![]() |
![]() |
![]() |
Археологија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 10> |
Author | |
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() Posted: 18-Apr-2018 at 12:28 |
5 години не ет ажурирана нишкава, навистина особено чувство е да ја освежам! има ли некој пристап до пописот на македонски артефакти низ светските музеи, и колку од нив сме успеале да вратиме назад!? https://vk.com/club137150245 ![]() во описот вели 14th century drinking cup from Stobi, Macedonia. но како во антички локалитет средновековен артефакт, иако претставата на исправени лавови може го потрдува датирањето ... ![]() |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Во Штип откриена античка камена гробница
пред 23 часа
0
На локалитетот Беш Тепе Анче, во близина на Карбинци, штипските археолози открија античка камена гробница, единствена од ваков вид во Македонија. Слична гробница е пронајдена во југо-источна Бугарија. Археологот Митко Штерјов вели дека името на топонимот говори дека овде имало пет тепиња, односно могили, од кои останале три, а во една од нив е пронајдена гробницата која датира од првиот до третиот век од нашата ера. - Се работи за ѕидана гробница со речен камен со дијаметар 6 метри и висина од 2,5 метри. Самото тоа укажува дека се работи за некоја позначајна личност од аристократија во римското време или некој од владетелите на овие простори, рече Штерјов. Понатамошните истражувања и артефактите ќе ги дадат и деталите за
начинот на погребувањето и точното датирање на гробницата. Беш Тепе Анче
е локалитет за чие истражување средства одвои министерството за култура
во рамките на програмата за финасирање на проекти од национално
значење. |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Значајни археолошки објекти откриени кај Љубаништа Остатоци од средновековна црква, изградена од камен и варов малтер,
како и уште еден објект на ранохристијанска базилика се откриени на
локалитетот "Рајца Манастирите" во атарот на охридското село Љубаништа. Како што појаснуваат од Заводот за заштита на спомениците на
културата Охрид, остатоците ги пронашле стручни екипи на Заводот, при
последните археолошки истражувања на локалитетот во Љубанишко Поле. |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Сабота, 02 Ноември 2013 16:21
Локалитетот Кокино интензивно ќе се промовира, а надлежните институции ќе направат програма и акциски план, најави денеска министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска при посетата на локалитетот Татиќев камен.Локалитетот, кој потекнува од бронзеното време, ќе биде означаен со табли, патеки, патокази за туристите да добијат детални информации за него. Планирано е да бидат поставени сувенирници, бараки и куќички за водичите и чуварите. -Оваа година како што ме информираа, откриени се голем број наоди кои што ќе бидат презентирани пред јавноста на крајот од годината на изложба во Музејот на Македонија, рече министерката. Следната година Кокино ќе биде ставено на приоритетната листа за истражување. -Имаме голем број локалитети кои ни се во приоритет. Таа листа за идната година ќе се намали, но во листата ќе биде ставено Кокино, вели министерката. Додаде дека целта е да се завршат значајните работи како што е целосната кознервација на потпорниот ѕид кој е откриен со археолошките истражувања. Кумановскиот Музеј ќе треба да направи пресметка за изработка на табли кои ќе го означат движењето и за делот и на опсерваторијата и за археологијата, бидејќи како што потенцира Канческа-Милевска локалитетот редовно го посетуваат туристи. -За следната година покрај оваа што ќе го завршиме се планира и да се огради, што ќе помогне за влегување на туристите за добивање информации до самата институција кој сака да го посети локалитетот, водич и пропратни активности, иинформира министерката. Министерството и Управата за заштита на културното наследство ќе ја изработат програмата и акциониот план. -Патот кој води до локалитет е приватен дел, така што тука ќе мора да се вклучат и други ресорни институции и министертва, но со изготвувањето на акциониот план зашто ќе преземам обврска да ја информирам Владата, точно ќе се знае што и како треба да се преземе во тој останат друг дел кој е надвор од надлежност на Министертвото за култура, рече министерката додавајќи дека локалитетот ќе добие на значење за развој накултурниот туризам и за Куманово, Македонија и регионот. Министерката потсети дека апликацијата се подготвува до УНЕСКО. -Она што беше неопходно е овој дел што е истражен да се конзеврира, интензивно се работи во таа насока, вели министерката. Археологот Јовица Станковски објаснува дека локалитетот Кокино континуирано се истражува од 2001 година и оти завршија археолошките истражувања во делот кој припаѓа на светиот простор каде се изведувани обредите. Станковски додаде дека во идно време ќе продолжат истражувањата подалеку од врвот на локалитетот кој е предмет и на заштита и со кој се аплицира и пред УНЕСКО. -Она што како содржина треба да го имаме и во апликациите до УНЕСКО е завршено со истражувањата, следува кратка фаза на конзервација на она што е истражено, а потоа и уредување на инфсратруктурата, пристапни патеки, информативни табли, вели Станковски. Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Виктор Лилчиќ ќе го преземе делот на заштитата на овој споменик на културата што и досега се заштитувал. -По фази се изработени, главно северозападниот ѕид, каде што е заштитена една долга тераса. Управата ќе помогне во доменот на оградувањето на овој споменик на културата што е и обврска за сите локалитети кои над 50 или 80% се ископани, вели Лилчиќ. Локалитетот Татиќев Камен Кокино е откриен
2001 година и со првите истражувања е утврдено дека станува збор за
богато археолошко наоѓалиште од периодот на бронзеното време.
Истражувата со кои раководи Станковски укажуваат дека се работи за
планинско светилиште на бронзенодопските жители на кои тие ги изведувале
дел од своите обреди. Откриени се керамички садови кои праисториските
жители ги оставале како дар за мајката Богинка, олицетворена преку
карпестиот рид. Мерењата на астрономите ја потврдиле претпоставката дека
врвот на локалитетот е користен за набљудување на движењето на Сонцето и
Месечината. Интересно ,а воедно и мислам дека заслужува ова културно и историско наследство да биде ставено под заштита на УНЕСКО како и многу други во Македонија кој сеуште не се ни доистражени. |
|
![]() |
|
Gogomk ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 18-Apr-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Фала за линковите. Ги видов сајтовите, ОК се, но што се однесува до археолошка мапа на Македонија, не е баш доволно.
За Јустиниана прима... Јас немам ништо посебно ново, сакав само да разбудам интерес кај вас и кај археолошката јавност воопшто. Би требало веќе еднаш да се засукаат ракавите и државата сериозно да почне да го „бара“ овој "lost city". Работата е јасна и е речиси на дофат: Имено , Прокопиј, дечкото, у неговата книга „За градбите“, фино си кажал кај се наоѓа овој град. Ги имаме Тауресиум, Бадеријана, аквадуктот...сите се спомнати во неговиот текст (го најдов ова дело во превод на англиски на Интернет, го имам како .doc). Незнам што се чека уште. Па и археологот што го истражувал Тауресиум (Ристов мислам дека се викаше) даде изјава дека при копање на темели на некои градби во Стара чаршија се пронаоѓале некакви големи обработени камења и сл. Па, ако некој од вас е археолог и има некакво влијание, би требало да се образложи сето ова на соодветните одговорни лица и веќе еднаш да се почне со сериозно истражување. |
|
Mayor of the Lazy Town
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
[
Ај види овде шо можеш да најдеш: http://porta-archaeologica.com/index.php?lang=mk и овде: http://www.archaeologica.org.mk/ За Јустиниана и другите археолошки градови и локации во Македонија со задоволство би прочитал нешто ново. |
|
![]() |
|
Gogomk ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 18-Apr-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Pocituvani arheolozi i arheologistki (taka li se vika zenski rod od arheolog
![]() Ja prvpat pisuvam na ovaa tema od forumov, a arheologijata mi e favourite od odamna, iako ne sum strucen od ovaa oblast (lekar sum)... Za pocetok dali nekoj znae na Internetov kade ima detalna arheoloska mapa na Makedonija? A ponatamu bi pisuval na tema Justiniana prima i sl... Pozdrav ![]() |
|
Mayor of the Lazy Town
|
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Завршија годинашните истражувања на локалитетот Трештена стена
Националната установа Завод и музеј-Прилеп ги заврши годинашните планирани истражувања на археолошкиот локалитет „Трештена стена“ кај селото Чаниште во Мариово. Според археолозите, потврдено е дека станува збор за населба од бронзеното време, од крајот на средниот до почетокот на доцниот енеолит, од пред 2400 години пред нашата ера. При годинашните истражувања се најдени предмети од керамика, антропоморфни фигури со Божицата-мајка, камени орудија, фрагменти од метал, што укажува на тоа дека металот уште тогаш им бил познат на жителите на населбата. Пронајдените коски, според археолозите, укажале на тоа дека жителите се занимавале со сточарство, лов и риболов. Локалитетот „Трештена стена“ се смета за уникатен во Македонија. Откриен е во 1998 година, а истражувања во шест наврати досега се вршени од 2001 година со средства од Министерството за култура. Се очекува истражувањата да продолжат и в година. http://www.sitel.com.mk/mk/zavrshija-godinashnite-istrazhuvanja-na-lokalitetot-treshtena-stena |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО Базиликата во Манчевци, Охрид, конзервирана ![]() Заврши втората фаза од конзервацијата на ранохристијанската базилика во археолошкиот локалитет Манчевци во Охрид. Во