![]() |
![]() |
![]() |
Проблем со летните тераси |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 4> |
Author | |||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 09-Mar-2025 at 14:27 |
||
КАФЕАНЏИИТЕ ОД СКОПСКИОТ КЕЈ ПАК ГИ РАСПОСЛАА ТЕРАСИТЕ НА ШЕТАЛИШТЕТО ИАКО ИМ Е ЗАБРАНЕТО
![]() Поголем дел од кафулињата на кејот 13 Ноември во Скопје викендов ги извадија масите и столиците и ги распослаа на шеталиштето, иако таму е забрането поставување летни тераси. Поради сончевото време, кафеанџиите ги извадија масите од застаклените тераси и ги ставија во делот наменет за пешаци. Масите се поставени меѓу клупите, со што всушност им се блокира пристапот на сите пешаци кои сакаат да седнат да одморат, а притоа да не мора да седат во кафеана. Кафеанџиите кога го добија просторот за тераси пред објектите го затворија со стакло, па наместо тераси, станаа затворени објекти за да може да се пуши во нив. Сега сакаат да имаат маси и на отворено бидејќи терасите им се заградени, а гостите сакаат да седат надвор. И лани кафеанџиите блокираа дел од кејот поради што беа казнети од Општина Центар. Но, само неколку дена откако беа казнети, тие пак си тераа по свое и продолжија да ги шират кафулињата на шеталиштето. Откако кејот беше реновиран пред четири години во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов, кафеанџиите добија дозвола да имаат тераси само пред објектите. Беше точно обележано до каде можат да се простираат и добија плус 3,5 метри од јавниот простор. Но, сега газдите не се задоволни од добиениот простор и сакаат да имаат маси и столици и на плочникот, како што беше пред реновирањето на кејот, кога цел плочник беше узурпиран од кафеани. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kafeandhiite-od-skopskiot-kej-pak-gi-rasposlaa-terasite-na-shetalishteto-iako-im-e-zabraneto/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
КАФЕАНЏИИТЕ НА КЕЈОТ ВО СКОПЈЕ НА ДИВО ПОСТАВИЈА МАСИ НИЗ ШЕТАЛИШТЕТО, МАЛКУ ИМ Е ЗАЗЕМЕНИОТ ЈАВЕН ПРОСТОР НА КОЈ ТЕРАСИТЕ ГИ ПРЕТВОРИЈА ВО ЗАТВОРЕНИ ПУШАЛНИ
![]() ![]() Кафеанџиите од кејот 13 Ноември во Скопје ги распослаа масите и столиците на шеталиштето, иако тоа не им е дозволено. Откако кејот беше реновиран пред три години во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов, кафеанџиите добија дозвола да имаат тераси само пред објектите. Беше точно обележано до каде можат да се простираат и добија плус 3,5 метри од јавниот простор. Но, сега газдите не се задоволни од добиениот простор и сакаат да имаат маси и столици низ плочникот, па на диво ги поставија во договорена акција на сите угостители. Масите се поставени помеѓу клупите за пешаци со што всушност им се блокира пристапот на сите пешаци што сакаат да седнат да одморат, а притоа да не мора да седат во кафеана. Кафеанџиите кога го добија просторот за тераси пред објектите го затворија со стакло, па наместо тераси станаа затворени објекти за да може да се пуши во нив. Сега сакаат да имаат маси и на отворено бидејќи терасите им се заградени, а гостите сакаат да седат надвор. Кога се реновираше кејот Шилегов кажа дека низ плочникот нема да има маси и тој ќе биде слободен за прошетки. Кафеанџиите не беа задоволни од ваквата одлука, но ја почитуваа до пред една година. Лани летото исто на диво ги извадија масите, но по пишувањето на медиумите и реакцијата од Град Скопје беа отстранети. Сега вторпат пробуваат на диво да го заземат шеталиштето. До реновирањето во 2021 на кејот владееше хаос, целиот беше блокиран од тераси кои беа заградени и претворени во пушални и објекти, не само пред влезот, туку и среде кејот. Насекаде имаше паркирано коли, искршен беше плочникот, а клупите демолирани. САКАМДАКАЖАМ.МК со години пишуваше за овој проблем, по што во време на Шилегов кејот се среди и сè досега функционираше како шеталиште без коли. Реконструкцијата на кејот, при која беа поставени нов плочник, клупи и ново осветлување, чинеше 1,5 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kafeandhiite-na-kejot-vo-skopje-na-divo-postavija-masi-niz-shetalishteto-malku-im-e-zazemeniot-javen-prostor-na-koj-terasite-gi-pretvorija-vo-zatvoreni-pushalni/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Сопственикот на кафе барот „Хепи“ без дозвола си поставувал маси и столици во пешачка зона
![]() ![]() Откако „Независен“ објави дека на малиот зелен простор пред кафе барот „Хепи“ некој поставува метални столици и маси со кои го узурпира пешачкиот простор, инспектори од Општина Аеродром вчера излегле на терен и констатирале дека сопственикот на кафе барот решил самоиницијативно да се прошири буквално на улица, и што е навјажно, за тоа немал никаква дозвола. Како што се дознава, и инспекторите биле шокирани од иновативноста на сопственикот на кафе барот што ја прокоментирале со оценката – дека во својата кариера не виделе вакво нешто на терен. Како што може да се види од фотографијата со новопоставените метални маси и столици практично се затвора пристапот до слаткарницата „Палма“, а на другата страна се попречува движењето на пешаците. Од Општина Аеродром му наложиле на сопственикот веднаш да ги отстрани поставените маси и столици, а ако не го стори тоа – тие ќе ги тргнат на негова сметка. https://nezavisen.mk/sopstvenikot-na-kafe-barot-hepi-bez-dozvola-si-postavuval-masi-i-stolici-vo-peshachka-zona/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
БОГДАНОВИЌ НАМЕСТО ШИЛЕГОВ ЌЕ ДАВА ДОЗВОЛИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ЛЕТНИ ТЕРАСИ ВО ЦЕНТАР
Општина Центар отсега ќе издава одобренија за поставување летни тераси пред кафулињата и кафеаните, наместо Град Скопје. Општината и Градот денес го потпиша договорот за преземање на овластувањата и обврските за издавање одобренија за поставување урбана опрема на територијата на Општина Центар. Досега одобренијата за летните тераси ги издаваше Град Скопје, а Општината потоа требаше да контролира, казнува и урива. „Во јуни 2009 година Општина Центар потпишала договор за отстапување на ингеренциите на Град Скопје да врши овластување и издавање дозволи за поставување урбана опрема во Дебар Маало, Парк и Мал Ринг. По одржаните состаноци со Град Скопје, заеднички одлучивме ингеренциите да се вратат на Општина Центар, бидејќи за истите општината врши контрола и инспекциски надзор“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ. Општина Центар има подготвено сопствена програма и план за начинот на кој ќе биде поставена урбаната опрема. „Ова е голем успех за Општина Центар, бидејќи конечно ингеренции што претходно биле дадени или одземени, сега се враќаат под контрола на Општина Центар, а во наредниот период продолжуваме да работиме на програми и планови за преземање на урбаната опрема и на други локации, согласно останатите детални урбанистички планови во Општина Центар“, изјави Богдановиќ. Од Општината велат дека овластен градежен инспектор по службена должност направил увид во два објектa, каде што се утвдени неправилности во работењето, согласно Законот за градење. Секторот за инспекциски надзор издал Решение за отстранување за инвеститорот Кафе бар-Макка на булеварот Климент Охридски бб и за инвеститорот Ди Лума Груп Дооел-Скопје на улица Ленинова бр.38. Ако во наредниот период нелегалните градби не бидат отстранети, Општина Центар ќе пристапи кон присилно административно извршување. Во буџетот на Општина Центар за 2021 планирани се 12 милиони денари за рушење на бесправно изградени објекти во Центар. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bogdanovik-namesto-shilegov-ke-dava-dozvoli-za-postavuvane-letni-terasi-vo-tsentar/ |
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
обично шемата е ваква:
-прво се ставаат цвеќарници,т.е. оние виесќи саксии за цвечина,се заградува просторот, -после тоа се ставаат чадори,нели мора да се има, -после некое време се става метална конструкција како тенда, -па најлони за во зима, -па најлоните нечинеле па се ставаат `подвижни` стакла, . . . -и на крај се заѕидува све и се бара легализација на заграбаниот простор. така `газдите` се стекнуваат со вишок квадрати за без пари(1 евро за 1м2) А за тој газда,провери си дали има дозвола,а ако нема тогаш ќе ти пишам што да направиш,верувај ако не е чист никој нема да го спаси |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
![]() Не сум многу упатен, но гледам никој не пишал, па еве ги моите 2 денари. Немој да претпоставуваш дека нема дозвола, увери се. Ако навистина нема, тогаш не би требало да е проблем да издејствувате отстранување, мада и тоа зависи од местото на твоето живеење, односно нивото на каубојштина кај локалната власт. Инаку фактот дека на таа локација е планиран паркинг (претпоставувам се повикуваш на некој ДУП) не би требало да значи дека не може во меѓувреме да се издаде дозвола за летна тераса. Има некаков си правилник за поставување на урбана опрема, најди го и прочитај го, дури и ако типот има дозвола за терасата, види дали е прекршен правилникот, па терај оттаму. |
|||
![]() |
|||
Radoslav ![]() Newbiе ![]() Joined: 14-Apr-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Верувам дека темава е можеби и претходно спомната, али сепак морам да прашам.
Значи во маало имаме кафеана, која е во сопственост на полицаец. Е сега, како полека иде летната сезона тие почнаа да местат тераса, а сигурен сум дека они за тоа немаат дозвола, затоа што целиот плац е планиран да биде паркинг. Мене лично ми смета затоа што таа летна тераса би се наоѓала на 3м од мојот прозорец, па во ситуација кога тие би имале гости - јас немам приватност. Цело маало сме против оваа незаконска летна тераса, а знаеме дека ја местат поради поврзаноста на сопственикот со локалната самоуправа. Прашањето ми е, дали постои некоја правна алатка на која би можеле да се повикаме? Собирање потписи и тн.? Затоа што, обичен разговор со инспекцијата нема да биде од помош.... |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Треба да ги патентираме овие наши уникатни „летни тераси“. Ниту се летни, ниту се тераси.
|
|||
![]() |
|||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||
Кафеанџиите се залепија до излозите В понеделник ќе биде дефинирана шемата за поставување на масите и столовите Иако кафеанџиите од улица „Македонија“ и кеј „13 Ноември“ веќе три месеци ја тераат летната шема, тие дури в понеделник ќе знаат, конечно, до каде можат да ги распостилаат масите и столовите. Градот Скопје во изминатата недела на терен ја снимаше ситуацијата и го испитуваше визуелниот ефект од досегашните состојби, а ги имаше предвид и последните предлози за начинот на поставување на инвентарот. |
|||
![]() |
|||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||
ако веќе неможе да се тргне (незнам од кои причини) бар да беше пола од ова што е.. срамота е до спомеников е залапена тересава.. што апетити ќе беа во прашање.. ептен се нема респект за спомеников.. |
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
Ама се е поткупено во таа проклетија од држава. Вие зошто мислите му правеа рации неколку пати, за да го зауздаат ли? НЕ, да си ја поткупи дебело дозволата. Така се случува со повеќето угостителски објекти (ниту зборовите кафич, ниту кафуле се правилни на македонски, всушност мислам дека е настанат вакум во 1945 со вештачката промена...кафене треба да е правилно, но не тврдам), а и зградите воопшто. Истото е и со СК2014, мрсна пара се изналапаа од сите страни, простиот народ се пали и се дели, тие безделничат и само за свое добро гледаат.
|
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
||
Значи нема никаква разлика со претходната „стреа“...
![]() ...а и близината до Ченто е иста. Мора некако да се притиснат градов и општиниве да стават крај на ова узурпирање на јавен простор. Направија каков таков ред на кеј и ул. Македонија, ама на Тренд и на сите кафичи со тераси на тротоар (Ленинова, Буњаковец и низ цело Скопје) им дадоа одврзани раце да прават што сакаат. Се знае како се прави тоа, еден два реда маси, мала стреа над нив и тоа е тоа. А на медиумиве глас не им се слуша, па ако нешто заслужува посебно внимание тоа е оваа тема. |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
![]() Може некој да ми објасни како летната (и зимска!) тераса на „Тренд“ стана легална?!?
А како бонус, зарем не е недоличен начинот на кој што терасата на „Тренд“ е слепена за споменикот на Ченто? Милион евра за огромен мермерен споменик, за некој кафанџија практично да си го направи инвентар. Кого лажеме дека со овие споменици им оддаваме почит на нашите великани? Очигледно на некои им е битно да се направат набавките, а за понатака не се замараат премногу. ![]() 1 ![]() 2 ![]() |
|||
![]() |
|||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||
Нова градска шема за летни тераси Сопствениците на кафулето „Тренд“ викендов ја сменија својата натстрешница, односно ја урнаа старата и изградија нова, уште поголема, но овој пат легална, со дозвола од градските власти. Иако според Правилникот за поставување урбана опрема, според кој летните тераси ќе се покриваат само со чадори, а масите треба да се местат директно на подлогата, без да се зашрафува нешто друго на неа, легалната стреа на „Тренд“ има посебна подлога, цврста изградена натстрешница и никаде нема чадори. Сопствениците на кафулето велат дека се' е легално и дека градските власти им издале одобрение за натстрешницата врз основа на однапред подготвен и одобрен елаборат.
Од Градот Скопје, кој од оваа сезона ги издава дозволите за летни тераси, потврдија дека „Тренд“ е меѓу кафулињата што обезбедиле дозволи. Велат дека сите субјекти што сакаат да постават опрема и мебел надвор од објектите мора да ги почитуваат нормите. - Сите елементи треба да бидат според стандардите предвидени во правилникот и не смеат да бидат градежно фиксирани за подлогата. „Тренд“ има добиено одобрение за поставување мебел на јавна површина и не смее да изведува никакви градежни активности со кои ќе го огради и покрие просторот. Ако не се придржувал до нормата, општинската градежна инспекција треба да го констатира тоа и да ги преземе сите законски мерки за почитување на пропишаните стандарди - велат во одделението за односи со јавноста. Општина Центар досега неколкупати најавуваше дека ќе ја урне старата натстрешница на кафулето, но не го исполни ветувањето. Првин немаа обезбедено фирми за уривање, потоа им фалеше полициска асистенција, а на крајот се правдаа дека фирмите за уривање рушеле на улицата Железничка. |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
ЌЕ СЕ СТАВИ ЛИ РЕД
ВО ХАОСОТ НА ПЕШАЧКИТЕ ЗОНИ
Летните тераси ќе ги одобрува Градот Контролата и санкциите и натаму ќе ја вршат општинските градежни инспектори - Годинава првпат се воведува ред и во овој дел од надлежностите на локалната власт. Град Скопје ја презема обврската да ги изготви елаборатите и програмите за урбаната опрема за сите општини. На атрактивните делови, како улицата Македонија" и кејот 13 Ноември" се направени елаборати со Општина Центар според кои се даваат одобренија, информираше Трајановски и потсети дека Градот ги издава одобренијата за поставување урбана опрема за сите општини, а финансиите од приходите ќе се делат 50 отсто за општини и 50 за Градот. Досега во Градот биле поднесени 300 барања за поставување на урбана опрема на јавни површини од кои на половината било позитивно одговорено. Градоначалникот Трајановски најави и дека се планира летово на плоштадот Македонија" и поширокиот центар да се постават повеќе мултифункционални тезги од отворен и од затворен тип на кои ќе се продаваат уметнички и занаетчиски производи. За таа цел веќе се склучуваат договори со избраните форми за изработка на тезгите кои ќе имаат унифициран изглед. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=842371AED322E94DA77A1FE102BF9F21 |
|||
![]() |
|||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||
вака-така, терасава на Тренд пак стои и функционира и е залепена до постаментот за споменикот на Ченто (кој патем некако ми се чини превисок)..
Edited by SkyBoy - 06-May-2010 at 23:38 |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
![]() Трагична судбина на скопскиот кафеанџија. Тој само сака чесно да си го заработи лебот ![]() |
|||
![]() |
|||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||
СОПСТВЕНИКОТ НА КАФУЛЕТО „ТРЕНД“ ОБВИНУВА
Весникот „Вест“ сака да го уништи „Тренд“ Сопственикот на кафулето „Тренд“, Предраг Василевиќ-Пеџа, кое се наоѓа во строгиот центар на градот, тврди дека весникот „Вест“ и неговиот главен уредник Горан Михајловски од лични мотиви константно се обидува да му го наруши угледот и целосно да му го уништи бизнисот. Само во изминатиов период во овој весник се излезени околу дваесетина текстови со кои без аргументи и по секоја цена се напаѓа исклучиво кафулето „Тренд“. Текстовите се однесуваат на се и сешто, од невистинити обвинувања за гласна музика, до тврдења за незаконско работење. - Очигледно дека целта на „Вест“ и на Михајловски е да ми ја затворат кафеаната по секоја цена. Нема друг одговор. Им пречам и тие ја манипулираат јавноста и вршат притисок врз институциите да ме затворат - вели Василевиќ. Мотивот за ваквите напади, според газдата на ова популарно кафуле, е во фактот што близок роднина на Михајловски живее во зградата веднаш до „Тренд“ и најверојатно тој врши притисок врз главниот уредник на „Вест“ да се пишуваат текстови оти му пречи кафулето. Интересно е што од во центарот на Скопје, поточно, околу плоштадот Македонија и трговскиот центар, гравитираат околу 300 кафулиња, но „Вест“ објавува толку текстови само за едно, а тоа е кафулето „Тренд“. |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
![]() Знаејќи како стојат работите, поверојатно ми е дека ги повлекле за уши ![]() |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 4> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |