build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на Министерството за транспорт

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Надградба на Министерството за транспорт
    Posted: 06-Apr-2010 at 10:40

virusot infektira (ako se realizira so barokot)
 

Уште еден, четврти кат, ќе се издигне на зградата на Министерството за транспорт и за врски, а деновиве е распишан и оглас во кој се бара да се изработи идејно решение за изгледот на доградбата. Во конкурсот Министерството бара решение за фасада и за надградба на последен, четврт кат за управната зграда, која е во непосредна близина на Македонската опера и балет и новиот објект во изградба за Македонската филхармонија. На учесниците ќе им се дадат и прилози со идејните решенија за надворешниот изглед на објектите во непосредното опкружување, кои се планирани или се во тек на изградба, што значи дека, најверојатно, ќе се бара и новиот кат да биде вклопен во барокниот стил. На конкурсот може да се пријават домашни и странски правни и физички лица. Првата награда за избраното најдобро идејно решение изнесува 200.000 денари, втората награда е 150.000 денари, а третата 100.000 денари. Министерството може да откупи најмногу уште четири други идејни решенија во висина од по 30.000 денари. Конкурсот трае до 11 мај. Во Министерството велат дека изградбата е планирана в година.

Р. П.



Edited by Cloverstack - 26-Oct-2011 at 22:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Nov-2010 at 19:39

Ќе се реконструира објектот на Министерството за транспорт и врски

Постојниот објект на Министерството за транспорт ќе се реконструира и надградува. Предвидено е постапката да почне во 2011 година. Министерството веќе објави и конкурс за најдобро идејно решение, но не беше избрана најповолната понуда. Единствена беше понудата на „Македонијапроект“.

Од Министерството за транспорт и врски засега не откриваат детали за обемот на реконструкцијата и надградбата. (А.П.)
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2082EA77BA83B642820B65D1C3034953
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-Nov-2010 at 19:41
Pa neli imase i porano izjava!Kje bide vo anticki stil(kolku sto razbrav)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-Nov-2010 at 23:05
Па овој објект колку што се сеќавам не се гледаше на клипот Ск14, ама претпоставувајќи според трендот за другите згради кои се во план, најверојатно ќе биде нешто слично на објектите од плоштад.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 19-Mar-2011 at 19:05
Vo sitel vidov deka segasnata ministerstvo za nadvoresni raboti se renovira(imase skelinja na levata strana)!!
Ima nekoj potocni informacii?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Mar-2011 at 20:02
i ja ja vidov snimkata pretpostaviv deka e postara. shto ke renoviraat koga pravat nova zgrada ili verojatno posle ke ima druga isnstitucija smesteno vo starata.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Aug-2011 at 20:00
Eve prvite predlog projekti za ministerstvo za trnasport i vrski
http://www.architizer.com/en_us/projects/pictures/ministry-of-transport-and-communications/21070/173483/
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Aug-2011 at 22:12

Kade se naogja ministerstvo za transport i vrski?

...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Aug-2011 at 22:18
од другата страна на камени мост,спроти црквата,каде што ќе биде Филип Втори(плоштад карпошово вотание)
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Aug-2011 at 23:20
Originally posted by my Macedonia

Eve prvite predlog projekti za ministerstvo za trnasport i vrski
http://www.architizer.com/en_us/projects/pictures/ministry-of-transport-and-communications/21070/173483/
ова е фиално решение или само дел од некаков конкурс?
како и да е, не знам дали треба воопшто да бидам изненаден од сето тоа, ама навистина не ми е јасно, зошто покрај тоа што се изградија нови, се касапат веќе постоечки објекти на ваков начин???
искрено, ќе ја сварам некако омразата на одредени луѓе кон вакви објекти, ама не ми е јасно зошто мора да ги реметиме, еве конкретно како овој објект, има милион други во кои се наоѓаат политички институции насекаде во светот, нема ништо спорно во него, требаше единствено да се реновира и можеби понатаму да се модернизира соодветно на условите кои ги поставува веќе постоечката фасада на објектот
а доколку целта е да се вклопат старите објекти со новите, тогаш наопаку ја сфатиле работава, тоа треба да се прави преку новите објекти и тие да се ориентираат спрема околината, а не околината спрема нив
а и не ми е јасно што е постигнато па со ваква фасада, многу „покомуњарска“ е од претходната, а и додале и премногу спратови, како да е од лего коцки... но не е битно, ако не е финално решение, нема да коментирам базирано на сликата

а ако менуваме фасади само поради нечиј вкус, според кои фасадите биле грди, тогаш крај ќе ни нема на лудилото
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bearstone View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bearstone Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-Aug-2011 at 02:45

Да апсолутно, личи на типична зграда на некое кинеско министерство за развој или слично .. некаде во Пекинг пред 20 години.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Aug-2011 at 17:19

вторник, 23 август 2011, 17:17

Нова фасада на Транспорт, нов плоштад пред него

Нова%20фасада%20на%20Транспорт,%20нов%20плоштад%20пред%20него
Никола Крстиќ
Вака, најверојатно, ќе изгледа новата проширена и надградена зграда на Министерството за транспорт и врски. Ќе се доградат два ката, ќе се реновира внатрешноста, но ќе се смени и надворешноста. Сепак, надлежните не откриваат дали оваа неокласична фасада е конечната варијанта за која се одлучиле од понудените на конкурсот за идејно решение. Веќе е распишан и тендер за избор на изведувач на градежните работи.

Во меѓувреме, со полна пареа се работи на просторот пред Министерстовото – се оформува Плоштадот Карпошово востание. Крајно време беше влезот во Старата чаршија да добие нов лик, велат граѓаните.

-Мислам дека треба да се заокружи, не може да остане така, влез во Чаршија е.
-Сè што се гради, сè е убаво, останува за век и веков.
-Многу убаво е, прекрасно е - велат граѓаните.

На местото на правливата калдрма и неуредното паркиралиште, ќе се надвиши нов комплекс со споменици и водоскоци. Идејното решение е на Валентина Стевановска, скулпторката која го изработи Воинот на коњ. Централно место ќе зазема фонтаната-постамент во облик на солза висока 15 метри на која ќе биде поставен 13-метарски споменик, официјално именуван само како Воин, за кој во јавноста се шпкулира дека ќе го претставува Филип II Македонски. Лево и десно од веќе поставените паметници на просветителите, ќе има два водоскока со скулптури на коњи, а на четвртиот ќе бидат поставени скулптури на мајки со деца. Ова е глинениот модел во конечната големина на една од нив.

„Ова е една од фигурите  што ќе биде поставена од другата страна на мостот, односно на плоштадот Карпошово Востание. Таму ќе биде поставен воинот, ќе има повеќе придружни фигури, ќе има фонтана со уште три други помали, кои ќе претставуваат една целина. Има повеќе придружни фигури, има повеќе релјефи, има војници, коњи, лавови” вели Валентина Каранфилова – Стевановска, академски скулптор (02 07 2011).

Изградбата на комплексот му е доверена на “Бетон” кој победи на меѓународниот тендер на Општина Центар.

-Што ќе се гради овде?
-Спменик.
-До кога треба да биде готов?
-Не знам.
-А чиј споменик?
-На Филип Македонски - вели еден од вработените на градилиштето.

Поставувањето на спомениците веројатно ќе почека до наредното лето бидејќи сè уште се прават во италијанската леарница „Фон­де­ри­ја ар­ти­сти­ка Гу­а­сти­ни”. Механизмот на фонтаните го изработува „Делта”, истата италијанска фирма задолжена и за фонтаната на Плоштадот Македонија.

http://www.mrt.com.mk/mk/vesti/makedonija/23753/nova_fasada_na_transport,_nov_ploshtad_pred_nego.aspx
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 23-Aug-2011 at 21:02
Originally posted by axel

Вака, најверојатно, ќе изгледа новата проширена и надградена зграда на Министерството за транспорт и врски. Ќе се доградат два ката, ќе се реновира внатрешноста, но ќе се смени и надворешноста. Сепак, надлежните не откриваат дали оваа неокласична фасада е конечната варијанта за која се одлучиле од понудените на конкурсот за идејно решение.

Проширена и надградена, како Преродбата во 100 чекори. Likе!
Неокласицизам?! Стварно, кој стил е ова?! Или барем до кој стил е најблиску?!


Edited by Superman - 23-Aug-2011 at 21:02
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Oct-2011 at 18:58

Нови 4,9 милиони евра за „Бетон“ - ќе ја оправа зградата на Министерството за транспорт


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/26/beton60.JPG

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје објави дека склучила договор вреден 299 милиони денари (4,9 милиони евра) со Министерството за транспорт и врски. Во сумата од договорот е вклучен и данокот за додадена вредност (ДДВ).


Според овој договор, „Бетон“ треба да изврши активности на реконструкција на административната зграда на Министерството во Скопје, се вели во дописот испратен до Македонската берза за хартии од вредност.


Инаку оваа зделка е шеста по ред од 23 мај годинава.


Вкупните зделки склучени меѓу државата и компанијата досега изнесуваа 28,49 милиони евра за потребите на проектот „Скопје 2014,“ а покрај ова „Бетон“ склучи и договор вреден 2,1 милион евра за изградба на училиште во населбата Аеродром, со што вкупниот цех на државата кај оваа градежна фирма изнесуваше 30,59 милиони евра од 23 мај до вчера.


Со оваа најнова зделка вредна 4,9 милиони евра, вкупната вредност на договорите што „Бетон,“ во период од 5 месеци ги потпиша со власта, се искачија на 35,49 милиони евра.

http://www.time.mk/read/NONE/6159e15bc2/index.html

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Oct-2011 at 20:32
Не се многу 4,9 милиони евра за реконструкција и доградба. Небаре цела нова зграда градат.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-Oct-2011 at 23:28
Славам,конечно ќе исчезне таа грда фасадна визура од центалното градско подрачје, според мене топ 10 најгрди фасади во Ск.
Како и да решат да ја изменат мислам дека ќе изгледа подобро од ова моменталново.

Edited by HugoGoulding - 27-Oct-2011 at 00:28
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Oct-2011 at 23:33
Ахх, колку е лесно да се трошат туѓи (наши) пари! 4,9 мил. за реконструкција, а еве некои форумџии слават. Ашколсун!
Back to Top
saturnus View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote saturnus Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Oct-2011 at 13:28

http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3464


Ве информираме дека по спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка, Министерството за транспорт и врски склучи договор за изведување на градежните работи за надградба и реконструкција на управната зграда на Министерството за транспорт со градежната компанија АД „Бетон“ од Скопје. Предвидено е градежните активности за надградба и реконструкција на објектот – Управна зграда на Министерството за транспорт и врски да почнат на почетокот на месец ноември 2011 година.




Проектот за надградба и реконструкција на управната зграда на Министерството за транспорт врски опфаќа изградба на дополнителни катови, со што ќе се добие приземје и 5 катови, во една функционална целина со цел што подобро и поефикасно функционирање во една главна административна единица на Министерство за транспорт и врски.



По реконструкцијата, во управната зграда на Министерството за транспорт и врски ќе функционираат и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот комунален инспекторат и Агенцијата за сигурност во железничкиот систем. На овој начин ќе се овозможи сите сектори и органи на Министерството за транспорт и врски да бидат на едно место, наместо како што е сега на повеќе локации во Скопје, односно граѓаните ќе можат да ги добиваат сите услуги од овој ресор на едно место.



Во рамките на проектот се предвидува објектот да биде подобрен согласно потребните стандарди за статика, односно предвидено е целосно зајакнување на постоечката конструкција и на сите постоечки столбови, односно столбовите во подрумскиот дел, на приземјето и катовите и предвидено е лоцирање на предната фасада пред постоечките столбови.



Исто така, проектирано е објектот да има главен влез на северната страна, два лифта кои ќе ги поврзуваат сите катови, голема сала за состаноци и презентации, како и пристап за лица со посебни потреби и противпожарни скали. Предвидена е целосна обнова на фасадата со термичка изолација, како би се подобрила енергетската ефикасност на објектот.



Во внатрешниот дел, во подземното ниво на објектот е предвиден технички кат, каде што ќе бидат сместени сите помошни уреди за електричните инсталации, системот за климатизација, водоводни и одводни инсталации.



Главниот влез во зградата е предвиден на северната страна, од каде ќе се влегува на приземното ниво во влезен хол, пријавница и простор за чекање. На ниво на влезот ќе се наоѓа и архива. При влезот се предвидува поставување на детектори за контрола. Во главниот хол се и пристапите до двата лифта кои ги поврзуваат сите катови.



На првите три катови од објектот се предвидува да бидат сместени општите служби на Министерството, при што соодветно ќе бидат опремени и канцелариите на вработените и раководителите. Покрај канцелариите е предвиден и простор за сервер, според сите стандарди потребни за сместување на електронската опрема. Исто така, во овој дел се предвидуваат и неколку сервисни простории.



На четвртиот и петтиот кат ќе бидат просториите наменети за кабинетите на заменик-министер и министер, заедно со салите за состаноци. Кровот на објектот е рамен, и организиран како кровна градина.



Исто така, ќе се изврши целосно обновување, односно ново инсталирање на термотехничките, електричните и санитарните инсталации.



Рокот за изведување на градежните работи е 1 година денот на воведување во работа од страна на надзорниот инженер.



Во периодот на надградба и реконструкција на административната зграда, Министерството за транспорт и врски ќе биде привремено сместено на друга локација за чие детерминирање во тек е постапка по чие што завршување јавноста ќе биде благовремено информирана.



Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1304
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Oct-2011 at 16:03

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Oct-2011 at 17:17
Пристојно, можеби најпристојно досега.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.