![]() |
![]() |
![]() |
Скопје 2014 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 9596979899 329> |
Author | |||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||||||
со самото тоа што се започнуваат многу проекти одеднаш, едни објекти се избрзуваат, а други се влечкаат со години, наместо да имаме етапна изградба на еден објект по друг и објектите да се градат со поголема брзина и со сите средства прво вложени во еден објект, па потоа во друг, тука се дискриминираат едни објекти за да се изградат други и центаров со таков начин на изградба ќе ни биде долго време пол со градилишта или да поедноставам, прво се гради театарот со поголема брзина и квалкитет и со внимателно вложени средства, па откако ќе се заврши тоа, да се почне друго, сепак владава има три мандати и доволно време за изградба, нема што да се брза, да се работеше за нешто што е итно или пак некаква вонредна состојба, ќе разберев, ама ова е нешто со кое воопшто не мора да се брза на ваков начин значи сум за брза изградба, но во етапи и со сигурни вложени средства, и онака Ск2014 не е план во кој објектите зависат еден од друг, па воопшто не било никогаш важно сите истовремено да се изградат |
|||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||||
![]() |
|||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||||
![]() Претпоставувам дека беше саркастичен околу изградбата на театарот со поголема брзина и квалитет, бидејќи изградбата на театарот започна кон крајот на 2007, во 2009 рекоа дека ќе биде готов во 2010, во 2010 рекоа дека ќе биде готов пролетта или летото 2011, а сега велат дека ќе биде готов на пролет 2012 или во лето 2012. Инаку, се согласувам со тебе околу тоа дека подобро ќе беше ако се градеше објект по објект, наместо повеќе објекти истовремено, бидејќи вака еден објект е приоритетен, а друг е запоставен. Театарот се гради со најбавно темпо од сите објекти, за волја на вистината, театарот не е дел од проектот Скопје 2014, од друга страна Музејот на Македонската борба за државност и самостојност почна да се гради после театарот, а еве, на денот на независноста 8 септември 2011, како дел од прославата по повод 20 години македонска независност, музејот беше пуштен во употреба. Поставувањето на платната на Порта Македонија со цел портата сепак да биде дел од прославата по повод 20 години македонска независност, беше една од најголемите глупости кои беа направени, денес поминав, сеуште ги поставуваат назад скелињата за да завршат со поставувањето на релјефите. Новото седиште на Уставниот Суд исто така почна да се гради после театарот, и неговата изградба се влечка, но сепак, барем по надворешниот изглед, делува како неговата изградба да е поблиску до крај во споредба со изградбата на театарот. Исто така, во 2010 почна изградбата на новото седиште на Министерството за надворешни работи, како и новото седиште на Јавното Обвинителство, а сепак министерката за култура Елизабета Канческа Милевска спомна дека новото седиште на МНР ќе биде готово и пуштено во употреба до крајот на 2011. Новата зграда на Македонската Филхармонија исто така е запоставена како и театарот, новото седиште на Агенцијата за Електронски Комуникации не сум го видел, претпоставувам дека и неговата изградба се влечка. Од друга страна, новото седиште на Кривичниот Суд кај Судска Палата, иако не е дел од проектот Скопје 2014, сепак добро напредува, моја претпоставка е дека само така делува бидејќи фасадата е при крај бидејќи користат сипорекс цигли, се надевам дека не го планираат истото и за внатрешните ѕидови, сипорексот е добро решение за фасада, но не е најпрепорачливо решение за внатрешни ѕидови, но како и да е, и на овој објект изградбата брзо напредува. Се на се, театарот и новата зграда на Македонската Филхармонија се најзапоставени објекти од целиот проект Скопје 2014, иако како што веќе спомнав, театарот не е дел од проектот Скопје 2014, но верувам дека ако нашинциве добро се потрудат, можеби овие два објекта во 2014 ќе бидат пуштени во употреба, иако факт е тоа дека можат да бидат завршени многу порано. Edited by Dexter26 - 16-Sep-2011 at 21:26 |
|||||||
![]() |
|||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||||||
@kultuzin: Што се однесува до популарноста надвор и развојот на националната свест и гордост внатре, мислам дека далеку поголем ефект имаат победите на нашите кошаркари во моментот отколку целиот СК014.
Не паметам онаква сплотеност, гордост и радост било кога наназад како што тоа беше во средата на плоштад, а сигурно и низ цела држава. А надвор, стотици медиуми секојдневно пишуваат за нас со восхит и чудење. |
|||||||
![]() |
|||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||||||
@Dexter, убаво што даде една ретроспектива на временските растојанија во изградбата на објективе
но има една работа што се заборава исто така, општо сите објекти во Ск2014 не се градат континуирано, еве на пример, музејот на ВМРО се влечкаше долго време, само за на крај да се избрза за месец дена, што воопшто не е препорачливо и покрај тоа, личи како објектот да се гради на зафрканција... со други зборови, се цицаа средствата од музејот, за да се започнат други објекти, а на крај, се исцицаа целосно други прокти, за да се заврши музејот, што е тотално неозбилно и не е ништо друго освен импровизација врз грешки како и да е, сите проблеми кои им се појавуваат во организацијата се должат на тоа што проектот Ск2014 воопшто не беше донесен плански, размислено, проверено, организирано и одлучено... наместо тоа, постојано се додаваа разни објекти без некоја посебна организација и поврзаност а поради истиот факт, средствата за проектот никогаш не беа точно определени и распоредени, а инвеститорите избраа баш овие битни информации да ги задржат во најголема тајност и да бидеме оставени на милост и немилост на медиуми да поминеше проектот конвенционално низ сите процедури и да беше составен како единствен план, сега ќе беше готов, а многу можно и многу подобро изведен, без разлика на стил, форма габарит и т.н. Edited by zabegan - 17-Sep-2011 at 15:17 |
|||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||||||
![]() |
|||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||||
Повторно отстранети скелињата од Порта Македонија, овој пат само делумно, на влезот, за да можат македонските кошаркари да поминат низ портата.
Разбирам дека нивното враќање во Македонија е посебен настан, но сепак ќе прашам повторно: Дали мораше Порта Македонија да биде дел и од овој спектакл ? Сега повторно ќе се одолговлекуваат градежните работи околу поставувањето на останатите релјефи на Порта Македонија, само затоа што актуелните власти одлучија дека сакаат нов спектакл низ портата. Туку еве, се ближи 11 октомври 2011, 70 годишнина од почетокот на Народно-Ослободителната Војна, првите антифашистички пушки кои биле испукани во Прилеп и Куманово, кој знае дали актуелните власти подготвуваат некаков нов и посебен спектакл по повод овој јубилеј, иако за волја на вистината, било каква прослава по повод овој јубилеј би требало да биде одржана во Прилеп и Куманово, градовите во кои се случиле антифашистичките дејствија на 11 октомври 1941, а не во Скопје, кој бил ослободен на 13 ноември 1944, кој знае, можеби актуелните власти планираат токму на 13 ноември 2014 официјално да биде завршен проектот Скопје 2014. Доколку подготвуваат, кој знае за уште колку долго време ќе се изнавлечкаат градежните работи околу проектот Скопје 2014, само затоа што актуелните власти сакаат спектакли. ![]() Edited by Dexter26 - 19-Sep-2011 at 14:29 |
|||||||
![]() |
|||||||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||||||
![]() Прво, дали си сериозен дека властите се одлучија на овој спектакл? За потсетување, Србија контуниурано години наназад своите репрезентации, кои ќе се закитат со медал, ги дочекува пред градското собрание, само заради тоа што народот сака да се поздрави со хероите. Истото го прават и Шпанците, лани Французите за ракомет го направија тоа и сл. Ја не сум од ниту една партија, но и јас сакав да има ваков спектакл, како и многумина насобрани и на плоштад и на аеродром. Второ, па која е поентата на Портата, освен да служи како пречек за вакви спортисти, кои го обелија образот на Македонија. Дај боже нека изникнуваат само вакви спектакли, па власта нека биде тука да ги среди ко што треба за да се радува конечно овој народ. Па единствена светла точка кај оваа Порта е токму можноста кроз неа да поминат луѓе кои успешно и достојно ја презентираат земјата. Не гледам што ти смета дека ќе се одолговлечи нејзиното завршување, освен ако не ти беше политички мотивиран постов. Жално и срамотно е на денешен ден да се употребува политика. Нека прави власта спектакли, кои за разлика од другите, овие се директно иницирани и барани од народот, без оглед на партијата на која и припаѓаат. |
|||||||
![]() |
|||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||||||
Ах тешката и макотрпна работа да се извадат и постават скелиња. За колку се одолжи градбата? За 2 дена?
Пресмешен коментар. |
|||||||
![]() |
|||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||||
@N23
Нема никаква врска моето мислење со политиката, туку чисто со фактот дека таа порта не е за еднократна употреба, тука е за да остане, освен ако некоја природна катастрофа, или некоја друга власт одлучи да ја урне, ќе повторам, разбирам дека не секој ден се враќа било која национална спортска репрезентација со освоено високо место во спортот со кој се бави на континентално ниво. Да, за славење е. Да, секогаш треба да се дочекува било која национална спортска репрезентација со ваков или со уште подобар пречек. Не, ова не е политика, ја спомнав актуелната власт бидејќи актуелната власт нерамномерно инвестира во објектите од проектот Скопје 2014, како што веќе спомнав во пост #1952, на едни објекти им се дава приоритет, а други објекти се запоставени. @krale Да, пресмешен коментар, но ова преминува во навика на актуелната власт, или на било која друга власт која вака постапувала, постапува, или ќе постапува. Се трошат пари за поставување на скелињата, па за отстранување на скелињата, па повторно за поставување на скелињата, продолжуваме со градежните работи, па паузираме со градежните работи. Поентата ми беше дека државата како инвеститор кој со парите на народот плаќа за проектот Скопје 2014, се однесува несериозно и незрело околу трошењето на парите. Или гради или не гради, а не ај пауза, па ај продолжуваме, па ај пак пауза, па ај пак продолжуваме и така се до бескрај. Не сме толку богати за да можеме да си дозволиме ваков несериозен и незрел однос околу трошењето на народните пари. А што се однесува до спектаклот, како што го нареков, што се однесува до мене, јас посакувам секој ден да имаме такви спектакли, тоа ја оживува нацијата, дава чувство дека припаѓаме на нешто, на нешто што се идентификува со национален идентитет и државност, а не со кралот како што било во кралска Југославија или со братството и единството во социјалистичка Југославија. Потребни ни се вакви настани, да не ги наречам спектакли, за поттикнување на националната свест и морал, јас не мешам баби и жаби, но ваквиот несериозен однос од страна на државата како нарачател и инвеститор во проектот Скопје 2014 е апсурден и неприфатлив. Edited by Dexter26 - 19-Sep-2011 at 17:23 |
|||||||
![]() |
|||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||||||
ЧИСТО ЗА ИНФО:
Уште денес пред пладне беа поставени сите скелиња и се работеше на портата. Јакото одложување на работите - од пола дневница. ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||||
![]() Нема смисла да плачеме и кукаме за изгубената пола дневница, тоа воопшто не ми беше поентата. Поентата ми беше во тоа дека ова почнува да им преминува во навика, а кога преминува во навика, тогаш ќе бидат повеќе изгубени дневници, а не само полу дневници. Останувам на ставот дека проектот Скопје 2014 се финансира и реализира на несериозен начин. |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
ова преминува во барање на влакно во јајцето(или барање на јајце во влакното како што рече еден поранешен вицепремиер)-неправете фама од едно скеле,јас деновиве сам монтирам скеле околу еден од ѕидовите за поставување на термоизолација,па никому ништо,а не една држава да неможе да прослави празник и доаѓање на репрезентација.дај боже да има причини за уште прослава,нека демонтираат колки и да треба
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Од туризам новото Скопје би го исплатиле во 2035 година
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92111838481&id=9&prilog=0&setIzdanie=22386 |
|||||||
![]() |
|||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||||||
Мислам дека проектот ќе се исплати за 10 години, бидејќи треба да се рачунат трендот на пораст на посета на странски туристи, како и растот на цените/ддв-то.
Така гледано, проектот за 2-3 децении ќе може да значи профит за државата. |
|||||||
![]() |
|||||||
4skopje ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Feb-2011 Online Status: Offline Posts: 284 |
![]() ![]() |
||||||
Mi se dopagja koga se vrsat analizi za isplatlivost,rentabilnost ,odrzuvanje na objekti, ceni i sl.Arno ama edno ke kazam,NE E SE VO PARITE.Ima nesto u duhovno sto ne se meri so pari.Koga dojdoa kosarkarite,na primer,pominuvanjeto niz Kapijata i pokraj Fontanata i sl.ne se meri so niedni pari.P.S.Zarem nekoj koga kupuva parfem od 100 evra sto ke ispari za saat-dva,ke vika e AMA SE ISPLATESE !
![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
izgleda ovie dobile inspiracija od sk 2014
И Србија ќе гради триумфална порта во БелградСвет | 22. септември 2011 - 14:41
Како што пренесуваат српските медиуми,
идејата била лично на претседателот Тадиќ, кој сакал под неа да поминат
спортистие кои ќе се вратат од Олимпијадата со медал
Се шегуваат српските медиуми или не... проценете сами |
|||||||
![]() |
|||||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||||||
![]() Отсегогаш ми се допаѓал српскиот хумор и сарказам па дури и кога е на наша сметка. Оваа вест е вистинита исто колку што е вистинита пораката од еден легендарен београдски графит: Makedonci su Srbi so teškata govornata manata ![]() |
|||||||
![]() |
|||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||||||
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Троа офтопик ама ова нашиве новинари стварно се кретени тешки. Алоооооо! Njuz.net? еве го следниот наслов од таму: Vlada Srbije nezadovoljna razvojem korupcije u pojedinim opštinama. Еве уште еден: Srpski ovisnici bojkotuju narkotike koji stižu sa Kosova Edited by fichot - 22-Sep-2011 at 17:11 |
|||||||
![]() |
|||||||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
||||||
Хм, сериозна е ова или ?
|
|||||||
![]() |
|||||||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
||||||
Скопје- дестинација која ги освои странските туристи
Историја, еден народ, култура, споменици, гордост, Македонија. Сето ова во само еден проект „Скопје 2014“. ![]() Проект кој веќе во најголем дел е изграден и реализиран. Проект кој говори за културно-историското потекло на еден народ и проект кој несомнено во голем број ги привлекува странските туристи. Ако до пред некое време, можевме на туристите да им зборуваме за историјата и за тоа кои биле Гемиџиите, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев..., сега историјата може и да се покаже. Секојдневно низ централното градско подрачје има туристи кои се сликаат пред спомениците и новите објекти. Во првата половина од годината, во Скопје значително е зголемен бројот на туристи, 25 проценти повеќе од истиот период минатата година. За 33% зголемен и е бројот на ноќевањата на странските посетители. Овие податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека Скопје е новата дестинација за која се определуваат туристите и дестинација која има што да им понуди. ![]() А со зголемување на бројот на туристите, се зголемува и приливот на средства од туристичките услуги, кој во првите два квартали изнесува 98 милиони долари и бележи пораст од 19 проценти. Бројките од податоци не престануваат да растат. Скопје досега го посетиле 110 илјади туристи, кои оствариле 200 илјади ноќевања. Анализирајќи ги статистичките податоци, може да се заклучи дека Скопје не само што доби културно-историски проект, доби и проект кој директно влијае на економијата и покажува позитивен ефект. Хотелите, ноќевалиштата, кафулињата, рестораните со добрата услуга се местата каде туристите не го штедат својот џеб, затоа што истите имаат и што да им понудат. Токму поради добрата понуда и услуга, туристите се тие кои својот добар збор за Скопје ќе го пренесат на оние што ги познаваат. Но, не само туристите и самите ние треба да се погрижиме за ново зголемување на странските туристи. Дека Скопје има огромен туристички потенцијал вели и претседателот на Туристичко угостителската комора Феркан Бербери. ![]() Она што според него е потребно да се направи за дополнително зголемување на бројот на странски туристи кои ќе го посетат градот е нотирање и потенцирање на капацитетите. -Скопје има културно-историска и традиционална вредност. За секоја добра промоција потребно е да се направи и добра приказна. Бројот на туристи дополнително може да се зголеми преку усогласена промоција на туристичките капацитети, едукација на туристичките работници, квалитетни водичи и добри презентери на македонската храна и вино, како и преку зголемување на квалитетот на услугите во хотелите, истакнува Бербери во телефонски разговор за Курир. Бројот на туристи може да се зголеми и преку понудите во туристичките агенции, кои како што посочува претседателот на Туристичко угостителската комора со субвенционирањето се мотивирани за дополнителна промоција на потенцијалите кои ги имаме. Само со добра промоција и понуда, зголемувајќи го бројот на странски посетители Скопје ќе остане дестинација која и понатаму ќе ги освојува туристите. Извор: http://kurir.mk/makedonija/vesti/42993-Skopje--destinacija-koja-gi-osvoi-stranskite-turisti |
|||||||
![]() |
|||||||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
||||||
Најдов едно видео од доаѓањето на кошаркарите каде што се гледа кровната тераса на Порта Македонија
http://www.youtube.com/watch?v=PmzVmlryAwI&feature=related Edited by HugoGoulding - 23-Sep-2011 at 00:17 |
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 9596979899 329> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |