![]() |
![]() |
![]() |
Инфраструктура и сообраќај во Источна Македонија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 7> |
Author | |
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Се асфалтираат улици во Блатец и Липец
Деновиве општина Виница продолжува со реализирање на зацртаната програма за реконструкција и одржување на локални улици и патишта во 2011 г. Во Блатец со прв слој асфалт се покриени улици во должина од 480 метри, во Липец асфалтирана е улица во должина од 110 метра. Најавено е асфалтирање на улици во с. Истибања, а по вторпат ќе се реконструира и улицата “Тошо Арсов“ во Виница. Ова е втор дел од реализацијата на договорот кој општина Виница го има склучено со фирмата, изведувач на градежните работи “Вин- ин“ во висина од околу 7 милиони денари, средства од кои дел се обезбедени од Агенцијата за државни патишта, околу 3,5 милиони денари, останатиот дел го обезбедува општина Виница. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Продолжува асфалтирањето на улиците низ градот и населените места. Вчера и денес се асфалтира ул. “Видое Смилески Бато“ во должина од 330 метри.Во текот на изминатите неколку дена поставен е асфалт на кракот од улицата “Бел Камен“ покрај ОУ “Славчо Стојменски“ во должина од 80m, а во петокот заврши асфалтирањето на улица во село Лески во должина од 382 метри. Согласно предвидената програма на општина Виница, асфалтирањето ќе продолжи во текот на неделата со цел исполнување на обврските од потпишаниот договор со фирмата “Вин-ин“ на 6.700.000 денари, средства кои се обезбедени од Буџетот на општина Виница. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Улицата Димитар Влахов во Кочани , асфалтирана
Започнатите работи на почетокот на месец Февруари оваа година, кога се најпрвин исекоа а потоа и отстранија дрвјата од левата страна на почетокот на улицата „Димитар Влахов“, вчера (Вторник) завршија откако на улицата во должина од стотина метри се постави нов слој на асфалт. Со овој Проект, улицата доби свое проширување, паркинг простор за неколку десетици возила и модерен тротоар за пешаците. Со изградбата на овој инфраструктурен дел од улицата „Димитар Влахов“, Општината Кочани за краток период не само што реши дел од прашањето со паркирањето на возилата во централното градско подрачје, туку несомнено ја зголеми и фреквенцијата на луѓе и возила на овој потег. С. Ивановски ![]() |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Уште една слика од Димитар Влахов во Кочани
![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Почна да се гради кружниот тек во штипската населба „Автокоманда“
Четврток, 06 Октомври 2011 14:41 Сподели 9 Споделете ја веста со Вашите пријатели Во населбата „Автокоманда“ во Штип на најфреквентната крстосница почна изградбата на новиот кружен тек, кој ќе овозможи поголема безбедност во сообраќајот. ![]() Директорот на ЈП „Штип проект“, Тони Јовев вели дека новиот кружен тек ќе се заврши за четири дена. - Оваа крстосница во населбата Автокоманда ги поврзува најголемите населби во Штип, 8-ми Ноември, Дузлак, Сењак со централното градско подрачје, поради големата фреквенција на возила и поголема безбедност во сообраќајот го реализираме овој проект, рече Јовев. Тој истакна дека до крајот на месецов ќе се инсталираат и нови канделабрии, со кои ќе се осветли оваа крстосница и ќе се асфалтираат улиците на овој потег. Новиот кружен тек на најударната крстосница во Штип е во рамките на годишната програма на ЈП „Штип проект“. http://kurir.mk/republika/proekti/44810-Pocna-da-se-gradi-kruzniot-tek-vo-stipskata-naselba-Avtokomanda |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Ке се гради обиколница кај населбата Ново Село во Штип
Во Штип ќе се гради обиколница, која ќе биде алтернативна сообраќајница, доколку патот кај клисурата во населбата „Ново село“ се затвори од одрони на карпи и земјиште.Директорот на ЈП „Штип-проект“, Тони Јовев вели дека изградбата на новата обиколница е во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште.- Новата обиколница ќе биде алтернативна сообраќајница барем за леките возила , кои влегуват во градот од општините од југоисточна Македонија, рече Јовев. Новата обиколница во Штип ќе биде во правец на градската бања Кежовица и ќе излегува преку мостот на реката Брегалница кај Л’џите во штипско Ново село. Тој информира дека новата обиколница треба да биде изградена до крајот на оваа година, а проектот ќе чини околу 2 милиони денари. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Асфалтирана улицата Коце Мталец во К.Паланка
Пред неколку дена општина Крива Паланка започна со асфалтирање на улицата „Коце Металец“ и тоа крак 1 со должина 139 метри и крак 2 со должина од 279 метри.![]() Финасиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Крива
Паланка, а изведувач на градежните работи е фирмата „Изолација“ од
Скопје. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Уредени тротоарите во Штип
На штипјани им беше познат проблемот со испакнатите бекатон плочки на тротоарите во центарот на Штип, посебно на улицата „Кеј Маршал Тито“ и „Васил Главинов“ долж коритото на река Отиња.![]() Од тие причини ЈП „Штип - проект“ презеде активности со кои квалитетно ќе се уредат тротоарите и се отстранија испакнатините околу дрворедите. Во текот на изминатите две недели екипи на ова ЈП работеа на отстранување и нивелирање на тротоарите со цел порамнување на тротоарските површини и нивно прилагодување на потребите на пешаците, при што тротоарите се поправени и безбедни за движење на пешаците. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Изграба на улци во Општина Делчево
Паралелно со изградбата на новата улица во село Разловци чие што асфалтирање заврши во четвртокот, започна и изградбата на две нови улици во село Тработивиште.Поради блокадата на граничниот премин на границата кон Република Грција, беше оневозможена доставата на суровини, за потребите на градежната оператива на Гранит, со што асфалтирањето на овие две улици се пролонгираше за неколку денови. Станува збор за асфалтирање на "Улица 1"која што од центарот на селото минува покрај селската џамија кон неговиот јужен дел со површина од 525 м2, како и "Улица 2" која што од центарот на селото води кон север-северозапад, со површина од 1118 м2, поминувајки покрај црквата Св. Богородица. По подолго време во оваа рурална средина се реализираат вакви позначајни градежни зафати, кои во голема мера го подобруваат животниот стандард на населението кои живеат во ова едно од поголемите Делчевски села. Овие улици се реализираат како приоритетни проекти донесени од страна на Месната заедница на село Тработивиште која доста активно партиципира во работата на општина Делчево во креирање на годишните програми на општината, што претставува дополнителен мотив за сите останати месни и урбани заедници на територијата на Делчево што по ангажирано да учествуваат во донесувањето на годишната програма за работа на Градоначалникот за наредната 2012 година, за кога веке се предвидени поголем број на проекти и капитални инвестиции, од интерес на сите граѓани во местата каде ке се реализираат. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Асфалтирање на улици во Општина Зрновци
Согласно програмата за изградба на локални и регионални патни правци во Општина Зрновци започна асфалтирањето на три патни правци во населените места Мородвис, Видовиште и Зрновци.Средствата се обезбедени од буџетот на општина Зрновци во висина од еден милион и 400 илјади денари, додека работите ги изведува градежното претпријатие „Пелагонија“ од Виница.- Паралелно со ова се работи и на пробивање, а потоа асфалтирање на локалниот пат со поврзување кон селото Мородвис, а ќе се пристапи и кон асфалтирање на локалниот пат Морошка раскрсница до археолошкиот локалитет Моробиздон во Мородвис. Изведувач на работите овде е „Гранит“ од Делчево, а средствата во висина од 108 илјади евра се обезбедени од Светска банка, вели градоначалникот на Општина Зрновци Блаже Станков. Се работи и на подготовка на теренот за асфалтирање на заобиколниот пат од Зрновци кон Виница за што се обезбедени средства од Светска банка, истакнува Станков. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Нов кружен тек во Штип
Во штипската населба Автокоманда денеска е пуштен во употреба новиот кружен тек.Директорот на Јавното претрпијатие „Штип проект“, Тони Јовев вели дека учесниците во сообраќајот треба да внимаваат, бидејќи во текот на наредните денови ќе се поставува вертикалната и хоризонтална сигнализација. - Го оформивме кружниот тек на крстосницата во населбата Автокоманда, со што ќе имаме поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, кои се движат кон најголемите штипски населби, рече Јовев. Тој додаде дека до крајот на месецот очекува да пристигне и асфалтот со кој ќе се асфалтираат сите улици кои водат кон кружниот тек. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Се градат улици во Општина Делчево
Со финализирање на сите потребни документи, ГП Гранит од Делчево започна со изградбата на нова улица низ централното подрачје во селото Разловци, на огромно воодушевување на жителите на ова револуционерно село чиј што развој стагнира како резултат на немањето на конкретни проекти во минатото кои се однесуваат на бенефит за жителите на селото.Со оваа улица која се протега од центарот на селото кон неговиот југо-западен дел над старата училишна зграда и дворот на црквата Св. Цар Коинстантин и царица Елена, во голема мера се подобрува инфраструктурата за жителите на овој дел од селото. Ќе бидат асфалтирани 1000 м2 со битуменизиран носив слој БНХС 16 со дебелина од 7 цм. Во текот на изградбата на почетокот се појавија одредени проблеми со постојната денивелација на шахтите кои се наоѓаат во трупот на улицата како и потреба истите да се подигнат до горната кота на коловозот на улицата. Исто така се појавија и одредени проблеми со противење и опструкција на изградбата на улицата од страна на сопственици на имоти кои бесправно беа узурпирале површини во трупот на улицата. И покрај овие перипетии кои беа разрешени се започна со изградбата на улицата која ќе финишира до почетокот на наредната недела. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Во Штип започнува реконструкцијата на улицата Сутјеска
Штип, 11 септември 2011 (МИА) - Општина Штип почнува со реконструкција на дел од улицата „Сутјеска“, на потегот од Градскиот пазар до ОУ „Гоце Делчев“. Директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски вели дека пред асфалтирањето на дел од улицата „Сутјеска“ ќе се реконструира водоводната и канализациона мрежа во должина од околу 1 000 метри. - Наша обврска е да ја реконструираме водоводната и
канализациона мрежа. ЈП „Штип проект“ е задолжено да ја извади коцката и
да ги изгради тротоарните површини, а фирмата која го доби тендерот за
реконструкција задолжена е да ја направи атмосферската канализација и да
го постави асфалтот, појаснува Мицевски.Тој додава дека реконструкцијатав на водоводната и канализациона мрежа чини 4,5 милиони денари.Драган Ристов од Центарот за односи со јавност при
Општина Штип вели дека од утре до 15 ноември ќе биде затворена за
сообраќај улицата „Сутјеска“ која го поврзува централното градско
подрачје со населбите „Дузлак“, „Радански пат“, „Автокоманда“ и „Сењак“. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
штип :
Со цел да се реконструктуира улицата „Сутјеска“ на потегот од КАМ-маркет до влезот на ООУ „Гоце Делчев“, по распишаниот тендер, Општина Штип склучи договор со најповолниот оператор.![]() Рокот за извршување на работите, според договорот, е 60 дена од воведување на надзорен инженер на Општина Штип. Првенствено, пред реконструкцијата на улицата, двете јавни претпријатија треба да пристапат кон остварување на подготвителни работи. Поточно, ЈП „Исар“ треба да ги реконструира водоводот и канализацијата, а ЈП „Штип проект“ треба да ја извади коцката. Висината на сумата предвидена за реализација на овој проект изнесува 4.932.400 ден. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Полигонот во Делчево наскоро ќе биде ставен во функцијаПолигонот во Делчево наскоро ке биде ставен во функцијаДосега почетната обука од практичниот дел се вршеше на импрoвизирана површинa, а кандидатите за да полагаат возачки испит мораат да патуваат во Берово или во Кочани. По согледаните потреби на граѓаните, Градоначалникот на општината Делчево поведе иницијатива за изградба на соодветен полигон во градот Делчево. Утврдено е дека најсоодветна и најоправдана локација во моментот, за изградба и опремување на полигон за почетна практична обука е паркиралиштето за патнички возила пред Спортско рекративниот центар во Делчево, а тоа е поради следниве причини: над 80% од потребната површина е асвалтирана и може да се користи и за паркиралиште и за полигон за обука, паркиралиштето е во сопственост на општината и со тоа се решени имотно правните односи, веднаш до оваа површина се наоѓа државно земјиште на кое може да се изгради рампата за тргнување и застанување со рачна сопирачка, потребни се минимални финасиски срества за адаптирање на запуштеното паркиралиште за да може да служи за рекреација и спорт, како возење на велосипед, ролери и слично, локацијата е надвор од станбениот дел на градот. По извршените анализи е отпочнато со адаптирање (градење) на полигонот и досега е изградена косата рампа за тргнување, доасфалтиран е опесочениот дел од паркиралиштето, а во тек е чистење и обележување на полигонот. По обезбедувањето на потребните согласности од МВР, полигонот ќе биде ставен во функција за потребите на авто школите и полагањето на возачки испити. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Асфалтирана улицата кај старата противпожарна зграда во ДелчевоАсфалтирана лицата кај старата протипожарна зграда во Делчево Асфалтерските работи следуваат по обемните градежни работи спроведени на оваа локација со кои целосно се уреди овој простор кој претходно беше целосно во многу лоша состојба, во делови претворен во мини депонија, без никаква подземна инфраструктура, при што се изгради ново детско игралиште кое повеќе од потребното ја оправда својата улога (со оглед на фактот што во поголемиот дел од денот постојано е посетено од дечиња и нивните родители), мултинаменското спортско игралиште кое е осветлено за вечерни спортски активности на граѓаните, новата водоводна и канализациона мрежа, новата фонтана, простор за седење, како и партерно уредување на целиот простор. Асфалтирањето на оваа улица следуваше по претхотно направените целокупни подготовки за оваа фаза, со поставување на ивичници, тампонирање на трасата и целосно планирање на теренот од страна на ЈПКД Брегалница од Делчево. Средствата за сите градежни работи направени на оваа локација се обезбедени од Буџетот на општина Делчево, како и од учество на ЈПКД Брегалница. На овој начин со изградбата на оваа нова улица се заокружи една мултифункционална целина, како за граѓаните кои живеат во овој дел од градот, така и за луѓето кои поминуваат од тука. Во иднина преостанува уредување на просторот помеѓу мултинаменското игралиште и реката Брегалница, но реализацијата на овој проект ќе се решава интегрално со оформувањето на мини и макси коритото на реката Брегалница. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Градежни активности на ул. „Фемо Кулаков“Градежни активности на ул Фемо Кулаков - ТимјаникЗа реализација на проектот се обезбедени средства од буџетот на општина Неготино во висина од 3.600.000 денари а изведувач е фирмата Урбан инвест. - Планираме за една недела едната страна од патот да биде целосно завршена, истовремено ќе почнат и градежни активности во центарот на селото со патеки од бекатон плочки. Го реконструиравме патниот правец од градот до селото во должина од 1,6 км со што обезбедивме подобрување на условите за движење на пешаците.Во моментов се работи и во центарот на селото,се изведуваат градежни работи со асфалтирање, обезбедени се средства во висина од 6.100.000 денари, од кои 4.400.000 се наменети за асфалтирање на центарот, а се планира и асфалтирање на улица која е поврзана со центарот но и регулирање на водотекот на водите со уредена атмосферска и фекална канализација,рече градоначалникот на Неготино Пане Трајков. Тој истакна дека и претходно имало активности за уредување на канализацијата, банкини и сливниците со што ќе се подобри состојбата во центарот на селото. Во наредниот период се плaнира комплетно уредување на тој дел со поставување урбана опрема, корпи за отпадоци, клупи и канделабри. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Се реконструира локалниот пат кон СтанциСе рекоснтрира лкоалниот пат кон Станци - К.Паланка![]() Овој локален пат преставува еден од најоштетените во Општинa Крива Паланка и веќе долго време преставува проблем за движење на жителите од селата Дурачка Река и Станци како и други жители кои гравитираат кон овој дел од oпштината. Со проектот се превидува реконструкција и проширување на оштетениот коловоз во должина од 3.6 км со комплетно решавање на одводнувањето како и продолжување на изградба на нов коловоз во должина од 900 метри. Средствата за проектот се обезбедени од Владата на Р.Македонија преку Државната агенција за патишта. Динамиката на извршување на градежните работи е околу 10 месеци. Изведувач на градежните работи е градежната фирма АД „Гранит“ Делчево. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Доизградбата на две улици во населба Стар РасадникИзградба на улици во населба Стар Расадник - ДелчевоСтанува збор за изградба на дел од улицата Мито Хаџи Василев Јасмин со вградување на асфалт со површина од 1080 м2, како и изградба на дел од улицата Христијан Тодоровски Карпош со вкупна површина од 315 м2. Со изградбата на овие две улици во голема мерка се решаваат повеќе проблеми за жителите кои живеат и гравитираат во овој дел од населбата, како од аспект на секојдневна сообраќајна комуникација, така и од заштита на стамбените објекти од наноси и поплави кои со оглед на стрмниот терен во населбата предизвикуваат проблеми за граѓаните. Изведувач на градежните работи е ГД Гранит од Делчево, а инвеститор е општина Делчево, со сретства од Буџетот на општината. Изградбата на делови од овие две улици следува по изградбата на две
пристапни патеки и улици, изградбата на детското игралиште и уредувањето
на просторот околу гаражните места на влезот од населбата, како и
изградбата на пешачките тротоари, и пробивањето на улица во највисокиот
дел од населбата, која води до најпериферниот дел од градот. За оваа
населба во најскоро време предвидено е уште и изградба на едно
мултинаменско спортско игралиште по олимписки стандарди, за што од
неодамна се отстранети сите технички бариери и се усвоени сите потребни
документи при што се создадени услови за непречена изградба на ова
игралиште кое е донација на Агенцијата за млади и спорт при Владата на
РМ. Динамиката на работа сега единствено зависи од оваа владина
агенција. |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Ќе се уредува индустриската зона во КочаниКе се уредува индустирската зона во КочаниСо средства кои се добиени од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка, општина Кочани во партнерство со Општина Рила од Република Бугарија ќе го реализира проектот „Модерна инфраструктура-успешен бизнис“ чија вредност е 276.796 илјади евра.![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 7> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |