[Р-1301] Охрид - Св. Наум |
Post Reply | Page 123 4> |
Author | |
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#1 Topic: [Р-1301] Охрид - Св. Наум Posted: 01-Jan-2008 at 08:00 |
Патниот правец Р-1301 (по стара класификација Р-501) се протега од Охрид до границата со Албанија кај Свети Наум. Должината на Р-1301 е 32km. Трасата е веднаш до или релативно блиску до источниот брег на Охридското Езеро и ги поврзува сите населени места и туристички населби и објекти што се на брегот.На делот од Охрид до Свети Стефан патот е еден вид експресен пат 2х2, но во појужните делови има многу субстандардни моменти кои се особено проблематични за време на сезоната. Edited by Cloverstack - 06-Apr-2020 at 22:58 |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #2 Posted: 27-Jul-2009 at 12:08 |
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #3 Posted: 27-Jul-2009 at 12:14 |
Сериозно мора да се размисли околу изградба на патот Р-501. Барем овој пат знаеме дека во сезоната е оргомна гужва и еден од ретките патишта низ Македонија со таква гужва. Барем за овој пат знаеме дека е повеќе од исплатливо да се изгради. Сега за сега изграден е од клучката со М-5 (влезот на Охрид) до излезот на Охрид и натаму до Лагадин. После Лагадин е обично локално патче што генерира гужви, нервоза и трошок. Натака до Св. Наум малку може да има потешкотии поради преизграденоста и можноста да е узурпирана трасата што нормално нели не треба да биде пречка. Исто така друга пречка е што земјиштето на трасава е значително поскапо од било каде поради атрактивноста.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #4 Posted: 27-Jul-2009 at 20:32 |
Имеме регистрирано една најава (декември 2008) за осовременување на патот која би почнала тек во 2010. Исто така нема никакви детали што точно се подразбира под осовременување. Инаку мислам дека засега доволно би било патот да се прошири на 2х2 евентуално до Пештани, а понатака до Свети Наум значително да се подобрат техничките карактеристики. Доколку туристички и економски би почнала да напредува и албанската страна, пред се Поградец, тогаш би можело да се размислува и за комплетен прстен со поголем капацитет околу езерото. Сепак се работи за еден регион кој го спојува многу посилна природна врска отколку што треба да го раздвојува границата, особено во некоја ЕУ иднина. Еве ја веста со најавата за Р-501:
Edited by Cloverstack - 27-Jul-2009 at 20:37 |
|
Dragan
Senior Member Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply #5 Posted: 27-Jul-2009 at 21:23 |
Bi bilo podobro ovaj pat(avtopat kako da go narecem) ako moze da se povrze so patot M-5 Podomlje - Granicen premin Zvegor kaj Resen za da se izbegne gradskata guzva i za da ima pocista sredina vo gradot Ohrid.
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #6 Posted: 27-Jul-2009 at 23:52 |
Драган незнам дали си прочитал по форумов мислам дека во нишката за охридски сообраќај беше, во Охрди се гради обиколница која всушност не го елиминира скроз поминувањето низ градот туку делумно го поместува нсообраќајот по периферија на градот.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #7 Posted: 30-Jul-2009 at 00:56 |
Фотки на pbanks од октомври 2007
1 Делот во близина на Трпејца е сосема несоодветен за потребите 2 Во близина на Свети Стефан 3 Делот помеѓу Свети Стефан и Охрид е надграден во експресен пат 2х2 4 5 6 7 |
|
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #8 Posted: 09-Aug-2009 at 14:18 |
Патот Охрид-Св Наум, лето 2009 во екот на туристичката сезона:
Охрид-Св. Стефан е најоптоварениот дел од патот, којшто пред околу 10 години беше изграден на ниво на брз пат со 2 пати по 2 ленти во насока. Сепак раскрсниците не се ниту денивелирани ниту пак регулирани со семафори, што создава голем хаос на оваа многу оптоварена делница. Потоа патот се стеснува на 2 ленти коишто се крајно недоволни и скратени дури и на една лента поради паркираните возила особено во Лагадин, Пештани и Елшани. Ја поминуваме Трпејца и потоа патот станува навистина тесен, со остри завои и многу стара и рѓосана сигнализација. Мало отклонување од патот. Тргнуваме кон Отешево/Преспа преку националниот парк Галичица. Патот иако тесен и на многу места без банкини ниту било каква хоризонтална или вертикална сигнализација, сепак е удобен а асфалтот беше над моите очекувања. Веројатно поради малиот број на возила и никаквиот сообраќај на товарни возила по тој пат. Назад кај раскрсницата при Свети Наум. Таму стојат знаци поставени пред повеќе од 20 години (пишува Н. Р. Албанија), но истите не се ниту оштетени, ниту избледени и освен кирилично-латиничната ознака наместо кирилично-англиската, немам никакви забелешки: |
|
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #9 Posted: 09-Aug-2009 at 14:50 |
на осмата слика имам offroad чувство
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #10 Posted: 22-Feb-2010 at 17:31 |
|
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #11 Posted: 02-Aug-2010 at 13:38 |
За викендов бев во Охрид и имав прилика неколку пати да го возам патов. Делот што е со профил 2||2 супер успева да опслужи таков сообраќај. А викендов по кажувањата била најголемата гужва што е можно да се случи преку лето. Викенд + пивофест + концерти + празник. Е сега во делот што е профил 1|1, од Славија па натака до Свети Наум се случува по саат време да не се мрдне од место, гасиш возило и надвор а воздух. Најголемите гужви се ствараат во Елшани со Лагадин последователно се блиску, и втората гужва е кај Пештани. Сериозно мора да се размислува некое било какво решение за овие две места. Гужвата всушност и не потекнува толку од бројот на возила колку што е од вртење кола, паркирање, автобуси и слично. После Градиште сообраќајот и не е така гужва, нормално изгледа. Супер би било ако може барем до градиште да се обезбеди 2||2, но за почеток мора да се најде начин, некаква обиколница 1|1 околу овие две места со тоа што постоечките ќе останат внатрешни локални улици или па макар ако треба и да се ускрати малку од парк, малку од плажа па понатака да се попесочи плажата за да се надомести, но решение мора да се најде. Не се работи за никаква комоција, има секакви итни ситуации. Во однос на состојбата со коловозот сум делумно задоволен, освен на еден дел при крај на Пештани каде што е раскопан поради некаква тековна активност за местење канализација и беше почнато, а не беше доасфалтирано и има некои делови околу Трпејца со многу нерамен асфалт, тесен коловоз и по некој радиус што бара малку работа. Во секој случај, би го ставил на листа за реконструкција, но не е итен. Но овие двете локации погоре треба што поскоро да се решат.
Edited by lslcrew - 02-Aug-2010 at 13:44 |
|
BL
Senior Member Joined: 18-Aug-2008 Online Status: Offline Posts: 154 |
Quote Reply #12 Posted: 09-Aug-2010 at 09:10 |
zar se na makedonskom kaze ovako upozorenje?
http://i415.photobucket.com/albums/pp235/AndrejZog/DSC_0747.jpg |
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #13 Posted: 09-Aug-2010 at 09:20 |
Да.
|
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #14 Posted: 14-May-2011 at 15:34 |
Со мини блокада пештанци го актуелизираа проблемот со оштетениот пат Охрид - Св. Наум
Пред почетокот на предизборната кампања, жителите на Пештани и околните населени места повторно го актуелизираа проблемот со регионалниот пат Охрид-Св. Наум кој е во многу лоша состојба. Тие се незадоволни од бавното реагирање на институциите, кои како што велат, само ветуваат но ништо не остваруват. Се жалат дека 40 години од изградбата овој фрекфентен патен правец не е реконструиран. - Овој пат е изграден далечната 1969 - 70 и оттогаш наваму ништо не е направено. - вели жител на Пештани. Друг пак ги изброил дупките од Метропол до Пештани. - На тој потег има преку 180 дупки и невозможно е да се избегнат, изјави друг граѓанин, кој смета дека државата го заборавила овој пат и не прави ништо за да се реши проблемот. Незадоволните граѓани велат дека лошата состојба на регионалниот пат Охрид - Св. Наум влијае и на туризмот и апелират надлежните што поскоро да извршат целосна санација на оваа фрекфентна сообраќајна делница. http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=31063 По не знам кој пат протести |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #15 Posted: 14-May-2011 at 15:42 |
Овој пат е срамота за Охрид и Македонија. Се возев пред две недели и навистина е неверојатно како еден туристички толку важен пат може да биде во таква очајна состојба. Несакам да знам како е кога се вози по овој пат во летната сезона.
|
|
Tuvok
Senior Member Joined: 20-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 173 |
Quote Reply #16 Posted: 14-May-2011 at 21:27 |
Инаку за овој пат има проект уште од време на Југолсавија да биде многу повисоко над населените места и плажите. Дури мислам дека и нешто било почнато и ден денес може да се забележат некави трасирања горе во планините се гледаат од вода. (мада не сум сигурен дали се за тој пат)
После Метропол патот би требало да продолжи повисоко со што би се избегнало велгување во Пештани и гужвите кај Лагадин. Од патото би се двоели излези за одредени места. На тој начин и можат да се зголемат плажите бидејќи на некој места патот проаѓа многу блиску до езерото. Посебно во делот пред и по Лагадин |
|
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #17 Posted: 14-May-2011 at 22:25 |
Го имам истово чуено од неколку луѓе низ град,мислам дека е точно. |
|
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #18 Posted: 15-May-2011 at 02:23 |
Како проект е предвиден за реализацијa во иднина од владеачката партија.
Edited by lslcrew - 17-May-2011 at 16:53 |
|
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #19 Posted: 15-May-2011 at 19:21 |
1.Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Маке- донија. 2.Р о к : в т о р а п о л о в и н а 2 0 1 3 - 2 0 1 9 г о д и н а . 1.Финансиските средства мораме да ги бараме од не знам каде,а и условите за добивање на кредити се непознати,а претпоставувам не се едноставни. Уште полошо ако фрлиме поглед на цела програма за сите патишта е истото напишано ... 2.Под претпоставка и да се најдат средства за изградба,6 години за 36 километри пат е неприфатливо!Ама со оглед на времето за Куманово-Табановце ништо чудно Edited by lslcrew - 17-May-2011 at 16:53 |
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #20 Posted: 15-May-2011 at 19:32 |
Добро би било ако дозволува теренот од Косел до клучката за Градиште да се оди на 2х2, а потоа до граница со само 2 ленти. А реконструкција на постоечкиот пат мора да се направи подитно.
|
|
Post Reply | Page 123 4> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |