build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 638
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 02-Aug-2011 at 23:34
Море ако е како таа во Солун тогаш сме напреднале

http://www.youtube.com/watch?v=ptzhRDghwSs


Edited by vladegf - 02-Aug-2011 at 23:44
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 03-Aug-2011 at 01:59
Малку места.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 03-Aug-2011 at 02:24
dobro ili sum jas slep, ili mi se cini deka renderot i skicata nemaat vrska eden so drug. Inaku skicata mi izgleda mnogu cudna, da ne recam nekakov cuden miks od staro-novi stilovi, a krovot izgleda kako na nekoj prosecen stanben objekt.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 03-Aug-2011 at 03:03
Најдов нови материјали за катната гаража што се гради кај судска палата:

1


2


3






4


5


6


7


Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 19-Aug-2011 at 13:27

Незнаев каде да го ставам огласов....Оглас од ЕСЈН за изградба на нова катна гаража спроти Нова Македонија.Критериум за доделување- најниска цена

Број на оглас: 28/2011
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Општина Центар
I.1.2) Адреса: Михаил Чоков бб
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса: www.opstinacentar.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Ненад Крстевски    Адреса на е-пошта: javninabavki@opstinacentar.gov.mk    Телефон/Факс: 3203645/3211 089
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Органи на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје-Општи јавни услуги
ДЕЛ II: ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
II.1) Предмет на договорот за јавна набавка:

Изградба на катна гаража на ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бб (Нип Нова Македонија)

II.2) Вид на договорот за јавна набавка: Работи - Изведување
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
Општина Центар


III.3) Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 26-Aug-2011 at 05:23

Подвиг - темелење под рефлектори

Оперативата на „Гранит“ ја поставуваше темелната плоча на катната гаража цели 36 часа без прекин во работењето

Несекојдневен подвиг направи оперативата на „Гранит“ деновиве кога цели 36 часа без прекин работеше на бетонирање на темелната плоча на катната гаража „Цветен пазар“. Минатиот петок почнувајќи од 18 часот, па се' до 9 часот во неделата, повеќе градежни работници неуморно работеа и на 40 степени и под рефлектори, се' со цел во еден здив да ја избетонираат плочата со дебелина од 1,2 метри. Во темелот на катната гаража се вградени 3.360 кубни метри бетон и над 400 тони железо.

Импозантната слика на градилиштето во кое во текот на подвигот влегоа 160 кипери со песок, 54 цистерни со цемент и уште 168 камиони со фракции, ја надополнуваа четирите бетонски пумпи и 14 миксери кои беа непрекинато вклучени во бетонирањето. Целата количина бетон што се вгради во темелната плоча беше произведена во бетонската база на „Гаматроникс“, која за оваа цел произведуваше во просек по 100 кубици бетон на час.

Ова не е прв пат градежните работници на „Гранит“ да бетонираат темелна плоча на некој објект без прекин. Слично беше и кога се работеше на темелењето на новата зграда на Кривичниот суд, со таа разлика што тогаш се работело непрекинато 24 часа и било вградено речиси тројно помала количина бетон, „само“ 1.400 кубни метри.

Ваквите несекојдневни подвизи, кои можат да си ги дозволат само максимално подготвени и опремени фирми, се прават со цел да се скрати времето на градење, бидејќи плочата се лие одеднаш и брзо и веќе за ден или два може да се продолжи со изградбата на објектот во висина.

Инаку, катната гаража „Цветен пазар“, која се гради спроти „Макпетрол“, ќе биде висока 27 метри, со два ката под земја и ќе има капацитет од 445 автомобили. На најгорниот кат ќе има угостителски локали, а за приземјето се предвидени деловни содржини. На фасадата која ќе се изработува од префабрикувани алуминиумски елементи ќе има отвори за природна вентилација. Пристапот до катната гаража ќе биде овозможен преку новопроектирана улица која ќе биде поврзана со „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. За проектот Градот Скопје обезбеди 656 милиони денари, а објектот треба да биде завршен за две години. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A01566D43DF1CF43852A3BA236C6594A
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 26-Aug-2011 at 08:24
Баш ме чуди што „утрински“ почна да се бави со вакви податоци...не сум сигурен дали се работи за воопшто најдолгото изведување на континуирано бетонирање и дали воопшто вреди да се потенцира овој податок (може некој има некаква информација?) или и ова е уште еден непотребно подметнат маркетиншки текст во некој вакуум од актуелни интересни случувања!?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 29-Aug-2011 at 02:36
Конкурсниот труд на SCARS Studio за катната гаража кај Беко.


Да се проектира катна гаража која ќе обезбеди паркирање за 833 лесни возила и простор за комерцијално-деловни содржини кои би се развивале на првите две нивоа.

ОДГОВОР:

Со цел да се обезбеди потребниот број на паркинг места, вертикалната комуникација на возила низ објектот се обезбедува преку систем на еднонасочни улици и рампи. Широчината на рампите и минималниот пад од 3.75 % овозможуваат тие истовремено да функционираат и како сообраќајници, и како површини за паркирање. Покрај задоволување на барањето за потребниот број на паркинг места, ваквиот рационален сообраќаен систем овозможува нагласена проодност по нивоата како и лесна ориентација во рамки на објектот. Површината за паркирање континуирано продолжува сè до кровот создавајќи експресивен сообраќаен пејзаж, налик на историската, пробна патека на Џакомо Мате Труко за Фиат Лингото во Торино. Обвивката е составена од повторливи фасадни елементи кои се завиткуваат околу динамичниот волумен на објектот, референцирајќи се на Фордистичкиот концепт за сериска продукција.


01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


Извинете за хоризонталниот скролер.


Edited by lslcrew - 29-Aug-2011 at 02:37
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 29-Aug-2011 at 02:42
Конкурсниот труд на SCARS STUDIO за катната гаража кај поранешен Цветен Пазар.
ПРОЕКТНА ЗАДАЧА:

Да се проектира објект за нова катна гаража по периметарот на Градскиот ѕид во Скопје.

ОДГОВОР:

Архитектонскиот проект за катна гаража на Булевар „Мито Хаџивасилев Јасмин“ се обидува да одговори на две поставени прашања. Прво, во зададениот волумен да се обезбеди паркинг простор за максимален број на возила. Второ, со оглед на квалитетите и спецификите на позицијата на објектот во урбаното опкружје, да се осмисли материјално рационална, но естетски впечатлива појавност.

Планот на објектот е развиен околу конструктивно и комуникациско јадро. Вертикалниот проток на возилата низ објектот се остварува преку систем на едносмерни улици и едносмерни рампи лоцирани во централниот дел на планот, околу јадрото. Обвивката на објектот, во чие обликување се употребени префабрикувани, сериски произведени стаклени цилиндри, има способност да се претвори во интерактивен информативен панел кој во екстремно сценарио би се однесувал како површина за комерцијално огласување, видлива од неколку фреквентни булевари. Како дополна на отворениот јавен простор во непосредна близина, светлечката површина може да се употреби и како големо кино на отворено. Иако контрадикторен по својата природа, овој концепт тежнее да ги обедини комерцијалните и културните струења над градскиот центар на Скопје.

Подните и плафонските површини во објектот се употребени како површини за осликување врз кои се исцртани проекции од автомобили, гест преку кој е направен обид, површините кои вообичаено ги одликува чиста утилитарност, да бидат збогатени со ново уметничко искуство, во случајов инспирирано од т.н. „улична уметност“ (street art).


01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


Извинете за хоризонталниот скролер.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 29-Aug-2011 at 16:34
Интересно и фино ако вака бидат изведени фасадите. Инаку нешто што многу ме радува што во проектот за катанта кај цветен во предвид е земен јужен булевар во денивелирана форма.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 29-Aug-2011 at 17:09


Ова не се одбраните решенија. Поназад во нишкава има постирано како ќе изгледаат двете гаражи.
Back to Top
ArChJaZz View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ArChJaZz Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 31-Aug-2011 at 01:24
Добри се проективе за гараживе (барем мене лично ми се допаѓаат),,,,,сакам да го искоментирам проектот за гаражата со кружна рампа во средина....тоа е технички пропус,,бидејки научно е докажано дека ако се качувате по рампа со возило и притоа кружите 2.5 кругови т.е. 900 степени, а притоа рампата е со мал радиус на вртење,,,многу е голема веројатноста дека ќе се удрите во заштитниот ѕид....затоа се воведува дисконтинуитет на секој втор кат.....
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 31-Aug-2011 at 11:54

Уште три атрактивни локации за државни катни гаражи

Соња Јованова


Владата и официјално му даде под траен закуп државно земјиште на Јавното станбено претпријатие за да гради катни гаражи. Станува збор за локацијата каj Холидеј ин, меѓу МЕПСО и Македонскa поштa, како и кај Меморијалниот центар на жртвите од холокаустот. За две до три години на овие локации ќе никнат катни гаражи кои ќе понудат паркинг-простор, со што би требало да се намали сообраќајниот метеж во централното градско подрачје

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ќе гради уште три нови катни гаражи во централното подрачје на Скопје. Освен изградбата на катната гаража меѓу МЕПСО и Македонска пошта, за која месецов беше поставен камен-темелник, претпријатието ќе гради и катна гаража наспроти Холидеј Ин, на просторот до Работнички универзитет и уште една на булеварот Гоце Делчев, веднаш до Меморијалниот центар на жртвите од холокаустот. Трите катни гаражи ќе се градат на државно градежно земјиште, кое од пред два дена и официјално преку објава во Службен весник е дадено под траен закуп на станбеното претпријатие. За овие локации претпријатието преговарало со Министерството за транспорт цела година, барајќи да ги добие без откуп и без јавни лицитации. Директорот Цветко Грозданов најавува дека освен деветкатната автоматизирана катна гаража кај МЕПСО, набрзо ќе бидат поставени камен-темелници и за останатите две катни гаражи.

“Катните гаражи се градат во центар со цел да се намали сообраќајниот метеж и да се реши проблемот со паркинг-просторот. Бидејќи општина Центар не успеа да го добие државното земјиште во свое владение, што требаше да се случи заедно со другите општини од први јули, ние побаравме да стопанисуваме со него трајно“, објаснува Грозданов.

Според урбанистичкиот план, катната гаража до хотелот Холидеј ин ќе биде најмала но и најмодерна, затоа што ќе нудела т.н. машинско паркирање или паркирање со помош на подвижни ленти и компјутери, додека катната гаража која ќе се гради во близина на Музејот на холокаустот ќе биде висока 29 метри и ќе понуди 450 паркинг-места за возила.

Освен трите катни гаражи - проекти на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор - годинава почна изградба на уште пет други гаражи во централното градско подрачје, со што треба да се добијат околу 3.000 нови паркинг-места. Две од нив веќе ги гради град Скопје и тоа кај полициската станица Беко и кај Цветен пазар, додека останатите две се инвестиција на општината Центар, а се наоѓаат во близина на Судската палата и кај поранешна Нова Македонија, со околу 800 паркинг-места во двете гаражи. Само катната гаража кај Судска палата ќе има 500 паркинг-места, а нејзината изградба чини пет милиони евра.

Градоначалникот на општина Центар половина од парите ги обезбеди како банкарски кредит, додека останатиот дел се очекува да биде финансиран од продажбата на деловниот простор. И градоначалникот на Скопје се задолжи за да ја почне изградбата на катните гаражи кај Цветен пазар и кај полициската станица Беко. За да добие 8,5 милиони евра кредит од банките, колку што чини инвестицијата, тој мораше да го стави под хипотека паркинг-просторот во двете катни гаражи, но не и деловните простории, од чија продажба во иднина ќе го враќа кредитот.

АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА НА СТАНБЕН ПРОСТОР ЌЕ ГРАДИ И ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ

Катните гаражи се дел од измените на деталниот урбанистички план “Голем ринг“, јужен дел-исток, каде што е предвидена изградба и на државни институции, но и промена на сообраќајници. Јавното станбено претпријатие се јавува и како инвеститор на административни згради, кои е предвидено да се градат наспроти хотелот Бристол на местото на зелената површина, каде што моментално се наоѓа скулптурата “Риба“. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор веќе најави дека од септември почнува силна градежна офанзива. Освен социјални станови и станови за млади брачни парови, во наредниот период станбеното претпријатие ќе почне интензивна изградба на станови за комерцијална продажба. Сиве овие активности се со цел станбеното претпријатие да се трансформира во менаџерска фирма која ќе прави профит не само за плати на вработените, туку и за добивка, од која ќе се градат нови социјални станови.

ГОДИНАВА СЕ ГРАДАТ ОСУМ КАТНИ ГАРАЖИ ЗА ОКОЛУ 3.000 ПАРКИНГ-МЕСТА ВО СКОПЈЕ

Градот Скопје, Јавното станбено претпријатие и општина Центар годинава планираат изградба на осум катни гаражи во Скопје, особено во централното градско подрачје, со цел да се реши проблемот со паркинг-просторот. Општината Центар ја гради катната гаража кај Судска палата и уште две други катни гаражи, градот Скопје ги гради катната гаража кај полициската станица Беко и кај Цветен пазар, додека Јавното станбено претпријатие ќе гради три катни гаражи кај МЕПСО, Холидеј ин и кај Меморијалниот центар на холокаустот.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72947/ushte_tri_atraktivni_lokacii_za_drzhavni_katni_garazhi.aspx?iId=2327
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 02-Sep-2011 at 00:14
Многу ме бендисуваат проективе од СКАРС, особено првата за на Даме Груев. Е сега, кој им е крив кога не ставиле купола.

Потенцијал се гледа дека има, уште да има кој да го препознае.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 05-Sep-2011 at 06:47

новите обЈекти ЌЕ ГО УБЛАЖАТ, но нема да го решат ПРОБЛЕМОТ СО ПАРКИРАЊЕТО

Во катните гаражи 3.500 нови паркинг-места

Седумте катни гаражи што ги градат три институции, за вкупно 35 милиони евра, ќе го ублажат проблемот со паркирањето во Скопје, но нема да го решат затоа што потребата од паркинзи постојано се зголемува

Со седум нови катни гаражи во центарот на Скопје до крајот на 2013 година ќе се создадат 3.500 нови паркинг-места. Тие ниту од далеку не се доволни за да ги намират потребите за паркирање, но доколку граѓаните редовно ги користат, можат значително да го намалат притисокот врз тротоарите, коловозите и зелените површини. Овие седум катни гаражи се во општествена сопственост, ќе чинат вкупно 35 милиони евра, а ќе ги градат Општина Центар, Градот Скопје и АД за изградба и за стопанисување станбен и деловен простор, односно поранешното државно станбено претпријатие.

Стаклени деветкатници како деловни објекти

Поделбата на колачот за изградба и стопанисување на седумте катни гаражи заврши вака: две за Градот Скопје (на паркингот спроти „Беко“ и во близина на Цветен пазар), две за Општина Центар (Судска палата и кај поранешната зграда НИП „Нова Македонија“) и три за станбеното претпријатие (кај МЕПСО, кај зградата на ССМ и кај Музејот на холокаустот).

Четири од наведените гаражи веќе се градат, а за неколку дена ќе почне и изградбата на онаа во зеленилото пред ССМ, за што теренот веќе е ограден. Оваа катна гаража ќе биде меѓу најскапите, односно ќе чини 8 милиони евра. Според директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, објектот ќе зафаќа површина од 20.000 квадратни метри, од кои 3.500 квадрати ќе бидат деловен простор. Ќе ја гради „Бетон“, со рок за изградба од 24 месеци.

- Овој објект ќе има девет нивоа над земја и две под земја, со капацитет за 516 возила. Ќе биде од стакло, ќе личи на големиот центар „Соравија“, за да се вклопува во околниот амбиент - изјави Грозданов.

Тој најави дека ова акционерско друштво во ноември ќе ја почне и изградбата на гаражата кај Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија, но за неа с` уште не сакаше да кажува детали.

Гаражата кај МЕПСО, која почна да се гради летово, ќе биде автоматизирана и е најавена како една од најсовремените катни гаражи на Балканот. Вредна е речиси 6 милиони евра, а главна карактеристика, освен автоматизираноста, и е фасадата во барок, поради потребата да се вклопи со останатите објекти од проектот „Скопје 2014“. Зафаќа површина од 8.229 квадрати и е со капацитет за 280 автомобили.

Дел од местата на продажба

Градските власти во двете катни гаражи на скопјани ќе им обезбедат над 1.000 нови места за паркирање. Гаражата на паркингот спроти „Беко“ ќе може да прими 600 возила и 120 велосипеди, а онаа кај Цветен пазар е предвидена за 445 возила.

Првата ќе има модерна стаклена фасада и ќе достигне висина од 23 метри. Ќе има седум ката и две нивоа под земја, а на приземјето и на првиот кат се предвидува простор за трговско-деловна намена. Изградбата на овој објект чини 1,4 милион евра, за што Градот зеде кредит. Втората „градска“ гаража кај Цветен пазар ќе има девет ката, а ќе чини 11 милиони евра, што Градот Скопје планира да ги обезбеди од буџетот.

Општина Центар, пак, неодамна на граѓаните им понуди можност да купат паркинг-место во гаражата „Судска палата“, која ќе има капацитет од 500 места. И од овој објект одреден дел ќе се користи како деловен простор, односно 15 отсто од неговата вкупна површина од 20.000 квадрати. Според одлуката на Советот, едно паркинг-место ќе се продава за 8.500 евра, а дуќаните ќе одат на лицитација, со почетна цена од 1.500 евра за квадрат на приземје и 1.300 евра за квадрат деловен простор на катовите. Оваа гаража ќе чини 5 милиони евра, од кои половината ги обезбеди Општината со кредит, а останатите пари ги очекува од продажбата на дуќаните и паркинзите.

Општина Центар треба да изгради зграда за паркирање и кај „Нова Македонија“ за 150 возила. Оваа инвестицијата ќе чини 3.300.000 евра.

До 2020 на центарот на Скопје ќе му бидат потребни 31.000 паркинг-места

Според анализите на актуелниот Генерален урбанистички план за Скопје од 2002 година, само во центарот на градот недостигаат над 15.000 паркинг-места, а регистрирани се околу 5.000. Иако од 2002 година наваму бројот на нови паркинзи во центарот се зголемува, градот е далеку од оптимална состојба.

Во Генералниот план се наведува дека проблемот со недостиг на паркиралишта би се решил со изградба на катни гаражи, евентуално на сметка на партерното зеленило, за кое се вели дека е уништено и не се одржува.

Анализите покажуваат дека до 2020 година потребите за паркинг-места ќе пораснат од 18.000 на 31.000.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7006E03B07BCA649834520055774F7C1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 05-Sep-2011 at 06:57

Капиштец се' уште го чека монтажниот паркинг

Општинарите од Центар велат дека наскоро ќе почнат со теренска реализација на проектот

Ни по изминати две години од најавите во Капиштец се' уште не е изграден монтажниот паркинг, проект кој градоначалникот Владимир Тодоровиќ им го вети на граѓаните како еден од приоритетните за реализација. На просторот по должина на улицата „Народен фронт“, до кафулето „Интермецо“, каде што е предвиден паркингот и натаму има голем метеж од паркирани возила. Освен на постојниот паркинг, неретко од паркирани автомобили е блокирана и улицата. Од тие причини, велат станарите од околните згради, едвај чекаат општинарите да ги реализираат ветувањата. Убедени се дека наменскиот објект во голема мера ќе го ублажи недостигот од паркинг-места во реонот, како што неодамна се надминаа проблемите во дел од Ново Лисиче, каде што се изгради првиот објект од ваков тип во градов.

„Поставувањето на монтажниот паркинг, согласно со динамиката на работа, е планирано во најскоро време. Моментно се работи на завршување на административните постапки“, информираат од Општината.

Оттаму се' уште немаат утврдено по колкава цена и по какви услови ќе може да се користи паркингот. Единствено, велат дека Општината нема намера да профитира, па така планираат користењето на паркингот да се наплаќа симболично. Планирано е монтажниот паркинг да обезбеди околу 360 паркинг-места на платформата и уште толку во долното приземно ниво на објектот. Тој ќе се простира на површина од околу 8.000 квадратни метри. Ќе биде изграден од поцинкувана конструкција. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=54BBE866E5A69A42B7AA318FCC7C09DC
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 22-Sep-2011 at 12:01

За поцинкуваната монтажна конструкција – 2,6 милиони евра

Се оградува просторот за монтажниот паркинг во Капиштец

капиштец
Екипите на „ДФТ Масон инженеринг“, фирмата која на којзнае кој по ред тендер, ја доби работата околу поставувањето на монтажниот паркинг во скопската населба Капиштец, почнаа со оградување на градилиштето долж улицата Народен фронт. Монтажниот паркинг, како што соопштуваат од општина Центар, ќе се протега од почетокот на улицата Народен фронт, кај АМСМ, до кафулето „Интермецо”. Сега, во рок од 120 дена, треба да се монтира паркингот на постојното паркиралиште од броевите 17 (пред Охридска банка) до 27 на оваа улица, или 2.500 квадратни метри, како прва фаза од проектот. Целиот паркинг, пак, ќе зафаќа површина од 8.000 квадрати, а општина Центар за неговата изведба ќе потроши 2,6 милиони евра.

И, додека полека теренот се заградува, жителите на Капиштец се и повеќе од револтирани, зашто наскоро станарите на зградите од број 17 до број 27 ќе нема каде да ги паркираат автомобилите.

„Три години градоначалникот Тодоровиќ зборува за овој паркинг. Така и не примами да дадеме глас за него на локалните избори. Ова беше негов предизборен адут. Распишуваше неколку несупешни тендери, лани ова време, го асфалтираа постојното паркиралиште, а сега го оградуваат просторот. Никој не не праша дали сакаме ваков паркинг, ниту, пак, сега, кога ќе се прави паркингот, некој не информира каде ќе ги паркираме возилата. Нема ни простор по тротоарите. Веројатно, градоначалникот смета на својата катна гаража „Зебра“, па ќе ќари на нашата мака“, револтирано вели Деса Велкова од Капиштец.

Монтажниот паркинг, според проектот на општината, треба да обезбеди околу 720 паркинг места, распоредени по околу 360 на приземјето и на првата платформа.

Во текот на вчерашниот ден не добивме одговор од надлежните во општината  Центар, кога точно ќе почнат градежните работи, ниту како замислуваат во предвидениот рок од три месеци за изведување на градежните работи, да се организира паркирањето во овој дел од градот.
Општинскиот гласноговорник по којзнае кој пат објасни дека структурата на конструкцијата на паркингот ќе биде од поцинкувани, префабрикувани и модуларни елементи, кои ќе може лесно и брзо да се монтираат и демонтираат.

По монтажата на првата фаза, надлежните планираат просторот околу паркингот да се зазелени, хортикултурно да се уреди, како и да се постави урбана опрема.

Основната цел за поставување на монтажниот паркинг е решавање на проблемот со паркирањето во густо населената населба Капиштец, односно жителите да имаат гарантирано место за оставање на своите автомобили во секое време од денот, информираат од општината.
„Општина Центар нема да профитира од монтажниот паркинг, затоа што цената за користење на паркингот би била симболична“, изјави портпаролот Јовица Ацковски.

Иако со паркиралиштето ќе стопанисува општинското јавно претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, надлежните не откриваат колку симболчна ќе биде висината на цената на билетот за користење на паркингот, ниту дали паркирањето ќе се наплаќа од час или ден, неделно или месечно.
Монтажниот паркинг беше еден од главните предизборни адути на градоначалникот Владимир Тодоровиќ.

На предизборните плакати за локалните избори од 2009, спред фотомонтажата, монтажниот паркинг беше претставен како се протега над постојното паркиралиште од почетокот на улицата Народен фронт до крстосницата со Рузвелтова. Поради неколкуте кафулиња и ресторани, меѓу кои е и култната „Воденица“, што се направија на местото на железничките трошни куќи пред 10 години, должината на монтажниот паркинг е намалена. Досега, за монтажното паркиралиште во Капиштец се организираа неколку неуспешни тендери, а фирмата „ДФТ Масон инженеринг“, која на претходнииот тендер поднела жалба, овој пат ја доби работата вредна 2,6 милиони евра.

Иако општина Центар прва најави дека ќе прави монтажен паркинг, надлежните од Аеродром ги претркаа и минатата година во населбата Ново Лисиче направија ваков објект, кој жителите го користат бесплатно. Надлежните од општина Аеродром имаа во план да прават ваков паркинг и пред зелените кули во населбата Јане Сандански, но тамошните жители се спротивставија на идејата, недавајќи да им се уништи зеленилото пред зградите.

http://www.time.mk/read/710762726c/11e52e9f4a/index.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 22-Sep-2011 at 16:07
Од каде најдоа и во ова заговор дека додека се гради гаражата градоначалникот сметал на приватната гаража. Баш напротив, доблест е од позиција на градоначалник да гради катна гаража додека е и сопственик на катна. Не толку за да го бранам градоначалникот туку зашто нема логика во тезите.

Инаку гаражава во долниот дел може да биде нешто како зонското за околните жители кои ќе имаат де факто гаражирано место и доле да биде за возила кои се вадат/паркираат еднаш двапати во ден како на жителите, а горе некоја поголема проточност за тие што се тука по околните трговскиот, деловни и слични потреби.

Уште една друга работа која ми остана нејасна и тука во во Аеродром. Зашто не го прошират паркингот за пола во ширина и наместо коридорот да служи за еден ред паркинг места ќе служи за два. Така ќе се добие дупли капацитет, а за помало проширување на паркингот. И во Аеродорм и тука има простор.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 07-Oct-2011 at 12:29
Тече процедурата за реализација на проектите за изградба на неколку катни гаражи и подземниот паркинг во Охрид, за решавање на проблемот со недостаткот на паркинг простор во најголемиот туристички центар во државава, уверуваат надлежните во локалната самоуправа.

Се може да се направи, не е никаков проблем да се направи тој паркинг, тоа чини пари. Се си има своја цена.
Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам во локалната самоуправа.
Општинскиот совет ги донесе измените на урбанистичките планови за обезбедување простор за катните гаражи кај градскиот пазар за 400 возила и во спортскиот центар „Билјанини Извори“ за 2.000 возила, за што се подготвува техничка документација, велат во општина Охрид, каде според урбанистичкиот план предвидено е подземна гаража на две нивоа да има под конгресниот центар кој треба да се гради кај стариот градски полигон во центарот на градот за паркирање на 400 возила.

Во завршна фаза се измените на ДУП за дел од стариот град северно од Горна Порта, каде под сегашниот паркинг се планира во стар традиционален стил по насоките за заштита на УНЕСКО, да се изгради каскадна гаража за возилата во стариот град. Најголемо внимание привлекува идеата за изградба на подземен паркинг под централниот плоштад од Летница кај чаршијата до хотелот Ривиера по должина на Кеј Маршал Тито, за што почнаа да се цртаат измените на нацрт ДУП за Табана и Ривиера, велат во општината, каде сметаат дека зафатот е реален и изводлив во наредниве пет години и покрај скептичноста во јавноста за дамнешните најави на локалната власт.

„Дека не е реално, не е точно. Јас сум оптимист, ако можат некаде од море да прават копно, а ние копното да не можеме да го искористиме, тоа за мене е несватливо. Се може да се направи, не е никаков проблем да се направи тој паркинг, тоа чини пари. Се си има своја цена. Ако сакаме да имаме чист плоштад без сообраќај, со уредено шеталиште, а под него да има паркирање, тоа ќе не чини доста пари. Бидејќи општината поради познатата финансиска состојба и наследените долгови, нема средства, сите овие проекти сакаме да ги реализираме со јавно-приватно партнерство. Општината да учествува со земјиштето и со локацијата, а приватен партнер со изградба на паркингот. Според мене е изводливо и јас сметам дека во наредниве години ќе се реализираат и катните гаражи и  подземниот паркинг“, вели Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам во локалната самоуправа.
​​
Тој амбициозно најавува нови над пет илјади паркинг места во Охрид. Граѓаните пак се покритични и посомнителни.

„Во врска со градењето на подземна гаража кај плоштадот, сметам дека таа идеја по малку е утопистичка, бидејќи се сомневам дали реализаторите на тие проекти се подготвени технички, како и со соодветни стручњаци за да се да се реализира таков зафат во Охрид и во Македонија. Сите знаеме дека плоштадот е на самиот кеј во близина на езерото“, вели анкетирана охриѓанка.

Во врска со градењето на подземна гаража кај плоштадот, сметам дека таа идеја по малку е утопистичка.
Анкетиран граѓанин
 
Таа смета дека и возачите мора да се навикнат на новите правила на паркирање на паркинзите со плаќање, без узурпација на празните простори без наплата меѓу зградите во центарот на Охрид, кои ги користат нивните жители.

„Јас користам паркинг, бидејќи мојата работа е во централното градско подрачје, а живеам надвор од Охрид. Но, тука има уште еден парадокс. И покрај тоа што плаќам за паркирање, вработените на паркиралиштата мака мачат за да обезбедат соодветен паркинг простор за платената услуга, преместувајќи ги возилата од едно на друго место. Така што, факт е дека Охрид има сериозен проблем и надлежните треба итно да извршат реализација на проектите, односно да изградат катни гаражи во Охрид“, вели граѓанин на Охрид.

Во летната туристичка сезона бројот од 20 илјади возила на охриѓани, двојно се зголемува, а проблемот со паркирањето  посебно се чувствува со урбанистичко-градежната експанзија во градот, каде дури сега почна во новите станбени  објекти да се гради и паркинг простор.

http://daily.mk/cluster3/140adb62e1cc1ca1bc566d6dff66a409/935081
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 10-Oct-2011 at 23:18
Државата продава уште една парцела за „барокен“ хотел под Кале


Извадок%20од%20ДУП%20Централно%20зеленило%20покрај%20Вардар%20–%20Парк%202


Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно земјиште во општина Центар, наменето за изградба на хотелски комплекс. Се работи за парцела на левиот брег на Вардар, непосредно под американската амбасада, опфатена со ДУП „Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2“. Парцелата бр.2.1 има вкупна површина од 4.090 метри квадратни и површина за градба од 1.487 метри квадратни. Максималната дозволена висина до венец е 11 метри, а коефициентот на искористеност изнесува 1,1.

 

Инвеститорот е обврзан фасадното обликување да го изведе во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Исто така од инвеститорот се бара финализација на градбата во рок не подолг од 6 години, сметано од денот на добивањето на одобрението за градење, кое треба да го обезбеди во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот за отуѓување на градежното земјиште. Доколку објектот не се изгради во определниот рок по негова вина, купувачот ќе има обврска да плаќа казна во висина од 2% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање, за секој изминат месец. Почетната цена за земјиштето изнесува 61 денар за метар квадратен, односно вкупно околу 4 илјади евра. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 11.11.2011, а наддавањето ќе се одржи на 21.11.2011.

 

Министерството за транспорт и врски истовремено распиша објава и за продажба на државно земјиште за изградба на катна гаража во непосредна близина.Ова е повторен обид да се привлече инвеститор кој би го градел објектот. Овој пат метар квадратен се продава по почетна цена од 61 денар, а новост е и условот за фасадното обликување, кое како и за хотелот, треба да биде изведено во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Заинтересираните субјекти може да се пријават за учество најдоцна до 10.11.2011. Јавното наддавање ќе се одржи на 18.11.2011.

http://www.build.mk/?p=10046

Edited by build.mk - 10-Oct-2011 at 23:18
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.664 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.