Stop Motion клипови |
Post Reply | Page 123> |
Author | ||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply
#1 Topic: Stop Motion клипови Posted: 06-Jun-2008 at 17:02 |
|
Еј , имам идеа! Можеме сега да направиме еден експеримент... Баш би било кул да можеме да правиме скоро секој ден по една слика од театарот и Магос, и да ги споиме сите во едно кратко филмче за да направиме Stop motion за да може да се види како се изградил цел објект во нецела минута. Ама сега ни се укажува шанса да го направиме тоа со објект уште на самиот почеток од изградбата(мислам на хотелов). Ќе мора да се избере точен агол за сликање и секогаш од таму да се слика по една слика. Што викате?
Edited by La Linea - 06-Jun-2008 at 17:12 |
||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #2 Posted: 06-Jun-2008 at 17:32 | |
Да бе, ти идеш да прошеташ у Америка, а нас тука ни даваш идеи што да сме работеле Ај ко ќе се вратиш ќе те ангажираме тебе да направиш нешто такво со твојот нов апарат |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #3 Posted: 06-Jun-2008 at 17:45 | |
La Linea. Идејава ми текна уште од кога почна да се копа за магос. Правев два три дена ама ме замрзе и ништо. Инаку идеална позиција за камерата е 5 кликања десно и 5 надоле од почетната позиција, па после зум докрај.
|
||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #4 Posted: 06-Jun-2008 at 17:46 | |
Edited by La Linea - 06-Jun-2008 at 17:47 |
||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #5 Posted: 06-Jun-2008 at 18:01 | |
http://62.162.103.242/-wvhttp-01-/GetStillImage?camera_id=1&v=768&p=37&t=-30&z=200&b=OFF&option=skip_on_error&seq=0.9496768952040419
Овој линк пристапува кон камерата со параметри и го дава магос точно!!! |
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #6 Posted: 06-Jun-2008 at 18:04 | |
Ако може некој нека склопи некоја скрипта автоматски секој ден да се слика.
Идеја една: Секој ден сликата да се слика една минута покасно, така по одреден период ќе се слика навечер и тогаш кога ќе го пуштиме филмчето на крај ќе изгледа дека преку ноќ се изградила зградава. |
||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #7 Posted: 06-Jun-2008 at 18:07 | |
Добра ти е идејава со скриптава, ама јас не знам да ја направам. Па нели ти си ни програмерот?
|
||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #8 Posted: 06-Jun-2008 at 18:10 | |
Абе не сум нешто посебно програмер, а башка сум и мрза. Ја да го програмирам ќе треба во Делфи, а нема инсталирано така да ако има некој да се нафати......
|
||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #9 Posted: 06-Jun-2008 at 18:27 | |
Изволте софтвер! Кој сака нека инсталира. http://www.freshdevices.com/files/freshdow.exe
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #10 Posted: 09-Jun-2008 at 15:26 | |
@La Linea одлична идеја. И мене ми се врти долго време во глава нешто слично (да сликам неколку локации во Скопје секој ден) но не сум стигнал да го реализирам. Ако се договориме убаво и секој да допринесе може да направиме нешто од ова.
|
||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #11 Posted: 09-Jun-2008 at 15:35 | |
Со оглед на темпото на работа кај нас, мислам дека сликање или секој втор ден нема да прави многу разлика. Сепак градењето би траело година ипол - две, така да со 365 -547 слики, 24 фрејмови во секунда, ќе имаме градење на хотел за 15-22 секунди. Мислам дека ќе изгледа многу добро. Ќе може да биде и од повеќе агли, што само значи од неколку различни места да се слика секој ден. Баш би изгледало супер! Дури и да се направат пропусти од 2-3 дена тоа ќе кошта неколку милисекунди.
|
||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #12 Posted: 09-Jun-2008 at 15:43 | |
Да бе топ идеја. Само треба убаво да се организираме. Релано 90% слики на форумов доаѓаат само од неколку членови што значи ќе треба посериозен ангажман од сите нас што сме редовни. Исто така може да дефинираме вакви локации неврзано со одреден објект. На пример поглед на Плоштад Македонија од камени мост, секој ден по една слика. Замисли какво клипче ќе излезе... Edited by pbanks - 09-Jun-2008 at 15:44 |
||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #13 Posted: 09-Jun-2008 at 15:52 | |
Мене ми е само незгодно што ја давам идејава а не можам да учествувам во неа. Се надевам дека ќе почнете за да можам кога ќе дојдам и јас да се вклучам, зошто инаку би било тапа без почетните фази на изградба. Башка не верувам дека багерите ќе почнат да работат уште еден месец + уште 2 месеци да почнат да штрчат арматурите. така да и нема многу да пропуштам.
Само нема да биде многу интересна снимка, дека, освен луѓе што се шетаат и дрва што ќе се мрдаат од ветрот, нема да има нешто особено интересно на клипчето. Објект во изградба е сосема друга работа П.С. Со задоволство би утепал цел ден на крстот на Водно да го сликам Скопје во едно деноноќие. |
||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #14 Posted: 09-Jun-2008 at 16:00 | |
нема да пропуштиш ништо посебно. 4 месеци ~ 5 секунди ако сликаме секој ден. И јас мислам дека во првите 2 месеци би сликале само тараби
Не се сложувам. Замисли некој да почнел да слика да речеме во 1985 година. Тоа се 5.6 минути материјал. Во 5.6 минути имаш премин од комунизам (обесени слики од Тито на Ристиќева можеби или нешто слично, скроз друг сет на реклами и продавници итн) па премин во капитализам, еден тон собири (протести, прослави, концерти), реконструкција на плоштад итн итн.......... И се тоа за 5.6 минути. Само промената на рекламата за Скопско горе на Ристиќева би ми била интересна. Водно е исто добра финта. Послем тоа ул. Димитрие Чуповски (повторно ако го земеме периодото од '85 навака замисли само што се ќе видиме во 5.6 минути во смисла на изглед на луѓето, продавниците, колите кои се возат, гужвата)... Абе има милион варијанти. Може да почнеме со хотелов (ама ако е добар проектот уште не сме виделе што ќе се прави) па ко ќе се вратиш да договориме и некои вакви комбинации. |
||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #15 Posted: 09-Jun-2008 at 16:13 | |
Добро сега па и ти, ти збориш за процес што би траел 23 години, за на крај да добиеш филмче од 5.6 минути! Јас мислев на нешто многу пореално, па и поисплатливо.
Можеме да го фатиме и од почеток Музејот на ВМРО, па во кадарот да биде фатен и театарот, и онака не е нешто многу пропуштено. Ќе изгледа многу добро како двете градби растат една до друга Магос е одма тука па и тоа би можело да се следи. Така да 3 објекти можат со голема леснотија да се следат истото важи и за Резидор кој е само на неколку минути одење. Вангелштајн и филхармонијата исто така се кандидати за филмче, така да работата не би требало да е воопшто тешка, особено не ако ја поделиме на неколку души. Не ми текнува на некои други објекти што би се граделе во брзо време. Од Веро абер нема... значи: -Резидор -Магос -Музејот на ВМРО + Театарот -Спомен куќата на Мајка Тереза Потенцијални кандидати се Веро, Филхармонијата и црквата на плоштад. |
||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #16 Posted: 09-Jun-2008 at 16:17 | |
Незнам зошто мислиш дека е нереално Немора да го монтираме после 23 години може на 3-6 месеци да му правиме рифреш. Мислам дека е баш добра финта и дека кога би се реализирало пари би вредело. Што се однесува до објектите. Се сложувам. Може да ни биде тоа и пракса/стандард за следење на едно градилиште. |
||
gotsomekicks
Senior Member Joined: 01-Sep-2007 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 305 |
Quote Reply #17 Posted: 09-Jun-2008 at 16:21 | |
Одлична ти е идејава Ла Линеа, мислам дека на крај може да испадне супер клипче!
Може ова да се прошири и надвор од форумов, има еден куп блогери што шетаат низ градов со апарати, па би било кул и нив да ги вклучиме. Доколку има некој блог, нека пушти една штафета со „пример слика„ за да знаат од кој агол да сликаат другите. |
||
La Linea
Senior Member Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
Quote Reply #18 Posted: 09-Jun-2008 at 16:26 | |
Да, но не можеш точно да ги пренесеш сите параметри по нет. Мора да се најдеме и во живо да договориме точни агли сликани од точна висина, па и треба да се пази на експозиција и слични глупости, бидејќи не сакаме клипчето онака, психоделично да ги менува боите - еднаш сини нијанси еднаш жолти, или па сликата да се мрда цело време. Митатос тука би помогнал многу со неговите познавања од фотографија. Башка мислам дека живее најблиску до центар, така да @mitatos кога ќе го прочиташ ова пиши што мислиш!
|
||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #19 Posted: 09-Jun-2008 at 16:43 | |
Ќе да е паметно целава дискусија да ја префлам во нова нишка... ама ај после ме мрзи сеа...
|
||
gotsomekicks
Senior Member Joined: 01-Sep-2007 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 305 |
Quote Reply #20 Posted: 09-Jun-2008 at 17:09 | |
|
||
Post Reply | Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |