build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Концесија на автопатишта

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 14>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 17-Nov-2010 at 01:58
Пет конзорциуми остануваат во трка за македонските автопатишта

#Од осумте субјекти кои во мај годинава доставија барање за учество во постапката за концесионирање на автопатишта што ја спроведува Владата на Македонија, пет конзорциуми ја поминаа предквалификационата фаза. Како што беше информирано на денешната владина прес-конференција, условите ги исполниле: конзорциум предовден од израелската компанија „Шиком Бинуи“ во соработка со „Групо Суарез де Коста“ од Португалија, конзорциум предводен од француската компанија „Буик Траво“ заедно со „ДТП Терасмент“ од Франција и „Интертол Јуроп“ од Унгарија, конзорциум составен од австриската компанија “Штрабаг“ и домашната компанија „Гранит“, конзорциум на грчката компанија „Актори Акто Консешнс“ и конзорциум предводен од „Алпине Бау“ од Австрија заедно со турската „Лимак“ и „Сома Ентерпрајз“ од Индија.


Сите пет конзорциуми се во игра за двата пакети кои се нудат. Во првиот се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип и Миладиновци – Штип (преку Свети Николе), како и постоечките Миладиновци – Скопје и северната обиколница на Скопје. Вкупната должина на овие делници е 177 километри, од кои веќе изградени се 38 километри. Во вториот пакет се патните правци Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан и постоечкиот Гостивар – Скопје. Вкупната должина на делниците од овој пакет е 196 километри, од кои досега се изградени 54 километри.


Предквалификуваните фирми ќе можат да ја подигнат тендерската документација најверојатно до крајот на месецов, а присигање на понуди се очекува во првиот квартал од наредната година. Патиштата треба да бидат изградени во рок од седум години по потпишувањето на Договорот за концесионирање и според проценките ќе биде потребна инвестиција од околу милијарда евра. Евентуалниот концесионер патиштата ќе ги добие на управување во период од 35 години. Цената на патарините ќе се утврдува според методологија на Владата. Владата е должна да ја заврши и постапката за експропријација пред почетокот на градбата на патиштата.

http://www.build.com.mk/?p=5669

Back to Top
shaun.r View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote shaun.r Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 17-Nov-2010 at 08:57
Originally posted by lslcrew

Мора да се води и малку сметка за државните интереси на државите од каде доаѓаат овие фирми и колку се вулнерабилни фирмите зашто очигледно се покажуваат како многу послушни кон домашните политики сите фирми секаде во светот. на пример еве не шпекулирам дека грчкиот треба да се избаци од конкуренција (не поради заднински политички мотиви) туку поради озбилната конкуренција на виа игнација и можноста да се заташкува развивањето на коридорот 8. Сепак и ова треба да се има во предвид, не е се така розово како што изгледа површно на тендер.


i ja go delam istoto mislenje , mada mislam deka i ova prolongiranje , posebno poslednovo za 1 mesec koga se pojavija spekulacii po mediumite deka 4 konzorciumi vlegle vo vtora faza, bese za nekoj konzorcium(spekuliram za Granit i Avstricite) da uspeat za zemat nekoj kredit za da gi ispolnat uslovite
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 17-Nov-2010 at 13:12
Какви шпекулации се ова дека се одложил еден месец за да може Гранит и "Австгријците" да се пријават. Инаку тие "Австријците" се Штрабаг, воедно и најголемата компанија од сите пријавени, со 13 милијарди евра приход во кризната 2009та и 75000 вработени.

Мислам дека најдобар избор би бил Гранит и Штрабаг, пред се поради големината и моќта на Штрабаг за кој овој коридор ќе биде мал залак.
Во конзорциумот од Алпине, Лимак и Сома, се истакнува Алпине кои се добри (но далеку помала компанија од Штрабаг), а Турците и Индијците се ситна риба.
Грциве не доаѓаат во предвид (не поради политика), бидејќи не е толку моќна компанија за да се справи со овој проект.
Дригите се просечни компании за европски услови и мислам дека нема да се направи грешка која и да се избере од нив.
Back to Top
OKA View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote OKA Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 17-Nov-2010 at 15:17
Еве малку што знам за Французите. Bouygues e една од најголемите компании, воопшто, во Франција. Основната дејност им е градежништво, но во нејзиното портфолио се наоѓаат, и други бизнис сектори како на пример, еден од трите француски мобилни оператори и најгледаниот француски ТВ канал, TF1.
DTP Terrassement е филијала на Bouygues (300 млн евра годишен промет) за подготвителни работи при изградба на патишта. Најверојатно, унгарската компанија од нивниот конзорциум е комплементарна кон фактот дека можат сериозно да се справат со проектов.
Инаку, навистина е тешко е да се прогнозира кој ќе победи на тендеров. Сите опции се отворени. Дури и лудата варијанта во која грците ја добиваат зделката. Поради создавање на некаква си добра политичка клима за решение на спорот со името. При што, уште сега ги гледам Иванов и Папуљас со лопати в раце, како каментемелат автопат. А потоа во водњанската вила пијат кратко есспресо, пред да се појават на прес конференцијата. На која ќе соопштат дека се договориле да се договорат.
Во секој случај, напролет ќе ги гледаме истите медиумски драмолетки, како кога биравме кој ќе ни прави пасоши и останата хартиологија. Ако, ем ќе избереме градител, ем медиумите ќе прокнижат троа црна рекетпара од лобистите.


Edited by OKA - 17-Nov-2010 at 15:24
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 17-Nov-2010 at 16:22
Абе чим Реџеп Таип не каментемелеше, Папуљас па ич. Се убаво звучи тоа, ама државно проект не се жртвуваат за два емоционални моменти. Не иде тоа таа. Колку што знаеме два пакета се. Е сега малку не е јасно како се конкурирало, дали компаниите специфицирале за кој пакет сакаат да учествуваат или на купче се бираат два од петте конзорциума или па може и двата пакета да отидат кај ист. Лесно се впуштивте во лецитирање и неаргументирани желби кој сакате да биде, но јас мислам дека во овој слипок јасно се надѕираат двата кои ќе ги земат патиштата и без да ги кажеме, избор за кој јас ќе се сложам.

Edited by lslcrew - 17-Nov-2010 at 16:22
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 08-Apr-2011 at 10:47

Нема интерес за државните патишта со патарини

Пет меѓународни конзорциуми имаат рок уште петнаесетина дена да достават финансиски понуди

Сања Наумовска



Петнаесетина дена пред истекот на рокот од тендерот за избор на концесионер на државните патишта на кој има патарини, до Министерството за транспорт и врски се' уште не стигнала ниту една понуда. Крајниот рок од втората фаза на меѓународниот јавен оглас за доставување барања за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарини и користење на дел од државните патишта завршува на 26 април. До тој датум, петте меѓународни конзорциуми, кои по шест неуспешни обиди, во ноември минатата година, конечно, ја поминаа фазата на претквалификација, ќе треба да ги обелоденат своите конкретни финансиски понуди. Меѓу петте компании од Израел, Франција, Австрија и од Грција, Владата ќе избира два концесионера, на кои во следните 35 години ќе им ги понуди на стопанисување повеќе патни правци од Коридорот 8, поделени во два пакета.

Во Министерството за транспорт и врски информираат дека се' уште ги очекуваат понудите од конзорциумите „Шиком бинуи“ од Израел, француските „Буик траво“, како и австрискиот „Штрабаг“, во чиј конзорциум влегува и „Гранит“, единствената домашна градежна компанија што ја помина фазата на претквалификација. Во трката влегуваат и грчкиот конзорциум „Актори акто консешнс“, како и австриската „Алпине бау“. Кој ќе ги добие македонските патишта во следните 35 години, ќе зависи најмногу од висината на концесискиот надомест што ќе и' го понуди на државата, но и од субвенциите што ќе ги бара поради слабата фреквентност на домашните патишта. „Концесионерот ќе треба економскиот интерес првенствено да го бара во наплатувањето патарина, чија висина ќе ја утврдува државата. Изградбата на делниците што влегуваат во концесиските пакети до ниво на автопат ќе мора да биде завршена во рок од 7 години од склучувањето на договорот за концесија“, информираат од транспорт и врски.

Во првиот пакет, со вкупна должина од 138 километри, влегуваат патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип, Миладиновце – Штип, како и патната делница Миладиновце - Штип преку Свети Николе. Во овој пакет се вклучени и патните правци Миладиновце – Скопје – Хиподром и обиколницата околу Скопје со должина од 38 километри. Во вториот пакет, под концесија се нудат Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан, Требениште – Охрид, Струга –Подмоље, патната делница Гостивар – Букојчани – Кичево, Кичево – Требениште, Требениште – Охрид, Требениште – Струга, Струга – Ќафасан и Струга – Подмоље со вкупна должина од 141 километар. Во вториот пакет влегува и веќе изградениот автопат Скопје – Тетово – Гостивар со должина од 54 километри.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DF9E71D96528A3449F8A7B4C5D548A58
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 23-Apr-2011 at 17:09

Модернизацијата на Коридорот 8 доцни поради изборите

сабота, 23 април 2011, 15:00

Модернизирањето на патиштата се пролонгира по изборите. По најавената доизградба на Коридорот 10, која се очекува да стартува на крајот на годинава, се одложи изборот на концесионер за Коридорот осум. Кој од петте конзорциуми кои влегоа во финална фаза ќе го добие тендерот за градба, реконструкција, одржување и наплата на патарина ќе се знае на крајот на јули. Тендерот според надлежните морал да се одложи поради изборите.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека надлежните во агенцијата за патишта се во постојан контакт со фирмите кои треба да достават финансиска понуда. Процесот според него се одложил бидејќи изборот на концесионерот требало да се случи во периодот на изборите што било спротивно на законот. За ова се консултирале и со Антикорупциската комисија. Разликата со тендерот за Чебрен и Галиште, кој е во тек и не е прекинат поради изборите, била што процесот за двете хидроцентрали бил во почетна фаза.

Инаку според тендерот, концесијата е поделена на два пакета источна и западна во вкупна должина од 375 километри. Вкупната инвестиција според проценките ќе чини околу една милијарда евра, а концесионерот освен што ќе стопанисува со патиштата во период од 35 години, ќе добие и државни субвенции вредни 200 милиони евра.

http://daily.mk/cluster3/df52b545a769f16d478e64517e450314/699332
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 15-Jul-2011 at 12:58
Изградбата на патишта повторно се пролонгира

Повторно одложен рокот за концесија на автопатиштата

Александра Спасевска
Повторно%20одложен%20рокот%20за%20концесија%20на%20автопатиштата

Владата уште еднаш го одложи рокот за концесија на автопатиштата. Иако петте конзорциуми кои влегоа во трката за двата пакети автопатишта од Коридорот 8, по првото одложување од три месеци требаше понудите да ги достават за десетина дена, Владата во последен момент донесе одлука за повторно одложување на рокот. Но, додека минатиот пат причината за одложување на роковите, според објаснувањето од Министерството за транспорт и врски, беше предизборната програма која се поклопуваше со распишувањето на тендерот, овојпат од Министерството не даваат објаснување на што се должи повторното пролонгирање на роковите.

“Владата донесе одлука со која се овозможува продолжување на рокот за доставување на понудите во втора фаза. Со донесената одлука, првичниот рок се продолжува за 50 денови. Согласно со одлуката, рокот за доставување на понуди сега е 13 септември“, информираат од Министерството за транспорт и врски. Оттаму не добивме одговор дали досега некој од петте конзорциуми имаат доставено понуда, ниту, пак, на што се должи одложувањето или, пак, дали е можно целата постапка за концесија на автопатишта да биде прекината.Од друга страна, пак, дел од конзорциумите веќе се во завршна фаза со изготвување на понудите. Велат дека се подготвени за тендерот и веќе прават калкулации, и не очекуваат рокот повторно да биде одложен.

Финансиската кондиција на конзорциумите најважен услов во трката за избор

Страшо Милковски, генералниот директор на градежната компанија Гранит, која заедно со австриски Штрабаг се пријавија да учествуваат на тендерот вели дека изборот ќе биде многу тесен и дека сите конзорциуми кои се пријавени се големи компании, кои имаат капацитет да извршат толку обемна работа. Според него, финансиската кондиција и поддршката од банките ќе биде главниот услов што ќе решава кој ќе победи на тендерот.

“Нашата понуда се подготвува во Австрија кај нашиот партнер Штрабаг. Ние ги доставивме сите потребни податоци и документи. Понудата ќе ја доставиме до Министерството за транспорт и врски во предвидениот рок“, објаснува Милковски за “Капитал“.Според него, сите пет конзорциуми кои се во трка за концесионирање на автопатиштата се сериозни конкурентни и големи компании, но не е само понудата на најниска цена важна за да се добие тендерот.

“Многу се важни финансиските услови кои треба да ги исполнуваат конзорциумите, како што се обезбедување на банкарски гаранции, висината на концесијата којашто ќе ја понудат, како и финансиската способност и кондиција на самите компании. Овие услови се главни кои ќе бидат одлучувачки при избор на концесионер. С$ уште е неизвесно и не би можел да претпоставувам кој ќе има најдобра понуда“, објаснува Милковски.

Концесискиот надомест главен услов за Владата

Во втората фаза од проектот за концесија влегоа пет конзорциуми меѓу кои израелската компанија Шиком Бинуи во соработка со Групо Суарез де Коста од Португалија, конзорциумот предводен од француската компанија Буик Траво со ДТП Терасмент од Франција и Интертол Јуроп од Унгарија, конзорциум составен од австриската компанија Штрабах со домашната компанија Гранит. Следуваат конзорциумот од грчката компанија Актори акто консешнс и конзорциумот предводен од Алпине бау ГМБХ од Австрија со турска Лимак и Сома ентерпрајз од Индија.

Првиот рок до кој конзорциумите требаше да ги достават своите понуди беше 26 април, а по дополнителните 90 дена конзорциумите требаше да ги достават понудите на 25 овој месец. Сега рокот е пролонгиран до 19 септември.Како главен услов кој ќе биде одлучувачки за Владата е концесискиот надомест што треба да го добива државата, но и од субвенциите што ќе ги бараат поради недоволната фреквентност на македонските патишта.

Концесијата ќе значи изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарини и користење на патните правци, а патиштата треба да бидат изградени во рок од седум години по потпишувањето на Договорот за концесионирање.

http://www.time.mk/read/NONE/74ba866879/index.html
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 19-Jul-2011 at 15:42
Државните патишта никако да добијат газда



Владата вторпат го одложи крајниот рок за доставување на понудите за стопанисување со нашите патишта, овој пат за уште 50 дена.

Постапката за концесионирање на македонските државни патишта се развлекува до бескрај. Владата вторпат го одложи крајниот рок за доставување на понудите за концесионирање, овој пат за уште 50 дена. Петте меѓународни конзорциуми што ја поминаа фазата на претквалификација, според најновата одлука, ќе можат своите понуди до Министерството за транспорт и врски да ги доставуваат до 13 септември. Првично, крајниот рок за понудите од втората фаза од тендерот беше 26 април. Овој рок, со образложение дека на компаниите им е потребно дополнително време да ја подготват обемната документација што се бара, беше одложен за 25 јули. Oчигледно, и овој рок беше краток, па Владата го зголеми за уште еден и пол месец. „Владата донесе одлука со која се овозможува продолжување на рокот за доставување на понудите во втора фаза. Првичниот рок се продолжува за 50 денови и согласно со одлуката, рокот за доставување понуди е 13 септември 2011 година. Комисиите за спроведување на постапката, до преквалификуваните кандидати доставија покани за подигнување на тендерската документација“, информираат од транспорт и врски.

Во Министерството не образложуваат дали најновата одлука на Владата е донесена од истите причини како и при првото продолжување на рокот, или пак, на компаниите им се дава дополнително време да се заинтересираат за стопанисување со нашите патишта.

Според јавниот повик за концесионирање идниот стопанисувач со државните патишта ќе треба делниците што влегуваат во еден од двата концесиски пакета да ги управува 35 години. Во првите 7 години од склучувањето на договорот за концесија има обврска да ги изгради до ниво на автопат. За концесионирање на нашите патишта покажаа интерес компаниите: „Шиком бинуи“ од Израел, француската „Буик траво“, австрискиот „Штрабаг“ во чиј конзорциум влегува и „Гранит“, грчкиот конзорциум „Актори акто консешнс“ и австриската „Алпине бау“. Економскиот интерес овие компании го гледаат во наплатата на патарините, чија висина, сепак, ќе ја одредува државата. Стопанисувачот ќе треба да плаќа и концесиски надомест на државата, а во игра ќе влезат оние компании што ќе понудат највисок надомест. Од друга страна, пак, идниот концесионер ќе има право да побара државата да го субвенционира неговото одржување на патиштата заради нивната нефреквентност и неатрактивност.

Државата на потенционалните концесионери им нуди патишта поделени во два пакета. Првиот има вкупно 138 километри и во него влегуваат патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип, Миладиновце – Штип, како и патната делница Миладиновце - Штип преку Свети Николе. Во овој пакет се вклучени и патните правци Миладиновце – Скопје – Хиподром и обиколницата околу Скопје со должина од 38 километри. Во вториот пакет, влегуваат правците Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан, Требениште – Охрид, Струга – Подмолје, патната делница Гостивар – Букојчани – Кичево, Кичево – Требениште, Требениште – Охрид, Требениште – Струга, Струга – Ќафасан и Струга – Подмолје со вкупна должина од 141 километар. Во вториот пакет влегува и веќе изградениот автопат Скопје – Тетово – Гостивар со должина од 54 километри.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=5E990D634C49CC4C8B6F8F42C8F2C516
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 19-Jul-2011 at 17:39
овде кривицата ја гледам кај нас севкупно гледано кај сите министерства,агенции,јавни претпријатија,фондови и слично.дали можиме ние на потенцијалните концесионери да им ги дадеме потребните статистички показатели-вкупен број на возила по делници годишно,распоредено по временски периоди(зима-лето),средорочни и долгорочни индустриски програми за развој на одредени региони,разни стапки на раст на разни параметри и слично.На техничките факултети кои изучуваат проектирање на големи капацитети(електрани,автопати и сл) прва лекција е статистичкиот показател за изминатите 20 години.и кога тие ќе ни ги побараат овие бројки ние остануваме со кренати рамена.сите погоре институции имаат свои парцијални статистички показатели,некоординирани меѓусебе ни по вертикала ни по хоризонтала.сетете се што им одговоривме на турските инвеститори за нивното барање за статистичките показатели за ветровите во Штип за изградба на карго аеродром-НЕМАМЕ.Јас би им дал време на потенционалните концесионери колку време сакаат да размислат(да пресметуваат нешто што ние требало да го пресметаме)само да влезат со инвестиции.ако треба и ДА ГИ МОЛИМЕ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 25-Jul-2011 at 18:16

Се пролонгира рокот за концесија на патиштата од Коридорот 8

Ново пролонгирање на тендерот за концесија на двата пакети патишта од Коридорот 8. Овој пат до 13 септември. Тогаш е последниот рок кога петте компании кои влегоа како најсериозни потенцијални концесионери треба да ги достават своите најквалитетни понуди.

Рокот беше до денеска, но повторно е пролонгиран бидејќи според Законот за спречување на корупција, како што велат од Министерството за транспорт, во време на техничка влада забрането е отуѓување на државен капитал. Ова било и причината зошто рокот се продолжува за педесет дена.

Концесијата предвидува 373 километри патишта да се понудат во два пакета. Еден источен, долг 177 километри кој ќе го опфати патниот правец од Крива Паланка – Романовце, Кочани - Штип преку Миладиновци до Скопје и обиколницата.

Во вториот западен пакет ќе се понудат Стенковец - Блаце, Гостивар – Ќафасан, Требениште –Охрид, Подмоље- Струга и автопатот Гостивар – Тетово - Скопје. Овој пакет е поатрактивен.

Новиот концесионер ќе има обврска патиштата да ги изгради во рок од 8 години, со нив да стопанисува 35 години, а на секои десет да ги ревитализира. Со патиштата во пакет ќе одат и патарините, цената како што најавија надлежните ќе остане непроменета, а се остава простор да се изгради уште една патарина на скопската обиколница. Но останува и опцијата, доколку заинтересираните компании не достават квалитетна понуда, државата во наредниот период да инвестира во подобрување на овој дел од патната инфраструктура.

Кире Коцевски

25.07.2011, 14:39

http://www.time.mk/read/NONE/08322b1b28/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 18-Aug-2011 at 23:23

ЌЕ ИМА ЛИ НОВО ПРОЛОНГИРАЊЕ?


За помалку од еден месец ќе се знаат финалистите за концесионер на патиштата


За помалку од еден месец истекува рокот за доставување на понудите од страна на петте конзорциуми, кои учествуваат во втората фаза на тендерот за избор на концесионер за патиштата од Коридорот 8. Не се најавува ново пролонгирање на рокот и во Министерството за транспорт и врски очекуваат на 13 септември да бидат доставени понудите од петте конзорциуми, по што ќе бидат познати финалистите за добивање на овој проект вреден околу една милијарда евра.

Како што веќе е познато, понуди се очекуваат од конзорциумот на чело со израелската компанија Shikun & Binui LTD, а заедно со Grupo Suares De Costa SGPS и SA од Португалија, потоа конзорциумот предводен од француската Bouyques Travoux Publics, која е заедно со исто така француски DTP Terrassement и унгарски Inter-Toll Europe. Следи австриски конзорциум во кој е домашната компанија "Гранит", а тука е и конзорциумот на две грчки компании: Aktor SA и Aktor Aktor Consessions, додека како петти е конзорциумот ALS Motorway Consession Macedonia, во чиј состав се: австриската компанија Alpine Bau GmbH, турската Limak Insaat Sanayi ve Ticaret AS и индиската Soma Enerprise Limited.

Владата пролетва го продолжи рокот за доставување на понудите во втора фаза со образложение дека според Законот за спречување на корупција, во период на избори и техничка влада не е дозволено оттуѓување или издавање на државен капитал.
Под концесија се даваат дел од автопатските делници по должина на Коридорот 8, поделени во два пакета. Со првиот пакет, или Источната концесија, се опфатени патишта во должина од 177,5 километри и со вредност од 434 милиони евра, а ги сочинуваат патните правци: Крива Паланка - Романовце, Кочани - Штип, Миладиновци - Штип, обиколницата на Скопје и постоечката делница Миладиновци - Скопје. Додека во вториот пакет, или Западната концесија, се патните делници: Стенковец - Блаце, Гостивар - Ќафасан, Требеништа - Охрид и Подмоље - Струга, со вкупна должина од 196 километри, а во вкупна вредност од околу 558 милиони евра. Концесијата се доделува во времетраење од 35 години, а изградбата на патните правци концесионерот ќе треба да ја реализира за седум години, државата останува сопственик на патиштата и во текот на траењето на концесијата.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A8202B41DF197740BABA6F9C90E02601
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 01-Sep-2011 at 13:22
abe ovie planirat li nesto da izleze od ovoa ili??? se izvinuvam za muabetov ne mu e mesto tuka ama za ovakva li prerodba zboruva vladata mene ovoa mi lici na se najmalku na prerodba cccc

По третпат одложен рокот за концесија на автопатишта

Владата уште еднаш го одложи рокот за концесија на автопатиштата. Иако петте конзорциуми кои влегоа во трката за двата пакети автопатишта од Коридорот 8, по првото одложување од три месеци требаше понудите да ги достават до 19 септември, Владата донесе одлука по третпат да го одложи рокот за кој компаниите, треба да ги достават понудите. Додека минатиот пат причината за одложување беше тоа што се уште не беше изгласана новата Влада, овојпат од Министерството не даваат објаснување на шро се должи повторното пролонгирање на роковите.

Според одлуката на Владата, објавена во Службен весник, наместо 260 дена, според последната измена, петте конзорциуми имаат рок од 280 дена или 9 месеци да ги достават понудите во втората фаза од постапката за давање на патиштата од Коридорот 8 под концесија. Со тоа рокот на спроведување на постапката за концесија на автопатиштата се пролонгира на 27 месеци или 805 дена.

Во втората фаза од проектот за концесија влегоа пет конзорциуми меѓу кои израелската компанија Шикун и Бинуи во соработка со Групо Суарез де Коста од Португалија, конзорциумот предводен од француската компанија Буик траво со ДТП Терасман од Франција и Интертол Јуроп од Унгарија, конзорциум составен од австриската компанија Штрабах со домашната компанија Гранит. Следуваат конзорциумот од грчката компанија Актори акто консешнс и конзорциумот предводен од Алпине бау ГМБХ од Австрија со турска Лимак и Сома ентерпрајз од Индија.

Првиот рок до кој конзорциумите требаше да ги достават своите понуди беше 26 април, а по дополнителните 90 дена конзорциумите требаше да ги достават понудите на 25 јули. Потоа рокот беше пролонгиран до 19 септември, за сега повторно да се одложи за 9 октомври. Како главен услов кој ќе биде одлучувачки за Владата е концесискиот надомест што треба да го добива државата, но и од субвенциите што ќе ги бараат поради недоволната фреквентност на македонските патишта.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72987/po_tretpat_odlozhen_rokot_za_koncesija_na_avtopatishta.aspx?iId=2329
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 01-Sep-2011 at 14:13

Да не забегам офф-топик, побарајте слободно по архивите на Дневник и колумните кои ги пишувал тогашниот лидер на опозицијата, сегашен премиер, каде изрично вели дека на држава како Македонија не и се потребни автопатишта, туку и се потребни нови инвеститори и инвестиции, а автопатиштата ги остава во втор план. После таквиот извадок секоја друга нервоза за состојбата со патиштата е излишна.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 01-Sep-2011 at 18:06
Тоа што сега се спроведува, а и порано се спроведуваше извесни години наназад е политика на чекање европски пари за коридорите, што за мене е логична работа, а тоа прашање си го поставува секоја држава особено помалите како Македонија. Зашто ние би си ги давале парите за да се премостиме за некој европјанин да не прошиша, ставарно нема логика да со сопствени средства ги градиме. Пред некое време дискутиравме по ова прашање и тогаш напишав, најголем профил на пат што на Македонија и треба за потребите на Македонското население, а и според проток би било логично е оние проширени магистрални што сега се најавуваат за накај Штип и Битола-Ресен и идна можност за Штип-Струмица. Тоа се патишта каде ние имаме домашна желба да имаме поголем пат, ама се работи за пат вон европски коридор за кој се подразбира дека ќе има мал интензитет на сообраќај, односно никаков како европски коридор доколку би бил, па затоа се тие профили. Оваа политика ја спороведуваа многу околни и мали држави, со слична приказна како Македонија, без разлика од која провиниенција политичка доаѓала владата. Така да од наш домашен интерес, значи интерес на ова население што го генерира овој буџет се патиштата кои се директната мрежа до него, односно столб на економијата се магистралните од некој пристоен профил и регионалните патишта. А после толку време интересирање за овие теми, мислам дека е малку аматерски на прашањето за изградба на автопати да го гледаме како прашање кое зависи исклучиво Македонија или вака да реагираме во однос на досегашната стагнација во изградбата на патишта. И не го кажувам ова за да сега ја толкувам изјавата на премиерот пред неколку години туку затоа што мислам дека е нелогично да еве пример сега, 280 милиони да ги дадевме за 28 км автопат. Ако ништо друго, Скопје 2014 ипол лежи во тие пари, или 500 километри регионални патишта. Хрватска и Албанија сакаа да градат автопати вон Европските коридори, се задолжија изградија. Тоа се едноставно политики на Европа на многу поголем план од Македонија, ако дувне ветерот навака ќе имаме ќар, ако не нема, мало е нашето влијание во однос на тие прашања. Утре Македонија ќе финансира некаде пат во Молдавија кога ќе има Македонија пари преку тие кредитни линии и фондови, така функционира и така треба да функционира, само со замерка што ете доцнеше во Македонија дури сега почнува срамежливо со делот што фали ДК-Смк. Јас дури и понапред чекор би отишол во ова прашање. Да беше до мене уште пред неколку години делницата Скопје-Велес ќе ја вратев во функција на регионалниот Р-103 пат на некое време, а Велес-Скопје ќе функционираше како магистрален во два правци, баш за да имаме повеќе аргументација на терен за влечење пари и за овој дел. Зашто се работи за 23 километри делница на дупло полесен терен од оној за кој земаа средства, моја проценка не повеќе од 80-тина милиони ако не и помалку. Само што кај нас се размислува на ситно па ако може да се извлечат пари од НАТО за санација на мостови (кои и така ќе се извлечеја) или за реконструкција вредна 17 милиони пропуштаме да извлечеме и за цела делница Велес-Скопје. Ние како локално население немаме право на избор да користиме алтернативен регионален пат, односно нашиот регионален пат е узурпиран, а кај нас никој не ни помислува да го постави ова прашање тамо каде што се поставуваат вакви прашања. Еве им предлог после доградбата на претстојниов дел од автопатот, да му го вратат регионалниот пат на населението и веднаш да го постават прашањето за делницата Велес-Скопје изградена да биде.

Така да ете тоа што тогаш било зборено ако се свати изгледа токму на тоа што и денес е актуелно како политика, само оваа идејата за концесионирањето не изгледа дека се уклопува ни во тоа тогаш што се зборело, а ни во тоа денес што се спроведува. Така да незнам која беше потребата од таков екцесен чекор и што требаше да значи. Дали беше некое отстапување од политиката за изградба на патишта, дали беше некоја порака дека ќе бараме алтернативен пат од европските пари пошто во тој период имаше натегања со Грција околу именувањето за некои пари кои требаше да биде грчко учество во тие 280-те милиона или така нешто. И ако знаеме дека беше отстапување и непотребен екцес тој оглас за повик до евентуални концесионери, зашто па денес не го повлечеме и да прекратиме со ова постојано одложување.


Edited by lslcrew - 01-Sep-2011 at 18:48
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 01-Sep-2011 at 19:21
се согласувам 90% со предходниот пост
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 02-Sep-2011 at 08:57

Мое мислејне автопатот на коридорот 8 Скопје Охрид Албанска граница е непотребен треба само да се изгради обиколница околу Зајас и Кичево  и да се прошири на  неколку места.Со ова патувајнето ке се скрати за едно 10 мин.

Што е сосема доволно Скопје ОХРИД за 1Час и 45 Мин
 
Подобро би било ако се изгради железницата со поголема брзина до кај 160 км на час со тоа железничкоит собракај би имал поголемо значејне и по економски оправдано.
Скопје - Охрид 1час и 10 Мин
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 07-Sep-2011 at 12:08

Јанакиески очекува Коридорот 8 да отиде под концесија до крајот на месецов

Mинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески информира дека во тек е постапка за концесија на патиштата, која, како што рече, најмногу го опфаќа Коридорот 8.

- Очекувам кон крајот на овој месец да ги добиеме финансиските понуди од концесионерите. Доколку тие не се прифатливи, Владата има став да продолжи со изнаоѓање на најповолни финансиски модели за да се финансира Коридорот 8, рече Јанакиески.

Во делот на Коридорот 10, во железницата, тој рече дека веќе има обезбедено средства од Европската банка за реконструкција за подобрување на инфраструктурата. Според него, со тоа ќе се зголеми просечната брзина за околу 40 километри на час.

- За Коридорот 8 веќе сме во една понапредна фаза со ЕБРД и очекувам во 2013 година, согласно нашата програма и со добрата соработка дека ќе почнеме со изградба на железничкиот правец од Бељаковце до границата со Бугарија, рече Јанакиески.

Тој нагласи дека урбанизацијата на населените места во Република Македонија и изградбата на инфраструктурата се од суштинско значење за граѓаните затоа што го подобруваат животниот стандард и обезбедуваат подобри услови за економски раст на сите општини и на целата држава.

- Ние во соработка со општините активно работиме на што поголема урбанизација на населените места, рече Јанакиески.

#
http://www.time.mk/read/772297a32a/42388ab936/index.html
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 07-Sep-2011 at 12:12
Originally posted by Goran

Скопје - Охрид 1час и 10 Мин


Уф, ама ќе се уништи Охридскиот маалски туризам. Идеш сабајле, се враќаш вечер. Нема преспивање.
Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 19-Sep-2011 at 05:18
Originally posted by krale

Originally posted by Goran

Скопје - Охрид 1час и 10 Мин


Уф, ама ќе се уништи Охридскиот маалски туризам. Идеш сабајле, се враќаш вечер. Нема преспивање.
Не мора да значи картата за еден повртна ке биде  скоро колку една нок приватен смештај ама и без разлика пак е бонус тие што не можат да си препуштат одмор во Охрид ке дојдат на дневен излет ке потрошат нешто што е бонус за ОХРИД.
Но е мала придобивка другото е многу познацајно заштеда на деривати поголем проток на патници плус за индистријата во целост не само за охридскиот регион него за цела Македонија.
Затоа мислам ако концесинери не се најдат Македонија нема потреба од Автопат на Коридорот 8 само обиколница околу Зајас Кичево и Другово и проширувајне на три ленти по целиот пат е доволно  за патниот собрќај  што ке го скрати патубајнето за едно 10 до 15 мин што е сосема прифатливо 1.45 мин Охрид - Скопје.
А желзница да е побрза докај 160км на час истата делница 1.10 мин.
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.