build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање и паркинзи (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 47>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 30-May-2011 at 22:08
Со оглед на брзината на која се одвиваат работите во државава, воопшто не ме чуди што рокот е 7 месеци.

Edited by Мартин - 30-May-2011 at 22:08
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 30-May-2011 at 23:41
ПОКАНА      

Градот Скопје Ве поканува на почетокот на изградбата на новото паркиралиште под Транспортниот центар, што е закажано за утре /31.05.2011 година, вторник/ во 13.30 часот, наспроти паркингот на Град Скопје под Транспортниот центар кај „Македонска пошта“.

На почетокот на градежните работи на новото паркиралиште ќе присуствуваат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски и директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски.

Алелуја! Им текна да го средат тој дел коа веќе завршив со фкас и нема да иам потреба да проаѓам од таму. Ама срамна слика беше целото место. Сеа веројатно и повеќе ќе го средуваат тој дел.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1145
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 31-May-2011 at 19:08
Супер вест, добро ќе дојде паркингов сега откако се огради дивиот паркинг што беше помеѓу Вардар и плаво-жолтата зграда, а со тоа се оптеретија околните паркинзи.

Ново паркиралиште за автобуси и лесни моторни возила
Град Скопје денеска ја почна изградбата на новото паркиралиште наменето за автобуси и лесни моторни возила што ќе се гради под Транспортниот центар. Новиот паркинг простор е ограден со реката Вардар и улиците „Никола Карев“ и „Владимир Комаров“ и ќе обезбеди 64 паркинг места.



Почетокот на градежните работи на новото паркиралиште го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски и директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски.

-Денеска ја почнуваме изградбата на второто паркиралиште под Транспортниот центар и ја продолжуваме нашата заложба за подобрување на капацитетите за паркирање во центарот на градот. Ова паркиралиште ќе се протега на површина од 8.000 квадратни метри на која што ќе се нанесе подлога од тампон и песок, а потоа ќе се наредат бекатон-плочки со дебелина од 8 сантиметри. Паркиралиштето ќе располага со 10 обележени паркинг-места за автобуси, 12 места за комби-возила и со 42 паркинг-места за автомобили. На изградба на новото паркиралиште под Транспортниот центар ќе работат екипите на градежната компанија „Беграмо Инжинеринг“ од Скопје, а рокот на изградба е три месеци. Градот Скопје во овој проект ќе вложи околу 11,6 милиони денари. Овој простор наскоро ќе биде комплетно уреден и предаден на стопанисување на ЈП „Градски паркинг“ – рече денеска градоначалникот Трајановски.



Градоначалникот на општина Аеродром, истакна дека ова ќе биде ново место каде жителите ќе може да паркираат своите возила.

Директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски, рече дека ова е уште една потврда со која се докажува дека Град Скопје ги подржува сите јавни претпријатија, а овој паркинг кој ќе биде опремен и со автоматизирана перална ќе биде придобивка за граѓаните на овој потег.

Влезот на возила во паркиралиштето ќе биде регулиран со рампа. Во средишниот дел од паркингот ќе се формира интерна улица широка 7 метри, со две коловозни ленти (по една коловозна лента во двете насоки).

Атмосферските води од новото паркиралиште ќе ги собира атмосферска канализација долга 856 метри, а ќе се обезбеди прифаќање и на атмосферските води од објектот на Транспортниот центар преку олуци и сливници.

Курир
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 01-Jun-2011 at 18:51
И сега кај ќе одат чергарите? :-)
http://www.facebook.com/suvenirimakedonija
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 10-Jun-2011 at 18:30
Општина Центар си продолжува со „сепаратизмот“ кога е во прашање паркирањето  Bash  Bash  Bash

ОД ЈУЛИ

И Центар ќе собира коли со пајаци

ЈП "Паркинзи Општина Центар" склучи договор за јавно-приватно партнерство со фирмата "Венекс", која има обврска најдоцна за два месеца да ги набави возилата, да обезбеди депо каде што ќе се носат собраните коли и да воведе систем за наплата

Кон крајот на наредниот месец и Општина Центар ќе собира со пајаци неправилно паркирани возила. Два пајака ќе патролираат низ општинските улици и ќе ги казнуваат граѓаните што ќе се паркираат на тротоари, на улици и на зелени површини. ЈП "Паркинзи Општина Центар" склучи договор за јавно-приватно партнерство со фирмата "Венекс". Партнерот на општинарите има обврска за два месеца да ги набави возилата, да обезбеди депо каде што ќе се носат собраните коли и да воведе систем за наплата.
"Ние немаме никакви финансиски трошоци околу формирањето на општинската пајак-служба. Сето тоа е на товар на фирмата која ја избравме на тендер. Тие ќе си ги сервисираат возилата, ќе ги плаќаат возачите на пајаците и вработените во депото. Но профитот ќе го делиме. 55 отсто ќе оди кај фирмата партнер, а останатите 45 отсто кај нас", вели Тоше Делјановски, директор на ЈП "Паркинзи Општина Центар".
Иако сè уште не е формирана висината на казните, од претпријатието велат дека таа нема да се разликува многу од цените на градското претпријатие. Казната за погрешно паркирање на улица или на тротоар ќе биде околу 2.500 денари, а за паркирање на зелена површина околу 3.500 денари.
Директорот Делјановски најавува дека кон крајот не летово ќе стартуваат и со проектот за зонско паркирање. Во тек е повторување на постапката за избор на фирма која ќе го спроведе софтверското решение, по што ќе ја почнат постапката за преземање на паркинзите со кои сега стопанисува ЈП "Градски паркинг", а се наоѓаат на општинските улици.
"Ќе имаме околу десет паркинзи. Постојните на улиците Орце Николов, Ѓуро Ѓаковиќ, Ленинова, Максим Горки и на Кејот, кај ново пасошко. Планираме да отвориме нови паркинзи на просторот зад ТЦ "Буњаковец" и на уште неколку локации кои во моментов се разгледуваат. Од градското зонско паркирање ќе се разликуваме по тоа што наплатата нема да биде со СМС порака, со што граѓаните трошат плус десет денари, туку со паркомати", додава Делјановски. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=7C6BB9618BEC774D8387879CEBF7B62E

Edited by Cloverstack - 10-Jun-2011 at 18:30
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4090
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 26-Jun-2011 at 13:36
Dodeka sosedite si gradat podzemni parklilista, primer vo Pristina(3 podzemni garazi vo centarot na gradot) nie seuste gradime nadzemi parkilista eve najnoviot parkin sto pocna da se gradi vo opstina aerodrom:
http://www.sitel.com.mk/video/makedonija/pochna-izgradbata-na-nov-parking-vo-aerodrom
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 28-Jun-2011 at 22:21
Народов знаел да покаже проактивност, додуша во погрешен случај    Crazy

САМОВОЛИЕ ВО ОСТРОВО

Граѓани си преградуваат паркинзи со рампа

На „Владимир Комаров“ број 1 и 1-а остануваат слободни дел од пешачките површини, но и тие често се резервирани за станари или вработени во оваа околина, и тоа со столови, гајби или картонски кутии

Во населба Острово, во близина на железничката станица, група граѓани од тамошните згради сами воведуваат ред во паркирањето. Определуваат кој смее, а кон не да се паркира на паркинзите или на тротоарите. Не наплатуваат, но си поставиле рампи и си „приватизирале“ дел од слободните паркиралишта. А со тоа не им даваат на другите граѓани од околните згради да припарат кај нив, а ни на посетителите на овој реон. На „Владимир Комаров“ број 1 и 1-а остануваат слободни дел од пешачките површини, но и тие често се резервирани за станари или вработени во оваа околина, и тоа со столови, гајби, или картонски кутии. 

Општината да ги дисциплинира несовесните

Оној што ќе собере храброст самоиницијативно да ги отстрани овие пречки ризикува да биде нападнат вербално од тие што ги поставуваат. 
Граѓаните велат дека во неколку наврати испратиле дописи со претставка до Општина Аеродром. Оттаму двапати интервенирале, но и покрај тоа проблемот с` уште не е решен. Затоа повторно ги повикуваат надлежните да ги дисциплинираат несовесните граѓани и да воведат ред во каубојскиот начин на паркирање со диви рампи. 
- Рампите на паркиралиштата ги поставија станарите од првата зграда и од објектот на Пензискиот фонд. Физичката пречка кај станбениот објект станарите сами си ја поставија, со свои сопствени средства. Потоа инспектори од Аеродром на двапати ја отстрануваа, за потоа неколку дена станарите пак да си ја вратат. Всушност, им ја одземаа само железната шипка, не им ја урнаа целата конструкција. Ова е невидено самоволие за една урбана општина - вели Милева К., која живее во една од зградите во Острово. 
Дека зборот на станарите е последен, а не на институциите, говори и фактот дека тие наголемо с` уште одлучуваат кој смее, а кој не да се паркира на паркингот. Тој не е нивна сопственост, но тоа не им пречи да делат електронски картички за влез на кого ќе стигнат, а не само за станарите. Картички за користење на паркингот кај нивната зграда, но до 4 часот попладне, освен на сите станари од својата зграда, им поделиле и на вработените во Пензискиот фонд поради тоа што немало место на нивниот. 

Решение за уривање има, никој не излегува на терен

Од Општина Аеродром потврдија дека се запознаени со оваа ситуација и изјавија дека ќе преземат мерки за решавање на овој проблем. И двете рампи, според нив, се под знак прашалник, но не прецизираа кога инспекторите ќе излезат на терен. 
- За рампата поставена покрај станбената зграда донесено е решение за нејзино отстранување. За втората кај Пензискиот фонд постапката е во тек - изјавија од одделението за односи со јавност.
Граѓани кои работат и живеат во спорната зграда имаат свое видување на нештата. Објаснија дека ги зеле работите во свои раце поради метежот кој се создавал на нивниот паркинг, каде што се паркирал кој како ќе стаса. Велат дека во околината има неколку атрактивни кафулиња кои секоја вечер ги посетуваат голем број гости и тоа особено им пречело. 
- Сите се паркираа пред нашата зграда, иако тој е изграден за нас. Како може мојот автомобил да стои на тротоар, а нивниот да биде на нашиот паркинг. Моравме да преземеме нешто за да го решиме проблемот - изјави станар од спорната зграда на „Владимир Комаров“ број 1.
Не знаат дека има решение за уривање на рампата, напротив, рекоа дека поднеле барање за оградување на паркиралиштето и дека чекаат позитивен одговор.

Фросина ЗДРАВЕСКА

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2125996777F1354CAA7FE03F31168FB2
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 07-Jul-2011 at 21:17
Ако има посебна нишка за ова, преместете.

Незнам чија е оваа „генијална“ идеја, ама е во Центар кај пасошко (поранешно и сегашно). Кај немаше доволно паркинг места, сега прават и тротоар на местото за 15 коли. ОХ МАЈ ГОД!

Идејава е да се направи една рампа на целиот паркинг, позади трготекстил, Малага, здравствен дом „Железничар“ и Просветно Дело.







Edited by gorco - 07-Jul-2011 at 21:18
Back to Top
Stulic View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stulic Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 08-Jul-2011 at 03:02
Да ова нема мн логика со тротоарот. Јас имам подземна гаража во овој блок во кој реално неможам да пријдам од неправилно паркирани возила. И никому ништо околу тоа.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 08-Jul-2011 at 07:37
Имам јас неколку предлози во врска со ова:

Гаражите кои се доле:

1. Треба да бидат од затворен карактер (пристап да имаат само сопственици на гаражите) и,
2. Да станат како што се во поновиве згради, отворен простор и обележан во чија сопственост се. Поинаку тие не би можеле да функционираат, бидејки се направени по друг стандард за коли, и скоро сите во нив чуваат најразличен смет и заборавен ајвар и туршија.

Само доколку се тие користени од станарите/жителите на зградите во Центар, би можел да функционира паркинг со наплата за другите.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 19-Jul-2011 at 11:33
СЕ УРИВА ОБЈЕКТ КАЈ ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

Како дел од проектот за уредување на просторот околу проширениот булевар Илинден екипи на Градот Скопје денеска /19.07.2011 година/ почнаа да го уриваат објектот на булеварот Илинден, што се наоѓа меѓу зградата на Зоолошката градина и последната барака на Град Скопје. Станува збор за објект со површина од 153 квадратни метри, изграден на земјиште во сопственост на Република Македонија, во којшто живееја три семејства. Во согласност со спроведеното вештачење објектот е експроприран, Градот Скопје за двете семејства обезбеди станови, а едното семејство е парично обесштетено.

Предлог-понудата за уредување на имотно-правните односи со имателите на објектот по основ на којашто е склучена спогодбата пред надлежен орган е одобрена и од Советот на Град Скопје.

На просторот пред Зоолошката градина, од десната страна, деновиве се во тек и градежните работи за изградба на паркиралиште за 93 возила. Новиот паркинг-простор е широк 18 метри, а долг 152 метри. На површина од 2 671 квадратен метар е направен ископ, просторот се тампонира и ќе се асфалтира. Во текот на градежните работи на паркиралиштето ќе се постави атмосферска канализација долга 180 метри (Ф 300) којашто ќе овозможи одведување на атмосферските води.

Меѓу тротоарот на булеварот Илинден и паркиралиштето ќе се оформи зелен појас.


http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4376&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 20-Jul-2011 at 23:51
Денеска бев сведок на инвазија на пајак службата на Рузвелтова и дигаа коли на станарите од околните згради кои беа паркирани на тротоарите. Во делот помеѓу Симпо и Зоолошка тротоарите на Рузвелотва се доста пошироки од оние на Орце Николов каде што без проблем можеш да си паркираш возило. Е сега ме занима значи имеме двојни стандарди. Некаде е дозволено да се паркира на троатоар а некаде не. Искрено незнам ни зошто забранија да се паркира по страните на Рузвелотва сепак тоа на е булевар, а кога веќе забранија мора да најдат некакво репение за паркинг бидејќи навистина го нема и Рузвелтова стана улица за редовно полнење на буџетот на пајак службата. Мислам дека најдбор решение би било повтрно да се врати паркирањето по страните на Рузветова ако не секаде, барем во некои делови.
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 21-Jul-2011 at 20:15
Зонското паркирање профункционира во Куманово

Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ го отпочна проектот за зонско паркирање во Куманово со обезбедени 400 паркинг места во првата зона А. За користење на услугата се наплаќа 30 денари од час со ограничување на закупот на паркинг од 2 часа во строгиот центар на градот. На граѓаните кои нема да ги почитуваат прописите за зонско паркирање ќе им бидат подигнувани автомобилите од страна на пајак – службата на „Куманово паркинг“.

Општинските советници од Куманово на последната седница ги допрецизираа цените за паркирање на автомобили во централното градско подрачје, па така граѓаните кои живеат во центарот на градот и кои ќе го отстапат сопственото место на „Куманово паркинг“ ќе добијат повластена месечна цена за користење на оваа услуга во износ од 375 денари. Граѓаните кои живеат во рамките на зона А и немаат сопствен паркинг плаќаат сума од 500 денари за месечна карта, додека за правните субјекти се наплаќаат 2.000 денари за месечно користење на паркинг место. За останатите граѓани се наплаќа месечен билет во износ од 3.900 денари, а за правните субјекти цената изнесува 5.500 денари. Тарифникот на Ј.П. „Куманово паркинг“ ја предвидува и можноста од годишен закуп на едно паркинг место за 75.000 денари.

Кумановската локална самоуправа смета дека со воведувањето на зонско паркирање и високите цени за користење на услугата конечно ќе се реши проблемот со недостиг на паркиралишта во центарот на градот и ќе се намали непотребната употреба на автомобили на мали релации од страна на граѓаните. Градските власти во иднина планираат сите забелешки и недоследности од почетокот на работењето на зонското паркирање да ги поправат во интерес на подобро функционирање на проектот.


Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=8711
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 22-Jul-2011 at 15:46
Во меѓувреме цела населба Аеродром е под зонско паркирање. Мислам дека малку го претераа со локациите каде се наплаќа за паркирање!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 09-Aug-2011 at 23:34
Нова тура „богати и славни“ од Он-нет

http://on.net.mk/makedonshtina/bogati-i-slavni-7



Богати%20и%20славни







И бонус   Roll%20eyes


Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 10-Aug-2011 at 10:29

АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА ОПШТИНСКОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПАРКИНЗИ

Центар под свое ќе земе 4.500 паркинзи

Бесплатен паркинг во траење од 10 минути во центарот на градот е новата понуда на претпријатието „Паркинзи на Општина Центар“, која ќе профункционира од идниот месец. Ова претпријатие, кое му конкурира на градското претпријатие „Градски паркинг“ има амбициозни планови под своја управа до крајот на 2011 година да има 4.500 паркинг-места со зонско паркирање, 100 вработени и сопствена пајак-служба.



Паралелни институции

Директорот на претпријатието Тодор Делјановски вели дека ќе формираат паркиралишта и зонско паркирање на сите улици што се под општинска надлежност, а каде што има услови за тоа.

- Имаме можности на повеќе општински улици да формираме паркиралишта, како на пример кај полициската станица „Беко“, зад објектот „Дилајла“ во Капиштец, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ итн. „Градски паркинг“ ќе треба да се повлече од дел од улиците каде што воведе зонско паркирање, а кои се под општинска надлежност. Такви се улиците Орце Николов и Ленинова и во иднина ние треба да управуваме со паркирањето на овие улици - вели Тодор Делјановски, директор на „Паркинзи на Општина Центар“.

Во „Градски паркинг“ не ги коментираат плановите на „Паркинзи на Центар“. Велат само дека тие работат согласно со одлуките на Советот на Град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски.

- Ако „Паркинзи на Општина Центар“ ги имаат сите потребни документи и одлуки и ако градоначалникот Трајановски или Советот одлучат да им отстапиме дел од улиците каде што воведовме зонско паркирање, ние ќе ја почитуваме одлуката - вели директорот на „Градски паркинг“, Борче Јакомовски.



Паркомати и умни картички

На општинските паркинзи претпријатието планира да воведе поинаков систем на зонско паркирање и плаќање. Освен во готово и со картички, граѓаните од идниот месец ќе може да плаќаат со помош на мултифункционална припејд картичка која ќе се издава на новопоставените уреди и на платежни места што ќе ги утврди претпријатието, а ќе важи и за наплата на други услуги, како на пример јавен градски превоз, карти за разни културни и спортски манифестации. Системот на наплата и издавањето на картичките ќе се извршува на паркомати кои ќе враќаат кусур, а ќе бидат поставени на најфреквентните паркиралишта. Овие бесконтактни чип-картички нудат можност за надополнување и проверка на состојбата со самото доближување до уредот.

- Купената карта ќе важи за цела зона, односно со неа корисникот добива максимална мобилност и користење на паркинг-услугата на повеќе паркиралишта. Со оваа новина се предвидува природен тек на сообраќајот во центарот на градот, без непотребни задржувања на возилата на една локација подолго време - велат во „Паркинзи на Центар“.



Бесплатен паркинг за лица со инвалидитет

Услугата бесплатен паркинг од 10 минути ќе се воведе со цел секој граѓанин да може да го паркира своето возило и за тој временски период да заврши некоја работа без да има обврска да купи паркинг-карта. Новина е и бесплатното паркирање за велосипеди на посебно уреден паркинг-простор, а ќе има и паркинг за мопеди и мотоцикли.

- Новиот систем предвидува повластени карти за станарите и за деловните субјекти со адреса на паркиралиштето, како и за лицата со инвалидитет. Повластената карта за лицата со инвалидитет ќе се издава бесплатно, и ќе важи за цела година. За несовесните кои ќе узурпираат паркинг за инвалиди или ќе заземат повеќе од едно паркинг-место, наместо блокатори за возилата, ќе се наплаќа казна од 100 евра, при што 30 отсто од наплатените средства претпријатието ќе ги донира во невладини организации за инвалиди и за лица со посебни потреби - објаснуваат во претпријатието.

Во план е паркирањето да се врши во две зони, според густината и фреквенцијата на возила. Дозволеното задржување е два часа во првата зона и три часа во втората зона. Со новото зонирање цените на услугата ќе бидат унифицирани во рамките на секоја од зоните, без разлика на типот на паркиралиштето.

- Станарите за цела година ќе си обезбедат дневен паркинг за само 10 денари во прва и 8,3 денари во втора зона. Граѓаните ќе имаат можност за резервација на ВИП паркинг-место кое ќе им биде слободно 24 часа, 365 дена во годината.

Останатите граѓани паркинг-услугата во времетраење од 1 час ќе ги чини 50 денари во прва и 40 денари во втора зона - велат во општинското претпријатие.

Моментно тие стопанисуваат со четири паркинзи: Трготекстил, Автомакедонија, Дом на градежници и Зелен пазар.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3FAC9481BA0B5345B93EDEFB079B452E
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 11-Aug-2011 at 11:11

Монтажниот паркинг поскап од Мостот на уметноста


Сумите од договорите на општината Центар вчера беа објавени на страницата на Бирото за јавни набавки

 
 
%20  

Изградбата на монтажниот паркинг изнесува 2.6 милиони евра, додека Мостот на уметноста 2,3 милиони евра

Општината Центар ќе потроши 2,6 милиони евра за да направи монтажен паркинг покрај улицата Народен фронт во населбата Капиштец, а 2,3 милиони евра за да го изгради Мостот на уметноста преку реката Вардар и на него да постави 29 скулптури. Сумите од договорите што општинарите ги потпишаа со изведувачите на овие проекти вчера беа објавени на страницата на Бирото за јавни набавки. Општинарите не дадоа објаснување за тоа.

Мостот на уметноста ќе се прави по идејното решение на Коста и на Викторија Мангаровски, а скулптурите што ќе бидат поставени на него ќе ги лее леарницата „Рж институти“. Ова е прв конкурс за изработка на Мостот на уметноста и од општината Центар велат дека сé уште не се знае кога ќе започне изградбата, но таа ќе трае 16 месеци, а скулптурите треба да бидат изработени шест месеци, откако леарницата ќе ги добие моделите по кои ќе треба да се леат во бронза. Освен скулптурата на Браќата Миладиновци, која ќе биде висока три метри, сите други ќе бидат по два метра. Градежните работи на самиот мост ќе ги изведува „Бетон“.

За монтажно паркиралиште се чека да се завршат уште неколку административни процеси за да почне неговата изработка. Тоа ќе се прави по должината на улицата Народен Фронт и ќе зафаќа површина од 8.000 квадратни метри. Предвидено е на него да има место за паркирање на околу 500 возила. Откако ќе бидат завршени сите градежни работи, со него ќе стопанисува општинското јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, а цената за паркирање ќе биде симбилична, според досегашните најави.
Досега за монтажното паркиралиште во Капиштец имаше неколку неуспешни тендери, а фирмата „ДФТ Масон инженеринг“, која претходнииот тендер поднела жалба, овој пат е победник.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81111859134&id=14&prilog=0&setIzdanie=22353
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 16-Aug-2011 at 06:57
ПО ДВА НЕУСПЕШНИ ОБИДА ИЗБРАНА ФИРМА-ИЗВЕДУВАЧ
До Нова година Капиштец со монтажна гаража




Изградбата, велат од Општината, ќе почне наскоро, а со објектот ќе се обезбедат 360 паркинг-места на платформата и уште околу 360 паркинг-места во долното приземно ниво



По два неуспешни тендера Општина Центар конечно најде инвеститор подготвен да го гради монтажниот паркинг во Капиштец. На две нивоа, предвидено е да се подигне на местото на досегашниот класичен паркинг. Според идејното решение, монтажниот објект ќе зафаќа површина од 8.000 квадратни метри, а ќе се протега од трговскиот центар „Беверли Хилс“ до автобуската станица на последна „23“. Градоначалникот Владимир Тодоровиќ решавањето на метежот со паркирањето во овој дел од општината Центар го најави уште на почетокот на својот мандат, ја раскопа дури и локацијата, но не му се посреќи со јавните повици. Поради тоа од Центар мораа да ја вратат локацијата во првобитна состојба.

Сега со новата конструкција ќе бидат обезбедени 720 паркинг-места, односно 360 паркинг-места на платформата на објектот и уште околу 360, во долното приземно ниво на објектот. Од Општина Центар информираа дека веќе склучиле договор со најповолниот понудувач - скопската фирма „ДФТ Масон инженеринг“, во висина од 2,6 милиона евра. Според договорот, оваа фирма има рок од четири месеци да го постави паркингот.

- Конструкцијата на катната гаража ќе биде поцинкувана, префабрикувана и задолжително модуларна, со елементи кои овозможуваат лесно и брзо поставување, монтирање и демонтирање на целокупниот објект - објасни Јовица Ацковски, портпарол во Општината Центар.

Тој беше дециден дека монтажниот паркинг ќе биде наменет исклучиво за моторни возила. Нема да има деловни простори или какви било други со комерцијална намена. Не прецизираше кога ќе почне изградбата, само објасни дека тоа ќе се случи наскоро. Во моментов, како што рече, се работи на завршување на административните постапки.

По окончување на градежните работи од Центар ветуваат дека просторот околу паркингот ќе го зазеленат и уредат со урбана опрема.



Паркирање со симболични цени

Основна цел за изградба на монтажниот паркинг во Капиштец, објаснија од Општина Центар, е решавање на големиот проблем со паркирањето во оваа густо населена населба. Надлежните велат дека целта не им е да профитираат од овој објект. По изградбата тврдат дека за паркирање ќе се плаќа симболична цена, но притоа не прецизираа колкава ќе биде таа во споредба со цените кои граѓаните ги плаќаат на јавното претпријатие „Градски паркинг“. За трета зона, каде што влегува и Капиштец, градското претпријатие наплатува 25 денари од час. #

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F5E961BAD38748449B3FAFB5BD8512A3
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 16-Aug-2011 at 17:24

Нови паркинзи во општина Кисела Вода

Екипи на фирмата „Урбан Инвест“, по налог на општина Кисела Вода вршат партерно уредување и изградба на неколку јавни паркиралишта на повеќе сервисни улици во оваа локална самоуправа.

Веќе е изграден паркинг на улицата „Киро Крстевски“ наменет за околните станбени згради, а изградени се и пешачките патеки на улицата „Сава Ковачевиќ“ и во паркот спроти автосервисот „Мечкаров“.

Во моментов се гради паркинг од околу 200 метри квадратни на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ бр. 16. Потоа ќе се градат јавни паркиралишта на улицата „Михаил Чаков“ бр. 9 и на улицата „Божидар Аџија“.

Како што информира општина Кисела Вода, овие паркинзи ќе бидат со вкупна површина од 200 метри квадратни. Нов јавен паркинг ќе добијат и жителите на улицата „Сава Ковачевиќ“ бр. 25.

Финансиските средства за изградбата на новите паркинзи се издвоени од општинската каса.
izvor
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 17-Aug-2011 at 23:28

Секој може да си присвои парче тротоар со 100 евра


 

Казната за отстранување на нелегалните блокатори е само такса, која треба да ја плати сопственикот на блокаторот на фирмата што ќе биде најмена од градот за да ги отстрани нелегално поставените уреди

 
 
%20 

Од градот велат дека на јавните површини има поставено многу малку легални блокатори

За еднократна инвестиција од само пет-шест илјади денари, скопјани можат да си обезбедат паркинг-место во центарот. Доволно е само да купат блокатор и да го постават на тротоарот пред својот влез или во близина на работното место. Ако некој биде забележан од соседите или, пак, од други граѓани, тој ќе плати само такса затоа што ќе му го отстранат блокаторот. Казната за отстранување зависи од видот на блокаторот, односно од фирмата што ќе биде најмена за отстранување. 

Надлежни за издавање одобренија за поставување блокатори се градските власти, но оттаму велат дека дозвола за поставување блокатори се издава само врз основа на меѓународните конвенции за обезбедување паркинг-простор на дипломатски, владини и меѓународни невладини миси, како и на здравствени установи за кои нема друг алтернативен начин на паркирање. Но, и покрај тоа што процедурата за добивање дозвола е тешка и не секој може да добие дозвола, речиси секое второ паркинг-место во Дебар Маало, од двете страни на трговскиот центар „Буњаковец“, околу Соборниот храм и по целата должина на булеварот Партизански одреди е заградено со блокатори.

- На јавните површини има поставено многу малку легални блокатори, затоа што тие не се издаваат на секој. Градските инспектори редовно вршат контрола на јавните површини и секаде каде што се поставени нелегални блокатори се водат постапки за нивно отстранување - велат од градот.

Оттаму не кажаа кога последен пат спровеле акција за отстранување на дивопоставените блокатори, ниту, пак, колку се отстранети. Засега нема ни најава за наредна акција. Од јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое поставува блокатори на нивните паркиралишта, велат дека пред неколку месеци заедно со комуналните инспектори на градот имале акција за отстранување на бесправно поставените уреди на тротоарите.

- Пред неколку месеци отстранивме околу 20 нелегални блокатори, но таа акција се спроведе по наша иницијатива. Не знаеме кога ќе биде наредната акција што ќе ја организираат градските власти - велат од „Градски паркинг“. 

Дебармаалци се жалат дека неколкупати пријавувале нивен сосед што има поставено блокатор, но дека никој не реагирал на нивните барања тој да се отстрани.

- Просторот за паркирање е на сите, но пред нашата зграда се паркираат и луѓе што не живеат тука, со што значително е намален капацитетот. Неколкупати телефонски пријавуваме и во општината и во градот, но сé уште никој не го отстранил блокаторот. Сите можеме да си поставиме такви уреди, но тоа не е фер кон другите соседи - велат жители на улицата Орце Николов.

 
  
Автор: Александра Денковска  Фотографија: Игор Бансколиев
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8171184231&id=14&prilog=0&setIzdanie=22358
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 47>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.