![]() |
![]() |
![]() |
Skopje City Mall |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 44> |
Author | |||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Па не баш. Сезонските попусти се главната причина. ![]() |
|||
![]() |
|||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
||
Ќе стаам 3 слики од денеска (малку темни додуша и сликани со телефон), само колку да имате претстава како се гради...не отстапувам од тоа дека давам 10 вакви за еден индустриски објект, ама сепак, се работи веројатно за најголем тековен проект во Скопје во моментов и мора да признаам дека ме фасцинира изградениот габарит (и до сега, а којзнае кога ќе се комплетира)...
![]() ![]() ![]() |
|||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|||
![]() |
|||
Мартин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
![]() ![]() |
||
Одлични фотографии!
Инаку, еве го и официјалниот сајт за молов www.skopjecitymall.mk каде што можат да се најдат некои информации кои досега не сме ги знаеле, меѓу кои за мене најинтересно беше ова Подземен паркинг и три ката со продавници и локали за разонода и забава 90.000 м2 бруто градежна површина 39, 000 м2 бруто закупна површина 1.300 паркинг места, едно подземно ниво и повеќекатна гаража 150 продавници со различни големини кои ќе ја задоволат побарувачката за мал и голем простор Супермаркет 4.000 м2 Хипермаркет за електроника 3.000 м2 Ресторани и кафе барови со тераси Мултиплекс кино Куглање, куглана со 12 ленти и дополнителна забава Така што, најверојатно можеме да очекуваме влегување и на некој поголем ланец на супермаркети. ![]() Edited by Мартин - 29-Jun-2011 at 20:55 |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Значи вкупно 39.000m²ГЛА
Преземено од http://www.skopjecitymall.mk/mk/default.aspx Edited by FoSsiL - 29-Jun-2011 at 21:59 |
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
![]() |
|||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||
Еве на пример во Солун до пред некоја година, 5 брендови беа посетувани од скоро секој македонец кој таму одеше на шопинг (или барем еден од овие пет): 1. Икеа 2. Џамбо 3. Зара 4. Манго 5. Карфур Број 2 и 4 сега ги има и во Скопје. Ако Александрија ги елиминира и 3 и 5, тогаш ќе остане само Икеа, надвор од МК. Што значи полека, но сигурно, се менуваат работите. |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
сепак сезоната е онаа која е пресудувачка, баш минатата година бев вон сезона во Космос и цените им беа до таван, а трговскиот беше скоро празен
и кај нас е истото, било колку брендови да се донесат, дали само 5% од македонското население ќе оди да купува таму ако не е евтино за пример, Рамстор го имаше најголемиот профит кога го отворија баш поради тоа што цените беа прифатливи (добро, се разбира и дека беше новитет) |
|||
![]() |
|||
Dukac ![]() Newbiе ![]() Joined: 08-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Mozno e da ima Dolce & Gabbana i MaxMara 70%
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Рано е за прогнози, допрва треба да се изгради комплексот, неофицијално истиот ќе биде отворен во септември 2012, а новото Веро сеуште не е наполнето до врв со продавници, исто како што и Рамстор не се наполни до врв со продавници кога беше отворен, а сеуште има неискористен простор, допрва има да се изначекаме додека да биде отворен комплексот, па тек дури потоа има да се изначекаме додека да дојдат некои светски брендови. Edited by Dexter26 - 09-Jul-2011 at 22:16 |
|||
![]() |
|||
Alex ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Jun-2009 Location: Paris / Ohrid Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Првин „Меркатор“, а сега и „Карфур“ не прескокна – отиде во Албанија![]() Големиот француски гигант за малопродажба „Карфур“, кој е втор во светот по бројот на супермакети и приходи по американскиот „Вал Март“ и прв надвор од САД, објави дека ќе го отвори својот прв супермаркет во Албанија во ноември. Првиот „Карфур Центар“ ќе има површина од 7.000 метри квадратни и во својата почетна фаза ќе вработи околу 550 лица. Постојат планови за ширење во други градови во земјата и за отворање и на нови супермаркети. Уште во летото 2009 година „Карфур“ објави дека основа стратешка алијанса со грчкиот ланец на супермаркети „Маринополус“ за влез на Балканот. Двете компании имаат основано заедничка компанија во Грција која работи веќе 17 години. Новата компанија 60 отсто ќе биде во сопственост на Французите, а остаткот во сопственост на заедничката компанија што работи во Грција. Покрај во Албанија, „Карфур“ е присутен и во Бугарија. Според соопштението од пред две години, заедничката компанија требаше да се прошири и во Македонија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора и Словенија. Но, се чини „Карфур“ тактизира зашто Хрватска, Србија и Словенија се добро покриени со ланци на супермаркети и прашање е дали има простор за нови играчи. Настрана фактот што проширувањето, барем на пазарите на овие три балкански земји, се покажа тешко дури и за еден локален гигант каков што е хрватскиот „Агрокор“, кој не успеа да го купи словенечкиот „Меркатор“, иако хравтските граници му се мали и голем дел од својата енергија ја посветува на влез во нови пазари. Кога сме веќе кај „Меркатор“ и овој словенечки малопродажен гигант го одложи својот влез во земјава. Компанијата веќе 5 години има купено локација во скопски Карпош и имаше земено под закуп дополнителен простор од владата за градење шопинг центар. Генералниот директор на „Меркатор“, Алеш Дебељак, уште во февруари 2010 година најави дека до крајот на минатата година „Меркатор“ ќе влезе во Македонија и во Косово, но тоа не се случи. Владата неодамна му ја одзеде парцелата што му ја имаше дадено на „Меркатор“ под наем зашто компанијата и после 4 години не ја изврши планираната инвестиција. Сега, „Меркатор“ ако воопшто и реши да влезе во земјава, ќе треба да ги преработи проектите за градење зашто има помал простор за да го изгради својот шопинг центар. Но, ова не ги спречува Словенците да продолжат да се шират на Балканот. Компанијата за годинава одвои 120 милиони евра за проширување на седумте балкански пазари во кои работи, од кои ни евро за Македонија. Од друга страна, само минатата недела беше овторен супермаркет во Србија во градот Врбас, вреден 2 милиони евра, како и уште еден во Хрватска, на хрватскиот јадрански брег во Биоград, вреден 1,2 милиони евра. „За „Меркатор“ проблем е и фактот што неговата парцела во Скопје се наоѓа на локација кај спортскиот центар „Борис Трајовски“ што е преблиску до шопинг центарот кој албанската групација „Балфин“ веќе го гради, исто така, во општината Карпош (населба Карпош 3). Од друга страна, „Балфин“ гради уште еден голем шопинг центар во Тирана на Источната порта на градот, па тоа не го поколеба „Карфур“ да му стане конкуренција во албанскиот главен град. Истовремено, консултатската куќа Еј-Ти-Кирни ги избрка Македонија, БиХ и Романија од својот индекс на 30-те најпосакувани локации за отворање на супермаркети во светот. Македонија за првпат влезе на оваа листа од 30 земји минатата година и тоа на 20-то место. Албанија беше на 12-то место, а годинава е пласирана на 13-то На листата остана и Бугарија како последна 30-та во овогодишното рангирање. Како причини за помалиот број на балкански земји на листата наведен е понискиот економски раст на Балканот во однос на региони како што се Далечниот Исток и Јужна Америка, каде високиот економски раст овозможува повисока побарувачка и повисоки заработувачки. |
|||
![]() |
|||
Tuvok ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 173 |
![]() ![]() |
||
Што ме нервираат вакви тенденциозни статии. Па Ок и да влегле во Албанија а не кај нас, не треба да бараме вина кај нас, туку едноставно кај нас веќе има одредени ланиц на супермаркети кои во Албанија ги нема. Ако и е финансиски исплатливо на компанијата да влезе таа ќе влезе.
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
па ако влегле во Албанија,значи дека регионот им е интересен,па ако имаат добри услови ќе дојдат и кај нас.какви се тие размислувања за ТРГОВСКА ФИРМА ако едбере една земја тогаш крај за другите земји-тоа е во произведствен процес,да речиме ако АУДИ замина во Унгарија,значи нема да дојде кај нас.трговските фирми како Меркатор и слични имаат цел да се шират што повеќе
|
|||
![]() |
|||
dimemk ![]() Newbiе ![]() Joined: 21-Dec-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Carrefore ke ima vp skopje city mall. Sto se raspravate ne razbiram
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Веле Самак, во неодамнешно интервју за една дневна емисија која се одвива во вечерните часови на една национална и сателитска македонска телевизија, изјави дека имало доста заинтересирани инвеститори кои сакале да инвестираат во Македонија, но на крајот се премислиле.
Наброја некои примери: Мерцедес-Бенз, сакале да произведуваат возила од А и Б класа во Македонија, но услов било фабриката да е оддалечена на најмногу 1000 километри од базата во Германија, а Македонија е оддалечена на поголемо растојание, поради што се премислиле; Фокскон, сакале да произведуваат компјутери и компјутерски делови во Македонија, но бидејќи тераат бизнис со светски фирми како Хјулит Пакард, Дел, Асус, Ејсер, Епл и други, морале да го земат во предвид и мислењето на истите тие фирми како свои клиенти, сите се согласиле Фокскон да отвори фабрика во Македонија, но на крајот се премислиле, само затоа што еден од претставниците на Хјулит Пакард цело време ја фаворизирал и ја форсирал Турција како поприфатлива локација за инвестирање, што е доста логично, Турција излегува на море, а Македонија не излегува на море, и на крајот Фокскон се премислиле (лично на мене ми е мило бидејќи се премислиле, бидејќи гледајќи како во Кина се самоубиваат нивните работници бидејќи ги тераат да потпишат договори со кои се обврзуваат да работат и повеќе од 40 часа неделно и буквално ги експлоатираат како животни, е повеќе од доволно за да не ги посакувам таквите експлоататори на човечкиот труд во мојата татковина, попрво ќе си умрам од глад, отколку да умрам полнејќи им ги џебовите на експлоататори на човечкиот труд); и уште многу други ги спомна, за кои во моментов не ми текнува. Како и да е, да се бара вината само кај нас е апсурдно, инвестирале во Албанија, во ред, тоа не значи дека нема да инвестираат во Македонија. Па Лукоил се жалеше на односот од претходната влада од периодот 2002-2006 на кој наиде, бидејќи за градење на бензиски пумпи им препорачале локации за кои се воделе имотно-правни спорови, отворија нафтена рафинерија во Бугарија, ама сепак инвестираа и сеуште инвестираат во Македонија. А да не забораваме меѓу другото да спомнеме дека се водат истраги за сопствениците и директорите на словенечки Меркатор и српска Делта, не е се мед и млеко, и надвор од Македонија има проблеми, врз чиешто решавање ние не можеме да влијаеме. Edited by Dexter26 - 10-Jul-2011 at 21:15 |
|||
![]() |
|||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
||
Сето тоа е во ред Декстер, точно не е секогаш во нас проблемот, но симптоматично станува дека и после 20 години независност, се на нас ни се случува да не прескокнат, секогаш нас не мразат другите, секогаш на другите нешто им фали ние сме супер. Секој што бил во било која земја во регионов приметил дека има далеку повеќе инвестиции било да се работи за недвижнини, моќни европски банки, индустрија или малопродажни ланци. Навистина после сите овие години изминати во надеж дека еве само што не дошле инвестициите и подобриот живот секогаш доаѓа ладниот туш и освестувањето каде живеам.
Треба да се свестиме во сите полиња и да сфатиме дека сме европска провинција која со труд а не со жалење и плачење треба да си ги покаже своите квалитети. За жал не гледам резултати нити во спортот, нити во бизнисот, нити во политиката а најмалку во некои достигнувања во градежништвото, урбанизмот и архитектурата.
|
|||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
|||
![]() |
|||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
||
Темава за објектов оди поприлично на страна со вакви шпекулации...баталете го Самак и Мизо и слични на нив со причите „да беше баба ми машко“ затоа што само ве ставаат во заблуда и ви даваат погрешна самоувереност, а не прават ништо освен што се правдаат за тоа што успеаа 2 и пол странски инвеститори да донесат во последниве 5 години...реално е да не избегнуваат вакви корпорации (а може е и добро во моментов) затоа што праат реални проценки на куповната моќ на народот, која е далеку од реалноста која трета програма на мтв и сител сакаат да ја прикажат. Викам дека може е добро, затоа што освен тоа што ќе овозможат вработување на 100-200 луѓе со плати во трговија (такви какви што се, а не се бог знае што) и што ќе се плаќаат царини и даноци, другите пари се излеваат надвор од земјава, што нели, не ни е баш во полза...зошто би вложувал некој во ваков тип на инвестиција во место кое реално ќе му треба многу подолго време да си ја врати инвестицијата, а не да почне и да заработува...
И понатаму нема да очекувам странски инвестиции додека на државно ниво приоритет ни се коњи и лавови, а не енергетика и инфраструктура (секаква: железница, патишта, врски со регионални пристаништа исл.) и решавање на некои клучни политички прашања (кои не им е место овде)... Колку и да гледам антиглобалистички и колку и да сум анти-расположен против големите капиталистички корпорации, јас искрено се надевам дека ќе има репрезентативни имиња („брендови“ да не речам ![]() |
|||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|||
![]() |
|||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||
Кај нас и сеа има какви такви брендови (барем по муабетите кои се зборат) кои имаат фабрики и во кратово, крива паланка и куманово и кои наводно работат за лакоста и сл текстилни гиганти, али очигледно е дека таквите фирми не сакаат многу да се експонираат во јавноста, затоа што е познато какви плати даваат. И еден Тетекс кој работи за познати брендови чии парчиња се продаваат во Њу Јорк е на работ на егзистенција. Нашата цел како мала економија е да приврземе корпорации кои се занимаваат исклучиво со информатичката технологија, затоа што реално нашите програмери и слични професии (не ги знам баш најточно) се мошне квалитетни, а се многу поефтини од нивните колеги од Шведска, Данска или Франција. Затоа не сум голем фан на влез на нафтени компании или ланец на супермаркети во огромен број. Во нишката за Меркатор напишав дека е многу ок да влезат на нашиот пазар, но да правиме трагедии од тоа дека Меркатор ниту Карфур не влегле, е во најмала рака непрофесионално од самите новинари. Мој предлог е при влез на таква компанија, нивните производи да се произведуваат исклучиво во домашни фабрики, нешто што го иам видено кај Карфур у Турција, каде нивните производи се строго турски производ. Можеби подорбо за нас е влез, барем во овој мол кафетерија од типот на Старбакс, отколку Карфур. Презаситени сме веќе и со Веро и Тинекс, така да приоритет не би требало толку да ставаме на супермаркети. КФЦ е исто така сасвим ок да влезе, односно некој да ја купи франшизата. Потребни ни се на нас такви "брендови". Но се додека градба на мол претставува инвестиција за која треба цел владин врв, сегашен и поранешен, да се сликаат, ондак не би требало да очекуваме баш светла иднина.
|
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
Се согласувам и со Dave Gahan и со N23.
Дефинитивно треба да се инвестира во инфраструктура и енергетика, кои кај нас уназадуваат со децении. Каков невиден срам за влада на една држава да се фали со обнова на 56 километри железничка пруга во период од 18 месеци, а истовремено истата таа влада да признае дека повеќе од 30 години не било направено ништо такво. Колку километри железничка пруга би се обновиле со парите за коњите и лавовите, баш ме интересира. Министерот за финансии да пушта во употреба канти за ѓубре, поголем резил здравје. Па до толку ли ни се решија сите проблеми, за да трошиме пари на коњи, лавови, а министерот за финансии да пушта во употреба канти за ѓубре, наместо да пушта во употреба нови електрани ? Текстилната индустрија во Македонија е експлоататорска гранка, кристално иста како Фокскон, за кои што пишав во пост #234, па од тука и следува актуелната состојба во која се наоѓаат тетекс и други текстилни гиганти. А странските инвеститори инвестираат само таму каде што им е најисплатливо, во време кога имаат потреба од отворање на нови производствени погони, евтина работна сила и брз, евтин и лесен транспорт на своите производи за извоз, бидејќи тие 2 ипол инвестиции со кои се фалат Самак и Мизо се што ќе произведат го извезуваат, ништо не останува во Македонија, а Македонија освен даночни олеснувања и евтина работна сила, не може да им ги понуди останатите основни предуслови за да инвестираат, транспортната инфраструктура ни е катастрофа, а во последно време инвеститорите се жалат и на слабо образовани кадри. Врти сучи, проблемот не е само кај инвеститорите, туку и кај нас, но тоа не не прави секогаш главни виновници затоа што одлучиле да не инвестираат во Македонија. Edited by Dexter26 - 11-Jul-2011 at 10:17 |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Луѓе малку отидовте офтопик.
Иако неколку пати се провлекува низ нишкава дека Карфур ќе влегува во трговскиов (и се надевам дека е така) јас сум лично скептик за сега. Сепак факт е дека ондека на плановите од трговскиот гледаме дека има маркет од едно 4-5.000 квадрати ГЛА кои треба да се пополнат. Таков маркет во Скопје и Македонија нема (не сум сигурен колкав е маркетот во новиот Веро, Рамстор ако не се лажам беше некои 2-2.500 квадрати). Се прашувам доколку не е Карфур, кој би бил јунакот кој би го водел овој маркет? Тинекс и Веро се моментално најетаблираните играчи на ова поле на пазарот во МК. За Тинекс и покрај поместувањето кон подобро во последните години, маркетите и понатаму им се далеку од светско ниво и не верувам дека имаат капацитет да водат нешто вакво. За Веро... имам релативно подобро мислење отколку за Тинекс, но повторно се имаат покажано доста тромаво на МК пазарот, имаат една карабина во Кисела Вода која очигледно немаат капацитет да ја доградат, дискутабилно е како им работи трговскиот.... повторно сум скептик... Значи мислам дека шансите во 2012 сепак да осамне нов ланец на маркети од типот на Карфур во Македонија е реален. |
|||
![]() |
|||
vmx ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 13-Jul-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1 |
![]() ![]() |
||
А веќе ако прават кино во овој mall, најдобро е нешто што досега нема овде 3D или IMAX кино, ако е обично чиста утка ќе е.
|
|||
![]() |
|||
rainman ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 15-Aug-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Еве и некои панорами од мене. Мора да инсталирате silverlight за да ги гледате.
http://photosynth.net/view.aspx?cid=e281966a-5f8d-4464-9ac0-72528435eb74 07.07.2011 http://photosynth.net/view.aspx?cid=7e3c8017-e9ca-476b-9722-f2c1a0349093 14.07.2011 Инаку да не се расправате повеќе за тоа дали ќе има керфур или не, ќе има ![]() За кино, најавeно е 4D кино. Не се разбирам многу али нешто со мирис да осеќаш... некои такви работи. Edited by rainman - 14-Jul-2011 at 23:51 |
|||
Stupidity should hurt.
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 44> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |