![]() |
![]() |
![]() |
Електрични тротинети |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 12> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 22-Jul-2023 at 17:50 |
(ВИДЕО) Ги тестиравме електричните тротинети – новиот јавен градски превоз во Скопје
https://360stepeni.mk/video-gi-testiravme-elektrichnite-trotineti-noviot-javen-gradski-prevoz-vo-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
1 минута ќе чини 9 денари – електрични тротинети на 19 локации во Скопје
https://mk.tv21.tv/1-minuta-ke-chini-9-denari-elektrichni-trotineti-na-19-lokatsii-vo-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Уживањето на тротинет не треба да биде кошмар за останатите во сообраќајот
НОВИОТ ТРЕНД СЕ ОДОМАЌИНИ ВО СКОПЈЕ, А СО НЕГО ДОЈДОА И ПРОБЛЕМИТЕ За нецели осум месеци, сообраќајната полиција санкционирала 47 возачи на електрични тротинети. Тоа е релативно висока бројка доколку се земе предвид фактот дека овие превозни средства се користат претежно во пролетните и летните месеци. За да видиме кои се причините поради кои овие учесници во сообраќајот се казнувани од страна на сообраќајната полиција, екипата на „Нова Македонија“ реализира неколкудневно истражување, во кое особено внимание посветивме на „тротинетчиите“ и нивното однесување како учесници во сообраќајот. НИТУ НАЈРАНЛИВИТЕ НЕ ГО ПОЧИТУВААТ ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ Ако до неодамна епитетот неодговорни учесници во сообраќајот им припаѓаше на некои од велосипедистите, сега тој епитет им се припишува на некои од возачите на електрични тротинети. За жал, општиот впечаток од неколкудневното истражување на нашата новинарска екипа е дека повеќето од нив се дисциплинирани учесници во сообраќајот, но сепак значителен број „тротинетчии“ се покажаа крајно недисциплинирани. Дури некои се однесуваат како да управуваат со тенкови (бидејќи очигледно мислат дека можат да поминат преку сѐ) и дека никој ништо не им може како учесници во сообраќајот. Оваа категорија на возачи може да се сретне буквално насекаде, особено на главните улици во скопските населби, каде што прават катастрофални грешки, кои само за чудо не ги чинеле живот. Сведочевме на тоа дека многумина од нив возат тротинети на главни улици како моторџии. Возат помеѓу возилата, застануваат први на семафори, и тоа не на работ покрај тротоарите, туку пред самите возила, возат на пешачки патеки и покрај тоа што има велосипедски патеки, на кои, според законот, треба да возат оваа категорија учесници во сообраќајот, а забележавме и како преминуваат улици возејќи ги тротинетите, на места необележани ниту за пешаци, а камоли за тротинетчии… Некои од возачите што ги запрашавме какво е нивното мислење за „тротинетчиите“, велат дека токму тие им се најголемата главоболка додека возат. – Мислам дека добивам главоболка кога ќе видам возач на електричен тротинет покрај моето возило. Вози паралелно со мене, меѓутоа, кога ќе види дупка или шахта пред неговиот пат, воопшто не ни погледнува дали има возило зад него, туку веднаш вози кон мене и мојот правец на движење, па јас морам да маневрирам како знам и умеам. Или да избегам во другата лента и да ризикувам да ме удри некој од спротивниот правец, или нагло да закочам, па да ризикувам тој што вози зад мене да ме удри… Има многу големи предизвици со кои треба еден возач да се справи додека управува со автомобил. Морам да нагласам дека онаму каде што има најголем метеж, токму таму е и најголемиот проблем со возачите на тротинети, а уште пострашно е кога возите на пример на Партизанска, каде што во тие три ленти ќе се најде некој возач на тротинет што се преместува од една во друга – вели Мите Димовски, кој секојдневно со својот автомобил вози низ скопските улици. Проблеми имаат и пешаците во населените места. Тие велат дека голем проблем им се децата качени на електричен тротинет, кои заедно со своите браќа или сестри возат тротинети од забава. – Бутел и Чаир се вистински кошмар од мали деца на тротинети. Има и родители што рекреативно си ги занимаваат децата качени на тротинет. Тука е вистински кошмар да се биде пешак, велосипедист и возач. Возат доста брзо, особено на споредните улички, каде што мислат дека не можат да им се случат несреќи. Мене не ми е јасно како родителите имаат толку голема доверба во толку мали деца од по шест-седум години, па ги пуштаат да возат како да се тоа играчки – вели Александар Стојановски, жител на Бутел 2. КАЗНЕТИ ПЕДЕСЕТИНА ТРОТИНЕТЧИИ Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од први јануари, заклучно со 21 август годинава, санкционирани се 47 возачи на електрични тротинети. Според членот 103-а од Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, став 1: „Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите тие не се изградени, по пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци“. За жал, тоа не е случај во метрополата, каде што најчесто електричните тротинети се возат на главните улици. Дополнително, иако законот не им дозволува да се движат еден до друг додека управуваат со тротинети, сепак, сликата во градот е поинаква. Честопати тротинетчиите дури и си муабетат како да се на прошетка низ парк, наместо еден зад друг. – Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот. Возачот на електричен тротинет може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила – информираат од МВР. Оттаму додаваат дека, според законот, возачот на електричен тротинет не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 км/ч., додека на тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци со брзина поголема од 6 км/ч. Казната за возачите на тротинети што возат тротинет на места на кои не се дозволени варира од 80 до 120 евра во денарска противвредност. КАЗНИ ИМА И ЗА РОДИТЕЛИТЕ Според законските одредби, доколку родителите им дозволат на своите малолетни деца, кои немаат наполнето 14 години, да управуваат со електрични тротинети, ќе бидат санкционирани со глоба во вредност од 50 евра во денарска противвредност. Секако, санкции има и за оние родители или, најкратко кажано, возрасни лица што на електричен тротинет возат малолетно лице, а тоа е доста честа слика во главниот град. Нашата екипа дури и забележа татко со бебе од неколку месеци, прицврстено на родителот со „кенгур“, како слободно си вози електричен тротинет на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во скопски Бутел. За ваквото однесување на родителите, законот предвидува глоба од 50 евра во денарска противвредност. ЗАШТИТНАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА Според членот 103-г, возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото, а должен е од првиот самрак до целосно разденување, како и во услови на намалена видливост, да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. И за непочитувањето на овие законски одредби, законот предвидува парична казна во висина од 50 евра во денарска противвредност. https://novamakedonija.com.mk/makedonija/hronika/uzhivanjeto-na-trotinet-ne-treba-da-bide-koshmar-za-ostanatite-vo-soobrakjajot/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
И пак нема да е доволно, поготово ако автомобил во полна брзина се забие во тротинетот. Барем во Македонија може да се вози по тротоар, во Чешка е ужас. Забрането е на тротоар во било каков случај. Единствено може да се вози по велосипедска патека или на улица/булевар меѓу други моторни возила. Побезбедно е да плаќа човек казна за возење на тротоар отколку да ризикува живот.
|
|
ಠ_ಠ
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Ваква опрема треба да има возач на електричен тротинет: ![]() |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Elektricen trotinet smee da se vozi na pesacka pateka ili druga povrsina nameneta za pesaci. LUDILO!
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Возачите на електрични тротинети ги наполнија трауматолошките одделенија во болниците
https://kanal5.com.mk/vozachite-na-elektrichni-trotineti-gi-napolnija-traumatoloshkite-oddelenija-vo-bolnicite/a543700 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
не е одговорот на сообраќајниот хаос, повеќе сообраќаен хаос... гледам истиве ставови и логика ги имаат возачи, пешаци, велосипедисти
општо занемарување на безбедност постои со разни изговори постојано и ужасно ме иритира ако се борите за подобри сообраќајни услови, борете се на правото место, не ги влошувајте, ако не сакате да се борите, планирајте си рути на движење и само смирено... |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
Да се прилагодиме кон условите вика лепотанов, ако нема аеродром не може да летате. Значи кога нема тротоар на улица и ли истиот е блокиран од паркирани коли не треба да одиме пешки?!
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
А онаму каде нема ни патека ни тротоар? Онаму каде ни пешак не може да помине од паркирани возила, а не пак некој со хендикеп? Тоа не им смета на чиновнициве и олигарсиве и тоа не го гледаат. Како да не, нема инфраструктура и треба сега пеш да одиме? Еден град не остана саглам, а цела земја глуми Европа, лудило.
![]() |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() настрана законите, скроз ми е нелогично вакво тротинетче да излегува на коловоз можеби е добро со ограничена брзина да е дозволено? нешто слично како кај велосипедите |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Електричните тротинети на тротоар или велосипедска патека, казна од над 50 евра за непочитување на сообраќајните правила
https://mk.tv21.tv/elektrichnite-trotineti-na-trotoar-ili-velosipedska-pateka-kazna-od-nad-50-evra-za-nepochituvane-na-soobrakajnite-pravila/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Зачестија несреќите со електрични тротинети, граѓани со скршеници завршуваат на Ургентно
Наши извори од Ургентниот центар на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ велат дека имало потреба и да оперираат луѓе како последица на овие несреќи, а доаѓале пациенти со повредени стапала, натколеници, целосно изместен колк и скршеници. Опасни последици носи дивеењето и непрописното возење електрични тротинети по коловозите и по тротоарите. Скршени раце и нозе, набиеници, починато 26-годишно момче од Битола е досегашниот биланс на управување со ова превозно средство, чија употреба, иако во земјава е регулирана со закон, практично доживува многубројни прекршувања и почнува да прераснува во опасност за безбедноста во сообраќајот. Спротивно на законот, се возат по двајца качени на еден електричен тротинет, по коловозни ленти каде што има автомобили, а и градската инфраструктура не дозволува насекаде да се овозможи безбедно возење. Пешаците се движат по истите патеки како и електричните тротинети, кои се бесшумни, а кочењето, со оглед на тоа што се вози со голема брзина, оди тешко. Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, доктор Љубен Арсенков, за „Слободен печат“ вели дека имало повеќе случаи кога граѓани побарале помош на ургентното одделение по судир со електричен тротинет. – Мое мислење е дека тие што се возат со електрични тротинети, едноставно не знаат по која патека да одат, дали по таа за пешаци, или за велосипедисти или на таа каде што се движат автомобили и дефинитивно немаат никакво искуство во управувањето. Пациентите што со повреди доаѓаат кај нас се претежно помлади или на средна возраст. Не можам да кажам дека има многу, ама се јавуваат во амбуланта особено попладне и се праќаат дома. Има и такви со скршеници – вели доктор Арсенков. Наши извори од Ургентниот центар на Клинички центар „Мајка Тереза“ велат дека имало потреба и да оперираат луѓе со повреди добиени како последица на овие несреќи, а доаѓале пациенти со повредени стапала, натколеници, целосно изместен колк и скршеници. Во полициските билтени сè почесто се забележуваат случаи и со смртни последици, кои настапуваат по судир на електричен тротинет со автомобил. Незадоволни се и пешаците и возачите на велосипеди. – Ужасно брзо се вози со електричните тротинети, а голем проблем е тоа што се бесшумни и не може да се забележат. Не се почитуваат ниту сообраќајните прописи. Утринава за малку еден возач на електричен тротинет ќе се судреше директно со мене на велосипедска патека. Без разлика што се вози на велосипедска патека, сепак мора да го почитуваш правилото на движење од десната страна – вели за „Слободен печат“ Ана Ивановска од скопската населба Карпош. Електричен тротинет може да управува лица што навршило само 14 години. Законот за безбедност на сообраќајот е дециден дека возачот на електричен тротинет е должен да го управува само по велосипедска патека, а такви нема секаде, па возачите се решаваат да итаат по коловозните ленти, на булевари во ризични услови. Возачот на електричниот тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста, односно не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречат во управувањето со возилото. Најголемиот проблем е законски регулиран, но не се почитува во практика. Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управувањето со возилото и не смее да води животни. Но, сè почесто на улиците се забележуваат по две лица на ист тротинет и сликата изгледа крајно небезбедна. Иако законски возачот на електричен тротинет треба да носи кацига, речиси никој не носи заштитна опрема, што го прави превозот уште поризичен, а за рефлектирачки елек во ноќните часови, не станува ниту збор. https://www.slobodenpecat.mk/zachestija-nesrekjite-so-elektrichni-trotineti-gragjani-so-skrshenici-zavrshuvaat-na-urgentno/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Вработените во МНР ќе користат електрични тротинети
Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, со вакви примери помагаат на околината и на природата. Тој денеска на својот фејсбук профил напиша дека практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што, според него, веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90 проценти од нив кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации. -Зелена дипломатија – новото нормално. За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет, пишува Османи на ФБ. Тој додаде дека преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина. https://nezavisen.mk/vrabotenite-vo-mnr-kje-koristat-elektrichni-trotineti/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВНИМАВАЈТЕ СО ТРОТИНЕТИТЕ, ВО 2019 ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНАЛО, ЛАНИ ДВАЈЦА БИЛЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ
Во 2019 едно лице кое управувало со тротинет загинало во сообраќајна несреќа, а лани две лица биле тешко повредени. Откако електричните тротинети од пред две-три години станаа присутни на улиците, тротоарите и велосипедските патеки и кај нас, од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелираат да се почитуваат ообраќајните правилата кои важат за управување на тротинет. „Учесниците во сообраќајот со електричен тротинет треба да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, заради безбедност бидејќи и тие се активен учесник во сообраќајот. Лани се регистрирани 16 сообраќајни несреќи направени со тротинет од кои две лице се здобиле со тешки повреди. Во 2019 едно лице загина“, велат од Републичкиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата. Присуството на тротинетите во сообраќајот носи многу придобивки, отвара многу алтернативи за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж, гужвата и бучавата во сообраќајот, континуираниот недостаток на паркинг места, влијае на намалување на загадувањето, но носи и закани за безбедноста на учесниците во сообраќајот. Од Републичкиот освет за безбедност на сообраќајот велат дека и за управување на тротинет постојат сообраќајни правила односно кој, како, кога и каде може да управува електричен тротинет: Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.се забранува движење со тротинет на коловоз Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 километри на час, а по тротоар и пешачка патека, не смее да се движи со брзина поголема од 6 километри на час Ако двајца или повеќе возачи на електричентротинет се движат во група, должни се да се движат еден позади друг Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото односно не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото и не смее да води животни Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. Иако треба нема санкција Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилотоНа електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна https://sdk.mk/index.php/makedonija/vnimavajte-so-trotinetite-vo-2019-edno-litse-zaginalo-lani-dvajtsa-bile-teshko-povredeni/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Со новите правила, кои важат од 1 јануари 2021 година, се регулира управувањето на електричните тротинети:
- Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. - Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден зад друг. - Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот. - На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата. - Возачот на електричен тротинет може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила. Возачот на електричен тротинет не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h. - Возачот на електричен тротинет не смее да се движи по тротоар, пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци со брзина поголема од 6 km/h. - Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. - Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст. - Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото. - Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. - Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. - Возач на електричен тротинет, за времето додека управува со возилото не смее да води животни. - На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна. Казните предвидени за прекршување на Законот се од 50 до 120 евра во зависност од тежината на прекршокот. https://www.fakulteti.mk/news/08012021/novi-pravila-za-e-trotineti-zadolzhitelna-kaciga-reflektirachki-elek-od-mrak-do-razdenuvanje-vozenje-samo-na-velosipedska-pateka-ili-trotoar |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Trotinet na pesacka pateka. Tuka nekoj dlaboko zalutal vo svojata profesija. Ova e veke ludilo!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Возевме тротинет низ Чаир, 80 евра казна ако полицијата ве фати со тротинет на улица?!
https://mk.tv21.tv/vozevme-trotinet-niz-chair-80-evra-kazna-ako-politsijata-ve-fati-so-trotinet-na-ulitsa/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Законски се регулира употребата на електрични тротинети(14.12.2019г)
Популарноста на електричните тротинети, кои се резултат на револуционерните промени на транспортот во светот, едноставно не ја остави рамнодушна ниту нашата земја. Низ улиците на Скопје можеме да забележиме сè поголем број лица кои своите автомобили ги заменија со ова транспортно средство, и тоа од повеќе причини. Поголема економичност, практичност, избегнување на метежот, а секако и придонесот што го имаат во намалувањето на загадувањето на животната средина, нешто што кај нас станува сериозен проблем. Токму затоа, Град Скопје нудеше субвенции за овие возила и дополнително ги мотивираше граѓаните да купат електричен тротинет. Меѓутоа, додека Градот ги субвенционира, законот не ги препознаваше. Како нов тип превозно средство, тие никаде не беа дефинирани, а со тоа значително се нарушуваше безбедноста на возачите. Сè до пред некое време. Со Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што е во Собраниската процедура, ќе се уредува и управувањето со тротинети во сообраќајот. Министерот Спасовски деновиве информира дека ќе се уредува на ниво на велосипеди. – Тука апсолутно немаше никаква регулација, каде да се движат, кои правила треба да ги исполнуваат. И тука ги имаме дефинирано условите за нивното учество во сообраќајот, каде може да се движат, брзината, возраста на лицето кое управува со нив, користење заштитна опрема, употребата на светла… Практично тоа е на ниво на велосипеди, информира Спасовски. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за МИА изјави дека за самата регулација на употребата на овие електрични возила се користеле искуства од неколку европски земји и побарале мислење од експерти. – Употребата на електрични тротинети е сè попопуларна кај нас, посебно оваа година, и се зголемува нивната употреба. Со самото тоа се наметнуваше прашањето за нивна регулација. Во целиот свет ова е ново превозно средство и сите земји наоѓаат начини како тоа да го регулираат. Ние користевме искуства од европските земји, направивме и неколку дебати со експерти, побаравме експертско мислење, сè со цел да изнајдеме решение што ќе биде најдобро, односно најдобро ќе се вклопи во условите во нашата држава, вели Ангеловски. Според Ангеловски, со овие измени во Законот, кои очекува да се донесат наскоро, конечно ќе се регулира учеството на електричните тротинети во сообраќајот, за да се зголеми безбедноста на возачите на тротинет, но и на сите учесници во сообраќајот. Заштитен шлем, рефлектирачки елек и максимална брзина до 25 километри на час Во предложените измени на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, меѓу другото, е предвидено да се носи заштитна кацига од страна на овие учесници во сообраќајот, а во ноќниот период и во периодите кога е намалена видливоста да носат и рефлектирачки елек. – Една од мерките предвидена во Законот е сите возачи да носат рефлектирачки елек, затоа што знаеме дека овие возила се на некој начин „нечујни“ и треба да бидат што повидливи за другите учесници во сообраќајот. И овие мерки се предвидени во новиот Закон. Секое лице може да управува на велосипедска патека, но со максимална брзина до 25 километри на час, информира Ангеловски. Тој додаде дека онаму каде што не постојат услови, односно нема велосипедска патека, може да се управува и по делот за пешаци, но максималната брзина е шест километри на час. Исто така, како што објасни, регулирано е дека не може лице под 14 години да управува електричен тротинет, сè со цел да се загарантира безбедноста на возачите, но и на другите учесници во сообраќајот, затоа што, како што додава Ангеловски, може да ја загрозат безбедноста на пешаците, на велосипедистите, но и на другите учесници во сообраќајот. Во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата е предвидено доколку двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, тие се должни да се движат еден зад друг. Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. Според новите измени во Законот, возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото. На електричен тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна. Дејан Андоновиќ од Републичкиот совет за безбедност на сообраќај (РСБСП) за МИА појаснува дека во Европската Унија не постои унифициран закон за користење електрични тротинети, но повеќето европски држави спроведоа свои законски мерки. Тој информира дека покрај Франција, Велика Британија и Србија, ние сме четврта држава во Европа што ја регулира законската употреба на електричните троритенти. – Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот како советодавно тело изготви студија со која се утврдува кој, каде и како управува со електричниот тротинет, кои се потребите, кои се обврските, кои се привилегиите на едно такво ново превозно средство. Електричен тротинет е ново превозно средство и сега полека на ниво на свет на некој начин се прават законските решенија што би биле најпрактични за употреба на електричниот тротинет и пред сè за безбедноста во сообраќајот, појаснува Андоновиќ. Повеќе санкции за прекршување на Законот Од 50 до 120 евра ќе треба да плати секој поединец кој ќе ги прекрши одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот, зависно од прекршокот што е направен. Тони Ангеловски појаснува дека се предвидени различни санкции, зависно од тоа дали лицето управува со поголема брзина, дали не се придржува до границата за години за управување… Додаде дека казните не се само за да се казни сторителот, туку едноставно за да дејствуваат превентивно, за да не се прават во иднина овие прекршоци, и на тој начин да не се загрозува безбедноста врз сообраќајот. Според неговите податоци, електрични тротинети најмногу користи помладата популација на тинејџери, и лица на возраст од 18 до 30 години. Во однос на сообраќајните незгоди, Ангеловски наведе дека, за среќа, на територијата на Скопје досега немало многу незгоди, освен една потешка сообраќајна незгода, каде што возачот на електричен тротинет се здобил со тешки телесни повреди. – За среќа, немаме голем број сообраќајни незгоди каде што учесници се возачи на електрични тротинети, но за да превенираме да не се случи во иднина, мораме да ги почитуваме овие правила што ги зборуваме сега и што ќе важат во наредниот период, рече Ангеловски. Како што наведува и Дејан Андоновиќ, во Скопје немало посериозни инциденти или сообраќајни незгоди со електрични тротинети, евидентирани се околу седум полесни инциденти. – Статистиката покажува дека во Скопје немало некој сериозен инцидент или настрадани во некои сообраќајни незгоди со електричните тротинети. Евидентирани се неколку случаи, шест или седум, каде што ниту еден од нив не е сообраќаен инцидент или судир, туку врз основа на возење, бидејќи тротинетите се сепак нестабилни. Но, никогаш не е доцна, додава Андоновиќ. Токму затоа, според Андоновиќ, оваа законска регулатива, предложена од МВР и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, доаѓа во вистинско време, затоа што сега точно знаеме каде треба да се управува електричниот тротинет, колку може брзо да вози, што сè треба да има на него, но и старосната граница на управувачите на електрични тротинети. Повисока сообраќајна култура – поголема безбедност Според Андоновиќ, сообраќајната култура не може да се донесе со закон, ниту да се уреди со закон. Сообраќајната култура, како што вели, е култура на еден народ и на свеста. – Ние треба и како Републички совет за безбедност на сообраќајот преку едукативни кампањи и преку реклами, билборди да се обидуваме да ја подигнеме сообраќајната култура. Сите ние треба сами дома да ја увидиме нашата сообраќајна култура и да ја подигнеме свеста, рече Андоновиќ. Тој додава дека секој возач на електричен тротинет треба да ги почитува овие правила за да ја сочува својата безбедност, но и за да се намали бројот на настраданите и на прекршоците во сообраќајот. – Ако законските измени кажуваат дека не смееш да возиш побрзо од шест километри на час, треба да го почитуваш тоа. Тоа е таа сообраќајна култура. Кога сите ние би ја кренале нашата свест и би имале некоја сообраќајна култура, ќе има и многу помалку и настрадани и прекршоци во сообраќајот, појаснува Андоновиќ. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, како што објаснува Андоновиќ, укажува на корисноста на користењето електрични тротинети, побрзо движење, немање бучава, незагадување на воздухот преку низа кампањи и едукации. – Ние како Совет имаме советодавна улога, имаме и низа кампањи, едукации, уште од најмали нозе ги учиме децата и возрасните, им укажуваме на тоа што треба да прават во сообраќајот, сè со цел да имаме многу побезбеден сообраќај од оној што го имаме сега. Јас секогаш потсетувам, никој од нас не е имун на последиците од сообраќајот, сите ние учествуваме во сообраќајот, нечие невнимание може и нам да ни го загрози животот, додава Андоновиќ. https://civilmedia.mk/zakonski-se-regulira-upotrebata-na-elektrichni-trotineti/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 12> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |