јовановски. Од Градот, пак, велат дека активностите за оваа зграда се одвиваат во континуитет и јавноста навреме ќе биде информирана кога ќе има некој нов момент. Инаку, по завршување на овие постапки, ќе се отвори можноста за интервенција на просторот на улицата „Димитрие Чуповски“, каде во план е тој дел да добие комплетно нов изглед, со уреден плочник и тротоари, а паркот „Жена борец“ ќе се прошири кон Собранието. https://www.vecer.press/абер-нема-димитрија-чуповски-да-ст/ |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
треба да се сотре огромен пешачки простор, преценет паркинг простор и зеленило, и да се отстрани половина објект, а нема скоро никакви придобивки од крајниот резултат
како што е дискутирано и претходно, најдобра опиција е Чуповски и Даме Груев да функционираат како еден коридор во два правци привремено, додека да се среди инфраструктурата на глобално ниво моментално гужвата се создава на рекорд поради тоа што еден куп булеварски поврзувања во градов фалат и затоа што на делницата на рекорд има еден куп пешачки премини и автобуски постојки што опслужуваат премногу линии, кои може да сообраќаат и преку други улици мислам дека многу полесен зафат би бил да се реши преминот на рекорд и да се запне да се реформира ЈСП, отколку да изигруваме глупости во празно |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Staki ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Oct-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 125 |
![]() ![]() |
|
Автобуски постојки нема да се направат, бидејќи автобусите ќе продолжат да се движат по Димитрија Чуповски. Инаку за другите 2 прашања, проблематичен е влезот на тие возила, ама тоа се неколку паркинг места колку што гледам од сликите, така што не би требало да е огромен проблем за безбедноста на сообраќајот.Проектов не ми се верува дека ќе се случи во блиска иднина. Премногу комплициран е за наши услови.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
тоа е, кога немаш мозочни капацитети за организација на градскиот сообраќај, тогаш проширувај улици како манијак...
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
![]() Не се четири ката, туку пет без приземјето. Да речеме, да го направат тоа и да ја урнат зградата. Прво прашање: Kaко ќе се влегува и излегува во и од оваа зграда? Директно преку коловоз, нели? https://www.google.com/maps/@41.9925128,21.4295669,3a,49.2y,317.65h,87.06t/data=!3m6!1e1!3m4!1sloIe50IXBdDC1X1aqB5IrA!2e0!7i13312!8i6656 Второ прашање: Истово прашање и за оваа зграда. https://www.google.com/maps/@41.9926222,21.4292381,3a,51.6y,339.51h,86.66t/data=!3m6!1e1!3m4!1s_FtXjOvps4QeGZcgl00Bgg!2e0!7i13312!8i6656 Tрето прашање: Kaде ќе ги направат автобуските постојки на улицава, а да не направат тесно грло? |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |