![]() |
![]() |
![]() |
Општинска зграда Центар |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 7> |
Author | |
DingerCarlos2 ![]() Newbiе ![]() Joined: 19-Oct-2024 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() Posted: 22-Mar-2025 at 08:31 |
Супер е офицерски, бајо, како и сѐ од Ск2014. Да бидеме реални, тоа е врвот на орнамелнталната архитектура на Република Северна Македонија, впрочем и на архитектурата во нашта земја воопшто.
Edited by DingerCarlos2 - 22-Mar-2025 at 08:39 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Зградата е изградена во отоманскиот период, имаш на линкот подолу повеќе информации: https://marh.mk/ucitelska-skola-vo-skopje/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Зградава е дел од српско ропство и требит да се размислит какви импликации би имало нејзина реизградба,сепак овој стил е поарен отколку "модернио" шо победи а е копија на судо кај мавровка,зш многу "инвентивни архитектчиња" имаме па не знат нешо асално да нацртат. Најарно ќе биди класичен стил ама да не излези како офицерскио на плаштад. Edited by Vire - 13-Mar-2025 at 13:14 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
До кога администрацијата на Центар ќе работи во бараките стари повеќе од 60 години?
Покрај зграда треба да се изгради и подземен паркинг Архитектонската изложба „Општина за нас“ во КСП Центар – Јадро, покажа дека овој простор може да биде современо решен, а покрај нормални и соодветни простории за вработените, може да го реши и проблемот со паркирањето. Имено, дел од парцелата, кој допира со двете сообраќајни артерии булеварот „Илинден“ и улицата „Орце Николов“, треба да се намени и да се изгради подземен паркинг, што би го решило проблемот со паркирањето и за вработенит, но и за сите оние кои доаѓаат во Дебар Маало во бројните ресторани и кафеани. Трите најдобри архитектонски проекти, избрани преку транспарентен конкурс, ја покажаа оваа нова визија за современа, отворена и функционална општина, која наскоро ќе стане реалност, најави градоначалникот Горан Герасимовски, при отворањето на изложбата. Тој е свесен, дека и покрај тоа што изградбата би почнала, според неговите планови, со унгарските пари, кои Владата ги дели по општините за реализација на капитални проекти, таа нема да може да биде реализирана во овој мандат. Но, сепак, Герасимовски не дава никакви гаранции, освен слободната волја на неговиот наследник, да оствари планови на претходник, што знаеме дека кај нас тешко оди. Како пример може да се посочи и примерот од времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, кој на чело на оваа скопска општина беше од 2009 до 2013 година. И тогаш беше распишан конкурс за идејно решение за општинска зграда. Од Општина центар не одговорија на нашето прашање колку пари биле даде тогаш за награда на идејните решенија. „Конкурс за изработка на архитектонско-урбанистичко решение за комплексот општинаска зграда на Општина Центар беше распишан кон крајот на 2009 година (во време на тогашниот градоначалник на општината Владимир Тодоровиќ). Конкурсот беше завршен во мај, 2010 година. На тој конкурс беа пристигнати девет конкурсни труда, од кои стручната комисија издвои четири кои ги награди и за кои беа извршени откупи. Беше планирано откупените трудови да послужат како изработка за крајниот изглед на општинската зграда“, одговорија од Општна Центар на прашањето на „Независен“ колкупати досега се распишувани конкурси, а за награди се исплаќаат општински пари. Идeјни решенија кои потоа не се реализираат. Тодоровиќ во 2012 година, ја повлече од дневен ред на седницата на Советот точката за продажба на атрактивното земјиште во Дебар Маало на кое требаше да се реализира проектот. На ваквиот расплет му претходеше протест на група граѓани и серија препукувања помеѓу централната и локалната власт од една, и опозицијата од друга страна. Опозицијата обвини дека се работи за сомнителна и евтина предизборна продажба и дека инвеститорот е обврзан објектот на општината да го изгради само до фаза на карабина, додека градоначалникот Тодоровиќ и Министерството за транспорт и врски, кое ја спроведуваше постапката за отуѓување на земјиштето, реагираа дека ваквите тврдења се шпекулации и груба манипулација на јавноста. Инаку, земјиштето требаше да го купи „Пера Констракшн“, да изграи на нов објект за локалната самоуправа на местото на сегашните општински бараки. Според планот требаше да изгради зграда со 15 ката и со површина од 31.000 метри квадратни, од која 51 отсто од површината требаше да ја отстапи на Општината. Ова беше трет обид општината да добие нови административни простории со помош на приватен партнер. Првиот обид за реализација на проектот беше спроведен во февруари минатата година, а првичниот план предвидуваше изградба на објект со приземје и четири ката, во барокен стил. Каков е планот за новата општинска зграда? ![]() – Наша цел не е само изградба на нова административна зграда, туку создавање функционален простор кој ќе одговори не само на потребите на вработените, туку и на граѓаните. Комплексот ќе биде модерен, енергетски ефикасен, со подземен паркинг за околу 300 возила и простор за 100 велосипеди, конечно решавајќи го долгогодишниот проблем со паркирањето во централното градско подрачје – изјави Герасимовски на отворањето на изложбата. Градежната парцела е со површина од 7.533 м2, а во неа се планирани три функционални целини. Во првата функционална целина, која би гравитирала кон бул „Илинден“ каде во еден или повеќе објекти би била сместена општинската администрација и подрачните единици. Во втората целина која гравитира кон ул „Орце Николов“ планирани се деловни и комерцијални објекти, како и објекти наменети за култура. Двете се поврзани со подземно ниво на заеднички паркинг. А третата, се однесува на просторот каде беше сместена Управата за водење матични книги, кој треба да ја задржи постојната состојба. Трите најдобри решенија добија парични награди Првата награда ја освои идејното решение под шифрата „НАМАТ“, на авторскиот тим составен од Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева и Кристијан Ристовски. Тие добија парична награда од 750.000 денари. Втората награда ѝ припадна на проектот под шифра „ЧКЛАБ“, дело на авторите од ПЛАТФОРМА ДОО Скопје – Емил Јегени, Елена Икономов, Веле Богоевски, Јасна Милојковиќ Муратовска, Ана Галевска Момировска, Јосиф Николовски, Ѓоре Миров и Матеа Јегени, за што добија 400.000 денари. Третата награда ја освои идејното решение под шифра „СЦЕНА“, создадено од Митко Хаџи-Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска-Трајкова и Теодора Илиевска, со награда од 300.000 денари. „Основниот проект за изградба на општинската зграда е дел од програмата за развој, но согласно правилникот за изградба на вакви објекти, тарифите за проектирање од 01.01.2025 се значително зголемени, а дополнително нема можност за попуст како што имало порано, што претставува значителен трошок за општината“, одговорија од Центар, на прашањето на „Независен“, уште колку пати ќе се трошат пари за идејни решенија, а ништо нема да биде реализирано. Само за награди од овој конкурс се потрошени повеќе од 23.000 евра. Дополнително што идејни решенија изработија и студенти од факултетот по предметот Ахитектонско студио 5.2, имаа изложба во 2023 година, граѓаните ја видоа и толку. „Сепак, Општина Центар останува посветена на реализацијата на овој проект и планира да аплицира за проектот за изградба на нова општинска зграда“, додаваат од таму. Бараките во кои сега се сместени градоначалникот и вработените во Општина Центар се стари повеќе од 60 години, односно изградени се во рамките на обновата на градот по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.(Б.Б.) https://nezavisen.mk/do-koga-administracijata-na-centar-kje-raboti-vo-barakite-stari-povekje-od-60-godini/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
DingerCarlos2 ![]() Newbiе ![]() Joined: 19-Oct-2024 Online Status: Offline Posts: 15 |
![]() ![]() |
Пак со кибритчињава? Па, уште Калдер вири од ќоше, абе пресмешно
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општина Центар ги прогласи победниците на конкурсот за нова административна зграда на општината. Од вкупно пристигнати 13 конкурсни труда, овие се наградените проекти:
Прва награда: шифра НАМАТ - Нина Карангелевска Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева, Кристијан Ристовски Втора награда: шифра ЧКЛАБ - ПЛАТФОРМА ДОО Скопје Трета награда: шифра СЦЕНА - Митко Хаџи Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска Трајкова и Теодора Илиевска Во прилог се 3д визуелизациите на сите 3 наградени конкурсни труда редоследно. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=958818166274497&set=pcb.958820216274292 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Интересно како овие што победиле на конкурсов претходно имат еднаш два пати победено на конкурси исто кај сдсм-овски градоначалници,наши деца
![]() Толку околу валидноста и објективноста на конкурсов,зградава ништо посебно,плус што најверојатно нема да се изградит никогаш. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Општина Центар објави визуелизации од победничкото решение за општинска зграда
![]() На конкурсот за идејно решение за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје, стручната комисија составена од претставници на релевантни институции од струката, образовни институции од областа, како и стручни лица од општинската администрација, избра три најуспешни идејни архитектонски решенија од вкупно 13 пристигнати трудови: Првата награда е доделена за идејното решение под шифрата „НАМАТ“ на: Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева и Кристијан Ристовски. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://marh.mk/opshtina-centar-vizuelizacii-pobednichko-reshenie/?fbclid=IwY2xjawGbGrtleHRuA2FlbQIxMAABHVvyafR3G-SPZ8Sozhtxy_6uVPhU85u3ymsypLiuR_6AZNX23_GJDigJpw_aem_mRMTdT0mDzclKQ5bfbA2EA |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Обзнаени резултатите од конкурсот за нова општинска зграда на Центар
На конкурсот за идејно архитектонско решение за нова општинска зграда на Општина Центар, пристигнале вкупно 13 трудови. Денес на страната за Е-набавки беа обзнаени резултатите од победничките конкурсни решенија. Честитки до наградените! ![]() https://marh.mk/obznaeni-rezultatite-od-konkursot-za-nova-opshtinska-zgrada-na-centar/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Универзалната сала е буквално една обична лименка, а сепак упорно се турка нејзината реконструкција, дури и откако оригиналниот објект целосно изгоре.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општина „Центар“ распиша конкурс за нова Општинска Зграда
Распишувач: Општина Центар ( Скопје) Рок: 27.09.2024 година до 15 часот Награден фонд: 1 место – 750.000 денари; 2 место – 400.000 денари; 3 место – 300.000 денари; Членови на жири комисија: Дамјан Момировски, Бојан Каранаков, Наташа Тодоровска Пренк, Огнен Марина, Игор Котларовски, Натали Ташевска Гулевска, Марија Милошевска Јанакиеска, Сашо Блажевски, Мишко Ралев, Кире Секуловски, Сашко Иванов, Танкица Христова Спасовска, Валентино Констатиновски, Александра Марсениќ Крајчески ![]() ![]() ![]() https://marh.mk/opshtina-centar-konkurs-za-opshtinska-zgrada |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ЦЕНТАР ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА НОВА ОПШТИНСКА ЗГРАДА
Општина Центар објави анонимен конкурс за избор на идејно решение за проект за новата општинска зграда, која ќе се гради на местото на старите бараки. Според насоките на конкурсот идејното решение, покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, треба да содржи решение за подземен паркинг со околу 300 паркинг места, како и простор за паркирање на 100 велосипеди. Дополнително, на градежната парцела треба да се предвиди мал плоштад, парк со фокус на влезниот портал од учителската школа, како и безбедно сообраќајно решение за пристапи и движење на возила, велосипеди и пешаци. „Со изградбата на општинската зграда, старите и дотраени бараки во кои сега се наоѓа општинската администрација ќе се заменат со функционален, современ и рационален комплекс што треба да ги задоволи не само општинските, туку и реалните потреби на жителите кои гравитираат во овој простор“, велат од Општина Центар. Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто идејно решение за новата општинска зграда, и тоа за прво место 750.000 за второ 400.000 и за трето место 300.000 денари. Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица стручни во областа на архитектурата и урбанизмот, а крајниот рок за предавање на трудовите е 27 септември. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-objavi-konkurs-za-idejno-reshenie-za-nova-opshtinska-zgrada/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Просечни и обични старински кутии со кров. Апсолутно нема потреба од нивно реконструирање.
Било кое од конкурсните решенија е милион пати поарна опција. |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Во Скопје 2014 имаше само една зграда што беше обид за реконструкција на срушен историски објект - тоа беше театарот. Новиот Офицерски дом е објект со двојно поголем габарит од оригиналот и не може да се нарече реконструкција. Новиот театар, иако има многу отстапки од изгледот на стариот (најочигледната е неговото свртување за 180°), по својата локација, габарит и општ изглед воглавно се поклопува со оригиналот. И, ако се тргнат настрана техничките пропусти, целосно е функционален и се користи за својата изворна намена и во современиот контекст. Сличен ваков проект претходно беше и возобновувањето на црквата Св. Богородица, која исто држи до оригиналот. И овде општиот впечаток беше главно позитивен. Искуствата од овие проекти, и позитивни и негативни, треба да се користат во иднина. За почеток, битна е иницијативата, која за обновата на театарот траеше скоро 20 години и на крај даде некаков резултат. Ако доволно се рашири идејата за реконструкција и на овие згради, можеби ќе наиде на интерес од некои идни власти. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
многу е комплицирано да се изгради „стар“ објект со современи функционални елементи... нешто што СК2014 масивно утна затоа што се градеше за фасади, а не за објекти со функција
во тој објект треба д има еден куп електрични и водоводни инсталации, вентилација и климатизација, лифтови, гаражи, сервисни пристапи и т.н. дури и да не речам полесно е да се приспособи стар објект отколку да се изгради од старт убаво звучи идејата ама не се способни кај нас за такво нешто |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
GOGICA ![]() Newbiе ![]() Joined: 09-Mar-2023 Location: GOSTIVAR Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
Супер би легнала една убава неокласика, тама малце да се избегне брут бетоското лудило кое естетски ни го задуши Градот убав
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
![]() Добра идеја, за жал оваа гарнитура ќе бега од било какво „ретро“ решение. |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Овде сакам да ја видам возобновена зградата на учителската школа (Идадија), со Општина Центар сместена во неа. ![]() По некоја груба проценка би требало да зафаќа површина 1000-1500 m2. Со своите три ката и можност да се користи и поткровјето, би дала простор од најмалку 3-4000 m2 што би требало да е доволно за потребите на општината. ![]() Во случај да не е, кон овој проект може да се додаде и реконструкција на зградата на занаетчиската школа (Ислахана). Овој објект бил нешто помал, со површина од 1/4-1/3 од Идадија. Но и да не се користи од Општина Центар и да има некој друга намена, макар деловна, сѐ додека е верна реконструкцијата, би било убаво да реализира како проект. ![]() ![]() Помал проблем претставува локацијата. Од Идадија денес е останат само влезот, кој беше и реставриран, па логично е да се искористи и вклопи во новата градба, која тогаш би била изградена на старите темели. Овој простор отприлика се совпаѓа со паркингот на Министерството за одбрана, што значи дека за негова реализација ќе биде потребно прекројување на меѓите и преместување на паркингот. Дополнително, на местото на срушената Ислахана е пробиен бул. „Илинден“, така да овој објект не може да се изгради на старите темели и ќе треба да се помести појужно. Но ова би било уште поприкладно затоа што и двата објекта ќе прават една покомпактна целина, особено ако и двата ѝ се доделат на истата институција. Воедно, Ислаханата ќе ја следи линијата на дел од објектот на М.О. со што ќе се запази и венецот на зградите долж „Илинденска“. ![]() Просторот околу сегашните бараки, обраснат со повеќедецениски дрва, ќе се зачува како зеленило и, по преместувањето и на Град Скопје и рушење на бараките од другата страна на „Илинденска“, ќе се отвори како продолжение на градскиот парк. Edited by Théoden - 19-Jan-2024 at 19:03 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГРАДИ НОВА АДМИНИСТРАТИВНА ЗГРАДА НА МЕСТОТО НА БАРАКИТЕ, ИЗГЛЕДОТ ЌЕ СЕ ИЗБИРА НА КОНКУРС
Општина Центар ја почнува постапката за изградба на нова општинска зграда на местото на старите бараки. Минатиот месец, на седница на Советот на Општина Центар беше донесена одлука за почнување постапка за добивање градежно земјиште за да може да се гради административна зграда. Општината ги достави потребните документи до Министерството за транспорт и врски и до Владата, која треба да донесе одлука за давање на трајно користење на градежното земјиште на кое се наоѓаат бараките на Општина Центар. „Очекуваме оваа точка да се стави на дневен ред на наредната седница на Владата. Со донесувањето на одлуката за давање на трајно користење на градежното земјиште на Општина Центар се заокружува процесот на потребна документација и ќе се овозможи распишување јавен конкурс за идејно решение“, велат од Општина Центар. Дали зградата ќе биде само административна или ќе има и деловни простории, со оглед на тоа дека се наоѓа на атрактивна локација во Дебар Маало, од Општината велат дека тоа уште не се знае, односно ќе се одлучува кога ќе дојде време. За овој проект во буџетот на Општина Центар за 2024 планирани се средства во износ од два милиона денари, наменети за организирање конкурс за архитектонско-урбанистички проект, со вклучено идејно архитектонско решение за административна зграда. Бараките во кои сега се сместени градоначалникот и вработените во Општина Центар се стари 56 години, односно изградени се во рамките на обновата на градот по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-ke-pravi-nova-administrativna-zgrada-na-mestoto-na-barakite-izgledot-ke-se-izbira-na-konkurs/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 7> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |