QuoteReply#1Topic: Клучка Континентал Posted: 07-Jul-2009 at 00:22
Колектор за спас на клучката „Континентал“ од поплави
Градот Скопје ќе гради магистрален колектор преку Ќерамидница до коритото на Вардар
Градот Скопје ќе го реши проблемот со поплавувањето на клучката
„Континентал“ со изградба на магистрален атмосферски колектор од
клучката преку населбата Ќерамидница до коритото на реката Вардар.
Градот планира да започне проектот да го реализира кон крајот на оваа
година или кон почетокот на идната.
Со тоа, сметаат градските
власти, целосно, трајно и квалитетно ќе се реши проблемот на сливањето
на атмосферските води на овој потег и ќе се избегне во иднина
поплавување на сообраќајницата. Проблемот настанува особено при поројни
дождови кога постојната атмосферска канализација нема доволен капацитет
да ги одведе надојдените води.
Според заклучоците на
Комисијата за увид на состојбата, која ја формираше градоначалникот
Коце Трајановски по последната поплава пред два месеца, постојната
примарна и секундарна канализација во околината на клучката задоволува
само при послаби дождови. Поради тоа, при последните поројни дождови,
новата сообраќајница, чија изградба чинеше околу 3 милиони евра, по
неколку часа беше целосно нефункционална.
За решавање на
проблемот, заклучиле во Градот, неопходно е довршување на колекторот за
одвод на атмосферските води до Вардар, на што во иднина ќе работи
„Водовод и канализација“. До крајот на годината, по налог на
Комисијата, јавното претпријатие треба да ја провери функционалноста и
пропусноста на мрежата во самата клучка, како и да ја утврди
вистинската состојба на трасата на која треба да се гради новиот
колектор, со цел при изведувањето на градежните работи да не се
јавуваат непредвидени проблеми. За конкретниот потег е подготвена и
потребната техничка документација, според која ќе се изведуваат
градежните активности.
Градските власти
деновиве градат нов атмосферски колектор за клучката кај хотелот
„Континентал“, со цел таа да се заштити од поплави.Градоначалникот Коце Трајановски вели дека изградбата на колекторот се одвива во фази.
-
Првиот дел од изградбата ќе заврши денеска или утре. Тоа е оној
дополнителен атмосферски колектор со пречник од 600 милиметри, во делот
кај „Континентал“ до подвозникот. Од утре ќе почне изградбата на времен
атмосферски колектор од клучката до надвозникот кај Бит-пазар - вели
Трајановски.Тој додава дека ќе се исчистат и ќе се прошират постојните
сливници и ќе се постават нови.
- Нема да дозволиме граѓаните
повторно да бидат поплавени. Веќе работи и комисијата која треба да
одговори зошто на новата клучка во 15 дена граѓаните двапати беа
поплавени - рече Трајановски.
Брзината со која се пристапи кон санација дефинитвно е за пофалба. Се надевам со ваква ажурност ќе се пристапи и кон другите комунални проблеми кои го мачат Скопје.
Што се однесува до овој одвод што треба да ги носи водите кон Вардар имам некоја дилема. Ме интересира ако знае некој, колку е висинската разлика меѓу Вардар и точката неколку метри под најниската точка на клучкава како би можело да има доволен наклон кои ефективно и брзо би ги одведувал водите.
СЕ САНИРААТ ПРОПУСТИТЕ НА ПРЕТХОДНАТА ГРАДСКА УПРАВА
СТАРТУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КЛУЧКАТА КАЈ “КОНТИНЕНТАЛ”
Започна
реконструкцијата на клучката кај ,,Континентал,, која пред една недела
беше поплавена од поројните дождови. Иако беше пуштена пред неполна
година, во нејзиното проектирање имало грешка.
Екипите кои работат на санација на проблемот утврдиле дека
постоечкиот атмосферски колектор бил со мал пречник, и немал капацитет
за собирање на поголеми води. Но дали некој ќе ги сноси последиците
поради ова?
- Јас формирав комисија, таа работи на утврдување на состојбата. До
крајот на неделата ќе даде видување за тоа кој е проблемот, зошто, кој
е виновен - изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
За да се реши проблемот, започната е изградба на уште еден
атмосферски колектор, кој треба да биде завршен за десетина дена.
Распишан е и тендер за доработка на сливниците на неколку канали кои ќе
го олеснат протокот на водите до Вардар.
Според градоначалникот, со овие проекти трајно ќе биде решен проблемот со атмосферските води.
Па секако ја носи накај Вардар, нема каде иначе. Само што има недоволна мрежа, тесни грла, несовесност од граѓаните кои фрлаат се и сешто во атмосферската канализација... и резултатот се гледа - што си дробиме тоа си сркаме!
не е прв пат некој новинар да украде слика од форумов, убаво се сеќавам дека имаше барем уште една што ја имаат дрпнато од форумов, само не знам која беше
што се однесува до канализацијата на клучката, кога веќе кај нас има вакви дождови , мислам дека треба да се направи некој канал или одводна цевка што ќе ја носи водата до вардар, или претерувам?
Баш и мене тоа ми падна чудно што сликата беше нашкрабана! И си викам ова мора да е од кај нас сликава чим е шкрабана! И сега Линеа ја постирасл сликава, Кловер обележувал, а од нетпресс баш обележаната ја земале од толку слики!
Еве каде ја имаме постирано поназад сликава! http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=34&PID=27961#27961
Де бре еве и нетпрес собирал материјали од форумов
Само морале ли да ја земат баш онаа фотка што ја имам нашкрабано за да го доловам проблемот со сообраќајниот конфликт што се создава кога градските автобуси ги користат транзитните ленти
Формирана комисијата за испитување на клучката кај “Континентал“
Градот
Скопје, по налог на градоначалникот Коце Трајановски, формира Комисија
за увид на состојбата на атмосферската канализација на клучката кај
хотелот „Континентал“ по повеќекратните проблеми со атмосферските води
на оваа значајна сообраќајница, а кои кулминираа со поплавувањето од
минатата недела.
Комисијата е во состав: Мичо Поповски (град Скопје), претседател,
Тони Костов (град Скопје), Весна Огненовска (град Скопје), Златан
Икономов (ЈП „Водовод и канализација“), и Милутин Чалчевски (Градежен
Институт на Македонија – Скопје), членови.
Комисијата треба да изврши увид на состојбата на атмосферската
канализација на клучката кај „Континентал“, да подготви записник за
утврдената состојба и да даде предлог за отстранување на евентуалните
недостатоци.
Токму така! Каков е тој градоначалник и каква е таа администрација што не можат да сватат дека проблемите не се изолирани. Трифке кај континентал можел да стави и цефки со 10 пати поголем дијаметар (како што се фали дека ставиле од 40 наместо 30 сантиметри), ама кое фајде од тоа доколку проблемот не се реши сеопфатно?
Која патолошка егоцентричност (Ја тоа што направив е добро, околината нечини) и бегање од одговоронст до степен на инфалтилност. Значи во текстот читаме експлицитно признание дека клучката била на најниска кота во прилично голема околина, ама повтроно се отишло на решение да клучкава се врзе со старата мрежа. Вонредните количини на вода биле констатирани. Ако се занело дека е најниска точка, зашто веднаш не се пристапело кон колектроски систем, и тоа не само за клучкава, него и за оние води кои ќе дотечат од страна. А притоа на крај да обвини претпријатие кое патем било под негова надлежност, воедно пукајќи си во своја нога. Значи јавно признаение дека зрадвиот разум не преовладувал при изградбата на клучкава! Ако не некој му е крив земјиниот релјеф и крива му е водата што тече недоле тогаш тоа се решава на психијатрија, а не во град Скопје.
Зошто
клучката кај хотелот „Континентал“ се поплавува по секој пороен дожд?
Како е можно ова да му се случува на најновиот сообраќаен објект во
Скопје, за кој се потрошија три милиони евра? Кој треба да одговара за
пропустите што доведоа до оваа ситуација? Ова се прашањата што си ги
поставуваат скопјани по неодамнешното невреме што го наполни
подвозникот на клучката со вода длабока метар ипол и откако местото
почна да станува непроодно со часови кога има врнежи. Во јавноста се
појавија сомневања за евентуалните пропусти при изградбата на овој
капитален објект.
Градските власти деновиве треба да ја
формираат најавената комисија што треба да преиспита како се градела
клучката и дали биле направени пропусти во проектот или во изградбата.
Таа треба да предвиди и што ќе се прави ако повторно има големо
невреме, како и дали некој ќе се повика на одговорност за поплавувањата
на подвозникот.
Во меѓувреме, според информации од градската
управа, првичните заклучоци за проблемот се дека самиот објект нема
никакви проблеми, туку причина за поплавите е целата околина и општата
состојба со атмосферската канализација. Клучката била направена според
сите норми и стандарди, но кружниот тек и подвозникот се на најниската
точка и водата се слева таму и од ридот Гази Баба и по булеварот Никола
Карев, познат како пластичарска улица. Згора на тоа, познато е дека
само 30 отсто сообраќајници имаат атмосферска канализација. Новите
коловози кај „Континентал“ се покриени со таква мрежа, но таа е
поврзана со старите цевки во околината, кои не се знае во каква
состојба се наоѓаат. Затоа, иако проектот за клучката содржи одвод за
дождовницата, и тој е направен, поради условите во околината неговиот
капацитет не може да издржи поројни дождови како тој минатиот четврток.
Новонаправената канализација е сепак само слепо црево на стариот систем.
Градоначалникот
Коце Трајановски, само еден ден по поплавата истакна дека проблемот
може да се лоцира во изградбата на објектот, кога морало да се предвиди
и изградба на комплетен систем за одведување на атмосферските води.
Според него, за да се реши проблемот, ќе се изгради колектор од реката
Вардар до клучката, како и до други помали приклучоци. Според најавите,
помалите зафати ќе завршат за еден месец, а за изградбата на колекторот
ќе бидат потребни околу два месеци. Веќе се распишал тендер за овој
проект.
Костовски: Проблем е неодржувањето
Клучката кај
„Континентал“ е единствениот капитален објект што претходниот
градоначалник Трифун Костовски го почна и го заврши во неговиот мандат.
Изградбата почна во јуни 2007 година и траеше 16 месеци, а се отвори
лани на 13 ноември.
Костовски е особено горд со објектот и
вели дека тој нема никакви маани. - Уште одамна зборувам дека
проблемите на Скопје се под земјата. Кога ја градевме клучката,
ставивме поголеми цевки од предвидените, со широчина од 40 наместо од
30 сантиметри, и со тоа ја зголемивме пропусната моќ на мрежата. Но
сепак, се поврзавме на постојната канализација, која, ако јавното
претпријатие „Водовод и канализација“ ја одржуваше редовно, водата
немаше да стигне до прозорците на автомобилите и целосно ќе се
повлечеше за само 45 минути по престанокот на врнежите. И по пуштањето
на клучката забележавме ваков проблем, но утврдивме дека тој настанал
поради насобраните лисја и калта во каналите - смета Костовски.
За градоначалникот Коце Трајановски ова е црна точка за градот кога ќе
заврне. Новиот градоначалник на Скопје вели дека при изградбата на
клучката не се направил одвод на атмосферска канализација. NO COMMENT!
Еве конечно да ја регистрираме и на видео ситуацијата кога некој автобус ќе улета на автобуската од транзитните ленти.
Конкретнио типов не застанува ни на постојката, туку на сообраќајна лента. Нормално таков каубоец не се замара ни со ситници како тоа дека уклучени светла се задолжителни, или пак „сувишни работи“ како сигнализирање со трепкачи.
Ова не е ниту обичен симптом на лошата сообраќајна култура, овде се работи за професионален возач на автобус. Барем тие мора да се однесуваат многу поодговорно!
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum