![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 30> |
Author | |
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во Куманово интензивно се работи на гасоводната мрежа кон населбата Карпош
Куманово, 25 август 2011 (МИА) - Екипи на ЈП "Куманово Гас" интензивно работат на поставување на гасоводната мрежа кон населбата Карпош. Вкупната должина на гасоводната мрежа е 15.000 метри, а се поставуваат цевки со поголема широчина бидејќи во населбата живеат околу 15.000 жители, а има и стопански и угостителски објекти. "Куманово-Гас" ја има набавено и станицата за одоризација која е прва во Македонија. Оваа станица која е поставена до мерно-регулациската станица е неопходна за приклучок на домаќинствата, кое според најавите на надлежните од претпријатието ќе се случи во октомври, годинава. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=86291604&lId=1&pmId= |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
![]() Иако Македонија не е на патот на овој гасовод, кој треба преку Турција да влезе во Бугарија и преку Романија и Унгарија да стигне до Австрија, сепак, многу лесно е можно „продажбата на гасот да ги вклучи земјите кои не се во рутата на „Набуко“, какви што се Хрватска, Македонија, Србија и Словачка, на пример, кои би можеле да бидат интегрирани во дистрибутивната мрежа преку серија на евтини конектори, дури и преку создавање на гасоводен прстен со независни реверзибилни сегменти (повратни, кои би можеле да го пренесуваат гасот во двете насоки – н.з.),“ пишува професорот за европски, евроазиски и руски студии, Роберт Катлер од Карлтон Универзитетот во Канада за изаданието Asia Times. „Набуко“ гасоводот е во сопственост на 6 државни компании за природен гас (од Турција, Бугарија, Романија, Унгарија, Австрија и Германија) и неговата цел е да го пренесува гасот од подводните гасоводни полиња од Азербејџан (но, и од други земји како Ирак и Туркменистан) до европските пазари, а се со цел да се намали зависноста на континентот од рускиот гас, кој во моментов е доминантен. Токму деновиве светските медиуми известуваат дека се при крај преговорите меѓу Турција и Азербејџан, кои ќе ги уредуваат прашањата како што се транзитните плаќања, волуменот на гасот кој ќе се транспортира и продава, како и можните рути и наскоро се очекува сите овие детали да бидат претворени во договор кој ќе ги обврзува двете страни. Со ова се затворени прашањата на трансмисија и продажба на гасот од подводното наоѓалиште на територијата на Азербејџан, Шах Дениз, за кое се смета дека содржи огромни 1,200 милијарди кубни метри гас, а има годишно производство од 16 милијарди кубни метри гас. Ова е само почетно производство и тоа би требало да се зголеми до 25-30 милијарди кубни метри годишно. Вкупниот капацитет на „Набуко“ гасоводот треба да изнесува 31 милијарда кубни метри гас. Од Шах дениз се очекуваат околу 16 милијарди кубни метри годишно. Овој гас би требало да го снабува „Набуко“ и неговиот конкурент, гасоводот ИТГИ (Интерконектор Турција-Грција-Италија), кој, пак треба да поминува преку овие земји и до Италија да стигне од под Јадранот. Од почетокот на годината, Европската комисија врешеше притисок врз овие два конкуренти да соработуваат со изградба на краток интерконектор меѓу Бугарија и Грција. Со ова се постигнуваат две цели – како прво можеби нема да биде неопходно да се гради втората фаза од „Набуко“ и неговите трошоци за иградба ќе поевтинат со оглед на тоа што ИТГИ гасоводот е предвидено да има капацитет од 10 милијарди кубни метри годишно, а и се отвора можноста гасот да се движи поблиску до земји кои не се во рутата на двата гасоводи, како Македонија, на пример. Инаку, преговорите меѓу Азербејџан и Турција беа тешки и од причини зашто Азербејџан инсистираше да биде сопственик на гасот кој ќе се движи низ гасоводите за во иднина да може да го продава и на други земји. http://www.time.mk/read/NONE/c040802e01/index.html |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Трансјадранскиот гасовод потпиша договори со сите освен со Македонија![]() Д-р Луц Ландвер, директорот за стратегија и развој на Трансјадранскиот гасовод (ТАП) кој преку Турција, Грција и Албанија, ќе пренесува гас до Италија под Јадранот, изјави дека компанијата има потпишано договори со сите земји од западниот Балкан кои се по трасата на Јонско-јадранскиот гасовод (ИАП), кој ќе поминува покрај Јадранскиот брег, какви што се: Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Тој додава и дека заедничка група во моментов ги испитува можностите за изградба на интерконекциска врска меѓу двата гасоводи во Албанија. Д-р Лундвер вели дека компанија која ќе управува со гасоводот е спремна за соработка и со другите земји и директно ја спомнува Македонија, како и Бугарија, Србија, Романија и Унгарија. За сите нив вели дека ТАП нуди можност за пристап до каспискиот гас со што би се засилила сигурноста во снабдувањето со природен гас во секоја од овие земји. ТАП треба да ја пресече северна Грција по целата нејзина ширина и да поминува на само неколку десетици до 100 километри од македонско-грчката граница. Со ова на Македонија и се овозможува лесен пристап до овој гас и ако ништо друго барем снабдување на градовите и општините на југот на земјата на сличен начин како што Струмица планира да се снабдува од Бугарија. Со добивање на гас од ТАП, земјата донекаде ќе донесе конкуренција во снабдувањето, без да мора целосно да зависи од рускиот „Газпром.“ ТАП би требало да започне да се гради во 2013 година и да проработи во 2017 година. Тој е целосно зависен од испораката на гас од изворите во Азербејџан како што е Шах Денис 2, за кој тамошните власти објавија дека ќе биде отворен за експлоатација токму во 2017 година. Гасоводот е комплетно комерцијален проект во кој учествуваат неколку големи енергетски компании од Западна Европа и не зависи од локално финансирање или од фондови на ЕУ. http://www.plusinfo.mk/vest/15877/Transjadranskiot-gasovod-potpisha-dogovori-so-site-osven-so-Makedonija |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
te-to uste li ne rabotiГасификацијата продолжува![]() Свето НиколовскиТехничката документација за основните и изведбените проекти за приоритетните магистрални правци на гасоводната мрежа , долги 410 километри , се очекува да биде готова до крајот на годинава . Во првата половина на 2012-та би требало да започне и градбата на терен.,, Прима инженеринг” од Скопје ја работи проектната документација за 100км долгата делница од Клечовце до Неготино .Правците Неготино - Битола и Штип -Хамзали во вкупна должина од 160км ги проектира украинската ,,Укргазпроект” од Киев . Германско-македонскиот конзорциум предводен од ДИВИ консалт интернешенел од ЕСЕН го финишира проектирањето за делот од Хамзали до Стојаково во должина од 50 километри. Сите овие активности ќе чинат 2,7 милиони евра , додека вредноста на изградбата на петте делници е проценета на околу 177 милиони евра. Точната вредност на инвестицијата , вклучувајќи ја и експропријацијата на земјиштето за трасата ќе ја дадат основните и изведбените проекти . Руски Гаспром потврди дека има обезбедено гас за потребите на Македонија во следните 25 години , но најголем бенефит земјава би имала од транзитот на гас за соседите . ,,Тоа е како плаќањето патарина и би ја намалило крајната цена на гасот за домашните потрошувачи “.-смета проф.д-р Константин Димитров . Гасоводниот прстен привршува , но не е почната изградбата на дистрибутивната мрежа .Причина е неатрактивната цена на гасот ,које е скоро идентична со струјата .Но за 2-3 години би се создале економски предуслови за влез на странски инвеститор . ,,Според студијата за гасната дистрибутивна мрежа за градот Скопје се потребни околу 40 милиони евра, што би се вложувале во период од 5 до 6 години “-вели Димитров . Анализите на општината Кисела вода покажале дека на почеток треба да бидат приклучени 4 реони . Населбите: Пржино, Црниче, Драчево како и индустриската зона околу Првомајска ,односно 25000 жители и 65 индустриски објекти . Цената на приклучокот за граѓаните би била околу 500 евра за станбена единица . Вкупната потрошувачка на природен гас во земјава годишно не надминува 87 милиони кубици, а на мрежата се приклучени само 35 компании.Се очекува влегувањето на мрежа на комбинираната гасна електрана и топлана ТЕТО да ја подобри искористеноста на постојниот гасовод за дополнителни 350 милиони кубици. http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/26792/gasifikacijata_prodolzhuva.aspx |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
@ axel
Да, во врска со Те-То (барем од тоа што имаме регистрирано) последно е дека беше пуштена во пробна работа. Можеби ја чекаат овогодинешнава грејна сезона за влегување во нормален режим ![]() |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Eden osvrt na dvete pogorni vesti. Nekoe vreme se zanimavam so energetika i prv pat slusam za toj "transjadranski gasovod". Veruvam deka toa e novinarska patka,nema sansi da pocne izgradba na takvo nesto. Italija veke ucestvuva vo "Juzen potok", ako pocne da se gradi NABUKO del od gasot i od toj gasovod ke ide za Italija, Libija i Alzir se blizu, se slusa ke ima invensticii i vo kapaciteti za priem na tecen gas..., ne i potreben uste toj transjadranski.
Druga rabota, gasot vo poslednava decenija e se poskap i poskap. A verojatno e Gasprom i ponataka da ja zgolemuva. Novite polinja se se podaleku i eksploatacijata stanuva poskapa. Ovaa cena razvienite zemji i ponataka mozat da ja platat, no se postavuva prasanje dali poslabo plateznite zemji vo koi spaga i makedonija treba da investiraat vo gasiikacija. Dali naseto stopanstvo bi ja izdrzala taa cena. Ne bi odel i vo ponatamosno sirenje na gasnata sekundarna mreza. Vo vojvodina na pr, dosta stanovi se otkazuvaat od gasot.... podobro bi bilo tie pari da se dadat vo energetska efikasnost i zastedi (fasadi na zgradi, prozori...) I se razbira treba da se ima vo predvid enargetskata zavisnot od Rusija.... |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Ненад, не сум стручњак, но барем за индустријата претпоставувам дека е круцијално да ја има на располагање опцијата природен гас, поради конкурентност. Извесно е дека гасот сепак ќе биде најисплатлива опција во многу индустриски процеси уште долго време.
Инаку нашето доцнење како и во многу други сфери е легендарно. Речиси две децении откако изградивме влезен гасовод, сега допрва ќе сме граделе мрежа за гасот да го донесеме до корисниците. Многу нормално дека во толкав период ќе се сменат и околностите. Штетата е направена, но дали сме ја научиле лекцијата? |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Да, за индустријата е во ред, иако секоја компанија треба да си направи внатрешна калулација на сред рпк (10-15 години) дали ќе им се исплати гасот. Но верувам дека можат да најдат интерес. Точно е дека тие 20 години се изгубени, гасот до сега беше ефтин, опремата за согорување во големите системи беше по пристапни цени, така да може да се каже дека за ова време доста се изгуби. (или како што е популарно на запад да се каже имаме голем opportunity costs)
Но сега состојбите се поинакви,како што реков погоре, не може да се смета на тоа дека гасот е ефтин енергент. За индустриајта може да биде поволен но за домаќинствата не верувам, да се почне со секундарна мрежа сега е фрлање пари. Освен тоа, ако се сака воведување на гас во поголеми количини - а поголеми количини носат и поефтина цена, ќе треба и изградба на подземно стоваришта, или да се изнајми во Бугарија, ако постојат. Мислам дека гасификацијата во Македонија е историја |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Гасификацијата ќе стартува според договореното Охрид, 7. октомври 2011 (ИНПРЕС) Гасификацијата на Република Македонија ќе започне да се реализира од 2012 година потврди денеска во Охрид министерот за финансии Зоран Ставрески. - Процесот на гасификација е веќе договорен и започнат со Русија. Веќе се воспоставени контакти на експерти од двете страни. Тој процес подразбира обезбедување на стабилен извор на гас и во таа насока ние разговаравме со Гаспром при што ги презентиравме плановите и развојните капацитети на Република Македонија до 2030 година во однос на постојните стопански капацитети, потребите на граѓаните и планираните нови енергетски капацитети. Исто така и искористувањето на можностите што ги нуди Клириншкиот долг со затварање на тој долг преку реализација на дел од гасоводната мрежа во Р. Македонија, рече Ставрески. (Крај) http://www.time.mk/read/NONE/4686ac654a/index.html |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Нов гас од Русија преку „Јужен тек“, иако посточекиот гасовод не го користиме ни 15 отсто![]() Владите на Република Македонија и на Руската Федерација изготвуваат текст за вклучување на Македонија во проектот „Јужен поток,“ изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, без да наведе дополнителни детали. Прашањето на унапредувањето на соработката во енергетскиот сектор беше главна тема на разговорите на петтиот состанок на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка што се одржа во Охрид. - Констатиравме заеднички дека меѓусебната размена бележи позитивен нагорен тренд. Главниот акцент беше ставен на констатации на меѓусебните односи, соработката во делот на енергетиката, железничкиот сообраќај, туризмот, регионалната и културната соработка. Притоа Комисијата заклучи дека има напредок во енергетскиот сектор, како еден од најзначајните во односите меѓу Република Македонија и Руската Федерација, истакна Ставрески. Рускиот заменик-министер за регионален развој Максим Травников e согласен за потребите од натамошен развој на севкупната соработка меѓу двете земји. - Разговаравме за можноста за унапредување на најперспективната и најбитната компонента на нашата соработка, а тоа е енергетиката. Зборувавме за она што е реализирано досега, она што се реализира во тек и за идните перспективи, од аспект на модернизацијата на енергетскиот систем на Македонија, со можно учество на руски компании, рече од своја страна рускиот заменик-министер за регионален развој Травников. Трговската размена меѓу Македонија и Русија во текот на првата половина на оваа година достигна 374,3 милиони долари, што е за 39 отсто повеќе отколку за истиот период лани. Македонската страна во размената бележи висок трговски дефицит при што покриеноста на увозот со извозот не надминува пет отсто, што се должи на увозот на енергенсите. Инаку, во Македонија веќе стигнува руски гас преку гасоводот кој води од Украина, Молдавија, Романија и Бугарија. Неговиот капацитет е 800 милиони кубни метри и тој релативно лесно може да се зголеми на 1.200 кубни метри годишно. Од сега расположливите количества ние користиме само 10-15 отсто годишно, со оглед на тоа што на гас се приклучени само 30-ина големи фирми. Според проекциите на „Газпром,“ земјава ќе троши 2,5–3 милијарди кубни метри гас годишно во 2030 година. Доколку се потпише договор за добивање на гас и од „Јужен тек, тогаш Македонија во целосе ќе биде зависна од рускиот монопол за извоз на гас во следните 20-30 години. Од друга страна, на само 50-100 километри северно од Софија поминува гасоводот „Набуко“, кој е поддржан од Европската унија и кој ќе носи гас од Задкавказјето за европските пазари. Виосок претставник за енергетика на претседателот на САД, на минатогодишниот форум за природен гас во Софија, изјави дека Србија и Македонија би можеле да се приклучат на „Набуко“ во рок од 5 години од почнувањето со работа на овој гасовод, односно откако ќе се зголеми неговиот капацитет. Низ Грција и Албанија, а потоа под Јадранот до Италија треба да се гради Трансјадранскиот гасовод (ТАП). Неговата рута низ Грција на некои места е блиску до Македонија или поточно на 50 километри од Битола. Директорот за развој на ТАП пред две недели во интервју ги повика сите земји од регионот, конкретно спомнувајќи ја и Македонија, на соработка и евентуално потпишување на меморнадум за разбирање, кој ТАП веќе го има потпишано со сите земји од Западниот Балкан освен со Македонија и Србија. На брегот на Јадранот во Албанија, италијанската компанија „Енерџиа Фалчионе“ сака да гради голем терминал за гасификација на течен гас, кој до терминалот ќе стигнува со бродови и кој потоа би им се носел на Италија и Албанија. „Енерџиа Фалчионе“, исто така, е отворена за продажба на гас на Македонија и другите соседни земји на Албанија. http://daily.mk/cluster3/c93d153fea4da9b0ebec290dcb9b536c/935795 |
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
Не сум следел многу дискусии на оваа тематика. само ме интересира нешто...веќе подолго време по должина на теодосиј гологанов се вкопуваше гасоводна мрежа и денес видов дека е скоро стигната до влезот на топлификација во Тафталиџе. Дали може некој на кратко да ми објасни што точно е овој крак? Дали Топлификација(или како и да се вика по ново) ќе почне да користи гас за греење од оваа грејна сезона? И дали се очекува со тоа цената на парно греењето драстично да опадне?
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Досега неколку опати сме зборувале за ова. Тие копања се дел од гасоводниот прстен на скопје, скоро и во Кисела Вода топланата се поврза и се очекува топланите да се гасифицираат како најголеми потрошувачи. После на прстенот ќе се уштекуваат други институции и граѓани. Конечно, се сетија прстенот да го градат во склоп на некоја веќе реконструкција на улици и да нема прекопувања.
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Не верувам дека ќе има корекции на цената, веќе има топлани во Скопје кои користат гас за греење но тоа секако не го чувствуваат крајните потрошувачи. Генерално, секогаш има ревносност кога треба да се покачи цената поради некакви оперативни трошоци, но кога истата треба да се намали работите не одат така глатко. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
cenata na parnoto drasticno sigurno nema da padne posto i gasot ne e toolku eftin eve vi i primer za toa od sto e eftin gasot se preorientirale na mazut
Кон крајот на 2010 година завршивме инвестиција вредна околу милион евра за преструктурирање од гас кон мазут во ладна валавница и од гас кон пропан-бутан кај челичарницата. Ова го избравме како решение поради скапите енергенси. a podobro procitajte go celiot tekst i nekoi raboti ke vi se razjasnat http://www.kapital.com.mk/mk/magazin/74529/makedonskata_industrija_troshi_najskapa_struja,_a_sonuva_za_evtin_gas.aspx |
|
![]() |
|
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Дечки, знае ли некој на какви зафати се работи во моментов во ценарот на Скопје, налетав на два големи прекопи, едниот преку Првомајска (веднаш кај Рампа) а другиот на Јужен Булевар кои беа облепени со лента, „Опасно Гасовод“. Внатре колку што видов се поставуваа нови гасоводни цевки.
Има ли некој инфо што точно се прави, дали се прави некоја спојка, или е некаков почеток на секундарна мрежа во тој дел? |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Јас знам дека почнаа со поставување и ја поставуваа подземна инсталација за гасовод оваа година во Кисела Вода до објектот на Сивус од страна на Гама, е сега можеби треба да се спои гасоводната цевка. На страниците на ГАМА и Макпетрол нема објавено ништо за овој зафат, па и не знам од каде би добиле информација, евентуално од Улици и патишта ако се затворени овие булевари. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Успеси во проектот Гасификација![]() ![]() ![]() Во првата фаза од проетот ,,Гасификација” Oпштина Куманово завршува 12 објекти во кои се инвестира од буџетот на општината. Тоа е во висина од 190 илјади евра. Тука спаѓаат три градинки, четири училишта, библиотекта, зградите на општината и „Водовод„. Во натамошните проекти ќе влезат зградите на судот, болницата и сите останати претпријатија кои се во државна сопственост. http://www.kumanovo.gov.mk/novosti/%d1%83%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%81%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b3%d0%b0%d1%81%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0/ |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
![]() Јужниот тек ќе поминува низ Македонија Среда, 23 Ноември 2011 15:21 Сподели Споделете ја веста со Вашите пријатели Република Македонија за еден месец ќе добие нацрт спогодба за Јужен тек со кој еден крак ќе поминува низ територијата на државата. Ова денеска во Москва го најави заменик министерот за регионален развој и копретседател на меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка Максим Травников на средбата со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Со текстот на договорот се предвидува приклучување на Република Македонија кон регионалниот проект Јужен тек преку зголемување на обемот на достава на гас, односно зголемување на техничките можности на постоечкиот гасовод, како и изградба на нови, согласно договорите кои ќе бидат склучени меѓу руската компанија Стројтранс гас и Владата на Република Македонија. - Главната идеја на Спогодбата е да се задоволат комплетните потреби на Република Македонија за гас, вклучително и идните енергетски проекти што ќе се градат во Македонија, изјави Травников. Од македонска страна беше побарано на почетокот на декември да се затворат техничките прашања за да може потоа да се разменат официјалните документи и да се отпочне со изградба на националната гасоводна мрежа во Македонија. - Согласно динамиката на договори што ги води меѓувладината комисија очекуваме наредната година реално да отпочне изградата на националната гасификациска мрежа во Република Македонија. Нашата молба беше технички екипи од страна на Руската Федерација да дојдат во Македонија за да се разговара за проектите и понудите што би било основа за натамошно усогласување и склучување договор меѓу двете држави што пак е основа за отпочнување реализација на изградбата на националната гасификациска мрежа, нагласи министерот Јанакиески. На средбата беше отворено и прашањето за отворање директни авионски линии меѓу Македонија и Руската Федерација при што од руска страна беше оценето дека тоа би одело во прилог на развој на туризмот. Травников се заложи дека ќе разговара со некои руски компании кои би ги разгледале можностите за отворање директна линија со Македонија. Во однос на туризмот Травников најави дека веќе е разговарано со руски агенции кои во соработка со македонската амбасада во Москва ќе ја промовирааат Македонија како атрактивна туристичка дестинација. http://kurir.mk/makedonija/vesti/50869-Juzniot-tek-ke-pominuva-niz-Makedonija |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Увозот на гас зголемен за 48 отсто во 2010, но потрошувачката и натаму е на многу ниско ниво![]() Македонија лани увезе 118,4 милиони кубни метри гас (м3) од Русија преку Бугарија што претставува раст од 48 отсто во однос на кризната 2009 година, кога беа увезени само 79,8 милиони кубни метри. Најголема потрошувачка на природниот гас во 2010 година, во износ од 68,1 отсто, е забележана за енергетски трансформации, а за енергетски потреби во индустријата отишле 30.2 отсто од вкупно потребниот природен гас. По месеци, најголема потрошувачка од 20.7 милиони м3 е забележана во декември, а најмала, од само 4,06 милиони м3, во август. На природен гас се врзани само околу 35 големи компании во земјава. Во еден од серијата огласи кои деновиве ги објавува скопска „Топлификација“, како одговор на редицата напади врз компанијата изнесени на ТВ „Сител,“ се вели дека топланата ТЕ-ТО, за која беше соопштено дека треба да биде активирана овој месец, ќе троши дури 350 милиони м3 природен гас, значи три пати повеќе од сите останати фирми заедно што се врзани на гас. Покрај ова, се додава и дека зголемената потрошувачка на природниот гас ќе и овозможи на државата да има подобри позиции во преговорите за цената на гасот. Сепак, и покрај ова, нивоата на природен гас што се трошат во Македонија се многу мали и тие ќе останат такви се додека целата држава не гасифицира и додека гасот не биде донесен до домаќинствата. Капацитетот на постоечкиот гасовод од Бугарија изнесува 800 милиони м3 и тој лесно може да биде надграден до 1,2 милијарди м3 годишно. Ова значе дека и со ТЕ-ТО, тој ќе биде искористен 50-60 отсто од неговиот капацитет. Бугарија, на пример, троши по 2,5-3 милијарди м3 гас годишно, а Италија дури 78 милијарди м3. Рускиот „Газпром“, кој земјава ја снабдува со 100 отсто од потребите за прирден гас, има проекција дека во 2030 година ќе ни продава 2,5 до 3 милијарди м3 годишно. http://www.plusinfo.mk/vest/24832/Uvozot-na-gas-zgolemen-za-48-otsto-vo-2010-no-potroshuvachkata-i-natamu-e-na-mnogu-nisko-nivo |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |