Стоби |
Post Reply | Page 123> |
Author | |
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply
#1 Topic: Стоби Posted: 18-Jan-2008 at 22:08 |
Април 2007
1 Влезната табла 2 Близината до автопатот 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 Црна река 40 Вливот на Црна во Вардар |
|
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #2 Posted: 19-Jan-2008 at 03:44 |
Супер колекција слики Pbanks
Стоби има голем потенцијал да направи некаков археолошки бум, ако земеме во предвид дека само 1-2% од локалитетот е истражен. Што има во тие останати 99-98%, може само да шпекулираме. |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
волан
Senior Member Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
Quote Reply #3 Posted: 23-Jan-2008 at 22:48 |
Одлична колекција на слики ... Често пишував за Стоби ... но некако највеќе на постот:
- волан - СТОБИ - Театар & СинтезисЧовек кога ке го посети Стоби се фасцинира од импозантноста на големината на градбите ... од мајсторската рака на градителите ... Од важните луѓе кои тука некојпат живееле ... Од стилот на градбите од многуте огромни куќи плоштади и базилики ... од прекрасните столбови ... од движните наоди ... преубавите скулптури кои се некаде по музеите ... Импозантно е колку луѓето од тоа време ги почитувале правилата на хигиена и култот на бањањето ... Скоро секоја од поголемите профани градби е се преубава и огромна бања ... во форма на внатрешен голем базен ... во кој сигурно уживала богатата клика од тоа време ... Во 7 од десетте поголеми палати - една петина од внатрешнит дел е огомен базен/бања ... Знаеле луѓето да уживаат во животот и во удобностите на топлата вода и меѓусебното дружење во вода ... за бањање само волкави базени сигурно не биле потребни ... Импозантни се секако и мозаиците на стоби ... нешто што мора да го видите за да го доживеете ...Во последно време Стоби е едно од најдобрите театарски сцени на отворено ... Подолу неколку линка за разни културни манифестации одржани во неколкуте минати години: - Спој на антиката и сегашноста ... Фронт Теџт: "Стоби код Градског, Антицко Позористе - Стоби аупрèс ду Градско, Тхéâтре антиљуе"
Реверсе Теџт: "Титов Велес - Антицки театар; Народен музеј Титов Велес" Има и доста друг текст на најгорниот линк а и фотки ... |
|
волан
|
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2186 |
Quote Reply #4 Posted: 29-Sep-2010 at 19:31 |
Американската амбасада додели грант за СтобиИзвор: Лисица Со грант од 72.600 долари од американската амбасада ќе се врши конзервација на рано христијанските фрески на епископската базилика во археолошкиот локалитет Стоби. Со овој проект ќе се спаси кревката убавина на овие стари христијански фрески. Тој е само еден во низата од Фондот на амбасадорот за поддршка на богатото културно и историско наследство во Македонија. Во Епископската базилика се наоѓа еден од најстарите зачувани фрескоживописи во Македонија, откриен во 1973 година.„Стоби е фасцинантно историско археолошко пронаоѓалиште. Тој е крстопат меѓу античката и модерната историја, движењата од Рим до Босфор, северот и југот. И од голема важност е овој локалитет да се заштити реставрацијата да продолжи но исто така и конзервацијата е важна во проучувањето на локалитетот. И многу сум среќен што американската амбасада дава поддршка во истражувањето на ова прекрасно место“, рече Филип Рикер, амбасадор на Америка во Македонија. Во последните две години министерството за култура вложи околу 60 милиони денари за археолошки истражувања. Со овој грант се продолжува заштитата не само на мозаиците туку и на објектите кои стануваат се поинтересни не само за домашните туку и за странските туристи. „Овој грант е од големо значење затоа што со овие пари ќе се конзервира еден од најзначајните и најубавите објекти од рано христијанскиот период, Епископската базилика. Ќе оживее фрескописот и ќе биде достапен за пошироката јавност, рече Елизабета Канческа Милевска, министер за култура. Со овој грант ќе се реализира најголемиот проект за конзервација и презентација на целата црква. Најпрво ќе бидат заштитени фреските, потоа мозаичните подови и архитектурата. „Верувам дека за неколку години по конзервацијата ќе ги вратиме фреските на ѕидовите и мозаиците на подовите во епископската базилика. Ќе се направи нова кровна конструкција и базиликата ќе биде спремна за презентација, рече Силвана Блажевска, директор на археолошки локалитет Стоби. Инаку конзервацијата на фрескоживописот во епископската Базилика ќе почне утре. http://www.makfax.com.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2186 |
Quote Reply #5 Posted: 03-Oct-2010 at 19:11 |
|
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
mitatos
Senior Member Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
Quote Reply #6 Posted: 23-Jul-2011 at 15:59 |
На Стоби под вршник се конзервира IV век Катерина Богоева На археолошкиот локалитет летово се истражува и се конзервираат најстарите фрески во Македонија
Со истражувањето се проверуваат сите постари културни слоеви под
подот на мозаикот во куќата, а планирана е и конзервација и делумна
реконструкција на претходно откриените остатоци од фонтана, откриена во
нејзиниот централен дел. Ги затекнавме најстарите фрески поставени на нови носачи додека се
чистеше нивната предна страна. Ни беше посочено дека доколку е потребно,
тие делумно и се ретушираат. Не' фасцинира сознанието дека и по толку
векови, нивните бои се зачувани, но и дека може да се видат или
препознаат насликаните претстави. „Школата е организирана во соработка со фондацијата ’Балканско
наследство‘ од Стара Загора, Бугарија, а во август е планирано одржување
и школа за археолошки истражувања на која се пријавиле 40 учесници. Ова
е прво презентирање на локалитетот преку учество на студенти од сродни
факултети што поминуваат теренска практика и на ваков начин и го
презентираат Стоби во светот. А важно е, се разбира, и од економски
аспект, бидејќи собраните средства можат повторно да се употребат“,
напоменува директорката Блажевска. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=04DE63D21335AD4FB423F6B0188A1F28 |
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #7 Posted: 19-Oct-2011 at 09:51 |
Археолошкиот локалитет Стоби на листата World Monuments Fund за 2012 година
Скопје, 19 октомври 2011 (МИА) - Aрхеолошкиот локалитет Стоби, како единствен претставник од Република Македонија се најде во групата на културни споменици со универзално значење за кои е потребно глобално внимание од листата на World Monuments Fund за 2012 година. На 5 октомври во Њујорк, World Monuments Fund ја објави листата за 2012 година на која се поставени 67 локалитети и споменици од 41 земја во светот. Од Националната установа „Стоби“ соопштуваат дека ова е добра можност преку реализацијата на меѓународни проекти да се одговори на предизвиците за конзервација на градбите во Стоби од аспект на финансии и човечки ресурси. Покрај конзервацијата, информираат дека втор приоритет е подигнување на нивото на туристичката промоција на локалитетот и запознавањето на локалното население со значењето на Стоби во поширока смисла. World Monuments Watch е главната програма на World Monuments Fund воспоставена во 1996 година, која на секои две години ја алармира светската јавност и привлекува интернационално внимание за ризиците и влијанијата на природата и социјалните, политички и економски промени врз светското културно наследство. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=87743874&lId=1&pmId=501 |
|
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2186 |
Quote Reply #8 Posted: 08-Apr-2012 at 12:36 |
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
macedonia
Senior Member Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 753 |
Quote Reply #9 Posted: 20-May-2012 at 04:03 |
anyone know where these artifacts are today? |
|
macedonia
Senior Member Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 753 |
Quote Reply #10 Posted: 20-May-2012 at 04:25 |
These items are also from Stobi, currently in the National Museum of Serbia in Belgrade.
|
|
Tony Martin
Senior Member Joined: 27-Aug-2012 Location: EU Online Status: Offline Posts: 124 |
Quote Reply #11 Posted: 12-Nov-2012 at 15:33 |
Куќата на Полихарм и Синагога Базиликата се тесно поврзани така што јужниот периметрален ѕид на базиликата припаѓа на двете градби. Исто така, во атриумот на црквата се влегува преку една од просториите во западниот дел на куќата. КУЌА НА ПОЛИХАРМ (КУЌА НА ПСАЛМИТЕ) Портикот на јужната страна го означува влезот во објектот. Куќата има повеќе простории и ходници распоредени околу централен перистил. Перистилот го формираат осум столбови, а во внатрешноста се сместени бунар и базен. Подовите на ходниците околу перистилот се декорирани со мозаици со геометриски мотиви. Спроти перистилот се наоѓа апсидална сала или триклиниум со фонтана во средината. Мозаичниот под е поделен во повеќе полиња и е украсен со барски птици, пехари и различни предмети. Централна позиција зазема полето со претстава на две срни помеѓу кои има канатарос од кој извира вода т.е. полето со илустрација на псалмот 42. Поради овој мозаик, Куќата на Полихарм се нарекува и Куќа на Псалмите. Се претпоставува дека градбата имала уштe еден спрат на што упатуваат скалите во нејзиниот западен дел. Објектот е истражуван во 1931 – 33 година и подоцна за време на конзервацијата во 1965 и 1970. Името Куќа на Полихарм го добива поради поврзаноста со синагогата односно можноста перистилот и триклиниумот да бидат оние простории кои Полихарм ги подигнал за себе како што стои во натписот откриен во Синагога Базиликата. Ваквата теза наведува на заклучок дека куќата е оригинално изградена во II век и била во употреба заедно со двете синагоги, а подоцна во V век таа егзистирала со Базиликата кога го добива мозаикот во триклиниумот. СИНАГОГА БАЗИЛИКА Во VI век куќата е комплетно пресоградена со ѕидови од кал и камен, така што старите ѕидови се имплементирани во нови куќи. Подните нивоа на овие сиромашни „куќарки“ се од набиена земја така што во западниот дел се откриени вкопани питоси. На западниот крај од базиликата се наоѓа атриум во форма на перистил во кој се влегува од улицата Via Principalis Inferior. Источно од атриумот има нартекс додека јужно се наоѓаат други простории кои комуницираат со палатата на југ од базиликата. Наосот на базиликата е троброден и има под од печени тули. Корабите се одвоени со колонади, а во олтарниот простор постоел реликвијар со крстовиден отвор. Базиликата била изградена на крајот од IV или почетокот на V век. Со првите истражувања во 1931 година, во атриумот е откриен столб со натпис кој кажува дека Тибериј Клавдиј Полихарм, таткото на синагогата во Стоби, донирал 250 000 сребрени денари за синагогата и нејзиното одржување. Со ископувањата во 70 – тите, под подот на базиликата се откриени остатоците од две синагоги изградени една врз друга. Синагогата ΙΙ била подигната кон крајот на III и почетокот на IV век н.е. додека постарата Синагога Ι e од II век. На ѕидовите од постарата синагога се откриени натписи кои велат посветено на таткото Полихарм. По рушењето била изградена новата и поголема синагога со мозаични подови со геометриски мотиви. На еден од ѕидовите од Синагогата II во малтерот била врежана менора. Во 1994 година е откриен натпис на кружна мермерна плоча кој вели дека тремот на синагогата го обновил Александар phrontistes (заштитник, патрон на синагогата) на крајот од III или почетокот на IV век. Во 1971 година под нартексот на Базиликата се откриени ѕидови од хеленистичка градба и едно депо со сребрени монети датирани во интервалот меѓу 211 и 125 г. п.н.е. The House of Klavdij Tiberij Poliharm in Stobi Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 16:38 |
|
Tony Martin
Senior Member Joined: 27-Aug-2012 Location: EU Online Status: Offline Posts: 124 |
Quote Reply #12 Posted: 12-Nov-2012 at 15:55 |
Story about Stobi (Compare Real with Virtual Environment)Edited by Tony Martin - 12-Nov-2012 at 16:38 |
|
kultuzin
Senior Member Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
Quote Reply #13 Posted: 31-Jul-2014 at 23:59 |
СТОБИ 2014vor 5 Stunden aktualisiert Капитален проект на Владата на Република Македонија
Раководител на Проектот Магистер Силвана Блажевска Овогодишните истражувања беа сконцентрирани на дел од јужната некропола. Откриените археолошки артефакти претставуваат дополнување на богатиот археолошки трезор на движни наоди од античкиот град Стоби. Овогодишен куриозитет претставува уникатната засега, оловна урна. Откриени се голем број керамички садови, главно луцерни, чинии, стомни за вода, потоа зарови, бронзените "Харонови оболи" се редовна појава, стаклени унгвентарии и еден прекрасен стаклен сад во стотици ситни фрагменти, кои што вредните раце на археологот конзерватор Билјана успеа да ги спои и да ја оживее протогената форма. Изненадува и откритието на делови од сочувана ткаенина што датира од доцната антика. Градот Стоби на прастарата Вардарска магистрала, најпрво бил оформен како село во архајско време, потоа се мсета дека бил колонизиран од страна на македонскиот крал Филип V, за подоцна Римската држава проценувајки ја задоволително високата цивилизациска свест на локалните жители Македонците и Пајонците на овој важен крстопат оформи град на 19 хектари површина со статусот муниципиум, што значи присуство на определен процент жители со (ius italicum) римско граѓанско право. https://www.facebook.com/viktor.lilcik/media_set?set=a.10202545678822688.1073741877.1217483917&type=1 |
|
jyvation
Senior Member Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4190 |
Quote Reply #14 Posted: 02-Aug-2014 at 09:53 |
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #15 Posted: 08-Aug-2014 at 12:43 |
Театарот во Стоби ќе биде целосно реконструиран
Ископувањата во театарот се одвиваа во мал дел на централниот циркуларен коридор, при што беа истражувани подни нивоа од доцната антика (5-6 век), кога објектот не бил во функција, а неговите ѕидови и коридори биле искористени во рамките на куќите подигнати на овој простор, велат од НУ „Стоби“ До 2015 година Проектот за конзервација и за реставрација на античкиот театар на локалитетот Стоби ќе продолжи во почетокот од септември и ќе трае до крајот на ноември, велат од националната установа „Стоби“. За оваа година се предвидени конзервација и реконструкција на сводовите од тули на централниот радијален коридор и страничните простории, по што ќе следуваат конзервацијата и реконструкцијата на лежиштата за седишта. - Се очекува до 2015 година театарот да биде подготвен за реконструкција на мермерните седишта во источната половина - велат од „Стоби“. Летово завршени ископувањата на театарот Во јуни и јули беа извршени ископувања на западната некропола и театарот како дел од капиталните проекти за археолошки истражувања финансирани од Владата. Со ископувањата на некрополата биле откриени 51 гроб од 1 до 3 век од нашата ера. Наодите покажале дека покојниците биле кремирани и имале гробни прилози, како керамички садови, светилки, стаклени садови и бронзени монети. Како особено интересен НУ „Стоби“ го издвојува гробот во кој кремираните остатоци биле поставени во оловна урна. - Ископувањата во театарот се одвиваа во мал дел на централниот циркуларен коридор, при што беа истражувани подни нивоа од доцната антика (5-6 век), кога објектот не бил во функција, а неговите ѕидови и коридори биле искористени во рамките на куќите подигнати на овој простор - информира НУ „Стоби“. Проектот предвидува и конзервација на западната половина од театарот, каде што се зачувани оригиналните седишта, како и конзервација на супструкцијата од горниот дел на гледалиштето, каде што седиштата недостигаат, но се зачувани коридорите за циркулација на публиката. Изградбата на театарот во Стоби почнала кон крајот на 1 век од нашата ера и бил завршен во првата половина на 2 век од нашата ера. Со капацитет за 7.600 гледачи, театарот бил меѓу најголемите објекти за масовна забава во римската провинција Македонија. Повеќе на http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8814954284&id=16&prilog=0&setIzdanie=23244 |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #16 Posted: 08-Aug-2014 at 12:45 |
кога сме веќе кај Стоби...
|
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #17 Posted: 08-Aug-2014 at 12:47 |
by Vasilka Dimitrovska |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #18 Posted: 08-Aug-2014 at 12:48 |
|
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #19 Posted: 08-Aug-2014 at 12:50 |
Sanja Mijajlovic |
|
За сè има вторпат
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15196 |
Quote Reply #20 Posted: 08-Aug-2014 at 13:02 |
|
|
За сè има вторпат
|
|
Post Reply | Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |