Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#61 Posted: 14-Jun-2010 at 13:38 |
Заплови најголем брод во
Охридското Езеро
Бродот "Александрија -
2" е долг околу 28 метри, а широк 6 метри, и е за неколку метри подолг
и поширок од бродовите кои досега пловеле во Охридското Езеро
Во Охридското Езеро завчера заплови најголемиот брод од
охридската бела флота - бродот "Александрија - 2". Пуштањето на бродот,
изграден во Охрид, од дрвената санка во вода траеше повеќе часови
бидејќи овој нов брод тежи повеќе од 60 тони. Сопственици на бродот
се Зоран и Живко Гилески, кои поседуваат и друг брод "Александрија - 1". Најголемиот
брод е долг околу 28 метри, а широк 6 метри, и е за неколку метри
подолг и поширок од бродовите кои досега пловеле во Охридското Езеро.
Неговата изградба почна во април минатата година. Новиот брод
може да прими околу 200 патници или педесетина патници повеќе од
најголемите бродови од охридската флота. Конструктор на бродот е
Мартин Ѓуричек, бродоградежен инженер од Војводина, Србија.
http://vest.com.mk/?ItemID=AD01FF8C974F5E4C84D5E998A772BC92 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#62 Posted: 16-Aug-2010 at 19:30 |
ВЛАДАТА ЌЕ ИЗНАЈМУВА ПРЕКУОКЕАНСКИ БРОДОВИ Македонска флота или знаме под наем?Владата планира да формира трговска поморска флота и за тоа веќе донела одлука, а сега се разгледуваат можностите за реализација на овој проект. Идејата е да се изнајмуваат бродови што би пловеле под македонско знаме и под поволни услови би пренесувале стока како за домашната економија, така и за потребите на други држави. Во Министерството за транспорт е формирана работна група што работи на анализата на економската исплатливост и на можните држави од кои би се изнајмувале бродовите. Идејата е добра и исплатлива и може поволно да се одрази врз македонската економија, велат стопанствениците. - Идејата е стара и датира уште од осамостојувањето и е добро ако се реализира. Како деловна заедница, се уште немаме доволно информации за тоа што се планира. Сето тоа треба да има подлога во добра економска анализа, која би го оправдала проектот - вели Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија. Луѓето што се занимаваат со превоз на стока и на услуги велат дека искуствата од другите држави се поволни и можат да се искористат при реализацијата на ваков проект. - Државата нема ниту кадар ниту, пак, искуства во тој сектор, но тоа не значи дека не е можно да се реализира идејата. Доволно е да се консултираат државите што веќе работат на тој принцип, како Швајцарија - вели Зоран Аризановски од Здружението на шпедитери. Според него, бизнисот со бродовите што би тргувале под македонско знаме, во основа, е исплатлив бидејќи сега компаниите сами или преку шпедитерските организации изнајмуваат бродови за превоз на суровините и на своите производи. - Работиме и за фирми од Косово и од Јужна Србија, што би подразбрало и користење на македонските бродови за превоз на суровините и на производите за нив - вели Аризановски. Од друга страна, познавачи на поморската трговија велат дека, во услови кога државата нема пари, а проектот планира да го реализира со јавно-приватно партнерство, постои веројатност тоа партнерство да се сведе на обично „изнајмување“ на македонското знаме за потребите на приватни транспортни компании. Од компаниите од металската индустрија и рударството, кои 80 проценти од транспортот на стоката го вршат преку бродскиот сообраќај, велат дека, во основа, идејата е добра и би била поволност за нив. - Ако компаниите, кои сега изнајмуваат бродови од други држави, би добиле поволна цена од домашната флота, нема причина зошто да не ги користат нејзините услуги. Во такви услови многу би им се олесниле работите - вели Александар Панов, директор на „Макстил“. Само од оваа фирма годишно со бродови се превезуваат меѓу 300.000 и 400.000 тони. Тука се и „Фени“, „Скопски легури“, „Силмак“ како и рудниците „Бучим“, „Тораница“ и „Злетово“. Економистите велат дека бизнисот е исплатлив, но само ако бродовите што би се изнајмиле, би биле добро искористени. Според нив, не е важна цената под која би се изнајмиле, туку какви ефекти ќе се добијат од нивната експлоатација. Доколку државата има веќе добра анализа за тоа, може да пристапи кон реализација на идејата, велат тие. Но, велат, за да функционира овој проект државата треба да обезбеди и патно и железничко поврзување до пристаништата што ќе ги користи. Коридорот 8 се уште е тесно грло, додека Коридорот 10 не овозможува брз транспорт на стоката до државата и надвор од неа, што, пак, покрај цената на бродскиот превоз, би било поволност кога би се нуделе услугите за државите од соседството. Стопанствениците и економистите даваат еднаков третман на четирите пристаништа што и се достапни на Македонија: Солун, Драч, Бар и Бургас. - Солун и натаму е најблиската дестинација и во делот на транспортот е најевтина. Но, поволни се и другите пристаништа. Бургас и Бар даваат можност за закотвување на големи бродови, потешки од 50.000 тони, додека Драч, иако најблиско пристаниште, се уште нема капацитет за прием на големи бродови - вели Зоран Аризановски . Проблем, според стопанствениците, е тоа што до пристаништата во Драч и во Бургас немаме железничка врска, ниту, пак, патиштата се добро организирани. Затоа пред да се почне со реализација на проектот треба добро да се разгледаат сите можности. И според македонските капетани на бродови идејата е остварлива. - Светот познава силни трговски флоти, кои функционираат на ваков начин. Многу бродови пловат под панамско или либериско или малтешко знаме. Добро е да се направи обид - вели Горан Устијаноски, поручник за пловидба. Неофицијално, владиниот план предвидува флотата да се формира на основа јавно-приватно партнерство, а во почетокот би имала десетина бродови. Холандија и Грција веќе биле во опција како земји од каде што би се изнајмиле бродовите. Извори од министерството велат дека веќе се разговарало со турски офицери за пловидба, кои понудиле опрема и кадар. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2096&ArticleID=146589
Edited by Cloverstack - 16-Aug-2010 at 19:31
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#63 Posted: 29-Sep-2010 at 19:43 |
Наскоро ќе се градат приватни марини во Охрид26 септември 2010, 10:42 Извор: Ohrid news
Охрид
Заинтересирани приватни инвеститори кои би вложиле во изградба на
марини на охридското крајбрежје има, но се чека на одобрение од
надлежните министерства.
Како што јавува локалниот портал Охрид њуз повикувајќи се на
Локалната самоуправа, надлежни за издавање на дозвола за градба на
марини се Министерството за животна средина и Министерството за
транспорт и врски.
Од страна на локалните власти веќе се предвидени неколку локации на кои би се граделе марини според европски стандарди.
Тоа се градското пристаниште, кај мостот пред хотел Палас, кај
Грашница, во каналот, но се предвидува нивна изградба и кај Пештани и во
Св. Наум, јавува Охрид њуз.
Потребата од изградба на марини, во кои би се чувале глисери и чамци,
станува се поголема со зголемувањето на бројот на пловни објекти.
Се надеваме дека наскоро ќе ја добиеме согласноста од надлежните
министерства, со цел марините да се изградат во што пократок период,
велат од Локалната самоуправа.
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#64 Posted: 26-Jan-2011 at 01:53 |
Бродовите ќе се вадат на суво со автодигалка
Сопствениците
на бродовите "Кристина" и "Александрија" сами ќе ги креваат пловните
објекти со автодигалка кај каналот. Ќе се креваат на два пати, најпрвин
задниот дел, па предниот. Сето тоа на сопствен ризик од несакани
последици или евентуални оштетувања на 30-тонските пловила
Ќе
остане ли Охридското Езеро и оваа сезона без бродови? По
повеќемесечната забрана за пловење и немањето услови да се исполнат
барањата на овластената компанија "Биро Веритас" за технички преглед на
пловните објекти, охридските бродари ќе понудат решение за надминување
на кризата. Сопствениците на бродовите "Кристина" и "Александрија" сами
ќе ги креваат пловните објекти со автодигалка кај каналот. Ќе се креваат
на два пати, најпрвин задниот дел, па предниот. Сето тоа на сопствен
ризик од несакани последици или евентуални оштетувања на 30-тонските
пловила. Потоа ќе ги повикаат претставниците на "Биро Веритас" да
извршат технички преглед, по што конечно ќе отпочне постапката за
добивање сертификат за исправност на бродовите за пловидба. -Сега
ние ќе направиме еден обид на два пати да ги крениме бродовите
"Кристина" и "Александрија" со тоа што сакаме да успееме тие да извршат
целосен преглед од долната страна. Но, доколку временските прилики не го
дозволуваат тоа, наредниве денови ова би го одложиле за следната недела
- вели сопственикот на бродот "Александрија", Зоран Гилески. Според
него, овластената "Биро Веритас" поставила барање да може да го види
бродот на суво, а ова било единствениот начин да се реализира тоа со
оглед на условите кои ги има Охрид. Нив, како што вели Гилески, начинот
на кревање не ги интересира.
Останатите сопственици на бродовите пак, не пројавиле интерес .Според
Гилески, секој посебно си бара начин да си го реши проблемот. -Целата
оваа работа што ја правиме во овие студени зимски денови е нешто да се
фати од следнава сезона. Секој посебно си бара начин да си го реши
својот проблем. Секој сопственик си знае што сака и што има намера да
направи, дали му се исплатува, или не. Тоа е индивидуална работа - смета
Гилески.
Сепак и покрај ваквите напори, проблемот на бродарите и понатаму
останува актуелен. Инфраструктура на Охридското Езеро за вадење на
бродовите, нема. Бродарите остануваат на своите барања законот да се
промени со што ќе се зголеми конкуренцијата на компаниите кои би вршеле
преглед на бродовите, како и изградба на соодветно место за технички
преглед. -Ние едноставно сакаме во иднина да може и други
класификациони куќи да бидат присутни тука и да се изгради
инфраструктура. Сега ќе ги подигнеме бродовите на ваков начин, но има и
потешки и поголеми бродови кои не можат да се креваат. Доколку државата
сака да има бродови на езерото, ќе мора да има и инфраструктура. Ако
пак, решат дека не треба, тогаш нека кажат - вели Гилески
Од друга страна, проблем за бродарите е и набавување на опремата
пропишана според европските директиви која е многу скапа, но и тешко
достапна.
http://vecer.com.mk/?ItemID=1E440BFC90DDFF43BD3C1BFF46ECA69F
|
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#65 Posted: 04-Apr-2011 at 12:49 |
Ќе се гради марина за спас на Охридското езеро
 Со
цел да се избегне загадувањето на Охридското езеро локалната самоуправа
на Охрид планираат изградба на марина за безбедно опслужување на
пловните објекти како и замена на конвенционалните мотори. Првичната
заложба на локалната самоуправа беше таа да се изгради кај каналот
Студенчишта, на што се спротистави Министерството за животна средина.
Локалната самоуправа како нова локалција сега го предлага заливот кај
стадионот Грашница во населбата Воска. -Има и работни верзии за
проектот, кои ги имаме доставено до Министерството за животна средина,
до Хидробиолошкиот завод и Капетанијата, за да дадат свое мислење во
однос на идејата за изградба на марината на нова локација кај стадионот
Грашница.-изјави Бранко Арнаудоски, раководител на секторот за туризам и
заштита на животната средина.Со изградбата на марина се предвидува
дислокација на сите пловни објекти од каналот Студенчишта, но според
екологистите за ефикасна заштита на езерото мора да се размислува за
замена на конвенционалните мотори. -Треба да се користат мотори
со обновливи извори на енергија. На тој начин би се избегнала опасноста
од загадување на езерото, смета Зороски.Во последните три години на
Охридското Езеро се случија три посериозни еколошки инциденти, но ниту
еднаш не беше откриен причинителот на загадувањето. http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/26731/kje_se_gradi_marina_za_spas_na_ohridskoto_ezero.aspx
|
 |
goce11
Newbiе
Joined: 11-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#66 Posted: 11-Jun-2011 at 17:21 |
Здраво! Денеска слушнав дека во Охрид се поставени платформи од Т-мобиле. Дали некој знае од каде може да се набават такви платформи?
|
 |
Batec
Newbiе
Joined: 21-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#67 Posted: 12-Jun-2011 at 05:05 |
Abe parkinzi ne postojat vo ohrid vo afrika go nema ova Ova dibeci vaka go vodat gradot.Urbaniot haos e nadvor od kontrola Da e zapocneme akcijata za predvremeni lokalni izbori
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#68 Posted: 12-Jun-2011 at 14:21 |
А за какви платформи всушност станува збор?
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#69 Posted: 12-Jun-2011 at 16:15 |
Шест плажи во Охрид добија мостови на подарок од Т-Мобиле
Платформите се поставени на плажите Потпеш, Немо, Кадмо, пред хотел „Тино“, пред ресторанот „Рибар и Вила Милан“ во Трпејца и пред ресторанот „Мариј Блаж“ во Радожда. На истите овие локации, рекреативците и туристите ќе можат да се приклучат на интернет, со што ќе им биде овозможено бесплатно и неограничено да се информираат за најновите случувања. |
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=DC06EDA8F0AACA40B1E8262C5D7A07BB
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
daci92
Senior Member
Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
|
Quote Reply
#70 Posted: 22-May-2014 at 00:03 |
ОД 15 ЈУНИ
Стартува бродска линија Подградец-Охрид-Струга

По неколкугодишното
одлагање, ветената бродска линија Подградец-Охрид-Струга, конечно ќе
стартува од 15 јуни. Ова го соопшти албанскиот министер за транспорт и
врски, Едмонд Хаџинасто за време на посетата на Подградец, каде одблиску
се запознал со подготовките за престојната туристичка сезона, но пред
се со текот на работите околу изградбата на потребната пристанишна
инфраструктура за закотвување на бродот.
- Оваа водна линија која ќе стартува оваа туристичка сезона, ќе даде
нов импулс за развој на туризмот во Поградец. Реконструкцијата на
пристаништето се прави со цел да се воспостави бродската линија со
Охрид, но јас сум убеден дека ќе даде еден целосно нов импулс за сите
туристички услуги во Подградец и за сите други оператори кои ќе бидат
заинтересирани, - изјави Хаџинасто.
За разлика од Хаџинасто кој не сакаше да го аргументира доцнењето на
ставањето во функција на водната линија од Подградец кон Охрид,
градоначалникот на Подградец, Артан Шкмби, за тоа ја обвини претходната
влада, која поради „разните бирократии со години не ги подржувала
локалните власти од двете држави да ја реализираат оваа идеа“.
- Според договорот меѓу министерствата за транспорт и врски на
Македонија и на Албанија, бродската линија ќе функционира до 15
септември, ќе го олесни патувањето не само на жителите од Подградец,
туку и на оние од Охрид и Струга, - изјавил Шкмби.
Според него се очекува функционирањето на бродската линија во
Подградец да донесе многу туристи, кои се сместени во Охрид или Струга а
имаат желба барем на неколкучаса или на еден ден да дојдат во нивниот
град. (В.Т.)
#http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=9C625F7573249D4CBC94138621A0D165
|
 |
user8642
Senior Member
Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2041
|
Quote Reply
#71 Posted: 22-Mar-2021 at 00:56 |
Вест од пред некој ден, изјавил министер нешто. Еве гледам дека последен пат пред оваа вест, во оваа тема е постирано пред 7 години. Значи и тогаш се давале изјави и ништо не се направило. Нема причина да веруваме само на збор дека баш овој пат нема да биде исто. Нема нема..., и ќе се даде некоја изјава, и толку, пак штурци неколку години.
ЌЕ СЕ ГРАДАТ ПРИСТАНИШТА ВО СТРУГА И ПОГРАДЕЦ, МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО БРОДСКА ЛИНИЈА
17 март 2021
Охрид, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
ЌЕ СЕ ГРАДАТ ПРИСТАНИШТА ВО СТРУГА И ПОГРАДЕЦ, МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО БРОДСКА ЛИНИЈАЗа новата линија ќе се набават два еколошки брода со сончеви колектори (Фото: СДК.МК)
Струга и Поградец ќе добијат пристаништа, со што конечно ќе профункционира долги години најавуваната бродска линија што ќе ги поврзува овие градови на Охридското Езеро. Тоа, според министерот за локална самоуправа, Горан Милески, ќе значи подобрување на туристичката понуда. „Тоа е стратешки проект што го имаме со албанската страна. Со зголемување на туристичката понуда ќе се привлекуваат и поголем број туристи“, вели Милески. Одредени се локациите за изградба на пристаништата во Струга и Поградец, а според најавите, целиот проект предвидува и набавка на еко-бродови. „За оваа линија ќе се набават два брода со сончеви колектори, па нема да го загадуваат езерото. Дел од средствата за целиот проект се од ИПА фондовите“, најави Милески. Во Струга нема пристаниште, додека во Охрид долго време се најавува санација на постоечкото и негова доградба. Туристичките работници ја поддржуваат идејата за воведување неколку бродски линии. Велат дека треба да се работи на зголемување на туристичката понуда, која со години е иста. Бродската линија Охрид-Поградец првпат се воспостави во 2014 година, кога беше кажано дека тоа е историски момент за двете држави, но за кратко време беше укината поради слаб интерес. Во минатото, пак, ваква линија имало до 1948 година, кога бродот „Корзика“ пловел на релација Охрид-Поградец и Охрид-Струга.
https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-gradat-pristanishta-vo-struga-i-pogradets-makedonija-i-albanija-ke-se-povrzat-so-brodska-linija/ |
Edited by user8642 - 22-Mar-2021 at 00:57
|
 |