рамките на реализацијата на програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура минатата година се извршени археолошки истражувања при кои беа откриени значајни наоди. Пристапено е кон конзервација на постоечките ѕидови и чистење на дел од мозаиците од археолошкиот локалитет, додека пак мермерните столбови пронајдени на самото место беа поставени на својата автентична позиција во структурата на базиликата. Се работи за една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид, со прекрасни мозаични подлоги и со огромно значење за културното наследство на Република Македонија", велат од Министерството за култура на РМ. Со изведбата на покривна конструкција над базиликата и илуминација на просторот, градот Охрид се здобива со уште еден атрактивен археолошки локалитет. Во 2014 година ќе бидат целосно конзервирани и богатите мозаични подови. Досега за конзервација на локалитетот, Министерството обезбеди вкупно четири милиони и шестотини илјади денари. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A53C6A3902005341A6B0E445703369DF |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Груевски: Реставрацијата на стариот римски театар кај Скупи од големо културно и туристичко значење Ископувањата на стариот римски театар на археолошкиот локалитет Скупи ќе траат наредните две-три години по што ќе следи негова конзервација и реставрација и објектот ќе може да се користи како сцена за културни случувања, изјави денеска премиерот Никола Груевски кој го посети археолошкиот локалитет крај Скопје. Посочувајќи на археолошките сознанија, тој рече дека Скупи бил најголем град во римскиот период на територијата на денешна Република Македонија, дури двапати поголем од Стоби. Се простирал на површина од околу 44 хектари и во тој дел влегуваат објектите што биле во тврдината, а објекти имало и надвор од неа. Исто така, додаде, има наоди дека тука постоел и стар римски театар со капацитет за публика од девет илјади лица. - Министерството за култура и институциите што се занимаваат со овој проект се посветени на завршување на истражувањата кои ќе продолжат во наредните две до три години. Владата тоа го поддржува. Верувам дека ќе се заврши успешно, како и конзервацијата со реставрација. Кога сето тоа ќе заврши, тоа ќе биде објект кој ќе има големо културно, меѓутоа и туристичко значење, како место на кое ќе се одржуваат различни фестивали, музички настани и други културни манифестации, рече Груевски. Претседателот на Владата при посетата на локалитетот Скупи каде е отпочната реализацијата на проектот за археолошки истражувања, конзервација и реставрација на римскиот театар, беше придружуван од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ.http://a1on.mk/wordpress/archives/193884 Ај да го видиме и воа чудо ,па се надевам дека ќе го приспособат прво за туристите после нека го средат театарот. |
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Во реонот на Клечовце, Бељаковце и Младо Нагоричане има пронајдено неколку археолошки локалитети , овој е еден од нив и е највеќе истражуван ,имаше на некоја страна стари записи за локалитети пронајдени во овој реон и пишуваше дека државата не е заинтересирана да инвестира во нив да се истражуваат иако се претпоставува дека биле граница на Римското/Византиското Царство и биле главни трговски центри на Северо-Источната граница.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
“Големо Градиште“ нова туристичка атракција?Овој засега безимен град во Коњух е мини Кападокија за овој дел од Македонија и по значењето се наоѓа зад археолошки локалитет Стоби. ![]() “Големо Градиште“ во селото Коњух, кое се ноаѓа на тромеѓе меѓу општините Куманово, Старо Нагоричане и Кратово, претставува многу значаен археолошкиот локалитет, кој кај нас сеуште не доволно промовирано а за неговото значење пишуваат познати странски часописи. “Големо Градиште“ датира од 6 век и се наоѓа по течението на Крива Река. Населбата е уникатна бидејќи има кружна црква што е реткост на Балканот и архитектура во карпи.
Во Коњух откриена е ранохристијанска црква со должина од 33 метри и широчина од 15 метри, а од другата страна е лоцирана кружната црква и плус има уште една помала црква од времето на Јустинијан. Големиот број на цркви укажува дека населбата порано била епископско седиште во овој дел на Балканот. Имало и ранохристијанска крстилница што значи дека во неа се вршело масовно крштевање, не само на бебиња туку и на возрасни. Археолозите велат дека по значењето, после Скупи во североисточна Македонија доаѓа овој засега безимен град во Коњух. До локалитетот нема никава инфраструктура нитуту пристапни патишта,па тоа ги одвраќа посетителите.
“Големо Градиште“ се протега на површина од 17 хектари, а во негова близина се откриени раноримски гробови. Во Коњух ископувања се вршат десетина години. Локалитетот го истражуваат екипа од Музеј на Македонија на чело со Горан Танев и Каролина Снајвли од Гетисбург Колеџ од Пенсилванија. ![]() http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/golemo-gradiste-nova-turisticka-atrakcija.html |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Глупости ,во Жданец дедоми има нива, тие воини се дарданци од византискиот период,ги имаше и кај манастирот Св. Пантелејмон,но некој ги сруши не знам од каква причина.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
Harry Potter ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2012 Location: Skopje, Macedon Online Status: Offline Posts: 13 |
![]() ![]() |
абе вакви пирамидални ридови има колку сакаш. откако бидна ова со босанската пирамида, во Македонија за секој трет рид почна да се зборува дека е пирамида.
|
|
www.MacedonianFootball.com
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
?????????
![]() ГАЛЕРИЈА: Постои пирамида на Водно?! АКТУЕЛНО, ИНТЕРЕСНО, ОД ТЕРЕН, ФОТО ГАЛЕРИИ | 16.06.2013, 14:41 Фејсбук групата „Пирамида ВОДНО“ постиои само 14 дена и на неа се постувани фотографии, кои би требало да се докази за постоење на пирамида на скопската планина, Водно. Но самата Фејсбук страна нуди и други докази за постоењето на оваа пирамида. ![]() Дека ова тврдење не е засновано само на визуелен доказ, потврдува и пронајдокот на домашните археолози на камената плоча во Жданец. Таму е констатирано погребување на четири воини, придружени со пар коњи, впрегнати во кочија. Тогаш е поставена хипотезата дека се работи за жртвување на гарда пред влезот во гробницата на некој локален владетел, која сеуште не е откриена. ![]() 1. Локалитетот каде што е откопана камената плоча. 2.Тумулус-гробница 3.Претпоставка за влезот на целата комплекс на градби За жал но и за среќа, дивите копачи веќе го намирисале овој локалитет, па може да се воочат диви откопувања. Позитивната страна на ова е дека веќе имаме црвсти докази за археолошки локалитет. На сликава се претпоставува дека е откопан некој вид на жртвеник, но не се знае од кога датира. ![]() Во последниве две декади, одреден број на ентузијасти пласираат многу хипотези и докази кои се косат со досегашните толкувања на модерната историја и археологија, и за жал менталитетот на поголемиот број на “мејнстрим” научниците е многу ригиден и без многу размислување ги отфрлаат овие “аматерски” хипотези. Таков е случајот со Самир Османагич и Босанската пирамида на Сонцето, која како што изминува времето се повеќе добива на научна тежина, или пак доказите на руските научници за египетските пирамиди и нивна демистификација. ![]() Но едно е сигурно, доколку на Хајнрих Шлиман, човекот кој ја пронајде Троја, научната заедница му се исмеваше со децении за на крај постхумно да го признаат неговиот успех, тој период на исмевање во денешницата е многу пократок. http://zase.mk/galerija-postoi-piramida-na-vodno/ |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Не им давај идеи на нашинците, последниве 5 години изразот "обнова" доби тотално ново значење, кое е значително скапо, па затоа не им давај идеи. |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Според мене ваквите објекти (тунели, скривници) се наше големо културно наследство и треба да се користат за туристички цели. Се разбира реновирани и со интересна приказна зад нив.
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Работата е што овде не се работи за такви единечни тунели ,туку за комплекс од тунели со сите работи кој се потребни за живот односно нешто како скривници, е сега ова е градено после втората светска војна ,а кога точно неверувам дека некој знае.
|
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Насекаде има такви тунели, има и во газибаба кои водат до скопски саем,и до металург стадионот поврзани се низ неколку населби.Но сигурен сум дека тие ги изградиле уште од втората светска војна.(Можеби и порано во првата светска војна).Ја сум влегол внатре,има кочии на шини не знам за што всушност служеле,има и соби ,има и кофчези ,нема оружје или такво нешто.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |