![]() |
![]() |
![]() |
Депонии и комунална механизација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 15-Dec-2024 at 19:39 |
Стагнира изградбата на регионалната депонија во Новаци
Иако последиците од аерозагадувањето се се позагрижувачки, општините од југозападниот и пелагонискиот регион овој проблем по се изгледа не го сфаќаат сериозно. Се уште не е формирано меѓуопштинското јавно претпријатие кое треба да го стартува процесот за изградба на регионалната депонија во Новаци. Од 18 те општини вклучени во проектот само општина Охрид ја изготвила техничката документација, останатите доцнат со активностите, а само четири се одзвале на соработка со активистите од Иницијативата "Збогум Буково" кои велат иако проблемот е алармантен а загадувањето од депониите енормно комуникацијата со општините оди многу тешко. Според активистите парите за регионалната депонија се обезбедени, но за затворање на Буково допрва треба да се изнајдат средства.Сега се обезбедени 50 илјади евра за изготвување на документација за санирање и реанимирање на оваа депонија. Претставниците на иницијативата „Збогум Буково“ велат дека македонски граѓани кои живеат во странство изразиле интерес да инвестираат во Буково, односно да изградат постројка за добивање електрична енергија од гасовите што се ослободуваат од депонијата. Инаку во однос на депонијата Буково последиот одговор од општина Охрид е дека сметот ќе се покрива со земја како привремено решение за граѓаните да не се гушат во неподнослива миризба а следната година депонијата ќе се огради и осветли, ќе има и видеонадзор се до нејзината трајна дислокација. https://24.mk/details/stagnira-izgradbata-na-regionalnata-deponija-vo-novaci |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
vasida ![]() Newbiе ![]() Joined: 11-Nov-2024 Online Status: Offline Posts: 1 |
![]() ![]() |
Здраво! Да, и јас го прочитав текстот. Според Горан Ангелов, директорот на „Дрисла“, градењето на двете постројки би требало да почне за околу десетина дена, со што ќе почне и процесот на модернизација. Новите печки ќе овозможат поефикасно согорување на отпадот, а се очекува до крајот на летото да бидат ставени во функција. Можеме да очекуваме значителни подобрувања во квалитетот на воздухот во околината. Edited by vasida - 28-Nov-2024 at 10:21 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Имало и бетер...
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
06.03.2016, 17:27 Почнува модернизацијата на „Дрисла“ Деспина Трајковска-Димова |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ФOTO: Новите возила за подобрување на јавната хигиена
Понеделник, 18 Февруари 2013 12:22 Јавното претпријатие се поднови со 10 нови специјализирани возила за собирање смет и 5 мотокултиватори, кои се наменети за подобрување на хигиената, пред се во делот на јавната хигиена, односно за пристап до помали и тесни улички и пратеки. На промоцијата на новите возила ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи. -Денеска имаме промоција на новите 10 камиони за собирање смет, наменети за подобрување на хигиената, пред се во делот на јавната чистота, односно за пристап до помалите и тесни улички и патеки. Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори со комплетна приклучна опрема, односно со приклучок за собирање снег во зима, четки за метење тротоари и патеки, како и фреза и друга опрема. Со набавката на оваа нова опрема може да кажеме дека го исполнивме ветувањето коешто го дадовме во 2009 година и го опремивме јавното претпријатие „Комунална хигиена“ со комплетно нова опрема и возила за собирање отпад, како и дека ја подобривме хигиената во градот, истакна градоначалникот Трајановски. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, се заблагодари за финансиската поддршка којашто во текот на изминатите години ја добиваше од Градот и истакна дека таа поддршка придонесе тие да прераснат во успешно претпријатие кое денеска промовираа oпрема набавена од сопствени средства. ![]() ![]() ![]() Исто така, набавени се 5 нови мотокултиватори од познатата марка Голдони со комплетна приклучна опрема. За набавка на 10 камиони се издвоени околу 9 милиони денари, а за мотокултиватори околу 2 милиона денари, средства кои се целосно обезбедени од ЈП „Комунална хигиена“. http://kurir.mk/republika/skopje/104131-FOTO-Novite-vozila-za-podobruvanje-na-javnata-higiena |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Убава информација... Но... Зарем не е Дрисла санитарна депонија? Зарем тоа самото по себе не подразбира дека целиот отпад (вклучувајќи ги и отпадните води) не влијаат врз околната животна средина?
http://www.plusinfo.mk/vest/58844/Drisla-povekje-nema-da-ja-zagaduva-Markova-reka |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Ме интересира, дури и да дојде до зголемување на цената на комуналните услуги, дали истата ќе биде оправдана со почисти улици, булевари, мостови и патеки ?
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/drisla-ke-odi-pod-koncesija Дрисла ќе оди под концесија
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Леле семафорот -.- Идиоти!
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ова е еден од двата `Мерцедес` камиони купени од ЈП Комуналец Кичево.камионите се Мерцедес само во основата,делот наменет за собирање на смет е изработен од друга фирма.но без оглед на тоа со купувањето на овие камиони значајно се осети на јавната чистота во градот,барем на делот каде се поставени контењерите
![]() |
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=531284848&id=9&prilog=0&setIzdanie=22570 |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Шест странски компании сакаат да ја осовременат депонијата „Дрисла“ Со инвестиција до 82 милиона евра, на депонијата ќе може да се врши селекција на отпадот, добиениот гас да се користи за производство на струја... Деспина Трајковска |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
![]() Заложбите за почист град од страна на градоначалникот Трајановски се за пофалба! Пред почетокот на неговиот мандат кон крајот на 2009, во Скопје имало само 9 возила за собирање на смет. Со најновата набавка на почетокот во 2012 има 49. 40 нови возила за нешто повеќе од 2 години. Секоја чест. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
„Дрисла“ избира меѓу две понуди за нова печка Постојниот инцинератор, кој е донација од Велика Британија и е стар повеќе од 30 години, ќе се исфрли целосно од употреба ЈП „Дрисла“ идната недела ќе одлучи дали и која понуда ќе ја одбере
од двете доставени за купување нова печка за уништување медицински
отпад. Тогаш ќе се знае колку претпријатието ќе треба да плати за нова
печка, колкав капацитет на согорување ќе има, како и други технички
карактеристики. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Првата регионална депонија во завршна фазаПроектот за изградба на првата регионална депонија во државата влегува во третата завршна фаза. ![]() Трите австриски и една италијанска компанија кои останаа во трката за концесионер на депонијата во ова фаза треба да го добијат модел договорот за концесијата во кој ќе бидат специфицирани сите барања на десетте општини од југоисточниот плански регион. - Ние како министерство односно како Влада на Република Македонија сме многу заинтересирани овој проект да биде успешен бидејки е прв во Македонија и другите региони после можат да го следат примерот на Југоисточниот плански регион - рече министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаким Адеми. Врз основа на сето тоа што ке биде утврдено во тендерската документација потенцијалните концесионери ќе ги дадат своите финални понуди кои ке бидат и одлучувачки за изборот на концесионерот кој треба да се случи најдоцна до 1 март идната година. - Се правиме да се плати помала цена а да добиеме квалитет. Тоа ни е основата и сите треба да се водиме од ова,посебно бидејќи сме први, пилот што значи во нашата држава нема такви искуства досега - рече Стојан Лазарев, претседател на совет на градоначалници на ЈИ плански регион. Регионалната депонија во струмичко ке биде изградена на површина од 12 хектари и ке чини над 20 милиони евра. Во периодот на експлоатација кој ќе трае 25 години треба да се депонира околу 1.200.000 метри кубни цврст отпад од вкупно десет општини од југоисточниот плански регион. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/prvata-regionalna-deponija-vo-zavrshna-faza |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
ЈП “Комуналец” набавува камиони за собирање на отпадоци
![]() Камионот за собирање на отпадоци кој пристигна деновие од Германија, со вредност од 15 илјади евра, е првиот од 3 или 4 камиони со кои ќе се снабди ЈП “Комуналец“. “Деновиве пристигна првиот камион за собирање на отпадоци, а наскоро ќе набавиме уште 2 или 3 други, односно за обновување на возниот парк на претпријатието ќе потрошиме до 2,5 милиони денари, средства од буџетот на Општина Гостивар“, информира Куртиш Салија, директор на претпријатието. ЈП “Комуналец“ деновиве започна со акцијата за собирање на листовите и со сечење на сувите гранки во разни делови од градот. “Во моментов повеѓе сме концентрирани во населба Малеарди, каде што ги чистиме листовите и ги сечеме гранките од дрвјата на кои им заминал периодот на вегетација“, истакнува Салија. Од ова претпријатие, исто така информираат дека со средства обезбедени од општинскиот буџет, при крај е изградбата на колекторот за отпадни води во село Форино, изградбата на канализација во село Равен и еден крак од улица во населба Питарница. Изградбата на канализација деновиве заврши во една улица во населба Питарница, а започната е и изградбата на канализација во Горна Бањица. ![]() ![]() http://www.gostivari.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1077&Itemid=1 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Североисточниот регион од ѓубре ќе прави струјаОпштините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково, проблемот со цврстио отпад ќе го решаваат со палење. Во една од општините ќе се изгради специјален објект со печки за палење на сметот, а од негово согорување ќе се добива електрична енергија. ![]() Проектот ќе биде реализиран по чешко искуство, од каде се заинтересирани да инвестираат 150 милиони евра во три региони во државата.
Сметот пред преработката нема да се селектира, туку директно оди во бункерите и се пали, а потоа од него со магнети се вади металот како суровина.Немало еколошки импликации, бидејќи во Прага се наоѓала во центарот на градот. До крајот на октомври треба да пристигне делегација од Чешка, која ќе потпише договорот за изработка на студијата, која чини околу 250 илјади евра. Половина од сретствата ќе го обезбедат општините од Североисточниот регион, а останате чешкиот партнер. Новото решение за справување на цврстиот отпад во Свероисточниот регион уследи откако општините со години наназад не можат да се договорат на чија територија да се гради санитарна депонија. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/severoistocniot-region-od-djubre-ce-pravi-struja.html |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
17 компании сакаат да инвестираат во ДрислаИвана Колева![]() Поради лошата инфраструктура и недостигот од пари, ќе се бара приватен содружник во Дрисла на период до 35 години. Се очекува тој партнер да инвестира 82 милиони евра и да ја направи депонијата европска Седумнаесет компании од Австрија, Германија, Кина, САД, Канада, Италија и Шведска досега официјално ја посетиле скопската депонија Дрисла. Причина за тоа е што градот Скопје бара нов приватен содружник, со кој ќе се основа друштво за ограничена одговорност, кое ќе добие концесија за управување со отпадот во депонијата во рок до 35 години. Градот Скопје ќе бара од приватниот содружник да инвестира со цел Дрисла да работи во согласност со европските стандарди и регулативи. Поради лошата инфраструктура на депонијата, која се наоѓа на 14 километри од центарот на главниот град, се бара приватен инвеститор кој ќе го подобри работењето на депонијата, за што се проценува дека се потребни 82 милиони евра. “Досега во Дрисла се инвестирани околу 10 милиони евра. Но, за исполнување на новите проекти се потребни уште 82 милиони, кои треба да ги обезбеди приватниот содружник. Најважно е новиот партнер, барем на почетокот, да понуди исти цени за услугите, иако не е исклучена можноста во иднина тие да растат поради инвестициите и движењето на цените на енергенсите на светските берзи“, вели Горан Ангелов, генерален директор на ЈП Депонија Дрисла. За него е значајно и колкав процент од ДОО ќе поседува градот Скопје. “Интересот за наоѓање приватен содружник со кој ќе се постигне договор за концесија е голем, а очекуваме во иднина да продолжи да расте. Досега 17 компании од Австрија, Германија, Кина, САД, Канада, Италија и Шведска дојдоа во официјална посета на Дрисла и се надеваме дека ќе избереме партнер кој на граѓаните ќе им ги понуди условите кои најмногу им одговараат“, вели Ангелов. Во моментов на депонијата нема доволно инфраструктура, нема постројка за селекција на отпад, не постои систем за прибирање на исцедокот и гасот, а голем дел од отпадот останува непокриен. Санитарната депонија Дрисла е во функција 24 часа дневно, 365 дена во годината. ЈП Депонија Дрисла се класифицира како мало или микропретпријатие, а лани имало 125 вработени. Добивката на Дрисла за 2010 година изнесува 665.485 евра, а 17% од приходите се донација или субвенција од градот Скопје. Ангелов вели дека главно ќе се фокусираат на запечатување на старата депонија и изградба на нова и пософистицирана. Во моментов од најголем интерес е да се изгради станица за прочистување на отпадните води кои се слеваат во депонијата. Англиска фирма специјализирана за изработка на студии за управување со отпад изработила таква студија - за најоптималната технологија која треба да се примени. Треба да се набават повеќе нови постројки - за селекција на отпад, за третман на отпад и на градежниот шут. ЈП Депонија Дрисла е единственото претпријатие во земјата кое врши собирање, транспорт и согорување на медицински отпад. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73671/17_kompanii_sakaat_da_investiraat_vo_drisla.aspx?iId=2356 |
|
![]() |
|
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Општина Гевгелија
ИЗВОР (Интернет страница на Општина Гевгелија) Edited by theMac3donian - 30-Aug-2011 at 16:56 |
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |