Урбанистички планови и парцели (општо) |
Post Reply | Page <1 2930313233 65> |
Author | |||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #601 Posted: 22-Jul-2011 at 19:09 | ||||||||
Да речеме овде
|
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #602 Posted: 26-Jul-2011 at 11:10 | ||||||||
100.000 метри квадратни за спортско-рекреативен центар во Карпош
Советниците на општина Карпош дадоа виза за измена на деталниот
урбанистички план со цел изградба на спортско-рекреативен центар на
потегот од булеварот 8-ми Септември до улица Љубљанска и приклучувањето
со улицата Скупи, на површина од 100.000 метри квадратни. |
|||||||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #603 Posted: 17-Aug-2011 at 23:32 | ||||||||
Комплексот над Јужен булевар порасна за 18 ката Од 16 метри висина и два ката, новиот ДУП дозволува деловниот комплекс зад Старата железничка станица да се издигне до 20 ката Деспина Трајковска Од 16 метри висина и дозволена катност од два ката, огромниот деловен комплекс што е предвиден да се гради над Јужен булевар зад Старата железничка станица сега е проектирано да може да се издигне до максимум 20 ката. Тоа е единствената разлика што ја предвидува последната верзија на предметниот ДУП, кој од вчера се наоѓа на увид на граѓаните. Всушност, се повторува постапката за донесување на урбанистичкиот план кој неодамна беше укинат од страна на Уставниот суд поради скратената постапка на усвојување, иако законските норми кога се донесе планот не го дозволуваа тоа. И во оваа верзија е предвидено да се изградат неколку комерцијално-деловни објекти во должина од околу 1 километар над Јужниот булевар, кој во овој дел е предвиден како подземна сообраќајница. Во план е да се најде инвеститор што би го изградил булеварот, а за возврат ќе ги добие парцелите за градба што се над него. ДУП-от ги потврдува и трите ротонди во реонот на Стара железничка станица. Два помали кружни тека треба да го „негираат“ надвозникот кон Црниче, со едниот ќе се врзат улиците „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ и „Кочо Рацин“, а со другиот „Железничка“ и „Бихаќска“. На другата страна на комплексот, пак, сообраќајното решение на планот предвидува да се изгради голема ротонда, која ќе го регулира сообраќајот на раскрсницата на улиците „Јасмин“ и „Железничка“ со „Свети Климент Охридски“, „Водњанска“ и „Васил Ѓоргов“. Лидија Андреевска од „Тајфа план“, фирмата автор на ДУП-от, информира дека и во овој случај се потврдува конзерваторската основа за дел од реонот. Односно, планираниот комерцијален објект на местото на сегашниот паркинг помеѓу Музејот и ТЦ „Рамстор“ ќе треба да се изгради со „пресликана“ фасада и висина како и железничката станица. Според Андреевска, планот дава можност и за обнова и развој на разрушениот дел на Старата железничка станица, кој практично е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс. „Предвидено е цел булевар да е подземен, а над него да се наоѓаат дел од градбите. Паркирањето ќе се решава и со подземен паркинг, што е веќе реализирано со постојните градби на трговскиот центар и банката. Инаку, овој план е од големо значење за Скопје, особено сообраќајната студија, која има добиено виза од Градот Скопје и од Министерството за транспорт и врски“, вели Андреевска за која Јужниот булевар има значење исто како и северната обиколница на Скопје. ДУП-от предвидува подземната улица да биде широка 31,5 метри, од кои по две ленти од по 3,75 метри во двата правци, две ленти по 3 метри наменети за застанување на возилата, како и средишен коридор во кој има зацртано трамвајска пруга. Објектите над булеварот со околните содржини ќе се поврзуваат со еднонасочни улици. Проектирано е комплексот да се поврзе со новиот хотел, деловниот објект и со трговскиот центар кои се' уште не се изградени. Политички препукувања Предметниот ДУП пред две години беше причина за политички препукувања меѓу власта и опозицијата. Опозиционерите сметаа дека се прави голем криминал, оти наводно го нарачала ДУП-от за бизнис-интереси на луѓе блиски на владејачката партија. Иако ДУП-от официјално беше ставен во владината програма за изработка на приоритетни урбанистички планови, наводно, финансиер, сепак, не била Владата, туку друг инвеститор што бил заинтересиран да го изгради подземниот булевар, а за возврат да ги добие парцелите за градба над него. Градските власти, пак, информираа дека ГЕММА, фирмата која ги гради хотелот и трговскиот центар зад „Рамстор“, им понудила да изгради дел од Јужен булевар, на потегот од раскрсницата со „Водњанска“ до подвозникот во Кисела Вода. За возврат, фирмата би требало да добие уште една градежна парцела на таа локација. Градот и фирмата дури имаа потпишано и протокол за соработка. izvor |
|||||||||
Charlie
Newbiе Joined: 19-Aug-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #604 Posted: 19-Aug-2011 at 13:47 | ||||||||
Здраво на сите, го следам форумов од поодамна мислам дека е одличен.
Имам само едно прашање незнам дали има некој упатен да објасни околу работиве со железничкава музеј? го прочитев натписов па ме интересира дали навистина има иницијатива за обнова на разрушениот дел на Старата железничка станица? бидејки сметам дека старата железничка била еден маркантен објект во овој град па заслужува да биде обновена, се разбира со некоја друга намена. Edited by Charlie - 19-Aug-2011 at 13:53 |
|||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #605 Posted: 22-Aug-2011 at 16:53 | ||||||||
Добредојде Charlie
Во ДУП-от има предвидено маркичка за објект кој одговара на старата железничка станица. Но дали навистина би се обновувала, со колкав степен на автентичност и со каква намена, тоа тешко дека некој може да каже, со оглед на тоа дека кај нас прејде во навика ваквите планови да се менуваат на дневна база. Во прилог на неизвесноста по ова прашање на пример говори и фактот дека ДУП-от „Стара Железничка“ од 2009 година, за конкретната градежна маркичка предвидуваше деловен простор, а со последниве две верзии од годинава е предвидена намена - култура. За жал на сајтот на општина центар не можам да го најдам текстуалниот дел на ДУП-от, евентуално ако таму е образложено подетално што точно се планира, ако воопшто е искристализиран некаков план, макар и минлив. Еве извадок од најновиот предлог-ДУП Од друга страна еве што пишува во извештајот за животната средина за ДУП-от (инаку ова е постара верзија на документот, не знам дали сеуште е актуелна). Edited by Cloverstack - 22-Aug-2011 at 16:57 |
|||||||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #606 Posted: 22-Aug-2011 at 19:20 | ||||||||
Ќе се менува урбанистичкиот план за Горно Лисиче
понеделник, 22 август 2011, 19:11 Жителите на населбата Горно Лисиче стравуваат дека државата ќе им ги сруши дивоизградените куќи, зашто на тоа место се планира изградба на булевар. Александар Зиков веќе 20 години живее на улицата „Тодор Чангов“, каде е предвиден булеварот. Тој веќе поднел барање за легализација, но и покрај тоа стравува дека неговата куќа нема да може да се легализира без промена на урбанистичките планови. - Од општина велат дека ништо нема да биде, но додека не ги добиеме потребните документи, ништо не верувам. Поднесовме документи, бележани сме веќе со црвено каде треба да биде Булеварот и сега ништо не ни издаваат, ќе чекаме до 3 септември. Петиција поднесовме за промена на ДУП, кажаа дека се сменил, па и таму се бунеле граѓаните, па рекоа дека ќе се решава на ниво на општина, вели Александар Зиков, жител на општина Аеродром. Од општината Аеродром велат дека нема да ги уриваат куќите, бидејќи до крајот на годината треба да биде усвоен новиот урбанистички план. Трасата на булеварот што треба да се гради ќе биде поместена, вели градоначалникот Коневски. - На оние места каде има објекти кои според ДУП се спротивни, ќе се обидеме да ги усогласиме, со тоа што ќе ги измениме плановите со булеварот согласно генералниот урбаниситчки план. Кога ќе го усогласиме ГУП со фактичката сосотјба, тогаш следи промена на ДУП и тогаш ќе ги легализираме и тие објекти, вели градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски. На местото каде е предвидено да се изгради булевар живеат околу 2000 луѓе, во 300 до 400 дивоизградени куќи. http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=40116 |
|||||||||
lslcrew
Senior Member Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply #607 Posted: 23-Aug-2011 at 03:39 | ||||||||
Јасно е дека неможе да се очекува од некој што е предмет на експропријација да демонстрира општествена одговорност и да покаже коопретивност за квалитетот на живеење на неговите соседи, само не ми е јасно како може институции и политиката да ретерираат кога за неколку изгубени гласови и галами што ќе се заборават за кратко време, добиваат куп гласови. И крај крајева легализацијава е чисто објектите да влезат во системот во регистрацијата како градежен капитал, не за да се пореметат урбанистичките текови. А од друга страна па и тука гуп-от е така малку од ѓутуре нацртан бес почитување на предходната мрежа, а Чангов требала да биде како некоја основа што ќе се испочитува, нормално не зборам за компромиси на сметка на поврзувањето со останатиот дел од градот.
|
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #608 Posted: 07-Sep-2011 at 10:32 | ||||||||
Зад старата железничка станица ќе се градат 20-катнициВо Скопје, на барање на ВладатаОткако Уставниот суд го укина Деталниот урбанистички план "Стара железничка станица", по барање на Владата надлежните од општината Центар подготвија нов предлог-план според кој деловните објекти на Јужниот булевар, пораснаа, ни повеќе ни помалку, туку за цели 18 ката. Со последните измени на планот, место два ката со приземје и потпокрив, на просторот зад старата железничка станица, ќе се дозволи да се градат комерцијални и деловни објекти од 20 ката. Со јавната анкета која штотуку заврши, општината Центар одново ја почна постапката за донесување на нов ДУП „Стара железничка станица“. Пред неколку месеци, измените кои се предвидуваат со овој план паднаа на Уставен суд, оти тој беше донесен по скратената постапка. Затоа сега се повторува целата законска постапка, односно планот до крајот на август беше на јавна анкета, за заинтересираните скопјани, кои живеат во овој дел од градот да го разгледаат и да поднесат евентуални приговори. По ова, нацрт-верзијата на планот ќе се најде на дневен ред на некоја од есенските седници на Советот на општината. Освен висината на венецот на објектите, планот е речиси ист како и оној донесен минатата година. Со ДУП се предвидува Јужниот булевар, во овој дел од центарот на Скопје, да се гради под земја, а врз него се проектирани деловни и комерцијални објекти, односно просторот е замислен како голема пешачка зона. Според плановите на локалните власти, ќе се бара инвеститор кој би ја финансирал изградбата на булеварот, а за возврат тој ќе го добие земјиштето над сообраќајницата. Во јавноста уште минатата година се шпекулираше дека земјиштето ќе се даде на Мијалков, Камчеви, Азманов... - Дваесет ката е максималната висина, што не мора да значи дека сите објекти ќе бидат толку високи. Треба да се има предвид дека четири до пет ката од објектите ќе бидат искористени за паркинг-простор, имајќи предвид дека подземен паркинг нема да може да се гради поради булеварот, објаснуваат од проектантската куќа "Тајфа план", која го изработи овој ДУП. За пристап до Јужниот булевар ќе се градат и три кружни текови. Две помали ротонди треба да го „анулираат“ надвозникот кон населбата Црниче, поточно, со едната ротонда ќе се врзат улицата Мито Хаџивасилев-Јасмин и булеварот Кочо Рацин, а со другата улиците Железничка и Бихаќска. На другата страна на комплексот, пак, сообраќајното решение на планот предвидува да се изгради голема ротонда кај деловниот објект на НЛБ Тутунска банка, која ќе го регулира сообраќајот на крстосницата на улиците Мито Хаџивасилев-Јасмин и Железничка со булеварите Свети Климент Охридски, Водњанска и улицата Васил Ѓоргов. Планот предвидува и изградба на трговски центар на паркингот меѓу Музејот на Скопје и ТЦ „Рамстор“. Трговскиот центар освен истата висина, треба да има и фасада иста како онаа на Старата железничка станица, за која е предвидено да се реставрира. Од „Тајфа план“ информираат дека планот има конзерваторска основа за дел од реонот, затоа што е дадена можност за обнова и развој на урнатиот од земјотресот во 1963 година дел од Старата железничка станица, кој практично е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс. Покрај трговскиот центар, со измените на планот е предвидена и маркичка за изградба на катна гаража зад "Рамстор". И со оваа верзија е предвидено да се изградат низа комерцијално-деловни објекти во должина од околу еден километар над Јужниот булевар, кој во овој дел е предвиден како подземна сообраќајница. Овој план е од големо значење за Скопје, особено сообраќајната студија, која доби виза од Градот Скопје и од Министерството за транспорт и врски, велат проектантите, за кои Јужниот булевар има значење исто како и северната обиколница на Скопје. Деталниот урбанистички план предвидува подземната улица да биде широка 31,5 метри, со по две ленти од по 3,75 метри во двата правци, две ленти по три метри наменети за застанување на возилата, како и средишен коридор, во кој е зацртано да поминува трамвај. Објектите над булеварот со околните содржини ќе се поврзуваат со еднонасочни улици. Проектирано е комплексот да се поврзе со новиот хотел, деловниот објект и со трговскиот центар на улицата Железничка, што со години се чека да се изградат. Пред две години овој Детален урбанистички план беше причина за политички препукувања меѓу власта и опозицијата. Опозицијата, тогаш сметаа дека со планот се прави голем криминал, затоа што планот бил наводно нарачан за бизнис интересите на личности блиски на владејачката партија. Иако ДУП официјално беше ставен во владината програма за изработка на приоритетни урбанистички планови, наводно, финансиер, сепак, не била Владата, туку инвеститорот - заинтересиран да го изгради подземниот булевар, а за возврат да ги добие парцелите за градба над него. Градските власти, пак, информираа дека „ГЕММА“, фирмата што ги гради хотелот и трговскиот центар зад „Рамстор“, им понудила да изгради дел од Јужниот булевар, на потегот од раскрсницата кај булеварот Водњанска до подвозникот во Кисела Вода. За возврат, фирмата требало да добие уште една градежна парцела на таа локација. Градот и фирмата дури имаа потпишано и протокол за соработка. Границите на опфатот на овој ДУП се сообраќајниците Мито Хаџивасилев-Јасмин, Водњанска, Железничка и Бихаќска, со површина од 14,28 хектари. Поделен е на три блока со вкупно 18 градежни парцели. Уставниот суд бадијала укинува Уставниот суд на седница во март годинава ја укина Одлуката на советот на општината Центар, за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“, од 30 август 2010 година. Судот утврди дека Одлуката била донесена по скратена постапка во време кога не постоела таква законска можност, согласно Законот за урбанистичко и просторно планирање. Донесувањето на урбанистички планови по скратена постапка беше укинато со измените на овој закон од јули 2009, кои стапија во сила на 31 декември истата година. Ист ваков епилог доживеа и верзијата на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“, од 29 јануари 2010 година. Како и во тој случај, општината во новата верзија на плановите внесе повеќе измени. Интервенцијата на уставните судии, освен усвојување на нов план по редовна постапка, секогаш ја отвора можноста за маркички за нови објекти. http://www.time.mk/read/NONE/b524122ec8/index.html |
|||||||||
my Macedonia
Senior Member Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4078 |
Quote Reply #609 Posted: 10-Sep-2011 at 22:08 | ||||||||
DUP ovi na Opstina Kicevo http://www.kicevo.gov.mk/dup.html
PS: Ivani dol e industriska zona, posto ovde ima edna 2 ne sum siguren ama edno e sigurno i toa deka imeto ivani dol e industriska zona i tamu na golemo se gradi |
|||||||||
theMac3donian
Senior Member Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
Quote Reply #610 Posted: 13-Sep-2011 at 06:30 | ||||||||
Нов предлог ДУП на неколку реони во Гевгелија, е изложен за јавноста. Билтенот пишува дека ДУП-от ќе биде на разгледување 10 дена.
Најверојатно се работи за ДУП-от околу централниот градски реон. |
|||||||||
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|||||||||
gorco
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
Quote Reply #611 Posted: 06-Oct-2011 at 08:34 | ||||||||
Датум: 05.10.2011, 19:18
до краЈот на октомври темелник за ОСУМKАТНИЦА KАЈ ХРАМОТ „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ Актерите ќе се селат од бараки во зграда ФДУ ќе биде дел од административната зграда, чија изградба ќе почне до крајот на октомври, и во која ќе се преселат уште 10 државни институции како УЈП, Агенцијата за планирање на просторот, Дирекцијата за спречување перење пари, Државниот девизен инспекторат и други Покрај Вардар, во околината на црквата „Пресвета Богородица“ до крајот на октомври ќе почне изградбата на административната зграда во која ќе бидат сместени 10 државни институции, како и новите простории на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Студентите на овој факултет, а и вработените, со децении функционираат во привремени бараки, подарени по земјотресот, а и расфрлани на неколку локации во Скопје. Објектот готов за 20 месеци Kога објектот ќе биде готов, во него ќе се преселат Бирото за судско вештачење, дел од Управата за јавни приходи, Агенцијата за планирање на просторот, Дирекцијата за спречување перење пари, Државен девизен инспекторат, Државниот завод за индустриска сопственост, Националната агенција за европски образовни проблеми, Бирото за регионален развој, Технолошки индустриски зони, како и Агенцијата за цивилна воздушна пловидба. Секоја од институциите ќе има посебен влез. Службата за општи и заеднички работи во Владата на Македонија веќе распиша оглас за избор на фирма која ќе го гради објектот. - Изборот е во тек, а најповолната понуда се очекува да биде избрана за две недели, а наскоро треба да добиеме и одобрение за градба од Општина Центар - изјави Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи. Околу деталите за објектот, информираше дека ќе биде со површина од 24.000 квадратни метри, на седум ката плус потпокрив, а паркирањето ќе биде решено со подземна гаража на две нивоа со капацитет за 130 возила. Инвеститорот, според договорот, има обврска да ја заврши градбата во рок од 20 месеци. Плоштад пред црквата „Пресвета Богородица“ Директорот Доневски не откри колку ќе чини изградбата на објектот, со образложение дека тоа ќе биде познато откако ќе заврши тендерот за избор на најповолен изведувач. Урбанистичкиот план за локалитетот „Пресвета Богородица“ ги решава и барањата на Македонската православна црква, за содржините околу православниот комплекс. Па така, зад храмот се предвидени библиотеката на МПЦ во која ќе се чуваат нивните вредни книги, крстилница и простории за богослужителите на црквата. Во предниот дел, кон реката Вардар ќе биде седиштето на МПЦ и официјалната резиденција на архиепископот охридско-македонски. Пред самата црква, како што објаснија надлежните од Општината Центар, се подготвува проект за плоштад, кој ќе се простира до самата река Вардар. Kомуникацијата со другата страна на реката ќе биде решен со пешачки мост. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=83C4A3B0CA667644ABC23B12B4EE759F Edited by Cloverstack - 06-Oct-2011 at 11:21 |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #612 Posted: 07-Oct-2011 at 11:11 | ||||||||
Трговски центар наместо црква во Ново Лисиче
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1071194447&id=14&prilog=0&setIzdanie=22400 |
|||||||||
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #613 Posted: 17-Oct-2011 at 00:08 | ||||||||
Фонтани и споменици пред црквата „Пресвета Богородица“
Фонтани, нови градби, плоштад се само дел од новите содржини што ги предвидува планот „Пресвета Богородица“ за урбанизација на левиот брег на Вардар, во делот на истоимениот храм. Овој простор, со децении мрачен и запуштен, во наредните две години ќе претставува вистинско градилиште. Општината Центар распиша конкурс за избор на изведувач на комплексот фонтани, предвидени да се градат на плоштадот пред црквата, кој е во фаза на проектирање. Фонтаните, според информациите на општинарите, ќе бидат дел од спомениците кои веќе се леат, и тоа со релјефи на житијата на Пресвета Богородица, свети Петар и Павле и свети Никола. Покрај Вардар, пак, во околината на црквата „Пресвета Богородица“, до крајот на месецов ќе почне изградбата и на административна зграда, информираа неодамна од Службата за општи и заеднички работи при Владата. Во осумкатницата ќе бидат сместени 10 државни институции, како и новите простории на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Левиот брег на Вардар со десниот ќе биде поврзан со нов пешачки мост. Урбанизирањето на овој локалитетот, долж реката, според урбанистичкиот план, подразбира и изградба на библиотека на МПЦ во која ќе се чуваат вредни книги, како и крстилница и простории за богослужителите на црквата. Во предниот дел, кон реката Вардар ќе биде седиштето на МПЦ и официјалната резиденција на архиепископот охридско-македонски. (Ј.И.) http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7E092E73A9429A498302B4B892491ED4 |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #614 Posted: 17-Oct-2011 at 18:56 | ||||||||
Згради ќе ги заменат воените бараки во Аеродром
|
|||||||||
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #615 Posted: 19-Oct-2011 at 23:12 | ||||||||
ПО ПЕТ ДЕЦЕНИИ, ПЛАН ЗА СТАРОТО МААЛО KРЊЕВО Ќе паднат ќерпичите, ќе никнат кули
Седумкатници на местото на старите
и трошни куќарки кои датираат од пред еден век, но и пошироки улици
наместо сегашните тесни и валкани предвидува планот за населбата Kрњево
кој Општината Центар им го презентира на жителите. Овој локалитет
се наоѓа спроти Сајмиште. Некои од жителите се задоволни од решенијата
кои по пет децении застој во урбанизацијата ги нуди Општината, други не.
Малкумина се изјаснија дека сакаат да си ги задржат куќите наспроти
мнозинството кое сака да се најде инвеститор кој би градел. Анела Петрова
Чифлиганец ќе гради 15-катница Нацрт-планот за старото маало Kрњево предвидува зграда од 15 ката и
1.225 стана на паркингот пред хотелот, кој се наоѓа спроти Сајмиште.
Планерите кои им го презентираа планот на жителите обелоденија дека
објектот ќе го гради бизнисменот Ванчо Чифлиганец, поранешен пратеник.
На некои од жителите не им беше јасно зошто во внатрешноста на маалото
висините се помали од оваа зграда, на што добија одговор дека висината
ја диктира големината на парцелата. |
|||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #616 Posted: 19-Oct-2011 at 23:55 | ||||||||
Овој ДУП е уште еден куп безидејно нафрлани маркички и прошарани улички, по линија на најмал можен отпор. Да ти се плукнам на ваквиот „урбанизам“ и ваквиот „прогрес“. Сепак, убедливо најбитно е да биде сочуван коридорот за булеварот Крушевска република |
|||||||||
Dave Gahan
Senior Member Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
Quote Reply #617 Posted: 20-Oct-2011 at 08:25 | ||||||||
Планов е во стилот на оној за Ново Маало, како и постарите од Буњаковец-Дебар-маало потегот од кои веќе 15 години ги гледаме резултатите...страшно, ужасно - не знам што е подобро, може и вака да си остане село и никогаш ништо да не се изгради...и очекувате после некои убави да се изградат на вакви површини за градење... |
|||||||||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|||||||||
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #618 Posted: 20-Oct-2011 at 09:54 | ||||||||
Овој дел од Скопје ќе стане ново Дебар маало, полигон за натпревар на правење немилосрден профит без ниту тронка чувство за тоа како ќе изгледа финалната населба.
|
|||||||||
The Man
Senior Member Joined: 06-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 135 |
Quote Reply #619 Posted: 20-Oct-2011 at 14:36 | ||||||||
|
|||||||||
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1975 |
Quote Reply #620 Posted: 20-Oct-2011 at 15:13 | ||||||||
А јас мислев дека Орце Николов е испокршена улица... |
|||||||||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|||||||||
Post Reply | Page <1 2930313233 65> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |