![]() |
![]() |
![]() |
Концесија на автопатишта |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314> |
Author | ||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
Исто така ме интересира што мислат надлежните во Албанија, имаат ли тие некоја стратегија како ќе ја поврзуваат земјата? Преку Црна Гора и Хрватска? Преку Грција? Знам дека градат автопат кон Косово, но тоа е слепо црево, не иде натака. Србија не намерава да ја гради врска Морина - К10 така да Косово останува слепо црево.
Дали размислуваат нешто да инвестираат во пристаништето во Драч? Вакво каково што е, не му користи никому! |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Сосема се сложувам, мислам дека со пбенкс малку погрешно ме разбравте. Патот кон Косово е од огромно значење, знам дека се врти огромна размена (во наша полза) со државата и е неопходна изградбата на автопат. Зборот ми беше ако имаме 70 милиони евра (колку што прочитав би чинела делницата кон Блаце), подобро да ги насочиме кон изградба на автопат кон Штип или на К8, затоа што патот Скопје-Приштина е многу краток, при што главницата километри се на територијата на Косово. Изградба на овие 20 киломтри од наша страна иако е многу важна, сепак заради краткото растојание нема да допринесе многу во скратување на времето на патување на возилата. Сметам дека подобро е овие пари да се вложат во региони кои воопшто немаат автопат (Штип), сврзуваат домашни градови (Охрид,Струга,Кичево) и се подолги дестинации, каде што повеќе би се познавало скратеното време на патување. Сепак сите овие 5 набројани делници сметам дека се од врвен приоритет и неодложен карактер, кои може и мора да ги градиме едновремено, што побрзо, ако не сакаме да останеме слепо црево.
![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Пред некој ден имаше изјава на некој Косовски министер, дека немаат пари за автопат до Скопје, имаат некој пат во изградба и тој ќе им биде приоритет да го завршат. Веста незнам каде отиде, заборавив да ја пренесам.
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Да, го читав тоа и јас. Но, но искрено мислам дека ако тргне работата на градба автопат Скопје-Приштина по заедничка иницијатива брзо ќе го баталат патот Приштина-Српска граница на сметка на овој накај Скопје. Ако не друго, ќе ја грабната лесната делница од Липјан до Качаник која е воедно и 90% од патот низ нивна територија (би останале 15на км низ качаничка клисура). |
||
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|
http://kurir.mk/makedonija/vesti/45707-Nema-zainteresirani-kompanii-za-koncesioniranje-so-patistata |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
Мартин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
![]() ![]() |
|
Искрено, ме радува оваа вест! Уште од почеток бев против овој начин на "работење". И јас, како Андреј и Урбан сметам дека државата е финансиски способна самата да ги изгради сите потребни делници, нормално во фази. Така што, верувам дека после оваа вест ќе почнат да се бараат други начини за реализација на автопатиштата.
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
drzavata nema ama bas ic volja sama da realizira ovakov golem proekt ve raduva ili ne ovaa vest toa everuvajte mi deka narednive nekolku godini nema da se pocne ovoj proekt isto taka smetam deka se gluposti tvrdenjata deka ne ni treba k8 ne bil od nas interes pojasni andrej i apsolutno se slozuvam so nego
|
||
![]() |
||
tonikostov ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
![]() ![]() |
|
мене ми смрди како да ќе изгубиме доста време барајќи концесионери... на крај самите ние ќе се решиме да ги изградиме коридорите, ама веќе ќе бидеме слепо црево, бидејќи околните земји веќе не премостуваат...
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Абе луѓе за што има државата инетрес да ги гради со сопствени пари такви скапи проекти? За да се премостиме ли, за да имаме со што да се фалиме на ссц ли? Физибилноста е под прагот на долгорочна исплатливост. Факт е дека не се градат патишта, ама тоа е друго прашање. Да ги поставиме вистинските прашања, зашто немаме основна студија каде колку пгдс имаме и нивна проекција за наредни години, зашто не се градат регионални патишта кои фигурираат во евиденцијата, а на терен се шуми, зашто не пробиваме нови магистрални и прошируваме постојни со трета и четврта лента? Каде треба да има автопат, ама зашто стврано треба да има. Зашто регионалниот Скопје Велес е пренаменет да служи за автопат како премостување на Македонија и директен залог од Македонија во континенталните коридори, а институциите се изиграваат со нас. Тоа се прашањата, а автопатите пакетот голем зависи од континенталнити политики во кои Македонија нема ама баш никаков ефект. Концесионирањето е само една неуспешна етапа и непотреба и така.
|
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
Веќе е изгубено времето за наоѓање на концесионери. Постапката за доделување концесија започна во јули 2009 и првичниот рок за доставување на понуди беше октомври 2009. Следеше измена на патните правци (нивно редуцирање) кои се нудеа на концесија и многубројни одложувања на првичниот рок кој беше пролонгиран за 2 години. Идејата официјално пропадна. Во Програмата за работа на владата за 2011-2015 стои дека „доколку не се добијат прифатливи услови за концесија, ќе се користат други начини за финансирање на постапна изградба со нова динамика.“ Тоа значи дека или ќе се гради од средства од буџетот, или ќе се бараат позајмици, или комбинирано. Подготовката на буџетот за 2012 е во тек. Наскоро ќе дознаеме колку средства ќе бидат одвоени за патишта. Edited by OCB - 14-Oct-2011 at 00:16 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Концесијата, таква каква што беше понудена, од повеќе аспекти беше доста неповолна за граѓаните на државава. Реално со нивото на сообраќај на повеќето понудени делници, тешко и дека можеше којзнае колку подобра концесија да добиеме, а еве и оваа не помина.
Со оглед на тоа дека понудениот модел го сметав за неповолен, не сум разочаран од исходот во моментов, но ме плашат две работи: - Дали со сопствени сили (под ова не подразбирам само сопствени средства, туку и правилно лобирање за грантови и меки кредити) ќе излеземе од моменталната зачмаеност на полето на изградба на автопати, и малку по малку да продолжиме да ги градиме клучните правци? - Што правиме сега со патарините? Во текот на минатите две децении се докажа дека државата не само што не е способна да се справи со патаринската мафија, туку покажа и дека во голем дел е инволвирана во целата таа работа! И се разбира, скраја да е да направат уште еден обид со концесионирање, кој обид јасно дека ќе мора да биде уште понеповолен модел за нас, за да има шанси да се најде некој заинтересиран. Во секој случај, топло препорачувам нишкава да се прочита од почеток до крај. Исклучително индикативно е да се види како многумина форумаши размислуваа многу потрезвено од државните институции и како прецизно ги предвидуваа случувањата во текот на целата постапка, за разлика од оние кои се платени да го прават тоа и располагаат со многу повеќе информации.
![]() Се шегувам... Но навистина ме интересира дали пресвртов е поради неуспехот на обидот за концесионирање, или се должи на нешто друго?
http://www.build.mk/?p=10089 ... На иницијалниот повик за пројавување на интерес кој заврши во август 2008 година се јавија 48 компании. Потоа, после повеќемесечно одлагање, во средината на ноември 2009 година Министерството за транспорт и врски го објави повикот за учество во постапката, а рокот за доставување на потребната документација беше 15.01.2010. Во меѓувреме беа драстично редуцирани првичните пакети и беа исфрлени повеќе предвидени автопатски делници. Следеа уште неколку одлагања на рокот за доставување на барања за учество, со што процесот беше одолговлечен за дополнителни 5 месеци. Конечно во мај 2010 година, осум конзорциуми доставија барања за учество, а во ноември пет од нив ја поминаа претквалификационата фаза. Иако и првичниот рок за доставување на понуди од страна на претквалификуваните конзорциуми (26.04.2011), беше три пати пролонгиран, сепак тоа не помогна да се најде концесионер. ... Останувам должен за коментар во врска со претходната дискусија што ја покренаа Ненад и Андреј. Edited by Cloverstack - 14-Oct-2011 at 03:11 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Па не е ништо особено радикално, само што тогаш може и не сум се посветувал толку за проблематикава и бев оптимист како и за секоја нова опција, ете пробавме со концесионирање не се случи ништо, идеме понатаму не е крај на свет. Може и тогаш и јас да сум бил дел од тие што така романтично фантазирале за комплетирана автопатна мрежа коклку за да ја имаме, нешто што го приметувам кај многу од тие што дебатираат за оваа тематика, практично од исти мотиви од кои Северна Кореја има стотици километри права линија автопат, односно не дека стварно треба, или од престиж како сакаш кажи го. Една неколку пати моја кажана теза е дека бадијала ја градевме источната делница на Скопската обиколница и сеуште тврдам дека е така од кога сум сватил, инаку заедно сите тогаш навивавме за градењето. Тоа е тоа, ништо посебно.
Edited by lslcrew - 14-Oct-2011 at 02:18 |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() Потполно се согласувам! Власта не смее да си игра и да влегува во авантура со мегаломански задолжувања или влечење средства од буџетот кои се наменети за индустријата за изградба на автопати. Да не ја доживеме судбината на Хрватска (која кога тогаш ќе ги извади парите од туризмот - ако дотогаш не банкротира). Ако ние се доведеме пред банкрот, никој нема да не вади. |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
ISL, ја прифатив поканата од Кловер да ја прелистам целата нишка, еве прочитај ја и ти. Фрапантна е промената на мислење кај тебе за 180 степени! Слепо ги браниш сите одлуки и чекори на владата, но по исклучително лоша цена за својот кредибилитет на форумов. Затоа незнам зошто мене и дел од другите софорумци ги нарекуваш Севернокореици (демек крајни во своите ставови) или пусти сонувачи за премостување.
Навистина е досадно цело време да вадиш економски теории и политики кои во светот се одамна напуштени. Веруваш во краен либерализам и тргнување на државата од сите сфери каде е тоа можно. Според актуелната економска политика (така се вика посегот на државата во економските активности вклучително и автопатите), државата воопшто не е исклучена од овие дејности, напротив се окуражува што поголемо нејзино вмешување и конторла кои овозможуваат огромни социални бенефити. Јас пар се не сум против концесијата, но сметам дека К10 и К8 мора да се изградат и останат во државни раце бидејќи се рбетот на Македонија и државата без нив не би смеела да остане. Потоа, за на нпр. 10 години кога за тоа ќе се создадат поволни услови (под тоа мислам поволни критериуми за заинтересираност на концесионерите, без притоа да се направи штета на граѓаните, како според актуелниот план на владата, која дава во пакетите веќе изградени правци и субвенции), нека се дадат на концесија правците како Битола-Прилеп-Велес-Штип... Edited by Andrej_LJ - 14-Oct-2011 at 08:07 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Андреј, зарем промената на нечиј став по некое прашање, е автоматски лоша работа? Што е алтернативата, секој да си ги зацементира своите ставови и овде сите да си водиме паралелни монолози?
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Не, туку кога веќе водиме сериозни дискусии сметам дека е нужно таквата промена да се обоснови со факти. Јас за жал не чув конкретни издржани мотиви за ваквата промена, а би сакал. Никој тука не говори или се застапива за изградба на автопати заради престиж, комплекс или севернокореиштина, туку потреба и нужност.
|
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Јас воопшто не се сложувам со теоријата дека автопатиштата биле за чалам или за некакво си „премостување на Македонија“.
На страна се друго, не така малку странски инвеститори ја одминуваат Македонија токму поради лошата патна состојба. Глобалните компании не прават ад хок инвестиции туку често ги планираат како дел од нивната поширока логистичка мрежа. На пример голем број добавувачи на Фиат во Крагуевац имаат точни правила дека добавувачите треба да им се на максимум 200км или на толку и толку време раздалечина (карикирам за двете). Македонија во моментот поради тоа е отсечена, односно релативно убавата приказна која се развива со Бунарџик би можела да биде уште поубава доколку сме квалитетно поврзани со светот. Реално, освен со Солун, сите други правци ни се хендикепирани а правецот кон Солун е хендикепиран поради тоа што Грците во просек штрајкуваат пола година. Јас ќе го повторам мојот приоритет, прво би ги усмерил ресурсите кон Блаце а потоа би „играл“ како Андреј, односно има прилично лесни делници по должината на коридорот 8 кои може да се нафатиме да ги градиме. Ако не друго, таквата изградба макар и симболично би почнала да го придвижува развојот на овој коридор. Што се однесува до ПГДС и сличните анализи. Јасно е дека Македонија има мизерен ПГДС и релативно мизерни проекции што е една од клучните причини зошто концесииве пропаднаа. Но изградба на автопатшта генерира ПГДС а мислам дека последната бројка која ја дознавме за скопската обиколница укажува на тоа. Мора похрабро да се загази на ова поле, секако не со хрватско темпо каде математиката е сосема друга но мора да се мрдне од мртва точка. |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Ова промена на став, како прво е како една мала причина за иритирање така уфрлена во дискусијата во недостиг на аргументација. Не планирам да објаснувам зашто мене ставот ми еволуирал и сам кажам предходно. Да не идам со вака остра реторика, Андреј вака е повратник после некое време, не сакам така да звучам одбивно. Додека сум бил "дете" за овие работи и сам навивав за обиклницата, ама денеска знам дека е цела делница многу години пред времето да биде потребна. Таква доблест од ниеден друг тука подолго пристуен член не се сеќавам да сум прочитал, ако грешам поправете ме.
Македонија со една реченица кажано треба да си направи ПГДС мапа и приоритети во изградба на патната мрежа да биде онаму каде што ПГДС-от притиска во однос на постојниот профил, а следствено на тоа изградба на она што е тамо планирано, без реазлика од кој профил пат било тоа. Edited by lslcrew - 14-Oct-2011 at 13:49 |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Реално, МК нема на ниедна точка таков ПГДС притисок. Можеби згодно би дошло вистинско комплетирање на СК-Велес, проширување на Тетово-Гостивар или реновирање на некои делници. Но не ми текнува некаде да имаме делница/јазол каде што ПГДСто е неподносливо. Затоа размислувањето треба да ни оди во правец, кои правци можат да донесат раст на ПГДС и да ја покренат економијата во одреден регион. Не би се сложил дека скопската обиколница е пред своето време. Обиколница на еден голем град е многу елементарна работа и таа треба да дојде на место пред гужвата а не после нејзе. Можеме да спориме за делови од трасата но и во оваа форма, обиколницата ќе си ги донесе своите бенефити. |
||
![]() |
||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|
Секој има право да го промени мислењето и еволуција на истото.
Јас сакам да го истакнам финасиско-економискиот момент кога се зборува за коридрите. Да ги оставиме настрана идеалистичко-романтичарските погледи и желби. Имено, патиштата и железницата се скапи работи. После последнава криза (во која веројатно уште сме) во светот постепено се напушта Кејнзиското учење во кое зголемената потрошувачка влече поголем раст. Како последица на тоа се намалуваат и инвестирањата во инфраструктурата. New deal-от во ова време не ги дава истите резултати како порано. Се оди на така-наречени таргетирани инвестиции, значи оние за кои е извесно дека ќе овозможат развој, во најбрзо можно време, од една или можеби две децении. Заради слаб ПГДС, нашите патишта не се во оваа група. Освен ПГДС банките ја гледаат и економската активност во која исто така не ги исполнуваме стандардите Еве набрзина како оди таа пресметка, ако Македонија има 5 милијарди трговска размена, да решеме за 10 години растот на БНП да е 5% во просек, тоа би дошло одприлика 7 - 8 милијарди годишно до 2020 год (овде ги земам најоптимистичките бројки, верувајте никој не ни дава тлкави шанси надвор). За тие пари они нема да ни ги отварат фондовите за К8. Друг извор асе комерцијални кредити со државни гаранции, и тие би ги добиле полесно. НО тие се со многу повисока камати, над 5 %, водат во задолженост на државата, и со тоа се става јамка на вратот. Во последно време се вртат кинески пари, релативно се поволни, но кинезите бараат нивни фирми да ја извршуваат изградбата. Во белград се гради мост по таа шема. Значи државата го враќа кредитот-а кинезите градат. Дали би било ова поволно за нас? МОжеби, но треба кинезите да се заитересираат. Уште една работа е што треба да се внимава на домашната оператива која вработува многу луѓе, а и потребни и се референци за потенцијално да се вмеша во некој проект надвор. За таа цел се одвојуваат ставки во буџетот на име капитални инвестиции, и им се дава некој делница со години да ја изведуваат. Ова е трет финансиски извор за К8, но негативно е што долго трае таа изградба а и е извор на корупција. А тоа дали е К8 политички коридор, јас силно стојам, а и времето ќе докаже дека сум во право, како што бев во право за оној глупав АМБО нафтовод, што за среќа се откажа. Од К8 вреди само пругата до Бугарија, штета што Бранко не успеа да ја заврши. И да заклучам со предвидувањето дека до 2020-2025 нема воопшто да се работи на К8. (Да се надеваме дека нема да бидам во право) |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |