![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 27> |
Author | |||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
- Малку, малку, па ЕЛЕМ ќе се најде среде политички битки и пресметки меѓу спротивставените партиски блокови, околу некои тендерски постапки, вработувања... На што се должи тоа и каков е нивниот одраз врз работењето на компанијата? - Компанија која е со доминантно државен капитал, секогаш е подложна на такви притисоци и од страна на опозиција и од страна на јавноста, на медиумите. Лично, сметам дека не постојат државни, или приватни компании. За мене има успешни и неуспешни компании, односно успешни и неуспешни менаџери. Никогаш не сум ја гледал оваа компанија - ако е државна, дека треба да има повластена позиција, ниту, пак, да е место за вдомување кадри. Сите вработувања во ЕЛЕМ се транспарентни, преку огласи, преку компанија што ја имаме определно да врши интервјуа на кандидатите, да прави тестови и да ги определи оние, кои се најсоодветни за тоа работно место, за кое имаме потреба. И, како УО, така ќе продолжиме. Најбитно е, не само за нас, туку и за потрошувачите, да имаме квалитетен кадар, кој ќе може да одговори на барањата за производство на електрична енергија. Најважно е да добиете електрична енергија според потребите и по економски најприфатлива цена. Вештаците ги потврдија нашите укажувања во спорот со ЕВН - До каде е судскиот спор со ЕВН, кои се Вашите очекувања во врска со крајниот исход? Ккви се денес односите меѓу двете компании? - Судскиот спор со ЕВН, сметам, се движи во добра насока и, колку што сум информиран, вештаците задолжени да утврдат дали и колку средства се наплатени по однос на тој анекс договор меѓу компаниите, ја завршиле работата. И, можам ексклузивно за вас да кажам - тоа оди во корист на нашите тврдења дека навистина одредена сума е веќе наплатена од ЕВН и не е трансферирана кон ЕЛЕМ. Оттука, можеме со задоволство да кажеме дека во тоа време кога ја поднесовме тужбата, нашите судски побарувања беа сосема оправдани. - Колкав е износот на наплатените средства што треба да ги добиете? - Сумата не можам да ја кажам во моментот, додека не дојдеме на официјална позиција со вештаците, но очигледно, се покажува дека правилен бил чекорот на нашиот УО, кој по подолг период разговори со ЕВН и недобивање на информациите за наплатените средства и на трансферот кон ЕЛЕМ, го покренавме овој судски спор. Очекувам, во најскоро време, тој да заврши во позитивна конотација за ЕЛЕМ. - Може ли да очекуваме да ве видиме со ЕВН во некои заеднички проекти? - Може да се случи. Веќе слушнав дека и ЕВН од Австрија е пријавена на тендерот за изградба на “Чебрен“ и “Галиште“, така што, ако има соодветна понуда, зашто да не. Немаме ништо против нашите односи да се развиваат и во насока на изградба на нови објекти, зашто тоа би било од корист на двете компании, а и на корисниците на нашите услуги. Соработката со ЕВН и сега е на нормално професионално ниво. Новиот менаџмент на ЕВН е исто така отворен за соработка и секогаш кога имаме некои прашања од заеднички интерес, ги решаваме. Пред се, за нас е важно потрошувачите да добијат квалитетна услуга, електрична енергија според нивните барања и според потребите за нивно работење, а тука сите ние сме поврзани во некој синџир, од нас како производител, преку преносната мрежа и на крај ЕВН како дистрибутивна компанија и снадувач на граѓаните. http://www.biznis24.com.mk/node/14234 Edited by lslcrew - 30-Mar-2011 at 18:14 |
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||
[quote]
Отворените прашања меѓу ЕВН и Владата се надминати. Денеска компаниите ЕВН и ЕЛЕМ постигнаа судска спогодба за надминување на спорот што постои меѓу двете компании. Ова го истакна вицепремиерот Владимир Пешевски на денешната прес-конференција во Владата.Тој посочи дека „ЕВН Македонија“ денеска го повлекува барањето до Енергетската заедница во Виена со кое имаше забелешки на правниот систем во Македонија, а во текот на денот двете страни ќе го информираат Арбитражниот суд во Вашингтон дека отворените прашања се надминати. - Отворените прашања меѓу Владата и ЕВН во делот на регулативата се надминати со направените измени во Законот за енергетика и некои подзаконски акти. Исто така, надминати се и недоразбирањата околу делбениот биланс меѓу „ЕВН Македонија“ и ЕЛЕМ, а во делот на регистрирањето на имотот на ЕВН направен е прогрес и голем дел од нерегистрираниот имот е во фаза на регистрација. Сите останати проблеми врз основа на купопродажниот договор се приведени кон крај со што отворените прашања се надминати, рече вицепремиерот Пешевски. Тој нагласи дека во надминувањето на проблемите меѓу ЕВН и ЕЛЕМ учествувале повеќе од сто луѓе. Министерот за економија Фатмир Бесими истакна дека денешното потпишување на Спогодбата меѓу ЕВН и ЕЛЕМ покажува дека Македонија има капацитет да се справи со предизвици од меѓународен каратекр во економијата. - Јасно е дека со јазикот на аргументите и признавањето на законите може да се дојде до резултати. Сега целосно се спроведува Договорот за купопродажба и влегува во фаза на реализација како што е предвидено. Македонија денеска покажа дека со Законот за енергетика и постигнатата согласност е земја што има најнапредна легислатива во рамките на Енергетската заедница, рече Бесими. Гинтер Офнер извршен директор на ЕВН Македонија истакна дека победници во постигнатата спогодба најнапредед се граѓаните, а потоа Република Македонија и сите инволвирани страни. - Со Спогодбата се испраќа сигнал до инвеститорите дека и најкомплицираните проблеми во Македонија можат да се решат на добар начин. Се чувствуваме добро во Македонија и се интегрираме чекор по чекор се повеќе, рече Офнер. Тој прецизира дека судската спогодба предвидува „ЕВН Македонија“ и натаму да се грижи за наплата на старите побарувања, а се што ќе се наплати да се дели 50 на 50 со ЕЛЕМ. Од веќе наплатените стари побарувања ЕВН Македонија во следните 10 дена треба да и уплати три милиони евра на ЕЛЕМ во денарска противвредност и да и отстапи побарувања во износ од 19,5 милиони евра од јавните и другите институции. Тој нагласи дека најважниот дел од денешната Спогодба е што се покажува дека проблемите меѓу инволвираните страни во иднина можат да се решаваат по пат на директен дијалог. Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Влатко Чингоски истакна дека денешниот ден е значаен за ЕЛЕМ бидејќи односите со ЕВН Македонија се подигнуваат на повисоко ниво. - Отпочнувањето на судскиот процес немаше за цел да го избрка ЕВН од Македонија и да се покаже дека е лош инвеститор, туку да се утврдат обврските од Договорот. ЕЛЕМ не бараат и не сакаат ништо што не е нивно, но не можеа да дозволат некој да им го земе она што им припаѓа, рече Чингоски.http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/24368-Vladata-i-EVN-gi-nadminaa-nesoglasuvanjata [quote] |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
МЕПСО ќе го утврдува капацитетот на преносната мрежа за 11 земји од ЈИЕ
Во пресметката, соопшти денеска МЕПСО, ќе бидат вклучени сите нови далноводи во овие 11 држави кои ќе бидат изградени до 2020 година согласно 10 годишниот план за развој на преносната мрежа на ЈИЕ. Од идните македонски далноводи во овој план се вклучени 400 киловолтни далноводни поврзувања на Македонија со Косово, Србија и со Албанија. На работната средба во Скопје, присуствуваа сите претставници на Регионалната група на Комитетот за развој на електроенергетскиот систем во кој членуваат компаниите електроенергетски преносни систем оператори од Македонија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Италија. Регионалната група работи во рамки на Европската асоцијација на електропреносни систем оператори ЕНТСО-Е. Капацитетот на преносната електроенергетска мрежа на регионално и на национално ниво е најважен индикатор за сите инвеститори кои вложуваат во производство на електрична енергија. Основен предуслов за вложување во капацитет за производство на електрична енергија е инвеститорите да знаат колкав е капацитетот на мрежата преку која до потрошувачите ќе се пренесува произведената електрична енергија. - Работата што ЕНТСО-Е му ја довери на МЕПСО (во групата на 11 држави од Југоисточна Европа) е потврда дека го цени и високо го вреднува квалитетот, капацитетот и референците на инжинерскиот тим на нашата компанија, со што се задоволуваат стандардите на Европската асоцијација на преносни систем оператори, се вели во соопштението. На состанокот во Скопје беше дефинирана и листа на идни инвестиции во далноводи кои се од стратешко значење на регионот на ЈИЕ во период до 2020 година. Листата ја составуваат претставници на сите оператори кои учествуваат во работната група со тоа што ги истакнуваат идните проекти на своите компании кои се од значење за преносната мрежа на европско ниво. На работниот состанок сеутврдени и индикаторите предложени од ЕНТСО-Е за проценка на проектите на преносните систем оператори. Врз основа на тие индикатори ќе се изготвува Студија за преносната мрежа на ЈИЕ до 2020 година. На претставниците на преносните систем оператори им беа презентирани и резултатите од Студијата за пазар на електрична енергија за земјите од ЈИЕ до 2020 година. ЕНТСО-Е е организација во која членуваат повеќе од 40 преносни систем оператори од европски земји. А.Д. МЕПСО, како Македонски преносен систем оператор, е полноправен член на оваа организација, ја претставува Република Македонија и учествува во креирање и спроведување на политиките на организацијата на европски преносни систем оператори. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=82563063&lId=1&pmId=504 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
АД МЕПСО доби кредит од Светска банка за изградба на 400 киловолтен далновод меѓу Македонија и Србија
published - 12/04/2011 12:15:00
![]()
АД МЕПСО склучи кредитен аранжман со Светска банка
(Меѓународна банка за обнова и развој) со што ќе добие 14 милиони евра
наменети за нови инвестиции во преносната мрежа. |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Македонија и Албанија ќе градат дановод Битола - Елбасан
Првиот билатерален договор меѓу електропреносните
систем-оператори на двете држави ќе го потпишат Дејан Бошковски,
генерален директор на а.д.МЕПСО и Сокол Рамадани, генерален директор на
ОСТ. хс/са/8:10 |
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||
|
|||||||
![]() |
|||||||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
||||||
Ова е добра вест. Фала Богу да се зафатат да направат нешто што е призлезено од студија од пред неколку месеци, мислам со некои Норвежани ја правеа. Битен момент бидејќи ова е на некој начин бесплатна енергија која и онака иде буквално во воздух.
|
|||||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||||||
![]() |
|||||||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
||||||
Taa energija nikogash ne ni bila nema ni da bide besplatna ova e samo ponatamoshno zgolemuvanje na efikasnosta vo odnos na energijata koja se proizveduva kaj nas. Neshto shto trebalo odamna da pochne da se pravi. Kolku poefikasno se upotrebuva proizvedenata energija tolku zemjata stanuva pobogata. Inaku od taa gledna tochka nie seushte kako drzhava ne samo energetski tuku i vo odnos na drugite prirodni resursi sme ogromni rasipnici. |
|||||||
![]() |
|||||||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
||||||
Не си ме разбрал. Реков на некој начин е бесплатна, бидејќи сега иде во атмосфера, не се искористува. Нормално дека таа енергија некако се произведува, а за тоа треба пари. Но бидејќи РЕК Битола е направен за да произведува елек. енергија, а не топлинска, баш затоа го дадов тој коментар.
|
|||||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||
Ова веќе го има во железара, а намалува потрошувачк на струја кога не се греат дома луѓе на струја. Двоен ефект е.
|
|||||||
![]() |
|||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Во Битолско може да се гради нова термо електранаНаоѓалиштето Живојно крај Битола со поквалитетен јаглен дури и од Суводол. Електрани на Македонија ги интензивираа испитувањата врз потенцијалниот рудник за кој се претпоставува дека има околу 11 милиони тони јаглен. ![]() За една година ќе треба да се направат 140 бушотини на длабочина од 50 до 140 метри. По ова ќе треба да стартува со работа новиот рудник со јамска експлоатација, кој според проценките ќе треба да има руда за производство на електрична енергија во наредните 20 години. ЕЛЕМ како еден од најголемите инвеститори во држава само за последното истражување од буџетот одвои 2,5 милиони евра. Но дали во Живојно ќе никне нова централа ќе се знае по завршувањето на испитувањата. При што од новото наоѓалиште очекуваат да обезбедат доволно јаглен за електраната која ќе биде со моќност од 200 дo 300 мегавати. http://www.time.mk/read/b742721c07/1652c6cdb4/index.html |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“-ЕЛЕМ, Влатко Чингоски за време на денешниот престој во Битола потврди дека АД ЕЛЕМ го зголемиле производството на електрична енергија за 8 насто.Тој истакна дека производството на електрична енерегија во однос на енергетскиот биланс е зголемено и натфрлено за 8 отсто од планираното. - Сите капацитети се во одлична состојба. Завршија ремонтите во РЕК Битола, во тек е модернизацијата на вториот блок што ја врши „Силовие машини“ од Русија која треба да заврши во рок од 90 денови, а во завршна фаза е ремонтот во ТЕЦ Осломеј и тие ќе бидат во функција до крајот на месецов, посочи првиот човек на АД ЕЛЕМ, Влатко Чингоски. http://www.kurir.mk/makedonija/ekonomija/36207-AD-ELEM-so-zgolemeno-proizvodstvo-na-elektricna-energija |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Се отвора нов рудник за јаглен во Живојно
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71311913285&id=10&prilog=0&setIzdanie=22329 |
|||||||
![]() |
|||||||
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
||||||
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
vesta e od pred nekolku dena
четврток, 21 јули 2011, 16:15Колку струја трошиме?![]() Свето НиколовскиРастечкото индустриско производство и високите летни температури го направија своето. За едно деноноќие земјава во просек троши околу 20 000 мегаватчасови струја.Најмногу енергија влече Фени, околу 100 мегавати, а потоа Југохром Фероалоис, меѓу 60 и 70. Не се покусо ниту граѓаните. Во периодот на ефтина струја, од 13 до 16 часот, потрошувачката се зголемува дури за 150 мегавати, интервенираат и хидроцентралите, затоа што домаќинствата вклучуваат поголем број потрошувачи, а бројот на клима уреди постојано се зголемува. “Индустријата и населението во првата половина на 2011 потрошиле за 9,7% повеќе електрична енергија во однос на истиот период лани“, вели Никола Стојанов портпарол на МЕПСО. Зголемената потрошувачка, во најголем дел се должи на активирањето и зголеменото производство кај директните потрошувачи, особено во металургијата. Податоците од диспечерскиот извештај на МЕПСО покажуваат дека убедливо најголемо зголемување на потрошувачката на струја има “Југохром фероалоис“ за дури 723 %. Зголемување на производството бележи и Макстил, но и другите производители кои што функционираа во кругот на некогашна Железарница и тоа за скоро 76%. Добрите берзански цени овозможуваа добро да работи и топилницата за фероникел ФЕНИ од Кавадарци. Таа ја зголеми потрошувачката на струја за над 27% додека растот во градежниот сектор и овозможи на цементарница ТИТАН да забележа пораст на конзумот од 13%. Незначително е зголемена и потрошувачката во дистрибутивниот дел за 7,6% во однос на лани. Кај производството на електрична енергија термоцентралите во Битола и во Осломеј функционирале одлично, натфрлувањето се движи меѓу 13 кај првиот блок на РЕК и 34% забележани кај вториот, односно во просек продукцијата на струја е повисока во однос на лани за точно една четвртина. Хидроцентралите на ЕЛЕМ работеле според предвиденото со енергетскиот биланс, а натфрлањето изнесува скромни 5% . http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/20886/kolku_struja_troshime_.aspx |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
ЕВН Македонија соопштува дека Пехчево и околните места добија нов 35 киловолтен кабелски вод „Берово – Пехчево“ кој значително ќе го подобри снабдувањето со електрична енергија во овој регион.![]() Според компанијата, подземниот вод ќе ја зголеми сигурноста на мрежата и ќе го намали бројот на прекините во испораката кои многу често беа условени од невреме и атмосферски празнења. http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/37651-EVN-investirase-450000-evra-vo-pehcevsko |
|||||||
![]() |
|||||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
||||||
Енергетика во метрополата
![]() ![]() |
|||||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
МЕПСО ќе вложи 82,5 милиони евра во 18 проекти до 2020 година29.07.2011 | Автор: Сител
![]() Македонскиот електропреносен систем оператор МЕПСО а.д. до 2020 година планира инвестиции во 18 проекти со вкупна вредност од 82,5 милиони евра до 2020 година.Со нив се планира изградба на три далноводи со кои Македонија ќе се поврзе со Србија, Косово и со Албанија, нова трафостаница во Охрид и ревитализација на постоечката мрежа во источна и во централна Македонија, како и во полошкиот регион. Таквите планови се содржани во денеска презентираната Студија за развој на МЕПСО, инвестициско-оперативен план со конкретни рокови и суми изработен за потребите за пренос на потрошувачите и на производителите на електрична енергија во наредните десет години. - Станува збор за нови и постоечки проекти за изградба на нови постројки или ревитализација на постоечките капацитети со цел да го зголемиме преносниот капацитет на нашата мрежа и да ја подобруваме во исто време доверливоста во системот, изјави портпаролот на МЕПСО Никола Стојанов. Според него, студијата е изработена врз основа на регионален пристап со повеќе сценарија и модели согласно меѓународната практика и европските правила. - Изнесени се многу важни заклучоци за тоа како треба да ја развиваме нашата преносна мрежа за да излеземе во пресрет од една страна на новите производители на електрична енергија, а од друга страна на предвидениот растечки конзум за електрична енергија, без разлика дали се работи на ниво на тарифни потрошувачи или на нови и постоечки директни корисници, односно индустриски капацитети, рече Стојанов. Од интерконекциите кон соседните системи, согласно Студијата, веќе се во подготовка активностите за изградба на 400 киловололтниот далновод Штип-Ниш. Инвестицијата на Македонија од Штип до границата со Србија е 19,2 милиони евра. Тој треба да профункционира во 2013 година, со што ќе се заврши делот од Коридорот 10 на македонска страна. Според Стојанов, веќе е е обезбедена финансиската рамка и во тек е постапка за експропријација, по што се очекува да биде распишан тендер за избор на најповолен изведувач. Како исклучително важна интерконекција од МЕПСО го посочуваат и 400 киловолтниот далновод Битола - Елбасан, инвестиција која од Битола до македонска граница ќе не чини 23,4 милиони евра. Од МЕПСО велат дека наскоро ќе почне изработка на студија за негова одржливост со која ќе аплицираат кај кредиторите. Треба да биде пуштен во погон до 2015 година. - Како дел од Коридорот 8 тој е прво интерконективно поврзување меѓу Македонија и Албанија, а со албанското поврзување со Италија, се очекува нашата држава да стане енергетски јазол, истакна на презентацијата Александар Пауновски, учесник во изработката на студијата. Поврзувањето со косовскиот систем исто така ќе биде со 400 киловолтен далновод Скопје - Ново Косово, со инвестиција од 6,5 милиони евра и почеток со работа во 2020. Проектите што се предвидени со студијата за развој ќе се финансираат 30 проценти од МЕПСО, а останатите од кредиторите Светска банка, Европска банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка. Студијата за развој, за која како подлога е користена Енергетската стратегија на МАНУ, е изработена во соработка со Енергетскиот институт „Хрвоје Пожар“ од Загреб и Техничкиот факултет во Битола. Таа е дел од 10-годишниот план за развој на преносната мрежа на Европа, прифатен од Европската асоцијација на преносни систем оператори ЕНТСО-Е. http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/23795-%D0%BC%D0%B5%D0%BF%D1%81%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%B2%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B8-82,5-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-18-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8-%D0%B4%D0%BE-2020-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0.html |
|||||||
![]() |
|||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||
Ех бре што се брзи во објавување на новостите
![]() |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |