![]() |
![]() |
![]() |
Хидроелектрани |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 28> |
Author | ||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
ЕБРД се мисли дали да ни даде пари за Бошков Мост
![]() Европската банка за обнова и развој објави дека размислува дли да и додели заем на Македонија, гарантиран од страна на државата, од 65 милиони евра за хидроцентралата Бошков Мост. АД Електрани на Македонија планира да изгради хидроцентрала од 70 мегавати под име Бошков Мост во близина на Дебар. Покрај евентуалните пари од ЕБРД, ЕЛЕМ би требало да инвестира уште 42 милиони евра за финансирање на изградбата на проектот. Со овој проект ќе се поддржи развојот на обновлива енергија преку нов капацитет во земја и регион со големи недостатоци од енергетски капацитети и високо ниво на јаглеродни емисии, се вели во официјалното соопштение на ЕБРД. http://www.plusinfo.mk/vest/7535/EBRD-se-misli-dali-da-ni-dade-pari-za-Boshkov-Most-- |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
ЕЛЕМ ќе гради хидроцентрала на ГлобочицаКатерина ПопоскаДодека се чекаат големите енергетски проекти Електрани на Македонија планира да гради хидроцентрала на езерото Глобочица. Пумпно-реверзибилната хидроцентрала Ташмаруниште, чија инсталирана моќност треба да биде вкупно 225 мегавати, ЕЛЕМ планира да ја користи за балансирање на енергијата. Се проценува дека оваа електрана годишно ќе произведува 231 гигават-часови електрична енергија, со можност итно да обезбеди струја во следните 20 часа од вклучувањето. Од ЕЛЕМ сe уште не откриваат колку ќе чини изградбата на оваа електрана. Но, познавачите проценуваат дека ќе чини околу 80 милиони евра, од кои 31 милион евра за градежни работи, 43 милиони евра за опрема и околу шест милиони евра за останатите работи. Потребно време за изградба се проценува на три години. “Ташмаруниште би можела да се гради во фази, бидејќи е предвидено да има три агрегати со капацитет од по 75 мегавати. Таа би можела да обезбеди енергија при висока побарувачка на конзумот, но би била многу значајна во ноќните часови за преземање на вишокот енергија од термоелектраните. Нашите првични анализи покажуваат дека со изградбата на ХЕЦ Чебрен и Ташмаруниште државата ќе добие околу 30 милиони евра од извоз на електрична енергија. ЕЛЕМ ќе увезува енергија по цена од 35 евра за мегават-час, а ќе извезува за 65 евра. Тоа е огромна разлика, бидејќи повратната енергија чини многу повеќе од базната“, велат од ЕЛЕМ. Иако за голем дел од експертите хидроцентралата Ташмаруниште е речиси непознат проект, градежниот инженер Илија Андонов Ченто вели дека идејата за хидроцентрала на Глобочица постои од 1989 година, проект ставен во студија која ја изработила ЕМО од Охрид. Лани ЕЛЕМ само ја актуелизирал идејата за оваа хидроцентрала кај Струга поради законската обврска за балансирање на електричната енергија од 2012 година. Пумпно-реверзибилните електрани се користат за балансирање на енергијата. Тие произведуваат струја кога има најголема потрошувачка, а во вечерните часови, кога има вишок енергија од термоелектраните, водата во долното езеро се испумпува во горното за повторно да се произведува струја. “На Глобочица треба да се гради електраната Ташмаруниште со горен базен во месноста Церов Дол, а долната акумулација да биде постојната акумулација на ХЕЦ Глобочица. Горната акумулација е на висина од 333 метри, која ќе се добие со изградба на две насипни прегради. Инсталирањето на агрегатите треба да биде според потребите во системот. Со изградбата на Ташмаруниште ќе се штеди јаглен во ТЕ Битола или ТЕ Осломеј, а ќе се прифаќа и електрична енергија од предвидената фарма на ветерни електрани кај Богданци. Интересно е дека Ташмаруниште спаѓа во “евтините“ реверзибилни хидроелектрани. И покрај ниските специфични инвестиции, економската оправданост зависи од разликата меѓу цената на дневната (вршната) енергија и на ноќната (базната) енергија. Тоа значи дека ако за пумпање се плати еден денар, од произведената енергија треба се добијат 2,2 денари“, објаснува Ченто. Тој додава дека хидроцентралата Чебрен, како една од најголемите која треба да се изгради во земјава, би можела да се користи за балансирање на енергијата во регионот, а Ташмаруниште да ги задоволува македонските потреби за балансирање. ЕЛЕМ планира да гради вакви пумпно-реверзибилни хидроцентрали уште на пет локации - Градец во рамките на проектот Вардарска Долина и на реката Радика кај селото Јанче. Но, според енергетските експерти, Македонија е во таква ситуација што малите хидроелектрани нема да го спасат енергетскиот систем и дефицитарното домашно производство. Додаваат дека изградбата на какви било енергетски проекти е неопходна, но државните електрани треба да се фокусираат на изградбата на Бошков Мост, Луково Поле и на ветерните електрани, кои значително треба да го подобрат енергетскиот потенцијал на земјава. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/71848/elem_kje_gradi_hidrocentrala_na_globochica.aspx?iId=2296 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
ЕБОР го поттикнува развојот на мали хидроелектрани во Македонија
![]() Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе и позајми на Македонија 6 милиони евра за изградба на мали хидроелектрани, јавува специјализираниот портал „ХидроВорлд,“ повикувајќи се на агенциски извори. Македонската компанија „PCC Hydro dooel“ со седиште во Скопје, компанија за обновливи енергетски извори, која е во сопственост на германската „PCC DEG Renewables GmbH“, ќе добие заем за изградба на четири хидроелектрани со вкупен капацитет од 4,1 мегавати. Оваа германска компанија планира да гради мали хидроцентрали во повеќе земји во регионот, какви што се Македонија, Босна и Бугарија со вкупен капацитет од 16 мегавати во следните две години. |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Во контекст на веста од погоре за реверзибилната хидроелектрана Ташмаруништа, и веста од претходната страница за седумте можни локации за реверзибилни хидроелектрани, еве во овој текст има нешто дополнителни информации:
A еве како изгледа теренот околу Ташмаруништа. Не можам да ја најдам месноста Церов Дол, ниту вака од око да ја идентификувам локацијата која е прикладна за оформување на горното езеро: ![]() Збунува овој дел:
Со оглед на надморската висина на најниските точки во тој реон, ова никако не може да биде надморска височина... тогаш што е? Височина над максималната исполнетост со вода на езерото Глобочица? Edited by Cloverstack - 07-Aug-2011 at 23:54 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Може да не е на Црн Дрим браната пошто ионака се пуни со пумпи. Ташмаруништа е првото село од струшката котлина така да било каква брана не прави логика. Може да е оваа локација 41°16'57.88"N 20°36'55.26"E и затоа патот со Бороец да кружи така според план. само па тука нема логика за две брани.
Еве пробав нешто логично, ако приметиш и на картата од погоре тука е локацијата Цер. Едната северната брана е само за да се прифатат води и по природен пад пренасочат во јужното езеро за кое предходно пишаував. Како тоа би изгледало. ![]() Edited by lslcrew - 08-Aug-2011 at 05:28 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Па никаде не реков дека очекувам браната да биде на самиот Црн Дрим, туку дека едноставно не можам да ја идентификувам локацијата.
А добро што си го нашол каде е Цер, јас воопшто не побарав во тој реон, бидејќи таму има други села што се поблиску од Ташмаруништа. Штета што просторниот план на Македонија е толку оскуден и нецелосен, па нема ништо за вакви и слични проекти. |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
ИНТЕРВЈУ
Чебрен и Галиште поблиску до реализација од кога било досегаКатерина Попоска![]() ВЛАДИМИР ПЕШЕВСКИ, вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски го доби вториот мандат вицепремиер за економски прашања. Во интервјуто за “Капитал“ зборува за дел од поголемите предизвици на новата влада во делот на економијата. Амбициозната владина програма, според него, е реално остварлива. Не крие дека поради последните турбуленции во светската економија воопшто нема да биде едноставно македонската економија да оствари стапка на раст од 4%-5% во следните две години. За периодот 2012-2013 година Владата проектира економски раст од 4%-5%. Мислите ли дека проекциите се реални? Како ќе ги остварите? Во моментот кога ги правевме проекциите тие беа и сe уште се реални, особено имајќи ги предвид проектите кои сега се дел од новата владина програма. И за време на предизборната кампања ние нагласувавме дека една од претпоставките за овие проекции е дека нема да се случи нова светска економска криза. Деновиве сме сведоци дека ризиците во светската економија значително се зголемуваат, така што реално нема да биде воопшто едноставно македонската економија да оствари стапка на раст од 4%-5%. Главен адут за овој економски раст е ефикасно спроведување на политиките предвидени во програмата на Владата. Тука, пред сe, мислам на проектите за подобрување на бизнис-климата, грижата за малите и средните претпријатија, големиот број инфраструктурни и енергетски проекти, стимулирање на туризмот и земјоделството и подобрување на работата на јавната администрација. Доколку растот во Европа е пристоен и се движи меѓу 2% и 4%, очекувам да продолжи порастот на извозот и поголем влез на странски инвестиции, што комбинирано со останатите активности треба да резултира со раст во Македонија над тој во Европа. Се разбира, доколку на светско ниво се повтори кризата од 2009 година, тогаш ќе биде потребно прилагодување на владините мерки и политики кон новата реалност. Што ќе го повлече растот за кој зборувате, кои индустрии? Во прв план тоа се градежништвото, енергетиката, земјоделството и странските инвестиции. Во делот на градежништвото ќе продолжиме со олеснување на постапките за брзо доаѓање до почеток на градење, како што се реформите во катастарот, управувањето со градежно земјиште, отворање нови индустриски зони во повеќе општини, подобрување на законите во делот на добивање дозволи и слично. Позитивно е искуството од општина Илинден, каде што пред изборите за многу краток период беа продадени 16 локации на домашни инвеститори, каде што ќе се градат нови погони. Во енергетиката има многу проекти кои се веќе во напредна фаза за почнување на изградбата на нови далноводи, неколку производствени капацитети на електрична енергија и рехабилитација на дел од постоечките, како и на нови рудници. Очекувам и значителен прогрес во делот на земјоделството и производството на храна. Овде планираме значителни подобрувања на владини мерки и политики на стимулација, но очекуваме и квалитетни инвестиции од домашните инвеститори. Ќе ставиме акцент и на експлоатацијата на минерални суровини, за што планираме значително забрзување на постапките за добивање концесии, што ќе значи нови инвестиции и работни места. Во делот на туризмот ќе продолжиме со проектот за привлекување странски туристи. Токму затоа сметам дека стапките на економски раст кои ги проектираме не се преценети. Како Владата ќе стигне до 25% стапка на невработеност? Кои мерки планирате да ги преземете? Главниот фокус на Владата е кон инвестициите, кон подобрувањето на бизнис-климата и за домашните и за странските компании. Тие понатаму создаваат работни места кои се реални и одржливи. Кога ќе ги погледнете мерките и политиките во владината програма тие се испреплетуваат. Не може да се каже дека мерките за даночно олеснување, за подобрување на бизнис-климата или за поттикнување на странските инвестиции се само за една област од економијата. Целта е низ нивна комбинација да се остварат ефектите на раст на економијата и зголемување на вработеноста. Целта на секоја влада е да ги контролира и да успее со реален раст на БДП и реално намалување на невработеноста. Затоа, не можеме да кажеме дека ќе донесеме две или три мерки со кои ќе се постигне раст на економијата или други 2-3 мерки со кои ќе се намали невработеноста. Секој што се обидел на таков ad hoc начин да го решава проблемот, а имало такви случаи во минатото, не ги познавал основните економски принципи. Во последниот месец се чистат списоците од Агенцијата за вработување. Дали тоа е дел од начините за намалување на невработените? Веројатно се работи за редовна активност на Агенцијата за вработување и ажурирање на списоците. Лично не сум запознаен со деталите, бидејќи тоа е задача на Агенцијата. Сепак, не случајно во одговорот на претходното прашање го користев зборот реално намалување на невработеноста. Стапката на невработеност има статистичка димензија, но има и реална состојба. За жал, долги години во Македонија постои диспаритет меѓу овие две категории. Мое лично убедување е дека се потребни подобрувања во делот на статистичката евиденција, на тоа кој се пријавува како невработен. Ова не го говорам како политичар, туку како некој што се занимавал со бизнис претходно. Често сум се среќавал со случаи каде што на конкурси за вработување невработени, кои биле препраќани од Агенцијата, експлицитно барале од потенцијалниот работодавец да не ги вработи. Покрај тоа, има случаи на луѓе кои во континуитет намерно избегнуваат да се евидентираат како вработени за да можат и да користат дел од социјалната помош, а паралелно да остваруваат дополнителни приходи како непријавени вработени. Ова особено е случај со сезонските работници. Таквите случаи треба да се избришат од евиденцијата на невработени, но проследено со паралелно креирање поголема флексибилност во нивното пријавување и одјавување. Се разбира, важно е да се има точна евиденција на невработените и нивната структура со цел да се овозможи прилагодување на владините политики во образованието и индустријата. Сепак, целта не е со статистика да стигнеме до цифрата од 25% невработеност, туку со креирање нови работни места. Затоа, паралелно ќе го следиме внимателно и бројот на вработени, каде што очекувам во апсолутен износ во наредните години да имаме сериозен нагорен тренд. Во владината програма најавувате 350 милиони евра странски инвестиции за оваа година, а вкупно две милијарди до 2015 година. Но, анализите на Виенскиот економски институт покажуваат дека Македонија за оваа година не треба да очекува повеќе од 200 милиони евра? Колку е реалната бројка? И во двата случаи се работи за проекции, така што вистината ќе се види кога НБРМ ќе ги објави официјалните податоци по завршувањето на 2011 година. Тоа што е интересно за мене е постојаното инсистирање на медиумите за ставот на Владата за мислењата на овој институт. Зошто не ги прашате нив да објаснат зошто во предизборие објавија податоци за Македонија кои се очигледно неточни и тенденциозни? Само во првиот квартал на 2011 година имаме повеќе инвестиции од проекциите на Виенскиот институт за цела година. Во однос на износот до 2015 година, ако почнеме реализација на само дел од инфраструктурните проекти од владината програма бројката од две милјарди евра ќе биде надмината. За реализацијата на некои од поголемите инфраструктурни проекти предвидено е учество и на странски инвеститори, при што дел од инвестициите ќе бидат во следните четири години, а дел потоа. Што се случува со проектот Чебрен и Галиште? Неодамна повторно го одложивте рокот за доставување понуди од потенцијалните инвеститори. Кои се проблемите за да се реализира најголемиот хидроенергетски проект? Веќе се претквалификуваа девет компании. Дел од нив се градежни, кои ми се чини од тактички причини се пријавија на конкурсот. Ваквите компании за реализација на проектот пожелно е да имаат и партнер од областа на енергетиката и може да се очекува дел од нив да се обидат да се “пронајдат“ едни со други со цел да дадат заедничка понуда. Од различни причини речиси сите компании бараа од Владата продолжување на рокот за давање понуда. Неофицијално, една од компаниите дури најави дека е подготвена да достави понуда и пред продолжувањето на рокот, но сепак, сметавме дека е добро да имаме повеќе понуди. Од тие причини го одложивме рокот до крајот на септември. Не ја исклучувам можноста да има и уште едно пролонгирање, во консултација со Меѓународната финансиска корпорација, која е наш советник во овој проект. За овој проект се зборува речиси 40 години во Македонија, што укажува на тоа колку е сложен. Мислам дека сега е најблиску до реализација од кога било досега. Во делот на самиот проект, во јавноста ќе слушнете најразлични коментари од тоа дека немало доволно вода во Црна Река, дека браната Чебрен е многу висока и економски неисплатлива, дека браната Галиште не треба да се гради, односно на нејзино место треба да се изгради проточна електрана, дека ќе се нарушел режимот на вода во Вардар итн. Јавноста треба да знае дека дел од овие коментари и критики доаѓаат од “добронамерни“ луѓе кои не сакаат проектот Чебрен и Галиште да се реализира. Несомнено дека и овој проект, како и секој друг, има голем број ризици: хидролошки, геолошки, градежни, политички, финансиски, регулаторни, пазарни. Наша цел е преку структурата на проектот дел од нив да ублажиме, дел да елиминираме, а дел да оставиме на инвеститорот како комерцијален ризик. Секој инвеститор треба да си го процени вкупниот ризик и своите можности и тоа да го вгради во понудата што ќе ја даде. Сакаме да овозможиме инвеститорот кој ќе победи, доколку е посветен, да оствари пристојна стапка на оплодување на средствата кои ќе ги вложи во овој проект. Но, задача на Владата е да овозможи максимално искористување на потенцијалот на овој проект, кој е многу важен за македонската економија. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72199/chebren_i_galishte_poblisku_do_realizacija_od_koga_bilo_dosega.aspx?iId=2308Edited by Cloverstack - 12-Aug-2011 at 17:47 |
||
![]() |
||
Мартин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Еве мачку подетално за процедурите што ќе следуваат:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=99AC2EC44C0B8E43B3E1CBC0FF65FA31 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Нови брани и хидроелектрани во Македонија
![]()
Во Македонија во тек е градба или треба да отпочнат со градба брани и хидроцентрали со кои значително треба да се зголеми производството на енергија и волуменот на акумулациите на вода. Во наредната табела е даден преглед на браните и хидроелектраните со основните каркактеристики и година нa предвидено завршување.
Средногодишното производство на електрична енергија од новите хидроелектрани би било 659,9 GWh или 330,1 kWh, што заедно со производството од постојните хидроелектрани би било 1860,2 GWh или 930,1 kWh по жител во Македонија. На наредната слика е даден приказ на местоположбата на новите брани.
„Св. Петка“ ХЕ „Св. Петка“ (претходно Матка 2) е алката што недостасува за оптимално искористување на хидропотенцијалот на реката Треска. ХЕ „Св. Петка“ е лоцирана меѓу новата ХЕ „Козјак“ (околу 16 километри спротивно од „Св. Петка“) и постојната ХЕ „Матка“, лоцирана низводно. Објектот ХЕ „Св. Петка“ има основна намена да го искористи расположивиот хидроенергетски потенцијал на истечните води од ХЕ „Козјак“ и локалните води од сливот на реката Треска, на потегот од профилот ХЕ „Козјак“ до профилот ХЕ „Св. Петка“. Освен горенаведената намена, корисниот простор на акумулацијата ХЕ „Св. Петка“ заедно со расположивиот корисен акумулационен простор од постојната акумулација „Матка“, треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води од ХЕ „Козјак“, (проектирана и изградена да работи како врвна електрана според дневните потреби на конзумот), според потребите на останатите водокорисници низводно од ХЕ „Матка“ (водоснабдувањето, наводнувањето, биолошкиот минимум и други потреби). Како енергетски објект ХЕ „Св. Петка“ практично ќе работи како проточна хидроелектрана со истечните води на ХЕ „Козјак“ во тек на денот, пререгулирани и максимално изедначени според барањата на останатите водокорисници низводно од ХЕ „Матка“. Браната ќе биде двојна лачна брана, со висина од 69 m, со должина на круната од 118 m и со вкупен волумен на браната 24.600 m3. Вкупниот волумен на акумулацијата е 9,1 x 106 m3. Должината на акумулацијата е 11 km долж реката Треска. Инсталираниот капацитет на централата е 36,4 MW со две Францис турбини. Годишното производство на електрична енергија е 66 GWh.
„Луково Поле“ Размислувањата за изградба на браната „Луково Поле“ со акумулација и доведување на Корабските води во неа, се последица на констатираните преливања преку изградените зафати на системот „Горна Радика“, а со временски интервал на траење повеќе од еден месец. Тоа е посебно изразено на зафатот „Црн Камен“ што истовремено служи за регулација на протокот во доводниот канал кон Мавровското Езеро, па и преливањата преку овој зафат се најголеми и најдолготрајни. Основното техничко решение за зафаќање и префрлање на нешто повеќе од 2,0 м3/с вода (или вкупно годишно 65.000.000 м3 вода) од средногодишен проток од сливот на Горна Радика, се состои во изградба на браната „Луково Поле“ и акумулација во која со доводен канал се доведуваат главно преливните Корабски води и преливни води од повеќе зафатени водотеци на системот „Горна Радика“. На овој начин годишно ќе произведат дополнителни 141 GWh електрична енергија преку веќе изградените три хидроцентрали „Врбен“, „Вруток“ и „Равен “ и новата хидроелектрана „Црн Камен“. Браната со која ќе биде формирана новата акумулција „Луково Поле“ е земјано насипна со висина од 78,5 м, должина во круната 286 м и вкупен волумен од 1.5 х10 6 м3. Акумулацијата ќе биде со вкупен волумен од 35.800.000 м3.
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
СВЕТСКА БАНКА ЌЕ И ДОДЕЛИ 155 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА МАКЕДОНИЈА
Тој посочи дека поддршката од Светска банка ќе биде во делот на енергетиката. Проектот ХЕЦ "Луково Поле" е инвестиција на ЕЛЕМ кој треба да ја реализира во период од четири години со сопствени средства и со кредит од 50 до 55 милиони долари што ќе го добие од Светска банка. Изработката на студијата за влијанието врз животната средина чини 272.000 евра, а тие ќе се платат од заемот на Светска банка од 2,24 милиони евра, кој пролетоска му беше доделен на ЕЛЕМ за плаќање на подготвителните работи за овој проект. ХЕЦ "Луково Поле" треба да го зголеми уделот на обновливата енергија
во вкупното производство на струја во Македонија. Според хидролошките
анализи, ќе се обезбедат дополнителни 160 гигават-часа електрична
енергија на годишно ниво. "Луково Поле" ќе биде акумулација со волумен
од 39 милиони кубни метри и ќе е лоцирана во планинскиот масив на Кораб,
во строго заштитената зона на Националниот парк "Маврово". Тој нагласува дека 20 до 30 милиони долари Македонија добива од
Светска банка за зајакнување на конкурентноста на економијата, како и за
подобрување на квалитетот на образованието. Тој нагласи дека остварените резултати во однос на порастот на
бруто-домашниот производ, степенот на зголемување на странските директни
инвестиции и високиот пораст на извозот се клучните три работи што беа
позитивно оценети од страна на мисијата на ММФ и на Светска банка за
Македонија. |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Проект „РевитализациJа на шест хидроелектрани“ Хидроцентралите ќе произведуваат повеќе струја од иста количина вода Хидроцентралите
во земјава до 2013 година ќе ја зголемат ефикасноста и ќе произведуваат
повеќе струја. Државната „Електрани на Македонија“ ќе вложи 32 милиона
евра за замена на постојната опрема и на поважните машинските и
електрични делови. Во тек е тендерска постапка за најголемата
инвестиција од почетокот на работата на овој систем што функционира веќе
половина век. |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Пред крајот на рокот ново одложување за Чебрен и ГалиштеНов рок за Чебрен и Галиште. Пред крајот на веќе стариот 30 септември уште едно одложување. 15 декември е новиот термин до кога заинтересираните компании треба да достават понуди за изградба на овој капитален проект во енергетскиот сектор. За променетиот рок компаниите биле известени минатата недела. ![]()
Продолжувањето
е на барање на заинтересираните компании, велат од Министерството за
економија. Им требало време да подготват квалитетни понуди.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
ХЕ Врбен
![]() ![]() |
||
![]() |
||
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
|
Координати може ? |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
41°43'7.12"N 20°43'7.86"E
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Се гради минихидроцентрала на Каменичка рекаВодните потенцијали на Каменичка Река се ставаат во функција на производство на електрична енергија. Започнаа градежните работи за изградба на минихидроцентрала која ќе има средно годишно производство од 2 мегавати електрична енергија. ![]() - Зафатот е лоциран веднаш под јаловиштето на рудникот Саса, а цевководот од фи 800 ќе биде во должина од 3 км. Инвеститор е АД „Мали хидроцентрали“ за изведувач е „Гранит„, вели Дарко Митевски, градоначалник на М. Каменица. Ова е прв пат проблематичните води на Каменичка Река, кои често знаат да предизвикаат поплави по течението и да предизвикаат штети, да се стават во корист на Општината. - За Каменица ќе биде добро бидејќи ќе се искористуваат водените потенцијали, а од друга страна со имплементирање на законите за децентрализација ќе добиваат и одреден надоместок за искористување на водните ресурси. Во текот на 2012 ќе биде завршена и пуштена во употреба, вели градоначалникот на М. Каменица, Дарко Митевски. Инаку, Каменица треба да добие уште две мали хидроцентрали. Во тек е тендерот за доделување на уште една концесија на Каменичка Река и една на Косевичка Река. Според министерството за економија оваа есен се очекува да биде пуштена во работа првата мала хидроелектрична централа изградена на река Брбушница,во Виница, а до крајот на годината, согласно најавите од концесионерот „АД Мали хидроцентрали“, ќе бидат пуштени во употреба 3 мали хидроелектрични централи во земјава. http://daily.mk/cluster3/7c6daa93b7e2e625cb15bdc09370db64/946912 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
„Градежен Институт“ ќе врши геолошки испитувања за Луково Поле![]() „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) му додели договор на Градежен Институт „Македонија“ за обезбедување на услуги од областа на геолошките истражувања пред изградбата на браната Луково Поле на границата со Косово, како и изградбата на придружната 5-мегаватна хидроелектрана Црн Камен, јавува специјализираното издание за хидро енергетски системи „Хидро Ворлд.“ ЕЛЕМ, македонската државна компанија која управува со производствените капацитети за електрична енергија во земјава, во април ангажираше консултанти чија должност беше да ги дефинираат геотехничките услови за изградбата на поставката и инжинерските структури на браната, 20-километарскиот доводен канал и малата хидроелектрана. Понудата од 545 илјади евра на Градежен Инстут „Македонија“ беше избрана пред понудите на конзорциумот предводен од „Карст“ доо, како и оној предводен од „СЕА Консалтинг.“ Луково Поле ќе биде брана висока 71 метар, а ќе содржи и резервоар, како и прифатен канал кој ќе ја пренасочува водата од планината Кораб. Проектот треба да пренасочува и вода преку постоечката каскада на Мавровска река, што ќе резултира со дополнително генерирање на електрична енергија од хидроцентралите Вруток со капацитет од 150 мегавати, Равен со капацитет од 19,2 мегавати и Врбен со капацитет од 12,8 мегавати. Покрај ова, 5-мегаватната Црн Камен ќе биде изградена како примарна излезна хидроелектрана за Луково Поле. Исто така, од 1 септември германската компанија „Поири Инфра“ започна со изработка на студија за влијанието врз животната средина од реализацијата на проектот Луково Поле. Изработката на студијата чини 272.000 евра, а компанијата, исто така, беше избрана на тендер. Сите овие активности се дел од подготовката за изградба која треба да почне идната година. Проектот треба да чини 62 милиони евра од кои 50-55 милиони евра ќе бидат поволен кредит од Светска банка со рок на исплата од 15 години, грејс период од 5 години и камата од 2 отсто. Изградбата се предвидува да трае 4 години. http://www.plusinfo.mk/vest/20847/Gradezhen-Institut-kje-vrshi-geoloshki-ispituvanja-za-Lukovo-Pole |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска изјави дека очекува наскоро да започне процедурата за изградбата на големите хидроцентрали Чебрен и Галиште.![]() Тој посочи дека имал средба и со хрватскиот експерт Горан Граниќ од институтот „Хрвое Пожар“ за проектот Вардарска долина, кој му пренел дека треба да се подготви предфизибилити студија за прецизно да се утврдат сите карактеристики на проектот. Потоа да се изработи физибилити студија и на крај Владата да ги дефинира конкретните чекори што би ги презела со кинезите со кои беше потпишан Меморандум за соработка за Вардарска долина. Академик Григор Каневче смета дека роковите зададени во Стратегијата за енергетика за изградба на стратешките енергетски објекти може да се реализираат во дадените рамки кои дозволуваат пролонгирање на изградбата за година или две, но не повеќе. Според него, до 2030 година Македонија нема да може да изгради нуклеарна централа дури и ако веднаш почне со интензивни подоготовки. - Македонија мора да ги зголеми инвестициите во енергетиката и навреме да се започнат и завршат сите активности предвидени со Стратегијата согласно временскиот план. Не може да очекува да не инвестира во енергетскиот сектор, а цената на енергијата да опаѓа. Напротив мора да се инвестира за цената да опаѓа, а компаниите за да инвестираат мораат да имаат реална цена за енергијата, изјави академик Каневче. Секое доцнење па макар и од година до две, истакна, би значело значително зголемување на увозот на енергија, а со тоа и зголемување на цената на енергијата. На денешната Работилница се презентриаа дел од резултатите добиени со пресметки спроведени со МАРКАЛ моделот кој во Македонија се развива со помош на УСАИД. - Станува збор за моќна алатка што овозможува спроведување на голем број различни анализи за можни развои на енергетиката во Македонија и за цената на одредени сценарија. Покрај тоа, дава оценка за бенефитите кои се добиваат од дадените сценарија како што се поголемото искористување на обновливите извори на енергија, зголемување на енергетската ефикасност и намалување на емисијата на стакленичните гасови во атмосферата со задоволување на потребите од сите врсти на енергија за периодот кој се анализира, појасни академик Каневче. Во овој момент, нагласи, во Македонија се анализира развојот на енергетиката до 2030 година, а во следната фаза ќе се анализира се до 2050 година. Џон Герисен од Канцеларијата за енергетика и инфраструктура на УСАИД во Вашингтон рече дека целта на денешната работилница е да се разгледаат резултатите од моделирањето кое беше користено за анализи на трошоците и користите од енергетските политики кои во моментов постојат во Македонија. - Оваа активност е дел од регионалната програма на УСАИД што се имплементираше во 11 земји членки на Енергетската заеница за зајакнување на нивните капацитети во рамките на стратешкото планирање во секторот енергетика преку користење на софтверската програма МАРКАЛ/ТАЈМС. Таа програма се користи и во повеќе од 70 земји во светот, како и од ЕУ и САД и преку неа можат да се оценат користите и трошоците од енергетските политики и да се направи нивно моделирање, изјави Герисен. Во Македонија, додаде, моделот го користевме во соработка со Министерството за економија и МАНУ за анлизирање на стратегиите за обновливи извори и за енергетска ефикасност. http://kurir.mk/makedonija/vesti/48155-Po-15-dekemvri-ke-pocne-procedurata-za-izgradba-na-Cebren-i-Galiste |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Бошков мост ќе го прегази Балканскиот рис кој опстанал само во Македонија?![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Коалиција од над 30 македонски и меѓународни, пред се, еколошки невладини организации, ја повикуваат Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) да не ја финансира хидроелектраната Бошков мост, која треба да се гради во националниот парк Маврово, најголемиот во земјата и со најголем биодиверзитет. Тие тврдат дека паркот со тоа ќе биде сериозно оштетен, додека во исто време оваа хидроцентрала е предвидено да произведува мало количество на електрична енергија која ќе биде употребувана само за стабилизација на националниот енергетски систем. Хидроцентралата Бошков мост, со моќност од 70 мегавати, се планира токму во периодот кога вредноста на националниот парк како таков се преоценува и кога тој повторно треба да го стекне истиот статус. Невладините организации сметаат дека „Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) бара пари од ЕБОР без да го земе предвид фактот според кој правните процеси поврзани со статусот на паркот се некомплетни и стратешката еколошка проценка за планираната хидроцентрала е неквалитетна. Според овие НВО-а, еколошката проценка, која е веќе извшрена и врз основа на која ЕБОР се потпира за својата одлука, е погрешна. Меѓу нејзините недоследности е и фактот што таа не ги објаснува ризиците кои прокетот ги носи со себе врз Балканскиот рис, кој опстојува во Македонија токму на местото каде што треба да се гради Бошков мост, додека истовремено е истребен во соседните земји. Невладините организации, заедно со барањето приложуваат и мапи на локалитетите каде треба да се гради хидроцентралата, кои се поклопуваат со локалитетите каде што живее рисот. Уште поважно, проценката тврди дека хидроцентралата би имала позитивно влијание врз животната средина зашто ќе произведува помалку јаглерод диоксид во однос на производство на електрична енергија преку фосилни горива. Сепак, велат еколошките здруженија, ова е тенденциозна оценка: енергијата која ќе биде произведена од хидроцентралата ќе биде употребувана за стабилизација на енергетскиот систем во земјата и со себе не носи никакво фактичко и практично намалување на фосилните горива во Македонија. Еколозите сметаат и дека со инвестирање во Бошков мост, ЕБОР испраќа погрешна порака со која на владата и се вели дека е прифатливо да се заобиколат правилните законски процеси. Тие бараат од ЕБОР да се воздржи од донесувањето на одлуката додека сите законски документи во однос на статусот на националниот парк не се финализираат. Македонија од ЕБОР бара 65 милиони евра, а вкупниот проект чини 84 милиони евра. http://www.plusinfo.mk/vest/22091/Boshkov-most-kje-go-pregazi-Balkanskiot-ris-koj-opstanal-samo-vo-Makedonija |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |