![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 29> |
Author | |||||||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
||||||
Stom e kazano od "ekspert" kako zamjodelecot Vanco Kotevski na vistina treba da se zamislime ![]() |
|||||||
build.mk, гради форумска историја
|
|||||||
![]() |
|||||||
nylon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Oct-2010 Online Status: Offline Posts: 168 |
![]() ![]() |
||||||
Луѓе Агрокор е сериозна компанија со долгорочни цели и стратегии. Нема потреба да бидеме загрижени и да се сомневаме во нов Сведмилк. Сведмилк беа инкогнито инвестиција од некои си Швеѓани кои земаа кредити од наши банки поради кредибилитетот кој ги има Шведска и шведската амбасада која мислам дек аги подржуваше. Ако сакаше Агрокор да направи такво нешто во најмала рака немаше да го експонираат името и немаше да дојде сопственикот. Сепак тие имаат многу производи за широка потрошувачка, а и огромен ланец на супермаркети што значи дека мора да се грижат за својот имиџ и публицитет, па не би си дозволиле таков "луксуз" со просечна инвестиција во Македонија.
|
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
Агрокор сака и се обидува да го купи Меркатор,па за еден откупен центар во Струмица мислам нема шанса да прават некои гимнастики.Премногу е мала инвестицијата за да има матни работи
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
7.760 милиони евра е проектираниот номинален БДП за 2012 година![]() http://www.time.mk/read/NONE/a4689dbea4/index.html |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Обем на стоковната размена со странство
четврток, 05 јануари 2012 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот
на стоки од Република Македонија во периодот јануари-ноември 2011 година изнесува 4 073 620
илјади САД долари, а на увозот 6 390 062 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е
63.7%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2011 година, изнесува 2 316 442 илјади
САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите
на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо
и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени
платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за
превоз на лица и електричната енергија.
Во периодот јануари-ноември 2011 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-
членки на ЕУ 27 (60.7%) и земјите од Западен Балкан (27.8%), а во увозот на стоки најголемо
учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (54.5%) и земјите во развој(26.6%). Според вкупниот обем
на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Србија,
Грција, Бугарија и Италија (44.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет
земји). http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Катарска компанија најавува дека ќе купува месо од МакедонијаКатарската државна компанија за производство и трговија со месо и жива стока „Маваши“ (Qatar Meat and Livestock Company) објави дека планира увоз на месо од Македонија, Турција, Киргизистан и Казахстан за да ги задоволи потребите на домашниот пазар, изјави Рами Ал Каври, директор за продажба и маркетинг на компанијата за локалниот весник „Завија“ кој излегува во главниот град Доха. Цената на месото на Арапскиот полуосторв расте заради зголемената потрошувачка, вели весникот, иако се смета дека цените на светско ниво се стабилни. „Завија“ го цитира Ал Каври, кој вели и дека некои земји го имаат забрането извозот на месо за да ги задоволат домашните потреби. Околу 74 отсто од испитаниците во акнетата што ја спроведе компанијата „Ал Шарк“ во Доха сметаат дека цените на месото во земјата се високи, а 22 отсто сметаат и дека тие се далеку повисоки од оние на светскиот пазар. Килограм свежо пилешко во Доха се продава од 17-20 катарски риали (3,6-4,3 евра), а цените на другите свежи меса се пораснати за 10-15 катарски риали (2,1-3,2 евра), додека кај смрзнатите меса растот на цените изнесува од 3-5 катарски риали (0,65-1,1 евра). http://www.plusinfo.mk/vest/30708/Katarska-kompanija-najavuva-deka-kje-kupuva-meso-od-Makedonija |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Од април Југохром ќе работи под полна пареаВо април печките на Југохром повторно ќе стартуваат со производство. Поради ниските температури, скапата струја и слабата побарувачка периодов наместо да се прават загуби како што велат од менаџментот ќе се искористи за ремонт на дел од печките. ![]() Комплетно ќе биде заменета електрично-водоводната мрежа а ќе бидат сервисирани и трансформаторите за комбинатот напролет да стартува под полна пареа. - Нашиот најголем бренд го извезуваме во 15 земји. Европа, Русија, Турција и други. Ги продадовме сите залихи и во една таква состојба го стопиравме производството изјави за Сител директорот на Југохром Фероалој, Костас Јанкоглу. Притиснати од светската криза но и скапата струја, чија цена се зголеми двојно во првиот квартал од годината, моравме да го сопреме производството, вели тој. Капацитетот во моментов го оддржуваат 80 работници и уште толку работат на сервисирање на иститот. За од април Костас најави враќање на работа на сите принудно отпуштени. Ако производот добие повисока цена на берзите ќе има дополнителни вработувања. Но смета дека во моментов во Македонија нема соодветен кадар за работа во металната индустрија. - Од април ќе вратиме 80 проценти од вработените а подоцна и сите 800 вработени. Ако попушти кризата се надеваме и за зголемување на производството а со тоа ќе се зголеми и потребата од нови вработени, додава Јанкоглу. Развојниот буџет на комбинатот од Јегуновце предвидува во наредниот период инвестициите да достигнат до 60 милиони евра, со што Југохром ќе стане дел од елитата во металната индустрија. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/od-april-jugohrom-ke-raboti-pod-polna-parea |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Нова инвестиција, 200 нови вработувањаНова инвестиција во земјава која ќе отвори до 200 нови високоплатени работни места, најави министерот за странски инвестиции Бил Павлески.По пристигнувањето на британските бизнисмени во земјава се водат интензивни преговори со преставници на македонската влада. Станува збор за отварање на Call-центар во високата технологија откако од британските бизнисмени беше воочено дека во Македонија има голема интелектуална сила и дека Македонија е отидена чекор понапред во информатичките технологии. Претставници на македонската влада со британските бизнисмени водат интензивни преговори за вложување во повеќе гранки како рударството и агробизнисот, но станало збор и за отварање на луксузен хотел во Македонија. http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/59187-Nova-investicija-200-novi-vrabotuvanja |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Британска хај-тек компанија ќе инвестира во Македонија
- Претходниве два дена имавме интезивни и успешни преговори со бизнисмените кои дојдоа заедно со принцот Мајкл од Кент. Многу сме блиску до договарање за отворање на нов кол-центар во Македонија во високата технологија, изјави Павлески на хуманитарната гала вечер организирана во чест на официјалната посета на Македонија од принцот Мајкл од Кент. На инвестоторите, како што рече, претежно им се допаѓа тоа што Македонија има доста високо образована интелектуална работна сила. - Овој Call-центар е она на што работевме поинтезивно во последниве неколку месеци за развивање на информатичката технологија во Република Македонија. Овие работни места ќе дојдат од земји како Англија, Јужна Африка, Индија, Русија и други места, посочи Павлески. Спиоред него, ова е многу значаен проект и покажува дека Македонија има доста висококвалитетна работна сила, посебно во информатичката технологија. Тој изрази надеж дека со овој проект Македонија ќе привлече уште позначајни и поголеми инвестиции во оваа сфера. Павлески информира дека со бизнисмените од Англија дискутрирале и за инвестиции во други сфери, во агрокултура, за градење на луксузни хотели во близина на некои од скијачките центри, а има заинтересираност и за концесии во рударството. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=90891089&lId=1&pmId=501 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Обем на стоковната размена со странство
понеделник, 06 февруари 2012 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-декември 2011 година изнесува 4 455 375 илјади САД долари, а на увозот 7 007 251 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 63.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2011 година, изнесува 2 551 876 илјади САД долари.
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Џонсон Мети го спаси извозот во 2011Александар Јанев![]() Иако
металската, рударската и текстилната индустрија во последниот квартал
од 2011 година го намалија производството, статистиката за трговската
размена прикажа раст на извозот во декември од 23%, што се должи главно
на зголемувањето на производството на катализатори од Џонсон Мети Катализаторите што ги произведува британската компанија Џонсон Мети, која работи на Бунарџик, го спасија македонскиот извоз во 2011 година. Иако металската, рударската и текстилната индустрија во последниот квартал од 2011 го намалија производството, статистиката за трговската размена прикажа раст на извозот во декември од 23%, главно поради зголемувањето на производството на катализатори. 485милиони
долари изнесува извозот на катализатори од јануари до ноември лани кои
ги произведува Џонсон Мети, што е повеќе од 10% од вкупниот извоз 23%пораст оствари извозот во декември лани, главно поради зголемувањето на продажбата на катализатори 2,55милијарди евра изнесува трговскиот дефицит на земјава за цела 2011 година Иако британската компанија ја отвори фабриката на Бунарџик во 2010 година, производството на катализатори се наметна како главен столб на македонскиот извоз лани, од кога значително се зголеми производството. Со продажба на катализатори во вредност од половина милијарда долари на германскиот и на британскиот пазар лани, Џонсон Мети стана најголем извозник од Македонија. Според годишните податоци за цела 2011 година, освен катализаторите, најголем раст во извозот има кај производството на машини и транспортни уреди од дури 130,8% и минералните горива што ги извезува Окта на косовскиот пазар. Сепак, статистичките податоци за пораст на извозот во декември лани се во колизија со претходните индикатори за пад на индустриското производство, кои ги објави Државниот завод за статистика - огромен пад од 22,7% во металската индустрија, намалување на производството кај тутунската и нафтената индустрија, производството на мебел и опрема за транспорт. Кризата што ги зафати клучните сектори на кои се потпира домашната економија донесе пад на индустриското производство на крајот од 2011 година од 4,8%. Негативниот тренд од реалниот сектор ги промени и очекувањата на сите меѓународни финансиски институции и на Народната банка за движењето на економијата во последниот квартал од 2011 година. Гувернерот на НБМ, Димитар Богов, објави дека бруто-домашниот производ (БДП) во тој период оствари минимален раст од 0,7%, токму поради намалената странска побарувачка и извозот. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/79744/dzhonson_meti_go_spasi_izvozot_vo_2011.aspx?iId=2576 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
„Македонски шуми“ за првпат извезува дрва за грчките државјаниЗа првпат македонски дрва за огрев почнаа да се извезуваат во Грција за потребите на грчките државјани, изјави директорот на подружницата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во Демир Капија, Слободан Чапов. Првите количества македонско огревно дрво се извезоа денес, а до понеделник само од оваа подружница во Грција ќе се испорачаат околу 400 кубика. - Дрво за огрев, главно даб и бука, кон Грција ќе се извезува и од подружниците на претпријатието од Кавадарци, Демир Хисар и Битола, вели Чапов, додавајќи дека цените на дрвата се исти како и за македонските граѓани. http://www.plusinfo.mk/vest/33877/Makedonski-shumi-za-prvpat-izvezuva-drva-za-grchkite-drzhavjani |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Рекордни инвестиции во 2011 година
|
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
итаме кон рецесија
Индекси на индустриското производство вторник, 28 февруари 2012 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1 |
|||||||
![]() |
|||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||
Британска компанија го купи „Голдмак“ од Радовиш(ПС:требаше во `економски вести ама не знам каде се)
Зделката е резултат на посетата на принцот Мајкл од Кент, кој предводеше британска бизнис-делегација во Македонија, во чии рамки беа и претставници од британската компанија. Во „Бордерлес Јуроп“ најавуваат проширување на капацитетот на „Голдмак“ за да се зголеми услужната дејност на компанијата, која ќе соодветствува со барањата на странските клиенти за преработка и за трговија. Новиот бизнис-модел ќе има потреба од производство на рачно изработен накит за европските продавачи и ќе го стимулира локалното население, воедно подобрувајќи го имиџот на Македонија како земја со стручна и квалификувана работна сила за бизниси од сите индустрии. - „Голдмак“ е класичен пример на компанија каква што се бара од страна на потенцијален инвеститор. Компанијата може да се процени на транспарентен начин и да се инвестира во сите нејзини погони, технологија и стручност, за да се зголемат нејзината конкурентност и извозниот потенцијал на европските пазари - изјави Рај Пауер, претседател на Британската бизнис-групација. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида, посочи дека Радовиш има долгогодишна традиција на изработка на накит. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32122355258&id=10&setIzdanie=22521 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
Обем на стоковната размена со странство
понеделник, 05 март 2012 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2012 година, изнесува 247 177 илјади САД долари, а на увозот 417 605 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 59.2 %. Трговскиот дефицит, во јануари 2012 година, изнесува 170 428 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивните соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката, како и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во јануари 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.9%) и земјите од Западен Балкан (21.0%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (56.2%) и земјите во развој (25.1%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија и Кина (45.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78 |
|||||||
![]() |
|||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||
По две години реконструкција пуштени во погон новите капацитети на Пивара БитолаПо двегодишна подготовка, реконструкција и модернизирање на производните капацитети, кон крајот на овој месец Пивара Битола повторно ќе почне со продажба на пиво кое изминативе месеци поминуваше низ процес на производство. Во периодот од преземањето на фабриката во 2010 година до сега, за реконструкција се вложени повеќе од 10 милиони евра, најголем дел во нова опрема која овозможува мониторирање и комплетно автоматизиран процес на производство согласно европските стандарди. Реконструкцијата на фабриката се работеше по германски проект и сега Пивара Битола поседува сопствена котлара, ново одделение за подготовка на квасец, нова врвна опрема за третман на вода од светски познатиот германски производител Беркефелд, како и комплетно нова линија за производство на транспортна амбалажа. Исто така беше извршена замена на постоечката стара амонијачна и алкохолна цевоводна инсталација, а заради високо ниво на хигиената, заменети се и водоводната и пивоводната инсталација, односно цевоводите се комплетно заменети со 10.000 метри нови иноксни цевки и 3.000 метри хигиенски вар. Моментално во Пивара Битола се вработени 80 луѓе, меѓу кои и двајца врвни технолози со 35 годишно работно искуство, а планирани се уште 20 нови вработувања. Предвидено е годишно да се произведуваат околу 30.000 тони пиво кои ќе бидат дистрибуирани во Македонија, како и во соседните земји. Изградбата на Пивара Битола почна во 1970 година, а за прв пат беше пуштена во употреба во 1972 година кога беше во сопственост на ЗИК Пелагонија, која потоа се подели на шеќерана, квасара и пивара. Во период од две години пиварата беше во сопственост на Силекс. Во март 2000 година овој индустриски капацитет беше превземен од компанијата Кенри од Швајцарија, кога беше откупен државниот капитал од пиварницата. Од 2010 година таа е во сопственост на компанијата Марди од Радовиш, која ја купи фабриката на лицитација за два милиона евра. http://www.plusinfo.mk/vest/36622/Po-dve-godini-rekonstrukcija-pushteni-vo-pogon-novite-kapaciteti-na-Pivara-Bitola |
|||||||
![]() |
|||||||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
||||||
Ima eden kup najavi za investicii od Katar od koi sigurno poveketo ke bidat brzo zaboraveni,no tuka pisuva deka veke ima obezbedeno lokacii.
Znam deka kaj nas ima nekakva regulatorna komisija koja gi odreduva cenite na benzinot,vleguvanjeto na vakva kompanija bi mozelo li da smeni nesto ili ne?
http://kurir.mk/makedonija/vesti/65714-Katar-Petroleum-ke-otvora-benzinski-vo-Makedonija |
|||||||
build.mk, гради форумска историја
|
|||||||
![]() |
|||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||||||
![]() Читав баш пред некој ден, веројатно во Капитал, и се зачудив дека регулаторната комисија оставала простор на бензинските компании да си изберат маржа од 0,5 - 3,5 денари, или некој друг сличен ценовен интервал. Тоа значи дека теоретски може да постојат разлики во цените, но според напишаното во весникот, намалувањето на цената би значела за некои компании дури и дека би влегле во загуби поради тоа што реално во моментов само 2-3 компании во државата имаат доволно голем продажен ланец за промена во цената да им донесе реално зголемен број на потрошувачи за да се анулира загубата поради намалувањето на цената, но истовремено тие 2-3 компании држат најголем дел од пазарот, така што не им се исплати воопшто да работат со помала маржа, кога и онака имаат неверојатен профит. Во секој случај, теоретски, флуктуација на цените е дозволена од комисијата. Edited by гитардемон - 27-Mar-2012 at 15:32 |
|||||||
![]() |
|||||||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
||||||
Bas toa me interesirase,znaci ako investicijava se ostvari bi trebalo da imame polza,sepak se raboti za golem igrac. |
|||||||
build.mk, гради форумска историја
|
|||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |