![]() |
![]() |
![]() |
Хотели, преноќишта и одморалишта (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 38> |
Author | |
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Ресторанот-мотелот во Нежилово се супер, ама тоа зелената боја воопште не им требала. Кафеава, кремаста, некоја поприукладна со природа многу повеќе ќе се уклопи во средината.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() Кампот Свети Наум, сликите се од МИА фото. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во Пехчево почна изградбата на нов хотел
![]() Пехчево - Компанијата „Кит - Го“од Штип почна со изградба на хотел во центаротна Пехчево. Објектот, што ќе се наоѓа покрај кејот на Пехчевска река, се гради според европскистандарди и ќе има капацитет од 60 легла. Предвидено е хотелот да има сопствен СПА-центар, ресторан, летна тераса и други придружни простории за ваков вид објекти. Сопственикот и главен менаџер на „Кит-Го“ очекува градежните работи да завршат летово, а следната година хотелот официјално да биде пуштен во употреба. Според градоначалникот на Пехчево Јованчо Станоевски, оваа инвестиција и зголемениот
интерес за изградба на приватни вили и викенд куќи во
Туристичко-рекреативниот центар Равна Река отвораат можности за развој
на туризмот во општината. (МИА) |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
На местото на Факултетот за туризам ќе никне луксузен хотел24.06.2011 | Автор: Сител
![]() На местото на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе никне хотелски комплекс.Со новиот Детален урбанистички план зградата вредна неколку милиони евра ќе биде збришена на што бурно реагираа од раководството на факултетот. Според неофицијални информации, факултетот предвидено е да биде сместен во близина на касарната во Охрид. Доколку Охрид се промовира како град на УНЕСКО треба да се знае дека УНЕСКО е организација на Обединетите нации за образование, а овде образованието е на последна скала на интересите на општината, вели деканот Сашо Коруноски. http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/23294-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC-%D1%9C%D0%B5-%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BD%D0%B5-%D0%BB%D1%83%D0%BA%D1%81%D1%83%D0%B7%D0%B5%D0%BD-%D1%85%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BB.html |
|
![]() |
|
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
Незнам од кај сега ваква вест, кога вчера на вести градоначалник на Охрид, АЛександар Петрески изјави пред медиумите дека ќе ја почитува одлуката на централната власт, да не се преместува Факултетот за туризам.
|
|
![]() |
|
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
Пехчево го добива првиот хотел
Приватни иницијативи за заживување на Малешевскиот регион Штип – Во Пехчево започна изградбата на нов хотел на локација во центарот на градот. Хотелот го гради штипската фирма „Кит го“, која ја има најголемата мрежа на современи супермаркети во регионот. Планирано е хотелот да биде готов до ноември оваа година. Тоа ќе биде првиот хотел во историјата на овој град. Според Кире Гогов, сопственик на „Кит го“, хотелот е со површина од илјада квадратни метри . Во него ќе има педесет легла, фитнес и спа-центар, сауна, турска бања, сала за масажи, џакузи. „Пехчево има идеална клима за подготовка на спортски екипи. Има и убаво фудбалско игралиште, спортска сала и тениско игралиште. Одвреме-навреме овде ќе дојде понекоја екипа, но бргу си заминува бидејќи нема сместувачки капацитети. Наша идеја е таа празнина да ја надополниме преку изградбата на современ хотел, кој е на 1.060 метри надморска височина и во кој ќе ги има сите неопходни содржини“, вели инвеститорот Гогов. Идејата на овој бизнисмен е на гостите што ќе престојуваат во хотелот да им обезбеди туристички водичи за прошетки низ преубавите малешевски шуми, да ги видат седумте водопади на реката Брегалница до кои се изградени патеки, многубројните археолошки локалитети, туристичката населба Равна Река, полското цвеќе месојадец доросера, кое ги јаде инсектите кога тие ќе го „нападнат“, а во Македонија може да се најде само тука. „Во хотелот ќе служиме леб подготвен и испечен според вековната традиција на овој крај, предност ќе им дадеме на освежителните пијалаци направени од разновидните шумски плодови, кои ги има во изобилство по околните планини. Ќе ангажираме невработени од ова подрачје за да берат вакви плодови. Ќе правиме и пикници по планините за гостите, кои тоа ќе го посакаат. Тука наскоро ќе биде отворен и нов рудник за бакар, па ќе има и деловни луѓе што ќе доаѓаат и подолго ќе престојуваат во Пехчево, а кои имаат потреба од квалитетно сместување и нешто ново и уникатно на нивната гурманска трпеза“, вели Кире Гогов. Оваа штипска фирма во 2006 година го купи овдешното трговско претпријатие „Прогрес“. Во гратчето отвори модерен супермаркет, а добар дел од дуќаните на ова поранешно претпријатие веќе ги уредува и им дава нови содржини. До пред 25 години Пехчево ги сместуваше своите гости во четири бунгалови, но во годините на транзицијата тие се распаднаа. (И.Б.) # Статијата е прочитана 421 пати. http://utrinski.com.mk/?ItemID=FCD73649DD08BB46844778F6C12F4970 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Претор доби сместувачки капацитет - се отвора одморалиштето "Шеќерана"
Четврток, 07 Јули 2011 11:37
Одморалиштето располага со вкупно 36 соби, 108 легла, тераса со поглед на езеро, парк, спортски игралишта, сопствена плаќа и сопствен паркинг. Цените за пансион изнесуваат 850 денари по особа во двокреветна или трокреветна соба. Ноќевањето изнесува 1050 за трокреветна соба, или за една особа 500 денари. Телефони за контакт и резервации: тел. 047 480 005 моб. 071 774 625 http://daily.mk/cluster3/0c9530e71d7f09a014731fd06c4ce60e/812107 |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
stobi ![]() Newbiе ![]() Joined: 07-Jun-2011 Location: ljubljana Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
Makedonija
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
на 7 километри западно од Кичево,кај село Кнежино се наоѓа објектот!Куќа на уметноста` која порано беше селско школо од с.Кнежино[името е добиено по сестрата на Крали Марко-Кита која била кнегиња(Кнежино)-по сегашно принцеза)].Сега е во власништво на фирмата АД`Тајмиште` од Кичево,и е реновирано целосно од самите темели.Во месец Јули секоја година се одржува ликовна колонија во која учество земаат ликовни уметници од цел свет.Околината на мотелот изобилува со костенива шума,даб и ливади и е прекрасно место за да се посети.Овие денови при крај се подготовките за проширување и нанесување на нов слој на сфалт од Кичево до с.Кнежино.на 200 метри се наоѓа манастирот Св.Ѓорѓија кој го посетуваат голем број на посетители,а познат е по лековитите својства на трите чешми.
![]() |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Во Маврово близу жичарата:
![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
На продажба државно земјиште за изградба на хотел во ГолакДржавата преку електронско јавно наддавање нуди на продажба градежно неизградено земјиште наменето за изградба на хотел во Делчево. Градежната парцела, предвидена со Деталниот урбанистички план за туристички локалитет Голак, е со површина за градење од 1011, 12 метри квадратни. Почетната цена на земјиштето е 61 денар за метар квадратен.Пријавите за учество може да се достават до 8 септември во Министерството за транспорт и врски. Јавното наддавање ќе се одржи на 14 септември во 14 часот.http://daily.mk/cluster3/2bf2aa138781623f04da0dc34a469288/864715 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
„Фибула ер травел“ ќе гради хотел со пет ѕвезди во ОхридПетре Димитров - 24 август 2011 14:05 GMTОд Министерството за транспорт и врски информираат дека агенцијата на јавното наддавање за овие две градежни парцели (со површина од 13.459 и 4.738 метри квадратни) понудила највисока цена од 1.291.987 денари (околу 20 илјади евра). „Макфакс“ го контактираше директорот на „Фибула ер травел“, Асим Медједовиќ, но тој не сакаше да коментира за плановите на агенцијата за тоа што и кога ќе се гради на овие парцели. „Додека работата не се официјализира, не коментирам ништо“, вели Медједовиќ. „Фибула ер травел“ е должна во рок од 15 дена од приемот на писменото известување кое Комисијата го издава по завршувањето на јавното наддавање да ги уплати средствата согласно постигната крајна цена од наддавањето. Доколку средствата не се уплатени во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени. Исто така, „Фибула ер травел“ е должна во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба од надлежната општина и согласно роковите предвидени во Законот за градење да изгради хотел од прва категорија со пет ѕвезди и во рок од три месеци по целосна изградба на објектот, да го брендира хотелот со име на хотелски ланец кој во своја сопственост поседува или пак, управува со повеќе од пет хотели http://www.makfax.com.mk/266442/fibula_er_travel__kje_gradi_hotel_so_pet_dzvezdi_vo_ohrid |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Се потценуваат атрактивни локации на охридското краЈбрежЈе Багателните парцели не донесоа хотелски бренд Туристичките работници сметаат дека со продажбата на ексклузивни локации по багателни цени се потценува атрактивноста на Охрид како туристички центар и се создава нелојална конкуренција на постојните капацитети Атрактивните градежни парцели што државата ги продава со почетна цена
од 1 евро за квадратен метар не станаа магнет за странските
инвеститори, ниту пак донесоа хотелски бренд на охридското крајбрежје.
Туристичките работници сметаат дека со тоа што се продаваат ексклузивни
локации по багателни цени се потценува атрактивноста на Охрид како
туристички центар и се создава нелојална конкуренција на веќе постојните
сместувачки капацитети. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Локациите долго ги чекаат своите хотелиСоња Јованова![]() Откако Владата реши државното градежно земјиште за изградба на хотели да го продава по почетна цена од едно евро за метар квадратен, локалните бизнисмени побрзаа да ги купат повеќето од слободните локации, па така за две до три години најавена е изградба на дваесетина нови хотели низ цела држава. Експертите се сомневаат дека продажбата на атрактивни државни локации по ниски цени буди сомнеж за злоупотреби преку пренамена на земјиштето за други цели Изградба на дваесетина нови хотели се најавува за две до три години низ цела Македонија, од кои засега само за два се знае дека ќе бидат брендирани со име на светски хотелски синџир, додека за останатите сe уште не се знае чиј бренд ќе носат. Хотелиерскиот бизнис стана особено атрактивен во земјава откако Владата реши државните градежни парцели да ги продава со почетна цена од само едно евро за метар квадратен, па така и многу од најавените хотели ќе се градат токму на државно земјиште. Иако секоја градежна активност е за поздрав, затоа што е предзнак за раздвижување на економските текови, неизбежно е прашањето има ли Скопје потреба од толку многу хотели и можат ли сите рентабилно да работат? Ако се земе предвид дека голем дел од продадените државни парцели за изградба на хотели се наоѓаат на атрактивни локации, а се продадоа по багателна цена, која во некои случаи достигна само 20 илјади евра, логично е и прашањето ќе се изградат ли навистина сите тие хотели или по извесно време парцелите ќе се пренаменат за изградба на друг вид комерцијални објекти или пак, станбени. Сомневањата уште повеќе се подгреваат кога ќе се види дека повеќето од локациите се продадоа уште минатата година, а до денеска на ниту една од нив нема градежни активности. Таков е случајот со локацијата која ја купи Марјан Јованов, поранешниот директор на Дирекцијата за нафтени резерви, кој иако уште во ноември минатата година купи државно земјиште во општина Центар, наспроти Градска плажа, за да гради хотел, до денеска се уште нема почнато со изградбата, а според информациите од општина Центар, нема добиено ниту градежна дозвола. “Рокот од девет месеци во кој треба да извадам градежна дозвола се уште тече, имам добиено одобрение за урбанистичка согласност и за брзо време треба да добијам градежна дозвола. Немам намера да изнесувам детали за изградбата на хотелот и да ви кажувам каков ќе биде проектот, а со тоа и да се промовирам себеси. Кога ќе имам потреба од промоција на хотелот ќе ве викнам и вас и другите медиуми и се ќе дознаете“, ни изјави Марјан Јованов. На левиот брег на реката Вардар, наспроти градскиот парк, освен хотелот на Јованов, предвидена е изградба на уште четири други хотели, а ќе се гради и хотел во скопската општина Аеродром, на инвеститорот Стоун бриџ, кој исто така купи државно земјиште, но пред да се донесе владината мерка за почетна цена од едно евро за метар квадратен и плати 550 илјади евра парцела од 5.175 квадратни метри. Хотелот ќе се гради во близина на мостот Близнак, покрај реката Вардар. Менаџерите на Стоун бриџ информираат дека дозволата за градба веќе е во процедура на издавање, а имаат изработено и првичен проект. Предвидено е хотелот да биде со пет ѕвезди Експертите коментираат дека продажбата на атрактивни државни локации по ниски цени буди сомнеж за злоупотреби преку пренаменување на земјиштето за комерцијални цели. Според нив, доколку инвеститорите не почнат навреме со изградбата на објект предвиден во условите по кои го купиле земјиштето, локацијата лесно се преобразувала за друга намена. “Големи малверзации се прават со таквите атрактивни, а евтини локации. Ја купува некој по повластени услови, како на пример по почетна цена од едно евро за метар квадратен, а пазарната цена му е на пример 300 евра и потоа со промена на детален урбанистички план или ја претвораат во комерцијален објект“, смета упатен во градежништвото, кој сакаше да остане анонимен. Дел од сопствениците на парцелите кои ги контактираше “Капитал“ пак, уверуваат дека се сериозни инвеститори кои ќе изградат атрактивни хотели. Еден од нив е и сопственикот на фирмата Дивелоп груп, Александар Ивановски, кој се јавува како инвеститор на два хотели на атрактивни локации во Скопје и во Охрид. Во Скопје на плоштад ќе го гради хотелот Мериот, дел од светскиот синџир Мериот интернационал, додека во Охрид пред само неколку месеци ја купи познатата локација Горица 3, која повеќе години не можеше да најде инвеститор. “Мериот Скопје веќе е во првата фаза на изградба, имаме обезбедено одобрение и се знае дека ќе има 166 соби со модерен луксузен стил, банкет-сала за 700 луѓе и уште многу други содржини, а ќе биде готов до 2013 година. Но, за хотелот во Охрид се уште сме во процедура за добивање градежна дозвола и досега имаме единствено идејно решение за хотелот. За неколку недели патувам во Виена во архитектонското биро, каде што треба да добијам информации во која насока ќе се движи проектот“, вели Ивановски. Освен Дивелоп груп, хотел во Охрид, но од светски бренд, ќе гради и туристичката агенција Фибула ер травел, која пред неколку дена купи две атрактивни државни локации за само 20 илјади евра. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, очекува дека и Дивелоп груп и Фибула за брзо време ќе поднесат барање за добивање одобрение за градба со цел локациите инфраструктурно да се уредат, но предупредува дека поради повластената цена на комуналии која ќе ја платат овие инвеститори ќе се создаде нелојална конкуренција меѓу веќе израдените хотели. “На местото каде што ќе градат Дивелоп груп нормалната цена на комуналиите е 200 евра по метар квадратен и толку платиле тие што порано ги изградиле хотелите. Но, бидејќи Владата донесе мерка инвеститорите да платат само 5% од комуналиите, тоа значи дека наместо два милиони евра, само 100 илјади евра ќе се слеат во општината“, Александар Петрески, градоначалник на општина Охрид. Освен во Скопје и во Охрид, кои се најатрактивни градови за изградба на хотели, според јавните објави на Министерството за транспорт, допрва ќе се градат хотели и во Битола, Кратово, Пробиштип, Гевгелија и Штип, каде што лани беше продадена првата државна локација за изградба на хотел. Сопственикот на фирмата Оаза од Штип, Љупчо Манџуков, кој ја купи парцелата од 2.877 квадратни метри за само 5.564 евра, вели дека веќе се прави проект за изградба на хотел, но во преговори биле за добивање концесија за ископување минерални суровини, со цел хотелот да добие и спа-центар. “Локацијата е во близина на бањата Кежовица, па затоа барам и концесија за експлоатација на минерални суровини. Сигурно ќе градам хотел, само уште не знам дали ќе биде хотел со спа-центар, што е многу поатрактивно, или ќе биде рекреативен центар на четири катови со тениски игралишта“, вели Манџуков.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во Охрид ќе се гради луксузен хотелски комплексФибула ер Травел ќе гради луксузен хотелски комплекс со пет ѕвезди во Охрид. Турскиот тур-оператор деновиве ја купи атрактивната локација кај Билјанини извори со површина од 18 000 метри квадратни. ![]()
Елитниот комплекс со сите пропратни содржини ќе чини околу 60 милиони евра, ќе брои 700 соби со капацитет од 1500 кревети.
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Емирот од Катар сака да гради хотел во Охрид- еколозите се кренаа на нозеУште еден хотел ќе никне до поранешниот хотел Парк, каде веќе се гради џиновскиот апартмански комплекс на охридското крајбрежје. На местото на популарната дискотека и ресторанот Парк предвидено е да се изгради уште еден објект на шест ката. ![]()
На
ваквата одлука реагираат еколозите. Според нив градежните зафати на
брегот на езерото досега нанесоа огромна штета на природата. Деновиве на
овој простор имаше еколошки инцидент. Езерската вода беше обоена црвена
од огромните количини земја.
21.09.2011, 15:07
http://daily.mk/cluster3/fde33814e19431bb6c654d795a991b7b/912270 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
откако си направија вили кај Лагадин,сега се бунат другите да не градат,себичност и саможивост,нека го погледнат на пример езерото Комо во Италија,како од сликовница да е.треба да се залагаат за ред во градењето а не за НЕГРАДЕЊЕ
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Еден проект од истиот архитект на двата Мериота на плоштад, ова е за Охрид. Нека ви говори ова за веројатноста од реализација, ако тоа значи нешто.
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во Охрид се шири мрежата на хотелско - туристички комплекси Охрид, 4. октомври 2011 (ИНПРЕС) Судбината на неколку атрактивни локации во градот зависи од новите урбанистички планови. Просторот каде моментално се наоѓа Факултетот за туризам и угостителство Охрид, сепак ќе се води како локација каде е предвиден хотелско - туристички комплекс. Делот од земјиштето, пак кој се потега од поранешните бараки на АД „Трудбеник“, до просторот за картинг, е избраната локација за новиот хотел од светски познат бренд, кој ќе се гради во Охрид. Потегот во центарот на Охрид, кој е ограничен со Кејот „Маршал Тито“, улицата „Осми септември“, улицата „Партизанска“, се до хотелот „Милениум“ е локација предвидена за цела линија на хотелско-туристички комплекси. Најголеми реакции за овој дел во изминатиот период имаше за Факултетот за туризам и угостителство. Од Секторот за урбанизам и животна средина од Општина Охрид уверуваат дека засега факултетот не ја менува локацијата и функцијата. - Во главно овој простор е предвиден со Генералниот урбанистички план за хотелиерство во непосредна близина на Охридското Езеро. Тука во непосредна близина е и факултетот. Имаше некои реакции. Овој простор ќе си остане како Факултет за туризам и угостителство. Останува во онаа градба, површина и висина во која е сега, се до измените и дополнувањата на Генералниот урбанистички план, вели раководителот на секторот Бранко Арнаудов. Според Дејан Пановски, актуелен советник во Советот на општината, продолжува узурпирање на првата линија на објекти на охридското крајбрежје. - Она што е клучно не само за овој, туку за сите урбанистички планови, кои се однесуваат на централното јадро или крајбрежјето. Не е проблемот во објаснувањето дека овие урбанистички планови се законски. Проблемот и натаму останува во нестратешкиот и неетичкиот принцип и од еколошки аспект. Тука е проблемот во нарушување на сликата за Охрид. Општина Охрид и државата во различни периоди имале различни ингеренции со атрактивната локација пред комплексот Билјанини извори. Во перидот кога Општина Охрид располагала со тоа земјиште, истото било дадено на користење на АД „Трудбеник“. Спорно кај овој простор, според претставниците на општината, не е правото на користење, туку зошто воопшто ова земјиште се продава. По потпаѓањето на земјиштето под државата, давателот на корисничкото право, може и да го одземе. - Колку што сум во тек, сопствениците на „Трудбеник“ велат дека одземањето на може да случи и дека не е законски. Но, од Министерството за транспорт и врски кажуваат дека на законски начин е одземено корисничкото право. Тоа не е прва локација. Првата продадена локација од тој дел, зафаќа простор од помошното игралиште. Тоа земјиште каде што е картингот е издадено до 2017 година за тие активности. Редовно луѓето плаќаат ќирија. Не е јасно како има до таа година договор за картинг, а го продаваат истовремено за хотел , објаснува градоначалникот Александар Петрески. Турската туристичка агенција „Фибула Air Travel“, учествуваше на лизитацијата за купување на градежно земјиште со намена на изградба на хотелски комплекс од пет ѕвезди. - Фибула беше на лицитација. Го доби и го плати земјиштето. Во моментов има обврска да однесе банкарска гаранција спрема условите на тендерот дека за една година ќе ги достави проектите, ќе ги плати комуналиите и ќе земе одобрение за градба, образложува Дончо Танески, претседател на ХОТАМ. Просторот каде ќе се гради хотелот по сите светски стандарди е дефиниран. Атрактивната локација досега два пати привлекувала интерес за изградба на хотелски комплекс, што не било реализирано.http://daily.mk/cluster3/074e20f1cf2c5e23667d472e6b8e33e4/928868 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 38> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |