Скопска обиколница [A2/A4] |
Post Reply | Page 123 24> |
Author | |||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply
#1 Topic: Скопска обиколница [A2/A4] Posted: 02-Nov-2007 at 15:27 |
||||
Извор: Капитал
|
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #2 Posted: 02-Nov-2007 at 17:54 | ||||
Неколку забелешки - Коридорот 10 не поминувал, ниту ќе поминува низ Скопје. Тој оди директно Куманово - Велес (преку Миладиновци и Петровец). Аналогно на ова, новинарот погрешно го лоцирал и местото на вкрстување - не е кај клучката Хиподром. Обиколницата ниту има делови ниту вкрстувања со коридорот 10. - Апсолутно нереално звучат тврдењата за обемот на транзитен сообраќај и уште повеќе за намалувањето на издувните гасови. 70% намалување на издувните гасови е научна фантастика и неодговорно тврдење. Исто така ме чуди онаа збунка со CO2... Зарем CO2 не е издувен гас??? - Ме зачуди бројката од 135 милиони евра. Прв пат ја слушам оваа бројка. Edited by Cloverstack - 02-Nov-2007 at 17:55 |
|||||
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #3 Posted: 03-Nov-2007 at 21:52 | ||||
Клучката Хиподром не е директно поврзана со кордиор 10 меѓутоа има краци за приклучок до неа и од неа. Тоа се оние кога се враќаш од Велес за Скопје и од Скопје за Велес. Тоа се краците Рампа 1 и Главна траса, додека за Куманово и од Куманово се нарекуваат Рампа 2 и Рампа 3. Значи како клучка ти дозволува приклучок и кон Коридор 10.
А инаку за парите не е чудо, бидејќи јас колку што знам Гранит (додека јас работев таму) се спремаше да достави тужба до државата за плаќање на пенали поради застој на работите. Поздрав. |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #4 Posted: 03-Nov-2007 at 22:04 | ||||
Да, се разбира дека е поврзана, тоа се делниците Хиподром-Миладиновци и Хиподром-Петровец. Јас го побивав тврдењето дека кај Хиподром се спојуваат двата коридори. Всушност двата коридори се спојуваат на делницата Миладиновци-Куманово (таа е заедничка делница). Чисто неповрзано инфо: во иднина, прклопувањето би требало да биде и пократко, зашто планираниот автопат по коридорот 8 треба да се гради по нова траса јужно од Куманово (претпоставувам ќе има клучка некаде во близина на Романовце) Иначе за цената воопшто немав помислено на тој аспект од работата. Edited by Cloverstack - 03-Nov-2007 at 22:05 |
|||||
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #5 Posted: 03-Nov-2007 at 22:17 | ||||
За нов автопат кај Куманово првпат слушам од тебе, стварно не знам, ќе се распрашам.
Јас знам дека државата интезивно работи на експопријација на земјиштето од Табановце до Куманово (она парче од 4-5 км што се како слепо црево). Е сега тоа интезивно беше пред 3-4 месеца кога мислам дека комисиите за проценка излегоа на терен. После тоа немам информација што се случува. |
|||||
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #6 Posted: 03-Nov-2007 at 22:22 | ||||
А за новинарот што напишал, воопшто и не чуди.
Технички гледано има напишано дека работниците на Гранит имаат поставено банкини. Банкина не се поставува, туку таа се уградува, таа е дел од планумот на патот, честопати, да не кажам секогаш се мисли на заштитната ограда што се поставува во појасот на банкината.А што станува со истата ограда што ја има долж целата траса и на двете страни во зелениот појас? Таа ќе ја крсти банкина во средина, нема логика. Али јеби га тоа се новинари, се разбираат во се. |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #7 Posted: 03-Nov-2007 at 22:26 | ||||
Најверојатно нема да биде ништо во догледна иднина со автопатот што го спомнав. Само сакав да кажам дека коридорот 8 не се поклопува целосно со стариот пат кон Бугарија, така да кога ќе му дојде ред да се гради, ќе поминува јужно од Куманово, а не по постоечката траса. Барем така е планирано... Со тоа и заедничката делницата на која двата коридори се преклопуваат ќе биде пократка, а и коридорот 8 ќе биде пократок за неколку километри. |
|||||
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #8 Posted: 03-Nov-2007 at 22:38 | ||||
аааааа да, имаш право. Да да трасата е сосема нова, јас се префрлив на друго. Само искрено не верувам да се прави во скоро време. Од Скопје до Куманово и до пола пат накај Паланка се исплати, рамничарски предел ама после тоа, пред Паланка и низ Паланка до Бугарија е убиство. Требаат 15 мостови и 10 тунела (не се сеќавам колку точно беа), па да видам кој ќе финансира автопат од 30 км кој ќе чини добри 70-100 милиони евра. Јас мислам дека тој коридор како и пругата ќе останат да чмаат уште долго време.
|
|||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #9 Posted: 03-Nov-2007 at 22:42 | ||||
со моменталната фреквенција на сообраќај натака и да ги имаме парите, не се исплати автопат.
|
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #10 Posted: 03-Nov-2007 at 22:48 | ||||
Да, таму ќе биде ужасно скапо да се гради... Ако се земе во предвид колку ќе чини Д.Капија-Смоквица, твојата проценка е веројатно и премногу скромна... http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=22 Ама кога конечно некогаш ќе се изгради, сигурно ќе биде право задоволство човек да се вози по него. Гледам дека си доста информиран, па да не знаеш случајно колку треба да биде долг најголемиот тунел (барем отприлика)
Тоа да, ама за пругата сум убеден дека треба да запнеме и како знаеме и умееме да ја изградиме што побргу. |
|||||
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #11 Posted: 03-Nov-2007 at 23:22 | ||||
Имаш право дека испаднав и премногу скромен со цената во однос на проектот. Инаку не знам коклу изнесува најголемиот тунел, колку што јас знам, ама ќе прашам, дека во суштина и не постои усвоена варијанта на трасата од пред влезот на Паланка па до крај. Има неколку варијанти, па дури и да се прошири само постоечкиот пат до Деве Баир. Ама стварно не сум сигурен, а за тунелот ќе ги прашам проектантите во догледно време.
Теренот е ужасен, буквално е тунел,мост,тунел,мост. Исто така и од Кичево до Охрид е гадно и многу скапо. Мене колку што ми проаѓа некоја цифра низ глава е дека вкупниот Коридор 8 кај нас треба да чини приближно 1 милијарда евра. |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #12 Posted: 03-Nov-2007 at 23:34 | ||||
Ужасен терен = Спектакуларен автопат Еднаш одамна имав прилика да се возам по италјанските А7 и А10, и францускиот А8. Тие автопати се туристичка атракција сами по себе... Туку ние забегавме на оваа тема. Ако продолжуваме да збориме општо за патиштата во Македонија, да се префрлиме во темата „Патна Мрежа“ Edited by Cloverstack - 04-Nov-2007 at 04:15 |
|||||
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #13 Posted: 03-Nov-2007 at 23:49 | ||||
Имаш право, избегавме од насловот на форумот.
Затоа ќе ви кажам нешто во врска со екологијата на Обиколката на град Скопје. Нешто во врска со новинарската колумна, каде што пишува дека има мостови и такви зезанции за заштита на екологијата. Тоа се случи првпат кога ни дојде инспекција од ЕУ за изградбата на патот, до кај сме, што сме. Станува збор за езерото кај Смиљковци (кој одел по риба го знае). Таму има многу жаби кои во текот на годината се движат на поголемо подрачје околу езерото. Е сега ние веќе имавме уградено два слоја асфалт на автопатот, што значи дека автопатот е 90 % готов на тоа подрачје, фали само завршен слој. Откако дојде типот, го разгледа теренот и одлучи дека жабите мора да се движат под автопатот, но не и по него, па затоа на така добро спремен асвалт, поточно цел труп на пат, бевме натерани да ископаме 2 пропуста, да уградиме цефки и повторно да го санираме патот. Бидејќи косината на патот е 1:1 дојде до заклучок дека треба да ја исечеме косината од нивото на теренот и да поставиме бетонски елементи во облик на буква L се со цел жабите да не можат да се качат на асфалтот . Колку за илустрација, колку странците се посветени на екологијата, ова чинеше вкупно 700 000 евра. И затоа некогаш кога ќе ве наведе пат накај Смилковци, симнете се од кола и одите до косината на патот да видите како сето тоа изгледа. |
|||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #14 Posted: 04-Nov-2007 at 00:02 | ||||
интересна информација, дефинитивно ова ќе одам да го погледнам. На новите автопатишта во Хрватска имам видено еден тон премини за мечки и сличен крупен дивеч, но првпат слушам за премин за жаби
|
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #15 Posted: 04-Nov-2007 at 00:04 | ||||
@ Akademik
Не сум риболовец, ама имам направено опсежна репортажа за обиколницата, така да ми текна за кој дел збориш. Еве две постари фотки од таму. На првата се гледа езерото, а на втората добро се гледаат токму бетонските елементи и еден од од пропустите кои ги спомна. Инаку наскоро очекувајте да ја постирам репортажата и многу материјали во врска со обиколницава... Само да дојдам до малце слободно време... |
|||||
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #16 Posted: 04-Nov-2007 at 00:20 | ||||
Браво шефе. Алал да ти е. Треба и јас да појдам некој ден да испосликам се што и каде сум работел.
Инаку за сликата 2 (долната) не се гледаат баш пропустите. Ова што се гледа не е пропустот за што зборев него се одливи за вода од асфалтот. Ги има на секој втор профил или на секои 40 или 50 метра и од едната и од другата страна, односно каде има попречен пад од 2,5%. П.С. На овие делови од Обиколката јас учествував во изградбата и стварно ме изненади. Фала ти многу. Фантастично ме врати назад. Прекрасни времиња проживеав таму. Супер. П.П.С. Дечки, ако сте расположени, можеме некој ден да отидеме до таму и кој кого што го интересира да продискутираме за целиот објект, поточно за првата делница. (ХИПОДРОМ-ОРИЗАРИ) |
|||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #17 Posted: 04-Nov-2007 at 00:22 | ||||
јас сум дефинитивно за но веројатно опцијата би била викенд, бидејќи преку недела работам а сега рано се стемнува па нема да стигнеме таман ќе се изнасликаме се |
|||||
AKADEMIK
Newbiе Joined: 27-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #18 Posted: 04-Nov-2007 at 00:28 | ||||
И мене ми одговара викенд. Од моја страна нема проблем. Договорено е за викенд. Ќе бидеме во контакт. Можете да ми пишете на akademik@freemail.com.mk или дајте ми ваши мејлови или телефони.
П.С. Каде работиш ако не е тајна? Во градежна фирма или... |
|||||
pbanks
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
Quote Reply #19 Posted: 04-Nov-2007 at 00:32 | ||||
не компјутерџија сум. Но ме интересираат овие теми |
|||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #20 Posted: 04-Nov-2007 at 00:34 | ||||
Да де - „зелени мостови“. Автопатите низ дивина навистина ги ограничуваат ареалите на голем број животни. Ама на такви автопати: -најчесто има многу помалце пропратни објекти кои дозволуваат миграција -ареалите на покрупните животни се наоѓаат од двете страни на автопатот Ама бидејќи ова е обиколница, па од страната на Скопје ниту има, ниту ни треба крупен дивеч, мислам дека бројните надвозници, подвозници и пропусти се доволни за останатите животни... Само ме чуди зошто нема зелени мостови по останатите македонски автопатишта... Навистина немало потреба од таква работа или едноставно не се обрнувало внимание на такви „ситници“? |
|||||
Post Reply | Page 123 24> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |