Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
QuoteReply#1Topic: Коридор 10 Posted: 15-Oct-2010 at 08:15
ЕБОР со заем за реконструкција на железничкиот коридор 10 Автор: Симеон Серафимовски
15 октомври 2010, 07:39
Извор: Макфакс
Скопје
Заменикот претседател на Владата и Министер за финансии Зоран Ставрески и директорката за транспорт на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Сју Барет, денеска ќе потпишат договорот за заем за финансирање на Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10.
Настанот ќе се одржи во Министерството за финансии со почеток во 12.00 часот.
ЕБОР одобри 17,6 милиони евра за Коридорот 10 во Македонија
Европската
банка за обнова и развој ќе и позајми на Македонија 17,6 милиони евра
со цел да се финансира изградбата и подобрување на пругите кои се клучни
за Коридорот 10.
Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставревски по
потпишување на договорот заедно со директорката за транспорт на
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Сју Барет рече дека оваа
инвестиција ќе овозможи реновирање на 53 километри од пругата.
Ќе бидат опфатени три секции од Коридорот 10, тоа се: Табановце –
Куманово, Миравци – Смоквица и Ногаевци – Неготино. Додаде дека тоа е
прва инвестиција после 50 години за реконструкцијата на пругата на
Коридорот 10.
“Според пресметките на стручните лица од Министерството за
транспорт и врски, со овие инвестиции и реновирањето на пругата на овие
53 километри ќе се овозможи да се забрза протокот на стоки односно
брзината на возовите на овие секции ќе се зголеми од сегашните 50
километри на некаде околу сто километри во просек“, рече министерот за
финансии.
Тој кажа дека средствата се добиваат по исклучително поволни
услови, рок на отплата 15 години, грејс период три години и каматна
стапка од 2,1 отсто годишно.
“Имајќи го предвид значењето на модернизацијата на железничката
мрежа за унапредување на локалната и меѓународната трговија и
економскиот раст во Македонија и во регионот, ова претставува
приоритетен проект“, истакна Сју Барет.
Во рамките на проектот ќе се финансира и студија за
оправданоста за завршување на делот од железничкиот Коридор осум кон
бугарската граница, додаде директорката за транспорт на ЕБОР.
Коридорот 10 треба да обезбеди врска преку Македонија со Европа на
север и со Грција на југ. Модернизацијата на пругата, како и изградбата
на Коридорот ќе имаат значајна улога во унапредување на индустријата и
меѓународната трговија.
Инвестицијата на ЕБОР е надополнета со грант финансирање во вредност
од 1,2 милиони евра од Посебниот акционерски фонд на банката,
Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), заедно со финансирањето од
владите на Франција и Германија.
Македонија ќе ја модернизира железничката пруга по Коридорот 10
со заем од 17,6 милиони евра, кој го додели Европската банка за обнова и
развој, со што брзината на возовите по оваа пруга треба да се зголеми
од сегашните 50 на 100 километри на час
Договорот за заемот го потпишаа вчера вицепремиерот и министер за
финансии Зоран Ставрески и директорот за транспорт на ЕБОР Сју Барет,
пренесе МИА.
Со заемот ќе се финансира подобрување на 53
километри пруга од должината на Коридорот 10, односно делниците
Табановце - Куманово, Ногаевци -Неготино и Миравци – Смоквица. Ставрески
вчера рече дека ова е прва инвестиција во железничките пруги во
Македонија во последните 50 години.
Тој информира дека станува збор за поволен кредит со ниска камата, рок на отплата од 15 години со грејс-период од три години.
Таа
изрази подготвеност на банката за учество во финансирање на
завршувањето на Коридорот 8, за железничката пруга кон Бугарија.
Возовите уште долго ќе не клацкаат со 50 километри на час
Ремонтот на пругите е одложен за септември, иако првично беше најавено дека ќе започне во април
Сања Наумовска
Се изјалови најавата дека
патниците во македонските возовите ќе возат со стотка на саат. Причина е
одлагањето на реконструкцијата на железничките пруги, која ќе започне
дури во септември, а не како што беше првично планирано, во април.
Деновиве се очекува да биде потпишан договорот со француската фирма
„Систра“, која е избрана на повикот за консултант. Компанијата ќе треба
да ја подготви документацијата за тендерот за избор на изведувач и да
врши надзор над градежните работи. Изборот на консултант е услов за
користење на кредитот од Европската банка за обнова и развој од 17,6
милиони евра, кој минатата година го доби Македонија за обнова на дел од
железничката инфраструктура. Во Македонски железници информираат дека
тендерот за избор на изведувач треба да се подготви до крајот на
февруари, а меѓународниот повик ќе биде распишан во март.
Реконструкцијата
на пругите ќе трае до крајот на 2013 година. Според проектот, ќе се
обновуваат три делници од Коридорот 10, чија линија започнува од
Салцбург, и преку Загреб, Белград, Скопје завршува во Солун. Во
Македонија поминуваат 213 километри, од кои со финансиската поддршка од
ЕБОР ќе бидат обновени 54 километри. Целосно ќе бидат заменети дрвените
прагови, стари над 4 децении, со нови бетонски делови. Ќе се обновуваат и
шините, особено најоштетените делови на свијоците. Во реконструкцијата
на пругите ќе биде опфатен и толчникот, од кој ќе се отстранат нечистите
делови и ќе се заменат со нови. Ремонтот на пругата ќе биде насочен
првенствено кон елементите од горниот строј, но не се исклучени зафати
на на долниот строј каде што се детектирани критични точки.
Во
Министерството за транспорт и врски потврдуваат дека е во тек постапката
за избор на консултант што ќе биде вклучен во реализацијата на
проектот, што претставува еден од условите за ефективност на потребните
средства. Финансиите за ангажираниот консултант се обезбедени од
француската влада. Предвидено е јавната постапка за вршење ремонт на
првиот пакет, односно делниците Табановце - Куманово и Миравци -
Смоквица во вкупна должина од 26 км да се објави во првата половина од
2011 година, по што ќе се избере изведувач на работите согласно со
правилата на ЕБОР. Јавната постапка за вториот пакет за ремонт на
делниците Згрополци (Ногаевци) – Градско – Неготино во вкупна должина од
28 км е предвидено да започне во првата половина од 2012, по што ќе се
избере изведувач на работите согласно со правилата на ЕБОР, информираат
од транспорт и врски.
„По изборот на изведувачите, во септември
градежните работи ќе започнат на делницата Миравци - Смоквица со должина
од 13 километри. По завршувањето, во март 2012 година реконструкцијата
ќе продолжи на потегот од Табановце до Куманово, а од септември идната
година до крајот на 2013 година ќе се обновува најдолгата делница од 28
километри од Ногаевци до Неготино“, вели Владимир Пановски,
заменик-директор во „Македонски железници - инфраструктура“.
Реконструкцијата
на пругата ќе обезбеди побрзо движење на возовите по Коридорот 10, а со
тоа и побрз проток на патници и стока во товарниот сообраќај. Пругата
покрај Коридорот 10 има добри перформанси и со дополнителните вложувања
ќе може да се постигне максималната брзина на движење на возовите од 120
километри на час. Моментално возовите по македонските пруги патуваат со
максимална брзина од 50-60 километри, а само да одредени делници до 100
километри на час, информираат од МЖ инфраструктура.
За жал наместо најчесто на форумов да збориме за вакви работи, патишта, железници, ние се напињаме и си мачкаме очи со некои ситни проектчиња што немаат некое или подобро да кажам никакво макроекономско влијание. И најжалосно е што баш проектите за развој, обнова и изградба на патиштата и железничката инфраструктура тапкаат во место, односно со тоа и се уназадуваат бидејќи не се ни обновува инфраструктурата. Ама како и секогаш, изгледа уште ќе си го користиме она чекаме подобри времиња, ќе биде.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
... си мачкаме очи со некои ситни проектчиња што немаат некое или подобро да кажам никакво макроекономско влијание. ...
Не би се сложел со тебе, а разлогот со пример:
Ако овие 30 години секоја година се правеше во случајов по 5 км пруга (микро проект) до сега ќе го имавме коридор X кој за жал сега треба темелно да се обновува одвајајќи огромни средства за да достигнеме некој нормален проток.
ЗАТОА СЕКОЈ ПРОЕКТ Е ДОБАР АКО СЕ ОСТВАРИ ПА МАКАР ТОЈ ВО МОМЕНТОВ ИЗГЛЕДА МИНИМАЛЕН
Ме интересира дали после изградбата на тие делови од пругата и хипотетички со купувањето на новите електромоторни гарнитури, би можеле на таа делница да возат и повеќе од 120 км/час или за поголема брзина се потребни посебен тип на прагови и шини?
За брзини над 120 км/час најголем фактор е правецот т.е. благи кривини, или соодветен терен. А тоа во клисурата е нерентабилно или неизводливо земи го како сакаш.
Владимир не си ме сфатил. Баш јас истото како тебе го мислам. За проектчиња мислам на плажи на Вардар и слични работи. Моја грешка, можеби требаше да кажам на што мислам.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
За брзини над 120 км/час најголем фактор е правецот т.е. благи кривини, или соодветен терен. А тоа во клисурата е нерентабилно или неизводливо земи го како сакаш.
Фала Владмир. Ме интересираше затоа што ако може за истите пари да се овозможи вожња со 140 км/ч би било многу и економски и од друг аспект поволно. Али и вака е добро. Уште кога би нашле пари за Бт-Ск, па да можеме во Бтитолаза 2 саати да сме, на кафенце на Широк Сокак пусти желби.....
Уф, колку би сакал и јас,
но сепак сме мала економија која неможе да издржи големи проекти, него чекор по чекор да се усредсредиме на приоритетите кој можад да донесат повратно инвестирање, во случајов коридоридор по коридор.
Јас би рекол дека најпрвин треба да мислиме на возови кои ќе се движат до 120 км/ч. Брзите пруги во Македонија ќе почекаат, а единствена опиплива можност гледам во проектот Вардарска долина и поместувањето на пругата, но тој филм барем во нареднава деценија нема да го гледаме.
Продолжува конкуренцијата меѓу трансевропските коридори 10 и
4. Се погласни се тврдењата дека се настојува да се заобиколат
Македонија и Србија, особено на железничкиот дел од десетката. Коридорот
4 тргнува од Дрезден и преку Прага, Виена, Будимпешта, Софија ги
поврзува со Солун, односно Истанбул.
Неговата должина од дури
4,340 километри во почеток е неконкурентна во однос на Коридорот 10, но
посебен проблем за нас е конкурентноста на делницата од Будимпешта,
преку Софија за Солун. Романија и Бугарија вложуваат огромни финансиски
средства во електрификација на пругата, изградба на втор колосек,
драстично зголемување на просечната брзина и завршување на новиот мост
на Дунав.
Досега Коридорот 4 имаше предност кога се во прашање
инвестициите, но последниве 2 години Србија и Македонија координирано ги
зголемуваат вложувањата во модернизација на железничката линија,
зголемувањето на максималните брзини и скратувањето на царинските
формалности. Македонија лани доби кредит од ЕБОР во износ од 17,6
милиони евра за реконструкција на пругата од Табановце до Гевгелија. Од
своја страна Италија е заинтересирана да учествува во изградбата на 10
ката и поврзувањето на Западниот Балкан со остатокот на Европа.
„Трениталиа
е заинтересирана за учество во изградбата на железничкиот коридор 10 и
за развој на железничката мрежа од Бар кон Белград, Темишвар и Киев од
Коридорот 11“ –изјави генералниот директор на Италијанските државни
железници Мауро Морети.
Според Морети се создава единствен пазар
на транспортни услуги, а Италија од своја страна преку воведување нови
возови на линијата Венеција – Белград сака да ја подобри поврзаноста на
регионот со Западна Европа. Експертите 1 тврдат дека за изградбата на
К-10 се потребни 4,6 милијарди евра, изградбата би требало да заврши до
2020-та кога возовите на пругите ќе се движат по два колосека,
развивајќи брзини од 160 километри на час. Најголема предност на
десетката во однос на четворката и натаму останува помалото растојание
меѓу Будимпешта и Солун и засега поголемите просечни врзини на
возовите.
Јас би рекол дека најпрвин треба да мислиме на возови кои ќе се движат до 120 км/ч. Брзите пруги во Македонија ќе почекаат, а единствена опиплива можност гледам во проектот Вардарска долина и поместувањето на пругата, но тој филм барем во нареднава деценија нема да го гледаме.
За кажаново . Ако имаше економски интерес за тоа , досега некој ќе сакаше да изгради брза пруга низ Македонија имено на коридорот 10. Вака, ми се чини дека возовите како превозно средство ќе заминат во историјата пред да се создадат економски услови за градење такви брзи пруги во Македонија. Еве во Бугарија се гради пруга за максимални 160 км/ч од Пловдив до Свиленград. Помали делови од пругата Софија - Карлово - Бургас и Софија - Пловдив - Бургас се оспособени за брзини до 140 км/ч, доста пријатно возење, испробано од прва рака.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum