build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 29-Dec-2011 at 03:04

Germany's Babcock Borsig Steinmueller To Upgrade Power Station in Macedonia

SKOPJE (Macedonia), December 28 (SeeNews) - Germany's Babcock Borsig Steinmueller said on Wednesday it has signed a deal to upgrade the three 225-megawatt units of Macedonia's TE Bitola thermal power station.

http://www.seenews.com/news/latestnews/germany_sbabcockborsigsteinmuellertoupgradethermalpowerstationsin-162724/

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 29-Dec-2011 at 13:00

ЕЛЕМ со двојно поголем увоз од лани вреден околу 50 милиони евра?!

Катерина Попоска

Предвидениот увоз за 2011 година од 377 гигават-часови струја ЕЛЕМ најверојатно го надмина и годинава ќе ја заврши со увоз од над 450 гигават-часови, покажуваат неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“. Тоа е многу повеќе отколку увозот на струја лани, кога изнесуваше околу 200 гигават-часови

Електрани на Македонија годинава потрошија околу 50 милиони евра за увоз на струја, затоа што во последните месеци е намалено домашното производство. Предвидениот увоз за 2011 година од 377 гигават-часови струја ЕЛЕМ најверојатно го надмина и годинава ќе ја заврши со увоз од над 450 гигават-часови, покажуваат неофицијалните информации до кои дојде „Капитал“. Тоа е многу повеќе отколку увозот на струја лани, кога изнесуваше околу 200 гигават-часови.

ЕЛЕМ ги штеди хидроцентралите?!

Хидроцентралата Тиквеш неделава го запре производството бидејќи котата на Тиквешкото Езеро е околу 240,3 метри од максималните 265 или на осум метри над минимално дозволената кота, објавија од компанијата. Според директорот на ХЕЦ Тиквеш, Звонко Бошков, иако електраната може да работи, раководството одлучило да мирува со производството, во очекување дека во иднина ќе има дотоци на вода. Од планираните 131 гигават-часови годинава, досега се произведени 44 гигават-часови струја. 

Причината е што есенва помина без врнежи, па нивото на вода во вештачките акумулации е на минимум, а тоа значи дека хидроцентралите произведуваат помалку струја. Недостигот ЕЛЕМ го обезбедува од увоз, но струјата на меѓународниот пазар е сè поскапа. Ако се земе предвид дека струјата во последните неколку месеци трговците во земјава ја продаваат меѓу 60 и 150 евра за мегават-час, излегува дека за увоз ЕЛЕМ потрошил меѓу 30 и 70 милиони евра.

Од ЕЛЕМ не кажуваат колку струја увезле годинава и по која цена. Велат податоците ќе ги знаат на почетокот од 2012 година. Единствено објаснуваат дека ќе го остварат планираното производство, проектирано на 6.075 гигават-часови.

„Годинава имавме незапамтена сушна есен и ова е проблем на целиот регион. Очекувавме поголем прилив на вода од врнежи и снег. Најголем дел од увозот оваа година беше во периодот октомври-декември, кога расте потрошувачката на струја. Сушата наложи и да се штеди водата во акумулациите“, објаснуваат од ЕЛЕМ.

Оваа година три месеци не работеше и еден блок од РЕК Битола, чија модернизација го намали домашното производство на струја за речиси 1.400 гигават-часови, што е третина од вкупното производство на битолската термоелектрана. Речиси 75% од вкупното домашно производство на струја го дава токму оваа термоцентрала. Државните електрани годинава произведоа 500 гигават-часови помалку струја во споредба со минатата година, кога поради хидролошките услови, само хидроцентралите во системот дадоа 2.000 гигават-часови струја.

Одлив на девизи за скапа струја ЕЛЕМ најавува и за првите два месеци од 2012 година, кога бара да купи 96 гигават-часови струја. Со ова уште еднаш се потврдува дека Македонија ќе мора да увезува скапа струја сè додека не изгради домашни електрани. Годинашниот увоз, на пример, ЕЛЕМ го чини речиси колку изградбата на ХЕЦ Бошков мост, проект проценет на 80 милиони евра.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/78357/elem_so_dvojno_pogolem_uvoz_od_lani_vreden_okolu_50_milioni_evra_!.aspx?iId=2535

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 29-Dec-2011 at 13:04
За енергенси во 2012 година ќе се потрошат околу 650 милиони евра

Скопје, 29 декември 2011 (МИА) - Македонија во 2012 година од домашни извори ќе обезбеди 54 отсто од вкупните потреби за енергија, а 46 проценти од увоз за што ќе потроши околу 650 милиони евра.

Вкупната потрошувачка на енергија во 2012 година во однос на 2011 ќе биде поголема за 4 отсто. За 2,2 проценти ќе се троши повеќе струја, за 10,1 отсто повеќе природен гас и за 4,8 проценти повеќе нафтени деривати.

Според енергетскиот биланс, струјата ќе биде доминантен енергент со учество од над 40 отсто.  

Производството на електрична енергија од домашните извори се предвидува да изнесува околу 6.000 гигават часови, а остатокот од потребите да се набави од увоз.

Потрошувачката на нафта и нафтени дериват во 2012 година ќе порасне за 6,6 отсто, односно на 743.000 тони.

Од први јануари за 6,95 отсто се очекува  да порасне цената на електричната енергија. Нова цена ќе има и парното греење во Скопје.

За скопјани кои користат топлинска енергија од топланите Исток, Запад и Центар најавеното поскапување е 10,56 отсто, додека за оние кои се греат преку топланата Север поскапувањето ќе биде 10,76 отсто

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89956740&lId=1&pmId=504

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 29-Dec-2011 at 20:06

Nemačka kompanija "Babcock" modernizuje TE "Bitola" - Posao vredan 90 mil EUR

(Vlatko Cingoski i Georg Gasteiger)

Kompanija "Babcock Borsig Steinmuller GmbH" potpisala je ugovor o saradnji sa "Elektroprivredom Makedonije" (ELEM), najvećim proizvođačem struje u toj zemlji, koji predviđa modernizaciju sva tri kotlovska postrojenja TE Bitola (3 x 225 MW). Ugovor su potpisali dr Georg Gasteiger, predsednik "Babcock Borsig Steinmuller GmbH" i generalni direktor AD "Elektrane Makedonije" dr Vlatko Cingoski. Rok za realizaciju posla je 3 godine, a ukupna investicija za projekat modernizacije TE "Bitola" iznosi 90 mil EUR, saopštila je kompanija "Babcock Borsing Power Usluge" Beograd.

Kako je saopšteno, ovaj projekat će doprineti revitalizaciji i modernizaciji kotlovskih postrojenja TE "Bitola", u cilju povećanja efikasnosti, produženja radnog veka radnih komponenti za 120.000 sati, poboljšanja pouzdanosti i smanjenja emisije gasova u skladu sa svim ekološkim standardima Evropske unije, a samim tim i pozitivno uticati na zaštitu životne sredine. Prema sporazumu kompanija "Babcock Borsig Steinmüller GmbH" će nakon modernizacije, u narednih 120.000 sati obezbeđivati i održavanje bitoljskog kotlovskog postrojenja.

http://www.ekapija.com/website/sr/page/518454

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 04-Jan-2012 at 20:02
120 000 часа се еднакви на приближно 13 и пол години. Што и не е воопшто лошо...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 04-Jan-2012 at 23:58
Мене ме интересира како тоа ние веќе потпишавме договор со „Силовие машини“, а сега повторно потпишуваме договор со германска компанија за идентична работа што треба да се изведува во РЕК Битола? Би замолил некој од форумашите што е поупатен да ми го објасни ова.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 05-Jan-2012 at 00:14
мене ме чуди тоа што нашиве медиуми ништо не пишуваа за овој договор никаде не се спомена,а ништо нема ни на страната на елем Dunno
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 05-Jan-2012 at 00:16
Originally posted by BOJAN

Мене ме интересира како тоа ние веќе потпишавме договор со „Силовие машини“, а сега повторно потпишуваме договор со германска компанија за идентична работа што треба да се изведува во РЕК Битола? Би замолил некој од форумашите што е поупатен да ми го објасни ова.


То со Силовие машине беше за модернизацијата и автоматизацијата на турбоагрегатите на блоковите , а овде со германците се работи за Котлите.Татко ми е директно вклучен во овие работи, ако сакате ке прашам и која е улогата на котлите во производниот процес
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 05-Jan-2012 at 00:22

Веста е објавена на 29. 12. 2011.| 14:39

Има и слика 

Еве што Википедија вели за компанијата. Инаку компанијата (најверојатно) нема своја веб-страна, што е доста несериозно. Но најдов нешто друго... http://www.bbs.bilfinger.com/index.php?id=409&L=1 Најверојатно се некоја групација. Но никаде неможам да го најдам Georg Gasteiger.

Википедија...

Babcock Borsig Service
From Wikipedia, the free encyclopedia
Babcock Borsig Service GmbH
Type GmbH
Industry Construction
Headquarters Oberhausen, Germany
Key people
Gerd Lesser,
Alexander Neubauer
Revenue € 203 Million (GmbH), € 384 Million (Gruppe)
Employees 1580 (GmbH) 2800 (Group)
Website Official website


Babcock Borsig Service GmbH (BBS GmbH) is the parent company of Babcock Borsig Service Group. BBS GmbH is an international service provider in the energy-producing industry, with around 2,800 employees.[1]

In 1970 Deutsche Babcock bought the company Borsig AG; therefore, years later the company name changed to Babcock Borsig AG.[2]
Since 2005, the Babcock Borsig Service Group is a subsidiary company of Bilfinger Berger AG. Before the integration some branches were established abroad, just like Deutsche Babcock Middle East and also some joint-ventures, as Deutsche Babcock Al Jaber.[3]
After this integration, the BBS GmbH – as all its subsidiaries, branches and joint-ventures – operates since May 2006 under the umbrella
of the Bilfinger Berger Power Services (BBPS GmbH).[4]

In addition to the GmbH is a number of subsidiaries belonging to the Group. The main companies are Steinmüller, Babcock Noell and Babcock Borsig Power Holding.[5]

The Bilfinger Berger Power Services division deals with maintenance, service, efficiency enhancement and lifetime extension and the supply of components. The BBPS GmbH provides services for conventional and nuclear power plants, environmental and water treatment plants, mining and other industries such as waste incineration, chemical, petrochemical and steel production, and research centers of particle physics, nuclear fusion and nuclear engineering.



Edited by FoSsiL - 05-Jan-2012 at 00:23
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 05-Jan-2012 at 00:27
Originally posted by JOE

Originally posted by BOJAN

Мене ме интересира како тоа ние веќе потпишавме договор со „Силовие машини“, а сега повторно потпишуваме договор со германска компанија за идентична работа што треба да се изведува во РЕК Битола? Би замолил некој од форумашите што е поупатен да ми го објасни ова.


То со Силовие машине беше за модернизацијата и автоматизацијата на турбоагрегатите на блоковите , а овде со германците се работи за Котлите.Татко ми е директно вклучен во овие работи, ако сакате ке прашам и која е улогата на котлите во производниот процес


Ако можеш да прашаш и да ни појасниш за што се работи би било навистина добро, срамота е што ниту еден македонски медиум не ја проследи оваа информација!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 05-Jan-2012 at 00:28

Моја грешка... Го има  Georg Gasteiger

Бидејќи е претседател, најверојатно не е толку активно вклучен како менаџерите и луѓето за контакт....

Тој ќе да е... само без очила (наочари )

Dr. Georg Gasteiger
Chairman



Edited by FoSsiL - 05-Jan-2012 at 00:29
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 10-Jan-2012 at 12:34

Балканот во енергетска криза

Струјата ја има сé помалку и е сé поскапа. Термоцентралите и нуклеарките во Бугарија и во Романија работат со полна сила. Лоша е хидросостојбата и во Црна Гора, Албанија, Грција, Хрватска и во Босна и Херцеговина. Експертите велат дека промените во циклусот на водата ќе влијаат и врз земјоделството

 
 
%20  

Неколкумесечната суша го изостри проблемот со производство на електрична енергија. Целиот Балкан има недостиг од струја, која во исто време е сé поскапа, па снабдувачите, освен со намалено производство, одговорија и со зголемување на цените, што се случи и кај нас. Од друга страна, драстичниот пад на нивоата на водата во акумулациите на хидроцентралите влијаеше на зголемено производство од термоцентралите и од нуклеарните капацитети во Бугарија и во Романија. Дека состојбата е сериозна говори и фактот што доаѓа од ЕПС - српскиот производител на електрична енергија, од каде што се вели дека и покрај максималниот обем на работа на српските термоцентрали, сепак, и понатаму има недостиг од струја во цела Србија.

 Една од причините е намалениот воден тек во хидроелектричните централи, кои сега се на најниско ниво на производство од 1926 година.

- Ситуацијата е стабилна, но многу тешка. За среќа, ние вршевме редовно навремено одржување и системот работи беспрекорно дури и со вакво оптоварување - изјави Момчило Чебаловиќ, шеф за комуникации во ЕПС, српскиот државен снабдувач на енергија.

Во исто време, електричната енергија во Србија е релативно евтина, како за потрошувачите така и за комерцијална употреба. Поради ниската продажна цена од околу 5,5 евроценти за киловат, греењето со електрична енергија е поисплатливо, што дополнително го оптоварува целиот систем во зимските месеци. Податоците велат дека сегашната дневна потрошувачка во Србија изнесува 118,3 милиони киловат-часа, од кои 16,6 милиони киловат-часа, или околу 14 отсто од вкупната побарувачка ќе се увезат.

Но Србија не е единствената земја во регионот што се бори со енергетски недостатоци. Во Романија производството опадна и извозот на енергија е намален. Водечкиот производител „Хидроелектрика“ беше принуден да ги поништи сите трговски договори за извоз.

Во Бугарија, пак, сите централи, вклучително и нуклеарката „Козлодуј“, работат нормално, но земјата е близу до својот максимален капацитет за извозен трансфер на струја.

Ситуацијата е многу полоша во Црна Гора и во Албанија, кои секоја година сé повеќе увезуваат струја, за што голем удел има лошата хидролошка состојба последнава година.

Ништо подобро не е ниту во Македонија ниту во Грција. Хрватска и Босна и Херцеговина, исто така, увезуваат електрична енергија, па дури и Република Српска, инаку нето-извозник на електрична енергија, беше принудена да ги откаже сите договори за продажба поради тешката хидролошка ситуација.

Се предвидува во државава вкупната потрошувачка на енергија во 2012-та во однос на 2011-та да биде поголема за 4 отсто. За 2,2 проценти ќе се троши повеќе струја, за 10,1 отсто повеќе природен гас и за 4,8 проценти повеќе нафтени деривати. Според енергетскиот биланс, струјата ќе биде доминантен енергент со учество од над 40 отсто. Производството на електрична енергија од домашните извори се предвидува да изнесува околу 6.000 гигават-часа, а остатокот да се набави од увоз.

Потрошувачката на нафта и нафтени деривати во 2012 година ќе порасне за 6,6 отсто, односно на 743.000 тони.

 

Албанија дневно увезува 17 милиони киловат-часа струја
 За да ја задоволи домашната побарувачка, Албанија дневно увезува по 17 милиони киловат-часа електрична енергија и тоа ја чини повеќе од милион евра. Поради неповолната хидролошка состојба, албанското производство на електрична енергија е драстично намалено.
Во случај ваквата состојба да продолжи за неколку месеци, фактурата за увоз на струја дополнително ќе го оптовари државниот буџет, кој и така е во тешка состојба. Според оцените на албанската електроенергетска корпорација (КЕШ), годинава увозот може да ја чини Албанија најмалку 100 милиони евра. КЕШ доби гаранција од Владата да побара кредит во некоја од банките, со цел да обезбеди нормално снабдување со електрична енергија.

 

Без поголеми врнежи Куманово ќе остане без вода 
 Доколку во наредните два-три месеци не се подобри лошата хидролошка состојба во Куманово, лесно може да се случи градот напролет да остане без вода. Двете акумулациски езера Липково и Глажња, од каде што градот се снабдува со вода за пиење, се речиси празни.
Во нив сега има само околу 5 милиони кубни метри вода, што е помалку од 20 проценти од вкупниот капацитет на двете брани.
Првпат откако постојат браните, нивото на водата во нив е толку ниско. Ако во наредниот период нема поголеми врнежи на дожд и снег, веќе напролет Куманово ќе се соочи со голема криза за вода.
Тоа значи дека земјоделските површини ќе бидат исклучени од наводнување, а би се влошила и состојбата со снабдувањето на градот со вода за пиење. Затоа, од јавното претпријатие „Водовод“ постојано апелираат до месното население рационално да се троши водата, за да не се случи да ја снема кога најмногу ќе биде потребна.
Т.Д.

 

 Сé потопло и посуво
 Експертите велат дека промените во циклусот на водата ќе влијаат врз земјоделството во делот на посевите што се наводнуваат со дожд, достапноста на вода за наводнување, шумската индустрија и други области, а особено во производството на електрична енергија. Во Македонија од година на година ќе биде сé потопло, а врнежите ќе ги има сé послабо. Според статистичките податоци од истражувањата за територијата на државава, се предвидува просечниот пораст на температурата да биде во опсегот меѓу еден степен во 2025-та, 1,9 степен во 2050-та, околу 2,9 степени во 2075-та и 3,8 степени во 2100-та. Спротивно на ова, пак, просечното количество на врнежи се очекува да се намали за три отсто во 2025-та, пет отсто во 2050-та, осум отсто во 2075-та и 13 проценти во 2100-та.
Анализите на Светска банка покажуваат дека во Македонија, како резултат на климатските промени, се забележуваат зголемувања на средната температура, дефицити на влага и екстремни појави, како суши, топлотни бранови и шумски пожари. Проекциите за следните неколку децении се зголемување на средната годишна температура за 1,9 степен, намалување на врнежите за пет отсто и поголема изложеност на нови штетници и заболувања на земјоделските култури, шуми и стока, но и намалено производство на електрична енергија од хидроцентралите.

 

Нема доволно снег за да се наполнат акумулациите
Сите врнежи се добредојдени по тримесечната суша, но сегашниот снег ни оддалеку не е доволен за го надомести недостигот од дожд од есенва, велат од „Електрани на Македонија“.
- Реална слика за водните ресурси би добиле во март или во април. Сега нема брзо топење и прилив на вода, температурите на планините се ниски. Но есента беше поразително сушна, три месеци без капка вода. Ќе требаат многу повеќе врнежи за да се надомести тоа. Хидроцентралите ни требаат за да го балансираме производството на струја, ги вклучуваме кога потрошувачката е поголема - вели Мирче Котевски, портпаролот на ЕЛЕМ.
Во овој период, 15 отсто од капацитетите на хидроцентралите се исполнети, а остануваат уште 85 отсто за полнење. Поради изминативе сушни месеци намалено е производство на струја од хидроцентралите во Шпиље и Глобочица, а слична е ситуацијата и со Тиквеш.
Недостигот од вода сé уште ќе се чувствува и во почвата, не само во хидроцентралите, додава хидрологот Јосиф Милевски од УХМР, раководител на секторот за хидрологија.
- Ќе бидат потребни уште неколку вакви снежни периоди за да се надомести влажноста на земјата. Ова што наврна не е доволно, може само да ублажи, но се надеваме дека ќе има уште - рече Милевски. П.Т.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11012826345&id=9&prilog=0&setIzdanie=22476
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 11-Jan-2012 at 15:13

Пропуштена 2011 за инвестиции во енергетиката

вторник, 10 јануари 2012, 16:08

На хартија - искористена, на терен - пропуштена 2011-тата на енергетски план. Стратегиите што предвидуваа инвестиции од десетина милиони евра наместо акциони планови за работа стана писмен доказ за нереализираните цели. Не се пушти хидроцентралата Свети Петка, не протече струја ниту од малите хидроцентрали, нема одлука ниту за инвститор за Чебрен и Галишта, а прва лопата се уште чекаат и хидроцентралите Бошков мост и Луково поле.
Владата признава слаб учинокот во енергетиката.

Експертите инсистираат на итна на реализацијата на предвидените инвестиции за да се зголеми домашното производство на струја и да се намали скапиот увоз што удира по џебот на граѓаните.

Сериозноста на експертските укажувања е особено голема ако е земе предвид енергетската криза што му се заканува на регионот. Доколку не се изградат нови капацитети на производство на струја, земјата ќе се соочи со отежнато обезбедување, а граѓаните со континуиран раст на цената. За да го намали ризикот, Владата мора да ја искористи новата календарска година за да ги реализира старите енергетски проекти.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=44747
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 13-Jan-2012 at 23:03

ИНТЕРВЈУ СО ВЛАТКО ЧИНГОСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА


Од ХЕЦ "Св. Петка" до лето ќе потече струја!


Објектот има капацитет од 36,4 мегавати и годишно планирано производство од околу 65-66 гигават часови електрична енергија, што е речиси околу 50% од номиналното производството на електрична енергија од ХЕ "Козјак"


Зад најголемата енергетска компанија во земјава, Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), е уште една добра инвестициска година. Компанијата успешно ја заврши 2011 година имајќи предвид дека во целост е исполнет планот на производство на електрична енергија предвиден со енергетскиот биланс. Натфрлување од 5% е забележано кај хидроелектраните, додека кај термоелектраните 98% исполнетост, со што вкупното производство на ЕЛЕМ е 99,92%. Генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, вели дека сите активности за одржување, модернизација на капацитетите и инвестициите се одвиваат според планот. Чингоски потенцира дека амбициите на ЕЛЕМ за годинава е да се реализираат започнатите проекти, но и да се стартува со новите планирани инвестиции.

Една од вашите нови инвестиции е токму ХЕ "Света Петка". Ќе почне ли таа со испорака на електрична енергија од мај годинава?
- Во моментов наш најголем приоритет е завршување на хидроелектраната Света Петка", што е најавено за крајот на април и почетокот на мај годинава. Се работи интензивно, браната е целосно завршена и во моментов се монтира опремата. Според сите најави објектот треба да биде ставен во функција пред втората половина од годинава. Веднаш по пробните активности треба да се започне и со производството на електрична енергија. Објектот има капацитет од 36,4 мегавати со две машини од по 18,2 мегавати и годишно планирано производство од околу 65-66 гигават часови електрична енергија. Тоа е речиси околу 50% од номиналното производството на електрична енергија од ХЕ Козјак".

Во јавноста се прошири информација дека поради доцнењето на ХЕ "Света Петка" ЕЛЕМ плаќа пенали?
-Информациите во јавноста се контрадикторни, особено ако се има предвид дека се работи за изградба на тежок објект, еден од најтешките што некогаш е направен во Европа и којшто повлече дополнителни активности. Веднаш да појаснам дека Електрани на Македонија не плаќаат пенали од 9,7 милиони евра, туку тоа се зголемени трошоци за изградба на електраната што доаѓаат по два основи. Прво, трошоците се зголемени поради промена на условите за работа во однос на очекуваните во моментот кога е потпишуван Договорот во 2005 година, а второ тоа е поради промена на цените на материјалите што се вградуваат во хидроелектраната. Првично проектираната вредност е 63 милиони евра и тоа значи дека 21 милиони евра се инвестициите што се направени од страна на ЕЛЕМ пред да се потпише втората фаза од договорот со Рико".
Со Рико" е потпишан договор во вредност од 42 милиони евра, што значи дека вкупно предвидената инвестицијата во сега далечната 2005 година била околу 63 милиони евра. Дополнителните 9,7 милиони евра се вредност на разлика на трошоците повисоки од предвидените во 2005 година, а оттогаш се поминати 6 години. Во овој период цените на енергенсите, материјалите и опремата што се вградуваат и цената на работната рака, исто така, расте, што резултираа со зголемување на финансиската вредност за завршување на проектот. Барањето на Рикоо беше дека зголемените трошоци во висина од околу 21 милиони евра, додека контрабарањето на ЕЛЕМ по основ на доцнење и непроизведена електрична енергија како и дополнителен ангажман на консултанти беа во висина од околу 14 милиони евра. Кога сето тоа се анализира од стручните служби, и од посебната арбитражна комисија составена од три врвни правници во таа област, беше утврдено дека правото на Рико" за зголемени трошоци е околу 14 милиони евра, додека правото на ЕЛЕМ за да добие пенали за доцнењето и дополнителните ангажмани е во висина од 5.3 милиони евра. Така, кога ќе се пребијат тие две суми тогаш останува ЕЛЕМ да покрие 9,7 милиони евра за да се заокружи финансиската конструкција за изградба на овој проект.

Деновиве е актуелна информацијата со која Владата и одобри на скопска Топлификација наменски заем од 4 милиони евра. Каде е интересот на ЕЛЕМ во овој договор?
- Наменскиот заем за Топлификација е исклучиво за набавка на гориво, односно мазут М1 и природен гас. Според нашите информации Топлификација се обратила до Владата со барање за помош во овој период со цел да набави гориво и непречено да ја извршува својата дејност. Владата одлучи преку државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО да им помогне во форма на наменски заем. Имаме договор во кој прецизно се утврдени начинот и динамиката на исплата на средствата, како и враќањето на заемот. Враќањето на средствата треба да биде на 8 рати на секои 15 дена, почнувајќи од 1 мај до 15 август. Имаме соодветни гаранции добиени од Топлификација и тоа во акциите во Те-То. Значи акциите од Те-То се земени во форма на хипотека и тоа во вредност најмалку 2 спрема 1 во однос на средствата што сме ги позајмиле. Значи, за позајмените 2 милиони евра, добиваме акции со официјално проценета вредност од страна на овластен проценител во висина од најмалку 4 милиони евра за да можеме да го осигураме овој заем. Второ, заемот е даден со каматна стапка од 9%. На тој начин, во никој случај нашите финансиски средства нема да бидат оштетени. Она што нас не убеди дека треба така да постапиме е евентуалното сценарио што реално може да се случи доколку Топлификација прекине со испорака на топлинска енергија.

Јавноста реагира за државната помош, бидејќи Топлификација е монопол на пазарот на топлинска енергија, а од друга страна, таа е приватна компанија. Да ја разјасниме оваа дилема.
- По прашањето на монополот треба да одговорат други институции, Регулаторната комисија за енергетика или Антимонополската управа, не ЕЛЕМ, но за ваша информација и ЕЛЕМ има свој оддел за топлинска енергија во делови од градот Скопје. Можеби звучи неразбирливо, но со оваа постапка ние се штитиме самите себеси и потрошувачите на електрична енергија. Евентуално замирање на Топлификација во екот на грејната сезона би иницирал рапиден скок на потрошувачката на електрична енергија во Скопје, за дополнителни 50 до 100 мегавати. Тоа значи дека ЕЛЕМ таа енергија ќе мора да ја набави од увоз, бидејќи ја немаме и не е планирана. Тоа ќе одлее 100 мегавати дополнителен увоз на електрична енергија и преку 10 милиони евра само за јануари и февруари. Тоа е четири пати повеќе од она што ние го дадовме како заем. Сепак, парите за набавка на електрична енергија би биле неповратни, бидејќи никогаш нема да ги добиеме назад, имајќи ја предвид разликата во цените на увозната ЕЕ и онаа што ја плаќаат потрошувачите во Македонија, додека заемот ќе ни биде вратен.

Според ова произлегува дека мрежа во Скопје не може да издржи ваков притисок од консументите кои би се откажале од парното греење. Можно ли е да се случи пад на системот?
- Да, можно е да настане пад на целиот систем во Скопје, а со тоа проблеми и во останатиот дел од земјава поради преоптовареност на мрежата, затоа што сите корисници на топлинска енергија преку ноќ би почнале да ја користат струјата за затоплување. Нашите анализи покажаа дека електромрежата тоа оптоварување нема да може да го издржи. Таа мрежа не е димензионирана за таков енергетски удар. Затоа се одлучивме во форма на солидарност, нормално во соработка со Владата, да помогнеме во делот на набавка на гориво, пред се да ги заштитиме граѓаните од непотребни трошоци, но и да се заштитиме ние како компанија од непланирана и скапа набавка на електрична енергија. Токму затоа и бараме заемот да се врати по 1 мај, бидејќи по овој период нема потреба од набавка на гориво. Грејната сезона завршува на 15 април, а даваме 15 дена грејс период Топлификација да си ги наплати од сметките и понатаму на секои 15 дена да исплаќа дел од ратите, за пред стартот на новата грејна сезона целосно да ни го врати долгот.

Скопјани дефинитивно се незадоволни од услугите на Топлификација, а се задоволни се од испораката на топлинска енергија од Енергетика, субјект која е дел од ЕЛЕМ. Кои се вашите планови, има ли можност да се прошири вашата мрежа низ целото градско подрачје?
-Електрани на Македонија располагаат со постројка што врши производство на топлинска енергија и негова дистрибуција и снабдување во делот на Железара, каде што се наоѓа и самиот објект, потоа во населбите Маџари, Хиподром, Триангла. Вкупниот инсталиран капацитет со којшто располагаме е околу 70 мегавати топлинска енергија, а ние во моментот користиме само една третина. Другите две третини не ги користиме затоа што не постојат магистрални водови и ние засега не сме во можност да приклучиме поголем број корисници. Нашите намери се да го прошируваме нашиот систем за да воведеме конкуренција во топлинската енергија. Во моментот работиме на проширување на мрежата во населбата Автокоманда. Другата можност е да се приклучиме кон главниот топловоден систем на градот Скопје, што би претставувало повисока инвестиција, но ние засега сме многу мали во однос на Топлификација во однос на инсталираната моќност. Најголем проблем со кој се среќаваме е изградбата на секундарната мрежа во становите и зградите. Енергетика како снабдувач нема обврска тоа да го прави надвор од влезната топлинска станица, но станарите поради економската ситуација не се во можност да го реализираат нивниот дел со сопствени финансиски средства. Ова е основниот проблем при проширувањето на мрежите.

Можно ли е инвестицијата да се реализира етапно, со ваша помош?
-Ние им излегуваме во пресрет на граѓаните со одложено плаќање на инвестицијата, која би се плаќала на рати преку сметката за парно. Втората сопирачка е што имаме проблеми со наплатата, бидејќи дел од нив не ги плаќаат редовно своите обврски. Тогаш не можеме да очекуваме ниту дека ќе ја вратат и инвестицијата во секундарната мрежа. Најголем број од граѓаните се задоволни што имаат 24 часа квалитетна испорака на топлинска енергија, но, за жал, тој процес еден ден ќе мора да се промени. Нема економска издржаност да испорачуваме топлинска енергија 24 часа, а притоа Регулаторната комисија за енергетика да ни прифаќа трошоци само за 16 часа работа.

Задоволни ли сте од новата цена на електрична енергија?
-Не сме задоволни од новата цена, но тука зборувам за онаа цена што се однесува на дејноста на ЕЛЕМ, а не на крајната цена до потрошувачите. Регулаторната комисија за енергетика во континуитет не ги зема предвид сите наши трошоци што ги пријавуваме. Особено не ги зема трошоците во делот на производство на јаглен, бидејќи според нивната методологија се признаваат само нормализираните трошоци. РКЕ ги има намалено трошоците на ЕЛЕМ за околу 2 милијарди денари само во делот на ископ и производство на јаглен! Ако тоа се подели со произведените 6.000 гигават часови, тоа значи дека 0,3 денари е намалена цената од она што ЕЛЕМ треба да ја има за да може нормално да се одвива производството. Од крајната цена на струјата, што поскапе за околу 8%, ЕЛЕМ доби 2%. Сметам дека треба повеќе да се поработи на методологијата, бидејќи таа не е најадекватна за овој бизнис. Ова мора сериозно да се разгледа во РКЕ за да може да опстане целокупниот енергетски систем.
Потребни се промени во неколку основни делови: прво не може врз основа на трошоци направени во 2010 година да се предвидуваат цени за 2012 година. Цените на енергенсите се менуваат од ден во ден, а ние две години подоцна ги прифаќаме... Второ, не може да се користи само принципот на реализирани трошоци, затоа што тој дава погрешен сигнал, ако некој има повеќе трошоци, би добил поголема цена. Во изминатите години ЕЛЕМ направи многу за да ги намали трошоците во работата и заради тоа постојано е казнет со помала цена! Нема стимулација за економично работење и зголемена продуктивност што би резултирале со поголеми слободни финансиски средства за нови инвестиции и унапредување на работата. За жал, со ваков начин на регулирање на цените, пред се за ЕЛЕМ, сериозно се доведува во опасност реализацијата на предвидените инвестиции што може да има катастрофално лошо влијание врз иднината на целиот енергетски сектор во Македонија.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B025EB54C197D54D9FE292C467A66A6B



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 14-Jan-2012 at 20:57

Хаварија во рудникот за јаглен ``Брод- Гнеотино``

сабота, 14 јануари 2012, 17:32

Осум дена во рудникот за јаглен ``Брод- Гнеотино`` што работи во составот на РЕК ``Битола`` е нарушен процесот на ископ на јаловина поради голем дефект на едниот багер и потпалување на транспортната лента од другиот систем. Дали ваквата состојба целосно ќе ја наруши динамиката на испорака на јаглен до термоелектраните од овој рудник? Оваа дилема се отвора по денешниот прес на битолските социјалдемократи, кои раководството и стручниот кадар на РЕК ``Битола`` ги посочија како виновници.

-Во рудникот ``Брод- Гнеотино`` испаднат е од функција багерот за ископ на јаловина СРс 2000- 2. Најверојатно, поради нечистотии или замрзнување, пролизгувањето на траката предизвикало триење и палење на траката ТЕ 3, при што, изгорени се 35 енергетски кабли прицврстени на конструкцијата на багерот, кабли за контрола на процесот и исгорена е ЕТО- станица. Ситуацијата да биде уште пострашна, после само два дена од истите или слични причини, се запали и траката на другиот систем, со што, времено вон функција бил целиот рудник ``Брод- Гнеотино``- рече на денешниот прес Васко Ковачевски, претседател на СДСМ во Битола.

Од ЕЛЕМ велат дека едниот БТО- систем од вчера започна со редовно производство и испорака на јаглен, додека другиот ќе биде активиран на почетокот од следната недела. Овој застој, не влијае врз континуираното снабдување со јаглен на термолектраните и производството на електрична енергија, се вели во соопштението на државните елктрани.

-Дали не очекува неизвесна грејна сезона или, пак, ценовни шокови со струјата, допрва ќе се знае.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=44900
Back to Top
JOE View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2010
Location: Bitola
Online Status: Offline
Posts: 226
  Quote JOE Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 15-Jan-2012 at 22:48
Ајде малку смирувачки вести, дефектот со големиот багер во новиот рудник вистина е дека штетата е голема, т.е 15 километри кабли изгореа и една кабина, арно ама за среќа на сите дефектот е саниран за кратко време од околу 3 дена отприлика.Бркања од работа и суспензии нема да има затоа што штетата ке ја покрие осигурителната компанија.
Иначе ви имав спомнато погоре дека ке прашам за улогата на котлите во производниот процес и нивната наскорешна замена со нови современи.Значи котлите имаат една од клучните улоги во производството на струја, таму се согорува јагленот и се ослободува голема температура.Во рок од 1 час горат 300 тони јаглен oд котел а котли се три.Сега со новите котли доправа што ке се заменуваат ке се гори помалку јаглен а повеќе енергија ке се добие. Инвестицијат ке биде како што е погоре напишано околу 88 мил. евра.

Edited by JOE - 15-Jan-2012 at 22:50
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 15-Jan-2012 at 22:49

20 години подолг век за РЕК Битола

РЕК Битола ќе добие 20 години подолг век на работење. На најголемата термоелектрана која го оддржува целиот електроенергетски систем во земјата, во следните три години ќе се изведува мега проект, односно модернизација и ревитализација на котлите во електраната.

Оваа клучна инвестиција за електраната ќе чини 88,5 милиони евра а ќе ја реализира германската компанија Бобкок Борсиг, која беше избрана на меѓународен тендер.

Оваа инветиција освен зголемување на работењето, електрната ќе ја направи енергетски поефикасна и со помалку загаденост.  А со тоа РЕК Битола ќе стане електрана направена според европскистандарди.

Во меѓувреме ЕЛЕМ ќе заврши и модернизација на третиот блок на електраната, што ќе значи и поголема моќност.

Ова е само една од инвестициите кои се важни за сигурност во снабдувањето со струја.

Колку за илустрација- РЕК Битола покрива повеќе од 70% од вкупното производство на електрична енергија во земјата. Тоа практично е струја колку што троши половина Македонија.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/20-godini-podolg-vek-za-rek-bitola

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 15-Jan-2012 at 23:09

ЕЛЕМ ПРОДОЛЖУВА СО ИНТЕНЗИВНИ ИНВЕСТИЦИИ


Македонија наскоро ќе произведува и струја од ветер


Како што информира Влатко Чингоски, генерален директор на Електрани на Македонија, првите количини произведена електрична енергија од ветер од Ветро парк Богданци се планирани за првата половина на 2013 година


Оваа пролет Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе ја интензивира работата на проект Ветро парк Богданци, така што во првата половина на 2013 година целиот парк ќе профункционира. Со тоа ќе потечат и првите киловат часови струја произведени од ветер.

Влатко Чингоски, генералниот директор на ЕЛЕМ, вели дека прво ќе стартува изградбата на пристапни патишта, трафостаница, а во меѓувреме во фабриката ќе се изработуваат турбините за ветерниците.
-Некаде во октомври годинава ќе присуствуваме на подигнувањето на првата ветерна фарма во Македонија од класа 2,3 до 2,5 мегавати по една турбина, а во првата половина на 2013 година целиот парк ќе биде во функција - информира Чингоски. Според него ќе бидат поставени 16 турбини, а за една турбина да се постави во идеални временски услови се потребни четири дена. Ќе се изгради и 110 киловолтна трафостаница и 11 километри долг далекувод, што треба да ги поврзува ветерната фарма со најблиската трафостаница

ЕЛЕМ за оваа инвестиција доби кредит од 33 милиони евра од германската КФВ банка.Чингоски вели дека според пресметките оваа инвестиција нема да биде повисока од 50 милиони евра, при што остатокот ќе го обезбеди ЕЛЕМ.

Оттаму информираат дека годинава ќе се затвори третиот блок од првата фаза на модернизација на РЕК Битола.
-Изминатите две години по еден блок од РЕК Битола се модернизираше и надградуваше, при што добивме модернизирана турбина и генератор и нов систем на управување и зголемена моќност од 8,3 мегавати. Годинава со завршувањето на модернизацијата на третиот блок завршува првата фаза во вредност од 56 милиони евра. Втората фаза на модернизацијата на РЕК Битола и модернизација на котлите која ќе достигне 84 милиони евра - објасни Чингоски.

Според него со испад на проблемите заради котлите, дневно се губат и по 300.000 евра. Ќе има и модернизација на пумпите и бренерите, со ниска емисија на азотни оксиди, што ќе претставува еколошка компонента. Модернизацијата на котлите ќе биде секоја година по еден. Ќе се модернизираат и трите ладилни кули, со што ќе се подобри искористеноста во процесот на претворање на топлинската во електрична енергија. Овој проект ќе чини околу 9 милиони евра.
Во план е и третата фаза на модернизација на РЕК Битола, каде што ќе се опфати проект за десулфуризација и еколошко прочистување на воздухот. Овој проект јапонската влада е подготвена да го кредитира и реализира во наредните три години. Така до 1 јануари 2017 година РЕК Битола целосно да биде модернизиран и да ги задоволува највисоките стандарди за екологија што ги бара ЕУ.

Во моментов се врши модернизација и на хидроелектраните ХЕЦ Вруток и придружните, за што веќе се распишани два тендери коишто се во фаза на евалуација. Ќе се распише и тендерот за надвишување на браната на Леуново, којашто за три метри треба да биде повисока, со што ќе може да акумулира повеќе вода.

Во тек е и изградбата на транспортниот систем за јаглен на Брод Гнеотино до Суводол во должина од 11 километри.
-Во моментов се одвиваат завршните тестирања и очекуваме тој да биде ставен во функција. Јагленот ќе се копа во Брод Гнеотино и по оваа трака ќе се испорачува директно во термоелектраните во Битола преку овој транспортен систем додава Чингоски.

Изградбата на "Бошков мост" од есен
За проект "Бошков мост" добиен е кредит во висина од 65 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и поделен е во четири дела. Во меѓувреме тече тендерската постапка за проектот, односно ќе се направи претквалификација за браната и доводните органи, а потоа останува тунелот и цевководите.
-Тендерите се веќе објавени, додека за хидромеханичката опрема и приклучувањето со далекуводите ќе се оди без претквалификација. Нашите очекувања се дека веќе од есен ќе може да стартува изградбата на "Бошков мост", а по четири години објектот треба да биде ставен во функција. Треба да има две машини по 35 мегавати, односно вкупно 70 мегавати и со очекувано годишно производство двапати поголемо од "Света Петка", значи околу 123-125 гигават часови годишно производство - вели генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=7227062F9023B4418BBCE8411C60CE65
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 17-Jan-2012 at 18:46

Дефект на трафостаница го исклучи РЕК Битола

Вторник, 17 Јануари 2012 09:54
Прочитано: 609

Постои ли опасност Македонија да остане без струја ?

Утрината, поради дефект на трафостаница се исклучи Рек Битола. Поради дефект  беа исклучени трите блокови на теромоцентралата. За оваа ситуација, што според познавачите може да има големи последици, надлежните се огласија само со соопштенија.  Државната ЕЛЕМ ппотврдува дека агрегатите се исклучени.

 

Поради дефект на 400-киловолтен прекинувач во трафостаницата ’Битола 2‘ која е во надлежност на АД МЕПСО, реагираше заштитата на термоблоковите во ТЕ Битола, при што трите агрегати беа исклучени од електроенергетскиот систем на Македонија. Во тек е процедура на вклучување на термоблоковите во електроенергетскиот систем и целосно нормализирање на состојбата со производство на електрична енергија“,

Заради екстремно ниски температури во регионот на Битола, кои во ноќните часови биле пониски од - 25 целзиусови степени, настана дефект во електроенергетскиот систем, на 400 киловолтниот прекинувач во трафостаницата Битола 2, на чие отстранување работат стручни лица, а причините дополнително ќе ги утврди надлежна стручна комисија. И покрај дефектот, нема безнапонска состојба и сите точки на мрежата добиваат напојување со електрична енергија.

Додека надлежните тврдат дека ситуацијата е под контрола и нема опсност земјата да остане без струја, познавачите,  велат дека за прав пат одеднаш се исклучени трете блока на клучната термолеелектрана – РЕК Битола. Ситуацијата ја оценуваат  како  иусклучително тешка и невообичаена. Велат дека сега, за да нема прекин во снадувањето со струја , мора да се дозволи интервентен увоз -   што би чинел многу , и во исто време хидроцентарлите да работата со полн капацитет. РЕК битола, според последните податоци произведува дури 84% од вкупната домашна енергија.

http://www.time.mk/read/72c2c2a89f/6bdcf06484/index.html

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 18-Jan-2012 at 11:38
Има ли некаков апдејт за хаваријата во РЕК Битола, некако многу стихијно поминува оваа работа.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.770 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.