build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хидроелектрани

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 28>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 16-Dec-2011 at 14:12

Грчки PPC и кинески CWE со понуди за ХЕЦ Чебрен и Галиште. Кој ќе победи во трката?

Катерина Попоска
Грчки%20PPC%20и%20кинески%20CWE%20со%20понуди%20за%20ХЕЦ%20Чебрен%20и%20Галиште.%20Кој%20ќе%20победи%20во%20трката?

Грчкото електростопанство и сопственикот на најголемата хидроцентрала во светот, која се наоѓа во Кина, се во трка за изградба на најзначајните хидроцентрали во земјава

Од деветте потенцијални инвеститори за хидроцентралите Чебрен и Галиште, само грчката PPC (Public Power Corporation) и кинеската CWE (China International Water&Electric) вчера доставија понуди за изградба на електраните. Владата одлучи прво да се гради електраната Чебрен. Дури откако ќе се изгради оваа брана, Владата ќе одлучува дали изградбата и на ХЕЦ Галиште ќе биде исплатлива за земјава, дознава „Капитал“. Изградбата на ХЕЦ Чебрен засега се проценува на околу 400 милиони евра.

„Ги отворивме понудите, начелно ги погледнавме само основните документи, формата, банкарските гаранции и овластувањето на компаниите. Грчката *PPC понуди 28% учество на Електрани на Македонија во проектот, а кинеската CWE 40,5%. Токму учеството на ЕЛЕМ ќе биде единствен критериум за селекција на компанија која ќе го гради објектот, но прво мора да се провери целата документација. Пред Нова година очекуваме да ја завршиме евалуацијата“, изјави Јасна Иванова-Давидовиќ, претседател на тендерска комисија, која е директор за развој и инвестиции во ЕЛЕМ.

Таа додава дека најрано за година ипол од потпишувањето на договорот меѓу Владата, ЕЛЕМ и потенцијалниот инвеститор, треба да почнат градежните активности. Вкупната инсталирана моќност на Чебрен и Галиште се проценува на 530 мегавати.


Претставници на грчката компанија PPC и на кинеската корпорација CWE, летово го испитуваа теренот во Мариово каде што треба да се градат Чебрен и Галиште

Според тендерската документација, инвеститорот добива концесија над Црна Река кај Мариово на 57 години. Откако ќе ја изгради Чебрен, за што се потребни најмногу осум години, државата ќе му ја даде на користење постоечката хидроцентрала Тиквеш. По 57 години, за кои инвеститорот треба да си ја поврати инвестицијата и да направи профит од продажбата на струја, државата ќе ги добие хидроцентралите во своја сопственост.

Од Владата не сакаат да зборуваат за тоа кој е фаворит меѓу двете компании. Но, додаваат дека изградбата на Чебрен е од суштинско значење за електроенергетскиот систем на Македонија.

„Иако е прерано да се носат конечни заклучоци, сепак добро е што имаме две понуди за Чебрен и Галиште во време кога должничката криза во Европа се продлабочува и несигурноста станува сè поголема. Дури откако ќе се разгледа тендерската документација, Владата ќе заземе став дали понудите, прво, се технички исправни и дали воопшто ќе се додели концесијата. Очекувањата се дека ако почне реализацијата на Чебрен и Галиште, во време на градба нето-ефектот врз БДП ќе биде 2% на годишно ниво“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Кои се PPC и CWE?

Кинеската компанија CWE не ѝ е непозната на македонската јавност. Таа три години го контролираше техничкото работење на ХЕЦ Козјак и на крајот на 2009 година целосно ја предаде оваа хидроцентрала во надлежност на ЕЛЕМ. Во април годинава, Владата и CWE потпишаа меморандум за соработка за изградба на проектот Вардарска долина. Изградбата на 12 мали и средни хидроцентрали по течението на Вардар ќе чини 1,5 милијарди евра. Владата како инвеститор во Вардарска долина ќе учествува со 15%, а за останатите 85% ќе се позајми кај Кинеската развојна банка. И министрите и кинеските инвеститори тогаш уверуваа дека за период од 10 до 15 години хидроцентралите ќе бидат функционални.

Претставници на грчкото електростопанство PPC, пак, уште летово признаа дека за проектот сè уште гледаат спорни моменти, но не сакаа да откријат што не им се допаѓа во државниот тендер.

„Сакам да потенцирам дека сме многу сериозна компанија, која има сериозни намери за овој проект. Тука сме да ги истражиме сите проблеми за проектот. Но, не би сакала да коментирам кои се проблемите, бидејќи сме на средина на проектот. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“, изјави тогаш Ана Сиганукамилери, дел од тимот на PPC.

Како што неодамна објави „Капитал“, според неофицијални информации, познатиот грчки бизнисмен Димитрис Кондаминас сериозно размислувал да влезе во проектот Чебрен и Галиште. Дека тој сака да ги гради стратешките хидроцентрали потврда стигна и од грчките медиуми, кои пишуваа дека Кондаминас се сретнал со менаџментот на PPC и понудил да учествува во проектот со 65%. Можната финансиска инјекција на Кондаминас дојде во време кога PPC тоне во загуби и е пред приватизација.

Енерегетски експерти во земјава алармираа дека според меѓународното право и прописите за задржување на вода, Чебрен, Галиште и Црна Река во иднина може да бидат „трн во око“ на Грција. Тие предупредуваа дека лошите проценки за Чебрен и Галиште и водотекот на Црна Река, како најголема притока на Вардар, може дополнително да ги влошат односите со Грција.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/77742/grchki_ppc_i_kineski_cwe_so_ponudi_za_hec_chebren_i_galishte__koj_kje_pobedi_vo_trkata_.aspx?iId=2513

Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 16-Dec-2011 at 14:20
PreviousНо некогаш треба да играш со картите кои ти се поделени. Еве сега за сега се покажаа и како отворени за соработка и како луѓе со разбирање за нашите проекти. Јас не викам дека треба се на кинезите да им се даде, но очигледно е дека тие имаат најголема желба и решителност да инвестираат во проективе. Земи го горенаведениот процент од 40,5% наспроти другиот од 28% на пример. Второ сега за сега се единствените сериозни кандидати кои покажале иницијатива за Вардарска Долина. Тие работи не можат и не смеат да се игнорираат. Од друга страна во право си кога викаш дека треба да се пристапува претпазливо, но и фер бидејќи сепак се тие што ги даваат парите на некој начин. Јас искрено повеќе се плашам од простачките потези од наша страна.
И на крај да не тргне веста само песимистички ќе кажам дека се надевам дека ќе се реализираат овие проекти во најбрзо можно време и тоа поволно и на задоволство на двете страни, без местенки, без заебувања со одличен исход!
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 16-Dec-2011 at 14:20
Ова стрелкиве беа за Урбан. Big%20smile
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 20-Dec-2011 at 13:09

ХЕЦ Тиквеш го запре производството

ХEЦ Тиквеш деновиве го запре производството, бидејќи котата на Тиквешкото езеро е околу 240,3 метри од максималните 265 или на 8 метри над минимално дозволената кота.

 

Според директорот на ХЕЦ Тиквеш, Звонко Бошков иако има можност да се работи и понатаму согласно законот, сепак раководството одлучи да мирува со производството, со очекување дека во наредниот период ќе има нови дотоци на вода во езерото.

Од планираните 131 милион киловат часови оваа година досега биле произведени 44 милиони киловат часови.

- Лани имавме рекорд на произведена електрична енергија овде, кој изнесуваше 327 киловат часови,но за жал дотоците на вода годинава се за 24 проценти помали од просечните, во просек кај нас доаѓаат 25 метри кубни во секунда, а годинава таа бројка се спушти на 17, рече Бошков.

Бошков појасни дека за хидроцентралите правилото е да се работи со максимални коти за да се постигне поголем резлултат во работењето.

http://daily.mk/cluster3/280ec17a50ad1b03bbac7506e89326e8/1056310/hec-tikvesh-go-zapre-proizvodstvoto



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 21-Dec-2011 at 13:20

Македонија ќе му плати пенали на Рико од 10 милиони евра за ХЕЦ Света Петка!

Катерина Попоска
Македонија%20ќе%20му%20плати%20пенали%20на%20Рико%20од%2010%20милиони%20евра%20за%20ХЕЦ%20Света%20Петка!

Словенечката компанија ќе добие отштета од Електрани на Македонија затоа што поскапеле градежните материјали, се сменил Законот за градење и договорната спогодба стапила на сила четири месеци по потпишувањето, дознава „Капитал“

Македонија ќе ѝ плати пенали на словенечката компанија Рико од 9,7 милиони евра за хидроцентралата Света Петка, со што овој објект автоматски поскапува за толку пари. „Капитал“ дознава дека Рико ќе добие отштета затоа што поскапеле градежните материјали, се сменил Законот за градење и договорната спогодба со ЕЛЕМ стапила на сила четири месеци по потпишувањето.

Всушност, и ЕЛЕМ и Рико барале пенали, но експертскиот тим што ја правел анализата на терен и во документацијата утврдил дека отштетата за Рико треба да биде поголема. ЕЛЕМ барала 14 милиони евра отштета, а добила пет милиони евра. Рико пак, барал 20,04 милиони евра, а му признале 14,99 милиони евра. Уште во јануари 2009 година Рико побарал да се промени договорната цена за дополнителни 20,04 милиони евра и да се продолжи рокот за изградба за две години. ЕЛЕМ пак, барала од Рико надомест од вкупно 14,02 милиони евра поради пречекорување на рокот за завршување на изградбата на ХЕЦ Света Петка.

Бидејќи ЕЛЕМ и Рико не можеле сами да го решат спорот, проблемите веќе една година ги „пеглаше“ Комисијата за разрешување спорови (Dispute Adjudication Board – DAB), составена од тројца арбитри. Таа работела по правилата на Хрватската трговска арбитража, а го применувала материјалното право и Законот за облигации на Македонија.

„Барањето на Рико беше поднесено со образложение дека се променети условите во однос на датумот на потпишување на договорната спогодба, 06.02.2006 година, а договорот стапи на сила 120 дена по потпишувањето на спогодбата, како и енормното зголемување на цените на светскиот пазар на суровинските материјали за електроопрема и градежни работи, промената на Законот за градење и индиректните трошоци кои ги има изведувачот поради пролонгираниот период за завршување на работите“, велат за „Капитал“ од ЕЛЕМ.

Комисијата оценила дека Рико имал право да доцни со изградбата само една година, а не две, како што барала компанијата.

„Според одлуката на ДАБ, вкупните инвестициски трошоци потребни за целосно заокружување на проектот ХЕЦ Света Петка ќе бидат зголемени за 9,76 милиони евра, кои ќе ги плати а.д. ЕЛЕМ“, објаснуваат од државните електрани.

ХЕЦ Света Петка доцни речиси три години

Со ова, ХЕЦ Света Петка (Матка 2) ги пробива првично најавените 50 милиони евра потребни за изградба. Сега вредноста на оваа хидроцентрала достигнува 70 милиони евра, сума ни малку мала за еден ваков објект. Официјален коментар не добивме од Рико.

Нејасно е зошто државата се нашла во позиција да му плаќа пенали на Рико ако се земе предвид дека инвеститор е државна компанија, чиј интерес треба да биде брза и квалитетна изградба на електраната и што поскоро пуштање во употреба. Менувањето на Законот за градење е само еден „камен на сопнување“ меѓу словенечки Рико и Македонија.

Генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, пред една година за „Капитал” јавно призна дека има проблеми со Рико, но не прецизираше зошто државата сама си создава пречки за реализација на проектот.

„Знаете дека изведувачот никогаш во живот не направил брана. Не навлегувам во тоа како е избран, но ние таа компанија ја наследивме. Од гледна точка на Рико, се работеше за неискуство со работа на ваков проект. Градежните фирми пак, на среде работа им побараа повисоки цени. И сите тие работи доведоа до доцнење на проектот. На крајот, најголем проблем беше квалитетот на работите. Ние во ниту еден момент не можевме, ниту сакавме да отстапиме од предвидениот квалитет”, објасни Чингоски.

Директорот на ЕЛЕМ последно на премиерот јавно му најави дека очекува ХЕЦ Света Петка да почне да ги произведува првите киловати во мај следната година, иако најавите беа дека до крајот на 2011 година електраната да проработи.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/77976/makedonija_kje_mu_plati_penali_na_riko_od_10_milioni_evra_za_hec_sveta_petka!.aspx?iId=2520

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 22-Dec-2011 at 12:39

Чебрен и Галишта заминаа во историјата?

четврток, 22 декември 2011, 12:13

Според неофицијални информаии на Алфа, пропадна и шестиот обид за наоѓање на странски инвеститор за изградба на двете хидроцентрали на Црна река. Двете компании кои останаа во игра PPC и кинеската CWE, се повлекоа.

Причината за повлекувањето на Грците е недостиг на финансиски средства за изградба на хидроцентралите, додека Кинезите се повлекуваат бидејќи не успеал договорот со владата околу дополнителните услови на тендерот за гарантиран откуп на струја од страна на државата.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=44046
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 22-Dec-2011 at 21:37
Чебрен и Галишта заминаа во историјата?!

Историските Чебрен и Галиште заминуват во историјата. Според неофицијални информации на Алфа, понудите на двете компании, грчката PPC и кинеската CWE, биле неприфатливи за Владата. Грците давале мал процент учество на државната ЕЛЕМ во хидроцентралите, додека пак Кинезите барале ослободување од ДДВ, високи гаранции за откуп на произведената електрична енергија од страна на државата, како и вклучување на хидроцентралата Тиквеш. Вицепремиерот Пешевски ниту ги потврдува, ниту ги демантира информациите дека не ги прифатиле дополнителните барања.

Доколку се потврди пропаѓањето и на овој шести обид да се најде инвеститор за изградба на двете хидроцентрали на Црна река, министерството за економија ќе се откаже од проектот стар неколку децении и ќе го препушта на ресорот животна средина. Владини извори за Алфа не ја исклучуваат можноста во иднина двете хидроцентрали да ги гради државата.

Христијан Стојчевски

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=44060

А еве сосема спротивна инфомација...

Тендерот за Чебрен и Галиште не е пропаднат

Свето Николовски

Тендерот за Чебрен и Галиште не е пропаднат. Тендерската комисија интензивно работи на евалуација на двете понуди и најрано за 1 недела ќе го подготви извештајот. Вицепремиерот Пешевски и министерот Сараќини не сакаат да коментираат шпекулации пред да го видат дефинитивниот извештај на Комисијата.

“Таа се уште работи и во овој момент не би се бавеле со шпекулации, дали нешто е или не е прифатливо. За да одлучи Владата треба да го добие извештајот на тендерската комисија. До тој момент се би било шпекулирање”, изјави Владимир Пешевски вицепремиер за економски прашања.

Неофицијално од ресорот економија брифираат дека во понудата кинеската корпорација ЦВЕ барала одредени предуслови за реализација на проектот. Се барало ослободување од обврската за плаќање на ДДВ за увезената опрема, што го барале и други компании при тендерирање на други енергетски проекти. Да се договори користењето на ХЕЦ Тиквеш во сушните години поради нејзините обврски да чува вода за наводнување на Тиквешкото поле.

Истотака се бара вклучување на Тиквеш по истекот на 1,5 година од потпишување на договорот, иако во тендерските правила е дефинирано тоа да се случи по завршувањето на ХЕЦ Чебрен. Се инсистирало да се допрецизира и количеството струја што ќе го преземаат македонските потрошувачи. При отворањето на двете понуди претседателката на Тендерската комисија Јасна Давидовиќ изјави дека грчката ППС понудила 28 % од акциите во идните електрани на ЕЛЕМ, додека кинеската корпорација ЦВЕ излезе со понуда од 40,5%.

Тендерската комисија и консултантот ИФЦ се уште не го кажале дефинитивниот став. За кинеската корпорација ова се шпекулации. Енергетските експерти напоменуваат дека ова наликува и на конкурентска битка за подобра позиција пред дефинитивна оценка на понудите.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/34743/tenderot_za_chebren_i_galishte_ne_e_propadnat.aspx



Има добра визуелизација од браната и езерото на видеото од МТВ.

Edited by Superman - 22-Dec-2011 at 21:42
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 22-Dec-2011 at 22:31
Многу нејаснотии од една единствена причина - Министерството за економија не излезе со свое соопштение денес кое ќе ги демантира шпекулациите. Битно дека во двете вести се кажува дека некаде се јавил одреден проблем, но сите медиуми јавуваат за различни проблеми. Варијациите помеѓу МТВ и Алфа отсекогаш постоеле како вицот за Хрушчов и Кенеди, кој студирал новинарство си го знае .
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 23-Dec-2011 at 00:14
Едно не ми е јасно. Кинезиве наводно се откажуваат дека државата не гарантирала откуп. Е сеа, денес на дебата на факултет баш малце лаички разглабавме за енергијава, затоа што прилично голем дефицит се прави токму при увоз на електрична енергија од странство. По некоја логика, по изградба на бранава, па и по секоја економска теорија, струјата реално би била поефтина да се купи од Чебрен и Галиште наместо од странство. Затоа следи и едно логично прашање за одговорните, дали и Кинезите немаат пари, што е тотално неверојатно, или пак некој побарал да биде фино "спонзориран" или пак се барало струјата да биде во иднина продавана по некоја поефтина цена, што од денешен аспект е тешко да се предвиди со оглед на релативната стабилност на цената на електричната енергија.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 23-Dec-2011 at 01:33
Македонија неможе да се обврзе никому дека ќе му го купува производството, а поготово зашто во преттоејните години планира да пристапи на слободен либерализиран пазар. Има една како народна формула за цената на струјата што вика дека струја од нуклеарка е 4 пати поефтина од онаа од фосилни горива, а пак таа од фосилни горива е 4 пати поефтина од таа од обновливи ресурси. Македонија може да увезе бугарска струја од нуклеарка поефтино од таа што ќе мора да ја купи од Чебрен и Галиште, ќе треба они да идат на берза на струја и да си ја продаваат. Тоа што и со Тиквеш во пакет и неограничена концесија нема интерес само говори за нефизибилноста веројатно на проектов. Ако има услови што уште може да се спуштат нека се спуштат и нов тендер, зашто поинаков модел освен кредит нема.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 23-Dec-2011 at 01:43
А што знам, може и треба да се обидат со тендер во пакет со можноста за изградба на нуклеарка, зашто и така нели овие се предуслов за ладење, па може како пакет да биде физибилно. Наместо фиксен рок да се отстапат акции како сегашниов модел или разни сличности како да се засмета државниот интерес. Или па Чебред да иде на тендер со Тиквеш како пофизибилна опција, има комбинации.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 23-Dec-2011 at 13:40
Originally posted by Superman



Има добра визуелизација од браната и езерото на видеото од МТВ.

Во видеото има 3Д визуелизации од две брани/езера, но не се од Чебрен и Галиште. Првата е од Бошков Мост, а втората од Луково поле. Патем, Чебрен треба да е лачна бетонска брана за разлика од останативе три кои се насипни, па барем нејзе лесно ќе ја препознаеме во некоја идна визуелизација
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 23-Dec-2011 at 13:58

Се согласувам со ЛСЛ со тоа што го кажа, и за либерализацијата и за цената на произведената струја (преку поговорката )

Но има еден битен момент. 

Во случај да прифатат ваква обврска, може и да не испадне толу лошо.

Со оглед на тоа дека државата би имала 40,5% од компанијата, со што би имала дел и од профитот... Што значи дека средствата некако ни се враќаат, но за возврат ќе ги имаме овие две хидроцентрали изградени.

Не сум експерт. Но би предложил да размислат за ова добро, да направат процени.. и ако е доволно исплатливо и издржано да го прифатат предлогот, договорот или што и да е...

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 23-Dec-2011 at 15:51
проект за нуклеарка за локацијата кај чебрен има во македонија,пишував порано дека трите електрани се замислени како систем во кој во ноќните сати едната турбина која ќе биде реверзибилна со помош на вишокот на струја во ноќните часови ќе ја враќа водата во горното езеро за повторно преку ден истата вода да прави струја.професорот што учествувал во проектот(мој ментор на дипломска) рече дека само со наплатување на кирија за нуклеарниот отпад од другите ЈУ републики инвестицијата ќе се исплатела,а струјата би била чиста добивка.

на едни снимки што ни ги покажуваа во МАНУ од центарот за регулирање на фрекфенцијата во европа кој се наоѓа во Швајцарија,Франција на Германија во тој момент и испорачуваше 6 000 MW моментална енергија(6 енергетски системи на Македонија) благодарејќи на нуклеарки
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 23-Dec-2011 at 20:41


Стрежево гради нова Хидроелектрична централа

Петок, 23 Декември 2011 11:24

Според јавното претпријатие Стрежево 2011 година била мошне успешна. Наплатата која во претходните години била 8-10% годинава се подигнала на ниво од дури 90%, што во праксата значи стабилност и одржлив развој на работењето на претпријатието. „ Ставивме во функција наша механизација која беше од изградбата на системот новиот менаџерски тим со раководењето најдовме начин купивме нови и машините кога ен беа во функција најдовме начин да ги пуштиме на работа во РЕК."- вели Љупчо Бошевски директор на ЈП Стрежево.

Доброто економско работење на Стрежево може да се види и од фактот што работниците немаат повеќе побарувања по основ плати од претходниот период.

„ Исказот беше дека по 25 години и ланската и оваа година ги завршивме со апсолутна нула."- вели Бошевски.

Презеле и инвестициони вложувања.

„ После 30г прва покрупна инвестиција од областа на енергијата е во 2011 година изградбата на ХЕЦ."- додаде директорот.

Проектот очекуваат да финишира во февруари со производство на првите киловат часови.Ја градат од сопствени средтсва. Стрежево го прошири и рибникот од 35 на 100 тона со 7 полиестерски кади и изгради нов цевковод кон Лисолај во должина од 650 метра прво проширување на системот по 35 год

http://daily.mk/cluster3/4a46417d4d1b9ed3e5b5198d7e31b7cd/1062317/strezhevo-gradi-nova-hidroelektrichna-centrala

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 25-Dec-2011 at 11:46


Може ли од некаде да се добијат подетални информации околу новиот зафат на Ј.П. Стрежево? Многу се скромни во најавата или пак можеби е уште поскромна инвестицијата, но во веста не може да се дознае ништо за конкретната хидроелектрана.

Edited by Cloverstack - 25-Dec-2011 at 15:09
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 26-Dec-2011 at 19:01
PPC: НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ! ЗОШТО ОД ВЛАДАТА ИЗЛЕГУВААТ ИНФОРМАЦИИ ДЕКА ТЕНДЕРОТ ПРОПАДНА?

Катерина Попоска


Последните информации од Министерството за економија се дека тендерот за изградба на ХЕЦ Чебрен е пропаднат, но од грчкото електростопанство PPC ексклузивно за „Капитал“ изјавија дека засега не се откажуваат од тендерот
Ден откако извори од Министерството за економија информираа дека тендерот за клучните хидроцентрали Чебрен и Галиште ќе пропадне, правните застапници на грчката компанија PPC, KLC Law Firm од Атина, за „Капитал“ ексклузивно изјавија дека нивиот клиент не се повлекува од тендерот. Од Атина ги отфрлаат неофицијалните информации дека PPC пред време се повлекува од трката за изградба на хидроцентралите на Црна Река кај Мариово.
„Би можеле да потврдиме дека PPC не се повлекуваат од проектот Чебрен и Галиште“, тврдат за „Капитал“ од KLC Law Firm, правниот застапник на Public Power Corporation.
„Капитал“ се обиде да ја исконтактира и кинеската CWE (China International Water&Electric Corp.), вториот понудувач за Чебрен и Галиште, преку нивните правни застапници во Македонија, но никој засега не сака јавно да коментира...


Извор: Капитал,
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/78176/ppc__ne_se_otkazhuva_od_chebren_i_galishte!_zoshto_od_vladata_izleguvaat_informacii_deka_tenderot___.aspx
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 31-Dec-2011 at 00:14
Дополнителни 20 дена за евалуација на тендерот за Чебрен и Галиште

Владата го пролонгираше рокот за евалуација на јавниот повик за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште. Првично беше соопштено дека тендерската комисија треба да констатира дали понудите на кинескиот конзорциум CWE (China Water Electric) и грчката PPC (Public Power Corporation S.A.) се целосно во согласност со барањата од тендерската документација до крајот на годинава, потоа како рок беше прецизиран 4 јануари, а со најновата одлука на Владата, комисијата својот став треба да го изгради до 24 јануари. „До тој датум ќе вложиме напори да направиме структурна и суштинска анализа на компаниите, се надевам дека ќе успееме да направиме реална класификација и ранг – листа на компаниите за конечно да може да почне реализацијата на овој проект“, изјави Ваљон Сарачини, министер за економија, во чија надлежност е спроведувањето на тендерот. Барањето за одлагање од страна на комисијата за евалуација, до него било доставено вчера.



#
Објавено на 30.12.2011 во категорија Вести. 

Тагови: China Water Electric, Public Power Corporation S.A., ЕЛЕМ, Енергетика,Инфраструктура, Тендери и лицитации, ХЕ Галиште, ХЕ Чебрен, Хидроелектрани


http://www.build.mk/?p=11455
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 10-Jan-2012 at 23:23
На ХС "Лисиче" ќе се градат 6 хидроцентрали


Со изградбата на ХС "Лисиче" жителите на Велес и приградските населби Оризари, Превалец и Речани трајно го решија најгорливиот проблем - водата за пиење. Велешани повеќе немаат недостиг на вода и редукции, а во секое време здрава вода имаат и жителите од највисоките делови на градот кои во минатото со седмици немаа вода. Од езерото на реката Тополка, кај селото Лисиче, кое има капацитет од 24 милиони кубни метри вода, не само што целосно се задоволуваат потребите на велешани, туку сега има доволно вода и коритото на реката Тополка постојано да биде полно и да се наводнуваат поголеми површини плодно земјиште.
-Покрај тоа што го решивме проблемот со вода за пиење на жителите од Велес, наводнувањето на земјоделските површини и полнење на езерото "Младост" со чиста вода, планираме во текот на оваа и наредните неколку години на браната и цевководот да бидат изградени и шест мали хидроцентрали. За нивна реализација постои интерес и од домашни и од странски инвеститори. Со овој зафат во целост ќе се заокружи целосната искористеност на водата од браната и Хидросистемот "Лисиче" нема да биде на товар на државата, бидејќи самиот ќе може да си обезбедува приходи - вели Ацо Петров директор на ХС "Лисиче".

Надлежните од Хидросистемот најавија дека оваа година треба да биде дограден и цевководот, во должина од осум километри, преку кој со здрава планинска вода, од акумулацијата кај Лисиче, ќе се полни и езерото "Младост" кај Велес. Досега се изградени два, а Владата веќе ги обезбедила и останатите средства за доградба на уште преостанатите шест километри од цевководот. Со реализацијата на овој зафат од езерото Младост ќе се овозможи, покрај сегашните 700 да се наводнуваат уште 650 хектари под лозови и овошни насади како и поголеми површини под градинарски култури. Со изградба на систем за наводнување, од водите на велешкото езеро ќе се овозможи во околината на селата Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Комарино и Ново Село да се наводнуваат уште над 1.500 хектари земјоделски површини. Според директорот Петров, приоритетна задача на Јавното претпријатие и покрај целосната обезбеденост на акумулацијата од загадување, во најскоро време треба да бидат изградени четири пречистителни станици на реките Тополка и Врановска, кои се вливаат во акумулацијата Лисиче.
"Пречистителни станици мора да се изградат за пречистување на отпадните води и фекалиите кај Горно и Долно Јаболчиште, во кои живеат околу три илјади жители. Отпадните води од овие села директно се влеваат во притоките кои го снабдуваат езерото Лисиче и кои се закануваат да го загадат. Вакви објекти треба да се изградат и кај селата Горно Врановци и Дреново", вели директорот Петров. Тој истовремено информира дека од Владата на Република Словенија веќе е прифатен и одобрен проектот за изградба на пречистителните станици со што овој проблем во скоро време ќе биде решен. Со заокружувањето и на овој зафат ХС "Лисиче" од Велес во целост ќе го оправда своето постоење.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=901E1DAFA1F96544AAB8CEC3B0FBEF73

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 13-Jan-2012 at 16:59

ЕЛЕМ објави тендер за „Бошков мост“

Македонскиот државен производител на елелктрична енергија ЕЛЕМ покани кандидати за претквалификација за тендерот за снабдување со материјали, работна рака и услуги за хидроцентралата „Бошков мост,“ објави Европската банка за обнова и развој која со 65 милиони евра го финансира проектот за изградба на оваа хидроцентрала со капацитет од 70 мегавати.

Документите за претквалификација треба да се достават до 14 март вели ЕБОР во изјавата. Градежните работи се очекува да започнат во првата половина или кон средината на годинава и да бидат завршени во првиот квартал од 2016 година.

ЕЛЕМ има намера фирмите и конзорциумите од претквалификацијата да ги тендерира во два градежни договори. Првиот ќе вклучува инфраструктура и присташни патишта, брана и тунел, додека вториот ќе го вклучува главниот влез на водата, друг тунел, танкот, просторијата со портата за контрола на водата, апаратурата за притисок, електриката и другите работи кои се однесуваат на хидрауликата.

Ова се случува, иако деновиве меѓународни невладини организации кои работат на полето на заштита на животната средина испратија писма до Министерството за животна средина и просторно планирање, НП „Маврово“ и АД ЕЛЕМ, а кое го пренесе ИНПРЕС.

Организациите Plantlife, Euronatur и IUCN сметаат дека изградбата на хидроцентралите „Бошков Мост“ и „Луково Поле“ во националниот парк „Маврово“, како еден од најдобро зачуваните предели во Европскиот зелен појас сериозно ќе влијае врз опстанокот на голем број загрозени видови растенија и животни.

- НП Маврово е подрачје во Македонија каде најмногу е населен балканскиот рис. Паркот, исто така, е ризница на многу други загрозени видови. Длабоко сме загрижени за изградбата на двете хидроцентрали во паркот и се прашуваме дали при оценка на влијанието на животната средина се земени предвид сите мерки за заштита од негативното влијание на хидроцентралите и придружните објекти врз природата и биодиверзитетот, се вели во реакцијата испратена од фондацијата „Еуронатур“ од Германија до Министерот за животна средина, Абдилаќим Адеми, НП „Маврово“ и АД ЕЛЕМ.

Според „PlantLife International,“ мавровскиот регион изобилува со растителен свет во кој се идентификувани и 20 загрозени видови во Европа, токму затоа тие на Министерството му порачуваат дека изградбата на хидроцентралите ќе предизвика ненадоместлива штета врз екосистемите кои се значајни не само во Европа, туку и во светот.

Од друга страна, локалните граѓански организации сметаат дека локалното население има многу малку информации за последиците кои би ги предизвикале двата проекта на ЕЛЕМ во регионот. Исто така, тие потенцираат дека еколошките организации мора да имаат и податоци за еколошката експертиза за проектите Бошков Мост и Луково Поле. 

- Ние реагиравме и во јавната расправа, но, сепак, се зависи од тие кои ќе го изготват извештајот за влијанието врз животната средина, а тоа е Министерството за животна средина на Република Македонија, кое дава крајна оценка. На средбите во дебатата на јавната расправа за ХЕЦ „Бошков Мост“ ние реагиравме. Но, исто така, остро реагираме и на проектот „Луково Поле,“ бидејќи за овој вториот проект немаше никаква дебата и покрај тоа што тој проект има големо влијание и кај нас“, истакнува претседателот на  граѓанската организација на еколозите Дешат со седиште во Дебар, Газменд Цами за „Радио Слободна Европа“ на македонски јазик.

http://www.plusinfo.mk/vest/29662/ELEM-objavi-tender-za-Boshkov-most

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.453 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.