[А2] Деве Баир - Ќафасан |
Post Reply | Page <12345 9> |
Author | ||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #41 Posted: 15-Sep-2009 at 03:58 | |
Oбид да се фати нешто од патов. Сликано во близина на Ранковце.
Особено сум незадоволен од сигнализацијата на патов. Посебно онаа каде што е најбитно, клучката каде што се врзува со М-1. Тоа е све искршено, ураснато, исповиткано, никаво! А тука е и спојката осо еден локален пат (кој пак спојува со Р-101) и дополнително е малку конфузна и онаа преостанатата сигнализација на клучкава. Има така прилично долги делови каде што воопшто нема знаци околу брзинското ограничување. Има еден дел одприлика некаде кај Младо Нагоричане (движејќи се кон М-1) каде што има ограничување 70 и после тоа останува ограничувањето и за делници за кои реално може и многу поголеми брзини да се дозволат, каде што реално условите дозволуваат, Може и да имало некој знак во минато за 80 што сега го нема. Барем движејќи се обратен правец мислам дека ограничувања беа поголеми, но не сум сигурен. Инаку асфатлот е таков каков што е, за наши услови е тој просечниот. Имаме и подобри, но имаме и многу полоши патишта. Барем нема толку "фрлања" од земја што да други патишта ги има да ги ринеш со лопата. Во однос на трасата приметив дека некаде после Страцин како да се стеснува малку трасата, за разлика од предходно каде што лентата е со комотна широчина. Edited by lslcrew - 15-Sep-2009 at 04:04 |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #42 Posted: 16-Sep-2009 at 10:33 | |
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #43 Posted: 23-Sep-2009 at 15:13 | |
Од Скопје до Тетово...
01. 02. 03. 04. 05. 06. 07. 08. 09. Од Тетово до Гостивар. Нема нешто посебно да се слика. Прав, а тесен пат, без трета лента и нерамна траса. 10. 11. 12. Од Гостивар до село Церово, односно до раскрницата каде што се врти за Маврово. 13. 14. 15. 16. 17. 18. 19. |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #44 Posted: 16-Nov-2009 at 00:20 | |
|
||
idea_bos
Newbiе Joined: 11-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #45 Posted: 11-Dec-2009 at 18:43 | |
Zborot e ispravno napisan na MAKEDONSKA kirilica
|
||
16202428
|
||
idea_bos
Newbiе Joined: 11-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #46 Posted: 11-Dec-2009 at 18:44 | |
LATINICA
|
||
16202428
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #47 Posted: 11-Dec-2009 at 21:30 | |
idea_bos, постовите може да се едитираат доколку се направи грешка, не мора нов пост До опцијата за едитирање можеш да пристапиш преку менито Post Options кај секој пост.
Инаку стандардизирана ли е таа македонска латиница во нашиот правен систем? Јасно е дека дури и ако се применува, не се применува конзистентно, но би било убаво да се знае дека барем постои таква работа и дека останува да се спроведе коректно таму каде што би нашла примена. |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #48 Posted: 14-Dec-2009 at 15:46 | |
Излезот од М-4 кон Тетово (клучка Тетово Исток)
|
||
SkyBoy
Senior Member Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
Quote Reply #49 Posted: 20-Mar-2010 at 00:08 | |
РАЗВИВАЊЕ ТУРИЗАМ БЕЗ ПАТИШТА
По дупки до Охрид
Целосна санација на регионалниот пат за Охрид се најавува кон крајот на април, оти во моментов сe уште не е завршен тендерот за набавка на битумен
Регионалниот пат по кој, преку Стража, се стигнува до најпознатото туристичко место во Македонија Охрид е дупка до дупка. По оваа сообраќајница речиси и е невозможно нормално да се вози, бидејќи недостигаат цели парчиња од асфалтот, а ЈП "Македонија пат" негова целосна санација најавува кон крајот на април, оти во моментов сe уште не е завршен тендерот за набавка на битумен. Јанакиески: Состојбата на патиштата не е идеална |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #50 Posted: 21-Mar-2010 at 15:21 | |
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #51 Posted: 23-Mar-2010 at 04:00 | |
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #52 Posted: 24-Aug-2010 at 23:13 | |
Кај Миладиновци
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #53 Posted: 25-Jul-2011 at 13:19 | |
Досега незнам дали сме имале запис, ама патот накај Бугарија преку Крива Паланка се санира на неколку места со нов асфалт, не дупки, туку цели делници. Неколку места има со завршени работи, имаше две изграбани што чекаат асфалт и една што се работеше со наизменично пропуштање.
|
||
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #54 Posted: 25-Jul-2011 at 13:50 | |
А не ли е тоа дел од коридорот 8 кој треба да се даде под концесија и со тоа да се реизгради во автопат? |
||
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1319 |
Quote Reply #55 Posted: 25-Jul-2011 at 16:59 | |
Да,дел се од коридорот,но дедека чекаме за концесија мислам дека крајно време беше да се санираат,затоа што имаше толку катастрофални делови што не се дозволуваа возење над 50-60км/ч |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #56 Posted: 26-Jul-2011 at 10:19 | |
veke mesec dena se raboti na najostetenite delovi od patot
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #57 Posted: 05-Oct-2011 at 02:55 | |
Маџаров направил растур
Скопје - Струга 1 дел 2 дел 3 дел |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #58 Posted: 09-Oct-2011 at 00:32 | |
На клучката кај Кондово има сериозен проблем кога се движите од Ѓорче Петров во правец
кон Тетово, односно на местото каде што обиколницата завршува и се
спојува со западниот излез од Скопје:
42° 0'18.53"N 21°19'11.78"E Имено излезот од Скопје има 2 ленти, плус оние 2 што доаѓаат од обиколницата, тоа се вкупно 4 ленти. Но во растојание од 170 метри автопатот повторно се стеснува на 2 ленти. И не само што се стеснува, туку и хоризонталната сигнализација е без врска, јас вака обележано приклучување немам видено никаде на друго место. Двете средни ленти се спојуваат на начин како некој да се трудел да стимулира сообраќајни несреќи, а веднаш потоа (во растојание од 30-тина метри) комбинираниот сообраќај од тие две ленти удира во десната (!?) лента. Баш ме интересира според кои норми е ова вака обележано. За „среќа“ засега немаме којзнае колку густ сообраќај, па последиците од вакви заебанции, во моментов не се толку големи: 1 2 3 Со оглед дека понатака делот од автопатот што поминува низ селото Сарај нема можност за лесно и ефтино проширување, нема ниту можност за проблемот да биде целосно решен. Но сепак има простор за многу солидно решение, без потреба за никакви градежни зафати, требало само малку поодговорно да си ја завршат работата тие што се надлежни за ова. Еве како може да се оправи работата за неколку часа и единствено со менување на хоризонталната сигнализација. Пред се, лентата за застанување треба да се пренамени во лента за сообраќај, во должина од 200-300 метри. Но лентата за застанување е потесна (широка е 2,5m) од лентите за возење (широки по 3,75m). Таа ширина (2,5m) е апсолутно недоволна за возење на автопат. Но 3,75m е повеќе од доволно (во Холандија на пример сега стандард им е 3,5m а добар дел од автопатите им имаат ленти широки и по 3,25m), па едноставно треба да се преобележи цел тој сегмент и еднакво да се распредели ширината. Со тоа би добиле 3 ленти широки по 3,33m што не е ништо страшно, со оглед дека се работи за краток сегмент. И се разбира, средните ленти не треба буквално да се спојат како што е сега, особено не онака вртоглаво... туку сето тоа да се одвива со престројување, кое престројување со сигнализација треба навремено да се сугерира. Со обезбедениот дополнителен простор од лентата за застанување, сето тоа би се одвивало многу потечно и побезбедно отколку што е ситуацијата сега. Еве како би изгледало решениево со само 200 метри продолжување (се разбира може и многу повеќе од 200 метри доколку има потреба): Edited by Cloverstack - 09-Oct-2011 at 00:39 |
||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #59 Posted: 14-Oct-2011 at 00:40 | |
Откако повикот за давање на овој патен правец под концесија пропадна, извесно е дека М-2 засега нема да се гради како автопат. Во Програмата за работа на владата за 2011-2015 е предвидено М-2 да се рехабилитира, надгради и прошири и тоа од Ранковце до Крива Паланка. Предвидениот рок е 2014-2015.
|
||
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #60 Posted: 24-Apr-2012 at 02:09 | |
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=41376 Видео: Магистралата Охрид – Гостивар во катастрофална состојба Големите количини на сол кои поради снежните врнежи во текот на зимскиот период беа фрлени на магистралниот пат Охрид -Гостивар, предизвикале големи штети врз асфалтот, па постоечките пукнатини и дупки, кои веќе подолго време се главна карактеристика на овој патен правец, сега се претворени во вистински кратери. Големите дупки, не само што им нанесуваат штети на моторните возила кои секојдневно сообраќаат по овој патен праец, тие претставуваат и голема опасност и за безбедноста на возачите и на патниците. Поради неможноста да ги фотографираме најлошите делови од автопатот , направивме кратко видео на потегот од Кичево до планинскито превој Стража, каде што се видливи најголемите оштетувања. Инаку Владата на Република Македонија кон крајот на февруари и официјално се откажа од изградба на автопат Ќафасан - Охрид - Гостивар. Наместо автопатно решение, сега се предлага ревитализација и проширување со една лента на постоечката магистрала од Охрид до Кичево, за што било разговарано на една од седниците на владиниот Економскиот совет. Во однос на патниот правец Кичево – Гостивар Економскиот совет одлучил повторно да се оди со концесија на патиштата. Турстичките работници од Охридскиот регион, во изминатите неколку години многу пати апелираа до надлежните институции за важноста на оваа сообраќајна делница и за тоа дека нејзната неуреденост остава лош впечаток на туристите. Е.М © 2012 Ohridnews.com |
||
Post Reply | Page <12345 9> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |