![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 29> |
Author | ||||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|||||
Иако веста е сеуште неофицијална и по малку од типот „рекла казала„ сепак ќе пробам да ти реплицирам. За првата точка околу рафинеријата го знам тоа што и ти така да тука сме на иста линија иако мислам дека се потребни повеќе информации во што точно сака да инвестира Катар. Што се однесува до трговски центри мислам дека ако си ја наоѓат сметката инвеститорите слободно може да инвестират. Сепак факт е дека трговските кои ги имаме во моментот се премногу мали и никако неможе да им конкурират на трговските од соседните земји, згоре на тоа скоро и да немаме брендови од типот на Х и М , Ц и А, Есприт и други така да јас немам ништо против некој да ги донесе во Македонија. Она што исто така ни фали е големо кино со повеќе хали, боулинг центар така да според мене идејата а и локацијата ми се допаѓа. За храната абсолутно Македонија треба да бара пазари не само за јагнето туку и за другите производи Катар е добра шанса. Водата сеуште не го знам моделот и условите по кој евентуално би ја продавале на Катар но во суштина сум против продажба на вода. Единствено што би прифатил е продажба на веќе преработена и флаширана вода. За крај во образованието и те како може да се ивестира. Информацијата дека има доволно кадар не е точна затоа што само во Греманија во идните неколку години се предвидува дефицит на неколку десетици илјади информатичари и инжинери. Катар очигледно се соочува со истите ппроблеми па така веќе има Македонци кои работат како инжинери таму. Со евентуално овозможување на профилирање на инжинерите за нивните потреби уште за време на студирањето, од корен би се надминал проблеот со образоаниот кадар. Не верувам дека Арапите се глупи и дека не си ја планират иднината и дека се спремни да фрлат пари за скапи инжинери. Впрочем ако се секавам добро Мединцински факултет имаше катедра токму во Катар каде што наши доктори обучуваа нивен кадар. |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
ovie moze ke nudat pokvalitetna nafta
![]() |
||||||
![]() |
||||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|||||
Се уште сум скептичен во врска со инвестирањето во нашето образование. верувам дека таму има дефицит на кадри, но мислам дека поефтино е да купат готов кадар на светските берзи на капитал. Тука им е Индија, Кина, Азија, Источна Европа (па и грција ос која очекувам егзодус на стручнот кадар)...
А освен тоа, тренирање на инженери трае со години, и тоа со неизвесен исход, подобро е да се купи готов производ. А не сум сигурен дека нашите факултети важат за добар бренд во странство |
||||||
![]() |
||||||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|||||
Незнам зошто, но оваа вест ужасно многу ме потсетува на познатата милијарда на Циле. И тогаш се најавуваа бомбастични проекти, убаво испланирано како ќе се потроши милијардата, алтернативците на Циле добија солидни 15тина пратеници во парламентот, се испокаравме со Кина и го признавме Тајван, но милијардата никогаш не стигна. Се надевам ова се само новинарски шпекулации не и главен адут на нашата економска програма како држава. Дај боже да ги има инвестициите, но верувам никој во светот туку така не фрла милијарди без претходно да направи добро истражување на пазарот, можностите кој тој ги нуди, политичката и економска сигурност на државата, квалитетот на образованието, финалните производи кој излегуваат од таа држава и на крајот на краиштата и нешто што се вика opportunity cost, или што друго би можел да направам со истите пари.
|
||||||
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
И од Агрокор нема фајде!imitrov@kapital.com.mk;%20spasevska@kapital.com.mk">Петре Димитров, Александра Спасевска![]() Секој ден во 4 часот наутро кванташкиот пазар во Струмица веќе врие од луѓе. Во тоа време доаѓаат трговците со овошје и зеленчук од другите градови за да купат стока, која потоа завршува низ другите градови во земјата и во странство. Земјоделците и ситните откупувачи се таму час порано. “Нема светло, па се гледаме со ламби-батерии. Често се случува кога ќе се раздени да видиш што всушност си зел. Си велиш, па јас не платив за тоа. Земјоделците знаат да ни продадат лоша стока. На врв ги ставаат најубавите корнишони, а внатре во вреќата стават сешто. Ама ако купиме под цената, секогаш има на кого да продадеме“, вели Марјан Делев, откупувач на зеленчук и овошје. Кога екипата на “Капитал“ го посети овој пазар, кој неодамна беше незначајно реновиран, многу зделки беа веќе склучени. Се броеа парите. “Нема бог знае каква заработка. Но што да правиш, мора да се преживее“, вели братот на Марјан, Венцо Делев, кој освен што работи како шофер за една транспортна компанија, му помага на брат му во откупувањето. Нема голема надеж ни кај земјоделците за новата производна сезона. “Капитал“ ги праша со каква мисла ја почнуваат следната сезона. Таа ќе биде различна затоа што сега го имаат откупно-дистрибутивниот центар на Агрокор. Но, земјоделците не очекуваат тоа да им ја зголеми заработувачката. Велат, профитери ќе си останат големите откупувачи, а најголем ќар ќе има Ивица Тодориќ. Според нив, реално ништо не се променило по влезот на Агрокор. Дури се плашат и да не добијат пониски цени. Велат дека цените на зеленчукот и на овошјето се на ниво од 2000 година, а цените на ѓубрето и на семето растат. “Агрокор си нарачува од големите откупувачи. Моментално откупува пиперки, карфиол, корнишони... Јас како земјоделец да однесам таму стока нема шанси. Не можам ни да влезам. Земјоделците се трета или четврта рака на тоа што стигнува во Агрокор. Влезот таму е невозможен, освен ако немаш фамилијарни врски. Сè е одбрано друштво. Се плашам дека цените и понатаму ќе ни бидат ниски. Нема фајде ни од Агрокор“, вели земјоделецот Киро Трајков од Пиперово, кој заедно со фамилијата егзистира единствено од земјоделство. Соселанецот на Киро, Александар Ѓоргиев, исто така вели дека стандардите кои не им се познати на струмичките земјоделци ќе ги урнат и така ниските цени. “Го знам јас Тодориќ. Има фабрики за замрзнато овошје и зеленчук во Србија и за сладолед. Ни во Србија не го сакаат затоа што не плаќа на време и затоа што ги руши цените. Плус Агрокор бара квалитет за мали пари. Не дојде овде за да ни ги покачи цените. Сите знаеме зошто дојде. Да ќари евтина стока. Немаштијата нè прави уште на старт неконкурентни. Во новиот откупен центар ти бараат и амбалажа, а не ти ја плаќаат. Уште еден трошок! А кај се парите за семето, другите материјали...“, вели Ѓоргиев. Земјоделецот Ванчо Котевски од Куклиш е уште поголем скептик. Во Агрокор гледа нов Сведмилк. “И Агрокор ќе биде нешто како Сведмилк. Слушај ме. Ќе видиш. Следната година ќе протестираме пред Влада како млекарите. Влезот на Агрокор требаше да ни го олесни живот, а не да ќарат само Тодориќ и дестина струмичани. Не може веќе вака. Скапи семиња, скапо ѓубриво. Не останува ништо за нас. Субвенциите кои ги дава државата не помагаат. Тие се само за да го одржиш производството. Не можеш да инвестираш во зголемување на стандардите, ниту пак да го зголемиш производството“, вели Котевски. Крсте Лешков од Богданци со години доаѓа да продава на овој пазар. На неговото лице со еден поглед можете да видете колку тежок живот имал. Светат само неговите сини очи. “Министерот Ставрески беше пред две-три години во Богданци. Мислев дека ќе нè спаси. Ветуваше, де она, де ова. Секоја година сè една иста песна пееме. Ништо добро не излегува. А и субвенциите не помагаат бог знае колку. И постојано каснат. Лани ми одобрија, ама оваа година не се пријавив. Тоа се малку пари. Пиперката за да порасне голема сака вода и ѓубре. Не може без пари. Нели ме гледаш. Утепан сум“, вели Лешков, кој стоката ја продава во камион паркиран на влезот од кванташкиот пазар. Тука и спие.
http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75153/i_od_agrokor_nema_fajde!.aspx?iId=2418 |
||||||
![]() |
||||||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
|||||
Welcome to EU.
mora da se naviknuvame na vakvi raboti |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1
Индекси на индустриското производство четврток, 27 октомври 2011 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 97.7. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на каменво септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи опаѓање од 8.6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0.3%, а во секторот Снабдување соелектрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.8%. Според главните индустриски групи, производството во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, бележи пораст кај Капитални производи за 48.1% и Трајни производи заширока потрошувачка за 8.7%, додека опаѓање бележи кајЕнергија за 17.9%, Интермедијарнипроизводи, освен енергија за 5.3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември 2011 година, во однос на периодот јануари - септември 2010 година, изнесува 106.3.
|
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
edna mnogu pozitivna vest
Битолската пиварница се подготвува за стартсабота, 29 октомври 2011, 18:28- Се донесе нова опрема, се изврши измена на постојната стара цевоводна инсталација, како амонијачна така и пивоводна и алкохолна, се направија големи ремонти на машини и со тие работи сме при крај. Ги завршуваме, во одредени делови вршиме и ладни проби, и се спремаме во најскоро време пиварата да ја стартуваме со редовно производство- рече Методија Стојчев, технолог во Битолската пиварница. Во моментов во Пиварницата се ангажирани педесетмина стечајци, а производството ќе стартува со сто вработени, претежно поранешни пиварци. Сопствениците најавуваат пласман на две врсти пиво и на сокови, а за почетокот ќе бидат ориентирани на македонскиот пазар, каде што порано битолското пиво беше добро позиционирано. http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=42123 |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78
Обем на стоковната размена со странство петок, 04 ноември 2011 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-септември 2011 година изнесува 3 267 428 илјади САД долари, а на увозот 5 218 691илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2011 година, изнесува 1 951 263 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од
железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.
Во периодот јануари-септември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.2%) и земјите од Западен Балкан (28.3%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.9%) и земјите во развој (26.8%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската
размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија, Бугарија, Русија и Грција (44.0% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
|
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
ОКТА продаде нафтени деривати за 485 милиони евра за 9 месеци![]() Најголемата компанија во земјава по обемот на приходите, рафинеријата ОКТА, објави дека има остварено раст на нето добивката од 24,4 отсто до сумата од 245,1 милиони денари (3,98 милиони евра) во првите 9 месеци од годинава во однос на истиот период лани. Единствената македонска рафинерија за нафта бележи уште поголем раст на продажбата во овие 9 месеци и тоа од 21,729 милијарди денари лани на 29,826 милијарди денари годинава. Ваквата продажба за првите 9 месеци од годинава е многу блиску до продажбата која ОКТА ја имаше за целата 2010 година. ОКТА е убедливо најголема компанија по приходите и се наоѓа на разни листи на најголемите компании од регионов, кои ги подготвуваат информативни или консултантски куќи. На листата на „Сеењуз“ беше единствена пласирана компанија од земјава меѓу 100-те најголеми на Балканот (освен Грција). ОКТА е во мнозинска сопственост на грчка компанија, која самата, пак, е во сопственост на грчкиот рафинериски гигант „Хеленик Петролеум. http://www.plusinfo.mk/vest/21877/OKTA-prodade-nafteni-derivati-za-485-milioni-evra-za-9-meseci |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Македонски амортизери на африканскиот пазарФабриката за амортизери „СТД“ од Нов Дојран ја испорача првата извозна пратка за Централноафриканската земја Буркина Фасо и со тоа направи продор на пазарот од овој континент.Увозник на првите 420 парчиња хидраулични амортизери, кои претставуваат иновативен дострел на основачот на фирмата „СТД“ Стојче Тасев, е фирмата „ТЦВ Бус“ од Буркина Фасо. - Соработката со оваа фирма ја почнавме заедно со холандската Амбасада во Македонија и нивната организација „ПУМ консалт “ чии стручни лица посредуваа во бизнис контактите со транспортни фирми од Африка и Јужна Америка. Најбрз одговор за деловен контакт добивме од сопствениците на транспортната компанија „ТЦВ Бус“ кои пред два месеци престојуваа во Дојран со цел да се запознаат со нашето производство и квалитетот на изработката, вели управителката на фабриката - Теодора Каракашева. Фабриката за амортизери “СТД“ од Нов Дојран постои веќе 28 години и претставува етаблиран извозен бренд од Дојран, со самиот факт што нивната иновација “хидрауличниот телескопски амортизер“ стекна масивна употреба за потребите на големи транспортни компании од земјите на поранешните југословенски простори и Балканот - Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција. Годинава, по неколкугодишна соработка со „Македонски железници“ на репарација на нивните амортизери, за првпат почнуваат да произведуваат и испорачуваат специјално изработени амортизери за вагони за потребите на „МЖ“. Тоа значи усвојување на нова производна линија за железнички транспортни возила, покрај веќе постојните 450 различни видови на амортизери, осовини и специјални делови за сите видови возила што се дел од производниот програм на фабриката „СТД“. Продорот на африканскиот континент и контактите за соработка со Јужноамерички компании се потврда за веќе добиените домашни и меѓународни признанија: Награда за најуспешна иновација 1985 година и Меѓународна награда за најдобра иновација за 2010 година за што ја доделува Министерството за образование и наука при Владата на Романија. http://kurir.mk/makedonija/vesti/48994-Makedonski-amortizeri-na-afrikanskiot-pazar |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Хајнекен и Кока-Кола Хеленик ќе докупат акции за 79,1 млн евра во Пивара Скопје
Текст: Макфакс Бизнис | 10 ноември 2011
Познатата холандска пивара Хајнекен денеска објави дека заедно со Кока-Кола Хеленик ќе докупат 41,2 отсто акции во Пивара Скопје за сума од 79,1 милиони евра. Овие акции во моментот ги поседуваат различни малцински акционери, а целата трансакција се очекува да биде комплетирана на почетокот на 2012 година, се наведува во соопштението објавено денеска на веб страната на Хајнекен. Со ова, уделот на Хајнекен и Кока-Кола Хеленик во македонскиот производител на пиво и сокови ќе достигне 96,5 отсто. Преостанатите 3,5 отсто од акциите ќе останат во рацете на поранешни и сегашни вработени во Пивара Скопје. Хајнекен и Кока-Кола Хеленик станаа мнозински сопственик на Пивара Скопје во 1998 година, кога купија 55,3 отсто. Пивара Скопје е водечка компанија во земјата за производство, маркетинг и дистрибуција на различни брендови пиво и газирани пијалоци, особено на Скопско и Кока-Кола, се вели во соопштението на холандскиот гигант. „Хајнекен и Кока-Кола Хеленик се целосно посветени на идниот развој на Пивара Скопје и ќе продолжиме да работиме заедно со локалните дистрибутери и клиенти да расте бизнисот и продажбата на локалните пијалоци на пазарот“, стои во соопштението. http://kajgana.com/hajneken-i-koka-kola-helenik-kje-dokupat-akcii-za-791-mln-evra-vo-pivara-skopje |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Прилепски тутун и цигари на кинескиот пазар 22.11.2011
Комбинатот
очекува следната недела да добие и да ги тестира примероците на хартија
која би се употребувала во изработка на т.н. самогасечки
цигари-регулатива која од петокот стапи во сила во земјите на Европската
Унија. |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Обем на стоковната размена со странство
понеделник, 05 декември 2011 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-октомври 2011 година, изнесува 3 705 780 илјади САД долари, а на увозот 5 763 655 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 64.3%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври 2011 година, изнесува 2 057 875 илјади САД долари.
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78 |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Емирот на Катар ќе јаде македонско јагне?!Катерина ПопоскаМакедонско јагнешко месо ќе се најде на трпезата на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, дознава “Капитал“. Емирот веќе нарачал 1.000 јагниња ![]() Емирот на Катар, шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, сака да купи 1.000 македонски јагниња, дознава “Капитал“ од извори во Владата. Преку катарска компанија, која ќе регистрира свое претставништво во Македонија, шеикот Ал Тани сака да увезува македонско јагнешко месо. Засега, првите 1.000 јагниња се нарачани најверојатно од Штипско и од Прилепско. Извори од Владата откриваат и дека тие се само за проба, па ако емирот е задоволен, ќе се склучат договори кога и колку јагниња Македонија ќе треба да испорача за Катар. Пред еден месец, кога шеикот Ал Тани и 14 министри од Владата на Катар беа во официјална посета на Македонија, најавија дека покрај македонско јагнешко месо, сакаат да увезуваат и овошје, зеленчук и вода за пиење. Иако тогаш дојде во лов на македонски инвеститори, емирот бараше и пазар за катарските ресурси. Од Владата и од кабинетот на претстедателот Ѓорге Иванов тогаш информираа дека Катар сака да инвестира во енергетика, инфраструктура, градежништво, земјоделство, туризам и трговија. Иако претседателот Иванов во моментов е во Доха, каде што учествува на четвртиот форум на Алијансата на цивилизациите, со емирот разговарал само за политички теми, како спознавање на културите, иновативност, кооперативност и образование, но не и за детална економска соработка меѓу Македонија и Катар. “Капитал“ неофицијално дознава и дека најверојатно во март следната година државната катарска авиокомпанија Катар ервејс (Qatar Airways) ќе воспостави директна редовна авиолинија Доха-Скопје. Во Агенцијата за цивилно воздухопловство немаат детали за оваа информација. “Засега не сме добиле формално барање од Катар ервејс за директен редовен лет Скопје-Доха. Ако добиеме, ќе го разгледаме и соодветно ќе одговориме“, изјави директорот на АЦВП, Дејан Мојсовски. Македонската воздухопловна власт се подготвува во февруари 2012 година да договори директен лет и од Скопје за Дубаи, дознава “Капитал“. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/77533/emirot_na_katar_kje_jade_makedonsko_jagne_!.aspx?iId=2505 |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Истругвани околу 80 милиони евра со акциите на скопска Пивара14 декември 2011 14:01 GMTОд вкупниот промет 19.330.230,62 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 4.867.899.294,10 денари. Индексот МБИ10 се намали за 0,78 % и изнесуваше 2.017,61 поени. МБИД се намали за 0,16 % и изнесуваше 2.111,34 поени, а ОМБ се зголеми за 0,50 % и изнесуваше од 120,46 поени. Најтргувана на Редовниот пазар беше акцијата на Скопска Пивара АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 4.867.790.104,10 денари (79,1 милиони евра), по просечна цена од 65.696,00 денари. Поголемиот промет од оваа тргување беше остварен преку две администраторски блок трансакции. Станува збор за реализација на најавеното зголемување на мнозинскиот пакет акции на Хајнекен и Кока Кола Хеленик, кои претходно објавија дека се договориле со инвестициската група М6 и останатите акционери на „Пивара“ од Скопје да докупат уште 41,2 отсто од акциите на компанијата во вредност од 79,1 милиони евра, со што ќе станат сопственици на 96,5 отсто од акциите на „Пивара“.„ На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во износ од 17.283.411,00 денари по просечна цена од 2.711,12 денари. Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Макпетрол АД Скопје со која беше остварен 380.428,00 денари промет по просечна цена од 19.021,40 денари. Трета беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со остварени 265.320,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 3.960,00 денари . Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 91,00 % и беа остварени 608.799,04 денари. http://www.makfax.com.mk/30/273281/istrugvani_okolu_80_milioni_evra_so_akciite_na_skopska_pivara |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Бруто-домашен производ, тримесечни податоци
четврток, 22 декември 2011 Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2011 година изнесува 2.3%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2010 година, номинално расте за 4.8%, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 75.7%.
За истиот период , извозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 18.8%, а увозот на стоки и услуги номинално порасна за 19.0%.
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=31 |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Индекси на индустриското производство
вторник, 27 декември 2011 Според
податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското
производство во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година,
изнесува 94.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, бележи пораст од 15.5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 7.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
бележи пораст од 5.7%.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2011 година, во однос на ноември 2010 година, бележи пораст кај Капитални производи за 70.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - ноември
2011 година, во однос на периодот јануари-ноември 2010 година, изнесува
104.1.http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1 |
||||||
![]() |
||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||
Девизните резерви за првпат над 2 милијарди евраБруто девизните резерви бележат постојан раст во однос на крајот на 2010 година и заклучно со 23. декември достигнаа 2.018,1 милион евра, одржувајќи се на соодветното ниво, објави Советот на Народната банка на Република Македонија по денешната седница. Стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем е повеќе од двојно над пропишаното минимално ниво (16,7 отсто на 30.09.2011 година) и обезбедува доволен капацитет за апсорбирање на евентуалните негативни шокови од натамошно зголемување на ризиците. Тоа го потврдуваат и резултатите од стрес-тест симулациите, преку кои Народната банка ја анализира отпорноста на банкарскиот систем на различни негативни шокови (вклучително и можните ризични сценарија поврзани со тековната состојба во евро-зоната). Резултатите покажуваат дека капитализираноста на банките е задоволителна и дека банкарскиот систем е отпорен на надворешните шокови. Инфлацијата во економијата ја следи проектираната патека, така што во ноември годишната стапка на инфлацијата изнесува 3,5%, а просечната базична инфлација се задржа на нивото од 1,2%.Во согласност со очекувањата за забавување на економскиот раст во втората половина од годината, во третото тримесечје бруто домашниот производ оствари реален годишен раст од 2,3%, којшто е повеќе од двојно помал во однос на растот во второто тримесечје. Исто така, физичкиот обем на индустриското производство веќе трет месец по ред бележи пад на годишна основа, којшто во ноември достигна 5,3%. http://www.plusinfo.mk/vest/28236/Deviznite-rezervi-za-prvpat-nad-2-milijardi-evra |
||||||
![]() |
||||||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|||||
Земјоделецот Ванчо Котевски од Куклиш е уште поголем скептик. Во Агрокор гледа нов Сведмилк.
“И Агрокор ќе биде нешто како Сведмилк. Слушај ме. Ќе видиш. Следната година ќе протестираме пред Влада како млекарите. Влезот на Агрокор требаше да ни го олесни живот, а не да ќарат само Тодориќ и дестина струмичани. Не може веќе вака. Скапи семиња, скапо ѓубриво. Не останува ништо за нас. Субвенциите кои ги дава државата не помагаат. Тие се само за да го одржиш производството. Не можеш да инвестираш во зголемување на стандардите, ниту пак да го зголемиш производството“, вели Котевски. Ако се сеќават Администраторите уште пред да почне да се гради Агрокор зборував дека се работи за потенцијален Сведмилк, тогаш постот ми беше избришан од неразбирливи причини, но сега почна и отворено да се зборува за можен криминал. |
||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |