build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сообраќајна сигнализација и информативни табли

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 39>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Сообраќајна сигнализација и информативни табли
    Posted: 30-Aug-2024 at 17:28
Пуштени семафорите на крстосницата кај „последна 5-ка“



Од денеска проработеа новите семафори на крстосницата булевар „АСНОМ“ со улица „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, каде досега, поради немање сообраќајна регулација, често се случуваа сообраќајки.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, кои ја одржуваат светлосната сигнализација на градските сообраќајници, денес ги пуштија во програма новите семафори кои беа поставени на крстосницата булевар „АСНОМ“ со улица „Февруарски поход“.

Екипите пред десетина дена на крстосницата ги пуштија во пробна функција семафорите на жолто трепкаво светло, а од денес се пуштени во нормална работа.

Со новите семафори се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот, велат од општината.

https://nezavisen.mk/pushteni-semaforite-na-krstosnicata-kaj-posledna-5-ka/
Carpe diem
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 18-May-2024 at 15:11
Поради изградбата на топловодот во Битола, дел од главните сообраќајници се затворени, па затоа има девијации со вертикална сигнализација за пренасочување на сообраќајот. Од сите знаци, најмногу ми се допадна "Атinа"
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Jan-2024 at 19:44
Има знаци, нема пешачки премини- Улицата „Бледски договор“ во Карпош ризична за граѓаните





Во јули започна реконструкцијата на сервисната улица Бледски договор, која се наоѓа на територија на Општина Карпош, поточно во населбата Карпош 3. Граѓаните цело лето возеа по едвај една лента, а таму се наоѓаат три болници, „8 септември, “, поликлиника „Букурешт“ и клиниката „Жан Митрев“, сега пак нема обележани пешачки премин

Знаците се поставени, дури има знаци и за „легнати“ полицајци, но сепак на оваа улица нема пешачки премини па граѓаните поминуваат кој каде може.

Обновата на овој коловоз се најде во договорените страни помеѓу Министерството за транспорт и врски и Општина Карпош, како дел за Тендер 5 -„Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта за избрани општини согласно изработени основни проекти – Дел 2“.

Изведувач на градежните активности е “БАУЕР БГ ДОО,, Скопје. Предвидено беше градежниот зафат да заврши за околу два месеци.

https://gradska.mk/ima-znaczi-nema-peshachki-premini-uliczata-bledski-dogovor-vo-karposh-rizichna-za-gra%d1%93anite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Sep-2023 at 13:50
Нема ниту зебри ниту пешачки премини



Актуализација на проблемот со необележаната ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
Необележаните и целосно избледени пешачки премини претставуваат вистинска опасност за пешаците во Чаир и Бутел. Пред пазарите и училиштата речиси и да нема никаква коловозна ознака дека на тие места поминуваат пешаци, а по навика дека тука се преминува улица, пешаците и децата на свој ризик ги минуваат улиците. Таква е сликата во Чаир кај пазарот, на улицата Џон Кенеди кај пензионерското, на Цветан Димов, а којзнае уште колку вакви ризични и необележани сообраќајници има во главниот град.

РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИ


До редакцијата на „Нова Македонија“ пристигнаа забелешки за необележаните пешачки премини во Чаир и Бутел, и тоа на локации што се доста фреквентни и каде што минуваат голем број граѓани, меѓу кои најмногубројни се постарите лица и децата.
Пред училиштата и пазарите речиси и да нема никаква ознака дека на тоа место има пешачки премин.
Тоа претставува посебен проблем за граѓаните е Чаир, која е една од општините со најголем број жители и мали дечиња.
Граѓаните се револтирани до тој степен што се плашат воопшто и да поминат улица, бидејќи по улиците се вози неконтролирано лошо, брзо и несовесно.
– Не знам што чекаат за да ја обноват хоризонталната сигнализација. Дали треба некој да биде прегазен, не знам, меѓутоа, мали деца и постари лица да поминуваат улица „на среќа“, навистина не е совесно. Еве, кај училиштето Пенко, минимално се познаваат пешачките премини, а најголем проблем се вечерните часови. Во темно слободно може да се каже дека воопшто не се гледаат. А допрва доаѓа зима, кога многу рано ќе се стемнува. И подолу, кај црквата „Свети Никола“, каде што има необележана автобуска постојка не е ништо подобро. И кај пазарот во Чаир е кошмар. Тука, бидејќи нема никаква ознака за пешачки, по должината на целата улица секој преминува каде што сака. Тоа е ризик и за возачите и за самите пешаци. Доколку има обележан пешачки премин, ќе се знае кој каде смее и треба да мине улица. Вака е вистински хаос – вели Никола Николов, жител на оваа скопска населба.
Хаос е и на поголемите крстосници во Чаир. Речиси никаде нема да се види обележан пешачки премин, па граѓаните на слепо претрчуваат, ризикувајќи ги своите животи.
– На местата каде што нема семафори, а каде што деца поминуваат улица е доста стресно. Еве, моите деца учат во непосредна близина на крстосница каде што нема семафори. Тие се научени дека смеат да поминат улица само ако има зебра на неа, па сега се збунети, прашуваат зошто поминуваме таму кога нема обележје. Се обидувам да им објаснам дека тоа е местото каде што треба да поминеме улица, ама уште повеќе се збунети. Од една страна, јас сум таа што зборува дека улица се поминува само на обележан пешачки премин, а од друга ги терам да минуваат на место каде што сега во моментот нема – вели Ениса, мајка на две малолетни деца што учат во ова училиште.

СЕЗОНАВА ЌЕ СЕ ОБНОВАТ ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

Секоја година јавното претпријатие „Улици и патишта“ работи во согласност со програма за работа. Во согласност со таа програма се одредуваат и улиците на кои треба да се обележи хоризонталната сигнализација.
На нашето прашање зошто се оставени овие населби речиси без никакво обележје, надлежните велат дека во согласност со планот за работа, оваа сезона ќе биде обновена хоризонталната сигнализација во Чаир и Бутел.
– Оваа сезона ќе бидат обновени пешачките премини во Чаир и Бутел – информираа од јавното претпријатие „Улици и патишта“.

https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/nema-nitu-zebri-nitu-peshachki-premini/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Apr-2023 at 14:29
(УРНЕБЕСНО ВИДЕО) КРИВАТА КУЛА ОД ПАРТИЗАНСКА Бетонска плоча го држи семафорот да не падне насреде булевар



https://plusinfo.mk/urnebesno-video-krivata-kula-od-partizanska-betonska-plocha-go-drzhi-semaforot-da-ne-padne-nasrede-bulevar
Carpe diem
Back to Top
Afilip View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Mar-2023
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote Afilip Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Mar-2023 at 15:25
Ете и нов вид на вертикални бариери ни никнаа во главниот град. АЈ што се метални туку и распоредот на црвено белите полиња е далеку од Правилникот (9.22, 9.23)
https://flic.kr/s/aHBqjAxL39

Edited by Afilip - 29-Mar-2023 at 15:28
Back to Top
пеперутка16 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 02-Feb-2023
Online Status: Offline
Posts: 19
  Quote пеперутка16 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Mar-2023 at 19:30
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Mar-2023 at 08:40
Првиот знак при влез во Скопје – слика за цела држава! (Фото)



https://bulevar.mk/2023/03/20/prviot-znak-pri-vlez-vo-skopјe-slika-za-czela-drzhava-foto/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Mar-2023 at 14:41
УКРАДЕНИ 54 СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ВО ПРИЛЕПСКО, ОД „МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ВЕЛАТ НИЕДЕН НЕ Е НАЈДЕН

Масовно исчезнуваат сообраќајните знаци од магистралните и регионалните патишта во Прилепско. Во последните четири месеци украдени се 54 знаци на патиштата Прилеп-Тополчани, Прилеп-Македонски Брод и Прилеп-Крушево.

Дел од прилепчани се сомнeваат дека некои граѓани нашле начин како да ги избегнат казните при зачестените сообраќајни контроли на овие патни правци, па почнале да ги крадат и знаците. Иако мета на кражби се скоро сите сообраќајни знаци и табли, од „Македонија пат“ велат дека главно исчезнуваат оние за дозволено и забрането престигнување. Одговорните лица во претпријатието, сепак, сметаат дека се краде од лукративни причини поради металите од кои се изработени знаците.

Директорот на „Македонија пат“, Костадин Ацевски, вели дека најмногу кражби на сообраќајни знаци на ниво на држава има во прилепско-битолскиот регион.

„Трпиме голема финансиска штета. Само што ќе ги поставиме, уште не се констатирани од надзорот, ги крадат. Се загрозува безбедноста во сообраќајот. Се крадат информативни табли, насочници, сè се краде. Ги заменуваме, но имаме проблем. Украдените не можеме да ги наплатиме, не се констатирани од надзорот, а треба нови да се постават“, вели Ацевски.

Тој се сомнева дека кражбите се заради заработка. Знаците се примамливи поради материјалите од кои се изработени: бакар, алуминиум, железо, алуминиумски фолии и метални профили.

Во полицијата во Прилеп е пријавено дека од октомври 2022 до почетокот на март годинава биле земени 17 знаци од магистралниот пат Прилеп-Тополчани, 26 од регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод и 11 од регионалниот пат Прилеп-Крушево.

Од прилепската подружница на „Македонија пат“ велат дека кражбите редовно ги пријавуваат во полиција, но досега не е најден ниеден украден знак.

„Ние немаме право да претпоставуваме кој и зошто краде, тоа е работа на полицијата. И табли и сообраќајни знаци се крадат. Вкупно 54 од октомври наваму“, велат од „Македонија пат-Прилеп“.

Од Битолската подружница откриваат дека, според нивните искуства, главно се крадат знаците за дозволено и забрането престигнување.

„Која им е намерата, не знаеме. Но, доколку се работеше за старо железо би ги украле сите знаци, а не најчесто овие“, велат од подружницата.

Проблем во овој дел од годината е и палењето на нивите и стрништата близу патиштата, па огнот ги оштетува и насочниците, односно столпчињата на банкините кои ја даваат насоката на движење особено во ноќно време.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-chetiri-mesetsi-ukradeni-54-soobrakajni-znatsi-vo-prilepsko-od-makedonija-pat-velat-nieden-ne-e-najden/
Carpe diem
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 570
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 28-Dec-2022 at 21:26
Како тоа единствениот град без семафори?
И Кочани нема подолго време семафори ама затоа има 10 кружни текови.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Dec-2022 at 18:01
Неготино останува единствениот град без семафори откако Ресен по 15 години ги поправи и пушти во функција старите

По 15 години без семафори, кои поради дефект не функционирале, Ресен повторно има семафори. Како што информира ресенското Здружение на возачи, истите се вратени во функција и биле отстранети сите дефекти, поради кои не работеле цели 15 години.

Наредните денови, додека учесниците во сообраќајот се навикнат на нив, тие ќе сигнализирале само жолто трепкање на светлото, а по неколку дена целосно ќе биле ставени во функција. По Ресен, Неготино очигледно станува единствен град во земјава без семафори.

Уште кон крајот на деведесеттите години на минатиот век, на крстосницата во центарот на градот беа поставени семафори, кои по големата поплава во 1995 година престанаа да функционираат поради дефект. Дефектот беше отстранет дури во 2012 година, и тогаш надлежните од општината порачаа дека со нивно повторно ставање во функција ќе има поголема безбедност за пешаците, но и растеретување на сообраќајот на улиците ,,Партизанска”, ,,Даме Груев”, како и на главната улица ,,Маршал Тито”.

Во тој период најгласни против семафорите беа таксистите, кои се жалеа дека граѓаните не можеле да се навикнат на нив, па нивното функционирање создавало дополнителни проблеми. Сепак, многу кратко по нивното профункционирање, тие повторно беа исклучени. Како што тогаш појаснуваа локалните власти, семафорите имале низа на технички проблеми, па затоа се донела одлука да бидат исклучени. Цели десет години потоа, нема ниту најава, ниту пак иницијатива за нивно повторно ста

вање во функција, посебно поради тоа што се наоѓаат на главната крстосница, на подрачје каде има густ сообраќај, и каде во текот на годините се случија голем број на сообраќајни несреќи.

Минатата година градоначалникот на Неготино, д-р Горан Стојанов изјави дека се разгледува можност за изградба на кружен тек на тој дел од градот, каде што беа поставени семафорите, но процедурата била комплицирана, бидејќи под крстосницата минува Тимјаничка река. За поголема безбедност во тој дел неодамна се поставија сообраќајни знаци кои укажуваат дека се работи за зона каде максималната дозволена брзина е 30 км на час, а пак во близина на пешачките премини максималната дозволена брзина е 20 километри на час.

Овие ограничувања за жал, не се почитуваат од страна на возачите, па брзото возење во центарот на градот продолжува. Не се поставија ниту легнатите полицајци, за кои граѓаните со децении апелираат.

https://fokus.mk/negotino-ostanuva-edinstveniot-grad-bez-semafori-otkako-resen-po-15-godini-gi-popravi-i-pushti-vo-funktsija-starite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Mar-2022 at 17:42
Новите семафори на крстосница на булеварот Босна и Херцеговина со улицата Лазар Трповски се пуштени на жолто трепкаво светло
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денес ги пуштија на жолто трепкаво светло новите портални семафори кои неодамна беа поставени на крстосницата на булеварот Босна и Херцегоцина со улицата Лазар Трповски.
Семафоризацијата на оваа крстосница е со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот, а семафорите е предвидено целосно да бидат пуштени во работа за околу две недели.



https://www.facebook.com/JPUIP
Carpe diem
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Feb-2022 at 16:51
улицава не е толку прометна и опасна, колку што има паркирани возила кај што не треба, и феноменот од фоткиве, контејнери на коловоз
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Feb-2022 at 14:49
Улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром добива нова хоризонтална сигнализација, како и направи за забавување на возилата со што значително се зголемува безбедноста во сообраќајот.







https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 29-Jan-2022 at 16:13
Причината е дека почна да функционира ЦУКС, и повеќе не траат исто тактовите на семафорите, него се променливи согласно гужвите. Затоа сега и во оваа вест стои јасно дека оние раскриници кои не се дел од системот на ЦУКС, односно работат во независен слободен режим, тие може да имаат одбројувачи. Значи техничка е позадината, не политичка. Само оваа Данела толку е глупа што не знае дека кога-тогаш и овие раскрници ќе станат дел од системов на ЦУКС, па и тука џабе ги става бројачите зашто ќе ги снема и тука, повторно од технички причини, не политички.

Ама ако, гомннарите скопјани се криви, наместо мост Керамидница, клучка Илинден, булевари, мост Карпош, што ли уште не... ја одбраа сељанкава само заради жмровски кафански гневови и сељачка љубомора кон Шилегов, зашто е успешен човек. Епа јадете го сега, пичка ви материна, нека ви се фали со бројачи на семафори. Ѓубриња!!!

Edited by user8642 - 29-Jan-2022 at 16:16
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 29-Jan-2022 at 15:58
Не памтам која беше причината да ги тргнат бројчаниците пред неколку години?
Исто и зелениот бран на делови од Партизанска,Илинденска и други делници низ Аеродром тотално стана хаотичен и несинхронизиран.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 29-Jan-2022 at 15:54
АРСОВСКА ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕ Поставени се бројчаници на семафори и вратен е зелениот бран



Поставени се бројчаници на булеварот Христијан Тодоровски Карпош на семафорот на крстосницата со Натанаил Кучевишки, на крстосницата со Боца Иванова и на крстосницата со булеварот Босна Херцеговина, соопшти денеска Град Скопје.

Оттаму најавуваат дека бројчаниците ќе бидат поставени и на уште неколку семафори за кои е детектирано дека се од важност за регулирање на сообраќајот.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе постави бројчаници на семафорите на крстосници во Скопје на кои ЦУКС не следи движење.

Покрај поставувањето на бројчаниците, реализирано е и ветувањето за враќањето на зелениот бран на делниците во надлежност на Град Скопје.

https://plusinfo.mk/arsovska-ispolni-vetuva-e-postaveni-se-bro-chanici-na-semafori-i-vraten-e-zeleniot-bran/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Dec-2021 at 22:44
ова повеќе личи ко некој на сила да го откорнал отколку да се распаѓа така само од себе
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Dec-2021 at 14:09
МВР ДА ЗАБРАНИ ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА ПО ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ, АПЕЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИ

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски бара од МВР да забрани тешки товарни возила да поминуваат по главната улица во Горно Лисиче, каде што постојано се уништува лежечкиот полицаец пред основното училиште „Гоце Делчев“.

Откако за нецели два месеца од поставувањето почна да се распаѓа новиот лежечки полицаец, градоначалникот Муцунски вели дека станува збор за улица со голема фреквенција на возила и сè додека нема забрана за тешки товарни возила, ниту лежечките полицајци ќе траат, ниту ќе бидат безбедни децата од училиштето.

„Лежечкиот полицаец во текот на денот ќе го санира фирмата што го постави без оглед што тој е вандализиран, според она што може да се види. Но, проблемот е друг и него го имале и моите претходници. На главната улица во Горно Лисиче, каде што има училиште и таму пешачат деца нема забрана од МВР за движење на тешки товарни возила. Ја користам оваа прилика да апелирам и преку вашиот медиум до министерството повеќе да не им дозволува на камионите да се движат по улицата, пред сè, за безбедност на децата“, изјави Муцунски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

На истото место, кај ОУ „Гоце Делчев“ неколку пати беа поставувани лежечки полицајци од претходните градоначалници, но брзо се распаѓаа.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/mvr-da-zabrani-teshki-tovarni-vozila-po-glavnata-ulitsa-vo-gorno-lisiche-apelira-gradonachalnikot-mutsunski/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Dec-2021 at 14:08
СЕ РАСПАЃА ЛЕЖЕЧКИОТ ПОЛИЦАЕЦ ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ, ПРВИОТ ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИ





Нецели два месеца откако беше поставен, почна да се распаѓа лежечкиот полицаец во скопската населба Горно Лисиче. Лежечкиот полицаец беше поставен на 1 ноември, три дена по стапувањето на должност на новиот градоначалник на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и поставувањето беше проследено со фотосесија и видео со пригоден говор на официјална Фејсбук страница на градоначалникот.

„Утрово со нашиот тим се упативме во Горно Лисиче каде се соочуваме со големи проблеми во сообраќајот. Безбедноста во сообраќајот претставува наш императив, па затоа поставивме успорувачи на брзината или ‘легнати полицајци’ на оваа локација. Ова е прв чекор во решавањето на проблемите во Горно Лисиче“, кажа тогаш Муцунски

На истото место, кај ОУ „Гоце Делчев“ неколку пати беа поставувани лежечки полицајци од претходните градоначалници, но брзо се распаѓаа

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-raspaga-lezhechkiot-politsaets-vo-gorno-lisiche-prviot-proekt-na-gradonachalnikot-mutsunski/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.207 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.