![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 30> |
Author | |
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
14. Feb 2011 16:28 Градинката Синоличка ќе се грее на гасГрадинката „Синоличка„ , кај Градскиот стадион од денеска е приклучена на гасоводната мрежа и во иднина ќе се затоплува на гас. ![]() Со тоа продолжува гасификацијата на поголемите установи и стопански објекти во градот, откако во ноемри минатата година беше извршен првиот прилучок во Домот за стари лица „Зафир Сајто„.
Инвестицијата за адаптација на котларата во градинката изнесува околу 700 илјади денари.
Свеченото предавање во употреба го изврши градоначалникот Зоран Дамјановски, која потсети дека со испорачувањето на првите количини на гас за затоплување, Куманово стана првиот град во државата што се гасифицира. Во претпријатието „Куманово-гас„ има интерс за влегување на стратешки партнер, со што ќе се создадат услови за прилучување на домаќинствата за наредната зимска сезона. Досега проектот на гасификација се реализира со сретства од локалната самоуправа и потрошени се 2,6 милони евра. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/gradinkata-sinolicka-ce-se-gree-na-gas.html |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Гасифицирана и рентабилна ПелагонијаБитола-Стопанствениците од Пелагонискиот регион бараат гасификација на Пелагонија, со намера да се намалат производните трошоци но и да се привлече странски капитал. „Ние се залагаме за носење на гасната мрежа која стигна во Куманово и преку Неготино да дојди тука. Доколку се гасифицира и стопанството кое е значаен дел од таа потрошувачка, ние ќе имаме далеку порентабилно и поевтино производство,” - вели Благој Стојчев претседател на регионалната стопанска комора на Битола. Македонија во последниве години е полна со ризици за инвестирање сметаат од Стопанската комора на Македонија. „Тие ризици практично овозможуваат и повисок профит и тоа е веројатно мотивот на странските инвеститори да дојдат. И јас би инвестирал ако би очекувал во мојот развој некакви зголемени профити итн. Меѓутоа ние зборуваме за една нормална ситуација бидејќи се стремиме кон Европската унија кон европските интеграции а за тоа ни е потребна стабилна инфраструктура и стабилни законски прописи.” Проблемот
што во нашата земја за разлика од соседните државаи имаа се помалку
странски инвестиции е во нас велат стопанствениците а не во
инвеститорите. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Се интензивираат подготовките за гасификација на општина Струмица
Се очекува гасоводот да биде пуштен во употреба пред почетокот на наредната грејна сезона. Новоформираното претпријатие „Струмица-гас" ги презеде сите неопходни подготовки за успешна и навремена реализација на овој капитален проект за гасификација на општината. - Проектната документација опфаќа физибилити студија од околу две илјади страници, идеен и основен проект за примарен гасоводен цевковод за снабдување со природен гас на јавните установи, стопанските објекти и домаќинствата, како и елаборат за заштита на животната средина. Според нашите груби пресметки, замената на нафтата со природен гас само за греење на основните и средните училишта, зградата на локалната самоуправа и општинската библиотека, веќе во наредната грејна сезона ќе значи заштеда од околу 350 илјади евра. Слична аналогија може да се направи и за загревање на индустриските капацитети, на пластениците за раноградинарско производство и на домаќинствата, изјави Зоран Китанов, директор на „Струмица-гас". До крајот на октомври треба да бидат изградени две матични станици за декомпресирање на природниот гас кој со специјални цистерни ќе се носи од мајката-станица лоцирана во Петрич, Република Бугарија. Во ноември, пак, треба да почне да функционира и примарниот цевковод со гасоводна мрежа од 13 километри и комплетна опрема за компресирање, декомпресирање и транспорт на природниот гас. Гасификацијата на струмичкиот микрорегион ќе овозможи заштеда на 40 отсто енергија во однос на сегашната потрошувачка на струја, јаглен, дрва, нафта и нафтени деривати. (МИА) http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2860&Itemid=125 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Гасификација во Куманово
Куманово, 12 март 2011 (МИА) - Средното училиште „Перо Наков“ и новата училишна спортска сала, лоцирана до училиштето, се следните јавни установи коишто ќе се гасифицираат, а екипите на ЈП „Куманово гас“ интензивно работат на поставување на гасоводната мрежа до училиштето и се очекува наскоро да започне затоплувањето со гас. - Дадовме предност во приклучувањето на овие два објекти бидејќи се работи за големи потрошувачи на гас. Според планот, потоа ќе продолжиме до централниот објект на градинката „Ангел Шајче“ и на ул. „Моша Пијаде“, вели директорот на претпријатието Момчило Мирчевски. Наредниот месец се очекува да се постават првите приклучоци на гас и на домаќинствата. Досега Јавното претпријатие изгради 13 километри секундарна мрежа и инвестираше близу 2,7 милиони евра од буџетот на општината. На гас веќе се греат корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“, како и децата од објектот „Синоличка“. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=81967113&lId=1&pmId= |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Интересот остана, гасификацијата никаде ја нема Руската федерација одамна покажува интерес за учество во изградбата на гасоводен систем, и вчера го потврди истото Маја Томиќ |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
До крајот на месецов Струмица започнува со гасификацијаМакедонија | 8. април 2011 - 9:18
Според сите очекувања, гасоводот треба да биде даден во употреба пред почетокот на наредната грејна сезона. Општинските советници неодамна донесоа одлука за преземање на целокупната документација од страна на новоформираното претпријатие „Струмица-гас“ кое ги финализира подготовките за успешна и навремена реализација на овој капитален проект за гасификација на општината. - Проектната документација опфаќа физибилити студија од околу две илјади страници, идеен и основен проект за примарен гасоводен цевковод за снабдување со природен гас на јавните установи, стопанските објекти и домаќинствата и елаборат за заштита на животната средина. Според нашите пресметки, замената на нафтата со природен гас само за греење на основните и средните училишта и на локалните установи ќе значи заштеда од околу 350 илјади евра. Слична аналогија може да се направи и за загревање на индустриските капацитети, на пластениците за раноградинарско производство и на домаќинствата, изјави Зоран Китанов, директор на „Струмица-гас“. Најдоцна до крајот на октомври треба да бидат изградени две матични станици за декомпресирање на природниот гас кој со специјални цистерни ќе се носи од мајката-станица која ќе биде лоцирана во Петрич, Република Бугарија. Исто така, во ноември треба да почне да функционира и примарниот цевковод со гасоводна мрежа од 13 километри и комплетна опрема за компресирање, транспорт и декомпресирање на природниот гас. Гасификацијата е многу важен проект за Струмичкиот микрорегион, бидејќи тоа ќе значи заштеда на енергија од 40 отсто во однос на сегашната потрошувачка на струја, јаглен, дрва, нафта и нафтени деривати. http://daily.mk/cluster3/07b22759cfe0b48a95b382b5617deb2a/676799 |
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
До кај е гасоводот развиен во Грција? Мислам во близина на нашата граница, до кај е стигнат?
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
До Солун. Немаат баш и голема мрежа. Се мислат да ја прошират накај Бугарија, ама далеку е тоа од нас.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
Солун е 80км од Гевгелија. Не е лошо да се работи и на тој коридор, бидејќи се ослободуваме од зависноста само до руски гас. Посебно сега со најавите дека можда Израелците ќе градат гасовод од своите наоѓалишта кои се меѓу најголемите во свет, под морето до Грција.
За голем срам е што уште не се мрдна со гасификацијата. Браво за Струмица што прави нешто. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Почнува реализацијата на проектот за гасификација на СтрумицаНа излезот од Струмица на правецот кон Ново Село и македонско-бугарската граница, каде што ќе биде лоцирана една од двете планирани станици за декомпресирање на природен гас, денеска ќе биде означен стартот на изградбата на гасоводниот систем, за што од локалниот буџет ќе бидат потрошени околу 230 милиони денари. Како што е планирано, гасификацијата треба да заврши заклучно со октомври, односно до почетокот на новата грејна сезона. За реализацијата на овој капитален проект од областа на енергетиката за пренос, управување и дистрибуција со природен гас е формирано и јавно претрпријатие за енергетика „Струмица-гас“. Се работи за изградба на виртуелна гасификација со гасоводна мрежа од 13 километри и комплетна опрема за компресирање, декомпресирање и транспорт на природниот гас од Петрич, Република Бугарија. Според примерот на некои земји во светот, гасифицирањето ќе се реализира без изградба на главен гасовод, туку со поставување специјални гасни централи. - За гасификацијата на општина Струмица позитивно се изјаснија граѓаните и бизнис секторот. За нас тоа е многу важен проект, бидејќи тој ќе значи директна заштеда на енергија во домаќинствата, во стопанството, во јавните општински и државни институции и во најголемата економска гранка - земјоделството. Проектот ќе го реализираме со сопствени буџетски средства, изјави градоначалникот Зоран Заев. http://daily.mk/cluster3/9295d5cb416bd34701a08589d6871fb3/680315 |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
![]() СТРУМИЦА ПОЧНА ДА СЕ ГАСИФИЦИРА! Заев го стартува мегапроектот![]()
http://www.strumicanet.com/world/world-news/europe/item/1760-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%B3%D0%BE-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82.html Edited by Makedonij - 11-Apr-2011 at 20:34 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Текстов има малку некоја нијанса за наводна загрженост како тоа патеката отишла а всушност се гради гасовод. Од поодамна се активностиве веќе неколку месеци, ги немаме регистрирано.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Гасот се приближува до домовите на скопјани Градската гасоводна мрежа во Скопје е изградена во должина од четириесетина километри, а се доградуваат преостанатите 6,5 километри Снежана Калабакова |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Од гас ни абер ни глас
![]() И четири години по формирањето на градското претпријатие „Енергетика“ , нема абер од пронаоѓање партнер за гасификација на домаќинствата во метрополата. Претпријатието постои, во него работат луѓе, земаат плата, но не е реализирано ништо од замисленото. Тоа беше формирано во мандатот на Трифун Костовски. По доаѓањето на градоначалникот Коце Трајановски, тој појасни дека се плаќа сметководител, членови на Управен одбор и директор. И покрај инсистирањето на дел од членовите на Советот, не појасни за колкава сума се работи на годишно ниво. „Енергетика“ четири години произведува трошоци Константин Димитров, претседател на Управниот одбор изјави дека „Енергетика“ с` уште се обидува да пронајде стратешки партнер. Вели дека инвеститорите се откажувале поради цената на гасот која во Македонија им била неатрактивна. - Имаме неидентификуван влез бидејќи се бавни во однос на правото на сопственоста врз гасоводот. Тоа долги години е предмет на судски спор помеѓу „Макпетрол“ и државата. Од друга страна, гасот во Македонија е најскап во светот. Инвеститорите се откажуваат бидејќи цената на гасот е приближно иста со електричната енергија. Исто така, потребни се многу пари да се разграни гасоводната мрежа за да стаса до домовите. Поисплатливо е да се спроведе гасот до индустриските потрошувачи бидејќи се работи за една цевка и за еден потрошувач кој троши многу - изјави Димитров. Според него, потребно е да се случи сериозно намалување на цената гасот на ниво на Македонија, да се смени политичката и економската состојба за да има напредок во гасификацијата. Како што е познато, ова претпријатие беше формирано од Градот, а потоа се преструктурираше како акционерско друштво, баш за полесно да дојде до странски капитал. Но, и тоа не помогна. Дека нешто не е во ред со постоењето и работата на луѓето во фирмата, кои требаше да изработат стратегија за гасификација, сведочи и ланската изјава на Трајановски. Тој на седница на Советот на Град Скопје изрази негодување од работата на ова претпријатие и рече дека не е среќен со неговата работа. - Ќе мора да се дебатира за неговата иднина - изјави тој, но без разлика, оттогаш нема никакво мрднување од мртва точка по оваа тема. Главната мрежа готова до 2012 Доколку се појави инвеститор за дистрибуција, предвидувањата на Градот се дека гасот во домовите на скопјани, но и до јавните институции, би можел да стигне уште наредната година. Тогаш се очекува целосно да заврши доизградбата на главниот прстен. Од мрежата, која почнува од Топлана „Исток“, и преку Автокоманда и Железарница продолжува до Топлана „Скопје-Север“, остануваат да се завршат уште 6,5 километри. Ратко Манов, извршен директор на „Гама“, фирма за транспорт на гас и за управување со системот, објасни дека во моментов работат на потегот од Расадник, во Кисела Вода, преку Центар, Карпош до Тафталиџе. Оваа инвестиција се очекува да биде завршена до првиот квартал од 2012 година. - На тој начин ќе се овозможи користење на природен гас во Топланата „Запад“ во Тафталиџе, но и на граѓаните во тие реони. Последните километри од гасоводната мрежа што треба да се дозавршат ќе чинат 3,5 до 4 милиони евра кои ги инвестираме од сопствени извори - информираше Манов. Неговиот став е дека за побрза гасификација на населбите треба да се заложат и општините. Изградена е главната гасоводна мрежа, останува да се пронајде инвеститор што би ја раширил до домаќинствата, училиштата, градинките, институции, фирми. „Гама“ законски не може затоа што ќе се јави судир на интереси и монополска положба. АД „Гама“, која во изградбата учествува по половина со државата, во Скопје досега има изградено 40 километри мрежа. На постојната мрежа се приклучени само индустриските потрошувачи како Цементарница, „Пивара“, „Европа“, ОХИС, топланите „Исток“, „Север“ и „11 Октомври“, „Жито лукс“, „Елем енергетика“, „ЕСМ Енергетика“ и други. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
13. Jun 2011 12:48 Гасот ќе се приклучува и во куќиЗа дваесетина дена во Куманово ќе започне приклучокот на гас во домаќинствата. Од ЈП „Куманово-гас„ кажуваат дека со поставувањето на станицата за одоризација, која е неопходна за безбедна дистрибуција на гас до малите потрошувачи создадени се сите технички предуслови за нивно непречено приклучување. ![]()
Приклучокот на гасот за домаќинствата ќе чини 800 евра, а ЈП Куманово гас ќе дава одредени поволности при плаќањето. Првите корисници на гас зимава беа Домот за стари лица и градинката Синоличка, а во меѓувреме се приклучи Општината, Полицијата, Судот повеќе основни, средни училишта и установи во центарот на градот. Досега е изградена околу 10 километри гасоводна мрежа за што се потрошени 2,5 милиони евра од буџетот на Општината. Куманово е првиот град во државата што се гасифицираше и започна да го користи гасот за широка употреба. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Изградени 60 отсто од гасоводната мрежа во Струмица
![]() Струмица– Во Струмица во изминатите два месеца се изградени над седум од вкупно проектираните 13 километри примарна гасоводна мрежа. Истовремено, во тек е и тендерот за набавка на потребната опрема, по што ќе биде распишан и меѓународен тендер за набавка со природен гас.
Изградбата на првата фаза од овој капитален проект, единствен од ваков вид во во земјата, ја изведува фирмата „Конти хидропласт“ од Гевгелија, за што со локалниот буџет се планирани 57 милиони денари. Гасоводот, за кој вкупно ќе бидат инвестирани 235 милиони денари, ќе биде даден во употреба во октомври оваа година, пред почетокот на новата грејна сезона.
-
Заокружувањето на првата фаза практично ќе значи основа за гасификација
на локалните и државните јавни установи и на заинтересираните
домаќинства, на стопанските објекти, фабриките и слично. Во втората
фаза, на гасоводниот систем ќе бидат приклучени пластениците и
оранжериите за производство на зеленчук и населените места во
непосредната околина на Струмица, изјави градоначалникот Зоран Заев. - Според глобалните пресметки, само во јавните установи годишно ќе се заштедуваат над 20 милиони евра, а супституцијата на нафтата, струјата и огревното дрво ќе значи и поголема заштита на човековата околина, вели Зоран Китанов, директор на претпријатието „Струмица-гас“. Во наредните два месеца, покрај примарната гасоводна мрежа, ќе бидат изградени и две матични станици за декомпресирање на природниот гас кој со специјални цистерни ќе се транспортира од мајката-станица лоцирана во Петрич, Република Бугарија. Локалниот гасоводен систем во Струмица е проектиран така да може без никакви проблеми да се приклучи на гасоводот кој со најавениот проект на Владата ќе се гради во источниот дел на Републикава.http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3082&Itemid=125 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Ќе се гасифицираат повеќе јавни установи во КумановоТри училишта, градинка и библиотека, сите во центаралниот дел на Куманово, се следните јавни установи кои ќе се гасифицираат. Екипите на јавното претпријатие Куманово гас, интензивно работат на поставување гасоводна мрежа до објектите. Најавуваат дека во септември овие објекти ќе бидат приклучени на мрежата и новата грејна сезона ќе ја почнат со затоплување на гас. “Дадовме предност во приклучувањето на овие два објекти, бидејќи се работи за големи потрошувачи на гас и се надеваме дека се ќе биде реализирано според предвидената динамика. Во септември се очекува да бидат приклучени и првите домаќинства, затоа во август, преку кампања, ќе ги информираме граѓаните за предностите на гасот и за можностите за приклучување на гасот“, вели Олгица Димитриевска, раководител во Ј.П Куманово гас. Досега
јавното претпријатие изгради околу 13 километри секундарна мрежа, а
инвестирани се близу 2,7 милони евра од буџетот на општината. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Се гасифицира населбата КарпошЕкипите на ЈП „Куманово- гас„ работат на поставување на гасоводна мрежа во должина од 1200 метри кон населбата Карпош.
Од претпријатието се задоволни од
неочекувано големиот интерес за приклучување на домаќинствата, и наскоро
ќе започнат првите приклучоци во стамбените објекти кај Мај Маркет и
Стар отпад. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Заврши поставувањето гасоводна мрежа во центарот на Куманово
Куманово, 10 август 2011 (МИА) - Екипите на Јавното претпријатие „Куманово гас“ завршија со поставувањето гасоводната мрежа во централното градско подрачје, каде воедно се лоцирани поголемите правни субјекти како што се градинката „Кокиче“, двете основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ како и гиманзијата „Гоце Делчев“. - Го завршивме кракот кој води од булеварот „Трета МУБ“ кој се проширува на неколку сегменти и сите се завршени, при што се опфатени и правните субјекти и домаќинствата во ова потесно централно градско подрачје, вели Олгица Димитријевска од ЈП „Куманово-Гас“. Поставената мрежа во овој дел е во должина од 1.500 метри. Поставени се цевки од секундарната градска мрежа. Воедно, екипите на надлежното претпријатие поставуваат цевки и кон населбата „Карпош“ во должина од 1.200 метри. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=85942550&lId=1&pmId=501 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |